IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Власи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Власи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 66>
Автор
Порака
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2009 во 12:11
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2009 во 11:04
Г.С. Раковски за Цинцарите (син-цари - царските синови)1860 г.

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2009 во 23:27
‘На самиот почеток Стерју кажува: ‘не сме ниту тајно училиште, но ниту јавно. Државата ФИРОМ не дозволува во земјата да се внесуваат историски книги од Грција и на разни начини успеваме да добиваме по некоја книга за оние кои сакаат да научат грчки во ФИРОМ’. Прво што се забележува е дека Стерју не го признава уставното име на државата во која живее и го користи најчесто името ‘ФИРОМ’, но и името ‘Скопје’, како синоним за Република Македонија. Не е јасно зошто ‘учителот по грчки јазик’ го нарекува своето училиште донекаде ‘тајно’, кога се знае дека во нашата земја постојат голем број училишта за странски јазици, во кои, покрај останатите светски јазици, се изучува и грчкиот. Од друга страна, изненадува фактот за потребата од грчки историски книги и каква би била нивната улога во едно училиште во кое се изучува грчкиот јазик?!

Во продолжение на репортажата, битоланецот Танасис Стерју со своевидна гордост нагласува дека во последните години бројот на неговите ученици постојано расте и дека бил принуден голем број кандидати да одбива. Но и да се пофали, дека досега, во неговото училиште грчки јазик научиле околу 1.000 ученици, и дека оваа година нивниот број изнесувал повеќе од 40 на возраст од 6 до 40 години. Изјаснувањето на Стерју, дека на ден земал по само едно евро од ученик се знае дека таа цена е прениска во споредба со останатите училишта за странски јазици во нашата земја, треба да преставува ‘дело’ за восхит кај секој Грк, а исто така и поттик за помагање на ова ‘национално дело’.

Треба да се потенцира, вели м-р Димитар Љоровски, дека во текот на целото интервју во весникот ‘ Та Неа’ од пред шест месеци , кое го води новинарот Стелиос Враделис, Танасис Стерју неосновано ги напаѓа властите на Република Македонија, меѓу другото и дека не му дозволиле да внесе во државата грчки книги по историја. Исто така, жестоко ја обвинува владата на ‘ФИРОМ и поради недостаток на просторни услови за изведување на наставата, односно дека ‘не ми доделува простор, додека конзулатот во Битола дури последните 3-4 години почна да гледа пореално на работите околу предавањата на грчкиот јазик во Скопје’. Неоснованите обвинувања се јасни, вели м-р Љоровски, а и самиот Стерју добро знае, дека секое приватно училиште или поединец е должен сам да си обезбеди простор, а не тоа да го бара од државата. Сепак, неговото ‘национално дело’ доби поддршка од грчкиот конзулат во Битола, за која, самиот ќе каже, дека ‘на тој начин се реализира пристигнувањето на книги од Грција, кои се однесуваат на јазикот, културата и историјата’.

‘Карактеристично е што Стерју етничките Македонци, по потекло од Егејскиот дел на Македонија, ги идентификува како Грци’ и ги воопштува со терминот ‘политички бегалци’. Добро се знае дека од сите политички бегалци кои ја напуштија Грција по завршувањето на Граѓанската војна, само на етничките Македонци не им беше дозоволено да се вратат на своите огништа, додека на Грците со законот од 1982 година им беше дозоволена репатризација. Новинарот Враделис ги констатирал причините за почетоците на ‘тајното грчко училиште’ во Битола, се разбира така како што му раскажал Стерју, ‘во разговор со други Грци кои се наоѓаат од другата страна на границата (Р. Македонија) и не можеа да се вратат во Грција, сфатил дека многу од нив сакале да ги научат своите деца да говорат грчки јазик, но и самите да се потсетат (на јазикот), но такво нешто беше забрането’. Од ова се гледа дека ‘учителот по грчки јазик’ својата јазична пропаганда ја имал насочено кон Македонци по потекло од Република Грција, со јасна тенденција кај обичниот грчки читател да ги претстави како Грци. Во интервју на веќе погоре споменатата телевизиска емисија, освен етничките Македонци, Стерју како целни групи ги наведува и Власите и Саракачаните. Откако новинарот ќе сублимира дека повеќето негови ученици потекнуваат од семејства кои имаат ‘грчки корени’ и сакаат да го научат ‘јазикот на своите предци’, битолчанецот Стерју за истите ќе потврди дека се ‘Грци’ и дека ‘не се признаени како национално малцинство во Скопје, како на пример Бугарите и Албанците, вели м-р Љо-ровски, анализирајќи ја пропагандата што преку наши ‘лојални’ државјани се води во Грција.

Самиот Танасис Стерју признава дека потребата и желбата за добивање грчка литература од Република Грција му се исполнува со двете енциклопедии добиени од Организацијата за распространување на грчкиот јазик. Сега тие од негова страна се користат во дидактичкиот процес, а се однесуваат на грчката митологија, историјата на античка Грција и востанието на грчкиот народ против османлиската доминација од 1821-та година. Како и да е, Танасис Стерју во своето училиште, покрај грчкиот јазик, на своите ученици им предава и грчка историја.

‘Во интервјуто во врска со ова тој ќе каже дека ‘историјата е најтешкиот дел од овој проблем, но час по грчки без историја не може да постои’. Но, на каква историја ги учи тој децата? На ова прашање одговор ни дава самиот Стерју: ‘во ФИРОМ децата учат друга историја од онаа што учат децата во Грција. На пример, за Александар Велики јас сум должен да им кажам дека за Грците тој потекнува од Грција, а не од Македонија, како што учат моите ученици во училиштето’. А ние на ваквото негово сведоштво ќе се запрашаме, дали ова не значи паралелно изучување на историјата во Република Македонија и како тоа ќе влијае во свеста на учениците и нивното понатамошто национално оформување? И кој го дозволува тоа? За жал, паралелно со овој процес, во Битола денес постојат и две здруженија на Трци’ во Република Македонија. Првото е формирано во септември 1998 година, како Друштво на пријателство и соработка меѓу Грција и Битола а се вика ‘Пелагонија’. Денес ова друштво брои повеќе од 400 членови, од кои 60 се најактивни. Прв претседател на друштвото бил познат битолски судија и адвокат, а денес претседател е личноста со иницијали Е.Р. Од 1999-та година во друштвото започнува да се изучува и грчки јазик, а часовите ги одржуваучителотА.С.Друштвото’Пелагонија’ соработува со грчки друштва формирани од Битолчани, кои по по-делбата на Македонија се преселени во Грција. Тоа се друштвата ‘Картерија’ од Солун и ‘Елпис’ од Лерин. Покрај ова друштво, во 2002-та година беше формирано и Друштвото пријатели на грчкиот јазик ‘Око’, односно ‘Мати’ а негов основач е токму Танасис Стерју. Една од активностите на Стерју, покрај предавањето на грчкиот јазик и историја, претставува организирањето на бесплатни летувања на негови ученици во грчки одморалишта и посетата на историско-археолошки знаменитости во Република Грција. Сепак, најголемо внимание привлекува посетата на Стерју и неговите ученици на грчкиот парламент, при што истите беа примени од страна на претседателот на грчкиот Парламент, Димитрис Сјуфас, вели м-р Димитар Љоровски, подвлекувајќи дека целата оваа активност се финансира од Грција, од владини или невладини организации.

Доказ за ова, вели м-р Љоровски, е писмото на Танасис Стерју до Друштвото за распространување на грчкиот јазик, објавено на интернет страницата http://www.odeg.gr/html/kataskinosi08.html. Во писмото учителот се заблагодарува за овозможената посета во одморалиштето Св. Андреја во општината Атина, но истовремено и ‘за економската помош која ја добивме за децата од Битола во ФИРОМ’. И сосема на крај, како заклучок, вели тој, ќе резимираме дека соседите, во случајот грчкиот, треба добро да се познаваат за да може државната политика правилно да се насочува во градењето на меѓудржавните односи, но навреме да се реагира и да им се парира на разновидните акции кои имаат поткопувачки карактер. А Грците не следат на секој чекор и не познаваат многу добро.
Кон врв
g-1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Регистриран: 10.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај g-1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 01:23

Не е јасно за што служи приложениот текст.
-------------------------------------------------

Прашањето е кој е Танасис Стерју ????
------------------------------------------------------

А, исто така прашањето е, кој и од какво потекло е м-р. Димитар Љороски ????

----------------------------------------------------

Кога ќе ги прибавите точните информации, пожелно би било да ги објавите.

Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 07:18
Originally posted by ADVISOR ADVISOR напиша:

A ova e toa so trite jabolka sto kazuvase mamamd za plodna da e kukjataголема%20насмевка

Eve videa od brakata Manakiголема%20насмевка

http://www.youtube.com/watch?v=UFm7SP9dK7s&feature=related

http://www.youtube.com/watch?v=yWYxuYjHXtA&feature=related

http://www.youtube.com/watch?v=nfiY6wwet7k

Toa so jabolkoto NE E ISKLUCHIVO Vlashki ili bilo koe ime ke odberete za toj narod голема%20насмевка.....tuku istiot obichaj go ima i kaj Makedoncite, vo nekoi sela. намигнување
 
A toa so znameto e samo simbol na Vlasite od Makedonija ili so poteklo od Makedonija, dodeka kaj drugite ne se primenuva istoto. намигнување
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 07:31
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

‘На самиот почеток Стерју кажува: ‘не сме ниту тајно училиште, но ниту јавно. Државата ФИРОМ не дозволува во земјата да се внесуваат историски книги од Грција и на разни начини успеваме да добиваме по некоја книга за оние кои сакаат да научат грчки во ФИРОМ’. Прво што се забележува е дека Стерју не го признава уставното име на државата во која живее и го користи најчесто името ‘ФИРОМ’, но и името ‘Скопје’, како синоним за Република Македонија. Не е јасно зошто ‘учителот по грчки јазик’ го нарекува своето училиште донекаде ‘тајно’, кога се знае дека во нашата земја постојат голем број училишта за странски јазици, во кои, покрај останатите светски јазици, се изучува и грчкиот. Од друга страна, изненадува фактот за потребата од грчки историски книги и каква би била нивната улога во едно училиште во кое се изучува грчкиот јазик?!

Во продолжение на репортажата, битоланецот Танасис Стерју со своевидна гордост нагласува дека во последните години бројот на неговите ученици постојано расте и дека бил принуден голем број кандидати да одбива. Но и да се пофали, дека досега, во неговото училиште грчки јазик научиле околу 1.000 ученици, и дека оваа година нивниот број изнесувал повеќе од 40 на возраст од 6 до 40 години. Изјаснувањето на Стерју, дека на ден земал по само едно евро од ученик се знае дека таа цена е прениска во споредба со останатите училишта за странски јазици во нашата земја, треба да преставува ‘дело’ за восхит кај секој Грк, а исто така и поттик за помагање на ова ‘национално дело’.

Треба да се потенцира, вели м-р Димитар Љоровски, дека во текот на целото интервју во весникот ‘ Та Неа’ од пред шест месеци , кое го води новинарот Стелиос Враделис, Танасис Стерју неосновано ги напаѓа властите на Република Македонија, меѓу другото и дека не му дозволиле да внесе во државата грчки книги по историја. Исто така, жестоко ја обвинува владата на ‘ФИРОМ и поради недостаток на просторни услови за изведување на наставата, односно дека ‘не ми доделува простор, додека конзулатот во Битола дури последните 3-4 години почна да гледа пореално на работите околу предавањата на грчкиот јазик во Скопје’. Неоснованите обвинувања се јасни, вели м-р Љоровски, а и самиот Стерју добро знае, дека секое приватно училиште или поединец е должен сам да си обезбеди простор, а не тоа да го бара од државата. Сепак, неговото ‘национално дело’ доби поддршка од грчкиот конзулат во Битола, за која, самиот ќе каже, дека ‘на тој начин се реализира пристигнувањето на книги од Грција, кои се однесуваат на јазикот, културата и историјата’.

‘Карактеристично е што Стерју етничките Македонци, по потекло од Егејскиот дел на Македонија, ги идентификува како Грци’ и ги воопштува со терминот ‘политички бегалци’. Добро се знае дека од сите политички бегалци кои ја напуштија Грција по завршувањето на Граѓанската војна, само на етничките Македонци не им беше дозоволено да се вратат на своите огништа, додека на Грците со законот од 1982 година им беше дозоволена репатризација. Новинарот Враделис ги констатирал причините за почетоците на ‘тајното грчко училиште’ во Битола, се разбира така како што му раскажал Стерју, ‘во разговор со други Грци кои се наоѓаат од другата страна на границата (Р. Македонија) и не можеа да се вратат во Грција, сфатил дека многу од нив сакале да ги научат своите деца да говорат грчки јазик, но и самите да се потсетат (на јазикот), но такво нешто беше забрането’. Од ова се гледа дека ‘учителот по грчки јазик’ својата јазична пропаганда ја имал насочено кон Македонци по потекло од Република Грција, со јасна тенденција кај обичниот грчки читател да ги претстави како Грци. Во интервју на веќе погоре споменатата телевизиска емисија, освен етничките Македонци, Стерју како целни групи ги наведува и Власите и Саракачаните. Откако новинарот ќе сублимира дека повеќето негови ученици потекнуваат од семејства кои имаат ‘грчки корени’ и сакаат да го научат ‘јазикот на своите предци’, битолчанецот Стерју за истите ќе потврди дека се ‘Грци’ и дека ‘не се признаени како национално малцинство во Скопје, како на пример Бугарите и Албанците, вели м-р Љо-ровски, анализирајќи ја пропагандата што преку наши ‘лојални’ државјани се води во Грција.

Кога се сака да се направи сензација лесно се толкува нешто како се сака. Во текстот јасно стои дека НЕКОЈ  ( а не Власите да се  прават себеси) ги прави Македонците и Власите  од Егејска Македонија Грци. За последниве 20 тина години плуралузам и транзиција ние тука во Македонија зе изначитавме и изнаслушавме многу нешта од многу луѓе. За среќа цитираниов во овој напис е некој анинимус за кој малкумина чуле. Во македонија се шпекулира со идентитетот на сите од секого. Посебно трагично беше кога читавме написи (а и тука на форумов има многу теми) од еден бивш премиерзбунетост
Тоа е демократијата- секој може да си каже што сака и може да својата кого сака.збунетост

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 07:35
Originally posted by Popi Popi напиша:

Toa so jabolkoto NE E ISKLUCHIVO Vlashki ili bilo koe ime ke odberete za toj narod голема%20насмевка.....tuku istiot obichaj go ima i kaj Makedoncite, vo nekoi sela. намигнување
 
A toa so znameto e samo simbol na Vlasite od Makedonija ili so poteklo od Makedonija, dodeka kaj drugite ne se primenuva istoto. намигнување
[/QUOTE]
Напротив, го има кај сите Власи како обичај од минатото на сите свадби. Сега малку се користи бидејки свабите се модернистички, се прават по хотели и нема маалски  чешми каде ке ја носат невестата да полни воданамигнување Знамето со 3 јаболка сеуште се вее на сите свадби
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 08:56
     ...Во неделата рано оркестoрoт засвирва познати мелодии на песни и opa, со што ce оповестaва големиот настан. Во традицијата на село Требишта (во Албаниjа)постојат две сватбени знамиња - машко и женско. Карактерно е тоа што машкиот баjрaк се дигна од братот на таткото на младоженецот, а женското - од братот на мајка му. И двете знамиња се украсени со цвеќе, црвена јаболко и две машки крпи. Знамињата мора да се носат од момчиња ергени, кои по завршување на пехливанските игри јадат целата јаболкa сами, зема една крпа, а другата однесуваат во куќата, од каде е вдигнато знамето. Помеѓу официјално отиване до домовите за двете знамиња, сватбарите посетуваат домот на Кума. И во трите дворот се вият луѓе оркестoрoт свири, луѓето се веселат.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 13:17
Ова на галичка свадба ме потсеќа
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2009 во 13:42
A mene na vlaska svadbaголема%20насмевка
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 03:34
Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски односи на Република Грција во Битола покани дел од битолските Власи на изложбата на фотографии под наслов “Од животот на Власите во 1900-тата”.

Во поканата стои дека изложбата ќе биде дел од свечениот прием во конзуларното претставништво по повод националниот празник на Грција 28-ми октомври, на кој ќе сприсуствува и грчката амбасадорка во државава, Александра Пападопулу.

Во Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски односи на Република Грција денеска немаа одговор на прашањето дали сите 1.270 власи кои според пописот од 2002 година живеат во Битола, ќе бидат поканети на свечениот прием. Големиот број состаноци на грчкиот конзул го оставија без одговор и прашањето постои ли врска помеѓу најавената изложба и книгата на Астериос Кукудис со идентичен наслов, во издание на издавачката куќа Капон.

Во синопсисот за книгата, кој може да се најде и на сајтот на влашката заедница во Грција, стои дека на 64 страници, преку ретки фотографии од различни животни ситуации на влашките заедници во почетокот на 20–тиот век, претставена е историската реалност и културниот идентитет на латонофоните Римјани. Инаку, книгата „Од животот на Власите во 1900–тите години“, претставува дел од посеопфатното истражување за власите на Астериос Кукудис во рамките на Музејот на македонската борба во Солун, во периодот од 1994 до 1997 година. Издавањето на четиритомниот труд беше помогнато од страна на Институтот за одбранбени анализи на грчкото Министерство за одбрана, а на предговорот стои потписот на тогашниот претседател на Република Грција, Констандинос Стафанопулос.

На прашањата за каква изложба станува збор, раменици креваат и во Комуната на власите Браќа Манаки. Тврдат дека до нив сеуште не пристигнала покана за свеченоста, но имајќи ги во предвид практиките од претходните години, ја очекуваат секој момент.

Покана за изложбата која се однесува на животот на неговите сонародници не добил и претседателот на битолскиот огранок на партијата на власите од Македонија, Леонида Чолаковски.

- Првпат слушам за таква изложба. Некоја грчка институција да има изложено во Грција, не знам. А, јас како претставник на политичка партија не сум ни поканет - вели Чолаковски.

На четири дена до изложбата, единствениот претставник на политичка партија на власите во Македонија кој добил покана да присуствува на свеченоста е претседателот на Демократскиот сојуз на Власите, Никола Бабовски.

- Јас колку што знам, видни граѓани на Општина Битола, не само од влашката заедница се поканети, според моите информации. Кој е на списокот не знаме и не можам да го коментирам, бидејќи ниту го имам, ниту го правев. А, од друга страна мојата информација за изложбата вели дека станува збор за фотографии за животот на Власите на оние места на кои живееле во 1900-тата година - вели Бабовски.

Изложбата “Од животот на Власите во 20–тиот век”, организирана по повод националниот празник на Грција 28–ми октомври доаѓа два месеци по збратимувањето на влашките заедници од Нижо Поле и Мегала ливадја. Тогаш прославата помина без официјални претставници на Република Македонија или Општина Битола, и покрај присуството на високи гости од странство, кои допатуваа во потпелистерското село. И тогаш и сега, чувствата на дел од припадниците на влашката заедница во Битола се вознемирени, особено заради фактот што Република Грција и понатаму одбива да признае било какво, вклучувајќи и влашко малцинство на својата територија, но континуирано води грижа за истото во битолскиот регион.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 07:05
Секој има право да се изјаснува како се чувствува и никој нема право да го осуди.
Кој може да му забрани некому кој е од мешан брак ( македонско/влашки, грчко/влашки, албанско/влашки) да се определи по еден од родителите и да си го земе тоа како свое етничко потекло. Оние кои с еод чисти влашки бракови си знаат кој се и знаат како се изјаснуваат.
Изложбата во грчката амбасада е убав гест на грчката држава ама уште поубаво ке беше да не го нарекуваа јазикот романизиран грчкизбунетост.
Инаку во Грција едно 30 години наназад во местата каде живеат претежно Власи се одржуваат фантастични манифестации на кој се собираат Власите од цел Балкан и каде ја промовираат својата култура, ( носии, музика,  ора и песни) . По тој урнек неколку години наназад и во Македонија почнаа такви манифестации. Манифестациите се организираат со средства од  донации од успешни Власи -бизнисмени од целиот свет. Ни Грција ни Македонија не одделуваат пари од буџетот за овие културни манифестации секогаш под изовор дека нема средства во буџетот.
Сите тие манифестации се ставени на интернет и секој кој сака може да ги види.
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 16:01
Симеон Радев од Ресен во своите "Ранни спомени" расказва:

...     Вуjчо ми Jaким си беше избрал мома от Магарево, влашко село, во близина на Битола. Татко ми не беше многу задоволен, ниту беше задоволен дедо ми, но гореше од љубов и немаше што да се каже. Годежот требаше да се случи во Магарево и за таму тргна речиси целото семејство. Патувавме така, како што според некои илустрации во француските учебници по историја, Меровингите. На една од овие коли, со кои се пренесува сено или слама, се тури сено,се поставија врз него килими и перничиња наоколу. Мајка ми, една моја вуjна и јас поседнавме, а вуjковците и татко ми ни придружија на коњи. Тргнавме рано и макар растојанието до Магарево да не е повеќе од 26-27 километри, пристигнавме привечер. Семејството на момата, меѓу кои имаше познати трговци од Битола, се беше собрало целина и пречекот беше така ласкаво и со почит, како што умеат да го прават Власите. Мажите беа во една соба заедно со годеникот, а жените во друга со годеницата. Тука бев и јас. По едно време влезе татко ми возбуден и рече на мајка ми: "Жено, ставај да си одиме." Настана тишина; влегоа некои од Власите, хванаха татко ми за рамо; чујам зборовите: "Ама, господин Трајче, чекај да видиме, господин Трајче. "Мајка ми беше станала и ме држеше за рака, подготвена да замине. Но Власите излегоа со татко ми. Слушам на чардакот живи разговори и после сето утихна. Татко ми се врати и рече: "Ќе останеме."

Подоцна мајка ми рассправаше за оваа загриженост. Додека нашите седат со Власите, пристигнал еден поп. Власите велат дека според нивниот обичај свршувачката треба да се случи со црковна служба, која била дел од венчанието. Нашите се согласиле, но какво било нивно изненадување, кога виделе дека попот почнал да чита на грчки. Татко ми се вмеша и рекол: "На грчки не може. Ќе викате бугарски свештеник. "Власите, смутени, земале да се извинуваат дека бугарски свештеник нема во селото. "Ќе викате од Трново" - рече татко ми. Трново е на четвртина час растојание од Магарево. Власите во Магарево били фанатизирани Гркомани. Да се чита кај нив на бугарски беше толку неподносливо, како за нашите да се чита по грчки. Тие биле упорни. Тогаш татко ми му рече на вујка ми: "Ако сакаш да ти чита над главата грчки поп, остани; јас си одам." Вујко ми одговорил сепак,: "Штом го минеш прагот и јас по тебе." И тие зборови предизвикаа кај Власите голем смут . Се собрале во една соба да се советуваат и конечно пратил човек во Трново да доведе бугарски свештеник.

Симеон Радев (на бугарски)

Изменето од Македон - 10.Ноември.2009 во 21:00
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 66>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.