|
Дали е битно од каква фамилија е тој/таа? |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ќе да е баш да ме привлекуваат разликите ..... па тоа расправиите би биле како да започнала апокалипсата ....
Јас би сепак да се држам до сличностите .... за мир во светот ....
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крушата под круша паѓа и не се чуди после ако упаднеш во гомна до гуша
|
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Битно е... 100 пати велам..
Не е пресудно но е битно.НЕ е битна финансиската состојба, туку од „шо луѓе е“. Какви се луѓето дома, каква смисла за хигиена имаат, какви се нивните критериуми за избор (на се и сешто).... па дури и до вкусот на храната што се припрема... Девојче што растело во семејство во кое прашината била составен дел од регалот, така ќе гледа на тоа до крајот на животот. Некој што се научил мајка му да му ја поставува масата, да пресечи леб и да го намести ручекот - така ќе си чека до крајот на животот. На почеток се е океј... Тој се труди, таа се труди... ОК Ама тоа е само на почеток. Потоа секој ќе си го побара удобството со кое живеел. На едниот ќе му пречи прашината, на другиот нема да му пречи. На едниот ќе му пречат чорапите во ќошот, другиот нема ни да ги запримети... И ете ти војна. Во таа војна (кај најголемиот дел од светов) излегуваат муабети: .... ко она мајка ти, ист си ко онај татко ти волон, будалана, пропалицана.... Тука може и да плусне по некој шамар после овај муабет... и ете ти од играчка плачка. Затоа, просто кажано... не дека бракот ќе биде беспрекорен али: црнец со црнкиња, албанец со албанка, немијан за некоја што не пери, неперена за некој што нма да му смрди... РАЗЛИКИ ДА: Доминантен тип со кротка и услужлива, агресивна со повлечен... инаку НИШТО НЕ БИВА.... Но разлики од типот немиен ром со педантна работохоличарка - не функционира... |
|
Фолксвагенка
Група Девојка му на Фолки Регистриран: 08.Декември.2013 Статус: Офлајн Поени: 91 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Осетот за стварите околу тебе го добиваш од родителите. Колку и да е тој флексибилен, никогаш не може да се промени сосема. Не за џабе голем број луѓе наоѓаат сличност меѓу мајка му и жена му, меѓу татко и и маж и. Ако сакаш да функционираш без да мораш да застанеш на глава и да стоиш така едно 2-3 години дури стварите на се променат, тогаш внимавај во која фамилија влегуваш. А верувај, тоа стоењето на глава не е баш некоја привлечна работа. Ретко кој може да издржи и ретко каде се појавуваат резултати. А и ретко кој сака да учи допрва како треба а како не треба. Плус, секогаш може да излезе нешто ново, нешто за што имате сосема различни поими со партнерот. Секогаш и во секое доба од животот. И не е исто лесно на 40 и на 18 години да се расправаш за нешто зошто имаш различни претстави за него. Не можеш туку така да си заминеш дома кај мама и да ја викнеш другарка ти за да и раскажеш каков кретен од дечко имаш, со искривени претстави и ненормални очекувања.
Сличноста е потребна за да можете да се разбирате, да донесувате решенија без многу-многу, да се читате со поглед, и на крај краишта да не поминувате еден цел ден во карање за тоа дали треба да се готви секој ден ручек или не, и тоа да ви го одзема времето што нема да го имате којзнае колку... Верувањето дека „разликите не се пречка зошто ние се сакаме“ е за мали деца што не можат да сврзат две со две, и е нормално да се појави, ама кога имаш 13 а не 25... Така да гледај шо праиш, оти може јако да се зафркнеш, па после да си ја траскаш главата цел живот... истото па истото, over and over again... |
|
Devojcence
Сениор Регистриран: 28.Март.2015 Локација: Skopje Статус: Офлајн Поени: 497 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bitno e ima edna izreka vika krusata pod krusa pagja. Sto znaci nemoze od losa loza dobro steblo i obtano, so cest na isklucocite.
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |