|
СВЕТИ МОШТИ |
Внеси реплика | страница <1 23456 17> |
Автор | ||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не бре мило, не се растревожувај, јас никаде не реков дека бегам или дека ќе си одам, туку само реков дека нема да дискутирам повеќе со вас кои не знаете културно и фер да дискутирате.
Јас сум тука и будно ќе те чекам кога ќе бидеш спремна и кога ќе собереш храброст да отвориме една посебна тема каде што културно и наизменично ќе си поставуваме прашања и ќе си одговараме на истите.
Ајде, ако толку сакаш преку мене да ја покажеш "светлината на православието" повели прифати да отвириме една тема која не мора да ја нарекуваме стрикно дебата, туку еве, доколку те плаши самиот збор "дебата" можеме да ја наречеме и "наизменична дискусија" каде што еден по еден ќе си се прашуваме и одговараме, каде што ќе има ред и правила и каде што форумџиите во најубаво светло ќе можат да ја видат "светлината на православието"
Ајде да видиме кој цело време навистина бега Изменето од EvAngelos - 01.Октомври.2008 во 12:57 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Способноста се гледа во одговарањето на расфрлани прашања, а не на средени едно по едно. Почни да ги одговараш прашањата кои ти беа поставени. За почеток одговори ми на прашањето како е настаната Библијата и од каде знаеш дека Јовановите посланија се од Јован кога тоа никаде во Библијата не го пишува, а веднаш кога ќе го добијам твојот одговор, и јас (се надевам и другите) ќе ти одговорам на твое прашање. |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
ggstefan
Сениор Регистриран: 19.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 266 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
uste cekam odgovor za muzejot!
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За иконата на Св. Апостол Лука не знам, ама дека има историски податоци за Исус и неговото движење тоа сум сигурен, ако некој сака и ќе му ги наведам.
|
||
ggstefan
Сениор Регистриран: 19.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 266 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
fala na odgovor na prasanjeto sto ne bese postaveno.
|
||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Чествувањето на телата на упокоените Божји угодници има цврста основа во тоа, дека Самиот Бог благоволил да ги прослави со многу знаци и чуда, посведочени во текот на целата историја на Црквата.
Уште во Стариот Завет, кога светите сè уште не биле почитувани со посебно прославување, постоеле знаци и чуда од телата на упокоени праведници. Така, во Светото Писмо е забележан случајот, кога по допирањето до коските на пророк Елисеј во неговиот гроб, телото на некој умрен човек веднаш оживеало и мртвиот воскреснал (4.Цар. 13:21). Светиот пророк Илија бил вознесен на небо со своето тело, уште додека бил жив. Неговата наметката пак, што му припаднала на Елисеј, со својот допир ја разделила водата на реката Јордан, кога преку неа сакал да премине Елисеј (4Цар. 13:21). Во Новиот Завет, во книгата Дела апостолски, читаме дека врз болни луѓе поставувале делови од облеката на св. ап. Павле и болните оздравувале, а демоните излегувале од нив (Дела. 19:12). Богословското осмислување на почитувањето на моштите се засновува на разбирањето на созданието како добро Божјо дело, во кое начелно се содржи добрата волја на Творецот, (Божјата замисла за спасението на светот) и неговото преобразување во идното Небесно Царство. Моштите на светите се честица од таа преобразена материја, исполнета со Божествената благодат. Небесното Царство видливо присуствува во нив уште во сегашниот век. Св. Амвросиј Милански ги нарекува светите мошти „семиња на вечноста.” Светите Отци и црковните учители сведочат за чуда од остатоците од светите, а нивните современици ја потврдувале вистиноста на тие соопштенија. На пример, св. Амвросиј кажува дека при откривањето на моштите на св. Гервасиј и Протасиј; „вие дознавте и дури сами видовте многумина што се ослободија од демони, или такви кои со самиот допир до облеките на светите беа исцелени од своите болести. Се возобновија чудесата од древно време, откако на земјата се изли најизобилна благодат заради доаѓањето на Господ Исус на земјата.” Слични сведоштва може да се прочитаат кај светите Григориј Богослов, Ефрем Сириски, Јован Златоуст, блажени Августин и др. Веќе од почетокот на II век постојат записи за чествувањето на христијански остатоци од светите. По маченичкиот крај на св. Поликарп, епископ на градот Смирна, откако неговото тело било запалено, христијаните ги „собрале коските на св. Поликарп, како ризница подрагоцена од дијаманти и почиста од злато и ги положиле… за да биде празнуван денот на неговото мченичко раѓање и за поука и утврдување на идните христијани.” izvor: SVITOK |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Абе нели ви реков да си верувате слободно колку што сакате во "светите мошти", ама да не ја мешате Библијата во тоа, бидејќи во Билбијата таква работа НЕ ПОСТОИ!
Случајот со Елисеј воопшто не е аргумент за "светите мошти".
Елисеј побарал двојна мера од Божјиот Дух кој бил во Илија.
"Илија му рече на Елисеј: „Барај што да сторам уште за тебе пред да бидам земен од пред тебе?” А Елисеј одговори: „Духот што го имаш ти нека биде двоен во мене! А тој рече: "Бараш нешто многу тешко; ако видиш, како ќе бидам земен од тебе, така ќе ти биде; ако, пак, не видиш, нема да ти биде."
(2 Цареви 2:9) Елисеј го видел Илија како бил земен на небо и затоа Бог му дозволил да има двојна мера од Духот во Илија.
Бог преку Илија направил 7 чуда. Додека пак, додека Елисеј бил жив, Бог направил 13 чуда. За да го исполни одобрувањето за "двојна мера" од Илиевиот Дух во Елисеј, Бог направил уште едно дополнително чудо по неговата смрт. И така станале 14 чуда. 14 = 2*7
Ете затоа се случило тоа чудо, а не како потврда на моштите.
Од друга страна, веќе наредниот стих воопшто не се зборува за "моштите" на Елисеј. Нема да најдеш ниту еден стих каде што некој ги прибрал посмртните останки на Елисеј и ги чевствувал, ги бакнувал, им се поклонувал, точел миро од нив итн. Значи не станува збор за некакви "свети мошти", туку само за уште едно дополнително чудо на Бог заради исполнувањето на ветувањето за двојна мера на Илиевиот Дух во Елисеј.
Каква врска има ова со "светите мошти"?
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Евангелос - конкретниот стих се однесува токму на моштите на Елисеј.
А колку до чудата - па се разбира дека Бог го направил тоа чудо, а не самиот Елисеј. Се разбира дека Светиот Дух го прави тоа, а не самиот човек, односно светец. И денес, кога се случуваат чуда од мошти на некој светец, тоа е затоа што Бог го прави тоа, а не самиот човек. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ОТКРИВАЊЕ НА МОШТИТЕ НА СВ. ЈОАСАФ БЕЛОГОРОДСКИ
Архимандрит Доситеј Кога учев духовна академија во Санкт Петерсбург, меѓу нас учениците, постоеше нешто како натпреварување кој подобро и поубаво ќе беседи. Добро им говоревме на многумина кои не слушаа, а и на нас самите ни се допаѓаше, но жива вера ретко кој од нас имал. Сите зборувавме студено, со висок стил, но и убаво. Она што го учевме, многумина од нас ги одвраќаше од живата вера. (Наставата во духовната академија многумина одвраќаше од живата вера, затоа што на православното учење му беше придодадена латинската схоластика. Препишана од латинските книги, схоластиката ја убиваше верата кај учениците и учителите: се наметнуваше и сугерираше стекнување на знаењето, а не општење со живиот Бог). И што е карактеристично, кога било предложено да се избере претставник за свеченоста по повод откривањето на моштите на свети Јоасаф—сите одбиле „Зошто да се патува за да се види маса на народ кој очекува чуда—и какви чуда воопшто може и да има во наше време?“ По жрепката—одлучено беше јас да отпатувам. Отпатував немарно—само да го извршам Допатував—и се протуркав да видам што има внатре, чисто да знам што се случува. Беше невозможно да се остане мирен после она што го видов. Од сите краишта на Русија допатувале болни, сакати и унакажени. Колку несреќа и бол! Тешко е и да се погледне! И уште—тоа општо расположение, очекувањето на нешто чудесно постепено се пренесуваше и на мене, без оглед на моето скептично мислење и однос кон сето тоа. На крај, пристигна и царот со своето семејство, и свеченоста започна . Стоев сам на свеченоста, сега веќе длабоко возбуден, не верував, а се нешто очекував. Тешко ми е сега да ви ја претставам таа глетка, и она што тогаш се виде—илјади и илјади болни, искривени, демоноопседнати, слепи, унакажени и сакати—лежеа, стоеја, од двете страни на патот, по кој требаше да го пренесат светителот, неговите мошти. Моето особено внимание го привлече еден искривен и повиен: беше тешко и да го погледнеш без морници и гнасење: сите делови на телото му беа составени, сраснати—како клупко месо и коски на земјата. Чекав—што може тој човек да добие? Може ли некако да му се помогне и со што? И еве го изнесоа кивотот со моштите на светителот Јоасаф—такво нешто никогаш не сум видел и тешко дека воопшто некогаш пак ќе видам—одеднаш сите болни, кои стоеја покрај патот, биваа исцелени; слепите прогледаа, глувите прослушаа, немите почнаа да зборуваат, врискаат и скокаат од радост, на сакатите им се исправуваа искривените и болни екстремитети. Со возбудување, страв и благодарност гледав на се ова што се случуваше—и не го испуштав од вид оној искривен и повиен. Кога кивотот со моштите на светителот дојде во негов правец, тој ги рашири рацете—се чу страшно крцкање и пукот на коски, чкрипење, како нешто да се раздвојува и крши внатре во него, и тој почна со напор да се исправува—и застана на нозе. Како ме возбуди тоа! Дотрчав до него со солзи, тогаш фатив некој новинар за рака, почнав да му го кажувам сево ова, го молев да го напише и објави... Во Петроград се вратив како друг човек—верувајќи. Извор преминпортал Чекам разумно објаснување од ЕвАнгелос и ггстефан на ова чудо. |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
zidarski, примерот со Елисеј беше наведен како библиска потврда дека луѓето почитуваат "свети мошти" како што православните ги почитуваат денес. Епа покажи ми каде тоа во наведениот стих некој ги "чествувал" посмртните останки на Елисеј?
Покажи ми каде тоа некој се поклонувал пред нив?
Каде тоа некој се молел пред нив?
Каде тоа некој ги бакнувал?
Каде тоа некој ги мирисал?
Каде тоа некој точел миро од нив?
Најдовте едно чудо што Бог направил преку починатиот Елисеј и мислите дека со тоа си ги оправдавте сите обожавања на моштите, и покрај тоа што јас убаво ви објаснив зошто се случило тоа чудо и што било причината, а не некакви "свети мошти".
И повторно ќе ве прашам. Евреите ги знаеле повеќето гробови на нивните херои. За некои од нив јасно пишува каде се погребани. Зошто тие не откопале некој од нив и да ги чевствуваат нивните посмртни останки? Зарем мислите дека тие тогашни "светци" се помали од оние чии "мошти" вие денес ги имате? Зарем мислите дека ако Бог сакал да има "свети мошти" тоа немал да го направи за своите слуги како Авраам, Исак и Јаков? Па Бог и Себе си на неколку места се поистоветува со нив нарекувајќи се "Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Авраамов" и зарем нивните тела не биле достојни да бидат "свети мошти"?
Зарем телото на царот Давид по чие име се нарекува и Светиот Град, по чие име се нарекувал и Христос - "Давидовиот Син", зарем неговото тело не било достојно да биде "свети мошти" според критериумите на православните?
Уште еднаш ќе кажам, размислете добро во што верувате и изберете: Божјиот Збор или човечките преданија!
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Една од иконите на на св Лука се запазени во манастирот Kykko на Кипар. Кипар e блиску до Македонија, појди на прошетка до таму та ќе можеш со свои очи да ја видиш. Еве ти линк каде се кажува дека тој манастир е познат баш по таа икона, а тука можеш да најдеш и адреса, доколку решиш да појдеш до таму. водич до Кико манастир А еве и линк каде има фотографија на една од иконите нацртани од св.Лука икона нацртана од св Лука п.с. појди до Кико манастирот - прекрасен е! |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
A ти покажи ни каде во тој дел пишува дека не треба да се чествуваат и дека не треба да се почитуваат? Покажи ни ти каде таму се вели дека не треба да се бакнуваат и не треба да се мирисаат? (овде си смешен, та мене ако ми мирисаат убаво оти да не ги мирисам?) Никаде не пишува дека треба да го правиме тоа што ти го велиш затоа што познато ни е дека тој дел завршува со тоа што мртовецот станал кога се допрел до моштите. А останатото што се случило понатаму не е наведено. А и зошто го избегнуваш одговорот на она чудо што го пратив - Откривање на моштите на св Јоасаф? Дај ми разумен одговор како да не ги почитувам моштите на светител преку кој во само 5 мин Бог излекувал толку многу болни? |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Батали ги ти лажните чуда и моштите на некој си анонимуси во Библијата, туку кажи ми ти мене каде им биле на евреите "светите мошти" на Авраам, Исак, Јаков, Давид?
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дали ако нешто не е направено во Библијата не треба да се прави и денес? Значи - ако не го пишува во Библијата, никако не треба да се прави?
|
||
Do what is right, come what may...
|
||
Внеси реплика | страница <1 23456 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |