IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРСКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРСКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3536373839 86>
Автор
Порака
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2007 во 21:27
Originally posted by аџија аџија напиша:

Не можев да одолеам а да не ја ставам овде сликата:





















Пошто на сите изгледа ви е ова нормално, ај јас да прашам: НОРМАЛНИ ЛИ СЕ ОВИЕ СО ИКОНИ И КРСТ ДА ГАСАТ ПОЖАР??? изненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадување



Кон врв
Gideon Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 302
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gideon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2007 во 21:32
lele....i ova ne veruvav deka ke go vidam ama i ova se slucuva..eh joj...se blizi krajot!!!!голема%20насмевка
In God we Trust!
God Bless our Land!
Кон врв
vd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 13.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1539
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2007 во 21:33
Originally posted by аџија аџија напиша:

Пошто на сите изгледа ви е ова нормално, ај јас да прашам: НОРМАЛНИ ЛИ СЕ ОВИЕ СО ИКОНИ И КРСТ ДА ГАСАТ ПОЖАР??? изненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадување
 
голема%20насмевка НЕ, НЕСЕ НОРМАЛНИ голема%20насмевка
Кон врв
Sektas Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sektas Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2007 во 21:34
Azi mnogu sakav da se iznasmeam,ama moderatorkata stalno me kara deka sum gi ismeval pravoslavnite,pa se vozdrzav.голема%20насмевка
.............Тој е челник на назаретската секта. Дела 24:5
Кон врв
vd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 13.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1539
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2007 во 21:37
аџија, да си жив и здрав газење%20од%20смеење ме изнасмеа со ова твое прашање ...
иако имаме спротивни мислења .... сепак ФАЛА за ова голема%20насмевка
Кон врв
Gideon Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 302
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gideon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2007 во 21:40

Abe ako ne se iznasmees na ova na sto drugo!Tuku ova povekje za placenje otkolku za smeenje e!!!среќа

In God we Trust!
God Bless our Land!
Кон врв
Sektas Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sektas Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2007 во 23:25
Originally posted by аџија аџија напиша:




















More ako im gi potvati ognot bradite e tek togas ke bide burleski.голема%20насмевка

Изменето од Sektas - 27.Август.2007 во 23:55
.............Тој е челник на назаретската секта. Дела 24:5
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2007 во 23:43
Originally posted by mist mist напиша:

аџија, да си жив и здрав газење%20од%20смеење ме изнасмеа со ова твое прашање ...
иако имаме спротивни мислења .... сепак ФАЛА за ова голема%20насмевка


спротивни мислења имаме затоа што ти упорно сакаш да ме напаѓаш мене како личност, а не моите аргументи. Ако правиме муабет за аргменти, верувај почесто ќе се сложуваш со мене... голема%20насмевка

Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2007 во 10:45

ЗАЕДНИЦА НА КОЈА МОДЕРНИЗАЦИЈАТА НЕ § МОЖЕ НИШТО

Времето како да стои во светот на Амишите

Историјата на амишите почнува во 17 век во Швајцарија, кога и настанала сектата што се отцепила од анабаптистите

Меѓу многуте и различни верски заедници и верувања што денес постојат во Америка, најмногу се издвојуваат претставниците на христијанско-протестантската секта амиши. Тие живеат во технолошки најнапредната држава во светот, но во свој посебен свет. И денес тие патуваат со коњски коли и кочии, одбегнуваат да користат предмети што работат на струја, во нивните домови нема телефони, компјутери ниту пак светилки, јавуваат светските агенции.

Носат едноставна облека во темни бои. Од околу 200.000 амиши во светот, 99 отсто од нив живеат во САД, а другите се во Канада.

Првпат вниманието на јавноста го привлекле во средината на 80-тите години од минатиот век, кога е снимен филмот „Сведок“ со Харисон Форд. Денес најпозната заедница на амиши живее во округот Ланкастер во Пенсилванија, каде што е и снимен филмот „Сведок“, па поради тоа тука можат да се видат и многу туристи што доаѓаат да ги фотографираат мажите и децата облечени во црни капути и со жолти сламени шешири, и девојките и жените, кои носат долги фустани и бели шамии.

Откако ќе се оженат, мажите пуштаат брада, која никогаш не ја бричат дури и ако наполнат 90 години, што е и вообичаена старосна граница, зашто тие се хранат мошне здраво и имаат едноставен начин на живеење.

Тоа е патријархална заедница што почива на строги правила во која мажите јадат пред храната да им биде послужена на жените.

Историјата на амишите почнува во 17 век во Швајцарија, кога и настанала сектата што се отцепила од анабаптистите. Подоцна заедницата се проширила и во Германија. Тие решиле да се одвојат зашто сметале дека Анабаптистичката црква не е доволно строга и нивните верници не живеат чист и скромен живот.

Откако биле прогонети во 1693 година, тие заминале во САД. И додека Америка се индустријализирала, тие продолжиле да живеат од својата плодна земја, верувајќи дека Господ сака тие да живеат токму таков живот.

Децата на амишите одат во посебни школи во кои има една училница, а земјоделството се' уште е главниот извор на приходи на заедницата. Тие се многу побожни, строго ги почитуваат библиските заповеди и не ги користат модерните изуми.

Да се стане амиш е право на избор, но ретки се тие што ја напуштиле таа заедница. Но и меѓу нив работите се менуваат, па сега постои заедница што се нарекува „нов ред“, кои на пример користат автомобили. Интересно е и тоа што бројот на амиши во Ланкастер во изминатите пет децении се зголемил дури за три пати.

Сепак, тие продолжуваат да живеат надвор од општествените текови, но плаќаат даноци зашто законски се обврзани на тоа. Но, не гласаат на избори и не користат здравствена заштита, немаат пензии и не ги пуштаат децата во државните училишта.

Се' до 80-тите години на минатиот век амишкиот пацифизам и старомодниот начин на живот за многу Американци бил туѓ и неразбирлив, но денес ситуацијата е обратна. Со денешното брзо темпо на живот многумина Американци се привлечени од едноставната филозофија на живеење на амишите.

 

Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2007 во 20:06

Сеноќно бдение во Бигорскиот манастир (29.08.2007)

Во Бигорскиот манастир, на денот кога Црквата Божја го прославува чесното Успение на Пресветата Богородица се одржа, според веќе востановената традиција, целовечерно бдение. На бдението присуствуваше многуброен верен народ којшто од сите страни на државата притекна за да го прослави овој празник.

     

                     



Кон врв
Sektas Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sektas Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2007 во 20:14
Navistina im zaviduvam na ovie luge.големо%20гушкање
 


Изменето од ACELERA - 03.Септември.2007 во 17:52
.............Тој е челник на назаретската секта. Дела 24:5
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2007 во 23:30
Заштитничката на Скопје ќе се заврши до следната Голема Богородица
Во Скопската епархија велат дека сега се работи на иконостасот, фреските и на внатрешното уредување на црквата која, по шеесет години од палењето, почна да се обновува

Црквата "Св.Богородица" во Скопје, која веќе четврта година се гради спроти МАНУ на просторот до поранешната приградска автобуска станица, според надлежните во Скопската епархија, најверојатно, ќе биде завршена следната година ова време. Прота Коста Станоевски, секретар на Скопската епархија, вели дека во моментов се работи на изработка на иконостасот, се сликаат фреските и се работат бравурите над вратите. Тој објасни дека надворешно црквата е завршена, но дека градилиштето нема да го тргнат додека не се заврши уредувањето на внатрешниот дел.
"Откако ќе завршиме со внатрешно уредување, ќе го расчистиме просторот околу црквата, ќе ставиме ограда, а имаме и проект за партерно уредување на просторот. За изработка на иконостасот и на фреските ќе треба повеќе време, така што тешко дека ќе може годинава да завршиме со изградбата, но в година ова време би требало да е готово", вели прота Станоевски.
Тој објасни дека обновата на црквата, која почна во пролетта 2004 година, финансиски целосно ја покрива донаторот Трифун Костовски, градоначалникот на Скопје.
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2007 во 23:30
ВО КОМПЛЕКСОТ НА ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР
Стартува конзервацијата на црквата "Успение на Пресвета Богородица"
Националниот конзерваторски центар во Скопје од денес ќе почне да ја конзервира седум векови старата црква "Успение на Пресвета Богородица", во состав на комплексот на Лешочкиот манастир "Свети Атанасиј". Поради влијанието на подземните

Националниот конзерваторски центар во Скопје од денес ќе почне да ја конзервира седум векови старата црква "Успение на Пресвета Богородица", во состав на комплексот на Лешочкиот манастир "Свети Атанасиј". Поради влијанието на подземните води, но и на атмосферските врнежи, оти е пробиена покривната конструкција на објектот, состојбата на црквата е загрижувачки лоша, а цели партии од sидовите фрески се сериозно оштетени или се, едноставно, испаднати. Многубројни оштетувања има и на повеќе икони.
"Ќе извршиме раслојување на sидните фрески за да ги отстраниме слоевите, а некаде и малтерот, врз кој се нанесувала боја во 19 век. Потоа ќе стасаме до оригиналните бои и слоеви од 17 век", ни изјави Валентина Поцевска, виш конзерватор во Националниот конзерваторски центар. Особено внимание ќе се посвети на конзервацијата на "Чинот" - вредна икона од 17 век со единствена убавина, која е сега оштетена. Заштитата на оваа и на другите икони ќе се изведува и во 2008 година. Возобновувањето на фреските и на архитектурата на оваа еднокорабна црква ќе заврши до крајот на декември, велат во Конзерваторскиот центар.
Кон врв
khaleefah Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"The Khilafah is Coming..."

Регистриран: 25.Септември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1115
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај khaleefah Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2007 во 12:01
ИСТАНБУЛ, 30 август (Би-Би-Си / АП - СМХ) - По месеци конфронтација со секуларниот естаблишмент, посветениот муслиман Абдула Ѓул стана претседател на Турција и вети дека ќе биде непристрасен и ја пофали идејата дека државата и исламот треба да бидат одвоени.
Сепак, како знак дека тензијата може допрва да дојде, врвните генерали не дојдоа на церемонијата на инаугурација на својот нов претседател и врховен командант.
Локалните медиуми нивното присуство го толкуваат како протест против 56-годишниот Ѓул, бивши министер за надворешни работи во исламски ориентираната влада на Турција.
И голем дел од турската популација негодува поради изборот на Ѓул. Експерти, коментатори, но и добар дел од јавноста се плашат дека Ѓул има скриена исламска агенда.
Медиумите во Турција, но и оние од демократска Европа посебен акцент ставаат на однесувањето на сега првата дама на Турција, Хајруниса Ѓул. При тоа, не забораваат да нагласат дека и сопругата на премиерот Реџеп Таип Ердоган, Емине, е постојано со шамија на главата.
Со победата на Ѓул, неговата сопруга стана првата жена на претседател со шамија на главата. А, кај либералните Турци шамијата е симбол на исламската жена, но и на обесправена жена. Но, тие не гледаат на Хајруниса Ѓул како на обесправена, туку на закоравена исламска жена.
Наспроти сето тоа, новиот турски претседател ветува заштита на секуларниот поредок и оддвоеност на религијата од државата, а неговата сопруга не гледа ништо лошо во тоа што ја покрива главата со шамија. Таа од тоа сака да направи и мода.
Хајруниса уште пред нејзиниот сопруг да стане претседател нарача дизајнер да ја модернизира нејзината спорна шамија.
Хајруниса Ѓул бара начин својата шамија да ја направи поприфатлива за милионите Турци кои ја осудуваат како симбол на политичкиот ислам.
"Имам разни идеи за новиот стил на шамија", вели турскиот дизајнер Атил Кутоглу, кој работи во Виена, за нарачката што ја добил.
Се слуша дека Кутоглу би можел да се реши за стилот на Софија Лорен, иако останува да се види дали можната прва дама ќе дозволи да се гледа толку коса како кај познатата актерка.
Свилената ткаенина околу нејзината глава е во средиштето на дебатата која ја тресе Турција и пред, а и сега пред изборот на новиот турски претседател. Турскиот Устав забранува шамии на главата во владините објекти, политика која г-ѓа Ѓул еднаш ја предизвика пред Европскиот суд за човекови права.
Иако 63 проценти од Турчинките ги покриваат главите, демонстранти охрабрени од секуларната војска излегоа на улица, што ја натера исламската АК партија да свика предвремени избори. Но, АК сепак ги доби изборите.
Атил Кутоглу вели дека деталната промена на изгледот кај г-ѓа Ѓул сосема ќе го модернизира нејзиниот изглед. Меѓутоа, таа ќе остане со шамија на главата.
Незадоволство кај либералните граѓани предизвика и сопругата на турскиот премиер Таип Ердоган, Емине. И таа не излегува нигде без спорната шамија замотана околу главата. Премиерот кога влезе во Владата, ги модернизираше своите ставови, но Емине Ердоган не се ослободи од некои од исламските обичаи кои не се популарни кај приврзаниците на секуларниот систем.
Турскиот премиер откако е на власт во Турција, а и пред тоа, вешто го избегнува чувствителното прашање околу начинот на облекување на турската жена и покрај тоа што неговата сопруга е приврзаник на традицијата за криење на жените под шамија.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3536373839 86>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,223 секунди.