IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ВМРО - соэдавање и дело
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВМРО - соэдавање и дело

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3637383940 55>
Автор
Порака
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2010 во 21:17
Сите носеле, Јане Сандански особено се мрднал носење бугарски униформи.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2010 во 21:47
А која е тоа Бугарска униформа,после која година добива Бугарија униформа и по лик на чива униформа Бугарите имаат униформа

Нема Бугарска униформа,нема Бугари - лелееееее - све само Бугарофили
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2010 во 22:12
Originally posted by DragancoLeskoec DragancoLeskoec напиша:

Сите носеле, Јане Сандански особено се мрднал носење бугарски униформи.
Значи твојот дедо додека ја орал нивата бил облечен во бугарска офицерска облека и чекал да дојдат турците?
Што правиме со сите оние селании кој загинаа и не дочекаа да им облечат вакви униформи
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2010 во 08:52
Поради овие настани 12-мината решивме едно време да не одиме по селата, својата агитација да ја ограничиме само во градот. Тоа време јас водев сметка за касата во нашата фурна па ми се даде можност да ја прочитам историјата на С. Паисиј, второ издание, печатено 1842 год, во Будим. На крајот на книгата забележав нацртан лав и натпис: „Слобода или смрт". По примерот на тој цртеж решив ла се извезе знаме на нашата организација. Кога на Петровден се собравме во куќата на Гоце Грбев, го извадив знамето, го заковав на стап и долго марширавме во одајата и пеевме бунтовничка песна: „Ветер ечи балкан стенка“. Знамето остана на чување во куќата на Гоце.голема%20насмевка

Спомени - Иван Хаџи Николов

Дали jа знаете ова бунтовничка песна?намигнување





Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2010 во 12:21
23 март 1881 во Ќустендил
Македонци,

Нашата мила татковина Македонија еднаш беше една од најславните земји. Македонците ги поставија основите на уметноста на војувањето, со нивните победоносни фаланги и просветлувањето на Аристотел, го цивилизираа човештвото и Азија. А сега нашата татковина, толку славна во минатото, сега е на прагот на уништувањето, благодарение на нашите грешки и негрижа. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја освојат нашата татковина и да го уништат нашиот народ, кој, блескајќи со таква светлина, никогаш нема да биде уништен. Нашата мајка Македонија стана како вдовица, осамотена и напуштена од нејзините синови. Не го вее знамето што го вееше победоносната Македонска војска. Денеска е само географски поим. Како некој да се обидува да ја прикрие нејзината победоносна природа со прекривката на заборавот. Гробот и’ го ископаа натрапници кои сноват низ нашата земја и ја троват со смртоносни отрови. Тие натрапници се гробарите на нашата велика и славна татковина, тие се договараат како да ја распарчат и да ја препуштат на победничките војски на Австро-Унгарија. Ако еден јарем се замени со друг, обновувањето на Македонија ќе стане невозможно и нашиот народ ќе биде збришан. Овој момент е клучен за Македонија; ова е прашање на живот или смрт.

Вистински Македонци, верни чеда на вашата татковина!

Ќе дозволите ли вашата татковина да биде уништена?

Погледнете како се гуши во ропство, како крвави од раните што околните народи и’ ги нанесоа!

Погледнете ги тешките синџири во кои Султанот ја окова!

Во таква беспомошна состојба, сета во солзи, нашата мила Македонија, нашата драга татковина ве вика:
вие, мои верни чеда, вие наследници на Аристотел и Александар Велики, вие во чии вени тече Македонска крв, не ме оставајте да умрам, помогнете ми!
Голем срам ќе биде за вас, вистински Македонци, ако останете неми сведоци на мојот погреб.

Не, не, еве ги моите грозни раскрвавени рани, еве ги моите тешки пранги: скршете ги, расковете ги, зацелете ги моите рани, направете се’ што е во ваша моќ за да се напишта зборовите „Сложна и обединета Македонија“ на знамето што ќе го кренам. Откога ќе успеете победоносно, избркајте ги убијците од оваа земја кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи, делејќи ве, мои чеда, на безбројни народи, па така обединето под знамето на Македонија, како единствен народ, дигнете го високо тоа славно знаме и подгответе се еднодушно да напишете на него:

Да живее Македонскиот народ, да живее Македонија!

Тоа е гласот на нашата земја, тоа е нашата слобода - нашето народно наследство. Ако ги прогласите овие зборови, ќе бидете поздравени од слободно мислечките народи и сите благородни срца ќе побрзаат да ви се придружат и да се борат, да ви помогнат да ја добиете светата слобода, која толку векови веќе ви е одземена.

Македонци, запомнете го вашето потекло и не се одрекувајте од него!

Ќустендил 11-23 март 1881,...
Верно на оригиналот Доспат 18-30 април 1881.
Претседател Васил Чомо
Секретар Никола Трајков

—Централната Државна Архива на Октомвриската Револуција во Москва (оддел гроф Игнатиев, Бр. 730, Опис бр 1, ед. хр. 79). Преобјавено во „Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, 2 дел, Скопје 1976 стр. 256-258).
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2010 во 13:25
Originally posted by Boogie Boogie напиша:


—Централната Државна Архива на Октомвриската Револуција во Москва (оддел гроф Игнатиев, Бр. 730, Опис бр 1, ед. хр. 79). Преобјавено во „Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, 2 дел, Скопје 1976 стр. 256-258).


нека каже Платеникот за грофот Игнатиев -сигурно апелот од бугарската планина Доспат е бил повик за создаване на велика Бугариjа
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2010 во 13:31
Originally posted by Boogie Boogie напиша:


вие, мои верни чеда, вие наследници на Аристотел и Александар Велики,


изненадување




Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2010 во 13:31
На 21 мај 1880 година Гремен теке


До Неговото Превосходителство Серускиот генерален конзул Н. Улјанов во Солун


Ваше Превосходителство,


Од името на Привремената влада на Македонија Ви го испраќаме ова протоколно решение на Националното собрание на Македонија, со молба да го испратите до Н. В. Серускиот Император Александар . Се надеваме дека руската влада ќе ги потпомогне праведните барања на македонскиот народ и ќе помогне да се здобие со правдини слични на останатите балкански народи.


Привремена влада на Македонија

Претседател:

Васил Симон

Членови:

1. Анастас Димитрович

2. Али Ефенди (Албанец)
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2010 во 22:53
И кога станува збор за воjводата Анастас Jанков, еве и како изгледаат неговите четници:


Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2010 во 13:06
Во селото Цер, Кичевско, во борба против турската војска загина (се самоуби заедно до единаесетмината негови соборци) Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери, учител и војвода, роднина на Григор Прличев. Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година.

Во кичевското село Цер се опколени од многуброен турски аскер со артилерија. Војводата В.Србаков решил на свој ризик, со фрлање на бомби да се обиде да се пробие но со еден залп на неколку чекори од куќата е погоден. За да не им паднат на Турците живи во раце, Христо Узунов и неговите 13 соборци извршиле саможртва.

Останало неговото познато и потресно претсмртно писмо како сведоштво за македонските херои и маченици....

„Последен пат збогум сестро, кажи им на другарите дека славно ќе умрам, смртта е последна кога нема слобода. Нека бидат уверени дека делото ќе победи. Македонија ќе роди нови борци, ние ќе живееме во спомените ваши. Кажете им дека сме предадени“
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2010 во 14:18
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2010 во 05:01
атентаторот на ВМРО Јордан Цицонков го застрерал на една од улиците во Прага-Чешка Рајко Даскалов поранешниот бугарски министер за внатрешни работи во владата на А.Стамболиски.Со овај херојски подвиг Цицонков ја извршил смртната пресуда изречена од Тодор Александров и ВМРО поради антимакедонски ставови на бугарскиот министер.Атентаторот Цицонков бил фатен од чешките власти и бил осуден на 20 години затвор.Јордан Цицонков на 23 јануари 1926 година се самоубил во чешкиот затвор.НЕКА БИДЕ ВЕЧНА НЕГОВАТА СЛАВА!!!!
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2010 во 06:35
Vo moderniot svet - denes atentatorite gi narekuvaat taroristi.
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2010 во 15:06
Уште неколку дена до потпишувањето на мајскиот манифест!!!!!!!!!!!!!!!

Зацртувајќи го во општи линии својот однос кон државните фактори на општоевропската и балканската политика, ВМРО изјавува дека таа се бори и ќе се бори со сите средства на револуционерната борба:
1. За ослободувањето и обединувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка единица, во нејзините природни, географски и етнографски граници;
2. За демократизирањето на соседните на Македонија балкански држави и нивното сојузување во една балканска федерација, која единствено може да го гарантира политичкото постоење на независна Македонија и независноста на другите балкански народи; да ги задоволи економските и културните интереси на сите балкански народи, сврзани со излегувањето на трите балкански мориња; да ги парализира анексионистичките стремежи на балканските и империјалистичките стремежи на големите европски држави; а исто така да го гарантира правилното разрешување на сите национални спорови, осигурувајќи го културниот развиток на сите етнички малцинства.
ВМРО изјавува дека во својата борба за независна Македонија и Балканската федерација смета, пред сe, на обединетите револуционерни сили на целото македонско население, без разлика на вера и народност, кои ќе ја поведат својата борба во тесна соработка со револуционерните сили на трудбеничките маси во другите балкански држави. Доколку пак успехот на нејзината ослободителна револуционерна борба зависи од меѓународната положба, ВМРО смета пред сe, на моралната и материјалната поткрепа од прогресивно-револуционерните движења во европските држави, кои се борат против империјалистичката политика на нивните влади, против создадените империјалистички мировни договори и за полното и вистинско самоопределување на народите.
На таков начин ВМРО прекинува конечно со илузиите да ја очекува слободата на Македонија и создавањето на Балканската федерација преку интервенцијата на балканските шовинистички и европски империјалистички влади.
Таа изјавува дека само оние држави и влади можат да претендираат да бидат искрени пријатели на македонската слобода и на балканските народи, кои со својата сопствена политика даваат даволно докази дека го следат и на дело го реализираат принципот за слободно самоопределување на народите. Сите други се непријатели на македонската слобода и против нивната политика на Балканот, ВМРО ќе води најрешителна борба.
ВМРО е свесна за релативната слабост на своите сили, но таа исто така добро знае дека цела Европа е минирана од противречја многу подлабоки и понепомирливи отколку оние што ја предизвикаа општоевропската војна во 1914 година. Една нова балканска и општоевропска војна или меѓународна граѓанска револуционерна борба за ослободување и самоопределување на народите е неминовна. Нешто повеќе, таа тропа веќе на портите на сите држави.
ВМРО ја сфаќа многу добро големата и решителна улога која Балканот ја одигра во избувнувањето на општоевропската војна од 1914-1918 г. Таа им обрнува внимание на сите Македонци и балкански револуционери дека и во идните борби кои бргу се приближуваат, Балканот може да изигра уште поголема и порешителна улога, доволно е само револуционерните усилби на сите угнетени балкански народи да бидат сплотени и обединети под знамето на македонската слобода и независност, под знамето на својата сопствена слобода и независност и најпосле под знамето на Балканската федерација.
И затоа ВМРО апелира кон сите свесни борци за слободата и независноста на балканските народи да ги сплотат своите сили за брзото формирање на еден единствен македонски револуционерен фронт, кој ќе послужи за образувањето на единетвен балкански револуционерен фронт против сите шовинисти, против сите анексионисти и империјалисти, против сите угнетувачи на своите и туѓи народи.
За да ги даде сите докази дека ја управува својата дејност по тој пат, ВМРО изјавува најсвечано дека ги прекратува сите потери и ги укинува снте екзекутивни мерки и наредби протнв одделните македонски дејци, групи, организации и струи, штом тие искрено ќе застанат врз базата на вистинската револуционерна борба, во духот на овој манифест и ќе подадат рака за општа борба под знамето на слободна и независна Македонија, под знамето на Балканската федерација.
Со тоа ВМРО го прави првиот и најрешителен чекор за создавањето на неопходната поволна атмосфера за свикување во скоро време на еден обединителен конгрес на целото македонско револуционерно движење, на кој преку усилбите на сите искрени македонски револуционери, ќе се создаде единствениот македонски револуционерен фронт кој, опирајќи се врз единствениот балкански револуционерен фронт, во тесна соработка со сите прогресивнореволуционерни движења на Балканите и во Европа, ќе ја извојува слободата и независноста на Македонија, ќе го наложи создавањето на Балканската федерација, ќе го осигури мирот на Балканот - за да го потпомогне востановувањето на мирот во цела Европа.
Сите напред во редовите на револуционерната македонска борба!
Да живее единствениот македонски револуционерен фронт!
Да живее единствениот балкански револуционерен фронт!.
Да живее обединета и независна Македонија!
Да живее Балканска федерација
Виена, 15 мај 1924 г.
За ВМРО Централен комитет
А. Протогеров
П. Чаулев
За Т. Александров и по негово
полномоштие потпишале:
П. Чаулев
А. Протогеров
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3637383940 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.