|
МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА |
Внеси реплика | страница <1 36373839> |
Автор | |
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Почитувани, http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_23 Древниот кинески филозоф, мислител и мудрец Конфучие, во една прилика запишал: „Секој ден донеси по една кошница земја на едно место - и ќе изградиш планина“. Прилагодувајќи се на оваа негова максима и доследно применувајќи ја во своето работење, амбициозниот уредувачки тим на списанието „Македонска Ризница“ за само две години успеа да создаде прототип на популарно електронско списание, чиј растеж е повеќе од евидентен, а број на читатели и почитувачи се поголем. Тивко и ненаметливо, но со многу сенс и посветеност, од месец во месец, од број во број, списанието се надградува и збогатува со нови содржини, токму по теркот на народната - дека здрава и убава куќа се прави врз здрави, стамени темели. „Македонска Ризиница“ е буквално дом во кој „засолниште“ без ничие фаворизирање, подеднакво си наоѓаат креациите на проминентни , но и на надоаѓачки инвентивни творци и креативци со чиста мисла, кои допрва треба да го кажат својот збор во, повеќе умствени, уметнички и други научни дисциплини во кои се остваруваат. Во Македонија силно се твори и интензивно се создава, зашто пред се исторското, а потоа и културно- социјалното и општествено милје како непресушен извор на инспрација, кријат во себе уште многу загатки и тајни и кои чекаат да бидат обзнанети и обелоденети, на наше заедничко задоволство. Оттаму и немам никаква резерва дека ионака етаблираната електронска платформа озаглавена „Македонска ризница“ ќе прерасне во поголемо „огледало“, кое уште поинтензивно и во поголем обем ќе ги рефлектира македонските творечки дострели, исцртувајќи ја и збогатувајќи со нови сознанија, патеката на македонското битисување и опстојба од дамнина , па до денес. Посакувајќи Ви да уживате во содржините што ги нуди, 23–от број на „Македонска Ризница“,топло ќе Ви ги препорачам насловите Илинденското востание и македонската еманципација од др.Стефан Влахов Мицов, -преведената статија од списанието „Илустрација Илинден„ за уништувањето на првата чета во- Битолско поле , како и репортажата за манастирот Свети Јоаким Осоговски, сместен во пазувите на Осоговските планини во Крива Паланка. Со почит, Жорж Поповски
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Штотоку ја прочитав статијата на Влахов - Мицов. Голем аутогол.
Филозофски клучеви за македонскиот идентитет. Тешко му е да философира. Значи Пловдив е во Македонија? Бугарите биле македонска национална јатка ... Со два збора - глуп кумано-македонец. ПП - за помладите - Мицов е единствениот човек во светот кој знае дека има куманско потекло. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Случајно Каснаковски да не си заборавил да плукнеш на прсти
при вртење на страниците,па 28-та си ја прерипал. Колку да ѕирнеше како војската на Бугарија ги оставала зад себе македонските села... Па после и не ќе мора да трошиш ни два збора.И така многу многу немаат голема вредност овде. А да не и многу многу се мачиш,еве ти дел... "Ова се достојни слики од најлошите времиња на варварство и..." |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас ништо не заборавам. Само запрашај се кои се „бугарските комити“ од 28 стр.
Па тогаш размисли кои се македонските села. Кога тоа го осмислиш, тогаш ќе ти дадам и други прашања за размислување. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А викаш да го осмислам прво а Ама јас си го знам што да го мислам.
Нема да ти го пренесам кои какви биле,оти гледам ти веќе си си го осмислил. И мора да признаам брзо за помалце од еден час...Ако тука ги додадам и прашањата кои си ми ги составил,би рекол ова од мали нозе се учи. |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мунгос, ја чекаме новата ризница.
Само пишувате. Кога ќе се јавите да ги заштите небулозите што ги пишувате? Од јунскиот број глупотевините на Влахов-Мицов се најфрапантни. Изменето од Каснакоски - 09.Јули.2014 во 20:58 |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Почитувани читатели,
http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_24 Имаме чест да ви го претставиме дваесет и четврттиот број на е-списанието Македонска Ризница со кој што го одбележуваме јубилејот две години постоење. Исто како и во сите досегашни броеви, и во овој ќе можете да прочитате избор написи од областа на македонската историја, култура и традиција. Ќе ве запознаеме со германската улога во реорганизацијата и модернизацијата на османлиската војска пред Илинденското востание, како и со еден релативно непознат македонски револуционер. Ви претставуваме дел од богатото творештво на македонскиот сликар Стојанче Андонов – Дито и на стрип авторката Иванка Апостолова. Ќе можете да научите и нешто повеќе во врска со Дебарско – кичевската епархија на МПЦ – ОА, а во овој број ви го претставуваме и последниот напис од рубриката посветена на македонските икони. Би сакал во името на целата редакција на Македонска Ризница, да искажам огромна благодарност до карикатуристот Никола Анѓелкоски, кој што со своите карикатури даде огромен придонес за збогатувањето на ова електронското списание. Неговата серијата портрет карикатури на македонски револуционери и преродбеници, според наше мислење, претставува не само потсетник на славните дејци од македонското минато и оддавање почит за нивните заслуги за Македонија, туку на некој начин и освежување и визуелно осовременување на нивниот помен, како и оставање траен печат за начинот на кој што биле доживувани во времето во кое што ние сега живееме. Се надеваме дека ќе уживате во читањето на овој дваесет и четврти број на Македонска Ризница. Со почит Александар Стеванов |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Docekavme.
Samo toa ne mi e jasno Zosto na ikonata pisuva "rozdestvo bogorodici" a vie ste ja krstile sv. Dimitrija. |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Техничка грешка.
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jasno.
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Комшииве само се моткаат низ подфорумов,нека читнат нешто...
А можеби ќе најдат и некоја лекторска грешка. http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_25 |
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
чини ми си што тие работи са глупости. |
|
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|
д4 б3
Сениор Регистриран: 17.Јули.2014 Статус: Офлајн Поени: 1206 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
yo ho ho and a bottle of rum
|
|
old d4b3
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За прашања обратете се кај човеков.
Изменето од Орка - 23.Септември.2014 во 17:53 |
|
Внеси реплика | страница <1 36373839> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |