|
Целта на Масонството |
Внеси реплика | страница <1 3536373839 62> |
Автор | |||
somoteitbe
Група Регистриран: 23.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 83 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Dokolku direkno gi zemes zborovite na GLM ke razberes sto sakase da kaze oti kaj nas sekogas barame pozadina na sekoj izrecen zbor.Masoni ima sekade,ima i kaj nas no edno e da si mason vo srceto i dusata a drugo e da si mason za da se percis so istoto znaci mason samo so umot.Za zal takvite gi imalo,gi ima i ke gi ima no problemot kaj nas vo MK e sto imame mal broj clenovi i vednas pagja vo oko ako nesto ne e kako sto treba.Da se razbereme ne sakam da prejudiciram nisto i za nikogo no celta mi e da objasnam deka 10 clenovi koi taka se protnale niz mali vrati na 10 000 clena e nisto (na primer vo USA) a 2ca na 100 e mnogu i vednas pagjaat vo oko.Verojatno(moj stav ne mora da e vistinit) toa mu bese poentata na GM. |
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Приоритет на секоја ложа е прием на квалитетни луѓе.
Далеку од тоа дека сите членови на ГЛМ се успешни бизнисмени. Има членови кои воопшто не се занимаваат со бизнис, ниту се богати, ниту се познати по нешто - но тоа не ги прави помалку квалитетни. Со оглед на интересот кој постои во Македонија, нормално е да има многу барања за членство - па соодветно мора да се провери кои од нив се "квалитетни" (сериозни луѓе, кои ги исполнуваат критериумите и кои пристапуваат со чисти намери), а кои подале молба, само затоа што им е интересно или затоа што мислат дека нешто ќе добијат со тоа. |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
zidarski... не ги извртувај тезите... факт е дека масонериската машинерија се занимава со политика... оправдувањ(а)ето не ја оправдува вистината... или ако сакаш... причината не го побива фактот... па барал ти... какви сакаш објаснувања за една од реалните (можеби и главна) причини за постоењето на масонските ложи... правење на светот подобро место за живеење... а тоа нели... како инструмент ја вклучува и политиката... на крај на краишта... и самиот кажа... |
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Погрешно разбирање за основниот елемент "правење на светот подобро место за живеење".
Нека да објаснам... Масонството не се занимава директно со тоа да го направи светот подобар. Масонството се занимава директно со тоа да го направи човекот подобар (се однесува на членовите). Му дава "алатки" со кои тој да ја гради својата личност, но материјалот за таа градба, секој сам си го носи. Идејата е дека човек кој е добар, гради добар свет околу себе. Човек кој е добар, нема да трпи неправда. Нема да поднесува луѓето околу него да живеат во беда, да страдаат, без тој да помогне, без да направи нешто, без да промени нешто. Занимавањето со политиката, бизнисот, социјалната активност, е лична одлука на секој масон, а не нешто што ложата го поттикнува, бара или практикува самата. Политиката НИКОГАШ не се спомнува во ложата на состанок, никогаш не се дискутира на политички теми, никогаш не се носи никаква одлука која може да има било каква политичка конотација, дури и кога станува збор за таканаречената социјална политика. Надвор од ложата, секој член го прави (или не го прави) тоа, заради лични побуди и мотивација. Се разбира, при водењето на политика или бизнис, се надеваме дека членовите ќе се водат од масонските принципи на чесност, добротворност и помагање, кои искрено кажано, доста недостасуваат во последно време... Сум зборувал веќе за ова - повеќето политичари кои се масони се воделе од тие принципи и за нив историјата зборува со суперлативи. Но - беспорно е дека имало масони кои кога биле на политички функции имале не особено масонски постапки и често ги заборавале принципите кои ветиле дека ќе ги следат. |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
но морам да забележам и контрадикторен... Ајде вака, што и кој всушност се обидува да го направи светот подобро место за живеење..?? И како тоа би го правел... Политичарите (верувале илин не) и хуманитарните организации...
Ако тоа не е директен обид со конкретна иницијатива, незнам што е тогаш...
А за политичарите... Па не ли е ова што го кажуваш во агендата на секој сериозен политичар (повторно верувале или не)... да помогне... да направи нешто... да промени нешто... да гради подобар свет окулу себе... да не трпи неправда... да не поднесува луѓето окулу него да живеат во беда... нели... да го направи светот подобро место за живеење... Ако масонството ги учи своите членови на ваков начин на живеење... ако тоа е дел од масонсите принципи... тогаш, дај не зезај... сето набројано подразбира занимавање со јавна работа или ако сакаш се постигнува само со директно мешање помеѓу "останатите"... а што е тоа ако не политика... И не, не очекувам да кажеш дека масоните на своите состаноци дискутираат за политика и носат некакви политички одлуки... но, принципите кои ти ги изнесуваш... сами по себе ја подразбираат политиката како орудие за нивно постигнување... па признавал и извртувал ти колку сакаш... бидејќи и мравката не ја гледа целокупната слика, како единка... но учествува во нејзината изградба... Изменето од којсумјас - 12.Септември.2009 во 08:55 |
|||
Highlight
Нов член Регистриран: 10.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 22 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да сватив, сега ми е јасно. Благодарам на одговорите! |
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
којсумјас - тоа е основната разлика меѓу општеството и разбирањето на општеството во Македонија и истото во повеќето западни земји.
Да, должност на политичарите е се тоа што го наброи (иако мал дел од нив тоа самите го разбираат), но ни оддалеку помагањето на општеството, на средината, унапредувањето на условите за живот и се друго за кое зборуваме - не е ексклузивно право на политичарите. Напротив. Живеам во Канада. Земја изградена на масонските принципи. Земја во која има највисок степен на социјална правда и веројатно едни од најдобрите услови за живеење во светот (во секој поглед, не само финансиски). Тука ни оддалеку не се само политичарите тие кои се ангажирани во одржувањето, спроведувањето и унапредувањето на тоа општество, туку тоа го прават граѓаните. Дури - соодносот на активност на граѓаните и политичарите е 95-5 (верувале или не)!!! Тоа се одвива на најразлични начини. Доколку во Македонија се применуваат барем 10% од тукашните методи на социјална активност која граѓаните ја имаат, Македонија ќе биде прекрасно место за живеење. Можам да набројам милион примери... од наједноставни - волонтирање на стотици илјади граѓани за најразлични каузи - одвојуваат по неколку часа месечно (но кога тоа го прават стотици илјади луѓе - се стотици илјади работи часа - сепак Канада и не е така бројна земја), и помагаат во училишта (од средување на училишни дворови, до застанување на возилата кога поминуваат ученици на пешачки насабајле и попладне, до помагање во библиотеката), помагаат во болници (читаат на стари и болни лица, им помагаат да се хранат на тие што не можат сами, забавуваат деца во детските клиники, помагаат на лица во колички), учество во разно-разни манифестации кои се со хуманитарна цел (од разни маратони, културни манифестации итн), собирање на донации (на пример - најголемата болница за детски болести "SickKids" има огромен број на волонтери кои стојат на сите улици со брошури и плакати и ги повикуваат луѓето да донираат - да, овде голем дел од финансиите на болниците се од донации на граѓаните и тоа ситни донации по неколку долари месечно, но како што реков - стотици илјади луѓе го прават тоа!). Активно се учествува во помагање на установи за згрижување на бедни, установи за згрижување на жртви на домашно насилство и жртви на криминал итн... Многу често - кога некој од соседите ќе се разболи од некоја тешка болест (рак на пример), соседите организираат собирање на средства за семејството. Тоа најчесто не се прави затоа што е неопходно (државата доволно се грижи за тие работи), но на тој начин се покажува грижа, се покажува на семејството дека заедницата мисли на нив и дека не се сами во тешки моменти. Секој кој бил во таква ситуација знае колку е ова важно. Истотака има и активности на многу полокално ниво - на пример се организира "Community Watch", секоја вечер, по неколку граѓани се организираат и ги надгледуваат улиците во маалото и пријавуваат доколку има било каква сомнителна активност (крадци пред се). Или жени од маалото се организираат и помагаат на луѓе кои се тешко болни во истото маало и им чистат, готват, перат. Ова звучи како многу работа, но реално - секој поминува по час-два месечно во вакви активности. Сево ова што го наброив се волонтерски работи, за кои не треба да се биде дел од некоја невладина организација, хуманитарна организација или слично. Не се потребни ниту пари за да се случат овие работи. Едноставно луѓето се вклучуваат и одделуваат време. Како што реков погоре - бидејќи огромен број луѓе го прават ова, реалното време кое се посветува од секого не е повеќе од час-два месечно во просек. Оние кои имаат повеќе време (пензионерите или домаќинки) поминуваат и по 10-20 часа неделно во вакви активности. Плус на тоа додади и средства кои се донираат. Речиси секој граѓанин на Канада, донира по 30-40 долари месечно за најразлични каузи (болници, детски проекти, хуманитарни активности). Кога 10-тина милиони луѓе ќе го направат тоа - тоа се многу пари. Самото тоа гради социјална одговорност кај сите граѓани. Граѓанинот се чувствува должен кон општеството, затоа што знае дека општеството е жив организам, каде секоја клетка е важна и секоја клетка работи за истото тоа општество. Истотака - секој граѓанин го чувствува општеството како свое и соодветно го штити од сите кои сакаат да го злоупотребат. Затоа - кога ќе се случи некој минијатурен политички скандал - паѓаат цели влади! Граѓанинот е над се и пред се. Тоа е се резултат на масонските вредности врз кои е изградено ова општество. Да не ми објаснува некој дека "тоа кај нас не може". Може! Само треба многу труд, посветеност и трпение, додека да се стигне до такво ниво. Да, тешко е да се донираат пари таму, но може да се донира време. Ако 100.000 луѓе донираат по два часа месечно, тоа се 200.000 работни часа. За толку време многу работи се завршуваат и многу работи се придвижуваат. А после - кога секој граѓанин ќе биде вклучен во такви активности - ќе бара поголема одговорност од оние кои ги избрал да ја администрираат државата (не го сакам терминот водат или управуваат, затоа што не е точен!). |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Bravo za postot zidarski, ovoj post bi mozel da go premestis i vo podforumot politika, na temata Sto mozeme da napravime za Makedonija, odlicen primer! Pozdrav ! |
|||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
стилот на напишаниот пост е исклучително интересен... реален, сликовит, речит, убедлив, длабоко сугестивен... на прв момент помислив дека е со намера да ја одвлече дискусијата во друг правец... дека е за во друг подфорум... но... постот, софистицирано избегнувајќи го одговорот за односот на политиката и масонските ложи... отвара и една нова димензија, допира една нова дилема...
дали масоните создаваат држави по своои принципи...? дали масоните, ако веќе се така моќни, уриваат држави кои не се базираат на "масонските принципи"...? и за да не излезе дека повторно и повторно се наоѓа некој кој упорно ја отвара "теоријата на светски заговори и масоните"... zidarski... еве, објасни ни... како тоа Канада е "земја изградена на масонските принципи"...? создадена е од масоните...? масоните ја направиле ваква каква е...? бидејќи масонските принципи (според тоа што го кажуваш) се темел на општеството, па и политичарите паѓаат ако не се раководат по нив... тоа значи и дека целокупната политика што ја води Канада (а нели држава како држава - мора да има политика) се базира на масонските принципи... ако е така...а според она што го напиша - така е... тогаш можеш ли да кажеш дека масоните и "масонските принципи" немаат влијание во политиката...??!!! дали масоните не ја креираат политиката - внатрешна и надворешна...?? П.С. Се' нешто мислам дека одговорот на овие прашања ќе отвори нови дилеми... иако во принцип, можеби, работите се едноставни... целта на масонството е... и ... и ... и ... ...итн но во суштина повеќето дискутанти, па веројатно и јас, прашуваме за друго... кои се орудијата за постигнување на целта...??? дали политиката е едно од нив...??? Изменето од којсумјас - 13.Септември.2009 во 07:35 |
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
којсумјас - веќе го објаснив тоа со претходниот пост, но секој бира како ќе го прочита тоа што е напишано.
Масонството не се занимава со политика. Масонството нема зацртано политички цели, нема политичка агенда, нема никаква политичка директива, ниту пак има политичка принадлежност од било каков вид. Масонството не е друштво во кое се седи и се зборува за политика и се решаваат работите. Строго е забрането дискутирањето на било каква политика и политички теми во ложата! За тоа се губи членството! Веќе имам објаснето - масонството е систем од морални поуки, и систем од "алатки" кои му помагаат на човекот да се изгради себе си. Многу едноставно е да се разбере, само треба човек да престане да размислува за ложата како за мрачно место каде се одвива некаков заговор и ќе може да го сфати тоа. Во истата таа ложа се изградува лично и христијанинот и муслиманинот, се изградува и либералот и конзервативецот, се изградува и македонецот и индусот. Секој од нив ќе продолжи да се развива по својот пат, по својот начин и ќе гради според своите лични убедувања, но во сето тоа ќе биде воден од масонските принципи на взаимна почит, толеранција, почитување на правата на другите итн. Ако ми кажеш дека се ова општо-човечки принципи - погледни околу себе и кажи ми реално колку тие функционираат... Така што - кога се вели дека една земја е изградена на масонски принципи, се мисли на следното - земјата е изградена од луѓе кои се самите водени од тие принципи и кои почитувајќи ги тие принципи ги воведуваат во средината во која живеат, во општеството во кое живеат, во темелите на државата која се создава во периодот во кој тие самите се активни во политиката. Не, не се случило да седнат куп масони во ложата и да речат - "еј, ај бе да напраиме една нова земја, а?". Човек кој е воден од принципите на чесност, морални вредности, почит и помагање - не може, а да не ги води своите постапки од истите тие принципи и да направи нешто кога гледа дека општеството околу него има потреба од тоа. Ако народот има против тие принципи, се разбира дека ќе ги промени. Илјадници пати низ историјата, кога народот не се согласува со нешто - го менува, рано или доцна. Но - прашај било кој канаѓанин дали се согласува со начинот на кој е поставено канадското општество, јас ти гарантирам дека од 100 луѓе 100 ќе одговорат потврдно. Така што - Канада не е "создадена" од масоните. Создадена е од историско-економско-социјалните прилики во втората половина на 19-тиот век. Масоните кои биле активни во политиката во тој период, се избориле да се втемелат во новото општество општо-човечките и масонски принципи за кои зборував. Масоните дали имаат влијание во политиката? Ако има во конкретната партија, во конкретниот момент, масони на кои им значат тие принципи за кои зборуваме и кои се водат според нив - тогаш верувам дека ќе се трудат да влијаат водени од тие принципи. Но - одлуката која еден масон ќе ја донесе, се разликува од одлуката која друг масон ќе ја донесе (иако и двајцата се водени од еден ист принцип) - затоа што тоа не е одлука на ложата, ниту пак на масонството - туку лична. Надворешната и внатрешната политика се креираат од парламентот и од владата на Канада. Важи истото што го реков во погорниот пасос. Ќе ти дадам друг еден пример. САД се формирани на истите тие масонски принципи, иако од потписниците на декларацијата на независност - само една третина се масони. Исто така - авторот на декларацијата не е масон, иако декларацијата изобилува со "масонски" вредности. Од 44 претседатели, само 17 биле масони. Долго време во таа држава, масонските вредности биле тоа што ја води... за тоа сосема да биде заборавено во последните 30 и нешто години (иако таа деградација почна пред околу 50 години)... и сите гледаме каде ги одведе тоа и какво "чудовиште" создаде. Целта на масонството е многу едноставна - помагање во личната изградба на членот. Ништо повеќе, ништо помалку. Тоа е единствената цел. Како членот потоа ќе ја манифестира својата "градба", тоа е негов избор. Некои го прават преку хуманитарни активности (основаат организација како Црвениот Крст), некои преку медицината (измислуваат антибиотик како пеницилинот), некои преку спортот (измислуваат спорт кој се вика кошарка), некои преку техниката и технологијата (измислуваат коли и компјутер), некои преку литературата (пишуваат книги како Војна и Мир), некои преку политиката, некои преку образованието. Секој според сопствените интереси, афинитети, можности и желби. Повеќето масони не се занимаваат со политика, не пишуваат грандиозни литературни дела, никогаш не измислиле ништо што би го сменило технолошкиот напредок на човештвото. Така што многу едноставно ќе ти кажам - масонството нема за цел занимавање со политика - нема никој да дојде и да му каже или нареди на членот со што да се занимава и уште помалку да му каже како да го прави тоа. |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
nikolabitola
Сениор Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 150 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Зошто ми ги бришите постовите ?
|
|||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
zidarski...
Ајде вака да погледнеме на работите... Да речеме дека масонството како движење не е поврзано со разно-разни заговори... дека во суштина не се работи за некое мистично движење... туку дека се работи за една обична граѓанска иницијатива... која претставува...
сега прашувам... ЗОШТО му помага на човекот да се изгради себе... одговор - за да го направи светот подобро место за живење.. сега прашувам... КАКО ќе го направи тоа... според тебе... со тоа што ќе ги пушти своите членови по свои "слободни" убедувања да се рашират по светот и да дејствуваат секој во разни области... во уметноста, во науката, во образование, во медицина, во политика... и тука всушност се кршат копјата... ти велиш дека сето тоа не е организирано од масонските ложи... туку е самостојно по избор на членовите... според твоите објаснувања, масонските ложи се сведуват на образовни институции... кои "произведуваат" кадри од областа на почитување на вистинските морални и етички норми... а по "дипломирањето" секој си ја продолжува кариерата... каде сака, како сака... и на крај.. ако сака... јас (а претпоставувам и многу други)... никако не можам да го проголтам ваквото објаснување... едноставно не ми е сфатливо дека масоните делуваат секој на своја рака...неорганизирано... пологично е дека има некаков заеднички план, договор... (и колку тоа мистично звучи - заговор)... и на крај... ако е така како што велиш... нема убавина... на човештвото му е потребна мистика... Изменето од којсумјас - 14.Септември.2009 во 06:56 |
|||
somoteitbe
Група Регистриран: 23.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 83 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Kojsum jas ke probam samo da parafrazoram i uprosteno dokolku uspejam da ti go dolovam deluvanjeto na masonite vo i nadvor od lozite.Znaci vo lozite sekoj vistinski mason se obvrzuva deka ke dade maksimalen doprinos vo opstestvoto na nemu svojstven nacin so toa sto ke pomaga vo sredinata vo koja zivee i raboti istata da stane barem za edna nijansa ako ne poveke podobra od prethodno.Zatoa sekoj mason individualno so svoja vizija deluva na ovaa zadaca koja samiot si ja ima postaveno.Za prv pat ke se slozam so Nikola deka ne mora covek da e mason sledejki gi bozjite zapovedi za da pravi dobri dela i toa e apsolutno tocno,no razlikata pomegju obicniot covek i masonot e vo toa sto obicniot covek ponekogas svesno ke napravi greska i ke bara procka potoa a masonot ima dadeno zakletva deka ne smee da napravi svesno greska i mora da se pridrzuva na istata.Znaci da se bide mason ne e samo gordost i cest tuku i golema obvrska.Eve ke zemam za sloboda da vi kazam edna vistinita slucka od USA.Vo eden bar docna navecer imalo 2ca masoni od koi edniot nosel obelezja(prsten,privrzok za lance) i vtoriot dosta postar koj sedel na sosednata masa.Postariot primetil deka pomladiot brat podpivnal malku poveke (ne pravejki nikakva steta,ne vikajki,tepajki se i sl)tuku ednostavno odel cik-cak i poradi toa postariot go cekal do rano nautro 3casot i pred pomladiot da izleze od barot postariot izlegol i go cekal pred negoviot avtomobil i koga pomladiot izlegol postariot so klucevi vo rakata mu gi izgrebal kolata vo negovo prisustvo kazuvajki mu deka ova mu e pouka da ne gi sramoti site braka so toa sto vo potpivnata sostojba so obelezja seta niz gradot.Plus site masoni vo okolinata gledajki go izgrebanoto vozilo ke znaat koj i zosto toa go storil i na nekoj nacin pomladiot mason zasluzeno si ja dobil kaznata so naravoucenie za idninata.
|
|||
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Намерно повторување на еден ист пост и намерно постирање навреди и провокации на адреса на членови кои активно учествуваат во дискусијата нема да толерирам овде. Еднаш ти објаснив по пп, два пати ти бришам ист пост. Доколку мислиш да дискутираш на темата повели,во спротивно повторно ќе реагирам како и до сега.
|
|||
Внеси реплика | страница <1 3536373839 62> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |