|
Што е Адвентистичката црква? |
Внеси реплика | страница <1 3536373839> |
Автор | |
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Пак ќе дојдам“ Низ сите векови вистинските христијани верувале во повторното Христово доаѓање во слава. При тоа тие не биле раководени од некакви лукаво измислени бајки, туку својата вера и надеж ги темелеле на непосредното и јасно Христово ветување и на сведоштвата на вистинитата Божја реч. Науката за второто Христово доаѓање е една од основните вистини на Светото писмо. Таа како златна нишка се провлекува низ целото Свето писмо. Овој величествен настан - второто Христово доаѓање во слава - се споменува над 300 пати во Новиот завет ,а околу 1500 пати во целото Свето писмо. Второто Христово доаѓање апостолите го нарекувале блажена надеж на верните. И навистина, за вистинските христијани второто Христово доаѓање секогаш било блажена надеж. Тие разбрале дека дури со второто Христово доаѓање ќе биде наполно остварено нивното спасение. Со својата смрт на Голгота, Исус на сите луѓе кои веруваат во Него како во свој Спасител, им овозможил ослободување од гревот, но дури со своето второ доаѓање ќе ги ослободи од последиците на гревот - од солзите, од болестите и од смртта. Тогаш верните ќе добијат славна награда - бесмртност, живот што ќе може да се мери со Божјиот живот. Оваа славна вистина, апостол Павле ја изразил на прекрасен начин со зборовите: „Така и Христос, откако беше принесен еднаш за да ги земе гревовите на мнозина, ќе се јави вторпат без грев, а за спасение на оние кои го очекуваат.“ - (Евреите 9,28) Првпат Исус дошол како малечко дете, се родил во Витлеем, живеел триесет и три години и умрел на крст на Голгота за да го откупи човекот од гревот и од вечната смрт, а вторпат ќе дојде како Судија на светот, како Цар над царевите, да му даде на секого „според неговите дела“. - (Откровение 22,12). |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://www.youtube.com/watch?v=alnzuGDsJzc&feature=player_embedded |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Chovek navistina ostanuva bez zborovi koga kje vidi vakvi propagandni filmovi...
Pogledenete gi samo prvite 90 sekundi od ova video - pochnuva so gragjanskata vojna vo Amerika i objasnuvanjeto deka togash medicinata se naogala vo temnite vekovi na svojata istorija koga ne se imalo ideja za postoenje na mikroorganizmite, pa bolnicite bile mesta za umiranje. I togash Ellen White imala vizija od Boga od koja dobila novo razbiranje za zdravjeto i lekuvanjeto. Toa bilo eden od kamenjata temelnici za vostanuvanjeto na novata amerikanska religija "Adventistite na sedmiot den". I videoto vednash minuva na objasnuvanje deka denes ovie adventisti se lideri vo medicinata, imaat najmoderni bolnici, gi otkrivaat vrvnite medicinski tehnologii, stanaa pioneri na srcevi transplantiranja na bebinja, go menuvaat uchebnoto gradivo na medicinskite fakultati i na krajot zavrshuva so tvrdenjeto deka adventistite se najzdravite i najdolgovechnite lugje na ovaa planeta. Izlaga deka treba da bideme blagodarni na Ellen White shto doznavme za mikrobite, shto ni ja modernizira medicinata, gi smeni uchebnicite, gi udri temelite na srcevata hirurgija... i doznavme deka ako sakame da bideme pozdravi i podolgovechni deka treba da staneme adventisti na sedmiot den. Da ne bidam pogreshnor razbran, samo davam osvrt na porakata od posochenoto video, a ne komentiram za verata na "Adventistite na sedmiot den". |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Imase edno istrazuvanje od National Geographic deka Adventistite se najdolgovecni od site religiozni grupi. |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dali mozhesh da posochish link do toj napis?
Ova go prashuvam zatoa shto od istiot magazin, a i od drugi izvori, imam najdeno podatok deka vo prosek najdolgovechni lugje zhiveat vo Japonija (osobeno na Okinava) i na Kavkaz. P.S. Patem, onoa shto sakav da predocham so komentarot beshe kako mozhe mnogu lesno da se isprevrtat i ispovrzat nepovrzani podatoci vo propagandna cel koja nema vrska so realnosta (proroshtva so nauchno-tehnoloshki dotiganja, religijski veruvanja so dolgovechnost na zhiveenje i t.n.). Vo ova osobeno produktivni se muslimanite. Tie se vo sostojba da povrzat s'e i seshto so citati od Ku'ranot. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Licno go imam videno i citano toj artikl , samo za zal ne bi mozel da ti posocam link , ne mozam da se setam. Vo toj napis bese spomnato deka vo prosek od site religiozni grupi Adventistite se najdolgovecni. Изменето од KINGDAVID - 20.Март.2011 во 19:48 |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каква коинциденција
Јас го читав тој натпис во национална географија (хрватското издание) и тоа пред неколку години. Бидејќи броевите(поради место)ги чувам кај моите родители ако инсистирате може за викендов да го најдам баш тој број.Но колку што се сеќавам воопшто не беше речено дека "deka Adventistite se najdolgovecni od site religiozni grupi" Едноставно беа одбрани повеќе заедници кои се знае дека во своите редови имаат доста стари членови.Главната поента дека сите меѓу себе се разликувата според начинот на исхрана и начин на живот а сепак многу од нивните членови се долговечни. еве го линкот од дотичниот текст:тука. Од 2005 година е бројот. Изменето од ahmar1 - 22.Март.2011 во 09:36 |
|
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ahmar1, blagodaram za posocheniot link i klarificiranjeto okolu dolgovechnosta i verskite ubeduvanja !
Toa go potvrdi onoa shto go prokomentirav za filmot. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пред мене е дотичниот текст од национална географија.
Во линкот што го посочив е дадаен само делумно делот за сардинијците. Во истражувањето се земени најпрвин жителите на Сардинија,во која најчесто сите доживуваат преку 100 години старост. Главните работи кои ги истакнуваат за нивната долговечност се: Пиењето црвено вино,Јадат многу често овчо сирење и друга храна богата со омега 3 и најбитно стрите луѓе се многу почитувани од заедницата.Сите стараци јадат заедно со своите потомци што им дава многу голем елан и чуство на корисност.И беше кажано дека на сардинија ако го однесеш својот татако или мајка во страчки дом е рамно на скандал и личен срам. А да,заборавив.. Сардинијците се РИМОКАТОЛИЦИ. Потоа се жителите на Окинава. Храната им речиси идеална од нутриционистички аспект.И да.. јадат риби и секакви морски животинки кои се забранети во стариот завет. И исто тука е истакнато почитувањето на старите од заедницата.Парадоксот е што нивните внуци и правнуци се меѓу најдебелите деца во Јапонија поради фаст фуд хранат која е популарна меѓу помладите на Окинава. И они се ..што знам што се по вера(комплицирано е класифицирањето на религиозноста на јапонците по наш терк) ама важно не се суботари. И на крај се истакнати суботарите. Е они живеаат 4-10 година повеќе од КАЛИФОРНИСКИОТ ПРОСЕК.Не на сите верски зедници и цел свет туку КАЛИФОРНИСКИОТ ПРОСЕК. Кај нив исто делува режимот на исхрана, кој е речиси вегетаријански. За разлика од сардинијците и жителите на окинава кои јадат се што мрда и се движи на земја и под вода(посебно ова за од окинава). И исто тука беше истакнато дека има голем улога што постарите суботари се доста социјално активни што им дава чуство на иполнетост и смисла,кое е карактеристично за сите три групи. Заклучок.. Смешните забрани(базирани на нутризионизмот од 19 век )за и околу што треба да се јаде немаат никаква улога во нивната наводна долговечност. Сепак нема смисла да се вади нешто вон контекст. се надевам помогнав околу расчистувањето на овој суботарски мит. Изменето од ahmar1 - 22.Март.2011 во 20:35 |
|
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da, tokmu toj posocen artikl go procitav za Adventistite. Kolku sto mozev da zabelezam, od site tri spomnati grupi samo Adventistite se religiozna grupa. P.S. Na edno drugo mesto (ne se sekjavam tocno vo koe spisanie bese ) imam procitano deka clenovite na Skientolozite imaat dolg vek. |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Интересни „факти“ од адвентистичката книга на Никола Тасевски - Времето и знаците - разобличени!
– факти или библиска фикција Вовед Иако покрај тоа што се јасни сите очевидни факти и докази за присутноста на Светото Предание во Црквата од самото нејзино основање и повеќе од излишно е осврнувањето на небулозите запишани во адвентистичката книга „Времето и знаците“ на г-дин Никола Тасевски, сепак, ќе направиме мала анализа на она што е таму забележано како клевета против Православната Црква која е послушна на препораките на апостол Павле за придржување кон Светото Предание. Неколку основни причини зошто книгата „Времето и знаците“ може да се смета само како уште еден фиктивен роман на светскиот пазар Како и вообичаено, Ортодоксната (Православна) Христова Црква била гонета од своите непријатели и ја леела крвта на мачениците, но денеска времето е такво што телесните гонења се сведени на минимални, за разлика од првите векови на нејзината историја, и тие се заменети со жестоки еретички напади од страна. Лукавиот отпадник – сатаната – обиколува како лав што рика и бара некого да проголта (1.Петр. 5:8) со своите лажни пророци кои внесуваат погибелни кривоверства (2 Петар 2:1), но Христијаните се предупредени да ги испитуваат духовите на таквите проповедници (1 Јован 4:1), за да се заштитат од отпаѓање од верата. Како што рековме, Црквата отсекогаш била послушна на апостолските совети, па така и овој пат послушанието ќе претходи на секое предвремено донесување на заклучоци во корист на погрешното учење против Светото Предание, па затоа ќе го „испитаме духот“ кој е внесен во книгата „Времето и знаците“. Најпрво би требало да се разгледа какво учење е пласирано во дадената книга и како тоа настанало. Г-дин Никола Тасевски е припадник на Адвентистичката црква, која во светската историја се појавува и „е организирана во 1863 година во Батл Крик, Мичиген, САД“[1], од страна на поранешниот баптист Вилијам Милер (William Miller, 1782-1849)[2]. Милер започнал да проповеда дека Христос ќе се врати на земјата во 1843 год., така што неговите следбеници, од кои мнозина си го продале имотот, ја напуштиле работата, сметајќи дека сето тоа нема да им биде потребно, го очекувале денот на Второто Христово доаѓање, кое никогаш не се случило. Значи, адвентистичката заедница од самиот почеток плива во матни води. А според историјата што е дадена на веб сајтот на оваа заедница во Македонија, која настанала како последица од реформацијата на римо-католичката црква, речено е дека „релативно новиот датум на нејзиното основање не значи дека и верувањата на христијаните-адвентисти се нешто ново. Адвентистичката црква се разликува од останатите христијански цркви, но нејзините верувања се всушност најблиски на верувањата на првите христијани, онака како што во Библијата тоа е забележано“. Доколку адвентистите навистина го знаеја Светото Писмо и се придржуваа само до него, немаше да направат ваква основна суштинска грешка во изнесувањето на историјата за појавата на нивната верска заедница. Имено, Самиот Господ Исус Христос му има потврдено на апостол Петар дека ќе ја изгради Црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат (Матеј 16:18), што значи дека од моментот на основањето на Црквата, па во иднина, таа никогаш нема да престане да постои, ќе има историски континуитет кој може да се потврди, спортивно на учењето на адвентистите дека Црквата сé до нивното појавување не постоела. Така, штом е јасно дека Христовата Црква е ненадвладлива и неразрушлива и дека нејзиниот прв „роденден“ бил на Педесетница во 33 год. и дека до појавата на посочената протестантска групација, таа прославила над илјада и петстотини „родендени“, значи дека тоа доведува до разобличување на адвентистичката заедница и докажување дека таа не влече корени од Христа, а со тоа, не го има ниту вистинското Христово учење, туку само некое негово обезличување и приспособување на небогопросветлениот ум на адвентистичкиот основач Вилијам Милер. А основач на Црквата не може да биде човек, туку само Господ, затоа што Христос е Главата на Црквата (Ефесјаните 5:23). Друга основна работа со која адвентистичкото учење се коси со реалноста и неговите приврзаници ги претставува како контрдаикторни самите на себе кога даваат отпор против Светот Предание е тоа што и тие всушност имаат предание, но не свето, туку човечко. Адвентистите, освен Светото Писмо, ги почитуваат и ги сметаат за боговдахновени и пишаните дела и „пророштва“ на Елена Вајт[3], која ја сметаат за Божја „пророчица“, иако има очигледни сосема погрешни „пророштва“, кои се дури и спротивни на Библијата. Така, Елена Вајт тврди дека пред потопот луѓето полово се измешале со животните и настанала некаква нова полу-човечка полу-животинска раса која Господ ја уништил со водата, дека Господ во 1844 год. влегол во небесното светилиште (дата што никаде во Светото Писмо не се спомнува), дека светиите по воскресението ќе имаат крилја; на многу места во своите пишани дела таа прво вели едно, а потоа го менува своето мислење – еднаш вели дека гаврани го хранеле пророкот Илија, а еднаш дека тоа го правел ангел; потоа врши додавања на Библијата, како тоа дека ангелите имаат златна картичка со помош на која минуваат преку небесните порти[4], за на крај како врв на сето тоа да „прорече“ дека „човекот Исус Христос не бил Господ Бог Семоќен“ (Писмо 32, 1999, цитирано во Адвентистичките Библиски Коментари, Том 5, стр. 1129) – ерес над ересите!!! А тоа го потврдила и со нејзината поддршка на Албижанската секта[5], која Христос Го сметала за Божјо творение, а не за Бог.[6] Меѓудругото, Елена Вајт се смета за една од основоположниците на нивната верска заедница, бидејќи ги доработала теолошките филозофии на Вилијам Милер, а знаеме дека Основоположник на вистинската Црква, која на прав начин го слави Бога (православно), е Самиот Господ Исус Христос. Освртот на Светото Предание во книгата „Времето и знаците“ е направен само врз основа на една книга која накратко го изложува учењето на Светото Предание, а тоа е книгата „Црквата и сектите“ од протоереј-ставрофор д-р Лазар Милин. Зарем со една прочитана книга, може да се анализира нечија теологија и верувања? Многу кажува тоа што воопшто не се земени делата на раните свети отци на Црквата, кои говорат за Светото Предание, како што можевме да видиме од погорните изложувања. Забележливо е, исто така, и испуштањето на битни историски факти и извртувањето на истите. Очигледно е дека фрлање светло на историскиот континуитет и верата на раните Христијани, не би им било од корист на припадниците на адвентистичката заедница, па и на останатите протестантски заедниц, воопшто. ------------------------------------ [1] Историја на Адвентистичката црква – од сајтот на Адвентистичката црква во Р. Македонија [2] William Miller Biography [3] Ellen G. White®: A Brief Biography [4] Елена Вајт е контрадикторна на Библијата– Изложување на поранешниот адвентистички пастор Сидни Кливленд и поранешниот старец на адвентистичката заедница Роберт Сандерс (целосно изложување) [5] Albigenses [6] Ellen White, Great Controversy, Chapter 6, paragraph 1, p97 Продолжува... |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Воскресение на мртвите! Dali pokojnicite zasekogas ke ostanat vo grobot? O, ne! Bog ne gi zaborava svoite vernici. Smrtta za vernite e zalost, no ne i tragedija, bidejki tie vo odreden mig ke voskresnat. So takva vera i so takva nadez tie otisle vo grob. Verniot Jov Mu rekol na Gospod: “Vo site denovi na odredenoto vreme bi cekal dodeka mi dojde smenata. Ti bi viknal, i jas bi Ti dal odgovor, i Ti bi pokazal blagovolenie kon sozdanieto na Tvoite race…No jas znam, Iskupitelot moj e ziv, i On vo posledniot den ke ja krene mojata gnilezna koza. I jas vo teloto moe ke Go vidam Boga. Jas sam ke Go vidam; moite oci, ne ocite na drug, ke Go vidat. Srceto mi se topi vo gradite moi!”, Jov 14:14,15; 19:25-27. Apostolot Pavle gi hrabrel hristijanite vo Solun: “Braka, ne sakam da ne znaete za umrenite, za da ne zalite kako i drugite, sto nemaat nadez. Oti, ako veruvame deka Isus umre i voskresna, toa i upokoenite vo Isusa Bog ke gi privede so Nego. Ova, pak, vi go velime preku slovoto Gospodovo, deka nie, zivite, sto ke ostaneme do doaganjeto na Gospoda, nema da gi isprevarime umrenite, bidejki Sam Gospod so zapoved, pri glas na arhangel i pri truba Bozja, ke slegne od neboto, i najnapred ke voskresnat mrtvite; a potoa, nie, sto sme ostanale zivi, zaedno so niv ke bideme grabnati na oblacite, za da se sretneme so Gospoda vo vozdu-hot, i taka sekogas ke bideme so Gospoda”, 1 Solunjanite 4:13-17; Istiot apostol za ova im pisuval i na Korintjanite. Da procitame: “Eve, tajna vi kazuvam; site nema da umreme, no site ke se izmenime, odednas, vo eden mig, pri poslednata truba; ke zatrubi, i mrtvite ke voskresnat neraspadlivi, a nie ke se izmenime; zasto raspadlivoto tre-ba da se oblece vo neraspadlivo, a smrtnoto – da se oblece vo besmrtno. A koga ova raspadlivoto se oblece vo neraspadlivost, i ona smrtnoto – vo besmrtnost, togas ke se zbidne zborot napisan: ‘Pobedata ja progo-lta smrtta’. ‘Smrt, kade ti e osilkata? Гробе, kade ti e pobedata?‛ 1 Korintjanite 15:51-55. Apostolot Pavle vo gornive tekstovi ni kazuva deka pri skoresno-to vtoro Hristovo doaganje na ovaa planeta, mrtvite pravedni ke voskre-snat vo besmrtni tela, a zivite pravedni, za mig, ke se preobrazat od smrtni vo besmrtni, i zaedno so voskresnatite, ke zaminat na neboto vo vecen zivot, da ja delat so Hrista vecnosta, kade sto nema veke grev nitu gresnici, kade sto ‚ke ja izbrise Bog sekoja solza od ocite nivni, i smrt nema da ima veke; ni plac, ni piskot, nitu bolka nema da ima veke, bidejki poranesnoto pomina”, Otkrovenie 21:4. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Глава 12 „ИСКУШЕНИЕТО“ Оваа глава е заснована на Матеј 4,1-11; Марко 1,12.13; Лука 4,1-13 "Исус пак, полн со Свети Дух, се врати од Јордан, и Духот го одведе в пустина." Зборовите на Марко се уште позначајни. Тој вели: "Веднаш потоа Духот го натера да оди в пустина. И остана во пустината четриесет дена и сатаната го искушаваше. Таму беше со диви животни." "Тие денови не јадеше ништо." Кога Исус е одведен в пустина да биде искушаван, него го одвел Божјиот Дух. Тој не барал искушение. Тој отишол во пустината за да биде сам, да размислува за својата мисија и работа. Со пост и со молитва требало да се засили себеси за патеката испрскана со крв по која ќе мора да помине. Меѓутоа, сатаната знаел дека Спасителот отишол в пустина и сметал дека тоа е најдобро време да му се приближи. Многу важни прашања за светот во судирот меѓу Кнезот на светлината и управителот на царството на темнината се ставени на коцка. По човековото искушение, со кое го навел на грев, сатаната прогласил дека Земјата е негова, нарекувајќи се себеси кнез на овој свет. Бидејќи пра таткото и прамајката на нашиот човечки род ги прилагодил кон својата природа, тој планирал да основа свое царство овде. Изјавил дека луѓето го избрале за свој владетел. Управувајќи со луѓето, го одржувал своето владеење над светот. Христос дошол да го побие ова тврдење на сатаната. Како Син човечки, Христос ќе му остане предан на Бога. Така ќе се покаже дека сатаната не задобил целосна управа над човечкиот роди и дека е неосновано неговото полагање на право над светот. Сите што сакале ослободување од неговата сила ќе бидат ослободени. Областа на власта што ја загубил Адам со гревот ќе се поврати. Откако и' е речено на змијата во Едемската градина: "Ставам непријателство меѓу тебе и жената, меѓу семето твое и семето нејзино" (1. Мојсеева 3,15), сатаната знаел дека нема целосна власт над светот. Кај луѓето се видела делотворна сила што и' се спротивставува на неговата власт. Со многу големо интересирање ги посматрал жртвите што ги принесувале Адам и неговите синови. Во овие обреди јасно ги согледувал белезите на заедницата меѓу Земјата и небото. Решил да се вмеша во оваа врска. Неточно го претставувал Бога и погрешно ги толкувал обредите што укажувале на Спасителот. Луѓето биле наведени да се плашат од Бога како од Оној кој ужива во нивното уништување. Жртвите што требало да ја откријат неговата љубов се принесувани само да го ублажат неговиот гнев. Сатаната будел грешни страсти кај луѓето за да ја утврди својата власт над нив. Кога е дадена Божјата пишана Реч, сатаната ги проучувал пророштвата доаѓањето на Спасителот. Од поколение во поколение се трудел да ги заслепи луѓето за овие пророштва за да го отфрлат Христа кога ќе дојде. При Христовото раѓање, сатаната знаел дека дошол Оној со божествена задача да ја оспори неговата власт. Се тресел пред ангелската вест што го потврдила авторитетот на новородениот Цар. Сатаната добро знаел каква положба имал Христос на небото како сакан од Отецот. Тоа што Божјиот Син треба да дојде на овој свет како човек го исполнувало со вчудовидување и со страв. Тој не можел да ја долови тајната на оваа голема жртва. Неговата себична душа не можела да ја сфати таквата љубов за паднатиот род. Небесната слава и мир и радоста на заедницата со Бога, луѓето магливо ги сваќале, но на Луцифера, херувимот засолнувач, тие му биле добро познати. Откако го загубил небото, решил да се одмазди наведувајќи ги и другите да го поделат неговиот пад. Тоа ќе го постигне ако ги наведува да ги потценуваат небесните добра и ако својте срца ги насочат кон она што е земно. Небесниот заповедник не ги задобивал човечките души за своето царство без пречки. Од времето кога бил новороденче во Витлеем, Тој бил постојано напаѓан од злосторникот. Во Христа се откривал Божјиот лик, а на советите на сатаната е решено тој да биде победен. Ниедно човечко суштество не дошло на светот без да ја избегне силата на измамникот. Сите здружени сили на злото вешто се поставени на неговата патека да се вклучат во борбата против него и ако е можно да го победат. При крштавањето на Спасителот сатаната се наоѓал меѓу сведоците. Тој ја видел славата со која Отецот го засенил својот син. Тој го слушнал гласот на Јехова како сведочи за Исусовото божество. Од Адамовиот грев човечкиот род ја загубил непосредната заедница со Бога; врската меѓу Небото и Земјата се одржувала преку Христа; но сега, кога Исус дошол "во облик на грешно тело" (Римјаните 8,3), проговорил самиот Отец. Тој порано општел со луѓето преку Христа; сега општи со човечкиот род во Христа. Сатаната се надевал дека Божјето гнасење над злото ќе донесе вечна разделба меѓу Небото и Земјата. Меѓѕтоа, сега се покажало дека врската меѓу Бога и човекот е обновена. Сатаната увидел дека мора или да победи или ќе биде победен. Спорните прашања на оваа борба биле премногу важни за да им бидат доверени на неговите здружени ангели. Оваа војна мора да ја води тој лично. Сите отпаднички сили повторно се престроиле против Божјиот Син. Христос станал мета на секое пеколно оружје. Мнозина сметаат дека оваа борба меѓу Христа и сатаната нема некое особено значење за нивниот живот; за нив таа има малечко значење. Меѓутоа, во областа на секое човечко срце оваа борба се повторува. Никогаш човекот не ги напушта редовите на злото за да му служи на Бога, а да не се соочи со напади на сатаната. Искушенијата на кои Христос им се спротивставил се исти како и оние за кои сметаме дека е тешко да им се спротивставиме. Тие му се наметнувале нему во толку поголема мера, колку што неговиот карактер е понадмоќен од нашиот. Со страшниот товар на гревот на светот врз себе, Христос му се спротивставил на искушението на апетитот, на љубовта кон светот и на љубовта за расфрлање што води кон горделивост. Тоа биле искушенијата што ги совладале Адама и Ева и што толку лесно не' победуваат и нас. Сатаната укажувал на Адамовиот грев како доказ дека Божјиот закон е неправеден и не може да се послуша. Христос морал да го откупи Адамовиот престап во наша човечка природа. Меѓутоа, кога искушувачот го нападнал Адама, кај него не се виделе последици на гревот. Тој стоел во сила на совршена мажевност, со совршено крепок ум и тело. Бил опкружен со славата на Едем и во секојдневна заедница со небесните суштества. Така не било со Исуса кога влегол во пустината да се соочи со сатаната. Во текот на четири илјади години човечкиот род опаѓал во својата телесна сила, во умната моќ и во моралната вредност. Христос ги зел на себе немоќите на човечкиот род ослабен со гревот. Само на тој начин можел да го спаси човекот од најголемите длабини на неговото понижување. Мнозина тврдат дека искушението не можело да го победи Христа. Тогаш Тој не би можел да биде ставен во Адамова положба. Тој не би можел да ја извојува победата што ја загубил Адам. Ако во која било смисла имаме многу потешка борба отколку Христос, тогаш Тој не би бил во состојба да ни помогне. Меѓутоа, нашиот Спасител ја зел човечката природа со сите нејзини склоности. Зел човечка природа со можност да попушти во искушението. Ние не треба ништо да носиме што Тој не поднел. Кај Христа, како и кај светата двојка во Едем, апетитот претставувал основа на првото големо искушение. Токму таму каде што почнал падот, мора да почне и делото на нашиот откуп. Како Адам што паднал попуштајќи му на апетитот, така и Христос мора да победи откажувајќи се од желбите. "И постеше четириесет дена и четириесет ноќи и најпосле огладни. Тогаш му пристапи искушувачот и рече: Ако навистина си Син Божји, нареди овие камења да станат лебови. Исус одговори: Пишано е: Човекот не живее само од лебот, туку од секој збор што излегува од Божјата уста." Во периодот од Адама до Христа, попуштањето на самиот себеси ја зајакнало силата на желбите и страстите, така што тие речиси неограничено завладеале. Така луѓето станале морално унижени и болни и сами по себе не биле во состојба да победат. Наместо човекот победил Христос, издржувајќи најтешки искушенија. Заради нас покажал само совладување што било посилно од гладот и од смртта. Во оваа прва победа биле опфатени и други прашања што влегуваат во сите наши борби со силите на темнината. Кога Исус влегол во пустината, бил опкружен со славата на Отецот. Обземен со заедницата со Бога, бил издигнат над човечките слабости. Но славата го напуштила и Тој бил оставен да се бори со искушението. Тоа секој миг се уривало врз него. Неговата човечка природа се повлекла пред борбата што го очекувала. Четириесет дена постел и се молел. Слаб и исцрпен од гладот, премален и измачен со душевниот очај - "Лицето му беше во толкава мера нечовечки обезобразено, што со својот изглед не личеше повеќе на човек" (Исаија 52,14). Сега настапил мигот на сатаната. Сега претпоставувал дека ќе може да го победи Христа. Божем добил одговор на своите молитви, овде му пристапил на Спасителот некој сличен на небесен ангел. Тој тврдел дека има налог од Бога да објави оти Христовиот пост е завршен. Како Бог што го испратил ангелот да ја задржи раката на Аврама да не го жртвува Исака, така - задоволен со Христовата подготвеност да појде по патеката испрскана со крв - Отецот испратил ангел да го избави; тоа била веста што му е донесена на Исуса. Исус бил исцрпен од гладот, чуствувал силна желба за храна, кога одненадеж му пристапил сатаната. Покажувајќи на камењето што биле расфрлени во пустината и што личеле на лебови, искушувачот рекол: "Ако навистина си Син Божји, нареди овие камења да станат лебови." Иако се појавил како светлосен ангел, овие први зборови го оддале неговиот карактер. "Ако навистина си Син Божји." Овде лежи навестување на недоверба. Кога Исус би го прифатил предлогот на сатаната, тоа би било прифаќање на сомневањето. Искушувачот имал намера да го совлада Христа со истите средства што биле толку успешни над човечкиот род во почетокот. Колку вешто сатаната и' се приближил на Ева во Едем! "Зар навистина Бог ви рекол: Не смеете да јадете од секое дрво во градината?" (1.Мојсеева 3,1). До овде зборовите на искушувачот биле вистина, но во начинот на нивното изговарање се наоѓало прикриено омаловажување на Божјите зборови. Имало прикриено одрекување, сомневање во божествената вистинитост. Сатаната се обидел во умот на Ева да влее помисла дека Бог нема да постапи онака како што рекол; дека лишувањето од толку прекрасниот плод е во спротивност со неговата љубов и сочувство кон човекот. Така и сега искушувачот се труди да го вдахне Христа со своите сопствени чувства. "Ако навистина си Син Божји." Овие зборови со својата горчина му нанеле болка на Христовиот ум. Во тонот на неговиот глас се наоѓа израз на крајна недоверба. Дали Бог ќе постапи така со својот Син? Дали ќе го остави во пустината со диви животни, без храна, осамен, без утеха? Тој навестува дека Бог никогаш не замислил неговиот Син да биде во таква состојба. "Ако навистина си Син Божји", покажи ја својата сила со тоа што ќе се ослободиш од гладот што те мачи. Нареди овие камења да станат лебови. Зборовите од небото: "Ова е Син мој, Сакан мој, кој го одбрав" (Матеј 3,17) се' уште одѕвонувале во ушите на сатаната. Меѓутоа, тој решил да го натера Христа да не верува во ова сведоштво. Божјиот глас од небото за Христа бил доказ за неговата божествена мисија. Дошол да живее како човек меѓу луѓето, и тој глас ја објавил неговата врска со небото. Цел на сатаната била да предизвика кај него сомневање во тој глас. Ако може Христовата доверба во Бога да се разниша, сатаната знаел дека победата во целокупната борба ќе биде негова. Би можел да го победи Исуса. Се надевал дека Христос, под притисок на потиштеноста и преголемиот глад, ќе ја загуби верата во својот Отец и дека ќе стори чудо себеси во прилог. Ако го стори тоа, планот на спасението ќе биде скршен. Кога сатаната и Божјиот Син првпат се сретнале во борбата Христос бил заповедник на небесните војски и сатаната, водач на бунтот на небото, бил истеран. Сега нивната состојба очигледно е обратна и сатанта користи најмногу од своето привидно предимство. Еден од најмоќните ангели - кажува тој - бил истеран од небото. Исусовата појава укажува на тоа дека Тој е тој, паднат ангел, заборавен од Бога, оставен од човекот. Божественото суштество би можело да ги поткрепи своите тврдења со некое чудо. "Ако навистина си Син Божји, нареди им на овие камења да станат лебови." Таквиот чин на творечка моќ - му вели искушувачот - би бил убедлив доказ за божествената природа. Тој би ја окончал борбата. Исус не можел во мир, без внатрешна борба, да го слуша најголемиот измамник. Меѓутоа, Божјиот Син не требало на сатаната да му ја докажува својата божествена природа или да му ја објаснува причината за своето понижување. Со задоволувањето на барањата на бунтовникот ништо нема да се постигне за добро на човекот или во слава на Бога. Кога Христос би го прифатил предлогот на непријателот, сатаната се' уште би можел да каже: покажи ми знак дека можам да ти поверувам оти си Син Божји. Доказот не би можел да ја скрши силата на бунтот во неговото срце. Христос не требало да ја употреби својата божествена сила за свое сопствено добро. Тој дошол да го поднесе искушението како што мораме да го сториме тоа и ние, оставајќи ни пример на вера и понизност. Ниту овде ниту кога и да е подоцна во својот земен живот, Тој не сторил чудо во своја корист. Сите негови величествени дела се сторени за добро на другите. Иако Исус го препознал сатаната од самиот почеток, Тој не бил предизвикан да влезе во борба со него. Засилен со сеќавањето на гласот од небото, си починал во љубовта на својот Отец. Тој не сакал да преговара со искушувачот. Исус го сретнал сатаната со зборовите од Писмото. "Пишано е!" Во секое искушение оружје на неговото војување била Божјата реч. Сатаната барал од Христа некое чудо со кое ќе ја докаже својата божествена природа. Меѓутоа, она што е поголемо од сите чуда, цврстото надевање во "вака вели Господ Бог" (Исаија 7,7), било доказ што не можел да се порекне. Се' додека Христос стоел на тоа упориште, искушувачот не можел да оствари предимство. Во времето на својата најголема слабост, Христос бил изложен на најжестоки искушенија. Сатаната мислел дека така ќе победи. На тој начин извојувал победа над човекот. Кога телото попуштило и силата на волјата ослабела, а верата престанала да се потпира врз Бога, тогаш оние што долго и храбро стоеле на страна на правдата биле победени. За време на четириесетгодишното талкање на Израел, кога верата на Мојсеја за миг престанала да се потпира врз бесконечната сила, тој се уморил. Се уморил на границите на Ветената земја. Така било и со Илија кога неустрашиво стоел пред царот Ахав, кој се судрил со целиот израелски народ на чело со четиристотини и педесет Валови свештеници. По тој страшен ден на Кармил, кога се убиени лажните пророци и кога народот му ветил своја преданост на Бога, Илија, за да го спаси својот живот, побегнал пред заканувањата на идолопоклоничката Езавела. На тој начин сатаната стекнува предимство над слабостите на човечкиот род. Тој и понатаму ќе работи на ист начин. Секогаш кога човекот е опкружен со облаци, збунет со приликите или ујаден со сиромаштво и со болка, сатаната е крај него да го искушава и да го мачи. Тој ги напаѓа слабите точки на нашиот карактер. Сака да ја поколеба нашата доверба во Бога кој дозволува постоење на такви прилики. Ние сме искушувани за да немаме доверба во Бога, за да се посомневаме во неговата љубов. Често искушувачот ни пристапува како што му пристапил на Христа, изнесувајќи ги пред нас нашите слабости и недостатоци. Тој се надева дека ќе ја обесхрабри душата и ќе го скрши наќието потпирање во Бога. Тогаш е сигурен во својата жртва. Кога би го пречекале како шТо го пречекал Исус, би избегнале многу порази. Со преговарањето со непријателот ние му даваме предимство. Кога Христос му рекол на искушувачот: "Човекот не живее само од лебот, туку од секој збор што излегува од Божјата уста", Тој ги повторил зборовите што пред повеќе од четиринаесет векови му ги изговорил на Израел: "Припомнувај си за сиот твој пат по кој те водеше твојот Господ Бог низ пустината во текот на овие четириесет години... Те понижуваше и со глад те мореше. но пак те хранеше со мана за која не знаеше нити ни твоите татковци, да ти покаже дека човекот не живее само од лебот, од секој збор што излегува од Божјата уста" (5.Мојсеева 8,2.3). Во пустината, кога изневериле сите средства на потпора, Бог на својот народ му испратил мана од небото и им дал доволно и во постојано количество. Оваа грижа требало да ги поучи дека, додека се надеваат во Бога и одат по неговите патишта, Тој нема да ги заборави. Спасителот сега во дело ја спроведувал поуката што му ја дал на Израел. На еврејскиот народ му е дадена поткрепа со Божјата реч, и со истата Реч му е дадена и на Исуса.Тој го очекувал Божјето време што ќе му донесе олеснување. Се наоѓал в пустина од послушност кон Бога и не сакал да дојде до храна прифаќајќи ги предлозите на сатаната. Во присуство на вселената што сведочела, Тој докажал дека е помалечка несреќата се страда без оглед што ќе не' снајде, отколку на кој и да е начин да се оддалечиме од Божјата волја. "Човекот не живее само од лебот, туку од секој збор што излегува од Божјата уста." Христовиот следбеник често попаѓа таму каде што не може да му служи на Бога и да продолжи со своите световни потфати. Можеби се чини дека послушноста кон некое јасно Божје барање ќе го лиши човекот од основните средства. Сатаната ќе го наведува да поверува дека мора да го жртвува осведочувањето на својата совест. Меѓутоа, единствено што постои на овој свет врз што можеме да се потпреме е Божјата реч. "Затоа барајте го најнапред царството Божје и правдата негова, и сето ова ќе ви се додаде" (Матеј 6,33). Дури и во овој живот не е за наше добро да се одвоиме од волјата на нашиот небесен Отец. Кога ќе ја усвоиме силата на неговата Реч, нема да ги прифаќаме предлозите на сатаната за да добиеме храна или да ги спасиме нашите животи. Наше единствено прашање ќе биде: Што е Божја заповед и какво е неговото ветување? Знаејќи го ова, ние ќе го послушаме првото и ќе имаме доверба во второто. Во последниот голем судир во борбата со сатаната, оние што ќе му бидат предани на Бога ќе видат дека се лишени од секоја земна потпора. Затоа што одбиваат да го кршат неговиот закон за да им бидат послушни на земните сили, ним ќе им биде забрането да купуваат и да продаваат. На крај ќе биде издадена наредба за нивно уништување (види: Откровение 13,11-17). Меѓутоа, на послушните им е дадено ветувањето: "Тој ќе живее на високи места и на тврди градови ќе му бидат прибежиште. Ќе има доволно леб и постојано ќе му дотечува вода" (Исаија 33,16). Божјите деца ќе живеат од ова ветување. Тие ќе бидат нахранети кога Земјата ќе биде опустена со глад. "Нема да се посрамат за време на неволјата и ќе бидат сити во деновите на глад" (Псалм 37,19). Ова време на неволја пророкот Авакум го гледал пред себе и неговите зборови ја изразуваат верата на Црквата: "Зашто смоквата нема повеќе да цути, ниту на лозата ќе има плод; маслинката нема да роди род и полињата нема да дадат храна; овците ќе исчезнат од трлата, во шталите нема да има ниту говеда. Но јас ќе се радувам во Господа и ќе се веселам во мојот Спасител, Бог" (Авакум 3,17.18). Од сите поуки што треба да се научат од ова прво големо искушение на нашиот Господ, ниедна не е поважна од онаа да вршиме контрола над желбите и страстите. Најголем успех во изопачувањето и понижувањето на човечкиот род во сите времиња имале искушенијата што ја допирале телесната природа. Со неумереноста сатаната настојува да ги уништи умните и моралните сили што му ги дал Бог на човекот како непроценлив дар. Така на луѓето им станува неможно да го ценат она што има вечна вредност. Со попуштањето на сетилните задоволства сатаната се обидува да избрише од душата секоја трага на сличност со Бога. Необузданото попуштање што за последица има болести и понижувања, што постоеле вовремето на првото Христово доаѓање, ќе се повтори со посилно изразено зло пред неговото второ доаѓање. Христос објавува дека состојбата на светот ќе биде како во времето пред потопот и како во Содом и Гомор. Секоја помисла на срцето ќе биде постојано лоша. Сега живееме на самиот раб на тоа страшно време и затоа треба да ја усвоиме поуката од постот на Спасителот. Само со неискажаните страдања што ги поднел Христос можеме да го оцениме злото на необузданото попуштање. Неговиот пример ни зборува за тоа дека ние можеме да се надеваме во вечен живот само тогаш ако нашите желби и' страсти и' ги потчинуваме на Божјата волја. Ние не можеме со своја сопствена сила да му се спротивставиме на бучното негодување на нашата падната природа. Низ овој канал сатаната ќе доведува искушение против нас. Христос знаел дека непријателот ќе дојде кај секое човечко суштество да ги искористи наследните слабости и со својте лажни навестувања да ги фати во стапица сите оние што немаат доверба во Бога.Со тоа што поминал на Земјата на која мора да оди човекот, нашиот Господ ни го подготвил патот да победиме. Не е негова волја да се најдеме во неповолна положба во судирот со сатаната. Тој не сака да не' застраши и да не' обесхрабри со нападите на змијата. "Не бојте се", вели Тој, "зашто јас го победив светот" (Јован 16, 33). Оној што се бори против силата на апетитот нека гледа на Спасителот во пустината на искушението. Нека го посматра во неговата смртна мака на крстот како извикува: "Жеден сум!" Тој издржал се' што можеме и ние да поднесеме. Неговата победа е наша. Исус се потпирал на мудроста и силата на својот небесен Отец. Тој објавува: "Господ Бог ми помага, затоа нема да се збунам... и знам дека нема да се осрамотам... Ете, Господ, Господ ми помага." Укажувајќи на својот сопствен пример, Тој ни вели: "Секој од вас што се бои од Господа... Кои оди во мрак, без трошка светлина, нека се надева во името Господово и нека се потпре врз својот Бог" (Исаија 50,7-10). "Се приближува кнезот на овој свет", вели Исус. "Тој против мене не може ништо" (Јован 14,30). Во него немало ништо што би му одговарало на вештото лукавстсо на сатаната. Тој не се согласил со гревот. Дури ни во мислите не му попуштал на искушението. Така можеме и ние. Христовата човечка природа била соединета со божествената; бил подготвен за борба со помош на Светиот Дух кој живеел во него. Тој дошол да помогне да имаме "дел во божествената природа" (2.Петрово 1,4). Се' додека сме соединети со него со вера, гревот нема повеќе власт над нас. Бог ја прифаќа раката на верата во нас за да ја насочи цврсто да се фати за Христовото божество, за да можеме да постигнеме совршенство на карактерот. Христос ни покажал како се постигнува тоа. Со кои средства победил во судирот со сатаната? Со Божјата реч. Само со Речта можел да му се спротивстави на искушението. "Пишано е", рекол Тој. И нам ни се "дарувани скапоцени и најголеми ветени добра со чија помош станувате учесници во Божјата природа ако ја избегнете расипаноста која со опака жед владее во светот" (2.Петрово 1,4). Секое ветување во Божјата реч е наша своина. Треба да живееме во сообразност со "секој збор што излегува од Божјата уста". Кога ќе навалат искушенија, не треба да гледаме на приликите или на личната слабост, туку на силата на Речта. Сета нејзина сила ви припаѓа вам. Христос вели: "Во срцето свое ја затворив речта твоја за да не ти грешам" (Псалм 119, 11). "Јас сум им верен на зборовите на твојата уста, се чував од патиштата на насилникот" (Псалм 17,4). |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1. За Светото Писмо – Библија Ќе направиме краток осврт и на ова поглавје од книгата „Времето и знаците“, осврнувајќи се само на најочебијните невистини во неа, претставени како „факти“. Г-динот Никола Тасевски и во своето изложување за Светото Писмо и како тоа настанало, прави голема грешка, велејќи: За да го одбегнат терминот “апокриф”, кој има негативен призвук, нашите браќа, православните теолози, кои го прифатиле библискиот канон заедно со апокрифите, за апокрифните книги го вовеле терминот “дефтероканонски книги”, што би значело отприлика “второканонски” или “секундарно канонски книги”, половично или нецелосно инспирирани, книги од понизок ранг. Историски неточно, затоа што православните теолози не го вовеле терминот „дефтероканонски“, туку тоа го направил римо-католичкиот теолог Сикст Сиенски во Bibliotheca Sacra [1] во 1566, кој бил преобратен од Јудаизам во Римо-католицизам, со цел да ги означи оние книги кои ги имало во Септуагинтата, а ги немало во Еврејскиот канон на Стариот Завет. Од тие причини, во делата на Светите Отци на Црквата од раното Христијанство, кога збороваат за оние старозаветни книги кои протестантите не ги признаваат, велат дека тие книги се добри за читање - анагиноскомене, како што вели и св. Атанасиј Велики (295-373): Постојат и други писанија, покрај тие кои не се канонски определени, (писанија) определени од Отците да ги читаат оние кои сакаат да пристапат кон огласување и изучување на благочестието; тие се следните: Премудрост Соломонова и Премудрост на синот Сирахов, и Естир, и Јудита, и Товиј, и така нареченото Апостолско учење и Пастирот. Кога веќе го спомнуваме св. Атанасиј Велики, кој го составил првиот комплетен список на новозаветните книги во Воскресното послание во 367 година по Христа, а понатаму одлучувањето за тоа кои книги ќе влезат во канонот на Новиот, а и на Христијансиот Стар Завет, го вршеле Светите Отци на Православната Црква, со полно право можеме да ги запрашаме адвентистите, а со нив и сите останати протестанти: Спoред која логика не ги признавате и почитувате Светите Отци на Православната Црква, а од друга страна благодарение на нив вие денеска го имате Светото Писмо на располагање? Каде беа во тоа време адвентистите и останатите протестанти да одлучат кои книги ќе влезат во канонот? И зарем на оние кои се припадници на Црква која што „не е Христова“ (како што велите) т.е. православните, им бил даден Светитот Дух за да направат таква суштински битна одлука? Која опција и да се земе, сепак излегува, народски речено, дека адвентистите и останатите протестанти се удираат „со свој камен по глава“. Првата опција вели: ако Православната Црква, во која се членови и тогашните Свети Отци, не била раководена од Светиот Дух во тоа време, тогаш ние денеска читаме лажна и небоговдахновена Библија. А втората: ако Црквата била раководена од Светиот Дух, тогаш значи дека таа е вистинската Црква, бидејќи една е верата (Ефесјание 4:5)[2], која е вистина и е чувана во Црквата (1 Тимотеј 3:15)[3], а сите останати заедници, кои себеси се нарекуваат „цркви“, се лажни и не се утврдени на Христовата вистина. Изборот за која опција ќе се одлучат, останува на адвентистите и останатите групи и подгрупи на протестантски заедници. Понатаму, г-динот Тасевски ни образложува зошто апокрифни книги, така наречени од страна на протестантите, не се достојни за да бидат прифатени. Ни дава примери од книгата Товиј, укажувајќи дека некои практики кои се запишани таму, се вражење и гатање[4], а некои поуки – спротивни на Христовата наука[5]. Тогаш ќе го запрашаме: зошто не го отфрли и посланието на св. апостол Јуда, кој во деветиот стих го цитира еврејското апокрифно дело наречено „Мојсеево Вознесение“, создадено врз основа на еврејски преданија? Или, пак, Второто послание до Тимотеј, кое зборува за „тајниот“ документ - книгата Јанија и Јамврија, создадена врз основа на усни еврејски преданија (2. Тим. 3, 8)? Што се однесува, пак, на делот за милостињата, кој е оспорен од страна на авторот, од редовното и целосно читање на Светото Писмо, јасно станува дека тој воопшто не е противен на Христовото учење. Имено, Товит 12:7-10 гласи: Правете добро и зло нема да ве снајде. Добра е молитвата кога е сврзана со пост, милостина и праведност. Подобро е малку со справедливост, отколку многу - со неправда; подобро е да делиш милостина, отколку да собираш злато. Милостината избавува од смрт и може да очисти од секој грев. Оние што делат милостина и прават добри дела, ќе живеат долго на земјата; а оние што грешат - непријатели се на својот живот. Истото тоа се вели и во Изреки 15:27 Со милостиња и чесност гревовите се чистат, а смртта доаѓа преку гревот (Римјаните 5:12)[6], односно гревот води во смрт (Римјаните 6:16)[7] и платата, што ја дава гревот, е смрт (Римјаните 6:23). Значи, ако не правиме грев - нема да умреме духовно, зашто гревот е оддалечување од Бога. Авторот за потврдата дека со милостиња се чистат гревовите, вели дека „е далеку од Библиската вистина“[8], но од наведените стихови повеќе од јасно е дека или Светото Писмо не е прочитано како што треба, или се прави обид за кроење на своја теологија, со цел да се оцрни Православното Христијанство. Да, Евреите уживаат голема предност пред другите народи. Читавме дека тие на светот му го дале Светото писмо и Христа како Спасител на грешниците. Марија, Еврејка, ни го родила Спасителот; Христос, Евреин, е наш Спасител; пророците и апостолите, со кои е поврзано Светото писмо, се Евреи. Првите христијани, кои го посеале семето на христијанството, се Евреи. Значи, христијанството се родило во еврејството и без еврејството нема христијанство. И затоа, ако некој треба да ни состави и да ни даде збирка на светите пророчки книги, да ни го даде светиот канон на Божјата реч, да ни даде Библија, тогаш, секако, тоа им припаѓа на Евреите. И тие ни го составиле и ни го дале канонот на Стариот завет со 39 канонски книги, ни ја дале еврејската Библија која не содржи апокрифи - вели г-динот Никола Тасевски. Точно е дека нашата света вера е јудео-христијанска, во смисла што во времето пред Христа, вистинската вера ја имале Јудејците и тие ги чувале пророштвата за Христовото доаѓање на земјата во човечка плот (тело), но по воскресението на Христос, неговото учење се распространило насекаде и од тогаш нема веќе ни Јудејци, ни Елини (Галатјаните 3:28 )[9] и сите се едно во Христа. Значи, со настапувањето на Новиот Завет, предимство и власт има Црквата Христова во која може да членува и Јудеец и Елин, без разлика, бидејќи многуликата мудрост Божја ни се објави сега преку Црквата (Ефесјаните 3:10), на која неразделива глава е Христос (Ефесјаните 5:23) и Јудејците ако не останат во неверието, ќе бидат прикалемени, зашто Бог има моќ пак да ги прикалеми кон неа (Римјаните 11:23). А како што неколку пати претходно уочивме, Црквата е столб и потпора на вистината (1 Тимотеј 3:15), па затоа и таа одлучила кои книги ќе влезат во канонот на Новиот Завет, а исто така, таа одлучила и Септуагинтата да се прифати. Овде треба да се нагласи дека Септуагинтата била преведена три века, односно околу 280 год. пред Христа, додека канонот на Стариот Завет Јудејците го приклучиле во околу 90 год. по Христа на Соборот во Јавне[10], што јасно покажува дека и Христијаните од самиот почеток го немале Јудејскиот канон кој денеска протестантите го прифаќаат. Оние книги од Стариот Завет, кои протестантите ги нарекуваат „апокрифни“, почнале да се отфрлуваат дури 16 века после Христа, така што првата англиска Библија, позната како Генева, која не ги содржела овие писанија, се појавила во 1599 год[11]. Значи, сé дотогаш, христијаните ја користеле Септуагинтата како канон на Стариот Завет, што може да се потврди и од пишаните дела на раните Свети Отци на Црквата: Дидахи (учењето на дванаесетте Апостоли) кое потекнува од Христово време (I век), св. Климент I папа Римски (+97) во своите дела се осврнува на книгите Мудрост Сирахова и Мудрост Соломонова, ја анализира книгата Јудит и цитира делови од книгата Естир, кои се отфрлени од страна на протестантите, потоа св. Јустин Философ (100–165), св. Иринеј Лионски (115-202), Тертулијан (150-220), св. Иполит Римски (170-235), Ориген (185-250), св. Кипријан Картагински (200-258), блажени Августин (354-430) и др*. Сликовито, Христовото учење и почитувањето на Септуагинтата меѓу споментатие Свети Отци, од учител на ученик се пренесувало на следниов начин: Св. Ап. Петар и Св. Ап. Павле ---> Св. Климент Римски (Св. Климент бил ракоположен од св. Апостол Павле за папа на Рим) Св. Ап. Јован Богослов ---> Св. Поликарп Смирнски ---> Св. Иринеј Лионски ---> Св. Иполит Римски Св. Климент Александриски ---> Ориген Св. Амвросиј Милански ---> блажени Августин И сега повторно да ги запрашаме протестантите: Зошто, покрај толку јасни историски докази дека раните Христијани ја користеле Септуагинтата, која ги вклучува и оние книги кои ги нарекуваат „апокрифни“ (а што не се), ја отфрлаат и го прифаќаат Јудејскиот канон на Стариот Завет, кој не бил користен од раните Христијани? Зошто не ја прифаќаат Септуагинтата, која ја користеле и Светите Отци кои го одредиле канонот на Новиот Завет? Или, додека тие ја користеле таа верзија на Стариот Завет, не биле во право, ама кога решавале кои книги да влезат во Новиот Завет, тогаш биле во право? Следствено на тоа, зошто не го признаваат авторитетот на Црквата, и покрај тоа што Христос ја засака Црквата и се предаде Себе за неа, за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото; та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернување, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна (Ефесјаните 5:25-27)? Или тоа, според некои нивни критериуми, не се смета за грев и Богоборство? Поради сиве овие наведени разумни причини и разобличување на лажните историски факти, излишно е детално да се анализира она што се тврди во книгата „Времето и знаците“, освен некои делови, кои заради читателите, вреди да се разгледаат. -------------------------------------------------------- 1. Cambridge Histories Online - The Apocrypha and Pseudepigrapha of the Hellenistic period 2. Ефесјание 4:5 Еден е Господ, една е верата, едно е крштавањето. 3. 1 Тимотеј 3:15 Црква на живиот Бог, столб и тврдина на вистината. 4. Товит 6:5, 8, 9 Распори ја рибата, извади го срцето, црниот дроб и жолчката и чувај ги! Ако некого го измачува демон, или лошиот дух, тогаш пред таков маж или жена треба да се кади со срцето и црниот дроб и веќе нема да се измачува, а со жолчката се намачкуваат очите, на кои има бели петна, и потоа човекот со такви очи оздравува. 5. Товиј 12:9 Милостината избавува од смрт и може да очисти од секој грев. 6. Римјаните 5:12 Гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот – смртта. 7. Римјаните 6:16 Робови сте му на оној кому му се покорувате: или на гревот, кој води во смрт... 8. „Времето и знаците“ – Никола Тасевски, 99 стр. 9. Галатјаните 3:28 Нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема машко - женско; зашто сите вие сте едно во Христос Исус. 10. Apocrypha - The Council of Jamnia 11. A Brief History of the Apocrypha * Годините се дадени приближно. ПРОДОЛЖУВА... Изменето од Maran Ata - 28.Април.2011 во 04:29 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Внеси реплика | страница <1 3536373839> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |