IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти со кокос
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти со кокос

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2021 во 18:05

Колачиња со вкус на кокос кои им успеваат на сите

 


Колачиња со вкус на кокос кои им успеваат на сите

  • Бидејќи нема подобри десерти од оние направени со наши напори, подолу издвоивме еден одличен рецепт што сигурно ќе ве освои на почетокот!

    Потребни состојки:
    220 гр пченично брашно тип 00 или тип 550
    110 гр кокосово брашно
    100 гр шеќер
    1 ванилин шеќер
    8 гр прашок за пециво
    2 јајца
    90 гр масло (кокосово или сончогледово)
    30 гр млеко
    прстофат сол

    За глазура:

    4-5 лажици ситен шеќер
    4-5 лажици шеќер во прав

    Начин на подготовка:
    Во сад, измешајте го пченичното брашно, брашното од кокос, прашокот за пециво, солта, шеќерот, ванилиниот шеќер и додадете две изматени јајца, млеко и стопено масло и измешајте со вилушка. Потоа рачно измесете го тестото. Тестото ќе биде малку лепливо (ако е премногу лепливо додадете уште една или две лажички брашно, но не претерувајте).
    Од измесеното тесто откинете парчиња тесто со тежина од 12-13 гр и со дланките формирајте топчиња, кои прво ќе ги превртите во ситен шеќер, а потоа во многу шеќер во прав. Топчињата распоредете ги на плех покриен со хартија за печење, оставајќи простор од околу 3-4 см помеѓу секое топче, бидејќи тие малку ќе се рашират за време на печењето.
    Ставете го плехот во загреана рерна на 180 °C и печете помеѓу 13-15 минути. Колачињата мора да останат целосно светли. Извадете ги од рерна и оставете да се оладат. Послужете веднаш или чувајте ги во херметички затворена кутија до 10 дена. Од овој рецепт ќе добиете околу 55-60 колачиња.

    извор:кафе пауза.мк



    Изменето од Valerija - 12.Март.2021 во 18:06
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,109 секунди.