IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ЦАР САМОИЛ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЦАР САМОИЛ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3435363738 50>
Автор
Порака
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2010 во 15:20
Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

http://www.rastko.rs/rastko/delo/11389
Андрија Качич Миошич (1704-1760)

Има многу убави песни за Самуил, во кои и тој и жителите на неговата држава се Бугари.
Видете примерно песната за краља Владимира или песната за Василија Цесара.

Неговите песни се показателни за етнонимот кои се користи во 18 век, пред Паисиј, пред руските творби и сличните глупости.
Секако дека има такви песни, а еден од жителите за кои е пишувано е и Св. Јован Владимир, кој во житијата е прикажан како бугарски светец.  намигнување


Изгледа не си ги прочитал песните. Ete ti ja ednata











Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2010 во 15:23
Jaс ти кажав, не ме чуди во тој период да има и такви песни, штом во некои житија и Св. Јован Владимир е бугарски светец, сосема нормално во тој период и Самуил ќе биде претставен како бугарски цар, Косара како бугарска девојка.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2010 во 15:30
Добро, ама тука Владимир е краљ словински, а Самуил е булгарски.

Дај да ги видиме тие житија, па да процениме зошто бил таму Владимир бугарски светец. Дали бугарите го почитувале како светец или поради друга причина.

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2010 во 15:38
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Добро, ама тука Владимир е краљ словински, а Самуил е булгарски.

Дај да ги видиме тие житија, па да процениме зошто бил таму Владимир бугарски светец. Дали бугарите го почитувале како светец или поради друга причина.



Ако болдираниот дел од твојот пост, се спореди со аналите кои ти ни ги приложи, каде Словените се одвоени од Бугарите, пак остануваат двете понудени теории кои ги понудив неколку страни поназад како опција за значењето на одвоеноста на терминот "Бугарин" и "Словен".

Сега ќе го побарам житието, не е на македонски јазик истото, затоа и малку ќе трае пребарувањето.

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2010 во 15:46
Ќе те почекаме да видиме каква е работата со бугарскиот светец Ј. Владимир. Таков е и кај Паисија.

А незнам дали обрна внимание дека Владимир е Херцеговче, а во времето на Самуил немало Херцеговина.
Миошич ги користи вашите методи.... (тука сакав да поставам емотикон, ама знаеш како влегувам тука преку задната врата, па не успеав)

Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2010 во 16:04
Originally posted by Македон Македон напиша:


Прво, Самуил не може да бил Император, по ниту една основа. Титулата Император ја носел византискиот владетел, другите биле Цареви. А титулите Цар и Император, од формален аспект, не се еднакви.


Титлата "Цар" ако и че е кратенка на "Цезар" е обштоприето да е рамна на "Император" (Василевс"). Затоа Првото бугарско царство во западните источници се вели "Прва бугарска Империjа".
Нали е се едно да речеш "рускиот цар" или "рускиот император".
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2010 во 16:46
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Ќе те почекаме да видиме каква е работата со бугарскиот светец Ј. Владимир. Таков е и кај Паисија.

А незнам дали обрна внимание дека Владимир е Херцеговче, а во времето на Самуил немало Херцеговина.
Миошич ги користи вашите методи.... (тука сакав да поставам емотикон, ама знаеш како влегувам тука преку задната врата, па не успеав)



Житието не го најдов засега, едвај ја најдов оваа куса анализа за неговото житие. Прочитај го делот "Житието на Свети Јован Владимир предадено". Како потврда на тоа што е напишано, побарај некоја фреска, а има такви, каде што Св. Јован Владимир е прикажан заедно со Св. Кирил и Методиј и учениците.

Во однос на "нашите методи" јас не би коментирал, сепак, аналите, па и други документи, говорат доста, нема потреба јас да говорам многу.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2010 во 16:46
Абе не само што е рамно туку и е многу повисока титула,само заради ТуркоМонголите да се осеќаат посупериорни
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2010 во 16:54
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Прво, Самуил не може да бил Император, по ниту една основа. Титулата Император ја носел византискиот владетел, другите биле Цареви. А титулите Цар и Император, од формален аспект, не се еднакви.


Титлата "Цар" ако и че е кратенка на "Цезар" е обштоприето да е рамна на "Император" (Василевс"). Затоа Првото бугарско царство во западните источници се вели "Прва бугарска Империjа".
Нали е се едно да речеш "рускиот цар" или "рускиот император".


Не си во право, еве повеќе за титулата Цезар. Самото тоа што Императорот ја давал титулата говори за тоа дека таа титула не е еднаква со неговата. Сепак, прочитај, повеќе има на ликнот што го приложив, па дури има и примери за тоа кое го говорам. Секако, во својата држава Царот бил оној кој се наоѓал на чело на истата, бил врховен судија и војсководач, но сепак, формално, не бил еднаков со Императорот. Да не излегувам од темата, но односот на Свети Цар Борис и византискиот двор е пример за односот Цар-Император.


Изменето од Македон - 29.Април.2010 во 16:54
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2010 во 17:52
Originally posted by Македон Македон напиша:


Житието не го најдов засега, едвај ја најдов оваа куса анализа за неговото житие. Прочитај го делот "Житието на Свети Јован Владимир предадено". Како потврда на тоа што е напишано, побарај некоја фреска, а има такви, каде што Св. Јован Владимир е прикажан заедно со Св. Кирил и Методиј и учениците.Во однос на "нашите методи" јас не би коментирал, сепак, аналите, па и други документи, говорат доста, нема потреба јас да говорам многу.



Од твојот линк и авторот објаснува зошто бил славен како бугарски светец.
Најинтересно е тоа што го поцрвенив.

Значи немало становништвото ништо бугарско, само бугарското име и бугарската државност.
Само не знам што уште е потребно да се има, за да има нешто бугарско.
Чудна логика имате тоа ексјугословените.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2010 во 18:01
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Житието не го најдов засега, едвај ја најдов оваа куса анализа за неговото житие. Прочитај го делот "Житието на Свети Јован Владимир предадено". Како потврда на тоа што е напишано, побарај некоја фреска, а има такви, каде што Св. Јован Владимир е прикажан заедно со Св. Кирил и Методиј и учениците.Во однос на "нашите методи" јас не би коментирал, сепак, аналите, па и други документи, говорат доста, нема потреба јас да говорам многу.



Од твојот линк и авторот објаснува зошто бил славен како бугарски светец.
Најинтересно е тоа што го поцрвенив.

Значи немало становништвото ништо бугарско, само бугарското име и бугарската државност.
Само не знам што уште е потребно да се има, за да има нешто бугарско.
Чудна логика имате тоа ексјугословените.


Интересен е твојот поглед.
 Значи сите Бугари кога биле под грчка државна, а и културна ( оваа траела долг период и не е спорна ) имале нешто грчко, според твојата теорија барем.

Во однос на "ексјугословените", се надевам дека не ни е упатено нам, на Македонците, во контекст на името или нешто слично.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 07:42
Цар Самоил во 973 година подарил завеса со ликот на Александар Македонски!?


Со брат му Арон отишол на дворот на германскиот цар да му го честита Велигден и да побара политичка поддршка. Како што доликува на гостин, веројатно, како подарок му однел нешто, а домаќинот, исто така, му возвратил. Имено, во музејот во Вирцбург се чува една свилена завеса, на која е претставен орелскиот лет на Александар Македонски. На завесата е претставен Александар кому два орли (христијански симбол) на главата му ставаат златна круна со три крста! Не знаеме дали таа била подарокот за германскиот цар, но би можеле да претпоставиме!


 

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 19:38
„Поедноставно кажано, историјата треба да се толкува, а не да и робува на фактите.“ Д-Р МИЛАН БОШКОСКИ, ИСТОРИЧАР



Originally posted by емил емил напиша:

<SPAN id=ArticleTitle =WB_VECER_Naslov>[COLOR=#000000 size=3">Цар Самоил во 973 година подарил завеса со ликот на Александар Македонски!?[/COLOR"></SPAN>

<SPAN id=ArticleSummary =WB_VECER_Podnaslov>Со брат му Арон отишол на дворот на германскиот цар да му го честита Велигден и да побара политичка поддршка. Како што доликува на гостин, веројатно, како подарок му однел нешто, а домаќинот, исто така, му возвратил. Имено, во музејот во Вирцбург се чува една свилена завеса, на која е претставен орелскиот лет на Александар Македонски. На завесата е претставен Александар кому два орли (христијански симбол) на главата му ставаат златна круна со три крста! Не знаеме дали таа била подарокот за германскиот цар, но би можеле да претпоставиме!</SPAN>


 




Зошто не го покажа целото. лага до измислица и фантазија.
Може да му се посвети посебна тема. Дали овој господин е ИСТОРИЧАР или „ИСТОРИЧАР“?

ИНТЕРВЈУ, Д-Р МИЛАН БОШКОСКИ, ИСТОРИЧАР



Цар Самоил во 973 година подарил завеса со ликот на Александар Македонски!?


Со брат му Арон отишол на дворот на германскиот цар да му го честита Велигден и да побара политичка поддршка. Како што доликува на гостин, веројатно, како подарок му однел нешто, а домаќинот, исто така, му возвратил. Имено, во музејот во Вирцбург се чува една свилена завеса, на која е претставен орелскиот лет на Александар Македонски. На завесата е претставен Александар кому два орли (христијански симбол) на главата му ставаат златна круна со три крста! Не знаеме дали таа била подарокот за германскиот цар, но би можеле да претпоставиме!




Како одговарате на тврдењата дека Самоил не бил македонски цар?
Милан: Секогаш некој ќе се најде од различни мотиви да негира нешто. Слично како и денес со правото на користењето на името Македонија и референцата ФИРОМ, под која сме заведени во ОН. И тогаш политиката ги мешала своите прсти. Точно е дека цар Самоил на надгробната плоча од 993 година, во сеќавање на неговите родители и брат му Давид, се нарекува само "роб божји", никако поинаку. Друго е прашањето како и зошто современите византиски и латински извори го нарекуваат Самоила и неговите поданици. Но ако се има предвид дека освен во Византија, традицијата на Царство постоела единствено во Бугарија до 971 година, сосема е нормално Самоил да претендира на узурпација на царската титула на пропаднатото Царство, бидејќи тоа било признаено од Византија, а современите извори да го нарекуваат по името на државата. Од етничка гледна точка која била неважна во Средниот век, во науката се смета дека бил од ерменско потекло или припаѓал на благородничкиот род на македонската склавинија Берзитија. Во модерната историографија, со исклучок на Бугарската, прифатено е дека Самоил формирал нова држава и црква - Преспанско-Охридската Архиепископија-Патријаршија, чиј центар се наоѓал во Македонија, во Преспа и Охрид, а државата почнувајќи Г. Острогорски, се нарекува македонска, Самоил македонски цар и т.н. Еден современик, потенцирал дека Самоил владеел со областите на Македонците (Лав Ѓакон), друг (Житието на св. Трифун) дека "некој Самоил долго време бил во бунт против римскиот цар Василиј... и во таа тиранска побуна ги ограбувал и опустошувал областите на Бугарија, Македонија и некои градови на Далмација", а трет документ од 18 век Самоила го нарекува "словенски цар". Но независно од тоа, за нас Македонците битен е фактот дека на државно-правната традиција на Македонското (Самоиловото) средновековно царство, се повикувале востаниците на Петар Делјан и Ѓорѓи Војтех. Што е уште поважно, во преродбенско-илинденскиот и постилинденскиот период, македонските интелектуалци во заложбите за создавање на македонска држава, цар Самоил го доживувале како македонски цар. Поедноставно кажано, историјата треба да се толкува, а не да и робува на фактите.
Во новата книга "Скопје и скопската област во Средниот век (од ВИ ЏИВ век)" во издание на Македонска реч, пишувате дека крал Марко никогаш и никаде не се нарекува српски крал или крал на Србите, како што вообичаено во еден период од своето владеење се нарекувал неговиот татко Волкашин, како и двајцата на црковен план ја имале поддршката за кралство од

Охридската архиепископија. Можете ли да потенцирате повеќе факти околу овие прашања?
Милан: Токму така. Имено, кралот Димитрија Волкашин (1365-1371), основачот на македонската владетелска династија Волкашин со центар во Прилеп, од македонското благородништво со политички притисок се издигнува за крал и совладетел на српскиот цар Урош Петти (1355-1371). Во почетокот на совладетелството (1365/66) тактизира, издава повелби и монети од кои се гледа дека го почитува совладетелскиот статус. Набрзо го игнорира српскиот цар, работи на зацврстувањето на својата власт и се конфронтира со него. Есента 1369 година по победата над силите на српскиот цар на Косово Поле, кралот Волкашин го заробува царот. Независното владеење го започнува со потврдување на меѓународни договори (трговски привилегии на дубровчаните). На манастирот Св. Димитрија во с. Сушица му подарува преубав бронзен лустер (полиелеј) на кој е истакнат новиот статус: "Во Христа Бога благоверен крал Волкашин", а својот син Марко го прогласува за совладетел - млад крал. По смртта на Волкашин престолот го наследува кралот Марко, кој набрзо за свој совладетел го прогласува брата си Андрејаш. Како наследник на династијата Волкашин, со престолнина во Прилеп, како и татко му, црковната поддршка ја имал во лицето на Охридската архиепископија. Кралот Марко на фреските на кои е претставен и на монетите се потпишува едноставно: "Во Христа Бога благоверен крал Марко" или "Во Христа Бога верен крал Марко" со што се дистанцира од српската држава. Неговиот совладетел Андрејаш во повелбата испишана во олтарот на црквата "Св. Андреја" на реката Треска се потпишал како млад крал ("кралевиќ Андреаш"), а слично се потпишувал и на монетите. Целосниот раскин на кралот Марко со Пеќката патријаршија и Немањиќката династија, за разлика од постепеното осамостојување на неговиот татко, најилустративно е потенцирано од неговото и на неговите архиереи отсуство на црковно-државниот собор во Пеќ 1375 година, при изборот на новиот српски патријарх.

Тврдите дека на минијатурите кои ги пронајдовте во ракописот на историчарот Јован Скилица (11 или 12 век) е насликан единствениот автентичен лик на цар Самоил. Можете ли да ни објасните повеќе околу тоа?
Милан: Сосема случајно при подготвувањето на монографијата Великаните на македонскиот среден век, во т.н. Мадридскиот ракопис на илустрираната историја на Јован Скилица, на минијатурата под наслов "Самоил ја венчава ќерка си за заробениот Ашот" го открив ликот на цар Самоил. На минијатурата е претставен чинот на венчавањето во црквата "Св. Ахил" во Преспа, настан кој се случил во 998 година. Претставен е архиепископот-патријархот Филип како ги венчава младенците - Мирослава и Ашот и царското семејство. Во групата мажи кои присуствуваат на чинот претставен е царот Самоил во цел раст, а од натписот над неговата глава дознаваме дека тоа е Самоил. Него го гледаме како висок човек, со руса коса на главата и уредна брада, а од лицето му се чита израз на одлучност и бескомпромисност. Согласно византискиот став на непризнавање на неговата царска титула, Самоил не е претставен со царска круна, туку со свечена црвена благородничка капа. Со царска круна Самоил е претставен на минијатурата од Скопје, во која покрај византиската учествувала унгарска војска предводена од кралот Стефан. Историската позадина на оваа минијатура е раскинувањето на бракот на Г. Радомир со унгарската принцеза, поради унгарско-византиското приближување, на што македонскиот владетелски двор реагирал со нејзино протерување, иако таа била бремена. Ловенскиот превод на Манасиевиот летопис од 14 век, кога за ослабената Византија ова прашање не било веќе актуелно. Би сакал да нагласам дека открив уште еден лик на Самоил и неговиот син Гаврил Радомир. Имено, се работи за унгарска минијатура од 14 век. На неа е претставен историски настан од 1002/3 година, битката на Вардар кај Скопје, во која покрај византиската учествувала унгарска војска предводена од кралот Стефан.

Во стари документи е запишано: "За време на словенската опсада на Солун 586 г., 'оние што го опсадуваа беа по број рамни на песокот' во однос на 'собраните Македонци ... и Тесалијци и Ахајци'", како што пишува авторот на Чудата на св. Димитриј Солунски. Како ја објаснувате оваа реченица од 586 година?
Милан: Овој податок како и многу други најилустративно потврдува дека Македонците опстојале во периодот на Римското владеење. Македонија како римска провинција постоела долго време, со менување на нејзините граници. Иако ја изгубила државноста, како што мудро забележала Ф. Папазоглу, Македонците го задржале својот јазик, вовеле своја македонска ера на броење на годините за да ја сочуваат својата посебност. Наспроти верувањата во 19 и половината на 20 век дека Македонците со вклопувањето во Римската империја се романизирале, ваквите тези во современата наука се аргументирано отфрлени. Меѓудругото, и овој како и многу други податоци од средновековни извори, потврдуваат дека Македонците успешно ја пребродиле словенската колонизација и позитивно влијаеле на создавањето на македонската етничка свест.
Пред научната јавност се имате претставено и со труд за Свети Климент. Можете ли да споменете некој ретко објавуван или релативно непознат к*риозитет од неговиот живот и дело?
Милан: Мојот научен придонес за Свети Климент покрај веќе познатите детали за него, од византиски автор (Јован Скилица) го потврдив неговото присуство во имињата на македонското царско семејство. Имено, шестиот син, од 12. деца на македонскиот цар Јован Владислав се викал Климент. Ова потврдува дека култот на Свети Климент бил особено почитуван на македонскиот владетелски двор и е важен аргумент за канонизацијата на Свети Климент во почетокот на 11. век. Не само тоа, меѓудругото овој податок може да ги разјасни мотивите и времето на преместувањето на црковната столица од Преспа во Охрид и неговото издигнување како патрон на Патријаршијата.

Пред неколку години имате изјавено: "Констатацијата дека сме македонски Словени би подразбирало дека ние денес како Македонци со словенски јазик имаме полно право на историско наследство на античка Македонија и на историјата на македонскиот народ и дека во тоа треба да се гледа континуитет и симбиоза во етногенезата на античките Македонци и Словените. Постепено, во Средниот век се наметнува името Македонија за земјата и Македонци за населението." Како го дообјаснувате овој став?Милан: Како и кај сите народи така и кај Македонците низ вековите имало различни влијанија од народите и културите кои дошле во допир со Македонците. Но да се разбереме, Александар Трети Македонски со Империјата која ја создал позитивно влијаел на ширење на брендот Македонија - Македонец. Редица римски императори го имитирале ликот и делото кое го создал тој - Обединета и универзална Империја. Во периодот на раното христијанство, кога се размислувало која личност да се почитува, како создател на единствена екумена, меѓу личностите кои доаѓале предвид да бидат почитувани, имало предлог тоа да биде Александар Македонски. Да се разбереме, Словените кои дојдоа од зад "Карпатите", не го донесоа името Македонија или Македонците. Тие нив или него го затекнаа. Културно-историското наследство на Македонците благодарение на Александар Трети остави траен и неизбришлив печат во светската цивилизација. Во науката е потврдено, дека Македонците имале дијаметрално различен етнички и културен и јазичен белег од Хелените, или ако сакате Грците. Доблеста на Александар во создавањето на светската Империја е што тој хеленскиот јазик и култура ги прифатил и ставил на преден план. Бидејќи веќе рековме дека античкото наследство на Македонците по следот на околностите ни припаѓа нам, пред се, поради брендот Македонија и Македонци, а потоа и на светската цивилизациска баштина, како универзална придобивка. Со етничките промени кои се случиле во 6. и 7. век, со доаѓањето на Словените сосема природно староседелците (Македонците) како популација со повисоко ниво на култура (пред се, христијанството) позитивно влијаела на дојденците-варвари. Треба да се има предвид дека словенската колонизација била поизразена во Солунското Поле, поради привлечноста на богатиот Солун. Словенизацијата на другите делови на Македонија се одвива во различно време и со различно темпо. Како што има бројни случаи во светот така и кај нас дошло до постепена симбиоза помеѓу Македонците (староседелците - помалубројни) и дојденците - Словените (-помногубројни). Постепено низ Средниот век името Македонија за земјата и Македонци за етносот преовладало. Истиот процес се случувал и со јазикот. Јазикот врз словенска основа и име постепено се модифицирал во македонски јазик врз словенска основа, каков што се изучува и е познат денес во светот. Друго е прашањето за свеста, дали сме антички или словенски Македонци. Тоа е прашање на култура или индивидуална свест, во кое никој нема право да се меша или сугерира. Во таа смисла еден пример: Самоил во 973 година со брат му Арон отишол на дворот на германскиот цар да му го честита Велигден и да побара политичка поддршка. Како што доликува на гостин, веројатно, како подарок му однел нешто, а домаќинот, исто така, му возвратил. Имено, во музејот во Вирцбург се чува една свилена завеса на која е претставен орелскиот лет на Александар Македонски. На завесата е претставен Александар кому два орла (христијански симбол) на главата му ставаат златна круна со три крста! Не знаеме дали таа била подарокот за германскиот цар, но би можеле да претпоставиме!

Дејан ТРАЈКОСКИ
ФОТО: Д. АНДОНОВСКИ

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 15:02
Цитирај Во модерната историографија, со исклучок на Бугарската, прифатено е дека Самоил формирал нова држава и црква - Преспанско-Охридската Архиепископија-Патријаршија, чиј центар се наоѓал во Македонија, во Преспа и Охрид, а државата почнувајќи Г. Острогорски, се нарекува македонска, Самоил македонски цар и т.н. Еден современик, потенцирал дека Самоил владеел со областите на Македонците (Лав Ѓакон), друг (Житието на св. Трифун) дека "некој Самоил долго време бил во бунт против римскиот цар Василиј... и во таа тиранска побуна ги ограбувал и опустошувал областите на Бугарија, Македонија и некои градови на Далмација", а трет документ од 18 век Самоила го нарекува "словенски цар". Но независно од тоа, за нас Македонците битен е фактот дека на државно-правната традиција на Македонското (Самоиловото) средновековно царство, се повикувале востаниците на Петар Делјан и Ѓорѓи Војтех.


Predlagam na Makedon da prebroime kolku fakti i kolku lagi ima samo vo ovoj abzac.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3435363738 50>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.