|
ВЕРСКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика | страница <1 2829303132 86> |
Автор | |||||
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Добро бре кој ги сруши...и муслиманиве се поделени ???
|
|||||
|
|||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
бар „ние“ не си ги рушиме црквите....ама овие, се испоклаа...
|
|||||
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Vidi stvarnonie verbalno samo se napagjame..jaki na zbor
|
|||||
|
|||||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
da sum musliman od sram ne bi izleguval nadvor---od mojata kukja!
|
|||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
да си муслиманска жена, не би ни смеел...
|
|||||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
pogotovo ako sum u ,,mutta, brak! ---ne mi se pise dobro!
|
|||||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
ВЛАДА ЈОРДАНА ПАТРИЈАРХА ТЕОФИЛА III ПРИЗНАЛА КАО ЗАКОНИТОГ ПРВОЈЕРАРХА ЈЕРУСАЛИМСКЕ ПРАВОСЛАВНЕ ЦРКВЕ Влада Јордана је Патријарха јерусалимског Г. Теофила III поново признала као законитог предстојатеља Јерусалимске Православне Цркве, чиме је поништила свој ранији указ о непризнању његове патријарашке службе. ''Ова одлука је уследила после доношења коначне одлуке кабинета Владе Јордана. Наиме, Влада Јордана је сада уверена да је Теофил испунио све обавезе које је на себе преузео када је 2005. године изабран за Патријарха јерусалимског'', изјавио је неименовани званични представник јорданске Владе. Влада Јордана је, као што смо, раније, већ извештавали, одбила да призна Патријарха Теофила III, као законитог првојерарха Јерусалимске Православне Цркве. Ову своју одлуку Влада је поништила одмах пошто је Патријарх Теофило III послао два писма премијеру Јордана. На крају, по речима представника јорданских власти, Његова Светост Патријарх јерусалимски Г. Теофило III се обавезао да у састав Синода Јерусалимске Цркве уђу и четворица Јорданца, као и да ће се придржавати закона из 1958. по којем је забрањена продаја црквене земље и имовине у Јерусалиму. Извор: www.patriarchia.ru |
|||||
здраво
Сениор Регистриран: 15.Декември.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 253 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Източник: Патриархия.ru "В името на единния и единствен Бог,
а също и на всички палестинци, много от които продължават да умират,
ние умоляваме нашите братя от движенията Фатах и Хамас да се вслушат в
гласа на разума, истината и мъдростта", пишат в апела си християнските
лидери на Светата Земя – патриарсите и предстоятелите на християнските
Църкви в Палестина.
Интересите на нацията и държавата трябва да са над всички несъгласия, се казва в апела. "Умоляваме двете движения да приберат незабавно оръжието си, за да се сложи край на израелската окупация, да се гарантира свобода на целия ни народ и да се създаде независима палестинска държава със столица в Йерусалим". В интервю, дадено на агенция SIR, отец Пиер Грек, генерален секретар на Конференцията на латинските епископи в арабските страни (Celra), заяви, че в Газа "населението е стиснато в железното менгеме на терора и живее в условия на крайна бедност. Необходимо е да се спрат сблъсъците, за да се достави помощ". Отец Мануел Мусалам, настоятел на църквата Св. Семейство в Газа, също призова "братята от Фатах и Хамас" да приберат оръжието си и да си спомнят, че вярващите трябва да бъдат милосърдни. "Прекратете насилието в името на Корана и Библията — заяви той, – върнете се към истинското братство, старайте се да помагате на бедните, дайте храна на гладните, опитвайте се да прощавате. Кажете "не" на войната и "да" на единството". Отец Мусалам подчерта, че християнските църкви и училища са открити за всички, които търсят диалог, и призова към грижи за децата, получили физически или душевни травми. |
|||||
|
|||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Недела, 17.06.2007 | Македонија
Српски и грчки владици на церемонија кај Вранишковски Битола /17/06/ 14:16 Синодот на нерегистрираната Православна охридска архиепископија (ПОА) на Јован Вранишковски денес е зголемен за уште ден член, во присуство на српски и грчки владици, јави дописникот на Макфакс.Во манастирскиот комплекс Свети Јован Златоуст во битолското село Нижеполе, Давид Нинов е хиротонисан во епископ Стобиски. На чинот на неговото ракоположување присуствуваа владици од српската и грчката православна црква, како и стотина приврзаници на Јован од Македонија, Србија и Грција. За митрополитот на преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква, господин Петар ова е незаконски чин од повеќе аспекти. „Нинов не ги исполнува условите да биде архиереј, во 2004 година црковниот суд му го одзеде свештеномонашкиот чин и никој нема право да не ја почитува таа одлука. Исто така, невозможно е тој да биде назначен за владика затоа што нема Богословски факултет, а тоа не го дозволува и законот на СПЦ. Ова е незаконска црква која прави последни обиди за подигање на угледот“, рече митрополитот Петар. Синодот на таканаречената ПОА сега има четири членови на чело со Вранишковски |
|||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Јован со незаконски чинови купува приврзаници Давид не може да биде хиротонисан во архиереј, зашто и според законите на СПЦ мора да има завршено Богословски факултет, вели владиката Петар Во сослужение на грчки и на српски свештеници, расчинетиот владика
Вранишковски, во дивоизграден манастир во битолското село Нижеполе, го
хиротониса својот приврзаник, анхимандритот Давид, во епископ стобиски.
Вчерашната служба траеше повеќе од два часа и се изведуваше на сите три
јазици. На чинот присуствуваа околу педесетина приврзаници на Јован од
Македонија, Србија и од Грција. Тој ја искористи пригодата да изрече
анатема за македонските владици, нарекувајќи ги еретици. Иако според
Законот за верските заедници не се дозволени служби на други религиски
групи, полицијата вчера не се ни појави на настанот. Жанета Здравковска |
|||||
Averoes
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 299 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Иран упати протест поради прогласувањето за витез од страна на Велика Британија за индискиот писател Салман Ружди кој со романот Сатански стихови разгневи голем број муслимани во светот.
Иранското Министерство го повика британскиот амбасадор да му врачи протест и во соопштение го оквалификува потегот на Британија како „провокативен акт“. Пакистан исто така протестираше, поради што на британскиот амбасадор во Исламабад му беше предочено дека таквото одликување покажува дека британската Влада „нема слух за сензибилноста на прашњето“. Британија негираше дека со титулата се навредува исламот. – Овој навредлив, сомнителен и некоректен акт на британската Влада е очигледен пример за борба против исламот, изјави Ебрахим Рахимпур, директор за Европа во иранското Министерство за надворешни работи. – Тоа сериозно ги повредува чувствата на 1,5 милијарди муслимани, додаде тој и наведе дека британската Влада и кралицата Елизабета Втора се „одговорни за последиците од таа провокација“. |
|||||
NE POSTOJAT LUDI LUGE, TUKU SAMO TAKVI, KOI NE SE VO POTPOLNOST SFATENI OD OSTANATITE !
|
|||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
абе вие нон-стоп богохулите по сите џамии и сите исламски форуми против ХРИСТА, и сега некој треба да има разбирање за вашиот „проблем“ со вистината и книгата на Ружди???
жал ми е шо кај мене нема да наидете на симпатии...
|
|||||
Averoes
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 299 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
NE POSTOJAT LUDI LUGE, TUKU SAMO TAKVI, KOI NE SE VO POTPOLNOST SFATENI OD OSTANATITE !
|
|||||
здраво
Сениор Регистриран: 15.Декември.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 253 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Хиротонисан Епископот стобиски г. ДавидНеговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, на 17 Јуни 2007 год., во Ставропигијалниот манастир „Свети Јован Златоуст“, Нижеполе, Битола, изврши хиротонија во епископски чин на Епископот стобиски г. Давид. На неговото Блаженство Архиепископот г.г. Јован при хиротонијата му сослужуваа Неговото Преосвештенство Епископот горнокарловачки г. Герасим, во својство на пратеник на Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Павле и Светиот Архиерејски Синод на Српската Православна Црква, Неговото Преосвештенство Епископот далматински г. Фотиј, Неговото Преосвештенство Епископот полошко кумановски г. Јоаким и Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко. На богослужбата беа присутни свештеници и монаси од Русија, Грција и Србија, како и множество верен народ од сите краишта на Р. Македонија. Новоракоположениот Епископ стобиски г. Давид, во неговата пристапна епископска беседа рече: Ваше Блаженство, Ваши Преосвештенства, Високопреподобни архимандрити и игумании, Чесни презвитери, Преподобни монаси и монахињи, во Христа Бога браќа и сестри, мнозина се оние пред мене, коишто останале вчудоневидени и во недоумение пред подобните, на денешново, дејанија на Духот Свети. Та, кога тие велики светители на Црквата, како и огнените богослови и јерарси, низ историјата и во совремиево, бивале восхитени, понекогаш и до немост, пред тајната на личната Педесетница, што ли да кажам јас недораснатиот и грешен пред Триипостасниот Бог! Светиот Апостол Павел во посланието до Солунјаните вели дека непрестаното молитвено благодарење за се што се случува е Предание, коешто потекнува од Самиот Бог (1Сол. 5. 18). Оттука, бивајќи обземен од благодатта при свештениов чин, на почетоков ништо друго и не ќе можам да речам, освен, веднаш и најнапред да го изразам, колку што можам со скудноста на јазикот, чувството на благодарност кон Бога за сета штедрост Негова и сите дарови Негови. Да Му воздадам благодарност за сите и за се. Најпрвин, благодарност за, но и кон великиот Јерарх, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, најдостојниот наследник на корифеите на нашата помесна Црква, на светиот Климент Охридскиот чудотворец, на блажениот Теофилакт, на Димитар Хоматијан, на Константин II Кавасила и плејадата други возглавители на славната Охридска Архикатедра. Ваше Блаженство, во поривот за слобода, никогаш не престанав да ги слушам зборовите од Вашата пристапна епископска беседа, дека „до последен здив ќе работите на единството, како на помесната, така и на Црквата во целата вселена.“ Единството и е дадено на Црквата како непроменлива вредност, та, се бива призивано кон тоа единство, кон единството како пат по којшто Црквата патува кон славата на идното Царство. И, секој којшто љубоморно не го чува единството на Црквата, коешто е нејзина суштина, којшто не го љуби, или, што е најлошо станува негов непријател, во себе носи многу тешка одговорност! Затоа, благодарен сум неизмерно, што добивам можност и одговорност, како Епископ да Ви бидам сотрудник на ова страшно и достофално место, помеѓу нашиот распнат народ, и во овој очебјно голготски час, приклонувајќи се на Вашето вдахновено „до последен здив“; бидејќи, за разлика од схоластичкиот призвук, којшто е присутен кај мнозина при искажувањето на такви изрази, кај Вас, заради Вашето во пракса исцелување на расколот, преку страдања и саможртвена љубов, исказот „до последниот здив“ проблеснува со сета негова сила. Следствено, длабоко верувам дека на Вас се исполнуваат и оние зборови од извесната монашка апофтегма: Вие сте како цветот, колку повеќе Ве газат толку повеќе благоухате со благоуханието од коешто се храни Црквата низ сета Вселена. Монашкиот живот и самиот по себе подразбира исцело посветување на Господа и живот во литургиско заедничарење. Од денес, пак, и како Епископ, моја уште поусрдна заложба ќе биде да Ви се вподобам, Ваше Блаженство, во чувањето на соборноста на Црквата, секогаш смирено предочувајќи дека оние коишто ја рушат, истовремено се лишуваат и од даровите на Духот Којшто дише во Црквата, очигледно, толку многу возненавидена од непомјаникот. Но, на оние коишто не знаат, нека им стане познато дека Црквата којашто ја возглавувате не е свртена само кон минатото, туку кон иднината, истовремено отворајќи ја и историјата за иднината, којашто тука ја иконизира, бидејќи Осмиот Ден на Невечерниот Град којшто го чекаме не е зад нас, но пред нас. Срдечно сум им благодарен и Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Павле и на Преосвештениот Епископ Горнокарловачки г. Герасим, којшто во својство на пратеник на Светејшиот Патријарх Павле и Светиот Архиерејски Синод на Српската православна Црква е видлив доказ за нивната родителска љубов и безпоштедна грижа за Црквата Божја во нашата земја. Благодарен сум на Архиереите: Неговото Преосвештенство Епископот далматински г. Фотиј, Неговото Преосвештенство Епископот полошко-кумановски г. Јоаким, Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и местобљустител битолски г. Марко, на моите блиски Архимандритот Софрониј со братството и Игуманијата Кирана со сетринството од успенските манастири, на симонопетритското братство со неговиот старец Архимандритот Елисеј, на настојателката при оваа света обител монахињата Олимпијада, на сите присутни клирици и монаси. Бездруго изразувам благодарност кон присутниот верен народ, кон родителите Светлана и Славко коишто начелно, што не е безначајно, ме подржаа во одлуката за монашки живот и кон мојата покојна баба, монахињата Теодосија од којашто првпат чув за најубавата вера, и кон сите што се упокоиле со надеж на воскресение во живот вечен. Значи, благодарен сум и на Црквата Православна, којашто војува на земјата и торжествува на небесата, а без којашто ништо не сум. Влегувајќи, пак, внатре во Црквата, ние и пристапуваме на втората ипостас на Света Троица, на Оној Којшто е роден од Отца, а не создаден, значи влегуваме во пространствата на несоздадената реалност, во пространството на благобитието за коешто како вистинска духовна авангарда на ова повестно место, и сега, живо сведочи нашата помесна Црква, возглавена од Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Јован. Всушност, затоа и сме повикани да постанеме несоздадени по благодат и да заедничариме со божествените енергии. Оттука, дозволете ми Ваше Блаженство, на браќата и сестрите во Христа, верниот род православен, само да им го посочам она што заеднички ни претстои, а коешто толку прекрасно го имаат срочено Отците на Црквата и современите патролози: Бог земјата ја онебеси, бидејќи претходно небото го спушти на земјата; Бог стана човек, за човека да го направи бог по благодат. На тој начин, Ваше Блаженство, ќе го чуваме она коешто Вие го остваривте, а тоа е единството на Црквата, бидејќи свесен сум дека само доколку се обожуваме во соборната Црква, можеме да кажеме дека живееме со Христа, според зборовите на Апостолот: „Он е глава на телото, односно на Црквата“ (Кол. 1. 18). Христос, пак, ни се открива во единството помеѓу нас и во љубовта Негова, а тоа значи во Црквата, бидејќи радоста на единството и љубовта ги разбираме во Неговата Првосвештеничка молитва: „сите едно да бидат“ (Јован. 17. 11, 22). Несомнено верувам дека оваа молитва и денес е молитва на секој Првосвештеник и христослужител, а отсега покопнежливо и моја. Службата што ми се доверува, го има, како што исповедав, за цел обожението со несоздадената благодат на Триличносниот Бог, коешто е невозможно надвор од Евхаристијата на Црквата, секогаш, та, се разбира, и денес, бидејќи за нас е важна сегашноста во којашто се покажува дека помесните евхаристии го победија вештачки наметнатото заточеништвото во политичките граници, карактеристични за националшовинизмот и комунизмот во минатите два века. Епископот е иницијатор на сите харизми, нагласува нашиот Блаженејши Архиепископ. Неговиот, пак, учител, Митрополитот на апокалиптичната пергамска црква ја предочува и основната посветеност на епископската служба, велејќи дека Епископот не е само видлива глава на евхаристиското собрание, туку и единствен во Црквата предавател на свештенството, а со тоа, и изразител, и чувар на канонското единство нераскинливо поврзано со Литургијата, којашто во просторот и времето го изразува единството на Црквата Божја. Таа Литургија ќе ја служам и на тоа собрание ќе му служам подобно на Епископите стобиски, истите оние коишто како учесници на вселенските собори застануваа во одбрана на чистотата на православната вера и единството на Црквата. Дали е потребно да се изложи зошто го посочувам спомнатово? Затоа што во нашево време, коешто го одликуваат остатоците на богоборечкиот комунизам, уште е свежа крвта на бесмртните мажи, коишто своите маченички коски ги вградија во темелите на Црквата. Оттука, епископството е Голгота, велат современите свештеномаченици, бидејќи Епископот мора Христа Бога да Го стави пред животот. Свети Симеон Солунски, пак, имајќи предвид оти Епископите се преемници на Апостолите, пишува дека современите Епископи според благодатта на првосвештенството во ништо не се разликуваат од Апостолите Петар и Павел. Она во што се разликуваат е само нивната доблест. Енергијата на тајните на Апостолите, пак, е иста со оваа на денешните Првоиерарси. А, свештенството што го имаат Архиереите е свештенството Христово, и не е дело на човечка доблест. Следствено, учителот на монашкиот живот, светиот Јован Лествичник додава: кој Го љуби Господа, најнапред го возљубил братот свој. Второто е доказ за првото. Оттука, верувам дека епископската служба се состои и во подвигот на добродетелен живот. Вратите на срцето и на домот ќе ми бидат отворени за она што според старците најмногу му недостасува на постмодерниот човек, а тоа е да биде внимателно сослушан и примен со Христовата љубов. Духовното дело бездруго се состои и во тоа Епископот да прима луѓе на исповед, имајќи предвид дека човекот на нашето современо општество неретко е полн со болка. Оттука, неопходно е поткрепувајќи го и ослободувајќи го од болката, да го воведе во Телото на Оној Којшто Беше, Којшто Е и Којшто Доаѓа – Богочовекот Христос. Иако сум недостоен, без да се плашам пред оние коишто се силни и моќни во светот, а, коишто, сепак, на душата не можат да и напакостат, запазувајќи го достоинството на епископската служба, секогаш ќе ја поттикнувам и подржувам борбата за праведно и жизнерадосно решение на сите отворени дилеми со коишто се соочува мојот народ. Народот на Архимандритот Теодосиј, на игуменот Кирил Тетоец, на јеромонахот Крчовски, и, без исклучок, на сите други, во континуитет, дејци при оваа македонска земја со богата и величествена античка цивилизација на којашто од дамнина, мнозина од нас, плодоносно сме се накалемиле како богоименувани, по плот, Словени, а по дух, бездруго, Ромеи, отворени за „Словото Коешто во почетокот беше во Бога, и Бог беше Словото“ (Јован 1. 1). Значи, народ којшто има со што да се пофали, но, и тоа како, има и за што да се кае. Невозможно ќе ми е да не бидам отворен и присутен во сите сегменти и на општествениот живот, особено оние коишто се однесуваат на младите, не за Црквата да стане општество, што е и невозможно, но подобно на Божјата секадеприсутност, и Црквата благодатно да биде секадеприсутна воведувајќи ја во вечноста конкретната историја, се разбира онаа, којашто се случува пред очите на Бога. Затоа, Ваше Блаженство, подражавајќи Ве во љубовта, дозволете во овој момент уште еднаш да го упатам следниов родителски повик: народот, којшто сеуште пребива во душепогубниот простор на расколот, преку преумување да премине во земјата на вечноста, во Црквата изградена на темелите од Крвта Христова. Би додал дека, ако некого повикуваме кон нас, тогаш го повикуваме на крст, сметајќи го крстот како најголема и единствена слава за нас. Ваше Блаженство, Ваши Преосвештенства, Високопреподобни игумени и игумании, Преподобни монаси и монахињи, најдлабоко сум свесен, дека без Вашето молитвено застапништво нема да бидам способен да сторам било што. Затоа, сега и ги просам Вашите свети молитви, и молитвите на сите присутни браќа и сестри во Христа Бога, за по нив, Светиот Дух да ја исполни празнотијата произлегувашта од сите мои недостатоци, та да можам да и послужам на Црквата преку којашто се слави сесветото име на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш, и во вековите на вековите. Амин.
рубрика: вести Изменето од здраво - 20.Јуни.2007 во 15:27 |
|||||
|
|||||
Внеси реплика | страница <1 2829303132 86> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |