IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Пред масакрот на 45 Тракијци (Карнеги Извештај)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пред масакрот на 45 Тракијци (Карнеги Извештај)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2008 во 20:47
Originally posted by Boogie Boogie напиша:


Originally posted by дуле дуле напиша:

Повторението е маjка на знанието думат умните луге. (моето повторение беше неволно сторено, за което се извнувам).
А бугарска историjа требе да учите повеке. Кубрат освен син Аспарух е имал и син Кубер. Познаj де се е заселил Кубер?
Каде и да се населил ТуркоМонгол останал,пишувал,зборувал и читал ТуркоМонголски затоа и нема никаква врска со нас кои не сме ТуркоМонголинамигнување



Буги
Не се мачи веќе му одговорив на тоа прашање, нека чита...

Божо Романописецот само за тоа го бива да им го пере мозокот на бугарите од типот на Дуле

П.С.

Дуле читај си горе за вашата татароманска лага!
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2009 во 15:20
Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:

За бугарскиот маскар на 45 Тракијци кај реката Арда, сведочат независни извори објавени во западниот печат. Дури и Карнегиевиот поткомитет не можел да не го спомне, иако пристрасен кон Бугарите.





45 Тракијци ликвидирани од Бугарите и фрлени во реката Арда

За она што претходи на овој масакар во Извештајот од Карнеги поткомитетот во Глава 3 под “Едрене” и поднаслов “Последните денови на окупацијата”, се вели:

“На 6/19 јули административните службеници во Едрене добиле наредба да се вратат во Бугарија. Телеграмата пристигнала во 11,30 ч. ноќе, јавноста не знаела ништо за тоа. На полноќ паркот Решадие се уште бил полн со луѓе, неизбежните кинаметографски филмови минувале пред очите на гледачите. Заминувањето на Бугарите било НЕНАДЕЈНО. Затоа тие ги оставиле своите топови, своите складови со муниција и другите материјали затоа обвинувањата за грабеж и силување искажани против нив ОТПАЃААТ, бидејќи самите услови на нивното заминување ги направиле НЕВОЗМОЖНИ.“ (?! – з.н)

- авторот ги вади Бугарите од сведоштвата за дивеењата со наводното НЕНАДЕЈНО им заминувањ од што со ПРЕТПОСТАВКА си вади ЗАКЛУЧОК дека немале време за дивеење! (се оставиле а камо ли да грабат и силуваат!)

- ако се оди со ПРЕТПОСТАВКИ, токму повлекувањето е поверојатен мотив за грабежи и силувања. Знаејќи дека нема да се враќаат, растат апетитите за грабежи и силувања оти други прилики ќе нема.

Дали и колку заминувања има на Бугарите од Едрене

Во понатамошното пишување од овој поднаслов се вели:

“Властите го напуштиле Едрене ноќта 6 и 7 (19 и 20) јули. Меѓутоа Турците не пристигнале. Во самиот град мајорот Морфов со своите 70 жандарми и командантот Манов, го претставувале законот и редот, но немало регуларни власти на станицата или во квартот Карагач и тука се случил инцидент КОЈ Е ЗА ЖАЛЕЊЕ (?!-з.н).

На 7 јули осум воени возови ја напуштиле станицата Карагач, само што заминал последниот воз, мародерите веќе биле на работа и МОРАЛО ДА СЕ ПУКА ПО НИВ ОД ПОКРИВИТЕ НА ВАГОНИТЕ. Пожар избувнал во магацините, потпален, КАКО ШТО ВЕЛАТ ОЧЕВИДЦИТЕ ГРЦИ од одред бугарска пешадија на пат од југ кон Мустафа Паша“.

- со ваквата пристрасност во извртувањето на бугарските злодела во Тракија се компромитира целиот Извештај и се губи секаква сериозност. На пример:

• првин се тврди дека Бугарите заминале ОДЕДНАШ ноќта 6/7 јули и се оставиле (топови, магацини и се др.) а за да ги “снема” воопшто во градот и во мигот на злоделата.

• потоа се побива самиот автор на Извештајот кога вели дека останале “70-тина жандарми на чело со мајорот Морфов и командантот Манов” кои “го претставувале законот и редот во градот”! Како кога нели сите отидоа уште ноќта 6/7 јули!?

• за да се оттргне нивната пак одговорност, се прави нова конструкција дека токму на станицата во квартот Карагач каде се случил “инцидентот”, немало “нивни регуларни власти (има бугарски “закон и ред во градот”, но само каде нема инциденти?!)

• новите случувања пак се “инцидент” (небаре нешто мало и попатно!) но и само се “за жалење”, за разлика од злоделата на Грците, Србите,Турците и др. (банди, четите и др. кои авторот ги опишува со сведоштва и подробно).

• иако се замина “НАБРЗИНА” ноќта на 6/7 јули и “НЕВОЗМОЖНИ” беа бугарските дивеења, авторот дополнително се демантира и кога вели дека утредента на 7 јули осум воени возови ја нaпуштиле станицата Карагач! Од каде пак сега овие војски кога сите отидоа уште ноќта 6/7 јули?!

• иако и тие заминале па почнале наводни пљачки од месни селани, се појавува бугарска пешадија од југ кон Мустафа Паша која врши палежи но кај авторот тоа е според Грци-сведоци! Од каде пак оваа бугарска пешадија ако нивните војски заминаа а останаа 70-те жандарми и мајор Морфов?!

Железничката станица во Едрене и пошироката околина

- Ако ноќта 6/7 јули се клучните сведоштва за силувањата и пљачкањата од Бугарите па и разбирливо е ова “снемување на Бугари” токму ноќта, зошто е потребата утредента авторот пак да појавува нови осум воени возови?!

• по пљачкосувањата и силувањата, следувале палежите и убиствата од Бугарите врз Тракијците, за што има нови бројни сведоштва низ западниот печат. За да ги оправда и нив авторот мора да ги појави но колку пак да ги вади на севозможни други околности.

• така, конфузно и без други објасненија само вели дека “мародерите веќе биле на работа и МОРАЛО ДА СЕ ПУКА по нив од покривите на вагоните”?! Не само што избегнува да каже дека Бугарите пукале, но со ова авторот преќутно ги одобрува кога вели “МОРАЛО да се пука”!

• палежите пак авторот ги поврзува со “Грците“ - сведоци (всушност Тракијци - под грчка црква или пропаганда, заради и што ги нарекува целовремено “Грци“). Затоа и вели: “потпален, КАКО ШТО ВЕЛАТ ОЧЕВИДЦИТЕ ГРЦИ од одред бугарска пешадија..”. Со ова читателот треба да се наведе на заклучок дека така се случило според очевидци “Грци “, а не оти навистина истото и се случило, (сведоци не-Грци може друго да кажат!).

Дрвените куќи биле лесна цел за опожарување при повлекувањето на Бугарите од Едрене

• не можејќи да ги негира бројните сведоштва за палежите и пљачките од Бугарите, авторот се обидува нешто друго. Заобиколено ја врти работата во стилот дека Бугарите биле на местото на случување т.е на станицата, но не можеле да “помогнат”, оти ПАК биле во заминување, а извршители биле селаните?!

• вешто уфрла “нема сомневање дека ограбувањето почнало пред очите на Бугарите (з.н- за читателот да дојде до заклучок, штом е пред нивни очи не се тие, но други!) кога тие биле качени на возовите (з.н - и да се финишира дека не се тие - биле качени на возовите!)“.

• со ова како увод,се уфрла пљачкање на магацините од страна на селани! Имиња на селани, бројност, начини и околности или друго сведоштво, авторот на “независниот” Извештај не нашол за потребно да посочи. Само “селани од Карагач и од блиските околии Чаурек - Кеуи и Долу - Ѓарос” и се довел во релација со неговата произволност од почетокот “нема сомневање “ (дека се селаните!).

• во овој контекст е и последното од оваа реченица, кога без никакви аргументи а со единственото од него “нема сомневање” е и дека војниците се ОБИДЕЛЕ да пукаат по селаните (да спасуваат магацини!) но тргнувањето на возовите ги оставило слободни да грабаат?! Треба сега да веруваме во растегливост од типот “нема сомневање” покрај конкретни сведоштва!

- Но следува нов заплет кај авторот. Иако војниците НАБРЗИНА заминале ноќта 6/7 јули, за пак НАБРЗИНА да заминат веќе заминатите војници утредената на 7 јули (?!), интересно е и последното. Покрај волку БРЗИ заминувања, наредниот ден на 8 јули Бугарите пак се во градот?! Според авторот – се вратиле!

- Преочигледна е интенцијата кај авторот да ги “снемува” Бугарите во време на дивеења, пљачки, силувања и палежи но само ден потоа пак се тука.

• следуваат убиствата наредните денови. Пак Бугарите требаат на сцена зашто сведоштвата за убиствата барем се јасни ако пљачкањата и палежите како поматни некако и можат да се скријат како и целата бугарска војска!

Од сокаците на Едрене, Бугарите апсат идни жртви за наводните кражби

- Значи не кажувајќи каде Бугарите заминале така набрзина оставјќи се и сешто и ноќта 6/7 и утредента на 7 јули, уште понејасно е како се нашле во градот на 8 јули,од кој правец дојдоа со кои сили, средства, бројност и други околности?! Зошто итното заминување ако пак се враќале? За се ова авторот само продолжува:

“Времето поминувало, а Турците не се појавувале. Затоа Бугарите се вратиле во понеделник наутро, на 8/21 јули. Почнале со разоружувањето на турските заробеници. Сцената што ја опиша г.Богоев, кога Бугарите стрелале во заробениците и убиле најмалку десетмина од нив МОРА да се случила во оваа фаза. Според ОБЈАСНЕНИЕТО дадено во тоа време од бугарскиот офицер кој ја држел станицата, заробениците се обиделе да избегаат верувајќи дека турската војска е веќе во Едрене. Кога Бугарите прашале од каде можеле турските заробеници да добијат оружје, биле известени дека ги снабдило населението. Од тоа време Бугарите внимателно ги надгледувале жителите на Карагач.“

- Авторот иако не посочува никакво сведоштво, пак продолжува со неговите претпоставки како готов факт. Така слично на она “нема сомневање” сега уфрла “мора да се случило” во фаза кога нему тоа му се видело за погодно, а за пак да се подоправдаат Бугарите сега за убиставата.

- Сведок за невиновноста на Бугарите и убиствата извршени од нив ни е бугарски офицер(?!), кој го кажува најстариот изговор за ликвидации на заробеници – “обид за бегство”! За да е поуверлив овој “обид”, се дополнува со наводното верување на заробениците дека турската војска е во Едрене.

- Читателот треба да се наведе на заклучок дека и навистина овие се обиделе да избегаат штом им се толку блиску нивните. Испаѓа дека е оправдано и нивното убиство, што е очигледна мисла на авторот да ја ампутира кај читателот



http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=1&pid=3&ppid=71&tid=880







Карнегиевата анкета за настаните, кои се протлкувани од Македониум (бугарски јазик)

Авторот на темата се залага за ТРАКИЈСКА НАЦИЈА. Дали имало?!?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.