IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига на Шампиони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига на Шампиони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 43>
Автор
Порака
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 11:04
Mislam deka ni treba nova idividi kladilnica ... Pozdarv do Marko i do Emil .... голема%20насмевкаголемо%20гушкање
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 14:01
Е да може тоа Блу голема%20насмевка спешл за шампионите....супер ти идеја е да 
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 15:09
Ete moderatore - Sredeno ... голема%20насмевкаголемо%20гушкање
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2010 во 16:09
Започнува Лигата на Шампионите, Интер го брани тронот...
 
 
 
 
Вчерва започнува новата сезона од Лигата на Шампионите, Интер ја брани круната Европски шампион.
Интер и Горан Пандев ја започнуваат одбраната на титулата во Лигата на Шампионите.

Со речиси истиот играчки состав, единствено без Балотели, и со нов тренер, Рафа Бенитез, Нероазурите ќе се обидат да го направат она кое на никому не му успеало, одбрана на титулата во Лигата на Шампионите.

Стартуваат во Холандија, му гостуваат на Твенте, важат за фаворит, но не се очекува да имаат лесна задача.

Костурот на Барселона долго време е истиот, на Камп Ноу пристигна Давид Виља со што го направи нападот на Каталонците уште пострашен.

Вечерва Барса го пречекува Панатенаикос, очекувањата се дека лесно ќе ги прокнижи првите три бода во групата.

Големо внимание предизвикува "Битката за Велика Британија", Манчестер Јунајтед го пречекува Глазгов Ренџерс.

Се знае тука кој е голем фаворит, но дуелите помеѓу англиски и шкотски екипи секогаш биле многу повеќе од еден фудбалски натпревар.

Екипата на Тотенхем дебитира во најголемото европско натпреварување, Спарси на стартот гостуваат во Бремен кај Вердер.

Хари Реднап и неговите фудбалери сакаат да остават сериозен впечаток во првиот настап.

Лион го пречекува Шалке, двата тима не блескаат во домашните шампионати, имаат старт кој посакуваат брзо да го пребродат.

Во однос на минатата сезона и двата тима се засилија, но работите никако да тргнат кон подобро, можеби токму овој натпревар за некој ќе биде пресврт во сезоната.

"Осакатената" Валенсија патува на жешко гостување во Турција кај екипата на Бурсаспор.

Тимот од Местаља ги продаде најдобрите, Давид Виља и Давид Силва, но на стартот од Примера покажа дека и без нив знае да победува.

Слично како и Валенсија, и во Бенфика се случуваше летна распродажба, Ди Мариа и Рамирез заминаа во побогати средини.

Португалскиот тим вечерва влегува како голем фаворит против Хапоел Тел Авив, но тоа треба да го оправда и на теренот.

Израмнето се очекува да биде на натпреварот против ФК Копенхаген и Рубин Казан.

Русите се поквалитетен тим, но Данците ќе се обидат да ја искористат предноста на домашен терен.

1.коло, натпревари кои се играат вечерва:

Група А

20:45 ч. Твенте - Интер
20:45 ч. Вердер Бремен - Тотенхем

Група Б

20:45 ч. Бенфика - Хапоел Тел Авив
20:45 ч. Лион - Шалке

Група Ц

20:45 ч. Бурсаспор - Валенсија
20:45 ч. Манчестер Јунајтед - Глазгов Ренџерс

Група Д

20:45 ч. ФК Копенхаген - Рубин Казан
20:45 ч. Барселона - Панатенаикос.

 
..... 24fudbal.....
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2010 во 14:15
ЛШ: Тотенхем испушти 2:0, Барса пак по старо, Интер само бод
 
Лондонскиот состав после 18 минути имаше два гола предност, но го прокоцка за само четири минути и извлече бод во Бремен. Европскиот првак Интер ремизираше со Твенте, додека Барса и Валенсија до врв ги наполнија мрежите на противниците.

Момците на Реднап иако само по 18 минути имаа сигурна предност, сепак ја прокоцкаа и морат да се задоволат со бод. Со голот на Крауч и автоголот на Пасанен се чинеше се е готово, но Германците ја анулираа предноста на германски начин и на крајот можеа да победат.
Во вториот натпревар од оваа гупа видовме пеколно прво полувреме помеѓу Интер и Твенте, со 4 погодоци. Откако Италијаните поведоа со голот на Снајдер, Твенте направи комплетен пресврт, а резултатот го израмни Ето во 42 мин. Тоа беше и крајниот резултат со тоа што во второто полувреме гледавме досаден фудбал без шанси.
Полуфиналистот од минатата година Лион лесно со 1:0 го победи Шалке со голот на Бастос. Додека вториот натпревар од оваа група заврши со победа на Бенфика над Хапоел со 2:0

Манчестер Јунајтед впиша уште еден разочарувачки резултат, ремизирајќи со Ренџерс дома само 0:0, додека Валенсија до врв ја наполни мрежата на Бурса на жешкиот терен во Турција со 0:4

На крилата на чудесниот Меси кој со двата гола стана најдобриот стрелец на Барса во ЛШ, Каталонците го прегазија Панатинаикос со 5:1 иако гостите први дојдоа до водство.

Се редеа безброј акции кои ретко се гледаат на фудбалските терени, а освен Меси кој промаши и пенал, прецизни беа Виља, Педро и Алвес.
Во последниот натпревар Копенхаген го шокира Рубин во 87минута, и така запиша голема победа и 3 бода.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2010 во 15:04
ЛШ: Ајакс го тестира Милан, Рома и Марсеј ги вадат дамките
 
 
ЛШ:%20Ајакс%20го%20тестира%20Милан,%20Рома%20и%20Марсеј%20ги%20вадат%20дамките


Денеска се играат натпреварите од 2-то коло во Лигата на шампиони во групите Е, Ф, Г и Х, а најинтересниот натпревар се игра во Амстердам каде се среќаваат повеќекратните освојувачи Ајакс и Милан.

Натпреварот е од големо значење и за двата тима, и двајцата тренери најавија претпазлива игра со можност да се изваде максимумот.

Вториот натпревар од оваа група се игра во Франција. Каде Оксер го дочекува Реал Мадрид, кој ќе се обиде да се извади за киксот во Примера против Леванте.

Во Е групата видно раздрманиот Баерн, кој никако не успева да го најде вистинскиот ритам му гостува на Базел, додека Рома ќе бара поправен испит против романски Клуж на Олимпико во Рим.

Во групата Ф Челзи не би требало да има поголеми проблеми на Стенфорд Бриџ против Марсеј, но одсуството на Лампард отвара можност за надеж на гостите. Во вториот натпревар Спартак во Москва ја дочекува Жилина за да докаже дека триунфот во Франција не беше случајност.

Во групата Х, Партизан во првиот натпревар пред своја публика во Белград го дочекува Арленал кој допатува без дел од неговите ѕвезди. Додека Брага ќе проба да се рехабилитира од високиот пораз во Англија дома против незгодниот Шахтјор.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2010 во 09:25
Победи на фаворитите во Лигата на шампионите

Во првите осум натпревари од второто коло во фудбалската Лига на шампиони што се одиграа синоќа победи остварија екипите кои важеа за фаворити.

Англиските претставници Челзи и Арсенал, беа сигурни во дуелите со Олимпик Марсеј и белградски Партизан. Реал Мадрид тешко стигна до триумф на гостувањето кај Оксер. Дуелот на повеќекратните европски шампиони Ајакс и Милан заврши без победник. Баерн Минхен со пресврт ги освои бодовите во дуелот со Базел.

Преглед на постигнатите резултати по групи:

Група „Х“: Партизан – Арсенал 1:3 и Брага – Шахтјор 0:3.
Табела: Арсенал 6 бодови, Шахтјор 6, Партизан 0, Брага 0.

Група „Е“: Рома – Клуж 2:1 и Базел – Баерн Минхен 1:2.
Табела: Баерн Минхен 6 бодови, Рома 3, Клуж 3, Базел 0.

Група „Ф“: Спартак Москва – Жилина 3:0 и Челзи – Олимпик Марсеј 2:0.
Табела: Челзи 6 бодови, Спартак Москва 6, Олимпик Марсеј 0, Жилина 0.

Група „Г“: Оксер – Реал Мадрид 0:1 и Ајакс – Милан 1:1.
Табела: Реал Мадрид 6 бодови, Милан 4, Ајакс 1, Оксер 0.

Денеска се играат преостанатите осум натпревари од второто коло во рамките на групита „А“, „Б“, „Ц“ и „Д“.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2010 во 06:47

Реал за една минута го реши Милан

 

Фудбалерите на Реал Мадрид го добија дербито на вечерта во Лигата на шампионите. На преполниот „Сантијаго Бернабе“, во дуел на екипи кои заедно имаат 16 титули европски првак, Реал го совлада Милан со 2:0. Двата гола беа постигнати во интервал од 60 секунди, кога во 13. и 14. минута мрежата на Марко Амелија ја погодија Роналдо и Езил.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2010 во 16:22
Тотенхем вистински тест за шампионот Интер


Сигурни три бода пред верните фанови се очекуваат од каталонскиот гигант Барселона против лидерот во групата "Д", Копенхаген


Дефинитивно лондонскиот премиерлигаш Тотенхем ќе биде најнезгодната пречка барем во групната фаза за бранителот на тронот во Лигата на шампиони, калчо гигантот Интер. Според последните информации од Италија, тренерот на "нероазурите", Рафа Бенитез најверојатно повторно ќе биде без услугите на напаѓачкиот двоец, Милито-Пандев, но погледите на навивачите одново се насочени кон камерунскиот интернационалец, Самуел Ето.
- Како што стојат моментно работите, пред нас е еден тежок и неизвесен натпревар. Тотенхем игра многу брз и енергичен фудбал. Англиските тимови сакаат да играат на прва без разлика дали се домаќини или гости. Ќе ни биде многу тешко, мора да бидеме совршени и во нападот и во одбраната, изјави Бенитез.

Сигурни три бода пред верните фанови се очекуваат од каталонскиот гигант Барселона против лидерот во групата "Д", Копенхаген.
- Мора да признаам дека сум пријатно изненаден од играта на данскиот претставник. Негуваат офанзивен стил на игра, стил кој ни одговара. Многу полесно ги добиваме натпреварите кога противникот сака да игра фудбал, а не мисли само на сопствениот гол. Мислам дека ќе бидат задоволни со еден бод, но ние нема да се задоволиме со реми, изјави тренерот на Барселона, Пепе Гвардиола.

Лесна задача и лесен триумф се очекува од англискиот вицешампион, Манчестер Јунајтед над шампионот на Турција, Бурсаспор,
- Нема друга опција освен онаа да славиме. Не е важно кој ќе игра, а кој ќе биде на клупата за резерви. Важно е само да се освојат бодовите и сите да бидат подготвени за овој предизвик. Веќе направивме еден кикс на "Олд Трафорд". Сите во клубот се свесни дека мора да започнеме една долга победничка серија како во ЛШ, така и во Премиер лигата, изјави менаџерот на "црвените ѓаволи", сер Алекс Фергусон.

Двојки за денеска:
ГРУПА А: Интер - Тотенхем, Твенте - Вердер. Табела: Интер 4, Тотенхем 4, Твенте 1, Вердер 1 бод.
ГРУПА Б: Шалке - Хапоел Т.А., Лион - Бенфика. Табела: Лион 6, Шалке 3, Бенфика 3, Хапоел 0 бодови.
ГРУПА Ц: Ренџерс - Валенсија, Манчестер Ј. - Бурсаспор. Табела: Манчестер Ј. 4, Ренџерс 4, Валенсија 3, Бурсаспор 0 бодови.
ГРУПА Д: Панатинаикос - Рубин, Барселона - Копенхаген. Табела: Копенхаген 6, Барселона 4, Рубин 1, Панатинаикос 0 бодови.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2010 во 04:59

 

Интер не успеа да ја повтори одличната игра од првиот дуел со Спарси, кои сосема заслужено славеа со 3:1. Лесни победи за Манчестер Јунајтед и Валенсија, за малку од готово-вересија за Бенфика на дуелот со Лион. Копенхаген извлече бод против Барселона.

Тотенхем ја доби својата одмазда за поразот во Милано во претходното коло, кога Интер славеше со 4:3 во средбата во која тие имаа предност и од 4:0. Момците на Хари Реднап со головите на Рафаел Ван Дер Варт, Питер Крауч и Роман Пављученко целосно го надиграа актуелниот европски шампион славејќи голема победа од 3:1.

Холанѓанецот Ван Дер Варт, чиј настап според најавите пред средбата беше во прашање, го отвори резултатот во Лондон во 18. минута. Потврда на подобрата игра на Спарси беше водството од 2:0 кое им го донесе Крауч во 61. минута по една одлична топка од Герет Бејл. Велшанецот ја имаше улогата на асистент и при третиот гол на домаќините кои во 89. минута ставија точка на средбата преку Пављученко.

Девет минути претходно Самјуел Ето само им даде надеж на фановите на Интер дека можат да стигнат до бод кога успеа да го совлада Карло Кудичини. Сепак, Тотенхем не дозволи такво нешто и со овие три бода се изедначи со “нероазурите“ на првото место во групата А.

Во втората средба од истата група Твенте направи изненадување со победата од 2:0 над Вердер сред Бремен. Холандскиот претставник поведе во 81. минута преку Чадли, пет минути по црвениот картон на капитенот на домаќините Торстен Фрингс. Овие три бода го однесоа Твенте над Вердер на табелата со само два бода заостаток зад лидерите Тотенхем и Интер на две кола до крајот на групната фаза.

Во групата Б имавме сличен финиш како оној од пред две недели на “Џузепе Меаца“ кога Тотенхем од 4:0 намали на 4:3. Во Лисабон, Бенфика имаше предност од 4:0 во дуелот со Лион пред Французите да го намалат поразот на минимална разлика. Кардец, Гарсија и на два пати Коентрао им донесоа убедливо водство на домаќините, додека Гуркуф, Гомис и Ловрен само го ублажија поразот.

Во Тел Авив, Хапоел и Шалке одиграа без голови па така по ова коло во групата Б Лион остана лидер со девет бодови, но му се приближија Шалке и Бенфика.

Манчестер Јунајтед, според очекувањата славеше во Бурса, која го оправдува статусот на тотален аутсајдер во Лигата на шампиони. Флечер, Обертан и Бебе му донеса комотна победа од 3:0 на Јунајтед за десет бодови и прво место. Втора со седум поени сега е Валенсија, која со идентични 3:0 на домашен терен ги совлада Ренџерс. Солдадо на два пати и еднаш Коста беа стрелци за Валенсија.

Во Копенхаген, домаќините успеаја да извлечат бод во дуелот со Барселона играјќи 1:1. На голот на Меси во 31. минута, веднаш одговори Клодемир само една минута подоцна. Барса останува прва во групата Д со само еден бод предност пред Копенхаген кој има седум бодови до сега и продолжува да биде најпријатното изненадување во најелитното европско клупско натпреварување.

Група А

Тотенхем - Интер 3:1
(Ван Дер Варт 18, Крауч 61, Пављученко 89 - Ето 80)

Вердер - Твенте 0:2
(Чадли 81, Јонг 84)

ТАБЕЛА: Интер 7, Тотенхем 7, Твенте 5, Вердер 2.

Група Б


Бенфика - Лион 4:3
(Кардец 20, Коентрао 32, 67 Гарсија 43 - Гуркуф 75, Гомис 85, Ловрен 90)

Хапоел - Шалке 0:0

ТАБЕЛА: Лион 9, Шалке 7, Бенфика 6, Хапоел 1.

Група Ц


Бурса - Манчестер Јунајтед 0:3
(Флечер 48, Обертан 73, Бебе 77)

Валенсија - Ренџерс 3:0
(Солдадо 33, 71, Коста 90)

ТАБЕЛА: Манчестер Јунајтед 10, Валенсија 7, Ренџерс 5, Бурса 0.

Група Д

Рубин - Панатинаикос 0:0

Копенхаген - Барселона 1:1
(Клодемир 32 - Меси 31)

ТАБЕЛА: Барселона 8, Копенхаген 7, Рубин 3, Панатинаикос 2.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2010 во 11:09

Исто како и во минатото, трето коло, средба која привлекува најмногу внимание е дуелот на двата најтрофејни клубови во Лигата на шампиони (и Купот на шампиони) Милан и Реал, кои по победата на “кралевите“ во Мадрид од 2:0, сега се среќаваат во Милано.

Играчите на Милан секако дека ќе сакаат одмазда за поразот на “Сантијаго Бернабе“. Не само поради двата гола во нивната мрежа, кои Реал ги постигна во првите 15 минути, туку и поради начинот на кој составот на Жозе Мурињо доминираше на таа средба.

Токму враќањето во Милано за Мурињо, каде со Интер минатата сезона тој стана европски шампион, е една од главните приказни поврзани со овој дуел.

“Се враќам на Сан Сиро и се чусвтвувам како да се враќам дома. Штета што играме со Милан, а не со Интер, затоа што би сакал да им се заблагодарам на навивачите на Интер за подршката која ми ја даваа изминативе две години“ - изјави Португалецот.

Во овој дуел со подобра форма влегува Реал, кој е прв во шпанското првенство, прв е во својата група, а и изминатиов викенд забележа триумф од 3:1 на гостувањето кај Херкулес. Од другата страна, Милан е трет во Серие А, а во саботата на домашен терен загуби со 1:2 во дербито со Јувентус.

“Сакаме да биде први во својата група и што побргу да ја обезбедиме таа позиција. За да го оствариме тоа, мораме да оствариме добар резултат во Милано. На минатата средба бевме подобри, но сигурен сум дека играчите на Милан ќе сакаат да докажат дека можат да не победат“ - изјави дефанзивецот на Реал, Рикардо Карваљо.

Дел од поразот од Јувентус не беше Роналдињо, но се очекува Бразилецот да биде во составот за големото дерби со “кралевите“.


“Се чувствувам добро и сакам да одиграм важна улога на оваа средба. Во Мадрид многу рано ги примивме двата гола и тоа многу ни ја отежна ситуацијата. Сега одиме на сите три бода“ - рече Роналдињо.

Во втората средба од групата Г, Оксер го пречекува Ајакс во обид да ги освои своите први бодови во Лигата на шампиони.

Во групата Х нема многу дилеми, Арсенал и Шахтјор се во борба за првите две позиции, додека Партизан и Брага ќе се борат за третото место кое носи пласман во Лига Европа.

Во групата Ф се очекува рутинска победа на Челзи на свој терен против Спартак, исто како и во Жилина, каде гостува Олимпик Марсеј, кој ја има и улогата на фаворит.

На гостувањето кај Базел, Рома ќе се обиде да избега од последното место во групата Е, кое го дели со по три бода токму со швајцарскиот претставник и со Клуж. Сигурен лидер е Баерн, кој гостува во Романија.

Парови 4. кола:

Група Е

Базел - Рома
Клуж - Баерн

ТАБЕЛА: Баерн 9, Базел 3, Клуж 3, Рома 3.

Група Ф
Челзи - Спартак
Жилина - Олимпик

ТАБЕЛА: Челзи 9, Спартак 6, Олимпик 3, Жилина 0.

Група Г

Милан - Реал
Оксер - Ајакс

ТАБЕЛА:
Реал 9, Милан 4, Ајакс 4, Оксер 0.

Група Х
Шахтјор - Арсенал
Партизан - Брага

ТАБЕЛА: Арсенал 9, Шахтјор 6, Брага 3, Партизан 0.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2010 во 15:22
Во групата Х, Партизан на македонскиот репрезентативец Александар Лазевски ќе биде елиминиран на две кола до крајот, ако не ја победи Брага, но дури и тоа може да не биде доволно во случај Арсенал да не го победи Шахтар.
Спартак Москва мора да влезе без страв во дуелот со Челзи за да го спречи лондонскиот тим да се пласира уште сега во нокаут-фазата. Победата на Челзи со 2:0 во Москва значи дека тимот на Карло Анчелоти ќе има загарантирано едно од првите две места на во групата Ф, ако ги освои трите бода на "Стемфорд бриџ".
- Бевме преплашени од нашиот противник, имавме премногу почит за нив, но ако играме против нив како што игравме во второто полувреме на "Лужники", тогаш имаме шанса - рече тренерот на Спартак Валери Карпин.
Спартак, кој има шест бода од три меча, три помалку од Челзи, оствари две победи во домашното првенство, откако загуби од англискиот првак пред две недели. "Сините", во меѓувреме, продолжија безмилосно да собираат бодови во Премиерлигата, но денешниот меч ќе биде убава шанса за Анчелоти уште сега да си резервира место во осминафиналето за да може да ги одмори играчите на последните два меча од фазата на групи.
Френк Лампард се уште не е подготвен за настап, но во Јури Жирков, кој дојде од ЦСКА Москва, Челзи има играч во голема форма.
- Мислам дека минатата сезона се адаптираше. Оваа сезона нема таков проблем и игра многу добро - рече Анчелоти за Русинот.


Играчите на Барселона во авион на Брага

Иако за спонзор имаат една од најголемите авиокомпании на светот "Туркиш ерлјанс", играчите и управата на Барселона, од непознати причини, за дуелот од ЛШ во Копенхаген пристигнаа со авионот португалскиот првак Спортинг Брага. Тоа го вознемири претседателот на Барселона Сандро Росел, кој веднаш најави жалба до агенцијата, која го организирала патувањето во данската престолнина. Авионот и припаѓа на авиокомпанијата "Хај Флај", чиј сопственик е Антониот Салвадор, кој, истовремено, е претседател на Брага.


Баерн во Романија со само 15 фудбалери

Тренерот на германскиот првак Баерн Минхен Луј ван Гал на последниот меч од Лигата на шампионите против Клуж на располагање имаше само 16-мина фудбалери, а на денешниот меч ќе биде во уште потешка ситуација. На загревањето пред дуелот со Фрајбург, дефанзивецот Холгер Бадштубер ја повреди карлицата и нема да може да настапи во Романија. Добра вест за Ван Гал е враќањето во тимот на Давид Алаба по шестнеделна пауза, но и со него, Баварците ќе имаат на располагање само 15-мина играчи.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2010 во 12:48
Реал се спаси

Фудбалерите на Реал Мадрид со гол во 94-тата минута на синоќешното гостување кај Милан се спасија од пораз и со освоениот бод се пласираа во следната фаза од Лигата на шампионите.

Местото во „нок-аут“ фазата обезбедија и Челзи и Баерн Минхен по победите над Клуж, односно Спартак Москва.

Резултати од синоќешните натпревари од 4.коло во Лигата на шампионите.

Група „Е“: Базел - Рома 2:3 и Клуж - Баерн Минхен 0:4.
Табела: Баерн Минхен 12 бодови,љубовзабава
Рома 6, Базел 3 и Клуж 3.

Група „Ф“: Челзи - Спартак Москва 4:1 и Жилина - Олимпик Марсеј 0:7.
Табела: Челзи 12 бодови, Олимпик Марсеј 6, Спартак Москва 6, Жилина 0.

Група „Г“: Милан - Реал Мадрид 2:2 и Оксер - Ајакс 2:1.
Табела: Реал Мадрид 10 бодови, Милан 5, Ајакс 4, Оксер 3.

Група „Х“: Шахтјор - Арсенал 2:1 и Партизан - Брага 0:1.
Табела: Арсенал 9 бодови, Шахтјор 9, Брага 6, Партизан 0.

Натпреварите од претпоследното петто коло во групите се закажани за 23 и 24 овој месец.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2010 во 05:14
Ибра пак ќе го спасува Милан


На "росонерите" им е потребна победа во Оксер за место во 1/8-финалето, а тешка задача ќе има и вториот претставник на Италија, Рома, кој го пречекува Баерн (М).


Неколку тима се во игра, но само по последниот судиски свиреж ќе дознаеме кој ќе им прави друштво на Баерн (М), Челзи и Реал (М), кои веќе обезбедија место во следната елиминациска фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Дефинитивно најголема неизвесност се очекува во групата "Г", каде што Милан ќе обиде да извојува победа на гостувањето во Оксер, а Ајакс да слави пред верните фанови во дуелот со шпанскиот гигант, Реал (М).
- Многу важен натпревар на кој немаме право на грешка. Не сакаме да си го загорчиме животот, сакаме да го направиме потребниот исчекор кон 1/8 финалето. Оксер игра многу добро во последниот период, но Милан секогаш има обврска да ги добива најважните натпревари, изјави предводникот на "росонерите", Масимилиано Алегри.

Тешка задача ќе има и вториот претставник на Италија, Рома, кој пред верните фанови ќе се обиде да извојува победа над актуелниот шампион на Германија, Баерн (М).
- Бевме многу критикувани за играта што ја прикажавме во Минхен. Сега е вистинско време да одговориме на тие критики. Не е важно дали Баерн (М) ќе настапи со најсилниот или со комбиниран тим, важно е ние да го наметнеме нашиот стил на игра и да ги освоиме бодовите, изјави предводникот на "римската волчица", Клаудио Раниери.

Право на грешка нема и актуелниот шампион на Франција, Олимпик од Марсеј, кој мора да слави на незгодното гостување во Москва.
- Не смееме по вторпат да загубиме од Спартак. Како што не победија на "Велодром" сега ние мора да ги победиме во Москва. Нема да тактизираме, мора да ги нападнеме од самиот старт, изјави тренерот на Марсеј, Дидие Дешамп.

Двојки за денеска:
ГРУПА Е: Рома - Баерн М., Базел - Клуж. Табела: Баерн М. 12, Рома 6, Клуж 3, Базел 3 бода.
ГРУПА Ф: Спартак М. - Марсеј, Челзи - Жилина. Табела: Челзи 12, Спартак М. 6, Марсеј 6, Жилина 0 бодови.
ГРУПА Г: Ајакс - Реал М., Оксер - Милан. Табела: Реал М. 10, Милан 5, Ајакс 4, Оксер 3 бода.
ГРУПА Х: Брага - Арсенал, Партизан - Шахтјор. Табела: Арсенал 9, Шахтјор 9, Брага 6, Партизан 0 бодови.

Пирло и Антонини го пропуштаат Оксер      
 

Играчот од средината на теренот на Милан, Андреа Пирло и дефанзивецот Лука Антонини нема да бидат во составот на Милан и ќе го пропуштат денешното гостување кај Оксер, од петтото коло од Лигата на шампионите...

Двајцата фудбалери имаат мускулни повреди и тренерот Масимилиано Алегри нема да може да смета на нив.

На листата на повредени фудбалери кај Милан се уште и Александре Пато, Филипо Инзаги и Масимо Одо.

     

 


 


Изменето од емил - 23.Ноември.2010 во 05:22
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 43>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.