IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Автомобили и моторцикли
  Активни теми Активни теми RSS - Олдтајмери (автомобили некогаш и денес)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Олдтајмери (автомобили некогаш и денес)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 13>
Автор
Порака
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 23:18
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 23:19
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 23:20
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 23:22
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 23:23
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
10101 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Април.2009
Локација: Jamaica
Статус: Офлајн
Поени: 963
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај 10101 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2010 во 19:29
'80 Lotus Esprit Turbo

98% of the internet population has a signature. If you're part of the 2% that doesn't have a signature, copy and paste this into your sig.
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2010 во 13:36
Бараат многу љубов, внимание и време за запознавање...
ЈА би и повторно на олдтајмер , само кога би бил малце финансиски појак колку да си го разгалам новиот миленик со една металик фарба, фелни и кожа...

Убаво, па дури и совршено звучат зборовите... „Кадет не се расипува“, „Бубата не знае за корозија“, „Голф е , не троши“ , „мече 123? нема маж што ќе ја цркни машината“...  којзнае, можеби некогаш имало вистина потполно... сега нешто мит, нешто легенда... 

И ете конечно се одлучивте за олдтајмер.... некоја замисла за многу хром, лакирана кожа во внатрешноста , гуми со бела трака и фарба во стил Ал Капоне, дупли фарови и агресивна предница .... привлечно....

Кој и Што при купување олдтајмер?

Најчесто се купува модел со кој си поврзан на некој начин или посебно ти се допаѓал некогаш (дедо ти на времето имал, си видел ко мал на саем, таков ти бил првиот автомобил, те потсеќа на некоја маричка легенда итд...).... Сето тоа ОК, само не се затрчувајте по „модел од соништата“ како што е комбето VW Т1 , Citroen DS, Mini Moris или така нешто... обично за да набавиш добар примерок ти треба салам длабок џеб, а за да го одржуваш ти треба полна гаража делови (кои веќе и ги нема) за него... 
Битно е и да може да се импровизира со деловите.... да речеме еден примерок на vw passat b1...   Моторот од 1300 кубици се произведува до кај 2000та година... така да никогаш нема да биде проблем да се снабдите со ребраст, карики, радилица, цилиндри , декла....  дискови, плочки, бандаши , волан.... ништо суштествено не е променето дооолги години.... Обичен veber карбуратор (оној кај застава) врши работа и се монтира на фабричката усисна грана... лесна работа....


За Citroen 2CV главен проблем се пневматиците.... скоро и да ги нема ... такви танки, високи на никого не му требаат освен на сопствениците на моделов.

Одберете поскап... заборавете ја идејата дека ќе купите врекован уникат за 50 евра и потполно ќе го обновите, како би заштедиле некој денар....   Таму каде што е длабоко оштетена лимаријата веќе и не вреди да се инвестира , затоа што под неа се кријат уште милион други дефекти... додавани жици, стари гумици и лагери , истрошени амортизери , продуван мотор, и сајли пред кинење....
Само средувањето на лимаријата ќе ве кошта мооогу живци и потрошено време (пари не ни спомнувам). Со таков модел ризикувате и возилото да ви остани дома неподвижно и никогаш да не ги најдете некои делови, оние кои скоро никогаш не се сменуваат како што е мењачот...

Побарајте го од повозрасна особа или од сопственик кој делува сериозно и се однесува грижливо спрема колата ( „Полека со вратата, немој да ја лупаш , нежно затвори ја изнервираност “) ... полн погодок е кога ќе затропате на портата кај сопственикот и ќе излези постар дедо што ќе ве насочи кон својата сива и топла гаража каде што миленикот „живее безгрижно“...  но тука следи разговор за висока цена... и за Ченто, Тито или за патувањето во Дизелдорф од каде што ја купил колата... наоружајте се со нервиплазење... и не пропуштајте....

Одржан, па одржан....
 

После 30 години ја нагризала корозија... нормално...
Да се помириме со фактот дека секоја кола под `80 та обично има барем 2 фарби над фабричната за сега да биде во солидна состојба... Нефарбан модел е како 7 на лото па колку и да е лоша бојата (избледена и без сјај)...голема%20насмевка
Често се сменувани и месечини, кошови , прагови...  тоа е во ред ако го правел професионалец и ако се ставени оригинални делови (од моделот, а не преправани од друга кола или само доваруван плех)....

Ако заприметите варови на трапот (потпирањето) , рамења, амортизери избегнете го автомобилот...



Скоро сите имаат километраж со 5 цифри , така да колку и да се колни продавачот на точноста на километражата од (пр.) 45 000 километри ,тоа е колометража за кола од 5 години , а со нашиве услови за купување нова чисто се сомневам дека некој имал уште 5 други , па навистина ја возел само до пазарче и назад оваа  претходните 25-30 години.... хм....замисленост А ако баш толку инсистира... само кажете му ДОБРО и не објаснувајте му ништо повеќе... колата сама ќе си кажи по изгледот...

Најбарани...  Пошто често се користат и како секојдневни автомобили , најбарани се оние што крепат мнооогу возење или се бескрајно фацлести па никој не може да му одолее...

Приматот сеуште држи бубачката...

Поготово онаа која назад има натпис „ VW KAFER 1200“ а под хауба „achtung“.... Е таа има вистинска вредност...љубов а и другата не е лоша....


Најчесто си бара нова фарба, на неколку места одоздола да се затнат дупките со писа , средување на тапацирот внатре и да се растрчате за да побарате некои детали (како што се никловани раткапни) и да тркните до макпетрол за да си склучите договорплазење
Позитивни страни: тоа што има доволно делови од страна лимарија, многу издржлив мотор што не загрева и квалитетна завршна изработка

Негативни страни: Висока потрошња , недостига влечна сила и често сопственикот има чепкано повеќе од колку што треба...

Следно место на нашиве простори и најсакан кај љубителите на Super Muscle....FORD TAUNUS ...

Зафатнина од 1600 кубици , до кај 2000...  Кој би рекол дека не е Американец....   заден погон, долга муцка , специфични линии и мнооогу хром во постарите верзии... заедно со помалиот му брат, Ford Capri...  Сите го сакаат а ретко кој го купува... За одржување малку потешко, но кефот кој го прави те тера да ги заборавиш парите што си го вложил... секако, ако налеташ на добар примерок, во спротивно ќе ја замразиш цела фамилија на форд...голема%20насмевка
Позитивни страни: Прав убавец, шармантен , неспецифично за германец, делува како мустанг и има широка понуда на каросериски форми, мотори , тапацири и фарби.... слаткољубов
Негативни страни: Токму тоа што има многу различни модели прави да не можеш да најдеш дел.... А лимарија нема ни за лек...тага Штета, за толку добра кола....  А моторот рамнодушност... секогаш можеш да ставиш 1.6 од ескорт за добра забаванамигнување

Трето место е фамилиарниот... Opel Kadett C 1.2
Страшно добриот и економичен мотор го истакна кадет меѓу најдобрите....

Но покрај тоа, корозијата е немилосрдна спрема него како и спрема другите модели на Опел... Варови, крпеници, додавани плехови и душпки на крилата се вообичаен призор... кадет што стоел 20 години пред зграда.... А моторот не сака да застани...
живо се врти, произведува екстремно интересен звук и и сака полна педала ... за жал, само в место... не отворен пат е многу поинаку со неговите 32kw..... И како што германците се одлучуваа за следната генерација, нашиве се одлучуваа за половниот кадет Ц од Германија, па сега имаме доволно вакви и никогаш нема да бидиме „страдни“ за делови.  Затоа што и тогаш на некого му требаше кола за чалем низ град , се увезоа и кадет купе модели што изгледаат слично како muslcle carголема%20насмевка
Позитивни страни: бесмртен мотор и мењач (поготово тоа автоматикотљубов) , има доволно делови и можи да се импровизира,  прифатлива цена од некои 700-800 евра за супер сочуван модел и 4 форми на каросеријата ( 2 врати, 3 врати, 4 врати и купе)...
Негативни страни: Недостига сила ако сакаш малку повеќе да брзаш, многу лесно го нагризува корозија ако не е одржуван, ужасно лоша палета на фабрички бои, често има солена километража и скоро невозможно е да се најди без 3ца сопственици и 2-3 фарби под таа...

Убав, голем, комотен... Mercedes W123 240D

„ Шта че те професоре... то је мечкина нарав,  није то ова корњача, знате“.... Обично првиот сопственик е некој „Жика“ кој се вратил од печалба од Германија па со себе си го донесол крваво заработениот Мерцедес... Сепак, затоа што претходно се возел во воловска кола тешко му е да развие осет на педалата, па често лимаријата е направена „размештај“ на неколку наврати... раткапни, оригинални ретровизори и бандаши заборавете, натписот „MERCEDES 240D“ назад одамна е паднат , а хаубата и едната врата се во различна боја... тоа се најголем број од случаите...Таков модел се најдува за ефтина пара...
Моделите кои имале повеќе среќа ќе траат цела вечност... не се скапи но потешко се најдуваат... 2400 кубици, а едвај некои 70-75 коња... нели е тоа малкузбунетост Малку е кога возиш на автопат, супер е кога стигнеш на бензинска, а ужасно кога влезеш во АМСМ за регистрација....  Моторот е бесмртен, нема да имате потреба ни да ја отворите хаубата освен ако не ја отвори некој друг барајќи акомулатор или нешто слично... 
Сепак... ако го обоите во некоја сребрено-океанска металик боја и ставите убава кожа на седиштата ќе имате одличен модел што ќе можите да го возите секојдневно без многу грижи....намигнување
позитивни страни: екстра квалитет, многу простор, секој детал е правен за цела вечност (вечност од 500 000 километри...), ниска потрошња, цврста каросерија, нормална цена на резервни делови и добро име....
негативни страни: малку е слаб за таа тежина , фали уште еден степен на пренос,  ретки се одржаните модели , и малку лошо стои со години...


и „корњачата“ 2CV....

Ја сакаат децата, мајките, тинејџерите... Со подвижен покрив и изглед како да е постара барем 30 години од што е навистина.
Внатре е некомотна и непријатна, потпирањето е претерано меко и непријатно за долги патувања....Сепак шармот е на прво место и повторно многу се бара на пазарот...
Моторот е квалитетен и има добар звук , но со своите 600тини кубици е слаб за секоја угорница.
позитивни страни: Симпатичен, делови лесно се најдуваат, специфична градба и машина...
негативни страни: има многу... тага ме мрзи да пишувам.... Пред се, кажав, лошо градена внатрешност, гуми тешко се најдуваат, и меко потпирање... со делови нема импровизации и наддавање... тјунинг скоро и да е невозможен, а повеќето од моделите пропуштаат вода од гумените  затворачи....
....


Изменето од volkswagen - 19.Септември.2010 во 13:47
Кон врв
nostalgija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
сениор

Регистриран: 12.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nostalgija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2011 во 20:35
Тема оддамна заборавена и шутната под тепих Сега се високите технологии во игра,но да не заборавиме дека сите технологии кои ги имаме сега и гаџети во нашите автомобили се внесени оддамна во автомобилите кои сека и кој малку ги памети.Мало потсетување и освежување на меморијата.
1.БМВ системот за вбригување или ајншприц со моделот 2002Тии 196?
2.МЕРЦЕДЕС АБС систем или систем за кочење 198?
3.АУДИ 4вд или погон на сите 4тркала 1986?
итн.....
Да не ги заборавиме домашните или екс ју автомобили кои го моторизираа македонскиот народ,некои научија на нив да возат,првата девојка ја бакнале......
Тема која барем за мене заслужува почит.Едноставно тие коли имаат душа.Нема клима,нема централна,нема цд,нема абс,нема аирбаг,нема серво,нема греач на стакло,нема електрика на ретровизори,,,,итн.Ама затоа има саух,има верглање дур не запали со сите пцости кои постојат во моментот да ти ....ова,да ти она,кој те направи,има звук на дупнат ауспух и чувство дека возиш машина од 100коња,има волан ко на камион и развиваш мускули,има радио кое фака само ако не се движиш,има менувач кој не знае каде е прва а каде рикверц,има парно кога сака(само во лето),има греач на стакла(кога нема да пали па ја буткаш)Е тоа беа времиња.......
Респект за олдтајмерите....
Кон врв
nostalgija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
сениор

Регистриран: 12.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nostalgija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 21:06
Да не ги заборавиме и сега екј ју автомобилите кои ја моторизираа македонската нација која патем речено сеуште бар за некој тагува по тие возила.Јас лично бев сопственик на ситем модели кои излегоа од Црвена Застава и за жал сеуште сум на некој начин емотивно врзан за нив посебно кога ке видам некој модел кој е па скоро стар како мене а е во добра состојба.Но да почнеме од почеток.ж
1.За мене на прво место и сеуште во срцето и на задната полица од мојата лимузина(БМВ 320д)легендарната застава 750.Модел произведен далечната 1955 од фиат веднаш ги освои срцата на сие на саемот во Женева.Истиот модел со сосема мали измени се произведуваше во Црвена застава до1986-87 кога и последните модели се симнаа од монтажната трака.Модел кој не нудеше ниту брзина ниту комфор туку едноставно стана омилен втор автомобил во тогашната Југославија.Постарата генерација на македонски тркачи токму своето искуство го стекнаа со овој модел кој добро среден со делови во стилот како ке се снајдеш знаеше да извлече и до 160км невообичаено за мотор кој има нецели 767цм.Тие што го имале знаат добро што значеше спојка а надвор врне или има снег .Во поново време ги правеа веке со зглобови од 101 но тогаш беше така,нели.Се спушташе многу лесно да има изглед на спортски автомобил со нормално среден аусух да будиш комшии и едноставно имаше душа.Знаеше да се заинаети кога ке врне да не сака да запали,или преку зима внатре со цел арсенал на крпи и други предмети за гребење на мраз за да нормално можеш да гледаш каде возиш Најлесен автомобил за крадење и за лудување по скопските улици и единствен автомобил кој може да вози со бензин ставен во лименка од кока кола 0,33(од лично искуство од центар до бисер).Денес се помалку ги има,ретко може да се најде сочуван примерок.Делови за нив сеуште има освен лимарија која и не е тешко да се среди кај добар мајстор.
2.На второ место југословенскиот мерцедес или уште една лиценца на фиат легендарната застава 1300 или за многу луге единствениот квалитетен примерок излезен од Црвена застава.Модел кој нудеше комоција,сила за влечење разноразни приколки за песок,одмор и сл. и портошувачка која можеа и американските коли да му завидат хехехехехехехе.Преку зима знаеше и до 18литри под саух.Задниот погон и неговиот карактеристичен звук кој го добиваше од неговиот долг ауспух знаеше да ги изненади сите на некој семафор.Возило со серво кочница која беше нешто невидено за свое време а тоа беше 4 диск кочници,менувач кој имаше од од добри 15-20цм и доста тром на поагање поради својата тежина(скоро 1тон)но со крајна брзина од 165км а моделот 1500 и до 170км беше недостижен за другите.Го замразија поради потрошувачката за жал,но својата младост за жал не ја дочека со плинот.Скоро веке ги нема по некој модел само може да се види во Источна Македонија.Делови за нов нема освен половни,околу кочниците системот е како кај 101,предницата нешто е како кај лада,каросериски делови нема освен по порачка кои се скапи(прашувавме во Црвена застава предно крило 120евра )
3.Застава 101хммммммммммммм,никогаш признаен модел од фиат,зошто не знам.Основата земена од тогашниот модел на фиат/фиат 128 после произведуван како застава128,модел кој во тој период беше освежување на тогашниот пазар.Модел со нова линија,преден погон,комфорен.Првите модели се дамнешната 1971 и тоа 1000парчиња пробна серија.Продадени за 4дена До 2002 скоро неизменет се произведуваше во Црвена застава.Модел кој некои го фалеа,некои фрлаа со дрва и камења но секој со свој вкус.нели.Едноставен за шминкање и за тјунинг.Со двогрлиот Вебер и 4-2-1 ауспух вадеше 61кс и доста темперамент.Потоа застава го извади моделот 1.3 со 75кс кој беше веке и за поагресивно возење.Најдобрите модели се 1979-1981 во кои што спага и моделот специјал кој модел беше наменет за извоз.Само неколку илјади парчиња останаа во продажната мрежа со фабричка мана(лоша боја и сл)кои на лугето не им пречеше бидејки беше произведен за западен пазар,со квалитетни делови.Модел со алу.фелни,обртомер притиско на масло и сл,работи со мотор 1.3 и со две врати нудеше нешто повеке во тој период.Денес сеуште ги има кај нас,делови во апотека од лимарија,мотор сл.Се наогаат убави модели сочувани за своите години и нормално на плин
4.Југо хмммммм,модел 100посто на Црвена застава со кратка Американска авантура Популарен кај младата популација која е финансиски ограничена,популарен кај младите таленти во автомобилизмот,лесен за тјунинг,стајлинг.......Квалиеттот не му е јака страна,ниту комфорот а камоли потрошувачката хехехехехе,но ете одомакинет на нашите простори.Со застава 101 базирани на иста основа само со поајка каросерија.Сеуште се возат кај нас,делови колку сакаш,доста средени примероци има низ градот.2008 Црвена застава го прекина неговото производство но има најава за негова замена комбинација каросерија фиат пунто останато југо(стариот карбуарторски мотор 1116цм-55кс)Останува да видиме,нели
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2011 во 14:11
конечно некој во темава...
Само да спомнам дека има релативно големи шанси да ќарам (не знам за колку време, чекам сопственикот, иначе мој роднина, да купи нешто поново... најверојатно за брзо време ќе биди) Фијатка 1300...
се работи за класичниот модел, не онај де лукс....   Бела боја (се води „Грао“ ама е фрбан пред 15тина години) , црвен кожен ентериер воопшто неоштетен, со дамски менувач  , бандашите фабрички со комплет раткапни исто така фабрички...


Од 1971ва година кога е купен до 2007 беше кај истиот сопственик, на таксот пишуваше 30 000 и најверојатно тоа е вистинска километража пошто кога родниниве го купија внатре мирисаше на нова, ги имаше фабричките гуми и ништо не беше оштетено на него освен едно жмигавче што беше скршено. Платен бедни 350 евра затоа што не можеше да запали (во прашање беше закочен клип во цилиндарот што со подмачкување се среди....

Сега колата има (мислам) 45 000 поминато, ама надворешноста е пропадната поприлично ( долу на прелапот меѓу кошот и патосот  и на челниот лим проби корозија , а и хромираните делови покажаа дамки)...

Со малку фарбање , крпење и шминкање ќе направам добар примерок од него... 


Изменето од volkswagen - 13.Февруари.2011 во 14:13
Кон врв
nostalgija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
сениор

Регистриран: 12.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nostalgija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2011 во 22:25
Пријателе многу ке ти бидам љубоморен зошто срцето ми плаче за ТРИСТАЧ .Инаку за тој дел не се секирај многу,мојот беше на кошевите напред до прагчето полн со пур пена и тераше.Најмногу гледај на носачите на балансштанглата каде е врзана со каросеријата,тоа е единствениот слаб дел зошто е направен од правоаголен профил и е затворен,така да и малку да влезе вода,веднаш покажува корозија.Кај 125ПЗ е решено со отворен тип на носач,па затоа и не скапуваат таму.Околу моторот не се секирај многу делови половни има сеуште кај овие што растураат стари тристачи.Предните шепи со се плочки ти се исти како кај 101/југо,единствено задните кои се исти како и предните само се подебели,така да предните кога ке ги потрошиш ги ставаш позади,а напред нови и нон-стоп кочница екстра Ламелата иста е како кај лада само мал дреарски зафат(300денари).Горна јабучица и долна како кај лада.За централна спона не сум сигурен,кратките исто како кај лада,само за средните мораш на репарација.Ако не си со пари за плин во опција се две варијанти.
1.Карбуратор од 101/југо со максимална до 120км и градска до 10 литри
2.Карбуратор од буба 1200 со кој имаш градска околу 9литри и нормална крајна 160км(мојот беше со карб.од буба и работеше прекрасно)
Прагчињат кај секој добар лимар ке ти ги направи нема кривини и други зезанции.Средниот лонец ти е ист од лада сите модели освен самара,а задниот по избор(кај мене беше од југо55 напасиран со држач и тераше долго време.Во принцип и нема кај него што да се расипе.Свекички само шампион N9YC ако сакаш палење од прва хехеххехеехех.За платината само транзисторско палење од Бугарија(јас го купив во кустендил 15евра)За сјај на браниците само со полир паста од SONAX за алуминиум и хром,резултатот гром Задните светла со 1000 шмиргла и многу пот,хехехехех а за на крај тенок слој од лак за чамци и хаоссссссссссс.Прекрасен избор на олдтајмер и прати некоја фотка кога ке го земеш.ок.Поздрав

Изменето од nostalgija - 13.Февруари.2011 во 22:30
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2011 во 22:42
Не, не , непраговите се недопрени, кошовите нечепнати, само каде што се спојуваат плеховите појавило.... Назад лиснастите воопшто не се пропаднати... задницата е дигната како од фабрика да е излезен сега... Генијално одржаван 36 години , и 4 години чмаење пред зграда... Гумите се уште фабричките на него, делови се купувани само од 300тка, единствено карбураторот е со единачно грло...

Се расправам со половњаци под 1985та , т.е. старудии, веќе подолго време... лимар немам посетено од ко го заварувавме ауспухот на опелот.....

крпам сам , поправа, менувам карбуратори, гуртни, ламели, фарбам, тапацирам,       па оваа машина ќе ми дојде како мелем, пошто ќе сака само 5 потези со шпакла кит и троа мацнување со бела боја...
Малку разговаравме денеска... можно е да се одолговлечи, но кога и да е еднаш фиатот ќе дојде кај мене, па макар по 10 години нека биде...

И... финална работа... тоа што тешко му паѓа на сите мераклии: Не се врзувам за колите....
Точно пред една недела ( баш во неделата беше) дадов класик Ауди 80 од 1974та , салун верзија...

И фиатот нема да биде вечен... ако испадне така генијален брзо ќе му најдам сопственик што ќе го чува повеќе одколку јас.... ќе го шитнам на некој мераклија...

Желбата ми е мене за Кадет Ц 1.2 купе.... изгорен сум за таа кола... Ако најдам таков добар, тешко дека ќе го продадам некогаш...


Изменето од volkswagen - 13.Февруари.2011 во 22:43
Кон врв
nostalgija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
сениор

Регистриран: 12.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nostalgija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2011 во 19:21
Е па пријателе за кадет Ц 1.2 купе тешко ке најдеш во Македонија освен некој примерок кој за жал си го отпеал своето.Кај мене у маало чмае кадет А 1.2 купе некаде е помегу 1969-70 модел.Стои онака само зафака место .Сопственикот од кога зборува дека ке го оспособува но никако да почне.Инаку кај нас се распространети 1.2 салон верзија,а купе верзијата и слабо ја има.Јас би ти предложил Опел Монца или купе верзија на Опел сенатор и тоа 3.0 стого шестак у линија да осетиш снага хехехеххехе.Тие модели се произведуваа до 1988 така да може да се најде некој добар примерок.Знам дека со лимаријата имаа доста проблеми(слаба завршна обработка несвоствено за Опел),но затоа останатото е супер.Јас како млад ја имав најшиптарската кола Опел Манта ГТ/Е модел 1987 со мотор 2.0(истиот мотор го вградуваше Опел во Вектра А само со директно вбризгување).За мене најубав Опел до сега излезен и како дизајн и како модел.А тоа зошто не се врзуваш емотивно за автомобилите посебно олдтајмери,тоа е веке друга работа,нели.Олтајмерот како поим има свој шмек.Ако не извалкаш раце со масло или ако нема трунка нервоза кога не пали па мораш да дигаш хауба нема шмек.Јас имав исто како тебе работа со олдтајмери(да не речам кршеви хехехех)но сите тие коли ми будат спомени.Сега кога возам добар автомобил,нема филинг.Отварам хауба само да дотурам вода у брисачи,и буљам ко теле Не смееш ништо да чепнеш сам.Само влези запали и вози се.Тишина и само тишина.Нема бучење од ауспух,нема тресење на гуми,нема промаја хехехех.Нема штимунг брат.Но со срека во твојата потрага.Јас сум во потрага по добар примерок на застава 750,едноставно ми лежи на душа.Ке најдам нешто па ке пуштам слики.Поздрав
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2011 во 20:02
Повеќе од солидни примероци на Кадет Ц (да речам солидни коли достојни за предизвикот „мој миленик на 4 тркала“) ми се премотувале околу мене... е сеа , ако имам среќа ќе начекам и Купе (а , ги има), ако не ќе морам да се задоволам со салун или седан верзија која ќе ја најдам во солидна состојба по брза постапка.... хехе... мастор сум станат за наоѓање старудии.... сега кога го дадов аудиот можев да земам кадет Ц наместо скутерот , ама ете, сплет на околности и го зедов моторчето....глупчо

За ретка кола не се одлучувам повеќе никогаш (барем не додека сум послаб финансиски) .... аудиот страдаше за крила и прагови, ама ЈБГ , немаше шанса да му ги удоволам потребите.  Здравје боже , да го продадам моторов и ќе одлучуваме тогаш што ќе се зема , само да не е крпеници и да има делови....

Инаку на ранг листа , после кадетот следува Буба, ама ќе видиме трепкање

За фиќо убаво ќе ти најдам ако си мераклија, ама кажи ми прво што подразбираш под УБАВО? Нефарбано? Неудирано? Оригинален мотор?  или евентуално контраш (имам еден на пик земено , ама газдата не го продава моментално) ??? Кажи малку повеќе опиши....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.