IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 68>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2007 во 01:09

Светиот свештеномаченик Еротеј

Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од Св. апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Еротеј се јави во Ерусалим и учествуваше во погребот. Со своето Божествено пеење мнозина ги приведе кон срдечно умиление и се покажа себеси како маж вдахновен одозгора. Многу се потруди во делото на Евангелието, многубројни незнабожци ги обрати кон вистината, добро го управуваше своето словесно стадо, и најпосле заврши маченички за Христа, Кој[to му даде двоен венец во Царството Небесно: венец на јерарх и венец на маченик.


 


Изменето од ACELERA - 18.Октомври.2007 во 00:21
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2007 во 01:22

Свети Стефан Штиљановиќ

Деспот српски. Управувал со српскиот народ во многу тешки прилики, борејќи се храбро против Турците и Латините.  Божји праведник и родољуб, овој прекрасен кнез може да се спореди со Св. Александар Невски или со Светиот крал Јован Владимир. Се упокои во почетокот на 14 век (според некои во 1515 г.). На неговиот гроб ноќе се појавуваше светлина , според која и се пронајдени неговите Свети мошти кои долго време почиваа во Фрушкогорскиот манастир Шишатовац, па за време на Втората светска војна беа пренесени во Белград и положени во Соборната црква покрај телото на Св. кнез Лазар. Неговата жена Елена, откако ги виде нетлените мошти Стефанови и чудата што извираа од нив  се замонаши и се предаде на подвиг до смртта.



Изменето од ACELERA - 18.Октомври.2007 во 00:21
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2007 во 01:37

Преподобен Амон

Родум Мисирец, а по знимање лозар. Неговите роднини го оженија против неговата волја , но тој не сакаше да живее со жена му како со жена , туку од првиот ден ја нарече сестра и ја посоветува заедно да си ја сочуваат девственоста заради вишните богатства на небесата. Потоа, по договор, жената основа женски манастир во нивниот дом , а Амон отиде  во Нитриската пустина, каде што се предаде на пустински подвиг . Заради чистотата на срцето од Бога прими големи дарови на чудотворност и проѕорливост. Едни маж и жена му го доведоа нивниот побеснет син  за да го излечи со молитва . Но Амон никако не сакаше.  По долго навалување на родителите Амон рече: „Во вашите раце е болеста и здравјето на вашето дете. Вратете ѝ го на онаа вдовица (и ѝ го кажа името) волот што ѝ го украдовте  и ќе ви оздравее синот. Ужаснати од оваа проѕорливост на светителот родителите веднаш го исповедаа својот грев и ветија дека штом ќе си отидат веднаш ќе го вратат украдениот вол. Тогаш Св. Амон Му се помоли на Бога  и детето оздраве . Амон му беше близок другар на Св. Антониј Велики. Кога тој се упокои во Нитрија околу 350 година, Св. Антониј од својата келија ја виде Амоновата душа во висините  и им рече на браќата: „Денес се престави авва Амон, еве, ја гледам неговата света душа како ја носат ангелите на небото .



Изменето од ACELERA - 18.Октомври.2007 во 00:22
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2007 во 01:45

Преподобен Павле Препрости

До својата шеесетта година живееше во светот како оженет човек . Кога ја затекна својата жена во грев , остави сѐ и отиде во пустината  кај Св. Антониј, па се замонаши кај него . Иако беше прост и некнижевен, достигна такво духовно совршенство што ја гледаше душата на секој човек  како што обичните луѓе ги гледаат човечките тела. Беше и голем чудотворец, па во некои случаи и го надмина Св. Антониј. Се упокои во длабока старост , во 340 година и влезе во радоста на ангелите.



Изменето од ACELERA - 18.Октомври.2007 во 00:23
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2007 во 00:01

Светата маченичка Харитина

Во детството како сираче беше посвоена од еден угледен христијанин Клаудиј, којшто ја воспита како своја родена ќерка. Дење и ноќе се учеше на Божјиот закон и се заветува да го проживее векот во девственост, како вистинска Христова невеста. Но бидејќи Харитина и другите ги обраќаше во девственост, за неа чу намесникот на царот Диоклецијан, некој Дометијан. Тој испрати војници и ја зедоа од нејзиниот очув, та ја изведоа пред суд. Ја запраша судијата: „Вистина ли е, девојко, дека си христијанка и дека другите ги мамиш приведувајќи ги кон таа нечестива вера?“ Харитина му одговори храбро: „Вистина е дека сум христијанка, но лага е дека другите ги мамам, туку заблудените ги изведувам на патот на вистината приведувајќи ги кон мојот Христос.“ Злобниот судија нареди и косата ѝ ја истрижаа, а главата ѝ ја посипаа со жар. Но Божјата сила ја зачува девицата. Ја фрлија во море, но Бог ја избави и од морето. Ја врзаа за тркало и почнаа да го вртат, но ангел Божји го запре тркалото и Харитина остана неповредена. Тогаш пакосниот судија испрати некои развратни момчиња за да ја осквернат. Стравувајќи од бесчестење Св. Харитина Му се помоли на Бога да ја прими нејзината душа пред да дојдат развратниците да ѝ го осквернат телото. И додека на колена Го молеше Бога, нејзината душа излезе и се пресели во бесмртното Царство Христово.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2007 во 00:02

Светиот свештеномаченик Дионисиј епископ Александриски

Роден е во Александрија од угледни незнабожечки родители и воспитан во грчката философија, а потоа и кај Ориген. Како момче ги прочита посланијата на Св. апостол Павле, поверува во Христа и се крсти од Димитриј, тогашниот александриски епископ. Во 247 година стана епископ во истиот град и Му послужи на Бога и на народот Божји како вистински пастир, и тоа под мошне мачни околности. Однадвор Црквата беше гонета од незнабожците, а внатре цепена од еретиците. Притоа уште удри и чума, којашто неколку години ги сотираше луѓето. Тој проживеа три години надвор од Александрија, засолнет од верните, за да не загине пред време. За тие три години напиша многу посланија и други состави за своето стадо, поучувајќи го и храбрејќи го во држењето на Православието. Меѓу неговите списи се наоѓаат и неколку канони коишто Црквата ги прифати. Исто така и неговото писмо против Новацијан се смета за канонско. Управуваше со Црквата седумнаесет години и во 265 година се упокои.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2007 во 00:02

Преподобен Евдоким Ватопедски

Во 1841 година кога во Ватопед ја поправаа костурницата, мајсторите најдоа мошти  на некој човек во став на клечење  и со икона на Пресвета Богородица  во рацете на градите. Необично убав мирис се разлеваше од тие мошти . Не знаејќи ни кој бил тој свет маж ниту кога живеел, монасите му го дадоа името Евдоким и неговите мошти ги пренесоа во црквата во којашто стојат и денес. Од тие мошти настанаа многубројни чудесни исцеленија . На сребреното ковчеже и денес стојат врежани зборовите: „Ова ковчеже за чесната главата  на Св. Евдоким го изработи монахот Гаврил, когошто овој светител го исцели од тешка болест.“




Изменето од ACELERA - 18.Октомври.2007 во 00:28
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2007 во 00:03

Преподобните Дамјан, Еремија и Матеј

Печерски проѕорливци и чудотворци од 9 век.



Изменето од ACELERA - 18.Октомври.2007 во 00:23
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2007 во 00:30
.





Изменето од ACELERA - 27.Мај.2010 во 19:42
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2007 во 00:58
За да не спамирам непотребно, ќе ви оставам само линкови од тие луѓе што православните ги слават денес, па ако ви се чита, кликнете си на линковите.
 
 
 
Поздрав!
EvAngelos  :pishtoldz
 


Изменето од EvAngelos - 19.Октомври.2007 во 01:03
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Miralem1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miralem1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2007 во 01:07
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

За да не спамирам непотребно, ќе ви оставам само линкови од тие луѓе што православните ги слават денес, па ако ви се чита, кликнете си на линковите.
 
 
 
Поздрав!
EvAngelos  :pishtoldz
 
 
Ovoj drugiov link ti e za кубење%20коса pa ajde sega reci deka ne e se laga do laga голема%20насмевка 
Alija ra je rekao:Znanje je bolje od imetka.Znanje te cuva a ti cuvas imetak.Znanje je sudija,a bogatstvu se sudi,umrli su oni koji su gomilali bogadstvo,a ostali su oni koji su sakupljali znanje
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2007 во 13:36

http://www.manastir-lepavina.htnet.hr/svapostoltoma.gifСветиот апостол Тома

Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“ И Тома возвикна: „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20). По слегувањето на Светиот Дух, кога апостолите ги мешаа жрепките каде кој ќе оди на проповед, на Тома му падна жрепка да оди во Индија. Тој малку се нажали што мора да оди во толку далечен крај, но Господ му се јави и го охрабри. Во Индија Св. Тома многумина, големци и сиромашни, ги обрати во верата Христова и ја заснова таму Црквата и постави свештеници и епископи. Меѓу останатите Тома ги обрати кон Христа и две жени на двајца индиски кнезови, Тертијана и Мигдонија, коишто беа сестри. Овие сестри беа од своите мажи намачени заради верата, затоа што не сакаа да живеат со нив откако примија Крштение, а потоа мажите ги отпуштија. Откако се ослободија од бракот тие поживеаја богоугодно до смртта. Дионисиј и Пелагија, претходно беа вереници, но кога ја слушнаа апостолската проповед не влегоа во соживот, но се посветија на подвиг. Пелагија заврши како маченичка за верата, а Дионисиј беше поставен од апостолот за епископ. Кнезот Муздиј, маж на Тертијана, кому што Тома му ги крсти жената и синот, го осуди апостолот на смрт и испрати петмина војници коишто го прободија со пет копја. Така си ја предаде душата во рацете на Христос Светиот апостол Тома. Пред својата смрт и тој, како и другите апостоли, беше чудесно пренесен на погребот на Пресвета Богородица. Но бидејќи пристигна доцна, горко зажали, па на негова молба го отворија гробот на Пресветата, но внатре не го најдоа Нејзиното тело. На таинствен начин Господ Ја беше зел Својата Мајка во Неговите небесни живеалишта. И така Свети Тома, којшто со своето неверување ја утврди верата во Христовото воскресение, во овој случај задоцнувајќи ни го откри чудесното прославување на Богородица.



Преподобниот новомаченик Макариј

Роден е во местото Кион во Витинија од хриситјански родители, Петар и Антуса, а крстен е со името Мануил. Родителите го дадоа да учи кројачки занает. Потоа татко му се потурчи и се пресели во Бруса. Кога еднаш Мануил појде во Бруса по работа, наиде на татко му, којшто навали на сила да го потурчува. Мануил попусто се противеше: Турците насила го обрезаа. Тогаш тој побегна на Света Гора и се замонаши во скитот на Света Ана и се нарече Макариј. Дванаесет години беше извонреден монах, но никако немаше душевен мир. „Ако некој се одрече од Мене пред луѓето и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец“ (Матеј 10, 33) - тие Христови зборови непрестајно му зуеја во ушите на Макариј. Затоа реши и со благослов на својот Старец отиде во БруAа и јавно пред Турците ја исповеда својата вера во Христа, нарекувајќи го Мухамед лажен пророк. Го биеја сто и триесет дена подложен на тешки маки и на крајот го убија со меч во Бруса на 6 октомври, 1590 година. Еден дел од неговите чудотворни мошти се чува во скитот на Света Ана на Атон.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2007 во 00:19
Денес православните ги слават следниве луѓе:
 
Овој
 
и овој
 
Поздрав
EvAngelos :pishtoldz
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2007 во 09:02

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/S130.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.   Светиот апостол Јаков

Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Мисир, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и на збор и на дело Св. Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово, уривајќи го идолопоклонството, од луѓето изгонувајќи ги демоните, лечејќи секаква мака и болест со името на Господ Исус Христос. Неговиот труд и неговата ревност беа крунисани со голем успех. Многумина незнабожци поверуваа во Господа Христа, се основаа и устроија цркви, беа поставени епископи и свештеници. Пострада во Мисир, во градот Острацин, распнат на крст од незнабожците. Така овој голем и прекрасен апостол се пресели во Небесното Царство, за со Царот на славата да царува бесмртно.



The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svokt-187.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.   Преподобен Андроник и неговата сопруга Анастасија

Антиохиски граѓани од времето на Теодосиј Велики. Андроник беше златар по занает. И тој и жена му беа многу благочестиви и непрестајно се трудеа да одат по патот Господов. Од својата заработка една третина им даваа на сиромашните, друга на Црквата, а со третата се издржуваа. Откако им се родија две деца, се договорија да живеат како брат и сестра. Но по неиспитливата Божја Промисла децата им умреа во еден ден двете. И родителите беа во голема тага сe додека Светиот маченик Јулијан не и се јави на Анастасија на гробиштата и не ја утеши со веста дека нивните деца се во Царството Божјо и дека им е подобро таму одошто со родителите на земјата. По ова обајцата оставија сe и појдоа во Мисир, каде што примија монашки чин - Андроник кај Старец Даниил во Скитот, а Анастасија во женскиот манастир во Тавенисиот. Откако му угодија на Бога со своите долгогодишни подвизи, се преселија во Царството Небесно, најпрво Св. Анастасија, а потоа осум дена по неа и Св. Андроник.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.