|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика | страница <1 3738394041 97> |
Автор | |
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ajde, bidete doblesni (zarem ima drug izbor za vernici?) i prestanete so lichni prepukuvnja i analiziranja na lichnosti i karakteri.
Ednostavno, ne vi dolikuva prijateli takviot odnos. Dadete si zadacha slednive 8 chasa da minete vo molk i da ne doagjate na forumov. Posvetete go toa vreme na Onoj koj ve sozdade. Potoa vratete se osvezheni i smireni. Svevishniot neka e sekogash so vas. Изменето од Messenger - 26.Септември.2008 во 05:00 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Maran Ata 2
Нов член Регистриран: 26.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 19 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jас се сложувам со Messenger. Ќе се вратам на темата монаштво.
Ова е до Алан Форд, тоа што му го ветив. Чин на замонашување - даден е скратено, само колку да се види кои се завети ги дава еден монах при постриг. (Не ми замерувајте на лошиот превод и ако има некои правописни грешки.) Игуменот или владиката му ги поставува овие прашања на оној кој го прима ангелскиот образ Зошто си дошол, брате, припаѓајќи кон светиот жртвеник и кон оваа света заедница? - Сакам живот испоснички, часен оче. Сакаш ли да се удостоиш со ангелски лик и да се вброиш во редот на монасите? - Да, со Божја помош, чесен оче. Игуменот говори: Навистина си избрал добро и блажено дело, само ако го довршиш, затоа што добрите дела со труд се постигнуваат и со мака се извршуваат. И веднаш игуменот го поучава со вакви зборови, говорејќи: Отвори ги ушите на своето срце, брате, и чуј го глacот на Господа кој говори: "Дојдете кај Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам. Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидјќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши" (Мт.11, 28-29). Сега на секое прашање дај Му го на Бога со страв и радост потребниот одговор. Притоа сигурно знај дека овде е присутен Самиот Спасител наш со Својата сефална Мајка, светите Ангели и сите Светии Свои, и пази на зборовите твои, за да, кога дојде да им суди на живите и мртвите, ти возврати тебе, нe по она што ќе Му Го ветиш и изјавиш, туку по она што од ветеното и изјавеното си го оддржал. Затоа сега, ако вистински пристапуваш кон Бога, одговарај ни нам со потполно внимание на сите прешања кои ќе ти бидат поствени. Дали со својот слободен разум и по своја слободна волја пристапуваш кон Господ? Да не го правиш тоа под нечија присила или принуда? Се одрекуваш ли од светот и се што е во светот, по заповдта Господова? Сакаш ли да останеш во овој манастир, или во оној кој ти биде одреден по послушание, во испосништво, се до последниот свој здив? - Да, со Божја помош, чесен оче. Сакаш ли да се чуваш себеси во девственост и целемудренoст и побожност се до смртта? Сакаш ли се до смртта да му бидеш послушен на игуменот и своите во Христа браќа? Сакаш ли се до смртта да останеш во послушание и во доброволно сиромаштво Христа ради, во општежитие, ништо за себе да не стекнуваш ниту да чуваш, освен она што е за општа потреба, и тоа од послушание, а не по своја волја? Ги прифаќаш ли сите прописи на монашкиот општежителен живот, и правилата составени од светите отци, и кои ти се наложуваат од настојателот? - Да, чесен оче, ги примам и со љубов ги целивам. Сакаш ли заради царството небесно да ја сносиш секоја тежина и тага на монашкиот живот? Потоа игуменот му ја говори оваа поука: Пази, чедо, какви завети даваш на Господа Христа, зашто Ангели невидливо присуствуваат, запишувајќи ги сите твои завети, за кои ќе дадеш одговор при второто доаѓање на Господ наш Исус Христос. Ти го изложувам најсовршениот живот, во кој Господовото живеење се пројавува во подражавањето, покажувајќи ти што треба да примаш, а што треба да избегнуваш. Зашто, гледај, чедо, ти си одлучил да пристапиш и Му служиш на Господа. Ако тогаш сакаш да бидеш монах, ти пред се очисти се себеси од секаква нечистотија на телото и духот, вршејќи ја светињата во страв Божји; стекни смиреноумие сo коe ќе станеш наследник на вечните добра; отфрли ја безочноста на житејското однесување; имај послушание спрема сите; не роптај при работата која ти е одредена; биди истраен во молитвата; не буди мрзлив во бденијата; не опаѓај со духот во искушенијата; не биди млитав во постовите, а знај дека ти со молитва и пост треба да Го измолиш Бога; во болестите не биди малодушен; пази на нечисти помисли, зашто непријателот нема да престане да ти подметнува сеќавања од минатиот живот во светот и омраза спрема добродетелниот живот; не треба да се вртиш назад кога си тргнал по патот кој води во царството небесно, зашто нема да бидеш достоен за царството небесно; не поставувај ништо пред Бога; не љуби ги повеќе од Бога ни татко ти, ни мајка ти, ни браќата, нити кој било свој, нити самиот себе, нити царствата на светот, или каков било покој и чест: не избегнувај сиромаштво туку остани до смртта во него: не избегнувај ни злоставување ни понижување од луѓето, нити нешто друго не сметај дека е тешко, затоа што ќе си пречиш сам на себе во следењето на Христа, секогаш гледај на добрата на оние кои со надеж живеат според Бога мислејќи на сите Маченици и Преподобни, кои тие добра ги стекнале со многу пот, и труд, и потоци крв, и смрт; како врв на сето тоа секаде имај ги во својот ум спасоносните страдања и животворната смрт на Господ наш Исус Христос, што доброволно Тој ги претрпи заради спасението наше, за да и ти сите неволји и маки на монашкиот живот радосно ги трпиш Христа ради; биди разборит во се, потруди се како добар војник на Господа Христа Кој, иако сам Бог и Господ наш, бидејќи богат со милост, заради нас осиромаши, за да и ние се збогатиме со Неговото царство; треба и ние да станеме Негови подражаватели, и заради Него да сносиме се, напредувајќи во заповедите Негови дење и ноќе. Зашто Сам Господ рече: "Кој сака да појде по Мене, нека се одрече од себе, и да го земе Крстот свој и да тргне по Мене", - што значи: биди секогаш готов, по цена на животот, на секое исполнување на Неговите заповеди. Зашто и ќе гладуваш, и ќе жедуваш, и ќе бидеш гол, и ќе бидеш навредуван и исмеван, нагрдуван и гонет, и ќе бидеш изложен на многу други неволји кои го одликуваат животот по Бога. И кога сето тоа го претрпиш, радуј се, вели Господ, зашто наградата твоја е голема на небесата, во Христа Исуса Господ наш, на Кому е славата во сите векови. Амин Дали сето ова така го исповедаш, со надеж во силата Божја, и дали ватуваш дека во ова ќе истраеш до крајот на својот живот, со благодатта Христова? - Да, со Божја помош, чесен оче. .............................................................................................................................................................................. Господе Боже наш, Ти озакони дека достојни на Тебе се оние кои остават се житејско, и роднините и пријателите, и те следат Тебе, - прими го и овој твој слуга (име мирско), кој се одрече од сето тоа, според светите Твои заповеди, и упати го на вистината Твоја, затоа што непоколебливо припаѓа кон Тебе; огради го со силата на Светиот Дух Твој, за никакво лукавство на врагот да не би можело да влијае на него, дарувајќи му трпение непрестајно да Ти угодува, по молитвите на Пречистата Владетелка наш Богородица и сите Светии кои од секогаш Ти угодиле. Зашто се благослови и прослави пречесното и величествено Име Твое, на Отца и Сина и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. ........................................................................................................................................................................... Настојателот, протегнувајќи ја десницата кон Светото Евангелие, говори: Гледај, овде Христос невидливо присуствува; пази, никој не те присилува да го примиш овој лик; пази, ти по својата слободна волја сакаш залог голем, ангелски лик! - Да, чесен оче, по своја слободна волја. Потоа следува постриг накрстно на темето на главата како знак на одрекување од светот и својата волја, се облекува во риза како знак на доброволно сиромаштво, му се дава параман како залог на ангелскиот лик и крст како потсетник на страдањата, понижувањето и смртта на Господ, се облакува во расо како во облека на духовна радост и веселба, кожен појас како знак на бодрост и умртвување на телото, а обновување на духот, мандија – риза на спасението и оклоп на правдата, пана и камилавка (монашка капа) – како шлем на спасението и непосрамена надеж против ѓаволските лукавства, сандали – во знак на благовестување на мирот и послушност, бројаница – како знак на духовен меч т.е. молитвата, рачен Крст како знак на земање на својот крст според зборовите на Господ, на крај му дава свеќа како знак на чистиот и добродетелен живот што треба да го води за да биде светлина на светот, зашто Господ рекол Така да свети вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вешите добри дела и да Го прослават вашиот Отец Кој е на небесата. ......................................................................................................................................................................... Ехххх..... Господ по молитвите на монасите да ми даде и мене сила да исполнувам барем дел од овие христијански завети, за по Неговата голема милост, и јас грешната, црвче непотребно, да добијам барем некое мало катче во Царството Небесно, каде што барем малку продира Неговата голема слава, за да се радувам и јас со овие земни ангели. Господ да ме помилува по молитвите на мојот свет старец и на сите преподобни монаси и светии! Амин. Молете се за мене, грешната! Изменето од Maran Ata 2 - 26.Септември.2008 во 05:26 |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Маран Ата - ти благодарам за одличниот текст.
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
Maran Ata 2
Нов член Регистриран: 26.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 19 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ни смртта нема сила кога некој Го љуби Бога со сето свое срце, со сета своја душа и со сето свое тело - св.Серафим Роуз радосно упокоен (последната фотографија) Додека студирав, јас имав само почит спрема древните традиции, но повеќе сакав да останам надвор од нив. Во православната црква навратив само за да се запознаам со уште едно учење... Сепак, потребно беше само да го пречекорам прагот на руската црква во Сан Франциско, и со мене да се случи нешто што дотогаш не сум го доживеал во другите храмови. Срцето ми прошепоте ОВA Е ТВОЈОТ ДОМ Конечно го пронајдов она што го барав! св. Еромонах Серафим (Роуз) п.с. Американец по потекло Изменето од Maran Ata 2 - 26.Септември.2008 во 06:51 |
|
Karamazov
Сениор Регистриран: 20.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 144 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Eh, Messenger, Messenger, mnogu raboti vo Makedonija otposle se doznavaat... Za nekogo taa ne e Makedonija, tuku arMAKEDON... |
|
tre, tri, tra
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Го гледам и му се восхитувам, монах чие лице зрачи од љубов, зрачи од топлина, а да не зборувам за фотографијата каде што е упокоен....блеска! За праведниците не е страшно да се умре. Неописливо прекрасно! Мило, мило, мило човече, земно ангелче Е за вакви луѓе е кажано - Смрт каде ти е осилката? Изменето од Maran Ata - 26.Септември.2008 во 10:59 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е за вакви луѓе е кажано - Смрт каде ти е осилката?
Шо после ова!!!
Само поздрави
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Краток животопис на јеромонах Серафим (Роуз) Во отец Серафим (Роуз) луѓето, пред сè, гледаат огнена љубов кон Вистината, заради која тој умре за светот и претрпе многу беди. Русија некогаш, со текот на околностите го посеала во Америка зрното на вистинското Православно учење. Американската земја го израсна својот плод во лицето на отец Серафим и со благодарност го враќа на мајката Руска Црква. Отец Серафим многу љубеше; тој живееше, работеше и умре за тоа – неговите современици макар делумно да се просветат со светлината на Православието. Сега од сите краишта на земјата луѓето за него вознесуваат огнени молитви. Него го почитуваат во Америка, Австралија, Западна Европа, но најмногу во Русија. Мост кон светите отци Земниот живот на отец Серафим – тоа е историја на духовно истоштување, борба и подвиг кој завршува пред славниот Престол Божји во Царството Небесно, кое веќе две илјади години е надежта на сите христијани. Неговиот живот ги вдахновува сите христијани, кои сакаат посилно да го разгорат оганот на вистинската вера. Отец Серафим се воспитувал во истата таа атмосфера на нихилизам, материјализам и хуманизам, како и мнозинството наши современици. И сепак успеал да се пробие низ патот на соблазните и заблудите на неговата средина. По милоста Божја тој не само што го пронашол скапоцениот бисер на Православието, туку и го исползува со таква добивка, што се надеваме дека ќе ја добие отплатата што му следува од Господа. Потчинувајќи ги сите свои дарови на една цел – на служењето на Бога, тој правеше сè што можеше за да ги приведе луѓето кон поклонувањето во дух и вистина, во верата на отците наши. Отец Серафим не беше само современ толкувач на Светото Писмо. Тој беше и е – цврст мост што го соединува откинатиот од корените современ човек со духовното наследство на Правславието. Денес, кога многу христијани се ни студени, ни огнени кон својата вера, исто како и атеистите кон својата, кога мнозинството луѓе го изгубило идеалот, заради кој вреди да се откажеме од ветувањето на земна среќа, кога сите сакаат да се обединат само заради една цел, која Достоевски успешно ја нарече; „спас на својата кожа,” кога туку-што не настапило ефемерното единство на Царството на Антихристот, зборовите на отец Серафим кои ни се заветувани, стануваат огнен меч – Меч на Вистината на Господ Исус Христос, кој рече: Јас сум Патот, Вистината и Животот, прекален во печката на трпењето таги. Книгите на отец Серафим ја одземаат од нас можноста да ја чувствуваме нашата важност, нè креваат од духовното пијанство. Ако сите негови книги треба да се изразат со неколку зборови, тие зборови може би биле: „Браќа и сестри! Носете го својот крст со трпение и благодарност. Познајте ја Вистината, и Вистината ќе ве направи слободни.” монах Дамаскин (Кристенсен), манастир Св. Герман Аљаскински, Калифорнија, 1990 г. Целосно житие на Јеромонах Серафим Роуз Изменето од Опитен - 26.Септември.2008 во 14:31 |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ти балагодарам, Опитен, на целосното житие. Немам зборови. Монаштвото во и по делата се докажува.
По молитвите на светиот јеромонах Серафим Роуз, Господ да не помилува!!! Изменето од Maran Ata - 26.Септември.2008 во 18:01 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
majmunce
Сениор Регистриран: 13.Септември.2008 Локација: Somalia Статус: Офлајн Поени: 154 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
уф
|
|
не се плашам, стори се чучулига
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гледам дека мајмунче има приговори, па би сакала ако може конкретно да се изјасни за што и поради што.
|
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
majmunce
Сениор Регистриран: 13.Септември.2008 Локација: Somalia Статус: Офлајн Поени: 154 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
заради сликата знаеш која
|
|
не се плашам, стори се чучулига
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Tajnata na monastvoto se sostoi vo
cistotata na srceto. Na cistite po srce im se otkriva tajnata na soborniot zivot vo Crkvata, tajnata na licnite odnosi. Deka ziveeme eden za drug i deka nisto, pa duri ni smrtta ne moze da ja rasturi ovaa zaednica. Za nas vo Crkvata ne postojat pregradite na vremeto i prostorot. Vistinskiot monah, iako telesno oddalecen, najverno e blagodatno i molitveno prisuten vo ovoj svet, vo onie sto gi ljubi i za koi se moli. Pred se, blisku e do sekoja proleana solza, do sekoja bolka i stradanie, ublazuvajki gi so mele- mot na sostradalnata blagodatna molitva i ljubov. Pokraj toa, nesozdadenata blagodat na Krs- tenieto koja izvira od cistoto srce, go preobrazuva celoto bitie na onoj sto zivee vo pokajanie i go vooblicuva likot Hristov vo nego. Svedostvoto na vakvite monasi na Voskresnatiot Hristos ja budi zaspanata sovest, go trezni opienoto srce, go rusi racionalniot pogled na svetot. Nivnite misli, zborovi i dela se prenosnici na silata na Carstvoto Nebesno vo ovoj svet. Takvi monasi, kako svedoci Hristovi, mu se potrebni na covestvoto, a posebno kaj nas. Mitropolit Naum Strumicki od knigata:" Slovo od Vodoca" |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако нема монаси,
ништо нема ... од светов ....
ништа петнајс
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Внеси реплика | страница <1 3738394041 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |