|
Вести |
Внеси реплика | страница <1 3031323334 61> |
Автор | |
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
A на оној Харалампионот му чуе... се подебел и подебел е.. и тој и неговото конто... Се истепа за да се дочепа пак до претседател, клубовите тонат, првенството и купот се распаѓаат, а тој си тера свои кефови... СРАМ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ....
|
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
УЕФА го суспендира 'пеналџијата'
Фудбалскиот арбитар од Бугарија, Антон Генов, е суспендиран од страна на европската фудбалска куќа, бидејќи против него се води истрага поради можно влијание на резултатот од пријателскиот меч меѓу Македонија и Канада. УЕФА соопшти дека за овој меч се врзани некои "очигледни неправилности во количината на обложувачките влогови", а дека нешто чудесно се случуваше во Струмица сведочи и податокот дека Македонија на тој 14 ноември дојде до победа од 3:0 откако бугарскиот судија четири пати покажа на "белата точка", по два пати за двете репрезентации. Токму обложувалниците пријавија невообичаено голем број влогови на тоа дека ќе бидат постигнати барем три погодоци на овој меч, како и на голем број досудени пенали, па затоа Генов до завршување на истрагата, а може и подолго нема да може да дели правда на меѓународни мечеви. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Барселона успеа да направи нешто што досега не успеала во својата богата фудбалска историја, притоа постигнувајќи нешто што досега не му успеало на ниту еден тим во историјата на фудбалот. Комплетирана е најбогатата со трофеи година во историјата на Каталонците, после освојувањето на единствениот кој фалеше во богатите соби во музејот на Камп Ноу - Светското клубско првенство. Иако, текот на вчерашното финале никако не го навестуваше тоа, ако судиме барем по првите 45 минути, кога во една импотентна каталонска опсада кон голот на првакот на Латинска Америка, аргентинскиот Естудијантес профитираа токму гаучосите при единствената сериозна закана по голот на Валдес. Како што течеше времето, Барса ја везеше својата патека околу шестерецот на противниците но не успеваше да го најде патот до мрежата на гостите, се до 89. минута кога рекордерот Педро (постигна голови на сите натпреварувања сезонава, кои Барса воедно и ги освои: Примера, Лигата на Шампиони, Купот на Шпанија, Суперкупот на Шпанија, Суперкупот на Европа, Светското клубско првенство) го врати во игра во тој момент отпишаниот шампион на Европа. Абу Даби здивна, Каталонија здиве. Во второто продолжение од екстра времето Лео Меси не потсети зошто годинава ги ожнеа и ќе ги дожнее сите релевантни фудбалски трофеи кои се доделуваат на еден индивидуалец: со голот „со срце“ (буквално) на Барса и ја донесе очекуваната предност пред Естудијантес која беше преголема за гостите да сторат било што повеќе, иако во самиот финиш многу сериозно се заканија по голот на Валдес. Пујол подигна пехар по шести пат оваа година, нешто што многу капитени не успеваат да го сторат во целиот свој живот. А на крај, со емоциите не можеше да се бори и архитектот на овој целокупен триумф, Пеп Гвардиола, кој титулата ја посвети на сите фанови на Барса од целиот свет. |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Отказ за Хјуз, Манчини нов менаџер!
Ни победата над Сандерленд од 4:3 не ја поколеба управата на Манчестер Сити да му врачи отказ на менаџерот Марк Хјуз. Неколку часа по натпреварот на Сити Граунд, претседателот на клубот, Калдон Ал Мубарак, соопшти дека Хјуз е сменет и на негово место е назначен италијанскиот стратег и поранешен тренер на Интер, Роберто Манчини. "Ефектот од две победи на последните 11 натпревари е премал за амбициозните планови на клубот. Шеикот Мансур и Уравниот одбор не веруваат дека ситуацијата ќе се подобри во иднина и реши да направи рез на тренерската позиција", рече Ал Мубарак. Хјуз седна на клупата на Сити минатиот јуни, но и покрај потрошените 200 милиони фунти за засилувања, клубот воопшто не напредува според планот. Па така неговата замена Роберто Манчини е најавен како човек кој може да го издигне клубот на повисоко ниво. Италијанецот потпиша три и полгодишен договор, а според медиумите ќе заработува 4 милиони евра годишно. За негов помошник е назначен Брајан Кид. "Роберто е искусен тренер и има освоено многу трофеи. Неговите резултати кажуваат се. Тој верува во потенцијалот на Сити и се надевам дека нашите фанови се задоволни од одлуката", додаде претседателот на клубот. Манчини е многу ценет во Италија поради тоа што со три различни екипи стигнуваше до трофеи. почна во Фиорентина и го освои купот, истото го стори со Лацио, а за четири години минати во Интер освои три шампионски титули и два домашни купа. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
6:1
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хунтелар + 25 милиони евра за Џеко
Откако неколкупати не успеа да ги наговори челниците на Волфсбург да се откажат од услугите на нивниот најдобар напаѓач Един Џеко, управата на Милан ќе се обиде со нова тактика да стигне до потписот на фудбалерот. Италијанскиот спортски дневник Кориере дело Спорт тврди дека "Росонерите" се подготвени во наредните неколку дена да испратат интересна понуда до германскиот шампион и тоа холандскиот напаѓач Клас-Јан Хунтелар плус 25 милиони евра и на тој начин да ја достигнат сумата од 40 милиони евра која ја бара Волфсбург. Џеко оваа сезона постигна 10 гола во 21 настап во редот на "волците", а неговиот договор истекува на крајот на сезоната 2012/13. Минатата сезона беше брилијантна за него каде беше прецизен 29 пати и се промовираше во еден од најдобрите европски напаѓачи. Милан летоска неколкупати го притискаше Волфсбург да го пушти Босанецот кој јавно порача дека би сакал да се пресели во Милано, но до договор не дојде. Сега Милан го обнови интересот, но покрај него во трката по Џеко се уште Арсенал, Челзи и Јувентус. Кога сме кај Милан, управата на клубот "мерка" двајца корпулентни дефанзивци. Се работи за Седрик Монгунгу од Монако и Гај Демел од бундеслигашот Хамбургер. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПЕЛИСТЕР НЕМАШЕ СИЛИ ЗА ИЗНЕНАДУВАЊЕ ПРОТИВ ПОЗНАТИОТ ЛЕНС НА ПРВАТА "КОНТРОЛА" ВО МАЛАГА
Моќно прво полувреме на Французите * Ленс "распука" и уште по првите 45 минути имаше позитива од три гола разлика оставајќи го Пелистер без шанса за поволен резултат ЛЕНС - ПЕЛИСТЕР 4:0 (3:0) Стадион во Малага (Шпанија). Гледачи: 300. Стрелци: Моне - Паке 14', Едуардо (п) 18', Руде 37' и Маулида 73' (Л) ЛЕНС: Руње, Рамос, Демонт, Сартр, Шалме, Хермах, Ховин, Акале, Руде, Моне - Паке, Едуардо Уште играа: Атрус, Јахиа, Орие, Реми, Жозеф Монроз, Ел Адуа, Ситу, Маулида ПЕЛИСТЕР: Петровски, Петковски, Ганчев, Цветковски, Мицевски, Спировски, А.Вељановски, Лазаревски, Симоновски, М.Алтипармаковски, Димитровски Уште играа: Апостоловски, Брдаровски, Драгарски, Магловски, В. Алтипармаковски, Бујчевски, Станковски, Миленковски За првпат во својата историја Пелистер наспроти себе имаше француски состав. Моментално 13. екипа по есенскиот дел на Француската лига, Ленс на вториот ден од подготовките беше првиот ривал во Малага. Речиси една деценија по мечевите со Цементарница во Купот на УЕФА и "жолто-црвените" се соочија со тим од нашата земја. Поквалитетната екипа на Жан Гај Вилем брзо ја презеде иницијативата и одигра одлично прво полувреме во кое создаде недостижна предност против далеку помладата екипа од Битола. По температура од 15 степени двете екипи со своите адути почнаа отворен меч, во кој според очекувањата Ленс го водеше главниот збор. Во првото полувреме Французите создадоа 5-6 шанси и трипати ја погодија мрежата на Петровски. Во 14. минута по центаршутот на Африканецот Канга Акале, високо скокна Кевин Моне – Паке и го отвори резултатот. Само 4 минути подоцна по играта со рака на Ганчев во шеснаестникот на Пелистер главниот судија покажа на белата точка, а успешен егзекутор беше Бразилецот Едуардо. Пелистер најблиску до гол беше преку капитенот Димитровски од слободен удар, но неговиот шут заврши за малку над пречката. На осум минути до одморот третиот гол за Ленс го постигна Себастијан Руде со удар од далечина. Во вториот дел двата тренери Вилем и Илијевски извршија многу замени, така што темпото опадна и бројот на шанси се намали. Пелистер долг период беше рамноправен, иако евидентно беше дека Ленс е многу поквалитетен и вака ослабен без 7-8 фудбалери кои заминаа за Купот на Африка. Благодарение на средниот ред македонскиот тим мина 20 спокојни минути во кој му парираше на Французите. Дури имаше една спорна ситуација заради игра со рака во казнениот простор на Ленс, но шпанските судии сега не покажаа на белата точка. Во 73. минута бившиот напаѓач на Оксер и Олимпик Марсеј, Теофилу Маулида убаво се проби меѓу дефанзивците на Пелистер и го заокружи триумфот на Французите со 4:0. Убедлив пораз, но и уникатно искуство за петтопласираната екипа во домашното првенство. Резултатот беше во втор план, иако никој не се сомневаше во финалната победа на Ленс. З. Мишевски Жан - Гај Вилем: Игравме против непознат противник "Игравме против непознат противник, но многу го респектиравме. Задоволен сум од одиграното во првото полувреме и од постигнатите голови. Во вториот дел двете екипи го намалија ритамот и тој дел беше помалку квалитетен. Сепак, добро е да се почне годината со победа макер и на пријателски натпревар". Игор Митрески со "пелистерци" Македонскиот репрезентативец Игор Митрески е голема поддршка за Пелистер во Малага. Имено, со германскиот второлигаш Енерџи Котбус, Митревски се наоѓа во истиот хотел во местото Естепона крај Малага. Заедно со управата на клубот од источна Германија нашиот интернационалец го следеше Пелистер против Ленс. Во хотелот со Пелистер покрај Германците пристигна и холандскиот Нец Нијмеген. Измени во планот: Место АЗ Алкмар, против НАЦ Бреда Организаторот направи мали измени од првичниот план и место со Аз Алкмар и Рубин Казан, битолскиот клуб ќе игра со НАК Бреда и Грасхоперс. Така наредниот ривал е НАЦ Бреда на 10 јануари, па НЕЦ Нијмеген на 13, Грасхопрес на 16 и Базел на 18 јануари. Пелистер во Македонија се очекува на 19 јануари. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нац
Бреда - Пелистер Изменето од mungos80 - 08.Јануари.2010 во 20:56 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Милан покажа како се игра фудбал
По извонредната победа од 3:0 над ривалот во првенството Јувентус среде Торино екипата на Милан се уште не може да ги скрие емоциите и задоволството од големиот успех. Ова беше 202. официјална пресметка со "Старата дама", 149 во Серија "А", а Милан стигна до 62. победа во меѓусебните дуели, односно 45. во најсилната италијанска лига. Последен пат Милан извојувал победа во Торино во сезоната 2003/04 со 3:1. Тренерот Леонардо истакна дека успехот е резултат на интелигентната игра на неговиот тим. "Воопшто не беше лесно, иако резултатот го кажува спротивното. Имавме тотална контрола врз топката и бевме многу подобри на теренот. Јувентус се обиде да притисне, а во неколку моменти успеваше, а моите фудбалери одлично се спротивставија. Одигравме интелигентно и знаевме што бараме, а тоа е главната причина за победата", изјави Леонардо. За тактиката и начинот на игра Леонардо доби пофални зборови од потпретседателот Адријано Галијани. "Леонардо постави одлична тактика и ги смести фудбалерите на точните позиции. Неста потврди дека се работи за вонсериски дефанзивец, а среќен сум што успешно се врати по тешката повреда на грбот која го мачеше долго време. Се уште е рано да се прогнозира шампионот, но со ваква игра Милан има реални шанси да го симне Интер од врвот", рече Галијани. Плејмејкерот во тимот, Андреа Пирло посочи дека фудбалерите се наоѓаат во фантастична форма и многу лесно ќе го стигнат лидерот ако продолжат со ваква игра. "Сега титулата е достижна. Покажавме дека сме подобри од Јувентус и заслужено победивме. Сега се подготвуваме за дербито со Интер следната недела кое верувам дека ќе го добиеме", додаде Пирло. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јунајтед мора да го продаде Руни
Можноста Манчестер Јунајтед да остане без Вејн Руни, макар и идната сезона би значела речиси сигурно простување од високите амбиции на актуелниот англиски првак, а според таблоидот Сан, таа е се поизвесна. Причината поради која Алекс Фергусон по Кристијано Роналдо и Карлос Тевез би морал да се откаже и од "Ру" се финансиските проблеми и лошото работење на семејството Глејзер под чие раководство е Манчестер Јунајтед. Еден од најуспешните англиски клубови се наоѓа во големи финансиски долгови. Пред неколку дена беше објавено дека минатата сезона Јунајтед ја завршил годината со добивка од 48,2 милиони фунти, но фактички клубот би бил во голема загуба ако не се случеше продажбата на Кристијано Роналдо за 80 милиони фунти во Реал Мадрид. Тоа значи дека многу слично може да биде и оваа сезона, особено ако "Црвените ѓаволи" не успеат да освојат ниеден трофеј, што според актуелниот играчки кадар и резултатите што ги бележат е малку веројатно. Вкупните долгови на Јунајтед изнесуваат 711 милиони фунти, а за да покрие дел од нив семејството Глејзер планира да позајми 75 милиони. Единствениот кој би можел да ги покрие големите долгови на Јунајтед е Вејн Руни, чија вредност на пазарот во моментов се проценува на над 60 милиони. Тој е и единствениот висококвалитетен играч во актуелниот состав на англискиот првак за кој може да се каже дека е меѓу најквалитетните во светот со оглед на тоа што Ван дер Сар, Сколс и Гигс се ветерани, а Бербатов и Нани се далеку од она што се очекуваше од нив. Како најсериозни кандидати за евентуалниот потпис на Руни уште одамна се спомнуваат Реал Мадрид и Барселона, кои се веќе подготвени да понудат околу 70 милиони фунти. По сето ова, сосема неверојатно звучат информациите дека Алекс Фергусон има на располагање 75 милиони фунти за во зимскиот преоден рок да ја засили екипата, а на сопствениците да им помогне да привлечат инвеститори. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кемпбел се врати во Арсенал
Поранешниот англиски репрезентативец Сол Кемпбел направи сензационален кам-бек во Арсенал, клубот каде што се прослави како фудбалер. Тренерот на "топчиите", Арсен Венгер, проценил дека Кемпбел, и покрај неговите 35-години одлично би се вклопил во тимот покрај младите играчи во обид да дојде до шампионската титула во Англија. Венгер верува дека искусниот дефанзивец е добро решение за проблемите во одбраната оваа сезона откако Сендерос побара да си оди, Галас не е во посакуваната форма, а Џуру, Клиши и Гибс не можат да кренат глава од повреди. Кембел, кој беше член на топчиите од 2001 до 2006 година, веќе неколку недели тренира со лондонскиот клуб, а според пишувањата на англиските медиуми бил постигнат договор според кој робусниот дефанзивец би добивал неделна плата од 20 илјади фунти, а ќе остане до крајот на сезоната. Потписот на договорот се очекува до крајот на неделава. Венгер се обиде да ја види моменталната негова физичка состојба и го вклучи во резервниот тим за дуелот со Вест Хем на Аптон парк, а Кемпбел одигра 45 минути и ја предводеше екипата во победата од 4:2. "Ми недостасуваше Арсенал и имам чувство дека ова ќе биде одличен потег. Мило ми е што се вратив. Искрено верувам дека можам многу да придонесам во успехот на овие момчиња. На овој натпревар ја вратив самодовербата, а физички се чувствувам одлично", рече 35-годишниот одбранбен фудбалер по дуелот со Вест Хем. 35-годишниот дефанзивец освен во Арсенал, има настапувано во Тотенхем, три години мина во Портсмаут, а на почетокот на сезоната потпиша петгодишен договор со третолигашот Нотс Каунти, меѓутоа го раскина по само еден одигран меч. Кон крајот на минатата година беше поврзуван и со Манчестер Јунајтед, но менаџерот на тимот Алекс Фергусон одлучи да не го ангажира. Дресот на англиската репрезентација го носеше вкупно 73 пати и постигна еден гол и тоа на Светското првенство 2002 година против Шведска во дуелот од групната фаза. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чави најдобар плејмејкер за 2009 година
Фудбалерот на Барселона и шпанската репрезентација Чави Хернандез втора година по ред, е прогласен за најдобар плејмејкер на светот за 2009 година според Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС). Халфот на "блауграна" го освои првото место со 164 бода, 21 повеќе од најдобар светски фудбалер според ФИФА и добитникот на "Златната топка" за оваа година Лионел Меси. Меѓу првите тројца се наоѓа и фудбалер на Реал Мадрид, Кака со 99 бода. Интересно е тоа што освојувачот на "Златната топка" од 2008 година, Кристијано Роналдо, се наоѓа на дури на седмата позиција со 41 бод. Церемонијата на која Чави и официјално ќе ја прими наградата ќе се одржи во Лондон на први февруари. Претходно Барселона беше прогласена за најдобар клуб изминатата година, а Пеп Гвардиола најдобар клупски тренер. Уште двајца Шпанци добија признанија за најдобри според ИФФХС. Тоа се Висенте дел Боске како најдобар селектор и чуварот на мрежата на Реал, Икер Касиљас како најдобар голман. 10. НАЈДОБРИ ПЛЕЈМЕЈКЕРИ ЗА 2009 1. Чави Хернандез Барселона Шпанија 164 бода 2. Лионел Меси Барселона Аргентина 143 3. Рикардо Кака Реал М. Бразил 99 4. Андрес Иниеста Барселона Шпанија 98 5. Стивен Џерард Ливерпул Англија 54 6. Сеск Фабрегас Арсенал Шпанија 45 7. Кристијано Роналдо Реал М. Португалија 41 8. Френк Лампард Челзи Англија 35 9. Андреа Пирло Милан Италија 26 10. Хуан Себастијан Верон Естудијантес Аргентина 13 |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новески до "пензија" во Мајнц
Репрезентативниот дефанзивец Николче Новески останува во Мајнц и во наредните три и пол години. Дефанзивецот вчера потпиша нов договор со бундеслигашот, со кој се обврзува да остане во Германија до јуни 2013 година. Новески е во Мајнц веќе шест години, со тоа речиси цела деценија ќе биде во екипата од "Брушвег стадионот". "Јас сум повеќе од шест години тука и многу ги ценам сите во клубот. Мајнц штотуку остана мој дом", вели Новески. И тренерот Кристијан Хедел го искажа своето задоволство од останувањето на Новески во Мајнц. "И покрај сите други работи, Новески избра да остане кај нас. Тој и натаму е дел од овој тим и морам да го искажам своето задоволство што и во иднина ќе сметаме на еден таков одличен фудбалер", вели Хедел. Новески сезонава е заменик капитен на Мајнц, а на неколку меча ја носеше и капитенската лента за својот тим, кој добро "граби" во Бундес-лигата и доколку продолжи во ист ритам, може дури да избори и излез на меѓународна сцена следната сезона. Новески е дете на Пелистер, а потоа го име носено дресот на Ханза Рошток, но и на Ауе од каде во 2004 замина во Мајнц. До сега има одиграно 107 натпревари во првата, и 59 во Втората бундес-лига. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Внеси реплика | страница <1 3031323334 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |