IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 41>
Автор
Порака
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 02:27
Zidarski,зошто ми го избриша постот? Тоа беше само нормална реакција на ЕвАнгелос за неговото непотребно инволвирање на муслиманите во темава. Барам да се едитира и неговиот пост.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 02:28
Извини што ве спомнав deshad.
 
zidarski, мене не ми е цел да те надзборам тука или да си играм реторички акробации со тебе во ниедно време од ноќта. Мене целта ми беше да ви посочам преку Божјото Слово дека вашите аргументи за буквално толкување на тој стих вино=крв не држат, затоа што ако според вашиот "критериум" вино = буквална крв, тогаш според тој ИСТ критериум и Исус = буквална Лоза и Верниците = буквални лозинки. Значи, или критериумот не е добар, или Исус е буквална лоза, а ние буквални лозинки. А ако критериумот не е добар, тогаш зошто на тој критериум ви се основа вашата православна догма за канибализам во причеста?
 
Мараната, изворните библиски христијани не се следбеници ниту на Лутер, ниту на Цвингли, ниту на Калвин, ниту на светите отци, туку САМО НА ХРИСТОС!
Кога јас сум го цитирал Лутер како авторитет?
Кога јас сум го цитирал Цвингли како авторитет?
Кога јас сум го цитирал Калвин како авторитет?
Неколку пати цитирав некои од "отците", ама не како мој авторитет, туку како ваш авторитет, притоа сакајќи со вашите авторитети да ви ги побијам вашите догми!
Зарем не е очигледно од моите постови дека јас сум следбеник на Христос? Зарем не се скоро половина од моите постови Христови изјави?
Еден е мојот Учител, Еден е мојот Пат, Еден е мојот Пастир, Една е мојата Вистина, Еден е мојот Божји Збор, Еден е Мојот Господ и Спасител - Исус Христос големо%20гушкање


Изменето од EvAngelos - 23.Септември.2008 во 02:35
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 02:47
Евангелос - воопшто не станува збор за вербална акробација, немав воопшто таква намера. Одговорот кој го дадов е многу искрен, јасен и точен.
Ама бидејќи не е разбран, да појаснам - во Светото Писмо, јасно се гледа на кои места се зборува во парабола, на кои со симболи, а на кои места зборот го означува она што буквално го означува. Патем - тоа и ти самиот го потврдуваш, со тоа што заклучуваме дека не е целата Библија симболичка, туку само некои работи... е сега - се разликуваме во одлуката кои стихови ги третираме како буквални, а кои како симболички. Нема ништо страшно во тоа - секој има право на свое видување и сопствен однос кон она во кое верува.
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 02:58

Ок, тогаш одиме понатаму...

Како можел Христос да им ја даде Својата пролеана Крв на апостолите да ја пијат, кога таа сеуште не била пролеана т.е. Христос сеуште не бил распнат?
 
И како можел Христос да ги наведува апостолите на грев терајќи ги да пијат крв, кога таквата постапка била забранета според Мојсеевиот закон, а исто така е забранета и во Новиот Завет?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 03:06
Евангелос... Христос е БОГ! За Него, се е можно и се е дозволено.
Бог вели - не убивај, па сепак - Тој самиот многу пати одзел нечиј живот.
Зарем можеш воопшто да поставиш под прашање некоја Божја постапка и одлука?! Тој Е, нели?
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 03:19
Сакаш да кажеш дека Христос како Бог можел да им да де од пролеаната Негова крв која сеуште не била пролеана? Да им даде од крвта на Новиот Завет кој сеуште не бил заверен?
Ова му доаѓа како: Бог е семоќен и Тој може да нацрта триаголен четириаголник среќа
 
zidarski, еве ти доказ дека Христос ја воспоставил Спомен Вечерата како меморијал, а не како канибалски оброк...
 
"Зашто, јас го примив од Господа она, што и ви го предадов: дека Господ Исус, во онаа ноќ во која беше предаден, зеде леб, и благодари, го раскрши и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело, кое се крши за вас. Правете го ова за Мој спомен!” Исто така и чашата, по вечера, и рече: „Ова е чаша на Новиот Завет во Мојата крв. Правете го ова, секојпат кога пиете, за Мој спомен!” Зашто, секојпат кога ќе го јадете овој леб, и ќе пиете од оваа чаша, ја навестувате Господовата смрт, додека дојде Тој."
(1 Коринтјаните 11:23-26)
 
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 03:27
Да, и ние го правиме тоа за Негов спомен, чекајќи Го да дојде.
Зарем БОГ треба да ја пролее крвта своја за да може да им ја даде на своите ученици? Не, како што може водата да ја претвори во вино - виното го претвора во крв, со тоа што го осветува, и соодветно лебот во тело Негово.
Идејата дека треба за Бог да се размислува во човечки граници е апсурдна.
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 03:35
Идејата дека, откако православниот свештеник ќе му направи укрс, виното се претвара во Христовата крв (во Христовите еритроцити, леукоцити, тромбоцити итн), а лебот во Христовото тело, е НАЈГОЛЕМИОТ апсурд во православието. На секој православен што му го имам кажано ова ми се смее и не ми верува, па откако ќе се консултира со попот и ќе се увери дека православието навистина верува во овој "канибализам", најчесто се ослободуваат од прангите на православието и неговиот мистицизам.
Имам уште долго да пишувам на оваа тема, ама ќе се поштедам себе си, затоа што нема заинтересирана публика, нема искрени трагачи на Бог кои без предрасуди и црковни догми ја бараат вистината.
Поздрав!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 03:40
Мда... вистински трагачи по вистината се само оние кои се согласни со тебе, кои немаат свој став и го прифаќаат твојот. Оние кои имаат различно мислење од твоето - се или еретици или богохулници... или лажговци...

Само што јас не можам да го ограничам Бога во твоите човечки рамки во кои ти го поставуваш и неможностите кои му ги припишуваш... вклучително за претворањето на виното во крв (а за леукоцитите и еритроцитите - хм... за Бог зборуваме тука - Тој создава Се и решава кое какво ќе биде, а не јас, ти или науката).
Do what is right, come what may...
Кон врв
rafaela princess Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 23.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rafaela princess Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 03:42
samo eden e gospod!!!vo bilo koja vera jasno???
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 03:43
Јасно де... ама не е јасно каква врска има со темава.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 05:16
Секој може да порекнува колку сака и што сака, ама историјата кажува друго. Како што знаеме за крстоносните војни од историјата и што се се случувало во тој период, така знаеме и од каде произлегуваат новотариите кои се изнесуваат тука на форумот. Може некој не сака да си го признае тоа, ама нека прочепка по архивите и ќе види дека е така.
За се постои историски доказ, како што во православието постои историски доказ дека сите свети и црковни отци и од времето на 1ви, 2ри, 3ти, 4ти, 5ти..............21ви век исто ја толкуваат причеста и не се побиваат еден со друг.
Ако некој има спротивни континуирано-историски аргументи, нека ги изнесе, а не да се вели -па јас сум следбеник Христов, на изворното Христијанство... ајде докажи го изворното! Не може да се почне со Христа во 1ви век, па потоа еден огромен вакуум од 20 века, за во 21ви век пак да се стигне до Христа. Се треба да има континуитет. А православниот континуитет се гледа во списите на светите отци кои ни ги оставиле како предание.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 12:06
Мараната, историјата е политичка работа. Ние денес сме сведоци како ни ја менуваат историјата пред сопствените очи. Ако не ми веруваш, земи го учебникот по Историја што се проповеда денес во училиштата и спореди го со тој учебник од каде што тебе ти проповедале наставниците. Косата ќе ти се крене! среќа
Но тоа не се случувало само денес, туку континуирано низ сите векови. Една од првите лекции што ги учат студентите по Историја е дека "Победниците ја пишуваат Историјата".
Што се однесува до "континуитетот", православиети и католицизмот го имаат најголемиот дисконтинуитет во верувањата. На пример едно верувале во 1от вселенски собор (дека бракот треба да им се дозволи на епископите), а друго верувале подоцна. Едно верувале раните црковни отци, а други верувале оние на кои вие се повикувате. Едно верувале Игнасие, Поликарп, Кирил Александриски, а друго верувале Панама, Јован Дамаскин, Амвросиј Милански итн. И не може сите овие да се ставаат во еден ист кош "свети отци".
Некои од "светите отци" користеле икони, некои не.
Некои биле иконоборци, а некои иконопоклонци.
Некои се молеле на Марија, а некои само на Господ.
Некои се поклонувале пред мошти, а некои само на Господ.
На некои од отците со текот на вековите официјалната црква (Римокаточика), уште пред да се појави православието, им бутала во устата на "отците" зборови (демек они така кажале и напишале) со цел да го искористи нивниот "отечки" авторитет и да си ги оправда своите ДОГМИ.
Не велам дека Историјата е лоша, но дека е многу осетлива тема, дека и таа не е на ваша страна (иако се повикувате на неа), но свесен сум дека ако почнеме таков муабет, дека тука ќе стане каша попара.
Затоа се повикувам на една ПРЕВЕРОДОСТОЈНА Историја која ја признаваме и ние христијаните и вие православните, а тоа е Библијата. Таа е нашиот заеднички документ, нашиот добар темел за една културна дискусија.
Затоа Мараната, веќе одамна ти ги поставив овие прашања и ти два пати ги заобиколи, но еве, ќе ти ги поставам повторно, одговори ми...
 
Покажи ми каде Христос или апостолите се цртале икони, осветувале икони, продавале икони, се молеле пред икони, се поклонувале пред икони?
Покажи ми каде Христос или апостолите осветувале вода?
Покажи ми каде Христос или апостолите се молеле на покојни верници?
Покажи ми каде Христос или апостолите се молеле на Мојсеј, Авраам, Исак, Јаков, Ное, Лот, Илија, Еремија, Исаија, Јован Крстител итн?
Покажи ми каде Христос или апостолите користеле икона од некој од горенаведениве?
Покажи ми каде Христос или апостолите се поклонувале на лешевите од верниците (мошти)?
Покажи ми каде Христос или апостолите принесувале свеќи за живи, за мртви, за здравје и сл?
Покажи ми каде Христос или апостолите и се молеле на Марија? Каде ја нарекле најголема, пресвета, преблагословена, владичица?
Покажи ми каде апостолите дозволиле да им се поклонуваат? (А од друга страна има јасен цитат каде што апостол Петар одбива поклонување)
Покажи ми каде на апостолите им бацувале раце?
Покажи ми каде апостолите носеле свештенички одора, великодостојнички мантии и огромни златни крстови на нив?
Покажи ми каде Христос или апостолите проповедале етнофилетизам?
Покажи ми каде Христос или апостолите се прекрстувале со рацете?
Покажи ми каде Христос или апостолите мафтале со кандила?
Покажи ми каде Христос или апостолите се мешале во политика?
Покажи ми каде Христос или апостолите се побратимувале со власта?
Итн.
 
Покажи ми каде во Светото Писмо Христос или апостолите направиле било што од горенаведениве и јас уште од вечерва ќе го правам тоа. А ако не најдеш ништо од тоа во Светото Писмо, тогаш немој да ме судиш затоа што се држам до изворното, библиско, Христово и апостолско христијанство.
 
"За божествените и светите верувања на нашата вера, не смееме да дадеме ниту најмала забелешка, ако таа не е потврдена од Светото Писмо... Не ми верувајте затоа што ви кажувам нешто, освен ако истото не е потврдено од Светото Писмо. Нашето спасение, кое е нашата вера не е мудро размислување, туку е докажана преку Светото Писмо.“
(Катехизам на Кирил Александриски, Лекција 4:17)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
ggstefan Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 266
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ggstefan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 13:06
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Кога има потреба да се разбере дека е парабола, тоа е јасно. Кога нема потреба - истотака е јасно. А тоа што ти го велиш за крвта и телото - тоа е само и единствено твое толкување (и на твоите сомисленици). Јас го толкувам поинаку (како и повеќето Христови следбеници).


vrlo vrlo vrlo diskutabilno.

a i da e taka, odkoga Bozjoto se meri so referendum?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 41>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.