Локална власт
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16977
Датум на принтање: 29.Ноември.2024 во 05:36 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Локална власт
Постирано од: mamamd
Наслов: Локална власт
Датум на внесување: 13.Декември.2008 во 07:46
Sega pred lokalnite izbori cesti se komentarite deka so decentralizacijata makedonskiot gragjanin povekje osiromashi, bidejki se zgolemija davackite, deka lokalnite tatkovci ne sproveduvaat lokalna tuku partiska politika. Koja e vistinata? Kolku nash*te lokalni tatkovci ni go podobrija zivotot vo nashata opshtina i sega dobivame zelba povtorno da gi glasame?
|
Коментари:
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 13.Декември.2008 во 11:32
Децентрализацијата , теоретски е добра замисла , некој општини не добија ништо а некој добија многу ,најмногу зависи од ГРАДОНАЧАЛНИКОТ.
Затоа мислам дека ова прашање е тешко да се генерализира секаде е различно еве во одпшината од која јас доагам добивме вработувања на луге блиски до Градоначалникон и навистина ништо друго освен тоа.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Декември.2008 во 11:55
Pa tokmu i za toa ja otvoriv temava. Vo mojata opshtina, nashiot gradonacalnik bidejki si znae deka nema da bide ushte ednash staven na listata napravi i pravi takva shteta shto mislam deka negovata maticna partija ne samo shto kje gi izgubi izborite tuku i kje pobedat onie koi na prethodnite izbori bea epten strogo kazneti za svoeto samovolie.
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 13.Декември.2008 во 12:01
Така е мамамд , мегутоа општо гледано полошо од централизација нема, така да децентрализацијата е исправна одлука , е сега што повекето општини имаат неспособни и до коска партизирани градоначалници тоа е друга работа.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Декември.2008 во 12:16
Nesomneno e deka beshe potrebna decentralizacija, ama ne vakva. Cekaat pari od centralnata vlast a sakaat de centralizacija. Ova mi lici na onaa podelbata na familiite, se zenat odat pod kirija ama mama i tato da im platat i kirija i provod. Taka i nashive decentralizatorski tatkovci i majki. Troshat nemereno i nebroeno narodni pari, a barat drzavata da im gi pokrie troshocite za nivnite "nedokvakani" eksperimenti.
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 13.Декември.2008 во 12:18
mamamd напиша:
Nesomneno e deka beshe potrebna decentralizacija, ama ne vakva. Cekaat pari od centralnata vlast a sakaat de centralizacija. Ova mi lici na onaa podelbata na familiite, se zenat odat pod kirija ama mama i tato da im platat i kirija i provod. Taka i nashive decentralizatorski tatkovci i majki. Troshat nemereno i nebroeno narodni pari, a barat drzavata da im gi pokrie troshocite za nivnite "nedokvakani" eksperimenti.
|
100% си во право, мегутоа не е во сите општини таква состојбата.
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 13.Декември.2008 во 22:17
mamamd напиша:
Sega pred lokalnite izbori cesti se komentarite deka so decentralizacijata makedonskiot gragjanin povekje osiromashi, bidejki se zgolemija davackite, deka lokalnite tatkovci ne sproveduvaat lokalna tuku partiska politika. Koja e vistinata? Kolku nash*te lokalni tatkovci ni go podobrija zivotot vo nashata opshtina i sega dobivame zelba povtorno da gi glasame?
|
Со спуштањето на власта од централно на локално ниво се створи хаос во државата. Локалните моќници преминаат во WESTERN шемата на моќ. Се пренесоа и вообразија и мислат дека се шерифи и постапуваат согласно правилата на дивиот запад. Тие спроведуват партиска политика и се стават над законот. А, на дивиот запад на самоволните шерифи им судат храбрите мештани. Ете тоа се нашите локални преставници на власта.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 13.Декември.2008 во 23:14
a be se znaese deka ke kradat...pa site kradat....koj nema da krade da e na nivno mesto...i jas da me klaat ke kradam....davam cesen zbor deka posteno i cesno ke kradam...samo malku da dadat i na drugite...ne se za niv....
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 07:55
Decentralizacija so CENTRALIZAM Во Агенцијата за државни службеници велат дека општините и владата сами одлучуваат кога ќе распишат огласи.
-
Тие прво се обраќаат кај нас и бараат да им дозволиме вработувања. Ние
ги разгледуваме барањата и ако ги одобриме, тие сами носат одлука кога
ќе ги активираат огласите - велат во Агенцијата.
Директорите на училиштата тврдат дека вработувањата немаат врска со претстојните локални избори.
-
Во септември добивме согласности од Министерството за образование и
наука (МОН) за вработување на наставници, кои траеја три месеци. Тој
рок измина, добивме нови согласности кои траат до крајот на август
идната година. Сега, законски мораме да објавиме оглас. Не станува збор
за никакви предизборни вработувања - вели Тони Ставрески, в.д. директор
во училиштето „Св. Климент Охридски“ во Македонски Брод. Ova sega verojatno e ...posle shtrajkot na SONK.
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 10:45
kaj nas gradonalcalnikot sega pred izbori mu tekna deka glavnata ulica treba da e osvetlena, i sega pred izbori pravi ponesto vidlivo... kako da ke gi zaboravime predhodnite 3 godini koga nisto ne pravese...
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 10:49
so GLUPAV NAROD E LESNO DA SE MAJTAPIS ..... a mozebi i kje mu uspee plus ako e dobie poddrskata na aktuelnata vlast i GLUPAVIOT koj nemilosrdno trosi pari za samoreklamiranje .....
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: moira
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 14:11
Ете советниците на Општина Центар одлучиле да се потрошат седум милиони евра или една третина од буџетот за
2009 година за изградба на споменици. Верувам дека баш убаво ќе се вклопат во амбиентот...со изораните улици, изедените тротоари и уметничките инсталации читај купиштата ѓубре...
------------- ...have you already tried, the brand new fragrance..."The Desirable"...by "sweet poison" Moira...
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 18:48
nelson напиша:
a be se znaese deka ke kradat...pa site kradat....koj nema da krade da e na nivno mesto...i jas da me klaat ke kradam....davam cesen zbor deka posteno i cesno ke kradam...samo malku da dadat i na drugite...ne se za niv.... |
Ова: ,,поштено и чњсно ќе крадам,, е јако, но не е озаконеро. Прво треба да поднесеш предлог на закон со 10.000 потписи до ПАРЛАМЕНТОТ, па доколку ти го усвојат тогаш можеш законски поштено и чесно да крадеш. А, засега сеуште не.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 18:57
локална власт-читај ЛОКАЛНИ ШЕРИФИ а може и СОВРЕМЕНА ПЕРАЛНИЦА НА ПАРИ- како ви е помило
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 14.Декември.2008 во 19:19
Andjelina напиша:
локална власт-читај ЛОКАЛНИ ШЕРИФИ а може и СОВРЕМЕНА ПЕРАЛНИЦА НА ПАРИ- како ви е помило |
Молам употребувајте своја терминологија. Во моментов со, цитирам: ,,читај ЛОКАЛНИ ШЕРИФИ,, употребувате нешто кое не е ваше и за кое може да одговоарате за непоседување на авторско право- непоседување на ЛИЦЕНЦА.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 15.Декември.2008 во 10:47
ВЕЧЕР: Општините крајно неажурни
Само една третина од општините имаат аплицирано, а две третини воопшто не доставиле проекти до Министерството за транспорт и врски за изградба на локални патишта, изјави викендов ресорниот министер, Миле Јанакиески при пуштањето во употреба на неколку локални патишта во прилепските села Мало и Големо Коњари.
-Крајната неажурност на општините сепак нема, барем засега, да биде фатална за локалната инфраструктура - рече Јанакиески.
Тој апелираше до општините побрзо ги достават проектите.
Според него, Програмата со Светската банка за изградба на патишта е замислена да се реализира од 2009 до 2011 година и во првата фаза предвидува 35, а потоа уште 25 милиони евра.
Локалната самоуправа на Прилеп смета дека максимално ги користи парите за инфраструктура. Искористени се близу 53 милиони денари.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 15.Декември.2008 во 13:01
... Eeee kolku s etie azurni koga treba da si isplatat dnevnici, da organiziraat patuvanja za niv, da si vrabotat nekoj nivni nie ne sme svesni. Neazurni se koga se vo prashanje interesite na narodot.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 15.Декември.2008 во 13:14
... ako lugjevo ne iskoristat sega pred lokalni izbori...nikogash nema... БЕЗ ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО 21 ВЕК
Дел од Лисиче живее во мрак Улиците Островска и Ѓорѓи Капчев и
нивните споредни краци во населбата Горно Лисиче се во целосен мрак
затоа што таму воопшто не е поставено улично осветлување. Граѓаните од
оваа скопска населба се принудени да се движат во темница во вечерните
часови и покрај многубројните ветувања од страна на надлежните дека
ваквата состојба наскоро ќе се реши. - Се плашиме да излеземе од дома
навечер затоа што ништо не се гледа, а тука се и кучињата-скитници што
талкаат по улиците и лежат во тревата, па ако не внимаваш, буквално
може да ги згазнеш. Во денешно време да немаш осветлување е навистина
неразумна работа. Постои сериозен ризик и за пешаците и за возачите кои
буквално немаат никаква прегледност на патот “ вели Марина Михајловска
која живее на улицата Ѓорѓи Капчев. За да го решат овој повеќедецениски
проблем, граѓаните се снаоѓаат сами. На повеќето од куќите имаат
поставено светло кое е насочено кон улицата, во обид барем делумно го
осветлат патот за минувачите и за автомобилите безбедно да поминуваат.
Од ЕВН Македонија во целост се оградуваат од овој проблем. Тие велат
дека не се надлежни за решавање на проблемите со недостигот од улични
светилки. Според нив, секоја од општините е должна на своите граѓани да
им обезбеди услови за пристапност на улиците навечер, а Градот, пак, е
одговорен за поставување улично светло на булеварите. - Нашата задача
се состои во тоа што откако општината ќе постави бандери за улично
осветлување, по нивно барање, да ги приклучиме веќе поставените бандери
на нашата електрична мрежа. На тој начин граѓаните добиваат квалитетно
улично осветлување “ вели Ленче Карпузовска, портпарол на ЕВН -
Македонија. Од Општина Аеродром, која е надлежна за оваа населба,
тврдат дека во овој дел од градот на повеќето улици има поставено
осветлување. Според нив, двете главни улици се осветлени, а проблемот
се јавува на нивните краци и на споредни улички. - Во нашата програма е
предвидено да се постави улично осветлување и на споредните улички кои
гравитираат кон главните, со што ќе се реши и ќе се финализира
долгогодишниот проблем за целосно осветлување на нашата територија “
велат од одделението за односи со јавност на Општина Аеродром. Но,
оттаму сепак не соопштија кога имаат намера да го сторат тоа.
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 15.Декември.2008 во 14:08
orlov напиша:
Andjelina напиша:
локална власт-читај ЛОКАЛНИ ШЕРИФИ а може и СОВРЕМЕНА ПЕРАЛНИЦА НА ПАРИ- како ви е помило |
Молам употребувајте своја терминологија. Во моментов со, цитирам: ,,читај ЛОКАЛНИ ШЕРИФИ,, употребувате нешто кое не е ваше и за кое може да одговоарате за непоседување на авторско право- непоседување на ЛИЦЕНЦА.
|
не врти околу ,кажувај колкава е казната...во евра
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 15.Декември.2008 во 14:09
so decentralizacija dobivme decentrirana skonctrirana dekoncetrirana konfuzija .... razbravte nesto ? ... jas ne
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 15.Декември.2008 во 14:11
miroslav_g8 напиша:
so decentralizacija dobivme decentrirana skonctrirana dekoncetrirana konfuzija .... razbravte nesto ? ... jas ne |
500 евра за конфузно изразување
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 15.Декември.2008 во 14:13
JOK ... ne e konfuzno ..... samo e realen opis na decetralizacijata
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 15.Декември.2008 во 14:28
..ma gledam jas deka realno ve napravile ko niv... nishto konkretno ne kazavte... vrtite...sucite... abe jas ic ne sum zadovolna od nashion gradonacalnik. I mnogu sum srekjna shto kje go smenat. Ama ponesrekjna sum zaradi izborot shto e napraven za negova zamena...
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 15.Декември.2008 во 14:31
kako ma ne kazav ? ... kazav mnogu ubavo ... vo nivni stil
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 15.Декември.2008 во 18:19
Andjelina напиша:
orlov напиша:
Andjelina напиша:
локална власт-читај ЛОКАЛНИ ШЕРИФИ а може и СОВРЕМЕНА ПЕРАЛНИЦА НА ПАРИ- како ви е помило |
Молам употребувајте своја терминологија. Во моментов со, цитирам: ,,читај ЛОКАЛНИ ШЕРИФИ,, употребувате нешто кое не е ваше и за кое може да одговоарате за непоседување на авторско право- непоседување на ЛИЦЕНЦА.
|
не врти околу ,кажувај колкава е казната...во евра |
Пошто си искрена за почеток дај што даш.........ама следниот пат.......е тогаш ќе биде што ќе биде.....
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 15.Декември.2008 во 23:40
kompenzacija?natura?cesija?asignacija?....
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 16.Декември.2008 во 06:26
..i ne taka losh predlog...
Споменик и за Аларова
Деспина Трајковска-Utrinski vesnik
Изградба на споменици, изработка на наменски
урбанистички планови, театарски акции за уривање дивоградби и зачестени
јавни фронтови на релација со скопскиот градоначалник Костовски. Ова се
очигледно приоритетните активности на Општина Центар, ако под скенер се
стават последните три години од вториот мандат што го тера
градоначалничката Виолета Аларова.
Иако навидум вешто ја
избегнува јавноста да одговори на стотици прашања, веќе и на децата им
е јасно дека таа не им е во функција на граѓаните кои ја избрале, туку
на оние што и' дале можност да се смести во фотелјата. Сега
(не)оправдано провидно работи во нивна служба - и тоа специјализирана
за изградба на споменици. Милионски суми кои се една третина од буџетот
на општината за 2009 година се планирани за таа намена, иако се
иницијатива на Министерството за култура, односно Владата.
И
седниците на Советот се зачестени, но не во функција на граѓаните.
Напротив, да се даде виза за спомениците. Секоја чест за замисленото,
но што е многу, многу е. Што ќе му се лавови на мостот „Гоце Делчев“ на
еден маџирмаалец кој врши нужда во полско веце, зашто Општината со
години, наводно, не може да донесе урбанистички план за маалото. Тој
додека стаса да ги види спомениците - ќе се извалка во кал до гуша. Ќе
треба да маневрира по раскопаните сокаци по кои светло има дење,
наместо ноќе. Ќе треба да ги „прелета“ терасите на
кафанџиите-узурпатори...Овие „мали“ проблеми очигледно не се на листата
приоритети на градоначалничката Аларова, пардон, на Владата. А,
Владата, во знак на благодарност можеби ќе поведе иницијатива за
изградба на споменик во чест на Аларова. ... Moze da se napravi aleja na gradonacalnici... usleshni i neuspeshni...kaj otidoa tolku pari...neka otide ushte nekoj...denar.
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 16.Декември.2008 во 10:07
Со спомениците исто како и со стокатниците е чиста глупост.
1/3 од буџетот, еееееееј свестете се....
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 19.Декември.2008 во 12:05
На прашањето како влијаеше локалната власт врз развојот на општината во изминатите четири години, во Битола 69 отсто од граѓаните велат позитивно, 18 ни позитивно ни негативно, а девет негативно. Сличен е процентот и во Струмица каде 66 отсто од граѓаните се изјасниле позитивно, 25 ни позитивно ни негативно, а девет негативно. Во Прилеп 56 отсто од граѓаните сметаат дека локална власт влијаела позитивно врз развојот на општината, 23 отсто ни позитивно ни негативно, а 19 отсто негативно. Во Охрид процентите се 52 позитивно, 37 отсто ни негативно ни позитивно и 11 отсто негативни. За разлика од нив, само 44 отсто од граѓаните на Куманово и 45 отсто од граѓаните на Штип се изјасниле дека локалната власт врз развојот на општината во изминатите четири години влијаела позитивно, 33 отсто од кумановчани и 23 отсто од штипјани сметаат дека не влијаела ни позитивно ни негативно, а 20 отсто од кумановчани и 32 отсто од штипјани ја оценуваат како негативна.
|
Постирано од: moira
Датум на внесување: 19.Декември.2008 во 12:17
Се извинувам доколку некој се најде засегнат и навреден, но морам да забележам дека во последно време на темите во Политика станува тренд да се вадат цитати од дневниот печат без ваш коментар за што сметам дека не е во ред да стои само цитатот како цитат бидејки горе-доле сите ги читаме дневните весници. Убаво би било доколку дадете ваше мислење за истото, мислам дека затоа сме тука, а не да постираме новинарски натписи или цитати како информација, иако понекогаш и тоа е потребно за да се запознаеме со некој проблем. Ке ве замолам во иднина да се потрудите да дадете и ваш коментар како би го прочитале и вашето мислење за проблемот и како би се развила дискусија.
Благодарам
------------- ...have you already tried, the brand new fragrance..."The Desirable"...by "sweet poison" Moira...
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 19.Декември.2008 во 12:44
moira напиша:
Се извинувам доколку некој се најде засегнат и навреден, но морам да забележам дека во последно време на темите во Политика станува тренд да се вадат цитати од дневниот печат без ваш коментар за што сметам дека не е во ред да стои само цитатот како цитат бидејки горе-доле сите ги читаме дневните весници. Убаво би било доколку дадете ваше мислење за истото, мислам дека затоа сме тука, а не да постираме новинарски натписи или цитати како информација, иако понекогаш и тоа е потребно за да се запознаеме со некој проблем.Ке ве замолам во иднина да се потрудите да дадете и ваш коментар како би го прочитале и вашето мислење за проблемот и како би се развила дискусија. Благодарам
|
Прифатено...
Мислам дека забелешката ти е на место...
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 19.Декември.2008 во 14:04
moira напиша:
Се извинувам доколку некој се најде засегнат и навреден, но морам да забележам дека во последно време на темите во Политика станува тренд да се вадат цитати од дневниот печат без ваш коментар за што сметам дека не е во ред да стои само цитатот како цитат бидејки горе-доле сите ги читаме дневните весници. Убаво би било доколку дадете ваше мислење за истото, мислам дека затоа сме тука, а не да постираме новинарски натписи или цитати како информација, иако понекогаш и тоа е потребно за да се запознаеме со некој проблем. Ке ве замолам во иднина да се потрудите да дадете и ваш коментар како би го прочитале и вашето мислење за проблемот и како би се развила дискусија.
Благодарам
|
..prifateno... sprovedeno...
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 20.Декември.2008 во 00:01
a jas si mislev tie sami pisuvaat...lele
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 20.Декември.2008 во 07:20
Listajki gi dnevnite vesnici neshto shto mi padna vo oci e intenciite Logoto na partiite da bide Shto sraboti, odnosno akcentoto da se stavi na srabotenoto na kandidatite. Mi se cini deka ovaa pokazuva deka pogolemiot del kandidati kje bidat segashnite gradonacalnici pa duri i segashnive aktivni politicari. Znaci nova krv nema. Edno mi go mati umot- Kje gi stavat li na hartija neuspesite, promashuvanjata ili samo kje se falat? Pak li kje nosat so sebe aktivisti od eden vo drug reon na opshtinite kade kje se kandidiraat i poshiroko? Pak li kje odat na kartata zamajanost na glasacite i prodavanje magla deka na nivnite (mislam i na SDSM i VMRO) mitinzi izleguvaat mnogu gragjani? I konecno dali onie koi ostana so kratki rakavi odnosno vo ovoj mandat ne dobija nishto od nivnite kje poveruvaat deka kje dobijat sega, po pobedata? Kje im poveruvaat li?
|
Постирано од: monitor
Датум на внесување: 26.Декември.2008 во 15:25
Децентрализацијата е добро осмислена но треба квалитетно да се реализира.Сметам дека тоа најмногу зависи од градоначалникот и неговата гарнитура.Пред се во поглед на вработувањата во конкретната општина, ке решава
самата општина,а не од Скопје.Пр. во Охрид сеуште не може да се спроведе деценрализација, само поради алчноста на централната власт во Скопје за концесиите со Охридското Езеро.
|
Постирано од: MIJATA
Датум на внесување: 27.Декември.2008 во 01:44
Ме радува што полека населението во Македонија полека созрева , и на следниве локални избори нема да се гласа за партија, туку за човек.Партиите се свесни за овој проблем, и се во голема потрага и дилема за предложување кандидат за градоначалник во сите општини. Многу партиски определени луѓе се имаат изјаснато дека нема да гласаат за својата партија, доколку не им се понуди добар кандидат.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 27.Декември.2008 во 08:12
Citam vo Dnevnik i ne mi se veruva.. Гостивар ги почести со 250евра советниците и администрацијата Советниците и администрацијата во Општина Гостивар ќе ја поделат
новогодишната честитка вредна 25 илјади евра и секој од седумдесетте
вработени во локалната самоуправа и советниците ќе добијат по 15 илјади
денари. Во образложението од Фарие Алиу, раководител на секторот за
финансии и буџет на седницата на Советот на општината, беше посочено
дека со овие пари на вработените ќе им се помогне порелаксирано да ги
поминат претстојните празници или да ги искористат за други
потреби.Одлуката за еднократен надомест едногласно беше изгласана.На 47
седница, советниците го изгласаа и предлогот за рекордно високиот буџет
за 2009 година. Тој е најголем досега и изнесува над 1,1 милијарда
денари или околу 18 милиони евра. Лани општинскиот буџет со ребалансите
изнесуваше околу 11 милиони евра. Minatata godina povekje opshtini si donesoa odluka da si se pocastat SAMO TIE so parite od gragjanite... E ova pocrvenetoto posebno mi padna vo oci. Porelaksirano da si gi pominat praznicite. greota se , mozebi ova kje im bide posledno. Idat novi lokalni izbori i mozebi nema da bidat izbrani pa narednata nova godina kje mora ponerelaksirano da ja minuvaat oti kje mora so svoi pari da platat. Do koga lugje . Ova li e decentralizacija, ova li e lokalna vlast. Ta neli sme pred svetska ekonomska kriza. Ta neli nema pari za obrazovanie, za penzioneri, za novogodishni paketcinja za socijalcite. Ili krizata e za narodot, za priviliegiranite ne vazi. E narode, narode...
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 14.Април.2009 во 12:19
Изборите поминаа, спласна победничката еуфорија. Дојде време за
соочување со реалноста. А реалноста некако не е многу розова. Барем во
некои општини. Бурна политичка пролет ја очекува општината Центар Општината
Центар повторно доби градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ,
сопственикот на супермаркетите „Тинекс“. Но ситуацијата во општинскиот
совет не и оди во прилог на оваа партија. Таму, од вкупно 23 советници
11 се од СДСМ, десет од ВМРО-ДПМНЕ и по еден од ЛДП и од НСДП, партии
за кои се смета дека се поблиски до социјалдемократите. Сè уште не се
одржала ниту конститутивната седница на новиот совет, а меѓу локалните
партиски членови сè почесто кружат гласини дека ќе има остра политичка
борба во централната скопска општина, која ќе вклучува блокирање
детални урбанистички планови, а со тоа и изградба на нови владини
објекти, како и обиди за „купување“ советници, за да се смени односот
на силите.
Советници на СДСМ велат дека е можно да се запрат
некои детални урбанистички планови и да почне постапка да се изменат,
особено тие што се сметаат за нецелосни или за кои постои сомневање
дека биле донесени на незаконски начин. Можно е и плановите привремено
да се стават во мирување додека да се направат измени во нив.
Најинтересен од сите, секако, е деталниот план за Малиот ринг, односно
за централното градско подрачје, кој предвидува изградба на црква и на
споменик на Александар Македонски на плоштадот „Македонија“, државна
зграда пред Македонската опера и балет, како и објекти што веќе се
градат, односно Архивот, Филхармонијата и други.
- Сè уште ништо
не се знае за целата таа ситуација. Можно е да дојде и до измена на
некои планови, сè зависи од тоа како ќе се определат другите советници
- кажаа неколку советници од СДСМ. Многу работи во советот ќе
зависат од двајцата советници што не се членови на двете најголеми
партии. Иванчо Вучевски од НСДП е еден од нив, кој во минатиот состав
беше и претседател во почетокот. За гласините дека ќе се поткупуваат
советници за да се добие ново мнозинство тој вели дека неговото
достоинство не било ставено на продажба, па никој не може да го купи
неговиот глас.
- Јас сум во општината веќе 12 години и мислам
дека тоа доволно кажува. Тука сум за да работам за граѓаните, а не за
себе или за другите советници. Тоа се гледа и од фактот што во годините
зад нас неколку пати сум реизбран за советник - истакна Вучевски. Реизбран
за советник е и Владимир Здравев, директорот на МЕПСО и досегашен
претседател на оваа институција, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета
дека не може толку едноставно да се сменат деталните урбанистички
планови, особено тој за Малиот ринг, што веќе бил потврден и од
Уставниот суд.
- Не знам како ќе се одвива целата ситуација.
Точно е дека ќе имаме тешка битка за секој глас, но сето тоа треба да
го оставиме за конститутивната седница, да видиме што ќе се случи
тогаш. Кога ќе се предложи избор за претседател ќе се види кој на која
страна ќе биде и како ќе гласа. А што се однесува до измената на
деталните планови, никој нема право да се поставува над Уставниот суд -
вели Здравев.
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 15.Април.2009 во 06:24
Ne e samo da zazemes pozicija, treba da znaes da go odrabotis toa sto ti e zadaca. Novinarite ovoj pat osetija na koza kako izgleda da te riba nekoj koj samo zaradi partiskata kniska smee da si go dozvoli toa. Kako li il bese na prosvetarite od Kisela Voda koga lokalnite moknici zaedno so direktorite na ucilistata go isturaa besot vrz niv vo nedela popladne samo i samo da go prekinat shtrajkot. I bi prekin. Ama mnogumina od niv, gradonacalnikot i bajagi sovetnicki/sovetnici ne se veke na svoite pozicii. Vreme e da si zaminat i tie koi toa go dozvolija, podracnata, inspektotor, direktorite.
СКАНДАЛ НА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА НА ЕКС-СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
Новинарите на јавен линч!
Бесрамнице! Јас
не знам со кој образ дојде овде пред сите нас. Марш надвор. Овде има
чесни луѓе, кај ти е личната етика. Не може овде никој паметен да се
прави. Излези овде, на говорницата да се извиниш јавно", беа само дел
од отровните стрели упатени од јавната говорница кон седмата сила
Скандал
на последната седница на Советот на Општина Кисела Вода од стариот
мандат! Советниците на заминување, очигледно загрижени само за
службените лаптопи кои ги користеа и сакаа да ги присвојат без притоа
да дознае јавноста, упатија јавни закани кон новинарите кои ја
обелоденија нивната намера. Имено, тие на една од минатите седници
донеле одлука за да ги земат лаптопите, а за возврат да се откажат од
надоместокот што им припаѓал за јанаури, февруари и март, за седници на
координативни тела кои според општинската евиденција, никогаш не биле
одржани. И покрај тоа што оваа одлука ја поништи Уставниот суд,
советниците го искористија правото по втор пат да ја усвојат.
Најострите зборови, закани и навреди кон новинарите беа изговорени
од устата на советничката Лепа Шеќерова, инаку просветен работник,
педагог. Таа на седницата дојде со 35-минутно задоцнување, но сепак ја
искористи можноста уште задишана да земе збор и преку микрофоните да ја
исплука новинарската професија, а новинарите да ги набрка надвор,
небаре и дошле кај неа дома на гости. Шекерова особено беше гневна на
една новинарка која претходно неколкупати пишувала за оваа скандалозна
одлука која патем, беше поништена и од Антикорупциската комисија и од
Уставниот суд.
"Бесрамнице! Јас не знам со кој образ дојде овде пред сите нас. Марш
надвор. Овде има чесни луѓе, кај ти е личната етика. Не може овде никој
паметен да се прави. Излези овде, на говорницата да се извиниш јавно",
беа само дел од отровните стрели кои Шекерова ги упати од јавната
говорница. Претседателот на Советот на општината Зоран Антовски, се
обиде но не успеа да ја замолчи, па мораше да ги исклучи микрофоните.
Потоа настана мешаница.
Дел од членовите се оградија од зборовите на нивната колешка, дел ја
поддржуваа. "Вие сакате само сензации!; Не смеете да пишувате што ќе ви
текне!; Ќе ве тужиме!; наспроти "Оставете ги, тие си се на работа исто
како нас; Не се сите исти;...викаа свртени кон присутните новинари.
Овој вербален линч воопшто не беше пријатен за претставниците на
медиумите кои редовно ја следат работата на локалната власт. Нивната
задача е да слушаат и да информираат а не да се објаснуваат со
советниците. - Дали ова значи дека некој сака да не замолчи, да не
контролира или пак да не спречи во извршување на службената задача!?
Дотолку повеќе што се наоѓаме во периодот на фискалната
децентрализација кога општините стануваат се понезависни од централната
власт и добиваат се поголеми ингеренции - реагираа тие.
Новинарите, сепак, не се уплашија. Успеаја да дознаат дека до вчера,
до 14.30 часот од вкупно 23 советници од лаптопите се откажале само
четворица. Новите советници кои утре треба да ја одржат првата
конститутивна седница ќе останат без основен алат за работа бидејќи
општинската комуникација е целосно компјутеризирана. Советниците ги
добиваат и материјалите за секоја седница во електронска форма. Сега,
доколку екс-советниците не ги вратат лаптопите ќе треба да поминат
три-четири месеци за да се распише тендер за набавка на нови.
-------------
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 16.Април.2009 во 00:37
Andjelina напиша:
локална власт-читај ЛОКАЛНИ ШЕРИФИ а може и СОВРЕМЕНА ПЕРАЛНИЦА НА ПАРИ- како ви е помило |
Е, немој шерифи. Знаеш и самата дека тој израз кај нас е слоободен превод а во суштина значи МАРШАЛ. Што ли амо ќе им правиме на толку Маршали? Со едниот до 1980 година некако одеше, ама сега со стотина? Тешко на нас.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 16.Април.2009 во 01:04
"""""Најострите зборови, закани и навреди кон новинарите беа изговорени од устата на советничката Лепа Шеќерова, инаку просветен работник, педагог. Таа на седницата дојде со 35-минутно задоцнување, но сепак ја искористи можноста уште задишана да земе збор и преку микрофоните да ја исплука новинарската професија, а новинарите да ги набрка надвор, небаре и дошле кај неа дома на гости. Шекерова особено беше гневна на една новинарка која претходно неколкупати пишувала за оваа скандалозна одлука која патем, беше поништена и од Антикорупциската комисија и од Уставниот суд. """""
---Lele majko, ja poznavam licno Lepa. Znaev deka e idiot vo privatniot zivot ama ne znaev deka e do tolku zabegana. Inaku licno bev prisuten koga na dve novovraboteni nastavnicki od ucilisteto vo koe raboti, po telefon im objasnuvase kako treba da obezbedat najmalku po 15 prijateli, koi treba da glasaat za nejzinata politicka opcija, oti vo sprotivno "ne bilo sigurno dali ke dobijat resenija za rabota"
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 16.Април.2009 во 06:47
Како ли ќе излезе?
Беџети со зурли влезе во кабинетот
Со звуците на
зурли и тапани новиот градоначалник Сади Беџети од ДПА вчера влезе во
тетовската општинска зграда, каде што ја презеде функцијата од
досегашниот прв човек на градот Хазби Лика. Се надевам на фер соработка
и не очекувам опструкции од централната власт во реализирањето на
инфраструктурните проекти. Нема да има никаков реваншизам кон
досегашната општинска администрација, ќе биде задржан и проширен
досегашниот мултиетнички начин на работа - изјави Беџети.
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 16.Април.2009 во 13:52
ninja_34 напиша:
"""""Најострите зборови, закани и навреди кон новинарите беа изговорени од устата на советничката Лепа Шеќерова, инаку просветен работник, педагог. Таа на седницата дојде со 35-минутно задоцнување, но сепак ја искористи можноста уште задишана да земе збор и преку микрофоните да ја исплука новинарската професија, а новинарите да ги набрка надвор, небаре и дошле кај неа дома на гости. Шекерова особено беше гневна на една новинарка која претходно неколкупати пишувала за оваа скандалозна одлука која патем, беше поништена и од Антикорупциската комисија и од Уставниот суд. """""
---Lele majko, ja poznavam licno Lepa. Znaev deka e idiot vo privatniot zivot ama ne znaev deka e do tolku zabegana. Inaku licno bev prisuten koga na dve novovraboteni nastavnicki od ucilisteto vo koe raboti, po telefon im objasnuvase kako treba da obezbedat najmalku po 15 prijateli, koi treba da glasaat za nejzinata politicka opcija, oti vo sprotivno "ne bilo sigurno dali ke dobijat resenija za rabota" |
Бараат одговорност...а дали ќе добијат???
ПО ВЕРБАЛНИОТ НАПАД ВРЗ НОВИНАРИТЕ НА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА ВО КИСЕЛА ВОДА
ЗНМ бара одговорност од советничката Лепа Шеќерова
Здружението на новинари на Македонија ја осуди советничката од
Општина Кисела Вода Лепа Шеќерова, која завчера, на последната
седница на Советот вербално ги нападна новинарите. Од ЗНМ велат дека
вербалниот напад на советничката врз новинарите и речникот со кој
таа се изразувала, кој не му прилега на еден просветен работник и
педагог, зборува оти луѓето што ги трошат народните пари мора да го
коригираат нивното однесување пред јавноста и новинарите, почесто да
бидат повикувани на одговорност и отчет, а не со седнувањето во
фотелјата да стануваат недопириливи за оние што ги избрале. ЗНМ
го осуди и отсуството на реакција од Советот на Општина Кисела Вода и
неговиот претседател, кој вокабуларот од овој сериозен инцидент го
исклучил од записникот на седницата, бришејќи го на тој начин
непријатниот линч врз новинарите на јавна седница на Советот на
Општината. "Задачата на новинарот е да ја следи работата на
Советот и за тоа да информира, без разлика дали некому му се
допаѓала вистината што тој ја напишал или открил, или не. Инсистираме
на одговорност на советничката и на сите вклучени актери во овој
немил настан", се вели во соопштението на ЗНМ. Лепа Шеќерова,
советничка од ВМРО - ДПМНЕ во досегашниот Совет на Кисела Вода,
завчера вербално нападна новинар на "Вест", разочарана од тоа што бил
објавен текстот за присвојувањето на општинските лаптопи со одлука
која ја донесе Советот на 27 февруари годинава.
-------------
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 16.Април.2009 во 14:22
Не знам одкаде ли ми е познато ова „лепливо„ и „слатко„ презиме???
И не знам што е тука чудно..кога на времето се нудеа и сукњи подигнати..
А сега ете ...се лутеле за некакви си истрошени општински лап-лаптопи де???.
Ако споредиме со минатото..кога вака испарувале и многу повредни работи..чинам дека зборуваме за буквално кажано..„ситници„!!!???.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Април.2009 во 07:40
Поминаа локалните избори, новите градоначалници во многу општини седнаа во своите фотељи, некои веднаш почнаа со работа и остварување на своите програми, а некои
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=369&ArticleID=22798 - Се туркале вратите во градоначалничката канцеларија на Карпош
-------------
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 17.Април.2009 во 10:01
mamamd напиша:
Поминаа локалните избори, новите градоначалници во многу општини седнаа во своите фотељи, некои веднаш почнаа со работа и остварување на своите програми, а некои http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=369&ArticleID=22798 - Се туркале вратите во градоначалничката канцеларија на Карпош
|
Па разбирливо е..
Човекот си е ...поодолг период без никаква власт..
Мерааак..пусти мерак по власт(а)......
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 18.Април.2009 во 01:00
mamamd напиша:
Поминаа локалните избори, новите градоначалници во многу општини седнаа во своите фотељи, некои веднаш почнаа со работа и остварување на своите програми, а некои
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=369&ArticleID=22798 - Се туркале вратите во градоначалничката канцеларија на Карпош
|
Се туркаше и народот приморан и уценуван да гласа за власта, па никој ништо не кажа.Имаше и закани за отпуштање од работни места.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 18.Април.2009 во 18:48
Mesto komentar, napisanovo vo Vecer Советници, општини и граѓани
Советниците по
четири години уживање на општински трошок како да подзаборавија дека
имаат одговорност пред своите гласачи кои всушност ги поставиле таму
кај што се
Темна
дамка на претпразничната атмосфера во неделата што измина беше
скандалот што се случи на последната седница на Советот на Општина
Кисела Вода од стариот мандат! Советниците на заминување, очигледно
загрижени само за службените лаптопи, за мобилните телефони и
паушалите, упатија јавни закани кон новинарите кои пишуваа за нивната
противуставна одлука за да ги присвојат општинските лаптопи. Од јавната
говорница одекнаа најпогрдни зборови, закани и навреди кон новинарската
професија, а новинарите дури беа набркани надвор, небаре им дошле дома
на гости.
Но, ова нивно однесување отвора нова дилема. Советниците по четири
години уживање на општински трошок како да подзаборавија дека имаат
одговорност пред своите гласачи кои всушност ги поставиле таму кај што
се. Наместо последната седница да ја искористат да направат евалуација
на својата работа, тие се расправаа за лаптопите, за мобилните телефони
што им биле предвреме исклучени, за некои бонуси кои се уште не им биле
исплатени... Како да подзаборавија дека пред четири години ги уверуваа
граѓаните дека токму тие се вистинските лица кои ќе умеат да им ги
решат проблемите. Дека ќе им го олеснат секојдневието, дека ќе работат
за нив. Дека личните интереси ќе ги остават настрана и ќе работат за
доброто на заедницата.
Иако меѓу екс-советниците имаше голем број ентузијасти кои напорно
работеа и жолчно се бореа за доброто на заедницата, сепак ниту еден од
нив, индивидуално или како советничка група, не само во Кисела Вода,
туку и во другите скопски општини, не излезе јавно на говорница за да
ги покаже резултатите од својата четиригодишна работа. Не слушнавме
никого да презентира колку активности иницирал самиот, кои проекти
поддржал а кои не, да каже што не успеал да одработи и од која
причина...
Да се надеваме дека оваа практика ќе се смени. Дека во овој, новиов
мандат, ги избравме вистинските советници кои и натаму ќе бидат блиску
до избирачот како и во предизборната кампања. Дека ќе умеат да ги
слушнат нашите барања и ќе знаат да ги реализираат. Дека се тие вистинските заслужни за да седнат во советничките клупи.
-------------
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 18.Април.2009 во 20:17
mamamd напиша:
Mesto komentar, napisanovo vo Vecer Советници, општини и граѓани
Советниците по
четири години уживање на општински трошок како да подзаборавија дека
имаат одговорност пред своите гласачи кои всушност ги поставиле таму
кај што се
Темна
дамка на претпразничната атмосфера во неделата што измина беше
скандалот што се случи на последната седница на Советот на Општина
Кисела Вода од стариот мандат! Советниците на заминување, очигледно
загрижени само за службените лаптопи, за мобилните телефони и
паушалите, упатија јавни закани кон новинарите кои пишуваа за нивната
противуставна одлука за да ги присвојат општинските лаптопи. Од јавната
говорница одекнаа најпогрдни зборови, закани и навреди кон новинарската
професија, а новинарите дури беа набркани надвор, небаре им дошле дома
на гости.
Но, ова нивно однесување отвора нова дилема. Советниците по четири
години уживање на општински трошок како да подзаборавија дека имаат
одговорност пред своите гласачи кои всушност ги поставиле таму кај што
се. Наместо последната седница да ја искористат да направат евалуација
на својата работа, тие се расправаа за лаптопите, за мобилните телефони
што им биле предвреме исклучени, за некои бонуси кои се уште не им биле
исплатени... Како да подзаборавија дека пред четири години ги уверуваа
граѓаните дека токму тие се вистинските лица кои ќе умеат да им ги
решат проблемите. Дека ќе им го олеснат секојдневието, дека ќе работат
за нив. Дека личните интереси ќе ги остават настрана и ќе работат за
доброто на заедницата.
Иако меѓу екс-советниците имаше голем број ентузијасти кои напорно
работеа и жолчно се бореа за доброто на заедницата, сепак ниту еден од
нив, индивидуално или како советничка група, не само во Кисела Вода,
туку и во другите скопски општини, не излезе јавно на говорница за да
ги покаже резултатите од својата четиригодишна работа. Не слушнавме
никого да презентира колку активности иницирал самиот, кои проекти
поддржал а кои не, да каже што не успеал да одработи и од која
причина...
Да се надеваме дека оваа практика ќе се смени. Дека во овој, новиов
мандат, ги избравме вистинските советници кои и натаму ќе бидат блиску
до избирачот како и во предизборната кампања. Дека ќе умеат да ги
слушнат нашите барања и ќе знаат да ги реализираат. Дека се тие вистинските заслужни за да седнат во советничките клупи.
|
Ништо чудно. Власта и повластиците од неа лесно не се даваат. Затоа се и скандалите со последици. Само не се тие само во Општина Кисела Вода, ширум државата секаде имаше скандали со епилог ,,физички пресметки,,. Ништо ново. Чист македонски синдром.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 18.Април.2009 во 20:21
vikam jas deka makedoncive ovdeshni i segashni se najgolemi lopovi,..i toa od "samite sebe",...ama , na koj ke mu kazesh!,...imeto makedonsko vazno deka nema da zagine,...makar i negoviot "nositel" da go snerma od povrshinata na zemjata,..
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 18.Април.2009 во 20:31
brza напиша:
vikam jas deka makedoncive ovdeshni i segashni se najgolemi lopovi,..i toa od "samite sebe",...ama , na koj ke mu kazesh!,...imeto makedonsko vazno deka nema da zagine,...makar i negoviot "nositel" da go snerma od povrshinata na zemjata,..
|
Затоа треба да се бориме против најголемите лопови. А името било и ќе си биде. Но што ќе биде со народот? Тоа треба да се мисли. Сепак мекој мора да го освести веќе премногу напатениот НАРОД.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 23.Април.2009 во 12:23
И сега пак нашата омилена игра ...ко на коњски трки, ТИПУВАЊТО... икс...нула...кој ќе остане кој ќе се смени...Леле колку е убаво да се видат лицата на оние Леси кои се враќаат дома, пардон во борбените редови http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=1684&ArticleID=112283 - - Отворен отстрелот на директори
-------------
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 23.Април.2009 во 13:58
mamamd напиша:
И сега пак нашата омилена игра ...ко на коњски трки, ТИПУВАЊТО... икс...нула...кој ќе остане кој ќе се смени...Леле колку е убаво да се видат лицата на оние Леси кои се враќаат дома, пардон во борбените редови http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=1684&ArticleID=112283 - На сите директори- поготово во Образованието во сите Општини градоначалниците во Петокот на 17.04.2009 година на состанок со нив кој есвикан со дознака ХИТЕН и НЕОДЛОЖЕН кажано им е и тоа во ОД, не поради друго туку пооради хитноста,.......цитирам ,,Сите до еден ќе бидете сменети,,. Интересно е тоа што во повеќе општини, ај да не речем во целата држава ова се случува во ист ден, исто време и со директорите само од Образованието....... и што е нај трагично: градоначалниците ги упатуваа истите зборови до директорите...кои пред да си заминат додаваат и немој некој случајно да тужел.......мена тоа да му помине и ние/јас не мислиме/не мислам да се расправаме/расправам со судивите/судот............,,. А потоа мирно и спокојно си заминуваат на некоја трач седенка.......
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 24.Април.2009 во 06:28
Site ista maka macat
Трајановски се жали на превработеност во Градот
Новиот градоначалник Коце Трајановски се соочил со превработеност во
градската администрација. Тој вчера се пожали дека не знае што да прави
со 400 вработени за кои секој месец треба да одвојува меѓу 25 и 30
милиони денари само за плата. Трајановски не прецизира дали ќе отпушта
од работа иако не ја исклучи и таа можност.
„Повеќе од 100 лица
се нововработени, кои претходникот Трифун Костовски ги вработил
непосредно пред да си замине од функцијата. Сега дел од тие луѓе немаат
ни што да работат ни каде да седнат, а јас не можам да им изградам нови
бараки“, вели Трајановски.
Костовски вчера не сакаше да ја
коментира изјавата на Трајановски, со образложение дека неговиот
наследник е само една недела на функцијата со која очигледно не се
запознал добро.
„Нема да коментирам, бидејќи Трајановски досега
немал доволно време да ги согледа работите врзани со функционирањето на
градската администрација и нејзината систематизација“, истакна
Костовски.
Инаку, пред неколку месеци Градот Скопје доби
највисок кредитен рејтинг, во чии рамки беше оценувана и градската
администрација. Таа доби највисоки оценки поради вработените млади и
образовани кадри кои одговараат на работните места утврдени со
систематизацијата.
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 06:53
Ај аирлија. Белким тргне нешто на арно. Мора да се раководеме по она дека надежда последна умира
ОДРЖАНА ПРВАТА СЕДНИЦА НА КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ
Сложни градоначалници Скопје ќе го градат!
Новоизбраните
градоначлници од скопските општини вчера ја одржаа првата конститутивна
седница на Координативното тело која што согласно Законот за Град
Скопје ја свика градоначалникот Коце Трајановски. На средбата која беше
одржана зад затворени врати, градоначалниците разговарале за решавање
на сите прашања од заеднички интерес, како што се јавните претпријатија
за начинот на нивното функционирање, за донесувањето на Генералниот
урбанистички план и наплатата на данокот на имотот. - Ова беше
конститутивна седница на која ги отворивме сите прашања кои понатаму ќе
бидат предмет на наши дискусии и предмет на решавање. Практично, тоа се
прашањата кои се од заеднички интерес за сите општини во Градот Скопје,
изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски по завршувањето на
средбата.
Тој најави дека наредните седници на Координативното тело ќе се
одржуваат многу почесто од предвиденото еднаш месечно според Законот за
Град Скопје, за да може побрзо и поквалитетно да се решаваат проблемите. -
На следните состаноци ќе ги договараме проектите кои се од заеднички
интерес за сите скопски општини без разлика дали се инфраструктурни или
комунални, вети Трајановски. Единствениот опозициски градоначалник,
првиот човек на општина Карпош Стевче Јакимовски првиот состанок на
Координативното тело го оцени како коректен и според него, биле
поставени вистински прашања.
-------------
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 14:40
mamamd напиша:
Ај аирлија. Белким тргне нешто на арно. Мора да се раководеме по она дека надежда последна умира
ОДРЖАНА ПРВАТА СЕДНИЦА НА КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ
Сложни градоначалници Скопје ќе го градат!
Новоизбраните
градоначлници од скопските општини вчера ја одржаа првата конститутивна
седница на Координативното тело која што согласно Законот за Град
Скопје ја свика градоначалникот Коце Трајановски. На средбата која беше
одржана зад затворени врати, градоначалниците разговарале за решавање
на сите прашања од заеднички интерес, како што се јавните претпријатија
за начинот на нивното функционирање, за донесувањето на Генералниот
урбанистички план и наплатата на данокот на имотот. - Ова беше
конститутивна седница на која ги отворивме сите прашања кои понатаму ќе
бидат предмет на наши дискусии и предмет на решавање. Практично, тоа се
прашањата кои се од заеднички интерес за сите општини во Градот Скопје,
изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски по завршувањето на
средбата.
Тој најави дека наредните седници на Координативното тело ќе се
одржуваат многу почесто од предвиденото еднаш месечно според Законот за
Град Скопје, за да може побрзо и поквалитетно да се решаваат проблемите. -
На следните состаноци ќе ги договараме проектите кои се од заеднички
интерес за сите скопски општини без разлика дали се инфраструктурни или
комунални, вети Трајановски. Единствениот опозициски градоначалник,
првиот човек на општина Карпош Стевче Јакимовски првиот состанок на
Координативното тело го оцени како коректен и според него, биле
поставени вистински прашања.
|
Добро е. Му дошол акалот. Нема што, мора да ни ја биде државата. Ова ни е последна шанса. АИРЛИЈА НЕКА Е.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 06:46
Веројатно законот за локална самоуправа и ингеренции за давање одобренија никој не ги чита. Се сеќавам дека читавме изјави во кои се чекаше формирање комисии за истакнување државни знамиња за време на државни празници. Очигледно дека за некои поводи не се чека формирање комисиии
Улични паноа во Тетово за загинати борци на ОНА
ТЕТОВО - Четири паноа со фотографии на борци на ОНА кои загинале во
Македонија и на Косово вчера се појавија во Тетово, на тротоарот на
главниот булевар „Илирија“. Ваљон к*ртиши, претседател на Здружението
за одбрана и афирмација на националниот идентитет „Илирикум либертас“,
вели дека паноата се во чест на 5 мај - денот на борците Албанци од
Косово, Албанија и од Македонија. Одобрение за користење на јавно место
од еден ден дале локалните власти од Тетово.
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 23.Мај.2009 во 08:05
За бившиот градоначалник на аеродром знаев дека е кандидат на ВМРО ама не знаев дека е даскал, за Латиновски сегашниот градоначалник на Бутел знаев дека е даскал ама не знам од која партија е.Јасно е ко ден дека даскалите не се за во политика, не се снаоѓаат баш најдобро. А не поминаа ни 2 месеца од локалните избори. Што ли се ке се случи за 4 години, какви ли тендери ќе поминат без никој да не знае??? за латиновски пишува Вечер http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=37660EBB509BAF4FBD223014F558C964 - Ма, гони се! Во петок ли ми бараш информации за тендер!
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Јуни.2009 во 07:10
И додека наш Коце Трајановски не седнува во својот кабинет затоа што нема време од растрчување од општина во општина и организирање акции на средување и расчистување на буништата натрупани со години други прво си прават услови, амбиент. Ако им се верува на зборувањата, преминот од една партија во друга и доаѓањето на власт не е за џабе. Не е мала работа да располаѓаш со чекмеџето на народот. Додека Штипјани си градат стратегии и одбранбени појаси, ноќни дежурства како да се одбранат од змии кои им се населуваат во домовите градоначалникот(според новинарите) си средува кабинетот. http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=53996&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 - Змии го запоседнаа Штип http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C8F19DF617ADBD4E872C8CE9757026BE - Штипскиот градоначалник во обновата на градот тргна од својот кабинет
-------------
|
Постирано од: Popi
Датум на внесување: 01.Јули.2009 во 04:55
Македонците не можат да се информираат за комуна Сарај!?
Дечкото што работи кај и да е ќе стави македонски јазик на сајтот. Во тек е нејзино дизајнирање и за кратко време одговорно тврдам ќе биде наместена јазичната поддршка и истата ќе биде ставена во функција на граѓаните изјави за Вечер, Џељал Јакупи секретар на општината Сарај
Доскорешниот бајат официјален сајт на скопската општина Сарај, неодамна заменет со нов редизајниран, но малку скандалозен веб портал кој е направен само на албански јазик. Сите официјални сајтови кои стојат испишани со gov.mk, дали станува збор за општински, градски или локални а се под закрила на владата, покрај македонскиот како официјален државен јазик, мораат да имаат и јазична поддршка на малцинската заедница која покрај македонската доминира во општината. Кога станува збор за сајтот на општината Сарај не само што не е запазен овој критериум, туку македонскиот јазик воопшто не ни постои на порталот на државната институција. Дали тоа е намерно или случајно Редакцијата на Вечер се обиде да стапи со надлежните од скопската Општината и да дојде до одговор, дека сајтот е во подготовка и кај и да е ќе биде ставена македонската јазична поддршка. - Дечкото што работи кај и да е ќе стави македонски јазик на сајтот. Во тек е нејзино дизајнирање и за кратко време одговорно тврдам ќе биде наместена јазичната поддршка и истата ќе биде ставена во функција на граѓаните изјави за Вечер, Џељал Јакупи секретар на општината Сарај, единственото одговорно лице кое можеше да се најде вчера. На наше прашање зошто надлежните од Сарај по принципот на другите скопски општини не постават одговорно лице за односи со јавноста или барем служба за комуникација со медиумите за тековните активности на општината, тие велат дека и за тоа е размислувано во општината и ќе најдат таков кадар.
Инаку општината Сарај досега имаше сајт кој повеќе од три години не беше надградуван. Броевите на службите во корист на граѓаните кои стоеја беа неважечки и сменети. Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети во текот на вчерашниот ден не беше достапен за коментар за веб-страницата. До кога останува официјалната владина институција да нема македонска поддршка останува да почекаме и да видиме дали тоа ќе се случи во блиска иднина како што тврдат одговорните од Сарај.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=03A6B4A972720A4C884F2F036A3CEB27 - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=03A6B4A972720A4C884F2F036A3CEB27
E pa ova go nema ni vo stranstvo a kamoli vo svoja sopstvena zemja, kade oficijalen jazik e MAKEDONSKIOT! Makedonci razbudete se!
|
Постирано од: Popi
Датум на внесување: 01.Јули.2009 во 13:29
Aj da vidime KOGA ke ja ispravat "greshkata".
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 01.Јули.2009 во 20:12
Решенија за плаќање данок на имот се делат на улица01.07.2009 19:00 | Граѓаните револтирани |
| |
Фирма ангажирана од градот Скопје во населбата Ново Лисиче граѓаните ги повикува од домовите за решенијата за да им ги врачи на тротоар. Хонорарците ангажирани од компанијата се разбегаа штом ги видоа камерите. Граѓаните не се револтирани само од начинот на издавање на решенијата туку и од нестручноста на ангажираните работници. „Добивме решение, вели оди провери за син ти, син ми е во Грција. Трет пат доаѓам, да провери дали има, он не сака ни да провери“ „Ова е најголема глупост, досега во сандаче ги носеа и се беше во ред. А ова сега, каде се луѓето“, беа некои од реакциите на граѓаните. Решенијата ги дели фирмата Глобко Логистик која од градот Скопје го добила тендерот за врачување на решенијата. Според договорот решенијата требале да им ги достават на граѓаните на рака или да ги повикаат да ги подигнат на шалтерите на Прокредит банка. „Немам таква информација дека фирмата ги дели овие решенија на тротоар или на улица. Работата ќе ја испитаме и ќе превземеме одредени мерки доколку е тоа така“, изјави Неделчо Крстевски, портпарол на Коце Трајанов. Од Глобко Логистик не сакаа да кажат зошто работат на таков начин. „Ова е приватна фирма за брза испорака и затоа се земаат од штандови“. -Зошто од штандови, од градот Скопје ни кажаа дека треба да ги подигаат во Прокредит банка? -Не, не, не е точно. -Зошто ги делите на штандови на улица? -Немам повеќе коментар. Луѓето велат вака се плаќал данокот на имот во Африка во минатиот век. „Пред 40 години сум бил во Египет, таму ќе закачат известување на бандера и луѓето си читаат, се пријавуваат. Ова е срамота и брука“, изјави еден граѓанин. Данокот на имот е еден од начинот на кој се полни буџетот на Скопје, и додека градот го испита случајот неговите граѓани остануваат да чекаат на тротоарите да го платат данокот.
ВМРО-ДПМНЕ....и се е можно...
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 16.Октомври.2009 во 15:53
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 16.Октомври.2009 во 15:56
добро да засега делат решенија за плаќање на данок на имот .....
што ќе правиме кога ќе ги пуштат партиските кучиња вработени со договор на дело за наплата на сончевите зраци и воздухот кој го дишеме ???? .........
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 16.Октомври.2009 во 15:58
aaaaa,ovde nesmem da pisam nisto....
odma ke mi opnat faktura-resenje nekoe...
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 02.Декември.2009 во 06:45
Кој вика дека локалната власт нема идеи и не работи ништо Еве едукативни проекти со кој ке се анимираат децата да си ја украсуваат околината. Со еден замав две муви и шарено/весело и заштеда на бои за фасада. Белким ке ги нема веке оние безобразни и политички пораки. Белким графитите ке ни бидат европски http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D22AD7AAB880614DB6D3A81EAE1755A5 - Кисела Вода ќе едуцира преку графитите
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 07:16
ццц Македонија и се е можно! Симпатично е она изјавата на хералдичарот
Јоновски, отсуството на експерти при изборот на симболите ги прави
македонските општини да бидат цел на потсмев наместо да се презентираат.
http://www.time.mk/read/NONE/2d05ca4fdd/index.html - Грбовите на Општините к*риозитет на хералдиката
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 13:49
eh, da se samo grbovite k*riozitet?! skoro se vo zemjava e ...k*riozitetno,...pochnuvajki od samiot narod.
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 15:36
МАРШАЛ напиша:
добро да засега делат решенија за плаќање на данок на имот .....
што ќе правиме кога ќе ги пуштат партиските кучиња вработени со договор на дело за наплата на сончевите зраци и воздухот кој го дишеме ???? ......... |
Za kuchinjata lesna rabota. Bar nie voinite znaem kao so niv. Frlimugo rasipanoto meso od vchera i nema da te lae. Tie zwemaat SE od prichina shto Dogovor brgu kje im isteche, pa morat da soberat neshto i za da prezimat.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 20.Јули.2010 во 09:06
И читам еднаш, па уште еднаш и не ми се верува http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=ACC536939CB76446A4FB79DA8451A4A3 - Прилеп
град на рекорди Очигледно е дека организаторот - прилепската локална самоуправа на чело
со градоначалникот Марјан Ристески останаа на висина на задачата. Во
четири дена фестивал екипата од локалната самоуправа, прилепската
полицијата и ангажираните агенции за обезбедување си ја завршија одлично
својата работа. Па нели многумина велат дека демек Утрински бил проопозициски весник кој многу ја критикува власта. А оно пофалба за позициски градоначалник кој Само за концертот на Светлана Ражњатовиќ градот и спонзорите платија
60.000 евра, но Прилеп од четиридневната туристичка атракција инкасира
околу 3,5 милиони евра.
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 30.Јули.2010 во 13:47
Додека се на власт државата ја ставаат во своја функција место да е обратно.Кога паѓаат од власт се откриваат бајаги малверзации кои ги правеле. Некои одговараат за стореното, некои не. Некои добиваат само кривични пријави за чија разврска многупати и не се дознава
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=730101017188&id=12&prilog=0&setIzdanie=22047 - Кривична
пријава за поранешен градоначалник |
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 05.Август.2010 во 08:46
Фала ти боже нешто убаво човек да прочита и да види. Сите вести се арни, освен ова со капењето од клима уредите, ама мислам дека и таа ќе ја средат http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E0D585767DBE7448AE33D4F7509CD819 - Метропола
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 29.Септември.2010 во 14:54
Парк на Пушкин..па сега на Шопен...решија граѓаните на Кисела Вода да ги релаксираат по паркови. Добро е
http://www.time.mk/read/e96124394d/9fd2108262/index.html - Отворени парк и биста на Фредерик Шопен во Кисела Вода
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 29.Септември.2010 во 14:56
pa da!..nishto chudno !.
....vo bistite i sl spomenici ,...lezat najmnogu ,...pari !!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 30.Септември.2010 во 15:20
цццц..па не можат кутри сегде да стасаат и да запамтат
http://www.time.mk/read/4d6a9f1a99/9b764f1e9e/index.html - Скопје - Шопен стана Пушкин "Чест ми е да го отворам паркот на Пушкин, во кој ќе стои бистата на
великанот на полската и светската музика Фредерик Шопен. Во време кога
чувствата не се во мода, музиката на полскиот композитор ќе биде јазик
на општење меѓу граѓаните. Освен тоа, паркот ќе им даде на граѓаните
уште едно урбано катче каде што ќе можат да се релаксираат и да го
поминуваат слободното време", рече градоначалникот Ѓорчев, без да им се
извини на граѓаните за ненамерната грешка.
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 19:21
Ц ццц насловов ме потсети на едно време кога сегашнов просветен главуш (кога беше градоначалник ) силно тргна во расчистување на градежната мафија, арно ама се поплавија документите од пукната цевка од радијатор и ниш не бидна. Како последица на тоа денс читам дека
http://www.time.mk/read/NONE/06f0069e59/index.html - Кисела Вода поплавена
-------------
|
Постирано од: Генерал Митре
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 22:31
Што добивме со локалната централизација?-ништо, само локални шерифи !
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 16.Октомври.2010 во 00:48
i lokalnata pravi shto ke i prdne na "pametot" , razlikata e edinstveno vo toa shto toa moze go pravi samo.....lokalno !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 16.Октомври.2010 во 07:01
Генерал Митре напиша:
Што добивме со локалната централизација?-ништо, само локални шерифи !
|
за жал само тоа-локални шерифи. Удомување на активистите на функции, вработувања на договор на дело (кое законски е незаконски). Сите проблеми околу инфраструктурата си останаа недорешени, се раскопа, разруши она што остана од социјализмот, се назначија директорчиња во сите државни институции по семејно-партиски линии и се оди прудолу и прудолу. Делот во кој со децентрализацијата им се даде ингеренции не профункционира во ниеден домен, напротив се влоши.Некако овие децентрализираните како да чекаат некоја цркавица од централата. Ретко кој покажа некаква инвентивност ( читам за некои иницијативи на овој малиов Конески од Аеродом, тек тук на Ристески од Прилеп и што годе за Крушево). Обично ги читам весниците и кога отворам рубрики..од Македонија ..за жал нема што да се прочита нешто позитивно-туку ко да се чита црна хроника. Порано барем отвораа по некоја чешма, по некој селски пат- сега нема, ама ништо.
-------------
|
|
Испечати | Затвори го прозорот
Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk
|
|