IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Диети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Диети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 33>
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2010 во 09:45
....среќа.....
alt
 
Банана диетата е пријатен и вкусен начин за намалување на неколку килограми. Благодарение на оваа диета може да се загуби дури 5 до 8 килограми неделно. Голема предност на оваа диета е тоа што не е скапа и комплицирана, а ги обезбедува најважните хранливи материи. 

Банана диетата максимално може да се користи една недела, а минимално три дена. Оваа диета е ниско-масна и со ниско ниво на белковини. Благодарение на ваквата исхрана ќе го прочистите организмот од токсини, ќе ја подобрите состојбата на кожата, а исто така ќе се чуствувате лесно. 

Што да јадете за време на диетата?
Три пати дневно, за појадок, ручек и вечера, мусли со сецкана банана (три лажици овесни снегулки, чаша сок и една лажица мед). Освен овие три главни оброка, можете да си дозволите измеѓу по едно мало јаболко. Не заборавајте да пиете течности, по можност минерална вода - околу 1,5 литар дневно.

За кого е оваа диета?
Оваа диета е за луѓе со мал вишок на килограми. За овој начин на исхрана треба да бидете здрави. Бананите исто така ќе ви помогнат да го надокнадите недостатокот на калиум.

Банана диетата не содржи сол, затоа се забележува брз пад на телесната маса - околу килограм дневно. Без сол водата не се собира во ткивото на организмот, како што се случува за време на нормалните диети, затоа по завршување на диетата морате да внимавате на јо-јо ефектот.
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2010 во 19:40
nikogas ne sum drzela dieta,eve najdov eden prilog koj moze da vi posluzi:

Диета базирана на јаболка

Диета%20базирана%20на%20јаболка

Полека губење на тежината

Оваа диета се базира на јаболка. Од нутрициона гледна точка, јаболката ги содржат сите потребни хранливи состојки и овозможуваат губење на непотребните килограми. Исто така, одлични се за одржување на витка линија - брзо нè заштитуваат и се доста хранливи. Едно јаболко со средна тежина содржи околу 80 калории и задоволува не повеќе од 4 до 5 проценти на дневните енергетски потреби. Калориите доаѓаат пред се од шеќерот кој има 8-18 проценти, во зависност од видот и условот под кои е одгледано јаболкото. Зрелите јаболка содржат 84-88% вода и затоа е драгоцен намирник за враќање на течноста во организмот. Киселкастиот вкус на јаболката потекнува од малите количини органска киселина (0,25-0,5 грама на 100 грама јаболка).

Прв ден

  • Појадок: мало парче пита со јаболка и чаша млеко
  • Меѓуоброк: едно јаболко
  • Ручек: тврдо варено јајце, порција мешан зеленчук варен на пареа, зачинет со лажица маслиново масло, цеден лимон, оцет и зачини по желба, едно јаболко.
  • Ужина: фрапе од едно јаболко и сок.
  • Вечера: печена телешка шницла со две лажици маслиново масло и зачини по желба, пире од јаболка и малку печен леб или пита.

Втор ден

  • Појадок: мало парче пита од јаболка и една чаша млеко
  • Меѓуоброк: сок од јаболка.
  • Ручек: бело месо, порција мешан варен зеленчук, зачинет со една лажица маслиново масло, сок од лимон, оцет и зачини по желба, малку препечен леб или пакетче крекери и едно јаболко.
  • Ужина: едно печено јаболко
  • Вечера: печена риба (по избор) со пченка, зачинета со две лажички маслиново масло, салата од зелка и едно јаболко зачинета со сок од лимон и оцет, и малку печен леб или пита.

Трет ден

  • Појадок: немасен јогурт
  • Меѓуоброк: едно јаболко
  • Ручек: тестенина со доматен сос и лажичка маслиново масло, овошна салата од едно јаболко и киви попрскани со лимонов сок
  • Ужина: едно јаболко печено во рерна
  • Вечера: печено свинско со варени јаболка посипани со лимонов сок и малку сол, порција свеж мешан зеленчук, зачинет со лажичка маслиново масло, лимонов сок  и малку тестенина. 

Четврти ден

  • Појадок: помалку масен јогурт
  • Меѓуоброк: сок од јаболка
  • Ручек: Варено свинско месо, јаболка исечена на кришки и прелиена со црвено вино, мешан свеж зеленчук со маслиново масло и сок од лимон зачинети по желба и малку тестенина.
  • Ужина: Фрапе од јаболка и исцедени портокали
  • Вечера: малку сирење, порција мешан зеленчук варен на пареа, зачинет со лажичка маслиново масло, лимонов сок, оцет и зачини по желба, малку тестенина и едно јаболко.

Петти ден

  • Појадок: Мало парче јаболкова штрудла и чаша млеко
  • Меѓуоброк: јаболко
  • Ручек: Пршута, салата од мешан зеленчук, зачинета со лажичка маслиново масло, лимонов сок, оцет и зачини по желба, пола тестенина или пакетче крекери и едно јаболко.
  • Ужина: едно јаболко печена во рерна
  • Вечера: риба по желба, печена во рерна, зачинета со две лажички маслиново масло, заедно со салата од јаболка исечени на кришки и порпскани со лимонов сок, заедно со малку тестенина.

Оваа диета содржи само 1,200 калории дневно, според која би требало да се придружувате една недела. Се препорачува на жени, но може да ја спроведат и мажи, со тоа што количината на лебот или тестенините ќе ја зголемат за 10 грама. 

Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2010 во 19:44

Намирници кои го намалуваат апетитот

Намирници%20кои%20го%20намалуваат%20апетитот

Факт е дека било која диета да ја спроведете за да ги изгубите вишокот на килограми, морате да се соочите со глад и копнеж за јадење. Постојат многу стратегии кои помагаат да се намали чувството на глад, како што е пиењето на многу течности, консумирањето повеќе намирници богати со растителни влакна, избегнување рафинирани јаглени хидрати, но сепак не постои ништо што апсолутно може да го отстрани чувството за глад.

Нема ништо лошо во чувството за глад од време на време, тоа е нормален одговор на намалениот внес на калории, незгодата лежи во тоа што многу луѓе неможат да оддолеат на тоа чувство, не сваќајки дека овој сигнал на глад најчесто е лажен и дека преку него нашето тело само сигнализира дека нема доволно калории, сепак таквото чувство на глад може да се победи со секое логично размислување.

Среќа е што постојат намирници за "итно гасење на апетитот", т.е. да добиеме чувство дека нашиот стомак е полн со калорична храна, а во суштина овие намирници не содржат многу калории.

  • Вода - доколку испиете една чаша вода и дисциплинирано почекате 10 минути, ќе осетите дека чувството на глад целосно исчезнал или е драстично намален.
  • Друга стратегија е да јадете зелен зеленчук, како што се салата, зелка, кељ и брокули. Особено салатата од зелено листест зеленчук има онолку малку калории, така што не е потребно да ги пресметувате, така што можете да консумирате салати во неограничени количини.
  • Јадете јаболка, кога ќе почувствувате глад можете да ја земете и најголемата можна јаболка и да ја изедете без било каква последица по диетата. Во моментите кога ќе осетите глад најлесно е да посегнете по кесата со чипс или некои други грицкалки, преку кои ќе внесете 1,000 калории што е од прилика половина од вашите дневни калориски потреби, но е тешко да можете да внесете 1,000 калории преку консумирање на јаболка. Јаболката одлично го стопираат гладот, затоа што тие се богати со растителни влакна, кои го полнат стомакот и многу брзо дејствуваат на состојбата на хормоните кои го контролираат апетитот пред да се прејадеме.
  • Бананите пред се содржат материи кои го регулираат варењето. Сепак, за разлика од останатите намирници кои исто така ги содржат муслите и оревите, бананите одликуваат со ниско ниво на масност. во 100 грама банани има 0,5% маснотии, што е за 80 пати помалку отколку процент на маснотии во просечен хамбургер. Бананата, меѓутоа, моментално создава чувство на заситеност, па затоа е идеален намирник при држењето диета (просечна банана содржи 90 калории).
  • Предноста на житарките првенствено ги донесуваат балансните состојки и бета-глутенот кој ги има во овесот и јачменот, а кои влијаат на намален холестерол. Повеќе количини на диеталните влакна содржи и ленено семе. Тоа содржи голема количина пентоза, која покрај поволното дејствување на органите за варење, има и лаксативно дејство (против замор). Растворливите диетални влакна дејствуваат на одржување на нивото на шеќерот во крвта и на намелувањето на вредноста на холестеролот. Протеините од сојата можат да се користат во пекарските производи заради намалување на маснотиите и зголемување на протеини.

Во сето ова постои замка. После еден час или час и половина нашето тело ќе забележи дека нема доволно калории во храната кои сте ја консумирале, така што гладот ќе се појави повторно. Ако комбинирате одложување на напад на глад со намирници сиромашни со калории, заедно со физичка активност, чувството за глад можете уште повеќе да го одложите, бидејќи со физичката активност масните резерви се претвораат во шеќери, кои одат во крвта, што исто така дејствуваат на губење на чувството за глад.

Секако со текот на деновите ќе внесувате оброци препишани според некоја диета, а додека овие намирници кои горе ги споменавме можат да послужат само во итни случаеви за да ублажат интензивен глад, кои не штитат од прејадување и нарушување на диетата.
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2010 во 19:48

Диета „9 килограми“

Диета%20„9%20килограми“

 Насловот на оваа диета ви кажува сè: Симнувате 9 килограми за две недели. Но, дали ќе ви успее оваа диета и дали навистина ќе загубите помалку или повеќе од 9 килограми, тоа зависи и од некои други фактори, како на пример доследноста во спроведување на диетата, активностите кои ги вршите и вашиот метаболизам...

Самата диета е многу популарна кај луѓето кои држат привремена диета, бидејќи и да загубите 5 килограми за две недели, не е мала работа, порадиискуството од бројните практичари на оваа диета, кои велат дека по прекинувањето на самата диета и враќањето на стариот режим на исхраната која ја практикувале секојдневно (нормално) пред почетокот на диетата, загубените килограми тешко се враќаат, што значи дека се појавила промена во метаболизмот.

Секако, диетата е предвидена за потполно физички здрави лица, со претходна консултација со лекар (во секој случај, ова правило важи и за сите диети). Диетата „9 кг“ се класифицира во брзите диети и не е препорачана да се практикува како животен стил, туку само како брза постапка за достигнување на вашата цел, а тоа е да ги отстраните непотребните калории.

Диета „9 кг“ – мени по денови

Во оваа диета појадокот е „убиствен“ т.е. кафе, кафе и само кафе секој ден. И тоа без шеќер. Доколку сте наикнати на слаткиот вкус на кафето можете да користитезасладувач. Исклучително е важно да конзумирате многу вода (од 1.5 до 2л. на ден) и многу би било поволно за вас, во овие две недели да вклучите некоја минерално-витаминска формула која ви одговара.

Понеделник

Појадок:
  • Црно кафе без шеќер
Ручек :
  • 2 варени јајца
  • Спанаќ сварен во солена вода
Вечера :
  • 1 голем бифтек, печен на малку масло
  • Зелена салата

Вторник


Појадок :
  • Црно кафе без шеќер
Ручек :
  • 1 голем бифтек на жар
  • Зелена салата
  • Овошје по желба
Вечера :
  • Варена шунка (количината е неважна)

Среда


Појадок :
  • Црно кафе без шеќер
Ручек :
  • 2 варени јајца
  • Зелена салата
  • 1 домат
Вечера :
  • Варена шунка
  • Зелена салата

Четврток


Појадок :
  • Црно кафе без шеќер
Ручек :
  • 1 варено јајце
  • Варен морков
  • 100гр свежо сирење
Вечера :
  • Сезонско овошје
  • Овошен јогурт (количината си ја определувате сами)

Петок


Појадок:
  • Црно кафе без шеќер
  • Изрендан морков или пашканат со сок од лимон
Ручек :
  • 1 голема печена риба
  • 1 домат
Вечера :
  • 1 голем стек на жар
  • Зелена салата

Сабота


Појадок :
  • Црно кафе без шеќер
Ручек :
  • Пиле на жар
Вечера :
  • 2 варени јајца
  • Свеж морков или пашканат

Недела


Појадок :
  • чај со лимон (без шеќер) 
Ручек :
  • 1 голем стек, печен на 1-2 лажички масло
  • Салата по избор
  • Овошје по избор
Вечера:
  • Честете се нешто по желба

Додатни напомени
:

  • Диета „9 кг“ се состои од два циклуса од по 7 дена, што значи дека после недела почнувате со другиот круг – пратејќи го менито за понеделник
  • Салатата можете да ја зачините со лимон и сол
  • Овошјето, салатата и морковот или пашканатот можете да ги јадете во неограничена количина кога се на менито
  • Стекот можете да го зачините со сол и зачини. А стекот, кој во менито цело време се напоменува дека е голем, епа не треба да биде поголем од 300 грама.
 
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2010 во 15:52
намигнување 
 
Сакате конечно да се ослободите од вишокот килограми? По кој знае кој пат се решивте да започнете со диета. Со мали трикови издржете ја диетата......и постигнете ја саканата тежина.
 

1. Витки и сити. Диетата не е изгладнување. Можете да губите килограми и да бидете сити. Ако дневно внесувате помалку од 1200 калории, почнувате да чувствувате глад.

А, токму заради гладот не успеваме до крај да ја исполниме диетата. Потребната дневна количина калории можете да ја постигнете со помош на: овошје, зеленчук, јаглехидрати и протеини.

Многу е важно да внесувате свежо овошје и зеленчук затоа што содржат важни состојки за организмот. Ако не ве заситува, можете да земете риба или варено месо.

2. Скриени слатки. Кога ќе ве нападне глад немојте да се моткате таму каде што се кријат слатките. Заради тоа обидете се да не чувате грицки и слатки во домот.

3. На вага. Контролирајте ја својата тежина. Ако имате потполна контрола на килограмите ќе знаете и како да манипулирате со нив.

Посебно кога ќе забележите дека се намалуваат – со тоа ќе расте и вашата мотивација.

4. Пијте течности. 1,5 литар вода треба да се најде на вашето мени секој ден. Така ќе ви се намалува гладот.

5. Недостаток на белковини. Храната која содржи белковини ве одржува сити. Ако во вашата диета недостасуваат белковини, доаѓа до градење на мускулите и дури 50 грама мускулни протеини дневно. Со помош на белковините полесно ќе ги изгубите килограмите.

Кон врв
duksi Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај duksi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 10:43
Ako moze da mi kazete dali vo ovaa proteinska dieta moze da se jadat i morkovi?
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2010 во 15:08
Диета со слатки - диета од соништата!
 

Да се придржуваш до ригорозна диета не е ни малку лесно а според некого не е ни потребно.

На пример нутриционистот Марк Хауб смета дека тајната е во количината па направил истражување во кое докажал дека една од најубавите диети е успешна.

Марк Хауб се одлучил на диета во која 10 недели јадел само чоколадни колачи, грицки, чоколади и бисквити и ослебел 12 килограми.

Тврди дека лошиот холестерол му опаднал за 20 проценти а нивото на триглицеридите за 39 проценти.

Тој имал 91 килограм а по диетата 79 килограми. Со ова изтражување докажал дека броењето на калориите е поважно од нутриционата вредност на храната.

Па уживајте и слабејте...

Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2010 во 22:09
Чили пиперчињата се одлични за слабеење

Чили пиперчињата се одлични за витката линија бидејќи го забрзуваат метаболизмот и одлично ги согоруваат мастите, тврдат научниците.

30-04-10pipercinja1.jpg

Па ако сакате да слабеете, во исхраната мора да ги внесете и чили пиперчињата. Научниците велат дека овие пиперчиња значително го забрзуваат метаболизмот и ги согоруваат мастите. До овие заклучоци научниците дошле преку истражување на влијанието на чили пиперчињата во исхраната.

Вообичаено е луѓето кои редовно конзумираат чили пиперчиња да имаат витка линија. Истиот ефект го предизвикуваат и помалку лутите пиперчиња кои сепак се доволно пикантни.   

Чили пиперчињата одамна се познати како здрва намирница, а најновите истражувања и научно го потврдија тоа. Тие го намалуваат холестеролот и позитивно делуваат на севкупното здравје бидејќи се богати со витамини и минерали.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2011 во 08:31
 
 .....  Диетата  и хороскопските знаци .....намигнување
 
 
Астролозите суеверно тврдат дека метаболизмот на секој поединечен хороскопски знак функционира на поинаков начин. Зависно од тоа во кој знак......сме родени мора да се внесуваат различни намирници. Проверете која е идеалната исхрана за вашиот хороскопски знак.

Овен

Овните се енергични и решителни, па секоја диета ќе ја започнат со прецизен план, ентузијазам и одлучност. Бидејќи сакаат брзи резултати, лесно ќе се откажат ако килограмите не почнат веднаш да се топат. Најдобра диета за припадниците на овој знак се состои од риба, морски плодови, свежи салати и овошни сокови (особено јаболко и цитрон) како и големи количини вода. На тој начин ќе го контролираат својот силен „огнен“ метаболизам.

Бик

Биковите, моќните земјени знакови, губат тежина тврдоглаво, полека и континуирано. Бидејќи по природа се многу трпеливи, еднаш кога ќе одлучат да бидат на диета, нема да им биде проблем да ги чекаат резултатите на диетата и темелно да се придржуваат на постулатите за здрава исхрана. На Биковите им се препорачуваат плодови од земјата (особено есенски – јаболка и грозје), зеленчук и зачини како чили и кари, се разбира задолжитено и житарици. Треба да избегнуваат индустриски шеќер, бисквити, колачи и многу мрсни сосови. Познато е дека машките Бикови се големи гурмани и дека сакаат многу да јадат, тоа не е проблем додека се млади, но подоцна треба да се придржуваат на диеталните правила поврзани со нивниот хороскопски знак.

Близнаци

Близнаците често јадат хаотично и често избираат нездрава храна. Астролозите на Близнаците им советуваат да јадат почесто, по малку. Исто така треба да избегуваат кафе и сите пијалоци што содржат кофеин, наместо нив да пијат зелен чај. Близнаците треба да јадат што повеќе свежо овошје, како портокали, грејпфрут, праски и кајсии, односно што повеќе да уживаат во сезонското овошје.

Рак

Раковите се големи гурмани и големи мајстори во кујната кои непрестано испробуваат нови рецепти. Обожуваат ресторани, големи семејни дружења, правење колачи и сè што има врска со храната и готвењето. Раковите, особено женските припаднички на тој знак имаат тенденција да се дебелеат, особено во подцнежните години, затоа за да го сочуваат здравјето, треба помалку да јадат, односно да се одлучат за разноврсна нискокалорична исхрана. И на жените и на мажите им препорачуваме да јадат риба, морски плодови, грозје и особено сокови од зеленчук – морков, цвекло, брокула, зелка... Секако, мораат да избегнуваат шеќер, колачи, бел леб и пиво. Раковите се емоционални и лесно се вознемируваат. Своите стресови многу често ги „лекуваат“ со прејадување, но често имаат и проблеми со варењето. Важно е да јадат правилно и проверено, особено кога се на патувања во егзотичните земји, храна на која нивниот организам не е навикнат.

Лав

Лавовите се вистински хедонисти кои сакат патувања, слобода, добра храна и фини пијалоци. Лавовите воедно се силни знакови со јаки и брз метаболизам кој што им овозможува да останат активни и тенки. Треба да јадат разноврсно, особено зеленчук богат со железо, како што е спанаќот или брокулата, цвеклото, грозјето, кокосот... Лавовите мора да се занимаваат со интензивна физичка активност бидејќи во подоцните години, имаат тенденција на дебелеење.

Девица

Девиците имаат мрзлив и осетлив систем за варење. За нив најсоодветна е лесната исхрана. Пописот препорачува храната за Девиците да вклучува секогаш варен зеленчук, спанаќ, салати, житарици, домати, јаболка, банани и интегрален ориз. Девиците особено, треба да избегнуваат фаст фуд, многу месо, многу зачинета храна, маснотии како и варена храна со премногу масло.

Вага

Иако се многу активни, Вагите не би смееле својот организам да го опетеретуваат со прејадување и препивање. Тие мора да пијат поголеми количини вода, да избегнуваат алкохол и било какви благи пијалоци и да јадат храна богата со протеини. Астролозите им препорачуваат повеќе риба, морски плодови, јогурт и фрментирани млечни призводи, интегрален ориз, пченка, домати, спанаќ, грозје, јаготки и бадеми. На машките Ваги им се препорачува од менито да ги исфрлат бисквитите и колачите, односно да јадат храна богата со растителни влакна.

Скорпија

Најголемиот проблем со Скорпијата е тоа што поради стравствена фокусираност на нешто (работа, љубов, креативно создавање...) често пати заборава да јаде, па тоа го надоместува со големи и бргу изедени оброци. Исто така Скорпиите знаат да бидат фанатични и алчни. Идеална храна за нив се интегралниот ориз, зелената салата, целерот, краставичките, цречите, поморанџите и лимоните. Тие сакаат зачинети јадења, но бидејќи (особено жените) имаат осетливи слузници, мора да избегнуваат претерување со лути зачини.

Стрелец

Стрелецот е огнен знак кој често пати претерува со исхраната. Не е класичен гурман како Бикот или Ракот па често одбира нездрави фаст фуд оброци. Стрелците се мрзливи за готвење па јадат од нога и на брзина. Идеална храна за овој знак е: овошје богато со витамин Ц, домати и многу лук и кромид.

Јарец

Јарците најчесто немаат големи проблеми со вишокот на тежина, иако сакаат да јадат. Нивниот метаболизам е брз и правилен. Ако им се случи да се задебелеат, многу бргу се враќаат во оптимална форма. Нивна препорачана диета е онаа што вклучува зеленчук, зеленчукови супи, салати, умерени количини месо (кокошкино и дивеч). На Јарците им се препорачува да јадат чоколадо затоа што го поправа нивното сериозно и често „тмурно“ расположение.

Водолија

Водолијата е весел и активен знак кој што не е опседнат со храната. Ако сакаат да држат диета, Водолиите мораат да внимаваат да не јадат многу мрсно месо и колачи. Нивната идеална диета влкучува овошје, особено јаболки и цитрони, сушено овошје и ореви, бадеми и лешници. Машките Водолии треба да престанат да смислуваат ексцентрични комбинации на јадења и во својот живот да ја вратат навиката да консумираат едноставна и добро сварена храна.

Риби

Исто како и Раковите и Биковите, и тие сакаат многу да јадат, но потоа имаат проблеми поради својот осетлив организам. Многу Риби имаат проблеми со желудникот и верењето. Емоционалните стресови кај нив често се манифестираат како чир на желудник или зголемено лачење на желудочна киселина. За да издржат во здравата исхрана им треба подршка од семејството и пријателите. И жените и мажите Риби треба да јадат храна богата со железо и цинк, како јајца, џигер, житарици, грав, спанаќ, остриги, грозје, суви сливи, кајсии и праски.

Кон врв
kirelide Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 31.Мај.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kirelide Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2011 во 20:20
za ovaa dieta garantiram za uspeh .Za 1 i pol mesec oslabev 17 kgr.I ne vrativ narednite 3 god.ni edno gramce. A stetna e ako se drzi mnogu dolgo vreme.
Кон врв
captain93 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 21.Јуни.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај captain93 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 17:08
Сакав да прашам дали некој знае како да се отстрани виснато сало под стомакот? - значи имам ослабено и сакам да го остранам тој дел.. тоа ме интересира :) пошто прочитав тука некој дека има 35 килограми ослабено и така да сигурно го остранил и салото..
Кон врв
swcu6ka5 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Септември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај swcu6ka5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2011 во 20:29
zdr.. od denes po4nav so edna dieta koja na 3den za jadenje ima "ru4ek - buranija, grasok ili grav" dali ke moze namestoova da zemam lekja? dali taa ne debelee? POMOSH PLS
Кон врв
vanesa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vanesa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2011 во 22:31
najdobra dieta-flaster na ustaголема%20насмевка
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2011 во 12:03

Супердиета која подмладува и отстранува 5кг за брзо време!

Колку побргу ги изберете здравите продукти, толку поголема ќе биде вашата
благосостојба. За кожата да биде подолг период здрава и затегната, препорачливо е да избегнувате шеќер, алкохол и заситени масти како оние од црвеното месо и
полномасните млечни производи.

 - Храната ја делиме во три категории, во зависност од воспалителните процеси
кои тие ги предизвикуваат на клеточно ниво. Па така постојат проинфламаторни,
неутрални и противинфламаторни.  Заситените и трансмасни киселини, шеќерот
и скробот го поттикнуваат воспалението и го забрзуваат стареењето, додека на
пример рибата, овошјето, и зеленчукот делуваат противвоспалително па затоа
подмалдуваат - објаснува дерматологот од Америка.
Нискокалоричните и здрави оброци на овој тип на диета помагаат телото да
постигне и да го сочува здравјето, виталноста, младоста и пропорционалниот
изглед.
Еве еден пример на исхрана според која треба да се придржувате четири недели.

ПРВ ДЕН

Доручек: 2-3 лажици мусли , 1/2 чаша немасно млеко, 1/2 лажичка какао, 3 лажици
бобинкасто овошје, 1/2 јаболко и 2 лажици мелени ореви.
Ужина: 5 интегрални крекери
Ручек: супа од морков со ѓумбир, порција интегрален ориз ос зеленчук
Ужина: чашка чоколаден пудинг (без шеќер), 20 грама печени кикирики.
Вечера: ослич,маслиново масло,1/4 зелка, кришка интегрален леб

ВТОР ДЕН

 Доручек: 3 лажички мусли, 1/2 чаша немасно млеко,лажица мед, 1,5 лажички
несецкани бадеми, лажица брусници
Ужина: свежо сирење со патлиџан
Ручек: 200грама пилешк прсти без кожа, чашка интегралено ориз, патлиџан,1/4
црвена пиперка, 1/4 зелена пиперка.
Ужина: јаболко, 3 ореви, 2 лажици немасен јогурт
Вечера:чашка сварени макарони, сос од патлиџан, 5 маслинки

ТРЕТ ДЕН
Доручек: интегрална тортиља, парче козјо или кравјо сирење, патлиџан ,две
варени јајца
УЖИНА: кришка интегрален леб, патлиџан, 1/4црвена пиперка,1/4 зелена пиперка
РУЧЕК: вегетеријански хамбургер со моцарела и патлиџан,шест бадеми
УЖИНА: банана
ВЧЕРА:свинско филе со зачини и  aceto balsamico,нељупен печен компир


ЧЕТВРТ ДЕН
Доручек: кришка интегрален леб, две кришки нискомаслена сланина, кришка
нискомаслено сирење, пола парче диња
Ужина: кришка интегрален леб, две лажици намаз од лук, патлиџан
Ручек: пола конзерва туна, интегрална тортиља, чашка боровница
Ужина 6 бадеми, чоколадо за готвење - еден ред
ВЕЧЕРА: салата од пилешки гради, морков, црвен купус,жолта пиперка


ПЕТИ ДЕН

Доручек: 2-3 лажици мусли , 1/2 чаша немасно млеко, 1/2 лажичка какао, 3 лажици
бобинкасто овошје, 1/2 јаболко и 2 лажици мелени ореви.
Ужина: 5 интегрални крекери
Ручек: супа од морков со ѓумбир, порција интегрален ориз ос зеленчук
Ужина: чашка чоколаден пудинг (без шеќер), 20 грама печени кикирики.
Вечера: ослич,маслиново масло,1/4 зелка, кришка интегрален леб


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 33>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.