IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што е Адвентистичката црква?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што е Адвентистичката црква?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3435363738 39>
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2011 во 11:15



   

Pak ke dojdam“,,


Niz site vekovi vistinskite hristijani veruvale vo povto-rnoto Hristovo doaganje vo slava. Pri toa tie ne bile rakovodeni od nekakvi lukavo izmisleni bajki, tuku svojata vera i nadez gi te-melele na neposrednoto i jasno Hristovo vetuvanje i na svedost-vata na vistinitata Bozja rec.

Naukata za vtoroto Hristovo doaganje e edna od osnovnite vistini na Svetoto pismo. Taa kako zlatna niska se provlekuva niz celoto Sveto pismo. Ovoj velicestven nastan - vtoroto Hristovo doaganje vo slava - se spomenuva nas 300 pati vo Noviot zavet, a oko-lu 1500 pati vo celoto Sveto pismo.

Vtoroto Hristovo doaganje apostolite go narecuvale bla-zena nadez na vernite. I navistina, za vistinskite hristijani vto-roto Hristovo doaganje sekogas bilo blazena nade`. Tie razbrale deka duri so vtoroto Hristovo doaganje ke bide napolno ostvareno nivnoto spasenie.
So svojata smrt na Golgota Isus na site luge, koi veruvaat vo nego kako vo svoj Spasitel, im ovozmozil osloboduva-nje od grevot, no duri so svoeto vtoro doaganje ke gi oslobodi od po-sledicite na grevot - od solzite, od bolestite i od smrtta. Togas vernite ke dobijat slavna nagrada - besmrtnost, zivot sto ke moze da se meri so Bozjiot zivot.

Ovaa slavna vistina apostol Pavle ja izrazil na prekrasen nacin so zborovite:
“Taka i Hristos, otkako ednas se prinese Samiot Sebe kako zrtva, za da gi premavne grevo-vite na mnozina, vtorpat ke im se javi, ne stanuvajki veke zrtva za grev na onie sto Go ocekuvaat za spasenie.“ (Evreite 9,28)
Prvpat Isus dosol kako malecko dete, se rodil vo Vitleem, ziveel trie-set i tri godini i umrel na krst na Golgota za da go otkupi covekot od grevot i od vecnata smrt, a vtorpat ke dojde kako sudija na svetot, kako car nad carevite, da mu dade na sekogo “spored negovite dela“ (Otkrovenie 22,12).

  • null
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2011 во 11:04




      Славење светци (слави и имендени).

-          Православните и Католичките Христијани практикуваат славење на светци и ангелски суштества (домашни слави и имендени), светци - заштитници (патрони) на градови.

-          Евангелските Христијани не го практикуваат тоа.



Словото Божјо заповеда: “Според тоа, јадете ли, пиете ли, или ако правите нешто друго, ПРАВЕТЕ СÈ ЗА БОЖЈА СЛАВА! “ (1.Коринтјани 10:31) Овој стих објаснува дека само на Бога треба да даваме слава за се. Сетете се, Саул “си подигна споменик,“ наместо Бога да го прослави. Тоа беше вториот грев кој тој го стори.



Дали некаде во Словото Божјо гледаме дека некои од Старозаветните или Новозаветните свети луѓе примале слава од други верници, или дали тие практикувале давање слава на други светии или ангели?



Во Дела Апостолски 14 глава, Апостолите Павле и Варнава проповедале во Листра. Се случило чудо, хром од раѓање преку нивните молитви Бог да го исцели. Пагански свештеник, очевидец “сакаше, заедно со народот, да принесе жртва,“ за нивна слава. (13 ст.) Апостолите препознаа во тоа идолопоклонство кое е страшен грев пред Бога. Се втурнаа меѓу народот и извикуваа: “Мажи, зошто го правите тоа? И ние сме луѓе како вас! Но ви проповедаме да се обратите, од тие суети, кон живиот Бог, Кој ги создаде небото и земјата, морето и сè што е во нив.“ (15 ст.)

Во книгата Откровение читаме во две прилики Апостолот Јован му се поклонил на ангелот кој му давал објави. Прочитајте сами што му кажал ангелот:

-          “Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој и на твоите браќа, кои го имаат Исусовото сведоштво. ПОКЛОНИ МУ СЕ НА БОГА!“ (Откровение 19:10)

-          “Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. ПОКЛОНИ МУ СЕ НА БОГА!“ (Откровение 22:9)



Целото Свето Писмо ни објавува дека верните го славеле само Господ Бог.

“Славете Го Господа, повикувајте Му го Името! ... Славете Го Господа зашто е добар, зашто е вечна Неговата љубов.“ (1.Летописи 16:8,34) Можам да ви покажам стотици стихови каде се вели СЛАВЕТЕ ГО ГОСПОДА или СЛАВЕТЕ ГО БОГА, да ви покажам примери како верните и ангелите ГО СЛАВАТ ГОСПОДА БОГА. Ама не можам да најдам еден стих каде се вели да го славиме некој пророк, апостол, верник, светец, ангел и сл.



Ако Евангелските Христијани не се во право, тогаш ќе му одговорат на Бога дека ниту е заповедано тоа, ниту гледаат практикување на такво нешто во целата Библија. Ама ако Православните и Католичките Христијани не се во право, тогаш тоа е идолопоклонство. Какво оправдување ќе дадат пред Бога?! Сега, самите размислете и испитајте се секој поединечно дали правилно ги толкувате и исполнувате Божјите заповеди. Јас никому не судам, ниту нешто наметнувам, само се трудам да помогнам со Вистината од Словото Божјо. Ете го одговорот зошто постојат различни правци во Христијанството. Затоа што различно се толкува и спроведува Словото Божјо. Затоа што некои Христијани и цркви не се согласуваат дека одредени толкувања и пракси се во склад со волјата Божја.

www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 16:54
Благој с,

Би сакал ако си во можност да дадеш објаснување или коментар на овој Библијски стих:

„Вие што посакавте да се оправдувате со Законот,го изгубивте Христа, отпаднавте од благодатта;
а ние се надеваме и очекуваме оправдание од верата преку Духот.“ (Галатјаните 5:4)



Ме интересира за кој закон овдека се однесува? Дали за 10-те Божји заповеди или на некој друг закон?
И кој се тие што отпаднале од благодатта?

Однапред благодарам.






Со почит, Госпел.
"Be strong and courageous. Do not be terrified; do not be discouraged, for the LORD your God will be with you wherever you go." - Joshua 1:9
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 20:44
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:



Ако Евангелските Христијани не се во право, тогаш ќе му одговорат на Бога дека ниту е заповедано тоа, ниту гледаат практикување на такво нешто во целата Библија. Ама ако Православните и Католичките Христијани не се во право, тогаш тоа е идолопоклонство. Какво оправдување ќе дадат пред Бога?! Сега, самите размислете и испитајте се секој поединечно дали правилно ги толкувате и исполнувате Божјите заповеди. Јас никому не судам, ниту нешто наметнувам, само се трудам да помогнам со Вистината од Словото Божјо. Ете го одговорот зошто постојат различни правци во Христијанството. Затоа што различно се толкува и спроведува Словото Божјо. Затоа што некои Христијани и цркви не се согласуваат дека одредени толкувања и пракси се во склад со волјата Божја.



А како ќе ни објаснат Евангелските Христијани зошто ја сметаат Библијата, онаква каква што е, за Свето Писмо, а притоа забораваат дека истата е составена од книги, кои Католичката или Православната Црква, кои тогаш биле единствена Црква. Светите Отци, односно раните христијански Отци биле оние кои одлучиле кои книги ќе влезат во Светото Писмо, а кои не. Секако, тие како ученици на Апостолите, знаеле точно во што верувале Апостолите, а во што не, па затоа и можеле да го сторат тоа. А токму тие Отци истотака ги почитувале светците. Зошто тоа го правеле, ако воопшто не им било предадено, токму оние кои одлучувале кои книги да влезат во Новиот Завет?

Изменето од Македон - 11.Февруари.2011 во 20:45
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 20:47
Originally posted by gospel gospel напиша:

Благој с,

Би сакал ако си во можност да дадеш објаснување или коментар на овој Библијски стих:

„Вие што посакавте да се оправдувате со Законот,го изгубивте Христа, отпаднавте од благодатта;
а ние се надеваме и очекуваме оправдание од верата преку Духот.“ (Галатјаните 5:4)



Ме интересира за кој закон овдека се однесува? Дали за 10-те Божји заповеди или на некој друг закон?
И кој се тие што отпаднале од благодатта?

Однапред благодарам.






Со почит, Госпел.


Tuka e vo prasanje sto e temelot na naseto spasenie

deka toa ne se temeli na zasluga preku delata tuku preku vera vo Hrista.
Sto Toj napravil za nas i sto moze da napravi vo nas i preku nas.
Toa e komentar koj Pavle go dava vo odnos na "ucenjeto"koe gi odvoilio galatjanite od praviot pat na verata i gi vodi nazat kon toa da bidat kako sto bile evreite vo toj period.
So rituali i odredbeni zakoni!
Kako na primer da smee da se odi samo odredena distanca vo sabota, i tuka pod 'zakonot' se misli evejskiot pogled na zakonot i propisite i deka samo so drebnicavo drzenje na sve sto e vo zakonot togas i samo togas Bog ke bide so niv
i tuka tie go stavale centarot na spasnieto
zatoa Pavle im vika deka zastanile od ona sto toj gi naucil
uste na pocetokot im veli deka e tazen sto nekoi drugi gi vratile na 'starite pateki' na judaizmot a deka dobro pocnale da go gradat spasenieto i poslusnota so vera vo Hrista.

toa e nakratko sto bi kazal


pozdrav


www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 22:50
Spored toa, Zakonot treba da go drzime za nase spasenie ili ne????
"Be strong and courageous. Do not be terrified; do not be discouraged, for the LORD your God will be with you wherever you go." - Joshua 1:9
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 23:13
Originally posted by spiros spiros напиша:

Јас знам дека - покрај секој респект кон секого - нити елен вајт, нити адвентистите, ... нити кyранот, нити ведите, нити буда, нити далаи лама, ... не Го дадоја својот скапоцен Живот за мене (и нас) на Голгота!


Izvini, ama davanjeto zhivot na nekoj za nekakvi idei i celi ne e nikakov dokaz za vistinata na nikakvo veruvanje.

Ima lugje koi si go dale zhivotot za sekakvi idei, pa nikoj ne veli "ete, dokaz deka veruvanjeto i idejata se tochni e faktot sto Ovoj si go dade svojot skapocen zhivot za nas".

Se razbira, toa ne znachi deka nema da ima lugje koi takvite neshta nema da gi zemaat kako nesoborliv dokaz na nivnite veruvanja. Taka bilo sekogash vo site religii i veruvanja. Sekogash imalo, ima i kje ima machenici od site boi i kovovi koi kje bidat posochuvani kako dokaz za nechie veruvanje i ideologija.

A da, sekogash kje se najdat proroci od ISTATA vera koi kje go potvrdat toa. Zarem mozhe nekoj da ochekuva neshto drugo?

I taka e vo site religii.









Изменето од Messenger - 12.Февруари.2011 во 17:36
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2011 во 12:44

           Искуството на E.G.W.



     Старо сведочанство (сведочанство за цркву) или Ризница стр. 86.

„Моетио искуство навистина беше невообичаено, и долго време поднесував посебни душевни борби. Состојбата меѓу Божјиот народ и мојот однос кон делото Господово честопати на мене ставаа терет од болка и разочарување кои не можат да се опишат. Во текот на долгиот низ години гледав на гробот како на единствено место на одмор.

Во својата последна визија го запрашав мојот ангел заштитник зошто бев изложена на така големо душевно страдање и зошто така често бев ставена на сатанското војно поле. Го молев ако треба да бидам така тесно поврзана со делото на вистината, за да бидам ослободена од сите тешки искушенија. Ангелите Господови се силни, и јас барав да ме заштитат.

Тогаш пред моите очи помина мојот изминат живот и ми беше покажано дека сатаната на различен начин се трудел да ја уништи нашата успешност. Честопати настојувал да не одалечи од делото Господово. Настојувал да го постигне својот план на различни начини и со помош на различни орудија, но благодарение на посредувањето на светите ангели бил победен. Видов дека за време на нашето патување од место во место честопати ги поставувал своите зли ангели на нашиот пат за да причини несреќа и да го упропасти нашиот живот, но светите ангели беа испратени да не избават. Мојот маж и јас честопати бевме во голема опасност, но Господ на прекрасен начин не заштити.

Видов дека сатаната посебно не напаѓаше нас, заради нашиот интерес и односот кон Божјето дело.

Кога видов колку Бог се грижи за оние кои се борат и се плашат од него, бев исполнета со надеж и доверба во Бога и истовремено се почувствував прекорена заради мојот недостаток на вера.“
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2011 во 11:49

    PRILAGODLIVOST

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ БИБЛИСКИТЕ ТЕКСТОВИ: Јов 19,25; Јаков 5,10.

11; Рута 2; Естира 2; 2. Коринќаните 11,23-28; Филипјаните 4,11-13.

ЗАПОМНИ ГО СТИХОТ: „Бог ни е прибежиште и сила, докажан

помошник во неволја. Затоа нема да се уплашиме, па макар и земјата

да се разниша, и горите да се срушат во срцето морско. И ако бушат

и се креваат водите нивни, и да се тресат горите од жестината нив-

на“ (Псалм 46,1-3).

Прилагодливоста е умешност како да се соочуваме со неволјите, тра-

умите, трагедиите, заканите или со стресот и успешно закрепнување од

нив без големи последици. Овој концепт привлекува се поголемо вни-

мание бидејќи се покажало дека за човекот е корисно во разумна мера

да покаже прилагодливост кога се соочува со животните тешкотии. Кој

меѓу нас не се соочува со предизвикувачите на големи стресови, во ва-

ков или онаков облик? Токму затоа прашањето гласи: Како да станеме

доволно прилагодливи за да можеме да се соочиме со сé што ни се слу-

чува, а при тоа да не бидеме емотивно уништени? Во шеесетите годи-

ни од минатиот век, Виктор и Милдред Герцел ја напишале книгата Ко-

левка/Лулка на великаниtе (Cradles of Eminence), во која ги анализира-

ле биографиите на повеќе од 700 личности кои преживеале големи теш-

котии во детството (на пример: уништен дом, финансиски неволји, фи-

зички или психолошки недостатоци итн.), па сепак успеале да постиг-

нат големи успеси. Книгата доживеала ново издание во 2004 година.

И Библијата ни говори за поединци кои морале да се соочат со проблеми,

а кои со помош на Божјата благодат, успеале да закрепнат и да ги со-

владаат сите тешкотии. И покрај тешките околности, па дури и карактер-

ни мани, Бог морал да ги употреби и тие да тргнат напред кон победа.

Една жена која побарала психолошки советник за да закрепне од се-

риозна криза, им раскажала на своите пријатели дека една мисла од со-

ветникот била пресудна за нејзиното успешно закрепнување. „Најмногу

ми помогна тоа што советникот тврдеше дека на моите тешки околно-

сти ќе им дојде крај. Обично ми нагласуваше дека моментално сé ми из-

гледа мрачно и бескрајно, но дека нема да потрае премногу долго! Таа

мисла ми помогна да стекнам сила за да оздравам“. Со други зборови,

советникот и помогнал на жената да ја одржи надежта.

Како да изградиме трпение? Англискиот проповедник Џорџ Гудман

еднаш примил едно момче кое побарало да се моли за него. Тогаш отворено

му рекло: „Господине Гудман, би сакал да се молите за мене за да

можам да стекнам трпение!“

Постариот човек му одговорил: „Да, ќе се молам за вас да пројдете

низ неволји!“ „О, не, господине!“ – одговорило момчето. „Мене ми е неопходно

трпение!“.

„Знам!“ – му одговорил Гудман. „И затоа ќе се молам за вас да пројдете

низ неволји!“ Библискиот учител му ја отворил својата Библија и

му го прочитал текстот во Римјаните 5,3 од кој момчето се изненадило:

„Но не само тоа, туку се фалиме и во неволјите, знаејќи дека неволјата

раѓа трпение!“

„Силите на темнината се собираат околу душите и не оттргнуваат

од Христа, и понекогаш можеме само да чекаме, во тага и чудење, об-

лаците да се разотидат. Таквите моменти понекогаш се страшни. Ни се

чини дека секоја надеж пропаднала, и ни обзема очај. Во тие страшни

моменти мора да научиме целосно да се потпреме врз заслугите на помирувањето

со Бога и во секоја наша недостојност да се потпреме врз

заслугите на распнатиот и воскреснат Спасител. Ако правиме така, ни-

когаш не можеме да пропаднеме – никогаш! Кога светлината ќе го освет-

ли нашиот пат, нема да ни биде тешко да бидеме јаки во силата на бла-

годатта. Меѓутоа, трпеливо да чекаме во надеж, кога облаци се натру-

пуваат околу нас и станува се помрачно, за тоа е потребна вера, потреб-

на е покорност преку која нашата вера ќе се соедини со Божјата волја.

Ние пребрзо се разочаруваме, силно молејќи се неволјата да се оддале-

чи од нас, иако би требало да се молиме за трпение за да издржиме и за

благодат за да победиме“ (Елена Вајт, God’s Amazing Grace, 114).
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2011 во 20:34







КОГО СЛЕДИШ: ГОСПОД ИСУС или ...?

“А кога Исус си одеше оттаму виде еден човек, по име Матеј, како седи при митницата, и му рече: „СЛЕДИ МЕ!” ТОЈ СТАНА И ГО СЛЕДЕШЕ.“ (Матеј 9:9)



Господ Исус му пријде на Матеј, при неговото работно место и го повика: “СЛЕДИ МЕ!“ Христијанството е СЛЕДЕЊЕ НА ГОСПОД ИСУС. Следење на секој чекор, стапнување на секоја стапка, каде Господ стапнал. Следење на животниот стил на Господ. Како што живеел Тој, така и ние. Што правел Тој, тоа да правиме и ние. Што кажал и заповедал Тој, само тоа да го исполнуваме.



Пријателе, запрашај се: КОГО СЛЕДАМ ЈАС? Секој следи нешто или некого. Библиските Христијани го следат Господа. Матеј беше грешен човек како секој од нас. Ама кога Господ го повика, “ТОЈ СТАНА И ГО СЛЕДЕШЕ.“ И тебе, Господ Исус ти вели: “СЛЕДИ МЕ!“ Што ќе сториш ти? Те охрабрувам, СЛЕДИ ГО ИСУС!



“УГЛЕДАЈТЕ СЕ НА МЕНЕ, КАКО И ЈАС НА ХРИСТА.“ (1.Коринтјани 11:1)



Оној кој тврди дека е повикан од Бога за да му служи, тој мора да го следи Господовиот пример. Ап.Павле вели: “ЈАС (СЕ УГЛЕДАВ) НА ХРИСТА.“ Кој е твојот животен пример? Кого го следиш ти? Угледувањето на Господа, значи во едноставен речник – КОПИРАЈ ГО ГОСПОДА – ИМИТИРАЈ ГО ИСУСА! Затоа, Ап.Павле ги повикува Христијаните: “УГЛЕДАЈТЕ СЕ НА МЕНЕ, КАКО И ЈАС НА ХРИСТА.“ Ама ако некој ве поучува, а не ги спроведува Господовите заповеди, ако неговиот живот не е како Исусовиот кој е опишан во Словото Божјо, таквиот не го следете.



“Исус му рече: ... оди, продај го својот имот и дај им на сиромасите, и ќе имаш благо на небото! ДОЈДИ И СЛЕДИ МЕ!” А кога момчето го чу тој збор, си отиде нажален, зашто имаше многу имоти.“ (Матеј 19:21-22)



За да тргнеш да го следиш Господа, потребно е откажување и оставање на тоа/тој кое си ги следел претходно. Во горниот стих, гледаме како еден млад богаташ му пришол на Исуса, а Господ му заповедал да го продаде своето богатство, да го остави, да не го следи тој стил на живеење и да го “СЛЕДИ“ Господа. Младичот, нажален заминал, оти не бил подготвен да го остави она кое му пречело да го СЛЕДИ ГОСПОДА.



Богатството е само едно нешто, еден принцип кое може да е препрека за некој да го СЛЕДИ ГОСПОДА. За тебе и за мене, мое да е нешто друго. Во главно, она кое Господ го бара од нас е: ПРЕКИНИ ДА СЛЕДИШ РАБОТИ КОИ ЈАС НЕ СУМ ГИ ЗАПОВЕДАЛ, СЛЕДИ МЕ МЕНЕ И МОИТЕ ЗАПОВЕДИ!



Пријателе, денес или ти и Господ ќе бидете радосни, или и двајцата ќе бидете нажалени. Ако го послушаш Христовиот глас: “СЛЕДИ МЕ“, оставиш се што те спречува да го следиш Господа, и тргнеш да го СЛЕДИШ ГОСПОДА И БОЖЈИТЕ ЗАПОВЕДИ, тогаш и ти и Господ ќе бидете радосни. Ако пак одлучиш да не го СЛЕДИШ ИСУСА, тогаш Господ ќе биде тажен, а ти, можеби не сега, ама страшно ќе зажалиш еден ден кога ќе се најдеш отфрлен од Господа во пеколот. Те охрабрувам, СЛЕДИ ГО ГОСПОДА, и ти, Господ, јас и сите Христијани, и целото Небо, ќе бидеме радосни.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2011 во 01:24
Blagoj_s, при твоето копи-пејстирање си заборавил да го ископираш и потписот на авторот на текстот:

Ваш брат и служител Христов,

Горан Дојчиноски.


Патем, Горан Дојчиноски не е адвентист среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2011 во 13:57
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Blagoj_s, при твоето копи-пејстирање си заборавил да го ископираш и потписот на авторот на текстот:

Ваш брат и служител Христов,

Горан Дојчиноски.

Патем, Горан Дојчиноски не е адвентист среќа


Ti blagodaram...!
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2011 во 18:36
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Blagoj_s, при твоето копи-пејстирање си заборавил да го ископираш и потписот на авторот на текстот:

Ваш брат и служител Христов,

Горан Дојчиноски.

Патем, Горан Дојчиноски не е адвентист среќа


Ti blagodaram...!


Rabotata ne e taka ednostavna kako shto mozhebi na nekomu bi mu izgledala bidejki se raboti za pravni regulacii na koi ne se obvrzani samo chlenovite tuku i Idividi sajtot.

Zatoa pri zachleniuvanjeto i koristenjeto na ovoj sajt sekogash morate da se slozhite so pravilata i propisite koi, megju drugoto, go sodrzhat i ova:


Манипулирање со информации со цел да се скрие потеклото на содржините кои се објавуваат или праќаат преку услугите на ИДИВИДИ порталот

      
Објавување, испраќање и размена на содржини кои се заштитени со авторски права, во согласност со закон

      
Објавување, испраќање и размена на содржини на корисници без нивно барање или согласност







Изменето од Messenger - 19.Февруари.2011 во 18:38
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2011 во 21:03

ЗА САМОПОЧИТТА





    ПРОЧИТАЈТЕ ГИ БИБЛИСКИТЕ ТЕКСТОВИ: Псалм 100,3; Де- ла 17,24-28; Римjaните 12,3; Матеј 22,39; 2. Самоилова 9; Лука 15; Ефесјаните 4,23-32.

ЗАПОМНЕТЕ ГО ТЕКСТОТ: „Но вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени за да ги возвестите совршествата на Оној кој ве повикал од темнина во својата чудесна свет-

лина“ (1. Петровo 2,9).

Едно од големите зла на нашето време е смалената самопочит или

комплексот на пониска вредност. Тој често се јавува пред правните советници

или пастори било како засебен проблем било во врска со толку големите

проблеми како што се расипноста, депресијата или нарушувања

во исхраната. Во секојдневниот живот, смалената самопочит не мора да

достигне клинички размери, но скоро неизбежно ги нарушува меѓучовечките

односи и ја загрозува успешноста на многу подрачја во животот.

Можеби основата причина зошто овој проблем се развива како никогаш

досега е токму дејствувањето на медиумите на масовната комуникација, радио

и телевизијата, весниците и списанијата кои славните личности ги претставуваат

како натпросечно способни и успешни, оставајќи ги обичните луѓе

да се борат со свеста за својата недостојност, неспособност и неуспешност

во споредба со тие идоли кои дефилираат пред нивните очи.

Замислата за самопочитувањето каква што е објавена во Библијата,

ова прашање го согледува на сосем поинаков начин. Конвенционалната

психологија гледа на самопочитта како проценка која некој им ја дава

на своите особини и карактеристики, втемелена на посматрањето на самиот

себе и оценките на другите. Библијата ни нуди уште два дополнителни

фактора: потеклото на луѓето (1. Мојсеева 1,26.27) и Божјето

мислење за секој поединец - Неговиот дар за човекот (Јован 3,16). Кога

ќе ги додадеме и тие два фактора, на подрачјето на самопочитта можат

да се променат многу работи.

Ако некој се најде во искушение да се занимава со мисли за својата помала

вредност, изгубеност или запоставеност, треба да се сети дека заедно

со таа состојба доаѓа и нешто важно – посебна и нежна грижа од Бога и неговите

ангели. Пастирот многу повеќе се грижел за изгубената овца отколку

за останатите 99! Жената ги заборавила останатите денари и внимателно

пребарувала с# додека не го нашла оној еден што бил изгубен! Изгледа

дека и таткото посветил многу поголемо внимание на неразумните барања

на изгубениот син отколку на барањата на својот првенец. Пастирот, жената

и таткото покажуваат посебна грижа за најнеуспешните поединци.

Со тоа, кога изгубениот ќе се најде, најстанува голема радост и на Земјата

и на Небото. Погледнете колку силно овие параболи ја откриваат љубовта

што Бог ја негува кон секого од нас, без оглед на нашите слабости!

Ова начело треба да го примениме за да им помогнеме на оние што имаат

потреба. Толку често, во разговор со луѓето, ние можеме да им направиме

големо добро ако создадеме опуштена, прифатлива и доверлива атмосфера.

Луѓето, особено оние што се ранети во срцето, треба да знаат дека некој

се грижи за нив, дека некој води грижа за нивните болки.

Хријанинот има јасна предност пред оние што не го прифаќаат Господа

или не веруваат во Него. Бог е достапен 24 часа во денот, седум дена во

седмицата, и може да ги сослуша осамените, загрижените, потиснатите од

депресија и стрес. Таа заедница со Бога треба да стане доволна причина да

се почувствувате посебни и да се ослободите од комплексот на пониска

вредност, да стекнете посилно чувство на самопочит.

Се разбира, најголемиот показател на нашата вредност пред Бога е крстот.

Повеќе од сe друго, крстот открива колку вредиме во Божјите очи, без оглед

на слабостите и маните што ги имаме. Крстот ни кажува дека независно од

тоа што го мислат другите за нас, или што мисли општеството за нас, ние

имаме бескрајна вредност во очите на Создателот на вселената. Земајќи во

обѕир колку е непостојано нашето општество и колку се непредвидливи и поминливи

неговите вредности, колку треба проценките на другите или на целото

општество да влијаат на нас и на нашата свест за сопствената вредност?

„Ние губиме големи и богати благослови затоа што занемаруваме да

бараме од Господа со понизно срце. Кога доаѓаме пред Него со искрено

срце, барајќи да ни ги покаже нашите недостатоци, Тој ќе ни ја покаже нашата

слика, која се одразува во огледалото на Неговиот Збор. И кога ќе се

видиме себеси онака како што Бог гледа на нас, не треба да заминеме

забаравајќи какви сме како луѓе. Оние особини на нашиот карактер коишто

не се добри треба да ги проучуваме критички и да бараме благодатта

да ги усогласи со примерот што ни е покажан во Божјот збор“ (EGW, The

Lake Union Herald, 3. новември 1909).

www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3435363738 39>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.