Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Април.2014 во 19:31 |
ЧОКОЛАДНА ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ250 гр путер 200 гр шеќер во прав 100 гр течна чоколада 3 јајца 100 мл млеко 100 гр ореви мелени 250 гр бисквити Чоколада за декорација Подготовка: Путерот се бие со шеќерот додека не побели. Се додаваат едно по едно јајцата, чоколадата, млекото, оревите и мелените или кршени бисквити. Сите состојки се мешаат добро и се префрлаат во намокрен калап за торта. Се притиска нежно и се остава да отстои 24 часа во фрижидер. Откако ќе се извади од калапот, тортата се поросува со мелени ореви и стопена чоколада.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2014 во 00:33 |
ЛЕДЕНА ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО БИСКВИТИ
Состојки: 3 пакетчиња шлаг крем од чоколадо 0,5 л чоколадно млеко 100 мл млеко 200 гр маргарин 150 гр чоколадо 100 гр шеќер во прав 2 жолчки 350 гр бисквити Подготовка: Изматете ги шлаг кремите со двете врсти млеко. Чоколадото стопете го, па оставете малку да подолади. За тоа време изматете го маргаринот со шеќерот и жолчките, па на крај додадете го стопеното чоколадо. Смесата истурете ја во изматениот шлаг крем и измиксирајте да се соедини. Додадете ги бисквитите искршени на парчиња. Убаво измешајте и излијте ја смесата во калап обложен со најлон фолија. Ставете ја во замрзнувач неколку часа или преку ноќ за да се стегне. Се декорира по желба со рендана чоколада, шлаг, павлака и сл. Тортата се чува во замрзнувач, лесно се сече откако ќе се извади и се служи студена.
|
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2014 во 00:35 |
КРЕМАСТА БИСКВИТ ТОРТА СО СЛАТКА ПАВЛАКА
Состојки: За фил: 3 јајца 8 лажици шеќер 500 мл слатка павлака ½ пакетче нес кафе од 5 гр За потопување на бисквитите: 300 мл топло млеко ½ пакетче нес кафе 3 лажици шеќер 150 гр сецкани ореви 100 гр желе бонбони Подготовка: Јајцата се матат со шеќерот, слатката павлака и половината од пакетчето нес кафе, Бисквитите се редат во тавче четвртасто, претходно топејќи ги во млакото млеко со малку шеќер и нес кафе, Се реди ред бисквити, ред фил од слатка павлака, Помеѓу редовите се става сечкани ореви и желе-бонбони.
|
|
|
pajser
Сениор
kloshar
Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2014 во 02:31 |
,,, ,,,evangjelino bre,, nemaš druga rabota ta na polnokj ,,postiraš tortiiii,,,, ,,,
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Kastro
Сениор
Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2014 во 02:34 |
A ti bivase li tuka da dojdes ?A ja po tebe da vidam so "domakjinka" si ..i sega ligi i mene mi techat ?
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
pajser
Сениор
kloshar
Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2014 во 02:42 |
,,kastro ostai sea toa zalutuvanjeto ,,, ,,,tiki ,,,toa beliot šlag mi e nešto somnitelen,,, ,,,
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
la fille
Модератор
Регистриран: 21.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 42032
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2014 во 02:44 |
А пред да му стане и на Кастро сомнително, да се префрлите во друг „посоодветен“ подфорум?
|
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
|
|
pajser
Сениор
kloshar
Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2014 во 02:48 |
,,, ,,,e aj da se selam od tuka dodeka e. vreme,,, ,,
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Април.2014 во 15:51 |
БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: БРЗИ ТРИЈАГОЛНИЦИСостојки: - 3 јајца
- 300 гр шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 200 гр маргарин
- 300-350 гр мелени бисквити
глазура: - 30 гр маргарин
- 100-150 гр чоколадо за готвење
- 1 лажица млеко
Подготовка: Добро се матат јајцата со двата вида на шеќер. Се ставаат во тенџере на многу слаб оган или во поголемо тенџере со вода и со постојано мешање се варат околу 5 минути. Маргаринот се дели на 10-ина коцки. Една по една се додаваат во топлата смеса од јајца. Додека едната коцка не се истопи во јајцата, не се додава друга. Смесата постојано треба да се меша. Се остава така да се вари 20-ина минути. Смесата, која треба да биде течна се трга од оган и во неа постепено се додаваат мелените бисквити. Која количина на бисквити е потребна зависи од видот на бисквитите. Смесата не треба да биде многу тврда. Се остава смесата малку да се излади и да се стегне за да може да се обликува. Ако сакате да правите коцки, тогаш уште додека е топла смесата се сипува во сад подмачкан со масло и се остава да се излади. Ако сакате да правите триаголници, смесата се обликува со раце. Така обликуваната смеса се витка во фолија за храна и се остава да се излади 1 час. Потоа се прелива со глазура која се прави од стопено чоколадо во кое се додаваат малку маргарин и една лажица млеко. Се остава 2-3 часа на ладно да се стегне и глазурата и потоа се сече на парчиња дебели околу 1 цм.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Април.2014 во 16:02 |
ПОСНИ КОЛАЧИЊА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ
Изменето од Valerija - 17.Април.2014 во 16:02
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Април.2014 во 17:44 |
НЕПЕЧЕНА ТОРТА: МОЗАИКСостојки: 2 л млеко 6 пудинзи од ванила 1 филџан шеќер 1 маргарин 300 гр мелени бисквити 300 гр стопено чоколадо 300 гр мелени ореви 3 пакетчиња ресани 100 гр рендано чоколадо Подготовка: Млекото се вари со пудинзите и шеќерот и се остава да се излади. Маргаринот се бие со миксер и лажица по лажица се додава во изладениот пудинг. Филот убаво се бие додека да стане пенест и се дели на 3 исти дела. Во првиот дел од филот се ставаат мелените бисквити, во вториот дел се става стопеното чоколадо (се топи на пареа со 2 до 3 лажици масло) и во третиот дел од филот се ставаат мелените ореви. Во правоаголна тава се става фолија и над неа се става првиот дел од филот, убаво се мазни и над него се става вториот дел од филот. Потоа се редат ресаните по целата површина на тортата и на нив се става третиот дел од филот. Одозгора се става ренданото чоколадо па тортата се става во фрижидер да се замрзне и се послужува другиот ден.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Април.2014 во 16:38 |
НЕПЕЧЕНА ТОРТА СО БИСКВИТИ, ЧОКОЛДО И РУМСостојки: 800 гр бисквити цели 2 филџани инстант кафе Фил: 220 гр сецкани чајни колачи 120 гр мелени бисквити 200 гр шеќер 8 лажици млеко 50 гр чоколадо рендано 100 гр маргарин 50 гр мелени ореви 1 лажица рум Фил 2: 500 гр слатка павлака 50 гр чоколадо рендано, како и рум по вкус Подготовка: Како и кај многу непечени бисквитни десерти и тука се топат бисквитите во инстант кафето и се образува кора со ширина и должина по ваша мерка. Што се однесува до филот пак, неговата подготовка започнува со тоа што се топи шеќерот во млекото, се додава и маргаринот така стопени се полеваат мелените бисквити и кршени на парчиња чоколадираните кекси, се става рендано чоколадото, оревите и рум. Се премачкува измешаната смеса над првиот ред од бисквит-кората, потоа се бие слатката павлака, се дели на половина едната половина останува чиста, а во другата се става чоколадото и рум малку, да ја засили аромата колачот, за да се разликува по бојата малку какао се става. Се оставаат двата дела слатка павлака во фрижидер додека ја образуваме втората кора од бисквити во нескафе, над нив се става делот со бела слатка павлака, повторно ред бисквитна кора и најгоре делот со малку обоена слатка павлака со чоколадо. Украсете ја по избор, се лади во ладилник и така се служи..
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2014 во 19:54 |
БРЗА ПУДИНГ ТОРТАСостојки: - 1,2 л млеко
- 4 пакетчиња пудинг од ванила
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 1 коцка маргарин
- 100 гр шеќер во прав
- 100 гр кокосово брашно
- 100 гр мелени бисквити
- 1 лажичка какао
Подготовка: Прашокот за пудниг се приготвува според упатството на пакетчето, само овој пат 4 пудинга се варат во 1,2л млеко во кое претходно сме ставиле 2 пакетчиња ванилин шеќер. Готовиот пудинг се остава да се излади, додека се лади треба да се покрие со фолија за да не фати коричка. Во меѓувреме коцката маргарин (што стоела на собна температура за да омекне) се мати со 100 гр шеќер во прав. Изматениот маргарин се меша со изладениот пудинг. Таа смеса се дели на 2 дела – во едната половина се додава кокосовото брашно , а во другата половина се мешаат мелените бисквити и една лажичка какао. Во калап по желба, (треба да биде мокар или намачкан со масло, за да не се залепи пудингот) наизменично се става слој од светлиот и слој од потемниот пудинг (фил). Се чува на ладно место 2 часа, за да се стегне убаво и да добие форма. Кога ке се извади од калапот може да се украси со шлаг или да се посипе со кокос или чоколадни трошки. Се сече како парче торта или на коцки, како колач.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Мај.2014 во 17:14 |
МОНТЕ ТОРТА: РЕЦЕПТ КОЈ НЕ СЕ ПЕЧЕ | | Ви предлагаме да направите еден вкусен колач чии главни состојки се чоколадо и слатка павлака, но сепак не е тежок десерт. Станува збор за Монте торта која е одлично слатко задоволство за кој било дел од денот. Потребно:● Бисвкити ● 1 фил : 1 литар млеко, 100 г скробно брашно, 100 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 125 г путер ● 2 фил: 500 мл слатка павлака за шлаг, 200 г чоколада, малку рум Подготовка:● На дното на помало тавче за печење наредете ги бисквитите па премачкајте ги со малку млеко помешано со рум. ● За првиот фил ставете да се загрее млеко и додајте малку рум. Во друг сад измешајте шеќер и брашно со малку ладно млеко да добиете убава мека смеса. Кога млекото што го ставивте да се загрее почне да врие, додадете ја смесата со шеќер и брашно и мешајте на тивок оган околу две минути. Додајте го и путерот и убаво измешајте. Филот поставете го врз бисквитите во садот, па наредете пак бисквити. ●За вториот фил на тивок оган загрејте ја павлаката во која сте измешале насецкана чоколада, кога чоколадото ќе се стопи филот нанесете го преку првиот фил, оставете да се излади и десертот е готов. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|