IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - BREAKING NEWS......!!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

BREAKING NEWS......!!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 75>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 4,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2009 во 16:19
Originally posted by miroslav_g8 miroslav_g8 напиша:

a tebe kao mnogu te zabole za Makedonija газење%20од%20смеење ........... tebe te boli drugo ....... samo koga kje ti stigne do vratot , togas kje ti bide docna ....... tek je samo pocetak голема%20насмевка
 toa bese ironija, glupco...ali,sepak ne bi sakal da go gledam narodot kako strada...ova e seriozno od mene...
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2009 во 16:21
glupco velis , ? ........ ama si ti denes kulturen , pa to cudo edno ...... tuku , imajki predvid so kogo razgovaram , nisto zacuduvacki .... cudno bi bilo da kazes nesto sto nalikuva na pameten намигнување
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 21:07

Србија од денеска е без руски гас, се користат последните резерви

Пред неколку дена кога српската влада ја продаде Нафтената индустрија на Србија на Руската федерација за многу малку пари и големи ветувања за инвестиции властите постојано повторуваа дека на земјата и обезбедиле енергетска сигурност.

Но не помина ни месец дена, а стварноста ги демантира. Србија од денеска е без руски гас, се користат последните резерви. Таму каде што е можно гасот се заменува со мазут, а девет градови чии топлани неможат да користат мазут ги чека многу ладна зима.

Инаку во овој момент најзагрозена е Војводина, затоа што таа е и најмногу гасифицирана. Сега во најголема опасност е Нови Сад, таму 25 илјади станови на околу 70 илјади жители најверојатно за околу еден час ќе останат без греење.

Директорот на „Србија гас“ Душан Бајатовиќ денеска наутро замина во Будимпешта да позајми или купи гас од Нафтената компанија „МОЛ“.

„За жал Србија гас мораше да го испразни гасот од цевките во Србија за да не дојде до хаварија во системот. Ние штетите ќе мораме да ги надокнадиме наредните денови. Но има и многу позитивни елементи во овој момент. Цела ЕУ се крена на нозе, сите сакаат да обезбедат испорака на гас без кој очигледно неможе да се греат граѓаните на ЕУ па така е и во Србија“, изјави претседателот на Србија Борис Тадиќ.

„Ние би можеле со сигурност да ги покриеме комплетните потреби за греење без употреба на други енергенси кога се во прашање резервите на мазут. Со едно разумно и штедливо однесување и повеќе од тоа“, изјави министерот за енергетика во српската влада Петар Шкудриќ.

Доколку Киев и Москва наскоро не се договорат ќе не чека енергетски колапс и многу ладна зима.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 13:55
... Vo deneshen Vest...
Кратер под прозорец на премиерот
На улицата Огњан Прица, токму на вкрстувањето со улицата Бихаќска, веќе со месеци зјае огромна дупка. Прекопот е направен за инсталација на една од блиските згради, но надлежните место да ја затрупаат, ја баталија, па таа се повеќе се продлабочува. Скопјани кои секојдневно си ги кршат колите на оваа дупка се револтирани од тоа што никој не презема мерки за да се поправи улицата. Дупката е веднаш до зградата во која живее премиерот Никола Груевски, но, како што велат неговите комшии, тој не ја користи улицата Огњан Прица за да излезе од дома или за да си дојде, па затоа и не му пречи кратерот.
znaci ne e strashno shto tuka vo blizina ima shkolo...shto decata sekoj den minuvaat tuka i ne znaat dali da se pazat od avtomobilite koi vozat bidejki decata MORA da se dvizat po kolovozot oti trotoarite site do eden se 'zafateni"od parkiranite avtomobili... ne vest za ona deka cela Ognjan Prica ta i site ulici vo Kisela Voda se dupki...krateri...tuku bash ovoj krater morashe da se spomne... verojatno oti e blizu do Bihacka...изненадување
Кон врв
FILIP Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 370
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FILIP Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 16:46
хахаха, не очекував ништо паметно од груевски!
Правдата е релативна работа, но ВИСТИНАТА е една
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2009 во 17:24

ЕУ, Украина и Русија се договорија за испораката на гас

 

Русија денеска ќе ги одврти вентилите за природниот гас кон Европа и кон балканот. Со договор за контрола на тразнитот преку Украина, Москва и Киев ставаат крај на блокадата што деновиве го стресе стариот континент. Се очекува договорот да биде потпишан до крајот на денот.

„Постигнат е детален договор за набљудувачката мисија и затоа како и што веќе кажа утринава во неколку наврати кажа претседателот Баросо, најважно е гасот да почне да тече за Европската унија без никако натамоишно одолговлекување“, изјави Пиа Ахренкилде Хансен, портпарол на европската комисија

По инсистирање на Москва, во Брисел е договорено освен набљудувачи на ЕУ, во клучните станици на Украинскиот гасовод да бидат поставени и контролори од Русија што ќе проверуваат дали Украина краде од рускиот гас. Украинците прво се согласија, но потоа негодуваа за ваквиот предлог.

„Станиците за пренос на гас што експертите треба да ги посетат се лоцирани на Руска територија. Нема потреба да се посетува Украина, ние немаме такви станици, ништо нема да се види овде“, вели Владимир Триколич, Нафтогас - Украина

Според информациите од Брисел, природниот гас во државите на ЕУ ќе стаса за ден ипол, на балканот подоцна. Македонската влада испрати експертски тим во Брисел на состанокот каде се дебатира за гасната криза.

„Тоа што е најважно за нашите граѓани е дека руската страна ветила дека ќе ги отвори вентилите за гас и за три до четири дена може да се очекува да имаме гас, со притисок на задоволително ниво“, рече Шефик Дураки, портпарол на Владата на РМ.

Запрената испорака на рускиот гас ги остави половина Европа и речиси целиот Балкан без греење, со работа престанаа многу фабрики. Кај нас погоните ги затворија Макстил и кумановската фабрика за цевки 11 октомври. 2000 луѓе остана без работа. Проблемот сега се решава но не и за Украина. Оваа држава нема да може да го троши рускиот гас се додека не договри нова цена со Газпром.

Кон врв
FILIP Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 370
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FILIP Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2009 во 20:13
АМИН.
Правдата е релативна работа, но ВИСТИНАТА е една
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 11:25

Работници на „Руен “ официјално на принуден одмор

   
 
 

Светската економска криза први во кочанското стопанство ја почувствуваа вработените од фирмата „Руен интернешнл технолоџи“, поради што од денеска 127 работника и официјално се пуштени на принуден одмор, за што добија и решенија.

Тие ќе одмораат до крајот на месец март и ќе добиваат 70 отсто од својата плата. По истекот на овој рок ќе се знае нивната понатамошна судбина, дали ќе останат на работа или ќе добијат отказни решенија.

Кочански „Руен“ пред четири години беше продаден за сума од два милиони евра на фирма од странство.

Досега спојните елементи и другите делови кои се произведуваа во „Руен“ исклучиво беа наменети за пазарите на автомобилската индустрија во Европа и светот.

Во „Руен“ на работа остануваат 420 работника, со кои ќе се остварува производството.

 
OSTVARUVAME.....


Изменето од nema sto - 12.Јануари.2009 во 14:59
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 17:17

Пожар во скопско Визбегово остави семејство на улица

 

Доцна синоќа пожар ја уништи куќата на семејството Јусуфи од скопската населба Визбегово, оставајќи го целото семејство без покрив над глава.

Сопственикот на куќата се сомнева дека причина за пожарот била електричната струја која повремено се прекинувала. Тие со многу потешкотии го евакуирале  синот од куќата, но за жал  и покрај интервенцијата, залудни биле обидите на  пожарникарите да го изгаснат пожарот.

“Сите алишта, потоа работите со што се покриваме се или мокри или изгорени. Нема еден месец што ја средив  приемната соба од социјална помош, собирајќи денар по денар. Реков да ја средам и тука да престојувам подолго бидејќи имав една мала соба. Штотуку го опремив со мебел и тепих, но се изгоре, немав време ниту да му се порадувам. Нема полошо, тоа е смрт пред време“  вели  Јусуфи.

Од големиот чад нивниот син доби труење и е сега не е во  добра здравствена состојба. Сопругата на Самет очекува и второ дете. Самет упатува повик за помош.

 “Сакам некој да ми помогне, веќе останав на улица, нема каде да си одам. Сакам да ми помогнат да ја средам оваа куќа како што беше и да ги сместам децата внатре, бидејќи ми останаа на улица на овој снег, немаме каде да си одиме“.

Самет и Семине велат дека немаат можност да ја реновираат куќата бидејќи живеат од социјална помош. Единствено  богатство што  имале била нивната куќа со две соби на која и се радуваа  само шест месеци.


....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 22:10

Битолска пивара оди во ликвидација

 
 

Битолската пиварница од денеска дефинитивно оди во ликвидација. Вака одлучи Основниот суд во Битола.

На собранието на доверители, УЈП и Јавниот правобранител не ја прифатија санациската програма на доминантниот сопственик на фабриката, Ахмет Искендер, во која бараше дисконт од 60% на долговите, а останатиот износ да го врати за четири години.

Сега 120 работници останаа на улица со четири заостанати плати, и неплатени придонеси за пет години.

„За жал се донесе одлука за ликвидација на фирмата. Иако ние вработените бевме за рестартирање на фирмата, бидејќи ќе ни се исполнеа нашите услови. А нашите услови се да ни ги исплатат платите, придонесите и да бидат вработени околу 100 работници со стално решение“, изјави Цветан Петровски, синдикат на вработените.

Најголем доверител во Битолската пивара е УЈП, која побарува над девет милиони евра за неплатени акцизи и други даноци. Допрва ќе се види колку пари ќе се наплатат од продажбата што ќе следи во ликвидациската постапка.

....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 22:12
mi zdodea veke da vnesuvam samo vesti na koi se otpustaat rabotnici...dosega samo od moite vesti otpusteni se okolu 500 rabotnici...
 
 
OSTVARUVAME...
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 22:57
Originally posted by nema sto nema sto напиша:

Битолска пивара оди во ликвидација

Битолската пиварница од денеска дефинитивно оди во ликвидација. Вака одлучи Основниот суд во Битола.


На собранието на доверители, УЈП и Јавниот правобранител не ја прифатија санациската програма на доминантниот сопственик на фабриката, Ахмет Искендер, во која бараше дисконт од 60% на долговите, а останатиот износ да го врати за четири години.


Сега 120 работници останаа на улица со четири заостанати плати, и неплатени придонеси за пет години.


„За жал се донесе одлука за ликвидација на фирмата. Иако ние вработените бевме за рестартирање на фирмата, бидејќи ќе ни се исполнеа нашите услови. А нашите услови се да ни ги исплатат платите, придонесите и да бидат вработени околу 100 работници со стално решение“, изјави Цветан Петровски, синдикат на вработените.


Најголем доверител во Битолската пивара е УЈП, која побарува над девет милиони евра за неплатени акцизи и други даноци. Допрва ќе се види колку пари ќе се наплатат од продажбата што ќе следи во ликвидациската постапка.



Pak?Neeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeee

Изменето од moira - 13.Јануари.2009 во 23:18
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2009 во 11:25

Откази за 410 вработени во „Силмак“ и во „Тетекс“

 

Во двата водечки колектива во Тетовско - „Силмак“ од Јегуновце и „Тетекс“ од работа се отпуштени 410 работници, пишува денешен „Утрински весник“.

300 лица од „Силмак“ и 110 од „Тетекс“ веќе се евидентирани како невработени во Агенцијата за вработување во Тетово. Само дел од нив ќе земаат деветмесечен паричен надомест што го исплаќа Агенцијата за вработување.

Така, ова право не ќе можат да го искористат 300 вработени во „Силмак“ кои се прогласени за технолошки вишок оти го користеле претходно. Отказите на олку голем број вработени во „Силмак“ се должи на принудно изгаснатите шест печки за феросилициум од вкупно осум, како последица на намалени побарувања на светските пазари.

Бранот рецесија го зафаќа и „Тетекс“. Во Агенцијата за вработување во Тетово велат дека се најавени 110 откази како технолошки вишок, но засега никој не тврди дали ова ќе биде последната бројка.

Уште еден металски капацитет во Тетово се одлучи за откази. Во тетовска „Алумина“ како технолошки вишок се прогласени 23 работници. Како резултат на вкупните преструктурирања во стопанството, наназад 15 години во Тетово беа отворени 20 конфекции. Сите тие работат лон-систем, а голем број странски партнери значително ги намалиле побарувањата во конфекциското финализирање.

Во овие конфекции просечно се вработени по 100 работници. Меѓутоа, дел од нив веќе најавуваат целосно затворање, а некои се сведени и на помалку од половина вработени отколку при нивното отворање.

....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2009 во 11:25

Отказ за 145 работници од „Хелматекс“

 
 

Новогодишна честитка со отказни решенија добија 145 работници од предилницата „Хелматекс“ во Струмица. Пред отказните, работниците добиле решенија за принуден одмор.

Светската економска криза и намалениот обем на работа биле причините што менаџментот на фирмата со доминантен грчки капитал им ги соопштил на работниците.

Тие се сомневаат во тоа бидејќи никој не им кажал што понатаму и дали воопшто ќе се вратат назад.

„Никој ништо не кажува, се беше наместено, ние бевме на работа и кога излеговме од втора смена решенијата ни ги дадоа на портирница и не удри како гром од ведро небо“, рече Магдалена Касапова, работничка во „Хелматекс“.

„Јас сум самохрана мајка и секогаш сум била вреден работник и секогаш ме фалеа, но дојде ред, се разболев и како самохрана мајка добив отказ“, вели Милица Ѓеорѓиева, работничка.

„Не знаеме зошто не извадија од работа, нека кажат ако нема работа, а не за 150 нема, а за 5 има работа“, рече Виолета Арсова, работничка.

Отпуштените работници бараат доколку не се вратат на работа, да го остварат правото на пензија според стариот закон за технолошки вишок, бидејќи најголем дел од нив имале стаж од над 30 години.

Помош денеска побараа и од пратениците во струмичкиот регион. Најавија доколку не добијат и одговор на нивните приговори, по судски пат ќе ги бараат своите права.

Во „Хелматекс“ денеска немаше никој од менаџментот, биле на празничен одмор до 8 јануари.

....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 75>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.