IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Историски погледи на црковните прашања
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Историски погледи на црковните прашања

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 37>
Автор
Порака
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 09:54
Originally posted by Македон Македон напиша:

Затоа и ти велев дека се исплетка во сопствените објаснувања, се гледа дека црковните работи ти се непознати, па постојано се вртиш в круг.


Не сум се исплеткал, а ти зборувам со факти, а не си измислувам факти. Ти се плеткаш оти не одговараш на прашањата кои ти ги поставам и си мислиш дека ти се многу јасни црковните работи.

Зошто го отфрлуваш напишаното од Василиј Втори?

Originally posted by Vasilij Vasilij напиша:

Постановуваме исто така сегашниот пресвети архиепископ на Бугарија да има толкова голема епархија, каква и колку голема била при цар Петар, и да владее и управува со сите епископства на Бугарија, т.е. не само оние, кои беа спомнати во првиот сигилиј, но и тие, кои се биле пропуштени и непосочени заедно со другите и кои преку овој сигилиј се објавуваат и даваат поимено. И на нив како и на останатите подаруваме клирици и парици. Прочее, заповедваме, штото епископот на Дристра да има во својата епархија и во другите градови околу неа 40 клирици и 40 парици. Зошто за време на царувањето на Петар во Бугарија таа [епархија] е блестела со архиепископско достоинство, а след тоа архиепископите ѝ се се преместиле од едно место на друго, единиот во Триадица, другиот во Воден и Меглен, и след тоа ние го најдовме сегашниот архиепископ во Охрид. Затоа [заповедваме] самиот Охрид да има архиепископ, а за Дристра да биде рaкополаган епископ.




Гледа се дека и Дристра е вклучена во Охридската архиепископија.





Изменето од Каснакоски - 26.Јули.2010 во 09:56
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 12:14
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Затоа и ти велев дека се исплетка во сопствените објаснувања, се гледа дека црковните работи ти се непознати, па постојано се вртиш в круг.


Не сум се исплеткал, а ти зборувам со факти, а не си измислувам факти. Ти се плеткаш оти не одговараш на прашањата кои ти ги поставам и си мислиш дека ти се многу јасни црковните работи.

Зошто го отфрлуваш напишаното од Василиј Втори?

Originally posted by Vasilij Vasilij напиша:

Постановуваме исто така сегашниот пресвети архиепископ на Бугарија да има толкова голема епархија, каква и колку голема била при цар Петар, и да владее и управува со сите епископства на Бугарија, т.е. не само оние, кои беа спомнати во првиот сигилиј, но и тие, кои се биле пропуштени и непосочени заедно со другите и кои преку овој сигилиј се објавуваат и даваат поимено. И на нив како и на останатите подаруваме клирици и парици. Прочее, заповедваме, штото епископот на Дристра да има во својата епархија и во другите градови околу неа 40 клирици и 40 парици. Зошто за време на царувањето на Петар во Бугарија таа [епархија] е блестела со архиепископско достоинство, а след тоа архиепископите ѝ се се преместиле од едно место на друго, единиот во Триадица, другиот во Воден и Меглен, и след тоа ние го најдовме сегашниот архиепископ во Охрид. Затоа [заповедваме] самиот Охрид да има архиепископ, а за Дристра да биде рaкополаган епископ.




Гледа се дека и Дристра е вклучена во Охридската архиепископија.





За разлика од тебе, кој не можеше да разбереш како била укината Бугарската Црква и кој ја укинал, зошто на местото на Патријархот има човек кој се упокоил како Митрополит, кој заедно со свештениците ги "пресели" и епархиите, јас тоа не го правев.

Напишаното од Василиј Втори го отфрлам бидејќи е сосема нормално Василиј II напишаното да го прилагоди на општествено-политичката ситуација и од сето тоа да извлече најголема корист. Како инаку би го толкувал фактот што во грамотите Василиј II се повикува на Самуил, а не го признавал воопшто за Цар?

Ете, доволно е што пак настојуваш дека Патријарсите (при што повторно има грешка, затоа што во грамотата се наречени Архиепископи), согласно записот, избегале "заедно со епархиите", а не знаеш дека доколку избегал, тој веќе воопшто нема никаква власт во другите епархии.
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 12:22
Originally posted by Македон Македон напиша:


Напишаното од Василиј Втори го отфрлам бидејќи е сосема нормално Василиј II напишаното да го прилагоди на општествено-политичката ситуација и од сето тоа да извлече најголема корист.


Значи напишаното од Василиj ІІ не е факт? Или е факт со неверно садаржание?
Користа на Василиj ІІ е била да остави извесна автономност на покореното население со кое ке се даде можност по брзо да го приопшти кон ромеjската држава.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 12:28
Не дека не е факт туку е пристрасно пишување - би разбрал кога би се ставил на место на тој што запишувал за царот - ПИШИ инаку ЛЕТА ГЛАВАголема%20насмевка
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 12:34
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Напишаното од Василиј Втори го отфрлам бидејќи е сосема нормално Василиј II напишаното да го прилагоди на општествено-политичката ситуација и од сето тоа да извлече најголема корист.


Значи напишаното од Василиj ІІ не е факт? Или е факт со неверно садаржание?
Користа на Василиj ІІ е била да остави извесна автономност на покореното население со кое ке се даде можност по брзо да го приопшти кон ромеjската држава.


Напишаното има политичка содржина, каде фактите се претставени онака како што било потребно да бидат во согласност со политиката на Императорот, независно што сето време Самуил не го признавал Василиј за Цар, а потоа одеднаш, во самите грамоти, го признал, а пак во исто време дури и го сменил Архиепископот поставен од Самуил.

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 13:13
Originally posted by Македон Македон напиша:



За разлика од тебе, кој не можеше да разбереш како била укината Бугарската Црква и кој ја укинал, зошто на местото на Патријархот има човек кој се упокоил како Митрополит, кој заедно со свештениците ги "пресели" и епархиите, јас тоа не го правев.


1.А ти зошто не можеш да разбереш дека може да била укината, но тоа не важи за слободните територии.

2. Ако тој се упокоил како митрополит, зошто во истото време патриархот да не бил во Софија, Воден, Меглен или Охрид?

3. ЈАС ЕПАРХИИ НЕ СУМ ПРЕСЕЛУВАЛ
- НЕ ИЗМИСЛУВАЈ.


Цитирај Напишаното од Василиј Втори го отфрлам бидејќи е сосема нормално Василиј II напишаното да го прилагоди на општествено-политичката ситуација и од сето тоа да извлече најголема корист.


Каква корист ќе извлече, ако лаже дека црквата која покорил во Охрид е истата црква со она од времето на Петар, само резиденцијата на поглаварот не е Дристра, а ОХРИД?

Цитирај Како инаку би го толкувал фактот што во грамотите Василиј II се повикува на Самуил, а не го признавал воопшто за Цар?


Признавал или не, има си фактичка положба. И Србите не го признаваат Косово, ама тоа не значи дека нема Косово.

Цитирај Ете, доволно е што пак настојуваш дека Патријарсите (при што повторно има грешка, затоа што во грамотата се наречени Архиепископи), согласно записот, избегале "заедно со епархиите", а не знаеш дека доколку избегал, тој веќе воопшто нема никаква власт во другите епархии.


Каде настојувам за такво нешто?
Ти настојуваш дека јас настојувам за бегање на епархиите.

Јас ти кажувам тоа што ти кажува Василиј

Бугарите имале поглавар на црквата во Дристра, по тоа поглаварот бил во Софија, по тоа во Воден, Меглен и накрај поглаварот е во Охрид.

Никаде не пишува да се местени епархиите.

Истите попови од времето на Петар продолжиле да си ги вршат задачите.

Нама нова црква, нема Јустинијана, нема слични твои измислици.

Ако папата би благословил нова некоја црква сигурно некаде ќе било запишано нешто, тоа не е мајтап работа.

А такво нешто нема никаде напишано.
И зошто ти толкувајќи ја историјата и не им робубајќи на фактите ИЗМИСЛУВАШ НОВИ ФАКТИ???

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 13:40
Знаев јас дека и оваа дебата ќе се сведе на монолог, но штом така треба, така нека биде.

Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:



За разлика од тебе, кој не можеше да разбереш како била укината Бугарската Црква и кој ја укинал, зошто на местото на Патријархот има човек кој се упокоил како Митрополит, кој заедно со свештениците ги "пресели" и епархиите, јас тоа не го правев.


1.А ти зошто не можеш да разбереш дека може да била укината, но тоа не важи за слободните територии.


Ако била укината, како можела да дејствува на слободни територии? Зарем ако ја укинат Цариградската Црква, таа ќе се "пресели" и ќе дејствува в Грција, затоа што седиштето и е в Турција?!

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


2. Ако тој се упокоил како митрополит, зошто во истото време патриархот да не бил во Софија, Воден, Меглен или Охрид?


Дали можеш да ни дадеш доказ дека Патријархот навистина ја пренел и Патријаршијата во Охрид? Јас ти кажав, дури и да прифатиме дека се преселил во Охрид, тоа не значи дека се преселила и Патријаршијата, затоа што тој веќе не бил Епископ на местото од каде се преселил, а со тоа веќе и не бил надреден над другите.


Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


3. ЈАС ЕПАРХИИ НЕ СУМ ПРЕСЕЛУВАЛ
- НЕ ИЗМИСЛУВАЈ.


Според пишувањето твое, каде што тврдиш дека Патријархот си останал Патријарх и по преселбата, тоа значи дека своето достоинство си го пренел и в Охрид, а во исто време таму имало друг Епископ. Затоа и велам дека ги "преселуваш епархиите" со луѓето заедно.

Цитирај Напишаното од Василиј Втори го отфрлам бидејќи е сосема нормално Василиј II напишаното да го прилагоди на општествено-политичката ситуација и од сето тоа да извлече најголема корист.


Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


Каква корист ќе извлече, ако лаже дека црквата која покорил во Охрид е истата црква со она од времето на Петар, само резиденцијата на поглаварот не е Дристра, а ОХРИД?



Многу голема корист ќе извлече. Од една страна, деловите на Бугарската Црква што останале под Цариградската Црква ќе останат запечатни и без можност за барања, а од друга страна ќе ги врзе Охридската и Бугарската Црква, па Охридската Црква нема да има можност да се повикува на други традиции, освен оние дадени од Царот. А секако, Царот ќе успее да го бира Архиепископот, како што и сторил Василиј II, а од друга страна, нема да може Цариградската Црква да има неограничена моќ.

Цитирај Како инаку би го толкувал фактот што во грамотите Василиј II се повикува на Самуил, а не го признавал воопшто за Цар?


Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


Признавал или не, има си фактичка положба. И Србите не го признаваат Косово, ама тоа не значи дека нема Косово.


Фактичката состојба е таа, но, многу е важно да се каже дека титулата Цар не била признаена и никој не го принудувал Василиј да го признае Самуил за Цар. Можел да каже дека е владетел, како што правел сиот живот, а не Цар.

Цитирај Ете, доволно е што пак настојуваш дека Патријарсите (при што повторно има грешка, затоа што во грамотата се наречени Архиепископи), согласно записот, избегале "заедно со епархиите", а не знаеш дека доколку избегал, тој веќе воопшто нема никаква власт во другите епархии.


Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


Каде настојувам за такво нешто?
Ти настојуваш дека јас настојувам за бегање на епархиите.

Јас ти кажувам тоа што ти кажува Василиј

Бугарите имале поглавар на црквата во Дристра, по тоа поглаварот бил во Софија, по тоа во Воден, Меглен и накрај поглаварот е во Охрид.

Никаде не пишува да се местени епархиите.

Истите попови од времето на Петар продолжиле да си ги вршат задачите.

Нама нова црква, нема Јустинијана, нема слични твои измислици.

Ако папата би благословил нова некоја црква сигурно некаде ќе било запишано нешто, тоа не е мајтап работа.

А такво нешто нема никаде напишано.
И зошто ти толкувајќи ја историјата и не им робубајќи на фактите ИЗМИСЛУВАШ НОВИ ФАКТИ???



Несвесно настојуваш, не е намерно, туку од непознавање на црковните работи.
Погоре објаснив јас како стојат работите.
Самото заедничко служење литургија со една Црква автоматски значи и признавање, и за тоа треба да прочиташ повеќе пред да дискутираш за признавањето.

Јас ја токлувам од црковен аспект, а тоа што тебе не ти одговара, па ме обвинуваш мене, што е последица на непознавање на црковните работи, е само твој проблем, мене не мешај ме во тоа.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 14:13
Originally posted by Македон Македон напиша:


Јас ја токлувам од црковен аспект, а тоа што тебе не ти одговара, па ме обвинуваш мене, што е последица на непознавање на црковните работи, е само твој проблем, мене не мешај ме во тоа.


Убаво ја толкуваш, ама не се подпираш на никакви факти.

Ајде протолкувај како се развивале црковните настани од Св. Климент до грамотите на Василиј.

Ете јас да ти протолкувам-

Свети Климент бил пратеник на Борис-Михаил, станал епископ на епархија на бугарската црква.
Јоан Цимисхи објавил што е укината и бугарската држава и бугарската црква, ама тоа можел да го наложи само над завладејаните територии.

Во слободните територии си продолжило постоењето и на државата и на црквата.

За поглавар на црквата во слободните територии бил избран софискиот митрополит, по него оној во Воден, Меглен и кога Василиј ја усвоил државата, го заварил поглаварот на црквата во Охрид.

Титулата му станала архиепископ на цела Бугарија, зошто биле додадени и епархиите од времето на Петар, вклучувајќи ја и доростолската епархија.

Кажи сега според твоето толкување како било?

Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 14:32
Originally posted by Македон Македон напиша:


Напишаното има политичка содржина, каде фактите се претставени онака како што било потребно да бидат во согласност со политиката на Императорот, независно што сето време Самуил не го признавал Василиј за Цар, а потоа одеднаш, во самите грамоти, го признал, а пак во исто време дури и го сменил Архиепископот поставен од Самуил.


Дури од грамотите е видно што Василиj не е признавал Самуил за цар. Титулата "цар" е само за Петар:

...донесуваме, што и актуелниот пресвети архиепископ да поседува и управува со сите бугарски епископства како и сите други градови, кои беа под власта на царот Петар и Самуил и се даржеа од тогашните архиепископи.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 14:33
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Јас ја токлувам од црковен аспект, а тоа што тебе не ти одговара, па ме обвинуваш мене, што е последица на непознавање на црковните работи, е само твој проблем, мене не мешај ме во тоа.


Убаво ја толкуваш, ама не се подпираш на никакви факти.

Ајде протолкувај како се развивале црковните настани од Св. Климент до грамотите на Василиј.

Ете јас да ти протолкувам-

Свети Климент бил пратеник на Борис-Михаил, станал епископ на епархија на бугарската црква.
Јоан Цимисхи објавил што е укината и бугарската држава и бугарската црква, ама тоа можел да го наложи само над завладејаните територии.

Во слободните територии си продолжило постоењето и на државата и на црквата.

За поглавар на црквата во слободните територии бил избран софискиот митрополит, по него оној во Воден, Меглен и кога Василиј ја усвоил државата, го заварил поглаварот на црквата во Охрид.

Титулата му станала архиепископ на цела Бугарија, зошто биле додадени и епархиите од времето на Петар, вклучувајќи ја и доростолската епархија.

Кажи сега според твоето толкување како било?



Свети Климент и Свети Наум, по прогонот од Велика Моравија, дошле во Царството Бугарија, биле примени од св.Рамноапостолен Цар Борис во неговата држава, а подоцна пратени во Охрид каде што и дејствувале. Св.Климент бил избран за епископ на таа епархија, каде дејствувал се до својата смрт. Сепак, таа епархија се разликувала од другте буагрски епархии, затоа што за разлика од оние во Бугарија, оваа епархија ја употребувала глаголица и слично.
По судирот на Јован Цимиски со Бугарија, бугарската држава пропаѓа, епархиите се заземени од Цариградската Црква.

Претпоставка е дека Патријархот бега на Запад, но Патријаршијата не ја преселува во местото, каде што веќе нема никаква власт, затоа што таму има Епископи и сопствено устојство. Патријархот таму веќе не е никаков епископ, затоа што на таа територија има друг епископ. Следствено на тоа, тамошното устројство е задолжително и за тој Патријарх. Самиот факт што нема признание од другите Цркви за избеганиот Патријарх, што засега е и само претпоставка, говори дека тој не бил признаен како таков.
Ако бил признаен како таков, Самуил немало да бара Римската Црква да го признае за Цар, кога веќе имал Патријарх, кој можел да го круниса веднаш.

По пропаѓањето на Самуиловото Царство, Василиј издава грамоти со кои ги поврзува Бугарската Црква и Охридската за да може од една страна да го оневозможи секој обид на бугарските епархии за самостојност од Цариград, а од друга страна Охридската Црква да ја поврзе со Црква која веќе не постои, а Охридската Црква да ја потчини на својата волја, а не на Цариградската Црква. Од друга страна, самиот факт што тој ја наметнува титулата "на цела Бугарија".

Подоцна самите Архиепископи се повикуваат на историскиот континуитет на Охридската Црква, па се титулираат како "Архиепископи на Јустинијана Прима", се до XIII век кога Архиепископот Јаков Проархиј повторно ги бара поголемите привилегии дадени од Василиј II.

Изменето од Македон - 26.Јули.2010 во 14:37
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 14:44
Originally posted by Македон Македон напиша:

Претпоставка е дека Патријархот бега на Запад, но Патријаршијата не ја преселува во местото, каде што веќе нема никаква власт, затоа што таму има Епископи и сопствено устојство. Патријархот таму веќе не е никаков епископ, затоа што на таа територија има друг епископ. Следствено на тоа, тамошното устројство е задолжително и за тој Патријарх.

Чекаj малце... Jас мислев што патриархот е врховното духовно лице во една независима црковна организациjа како Патриаршиjата. Епархиjата (Епископиjата) е само административно-теротиториална единица во Патриаршиjата. Центарот на Патриаршиjата (патриархическиот престол) може да се наога во коjа и да е Епархиjа (Епископиjа)
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 14:57


Не даде одговор на тоа што те прашав, ама ајде.


Originally posted by Македон Македон напиша:

Ако бил признаен како таков, Самуил немало да бара Римската Црква да го признае за Цар, кога веќе имал Патријарх, кој можел да го круниса веднаш..


Од каде знаеш дека Самуил барал да биде признаен од папата за цар зошто немал патриарх?

Самуил се прогласува за цар, по смртта на бугарскиот цар во византиски затвор, а тоа е кон крајот на 10 век/997г/.



Не кажа што се случило со епархиите на бугарската црква, кои не биле завладејани од Византија.

Зошто треба да се создава нова црковна организација, кога старата си постои?
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 14:57
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Претпоставка е дека Патријархот бега на Запад, но Патријаршијата не ја преселува во местото, каде што веќе нема никаква власт, затоа што таму има Епископи и сопствено устојство. Патријархот таму веќе не е никаков епископ, затоа што на таа територија има друг епископ. Следствено на тоа, тамошното устројство е задолжително и за тој Патријарх.

Чекаj малце... Jас мислев што патриархот е врховното духовно лице во една независима црковна организациjа како Патриаршиjата. Епархиjата (Епископиjата) е само административно-теротиториална единица во Патриаршиjата. Центарот на Патриаршиjата (патриархическиот престол) може да се наога во коjа и да е Епархиjа (Епископиjа)


Погрешно си мислел Чоли.
Патријархот е само прв меѓу еднаквите, а врховно тело е Светиот Синод, односно Соборот на Епископите. Секој Епископ е самостоен. Патријархот или Архиепископот, кога одат во друга епархија, за која е надлежен друг Епископ, треба да го почитуваат тамошното устројство.

Центарот на Патријаршијата се наоѓа во било која Епархија, но не може да се "шета". Затоа што што ако Архиепископот Скопски е Архиепископ Охридски и Македонски, ако не е Архиепископ Скопски, тогаш тој нема да има епархија за да началствува, односно нема епархија каде ќе биде епископ.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 15:07
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:



Не даде одговор на тоа што те прашав, ама ајде.


Originally posted by Македон Македон напиша:

Ако бил признаен како таков, Самуил немало да бара Римската Црква да го признае за Цар, кога веќе имал Патријарх, кој можел да го круниса веднаш..


Од каде знаеш дека Самуил барал да биде признаен од папата за цар зошто немал патриарх?

Самуил се прогласува за цар, по смртта на бугарскиот цар во византиски затвор, а тоа е кон крајот на 10 век/997г/.



Не кажа што се случило со епархиите на бугарската црква, кои не биле завладејани од Византија.

Зошто треба да се создава нова црковна организација, кога старата си постои?


На се дадов одговор, ама ти ги одбегнуваш нештата, затоа што ја рушат твојата теорија за единствената историја, или пак не ги разбираш црковните работи, што секако не е мој проблем.

А зошто би барал признание, ако истиот има Патријарх или Архиепископ на Црква која е самостојна и која во минатото проголасувала Цареви?! Од друга страна, барем како што тврди вашата историографија, Царот Борис II не умрел в затвор, додека Роман бил Цар се до неговата смрт, кога Самуил бил прогласен за Цар.

Епархиите на Бугарија кои не биле завладеани од Византија, си продолжиле да си функционираат како посебна Црква,старата Црква била укината, Преспанскиот Епископ си управувал со сите тие Епархии, затоа што, како што кажав стопати, дури и да избегал Патријархот таму каде што избегал, немал никаква власт, затоа што таму имало Епископи, а првата црковна катедра веќе била заземена од Византијците.

Дали избеганиот Патријарх некаде бил признаен за таков? Има ли некаков доказ дека со Вселенскиот Патријарх комуницирал како "Партијарх Бугарски?"
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 37>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.