|
Зошто Господ има човечки особини? |
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Автор | ||
butel2
Сениор Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ne e vazno za sto, vazno e da se vidi kade Alahovata mokj i odobrenie, Ljiljan ke znae sam da si najde primer , se nadevam |
||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Znaci, toj se simnako covek, a pak bil bog so covecki potrebi koj se molel na samiot sebe si...????
Abe ajde...
Најголемата расипаност која што Павле ја направил, е тоа што на чистиот монотеизам (верувањето во само еден Бог) кој што го проповедал Исус, му додал и обожување на човечко суштество, изедначувајќи го со Бога. Тој проповедал дека Исус е еднаков на Бога, а со тоа ја претставил теоријата за „дополнувањето на Бог“. |
||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
„Кој, иако беше во обличје Божјо, сепак не држеше многу до тоа што е еднаков со Бога; но Сам Себе се понизи, откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето; и по вид се покажа како човек.“ (Павле до Филипјаните, 2: 6) Сите суштества Му се потчинети на Бога, и зависат од Него. Според теоријата на Павле, ако Бог требал да Се дополни Самиот Себеси и зел форма на човек (п.п. роб), тогаш кој бил Господар и Управувач со универзумот за време на тој период? Дали наговестува дека постојат два бога во исто време, едниот „празен“, а другиот полн со енергија? Но ова е само едно богохулие кое што води кон полиетизам[1]. [1] |
||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Семоќниот Бог од секогаш постоел и секогаш ќе биде Најмоќниот и Единиот Бог, Кој што нема здруженик. Апсолутно нелогично е да се верува дека Тој би можел да биде „дополнет“ или лишен од Самиот Себе, затоа што „дополнетиот“ бог повеќе не е Бог. Според описот даден во Евангелието и во к*ранот, Исус не само што е обично човечко суштество, туку ги има истите потреби како и секој друг човек. Целата негова способност и моќ му биле дадени од Бога, тој немал сопствена власт. Во склоп на тие описи, тешко е, дури и невозможно да се прифати како Бог или како „здруженик“ на Бога. Во Библијата: „И во деветтиот час Исус извика гласно, велејќи: ‚Елои, Елои, Лама савахтани?‘ А тоа значи: ‚Боже Мој, Боже Мој, зошто си ме оставил?‘“ (Марко, 15: 34) (Да се плаче поради нанесена неправда е човечка слабост.) „А утредента, во темни зори, стана, излезе и отиде во пусто место и таму се молеше.“ (Марко, 1: 35) „А Он се повлекуваше на осамени места и се молеше.“ (Лука, 5: 16) (Молењето е исклучиво човекова потреба.) „И рече Исус: ‚Кој се допре до Мене? Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене.‘“ (Лука, 8: 45, 46) (Незнаењето е човекова ограниченост.) „А утредента, кога излегоа од Витанија, Он огладне.“ (Марко, 11: 12) (Човековото тело чувствува глад и има потреба од храна.) „Но, кога се доближи до неа, не најде ништо освен лисја, оти уштен е беше времето за смокви. И кога одговори Исус, й рече: ‚Отсега никој довека да не вкуси плод од тебе!‘“ (Марко, 11: 13,14) (Гладниот човек е и гневен човек!) „Кога, пак, пловеа, Он заспа.“ (Лука, 8: 23) (Спиењето е човекова потреба, а да се заспие е човекова слабост.) „А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот.“ (Марко, 13: 32) (Луѓето не знаат што ќе се случи во иднина, но Создателот знае.) „Тогаш Духот Го одведе Исуса во пустиња за да биде искушуван од ѓаволот.“ (Матеј, 4: 1) (Ѓаволот никогаш не може да му наштети на Бог, но на човекот може.) „Но Јас ништо не можам да правам Сам од Себе.“ (Јован, 5: 30) (Човекот секогаш зависи од Бога.) „Ништо не правам Сам од Себе, туку, како што Ме научи Мојот Отец, така и зборувам.“ (Јован, 8: 28) (Пратеникот е човек и нема своја сопствена власт.) |
||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во к*ранот: „Месих,[1] синот Мерјемин,[2] е само пратеник. И пред него доаѓаа и заминуваа многу пратеници. А мајката негова секогаш вистината ја говореше, а и двајцата јадеа храна. И погледни како Ние јасно им ги објаснуваме доказите, а потоа погледни ги нив[3] како се одметнуваат!“ (к*ран, 5: 75); „Неверници се секако, оние кои што велат: ‚Месихот, синот Мерјемин е Бог!‘ Кажи: ‚Кој може да го спречи Алах, ако Он посака, да го уништи Месихот, синот Мерјемин, и неговата мајка и сите оние кои што се на Земјата?‘ Алахова е власта и на небесата и на Земјата и меѓу нив! Он создава што сака, и Алах сè може!“ (к*ран, 5: 17); „Сосема не веруваат оние кои велат: ‚Месихот, синот Мерјемин е Бог.‘ А Месихот говореше: ‚О синови Израилови, обожувајте Го Алах – Господарот мој и Господарот ваш!‘“ (к*ран, 5: 72). |
||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||
ANTONI
Нов член Регистриран: 05.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
imam prasanje dali vo koranot pisuva deka isa e cisti duh ruhu kudus dali pisuva deka e ruhulah -bozji duh i dali isus gi napravil najgolemite mudjizi?
molam odgovor i dali isa doagja za sudniot den sto kazuva koranot za toa? |
||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Според доктрината на тројството, Исус е една од трите личности на тројството (таткото, синот и светиот дух). Како што стои во првото послание на Јован Богослов, 5 поглавје, стих 7: „Зашто Троица се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Тројца се едно.“ (1 Јован Богослов, 5: 7) Во Библијата ова е единствениот цврст доказ за доктрината на тројството, но сега оваа верзија е избришана од Библијата на модерното време.[1] Оваа доктрина никогаш не била проповедана од Исус ниту од неговите ученици од раната христијанска наука. Напротив, била воспоставена во доцните контроверзни и опозициони христијани во 325 годината, на советот во Никеа, околу тристотини години после заминувањето на Исус.[2] Со отстранување на оваа доктрина од Библијата, христијанските ученици ќе се доведат себеси до поблиското и оргиналното учење на Исус, нека е Божјиот мир над него, а исто така ќе биде и во согласност со Куранот. Благородниот к*ран ги опоменува следбениците на доктрината за тројството, со следниве зборови: „Навистина не веруваат оние кои што велат: ‚Бог е еден од тројцата.‘ Бог е само еден. А ако не престанат со она што го зборуваат, болна казна, навистина, ќе го стигне секој од нив кој што неверник ќе остане.“ (к*ран, 5: 73) [1] „Svetata Biblija“ Nova revizirana standardnan verzija; Svetata Biblija, Nova internacionala verzija; Gospodova nova Biblija vo dene{nata angliska verzija. [2] „Hristijansko - muslimanski dijalog“ od H.M. Baagil; Mevlana Ta~i Osmani, ibid; „Edno{tvoto na Boga“ i „Kone~noto re{enie za protivre~noto trojstvo“ od Marmarinta – Omer P. Mababaja. |
||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||
rome1
Група Регистриран: 16.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 55 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ANTONIO ODI KADE PISI VISTINATA ZA SVETIOT DUH
|
||
ANTONI
Нов член Регистриран: 05.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
zasto koranot veli deka isa e bozji duh dali ne e bog semoken ?
i kako sto vel biblijata jov 1 14 bog sleze vo telo zato toa ne go razbirame ama e pisano ke imame oci i nema da gledame ke imame usi i nema da slusame bog sleze vo telo potrebna bese zrtva za nasiot nasleden grev od nasite praroditeli adam i eva |
||
ANTONI
Нов член Регистриран: 05.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
bog e eden vo tri licnosti od pocetokot na stvaranjeti se pojavuvaat ovi tri licnosti koi se bozanstvo koe e nerazbirlivo za nas lugjeto to a se prima so vera a ne so nauka bog rece da napravime covek zbori vo mnozina znaci ne bil sam tuka e hristos i ponataka veli i duhot bozji lebdeese nad zemjata tesko e da se razbere zasto isus e kamen za sopnuvanje taka pisuva vo pismoto ve molam braka da mozete site da razberete sakam da ste spaseni zasto spasenieto e od verata a ne od delata
|
||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ruhi kudis - kako sto velis ti, se odnesuva za maelekot Dzibril, odnosno za arhangelo Gavril.
Isus e dusa od Boga, kako i site nasi dusi, toa znaci ona sto sakas, demek pameten, da prasas. Ok?
Isus kje dojde da si ja dovrsi misijata, da se ozeni i da umre....
|
||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Моќта на Бог Што вели Библијата Јаков се Бори со Бога! „ТогаШ му рече: ‚Отсега името нема да ти биде Јаков, туку Израил Ќе е името твое; заШто храбро се бореШе и со Бога, па и со луЃето силен Ќе бидеШ.‘“ (Прва книга Мојсеева, 32: 28) што вели к*ранот „И тие не Го познават Алах како што треба. Алах, навистина, е Моќниот и Силниот!“ (к*ран, 22: 74) |
||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Бог не е „три во едно“ Според доктрината на тројството, Исус е една од трите личности на тројството (таткото, синот и светиот дух). Како што стои во првото послание на Јован Богослов, 5 поглавје, стих 7: „Зашто Троица се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Тројца се едно.“ (1 Јован Богослов, 5: 7) Во Библијата ова е единствениот цврст доказ за доктрината на тројството, но сега оваа верзија е избришана од Библијата на модерното време.[1] Оваа доктрина никогаш не била проповедана од Исус ниту од неговите ученици од раната христијанска наука. Напротив, била воспоставена во доцните контроверзни и опозициони христијани во 325 годината, на советот во Никеа, околу тристотини години после заминувањето на Исус.[2] Со отстранување на оваа доктрина од Библијата, христијанските ученици ќе се доведат себеси до поблиското и оргиналното учење на Исус, нека е Божјиот мир над него, а исто така ќе биде и во согласност со Куранот. Благородниот к*ран ги опоменува следбениците на доктрината за тројството, со следниве зборови: „Навистина не веруваат оние кои што велат: ‚Бог е еден од тројцата.‘ Бог е само еден. А ако не престанат со она што го зборуваат, болна казна, навистина, ќе го стигне секој од нив кој што неверник ќе остане.“ (к*ран, 5: 73) [1] „Svetata Biblija“ Nova revizirana standardnan verzija; Svetata Biblija, Nova internacionala verzija; Gospodova nova Biblija vo dene{nata angliska verzija. [2] „Hristijansko - muslimanski dijalog“ od H.M. Baagil; Mevlana Ta~i Osmani, ibid; „Edno{tvoto na Boga“ i „Kone~noto re{enie za protivre~noto trojstvo“ od Marmarinta – Omer P. Mababaja. |
||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На Бог не Му треба посредник; Тој е секогаш блиску Павле постепено ги менувал зборовите на Исус, земајќи го него како посредник и помирител помеѓу Бога и човекот, како „син Божји“ потоа еднаков на Бога, и конечно прогласувајќи го за „бог“ и сето тоа тој самиот: „Зашто еден е Бог, и еден е Посредникот помеѓу Бога и луѓето - Човекот Христос Исус.“ (Првото послание на Павле до Тимотеја, 2: 5) „И преку Него да измири сè со Себе, било земно, било небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст.“ (Послание на Павле до Колосјаните, 1: 20) „Оти, ако како непријатели, се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син.“ (Послание на Павле до Римјаните, 5: 10) Најмилостивиот Алах, Доброчинителот, никогаш не им е непријател на луѓето. Тој е секогаш во мир со нив, откога ги создал. Никаков вид на посредник или помирител не е потребен помеѓу Бога и човекот, освен, искрена посветеност и љубов кон Него, како и послушност кон Неговите наредби. Ова се единствените работи кои што се бараат од човекот, за да се доближи поблиску до Бога. Во Библијата: „Вашиот Отец небесен знае од што имате потреба уште пред да сте Го помолиле.“ (Матеј, 6: 8) „Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори; зашто секој кој сака, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука, ќе му се отвори.“ (Матеј, 7: 7 - 8) „Книжникот Му рече: ‚Добро, Учителе. Право кажа дека Бог е еден, и дека нема друг, освен Него; и дека, да Го љубиш со сето срце, и со сиот разум, и со сета своја душа, и со сета сила, и да го љубиш ближниот свој како себеси е повеќе од сите прилози и жртви.‘“ (Марко, 12: 32-33) Во к*ранот: „Он навистина сè слуша и секогаш е блиску!“ (к*ран, 34: 50) „Ние Сме му поблиски и од вратната жила.“ (к*ран, 50: 16) „И кога ќе те прашаат робовите Мои за Мене, па, Јас Сум навистина блиску. И се оѕивам на молбата на молителот кога ќе Ме замоли. Па, нека му удоволат на повикот Мој и во Мене нека веруваат, како би биле на правиот пат.“ (к*ран, 2: 186) |
||
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
||
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |