IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРСКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРСКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 86>
Автор
Порака
здраво Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 253
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај здраво Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2007 во 16:30

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Основниот суд во Велес, денес на 03 Април 2006г. објави ослободителна пресудата по обвинението на Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован од страна на јавниот обвинител во Велес, за кривично дело затајување по чл. 239 ст. 4 в.в.ст. 1 в.в.чл. 45 од Кривичниот законик. Повеќе од сигурно е дека гонењата кои ги приредува власта на Р. Македонија во режија на расколничката организација МПЦ нема брзо да престанат, но денешната пресуда е огромна сатисфакција не само за Архиепископот, туку и за сите Епископи и свештеници на Православната Охридска Архиепископија, како и за верниот народ. Имено, со ова се потврди она што досега на многу пати беше кажано, дека сите процеси кои се водеа против Неговото Блаженство во суштина беа политички процеси. Злобна и пакосна беше целта на расколничката организација МПЦ, во соработка со власта на Р. Македонија да го прикаже Архиепископот како крадец. Уште понесериозно беше тоа што средствата за информирање се приклучија на прогонот и вршеа континуиран притисок врз јавноста таа да стекне слика дека Архиепископот е крадец. Прво, благодарејќи на Бога, но благодарејќи и на тоа што овој судски процес беше поврзан со сметководство кое е математика, а врз која многу потешко влијае политиката, иако за нашите власти и тоа не е неможно, се докажа она што Неговото Блаженство од почетокот го зборуваше, а тоа е дека не само што ништо не украл од МПЦ, туку МПЦ него му должи повеќе од 10 000 Евра. Во оваа сума не се пресметани компјутерите, печатарите, копир апаратите од Х. О. Воскресение, телевизор, и друга покуќнина, како и пет пара архијерејски одежди, мандија, митра и други богослужбени предмети во сопственост на Архиепископот Јован кои расколничката МПЦ ги задржа кај себе кога го прогнаа насилнички од Велес.

Денес се покажа колку е значајно човек да верува и да го живее она што се вели во псалмот: „Подобро е да прибегнеш кон Господа, отколку на човек да се надеваш” (Пс. 118,8). Кон кого друг можеше да прибегне Неговото Блаженство и од кој друг да очекува помош во неговото неправедно прогонство?

Затоа, слава му на Бога за сè.

Од канцеларијата на
Православната Охридска Архиепископија

Кон врв
здраво Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 253
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај здраво Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2007 во 16:32

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МИТРОПОЛИТ СКОПСКИ

Протокол бр. 9 од 29.06.2005

До
Главните уредници на средствата за информирање
во Р. Македонија

Почитувани,

Од 22 јуни 2002г. од кога велеската и повардарска света Митрополија влезе во литугијско и канонско единство со Српската Православна Црква, а преку неа во единство и со сите Православни Цркви, ова е втор пат како со писмо се обраќаме до уредниците на средствата за информирање во Р. Македонија. Мотивот за првото наше обраќање беше поттикнување на уредниците на средствата за информирање да иницираат истражување на проблемот околу расколот на Црквата во Р. Македонија. За жал, тоа прво писмо не успеа да го поттикне истражувањето во областа на проблемите на Црквата. Во главно, сите известувања по однос на расколот во Црквата во Р. Македонија останаа паушални, истресени од ракав, потполно не проверени, а најчесто и тенденциозни.

Ќе простите на забелешката, но не затоа што таа не е точна, туку затоа што изгледа и одповеќе смела: Известувачите и коментаторите на црковните прашања во Р. Македонија, последниве три години му покажаа на целиот свет колку се неуки за толкување на меѓуцрковните релации. Причините се или во нивната незаинтересираност, што е крајно несватливо, или во ниската надокнада која ја примаат како плата на нивната работа. Се наѕира и нешто трето, а тоа е намерната тенденциозност и злонамерност, но во тоа не сакаме да веруваме дека баш сите новинари се толку непрофесионални или уште полошо, толку поткупливи.

По сè изгледа, не е ниту само првото, ниту само второто, туку и двете замешани заедно. Со самото тоа што во споменативе последни три години не излезе ниту еден студиозен напис за проблемите врзани со расколот на Црквата во Р. Македонија, мислиме дека барем во блиска иднина не ќе има демант на нашите, како претходно ги нарековме смели забелешки. Но, на крај, воопшто не е важно дека е тоа така, и дали воопшто некој ќе се согласи дали е така. Важно е господо уредници на средствата за информирање што вие придонесовте судот изречен во Битола врз нашата смерност да биде суд за вашата непрофесионалност, неетичност и недемократска ориентираност.

Затворската казна за јавно изречен збор, за која во нашиот случај дури и не постојат никакви докази дека ние тоа сме го направиле, е казна за вас и за вашето дело. Денес нè затворат нас, без никакви докази дека сме распалувале национална и верска омраза, зашто дури и за сите обвиненија судот да имаше докази дека ние сме ги направиле, сето тоа не претставува кривично дело, но утре е на ред некој од вас. Денес го затвораат Поглаварот на една помесна Православна Црква кој има подршка во многу институции во светот, утре е на ред некој од вас кој освен потесниот круг на семејството нема кој друг да го поддржи. А вие стоите спокојни, да не грешиме душа, можеби некои од вас и радосни што успеавте да ја изманипулирате сопствената совест, да го изиграте личниот морал, но и професионалната одговорност.

Не би споменувале за тоа дали некој од вас требаше до сега да биде барем со неколку години повеќе затвор казнуван од нас, сè само од причина што никогаш не сме сметале дека треба да се цензурира јавно изречената мисла. Бидејќи ни се случило да се убедиме дека јавното паметење понекогаш може да биде многу кратко, ве потсетуваме: Во 2000 година со писмено реагирање се обративме до советот за радио дифузија да не прави цензура на новинарските известувања врзани со војната која нè затекна. Сметавме и тогаш, а исто така и сега, дека само цензурираната е нешто што е полошо од лошата, па дури и тенденциозна информација.

Може некој дури и да смета дека добро ни направиле што нè затвориле, но за разлика од нас кои можеби некогаш ќе излеземе од затвор, таквиот никогаш нема да излезе од ропството под сопствената ограниченост, беда и патетичен страв. Ако за сè нешто друго може и да се најдат луѓе кои нема да се согласуваат со нас, не веруваме дека некој нема да се согласи оти од почетокот на нашето епископување во 1998, па сè до сега останавме доследни и на верата, и на надежда, и на јавно изречените обраќања. Така, не треба да се очекува дека затворот ќе го промени нашиот смер кон Царството Божјо, но дали нашиот физички затвор ќе го промени вашиот смер на движење, од ропство кон слобода?

За човек кој е духовно слободен, затворот може да му биде и награда. Не малку од подвижниците на верата во Православната Црква самите се затворале за да си покажат и себе си и на другите дека физичкиот затвор не може да ја ограничи слободата на духот. Еден цел манастир во Киев бил мегдан за духовна борба на доброволни затвореници кои уште за време на нивниот живот се покажале дека се неспоредливо послободни од многумина кои во светот биле привидно слободни. Слободата, пак, драги мои, а ќе ве наречам и браќа, раѓа безстрашност. Човек кој е духовно слободен, а духовно слободен е само оној кој е слободен од смртта, џабе го затвараш. Кој верски водач, па дури и политички се променил во затвор? Затворот го направил само поголем, барем пред очите на другите.

Верските водачи се затвараат за да се ослободат другите. Затоа, примете го братски ова што ќе го речеме. Овој затвор изречен врз нашата смерност ќе има вистински ефект, не ако нè поправи нас, зашто ние ниту се чувстуваме виновни, ниту сметаме дека затворот ќе ја промени нашата совест. Во најлош случај може само да нè уназади, ако не дај Боже почнеме да ги мразиме оние кои нè распнуваат. Но, ќе има ефект ако вас господо новинари ве ослободи од ропството под стравот и незнаењето.

Со надеж дека за Бога сè е можно,

А Р Х И Е П И С К О П
+ Охридски Јован

Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2007 во 18:11
значи испаѓа дека е обвинет и затворен со намештаљки...

може е така, не велам не, но сепак некако е тешко за верување...
Кон врв
здраво Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 253
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај здраво Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2007 во 10:57
vi kazav--- posle tolkava propagandna masinerija, vklucena da vlijae vrz ,,mozocite na masata,,   ------  tesko e.!

no zaprasajte se edno:

ZOSTO DOSEGA NIKOGAS NE MU BILO OVOZMOZENO DA DADE INTERVJU VO NEKOJ JAVEN MEDIUM NA DRZAVNO NIVO.

ILI DA SE SOOCAT JAVNO PRED JAVNOSTA , SO TIE STO GO KLEVETAT VO ZIVO-PRED KAMERITE????Shocked

Кон врв
здраво Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 253
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај здраво Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2007 во 11:14

Расколничката МПЦ ги затвора вратите на узурпираните храмови за сите Епископи на Православната Црква

Времево во коешто живееме, бездруго ќе остане забележано по еден специфичен тип на аутизам, којшто го претпочитаат клириците на Македонската православна црква, којашто, за жал, сеуште упорствува во расколот со Едната Света Соборна и Апостолска Црква.

Може ли еден граѓанин на 21-от век, без разлика на неговата национална и верска определба, да си замисли дека кога би посакал да влезе во храмот „Свети Александар Невски“ во Софија, како некој му пристапува и со грди зборови и навреди му го забранува влезот, истовремено пропуштајќи ги останатите посетители! Дали тоа истото би можел да си замисли како му се случува во „Свети Димитриј“ во Солун, или „Свети Сава“ во Белград, или...!!!

Тоа што во светот е незамисливо, во Р. Македонија е реалност. Според зборовите на еден од неговите попови – по наредба на расколничкиот митрополит Тимотеј, на Епископите на Српската Православна Црква, со најгруби зборови им беше забранет влезот во манастирот „Свети Наум“, тогаш кога тие, како и останатите поклоници и туристи, сакаа најсмирено, само да се поклонат на моштите на светиот Наум Охридскиот Чудотворец.

Постапките на расколничките клирици говорат доволно гласно за нив самите, и затоа нема да ги коментираме, туку само ќе предочиме дека се дијаметрално спротивни од односот што кон Епископите го имаше народот со којшто се среќаваа во Охрид. Всушност, таквиот срдечен однос е вистинското богатство на нашиот народ на којшто и почива иднината на Р. Македонија, наспроти самодоволноста, самозатвореноста, бизнис интересот и отсуството на елементарна култура на однесување на групата расколнички епископи.

Во очекување и помеѓу македонската јавност отворено да се дебатира за непочитувањето на верските слободи, во продолжение ја пренесуваме информацијата, којашто во однос на горепосочениот настан ја објави интернет презентацијата на далматинската епархија во Р. Хрватска, каде што за разлика од Р. Македонија верските слободи се на многу повисоко ниво, што всушност е причина и за предноста на Р. Хрватска во однос на нашата земја, при интегрирачките процеси кон НАТО и ЕУ.

„На Делегацијата на Светиот Архијерејски Синод на Српската Православна Црква, којашто се наоѓаше во посета на канонската Охридска Архиепископија, на територијата на Р. Македонија, при посетата на културните знаменитости на Охрид и беше забранет влезот во манастирот на свети Наум, којшто инаку е музеј и отворен е за сите посетители.

Коментарот на Епископите на СПЦ на овој нецивилизациски чин на расколничката јерархија на МПЦ е дека на момент имаа чувство дека се во мрачниот среден век, а не на просторите на прекрасната земја на светите Климент и Наум, којашто официјално е на вратите за влез во Европската Унија.

Шибеник, 18. 06. 2007 год.

Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2007 во 11:58
Originally posted by здраво здраво напиша:

vi kazav--- posle tolkava propagandna masinerija, vklucena da vlijae vrz ,,mozocite na masata,,   ------  tesko e.!

no zaprasajte se edno:

ZOSTO DOSEGA NIKOGAS NE MU BILO OVOZMOZENO DA DADE INTERVJU VO NEKOJ JAVEN MEDIUM NA DRZAVNO NIVO.

ILI DA SE SOOCAT JAVNO PRED JAVNOSTA , SO TIE STO GO KLEVETAT VO ZIVO-PRED KAMERITE????Shocked



абе не треба мене да ми кажуваш за инквизиторските методи на мпц, ама сепак останува проблемот дека зоран е добро „мотивиран“ од грчкото лоби...
Кон врв
здраво Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 253
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај здраво Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2007 во 13:55
prvo, ne bi se izrazuval taka za edna crkva MPC, koj navistina sprema site verski zaednici(bez jovan)  e premnogu tolerantna, -pogotovo sprema protestantite, -NE E FER.

STO SE ODNESUVA DO LOBITO, ZA KOE ,,SITE ZNAEME ,,DEKA E,, GRCKO-SRPSKO,, VO SLUCAJOT NA JOVAN,   JAS BI TE ZAPRASAL DA MI KAZES A NA KOE TOA LOBI VIE MU STE,,MILI,, I  STE ,,MOTIVIRANI,,?

Кон врв
Реакт Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Мај.2007
Локација: Burundi
Статус: Офлајн
Поени: 373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Реакт Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2007 во 14:01
Вистинското прашање за лицето З. (Ј). Вранишковски е каков е неговиот однос со судијата во Велес којшто ги водеше судските процеси? Дали тој признава македонски народ и дали, според нив, МПЦ е комунистичка творба?

Без коментар
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2007 во 14:31
Originally posted by здраво здраво напиша:

prvo, ne bi se izrazuval taka za edna crkva MPC, koj navistina sprema site verski zaednici(bez jovan)  e premnogu tolerantna, -pogotovo sprema protestantite, -NE E FER.



абе ајде не ме засмејувај те молам... LOLLOLLOL
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 02:44
Sto i ne me interesira zatoa sto sekoj si ima pravo i sloboda da pripagja na kakva saka vera ili crkva, no onoa sto mi padna vo ochi chitajki ja vesta e ova:

But some lawyers believe the 1829 Emancipation Act, which gave Catholics full civil rights, may still prevent one from becoming PM. Clauses in the Act state that no Catholic adviser to the monarch can hold civil or military office.

Tolku za demokratijata so koja anglichanite se falat niz svetot, osobeno kaj onie koi gi koloniziraa so cel da gi "civiliziraat".

Poveke okolu ova, se razbira dokolku ve interesira, ke najdete tuka:

http://www.dailymail.co.uk/pages/live/articles/news/news.html?in_article_id=463636&in_page_id=1770



Изменето од Messenger - 23.Јуни.2007 во 02:56
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2007 во 11:18
Па според некои тврдења, Блер е член на масоните, и ваквата одлука не изненадувачка, заради поврзаноста на Масонскиот ред и католиците. Може некој ќе се сети дека истото се случи и со Ругова, кој наводно бил одамна инсталиран на Косово за да ги подпомогне интересите на оваа тајна организација.

во секој случај, британскиот модел на вера и политика е тотално безвезен, така да баш фино што конечно се ослободиле од тие стеги и Премиерот сега може да биде и од друга вероисповед...
Кон врв
здраво Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 253
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај здраво Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2007 во 11:03
pa kazi kakov propblem vi napravile?
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2007 во 11:28
од јавувања по телефони, закани, уцени па до кршења, политички притисоци, уривања, да не редам понатаму, доста е...Embarrassed

Ама за Христос да се страда е слатко страдање! Big%20smile
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2007 во 16:26
17.03.2006.

a6_jesusМатајоши Митсуо, јапонскиот Исус

Матајоши Мицуо е ексцентричен јапонски политичар со лично убедување дека тој е Господ и Христос. Според неговата политичка програма, тој ќе го изврши „последниот суд“ како Христос, но начинот на кој треба ова да го стори мора да биде според законите на политичкиот систем и неговата легитимност. Неговиот прв чекот како „Спасител“ е да биде назначен за премиер на Јапан. Така тој би го реформирал Јапонското општество како потоа ООН би му понудиле да биде нивни генерален секретар. Тогаш Матајоши би владеел со целиот свет поседувајќи два легитимни авторитета - религиозен и политички. Се има претставено во многу изборни кампањи но засега нема ниту еден успех. Познат е по неговите ексцентрични кампањи каде бара од своите политички ривали да извршат самоубиство со хари-кири.



Изменето од ACELERA - 24.Јуни.2007 во 16:27
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 86>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,500 секунди.