|
Facebook!!! |
Внеси реплика | страница <12345 13> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фејсбук како најпопуларна социјална
мрежа во светот има повеќе од 1 милијарда корисници. Тие ги делат своите
податоци со мрежата, како име , презиме, адреса на живеење, е-мејл,
број на телефон, информации за други членови на семејството. 1. Апликација за тоа кој го гледал вашиот профил, овој фамозен вид на апликации покрај тоа што не работи, ги краде вашите информации од Фејсбук и може да ви испрати вирус. НЕ ПОСТОИ АПЛИКАЦИЈА ЗА ПРОВЕРУВАЊЕ НА ТОА КОЈ ВИ ГО ГЛЕДАЛ ПРОФИЛОТ, сите тие се вируси. 2. Линкови со шокантни слики и видеа, овој вид е ист како претходниот, сепак се разликува по една работа која го прави уште поопасен. Имено кога жртвата ќе стисне на линкот, покрај крадењето информации и можниот хакерски/вирусен напад, тој линк се поставува на ѕидот на жртвата како таа да стиснала „ми се допаѓа“. Заради ова овој вид на софтвер се шири премногу бргу и често пати додека да забележите дека е малвер е предоцна. 3. Апликација за промена на бојата на тајмлајн, ако не се посомневавте до сега, еве едно прашање, зашто апликација за промена на боја ги бара вашите лични податоци? Одговорот е за да ги украде „колачињата“ од вашиот компјутер и да го користи за спамување. БОЈАТА НА ФЕЈСБУК НЕ МОЖЕ ДА СЕ СМЕНИ, сите апликации се малвери и вируси. 4. Аликации за бесплатни кредити на Фејсбук, сериозно? Зарем треба д асе објаснува, ништо во светот не е бесплатно, па ни кредитите, едноставно не кликајте. Освен овие начини за напади со неодамна воведената опција за синхронизација со мобилниот телефон, постои можност за напад и празнење на сметките, затоа не кликајте на ништо сомнително, а и на вистинските апликации не ги споделувајте вашите податоци. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да си ставиш лајк на твој статус , ти е исто како од мобилан да си завртиш на фиксан и да си правиш муабет сам с'с себе ! |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Почна да ми влегува у живца со новинава,да може секој порака да ти испрати.Се утепав од барање низ сетинзите и не може да се исконтролира таа опција
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има бе..до почетна тоа катанецот шо ти е иди,па види уште прилагодувања и тука ти е за пораки
|
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чекај чекај додека те снајде новиот упдејт...Кој патем бил на проба демек.
Сега има опција само да ги немаш во нотификација пораките од оние кои не ти се пријатели, но секако ќе ти бидат во инбокс но друг фолдер...Катастрофа Барем за некој ко мене кој сите со два три исклучоци пријатели и лично ги познава. Тоа некако ми иде ко сега да земам да го акнам телефонов тука Еве го и линкот за нивниот експеримент кој шо среќа сум и мене ме опфатил...Којзнае дали и некој денар за тоа ќе фрлат па стресови се ова http://www.relevantmagazine.com/slices/now-anyone-can-just-send-you-facebook-message-buck |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најглупавиот фејсбук статус за 2012 година
18 годишниот американец, Џејкоб Браун е доказ дека навистина не треба да се објавува на фејсбук се што ќе ви помине низ главата.
Имено, токму еден негов статус беше прогласен за најглупавиот во целата 2012 година. Младото момче од Орегон неодамна напиша стстус кој гласеше вака: „Возење на пијано... Класика! ;) Чие и да беше возилото што го удрив, жал ми е ... :P“. Откако го споделил овој статус со своите 650 пријатели, еден од нив го пријавил во полицијата.
Полицијата во тој момент работеле на истражување на сообраќајката, па откако го посетиле Џејкоб во неговиот дом и го нашле неговиот оштетен автомобил, ги споредиле доказите и го нашле виновникот. Џејкоб веднаш бил уапсен. |
|
FosterThePeople
Сениор Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фејсбук искрено ми е скрвавен.
Прво-стана исповедалница на сите глупаци што се лигават неверојатно без контрола,мали посерковци од големото добро утро со нивните животни проблеми.И сега одиме на втор случај. Второ-фејсбук стана натпревар меѓу фотомодели,модни креатори и икони,манекени и манекенки...и разни разни уметнички души.Тука лигавите пливат во фалби и нови модерни зборови-неразбирливи за обичните смртници,и уживат во својот искомплексиран живот...а скромните и паметните јадат г*мна. Сакам да кажам дека има доста многу глупав и разгален-лигав народ,и дека пак треба стапот да заиграе како што било некогаш одамна,кога имало ред и кога се знаело кој јаде кој пие. Изменето од FosterThePeople - 07.Јануари.2013 во 03:38 |
|
I just wanna feel real love.
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
оу ноуу
е неможаамм
|
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
FosterThePeople
Сениор Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу плоден измет има
|
|
I just wanna feel real love.
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Това било на првата реприза за Нова Год
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АУх да ... ФејЗбук е досаден без чипови на покер
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шок: Поарно виткајте сарма отколку да играте „Фарма“ „Фарма“ и сличните бесмислени игрички, кои се повеќе се намножуваат по социјалните мрежи, не само што го убиваат времето туку и, во бездруго отуѓениот виртуелен свет, од вас прават асоцијален идиот. Виртуелното садење билки и хранење животинчиња може да го замените со реално. Би можеле да го искористите времето за поубави и покорисни работи. За кои? На пример, виткање сарма или правење пача, односно вечера со реалните, запоставени пријатели. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како да ги исчистите досадните апликации од Вашиот фејсбук профил?
На сите ни се има случено. Или нашата мајка или некоја друга роднина се приклучиле на Фејсбук, а во моментот кога сме аплицирале за нова работа, досегашниот шеф ви испраќа покана за пријателство. Наеднаш сте во проблем, бидејќи голем број содржини кои ги имате на вашиот профил, не се „прилагодени“ за нив.
Но, не се грижете, постои решение - тргнете од почетокот, од вашето прво појавување на Фејсбук и избришете се што сметате дека е несоодветно. Да, знаеме дека ќе ви биде потребно повеќе време, но „Facewash“ алатката и тоа како може да ви помогне.
Како? Едноставно! Оваа симпатична виртуелна метла за вашиот профил може да се подеси во четири чекори и да ја пуштите да го „исчисти“ вашиот Фејсбук профил од недолични содржини и слики на кои денес не сте баш многу горди, а сте заборавиле дека постојат.
„Facewash“ е направена од група на студенти од Универзитетот „Three Kent“, заедно со опциите за пребарување на вообичаени „валкани“ зборови врз чијашто основа се бриши недоличната содржина или пак се менува опцијата за приватност. Со тоа, овозможено е пребарување на линкови кои сте ги лајкнувале, а не требало да бидат видливи на никого освен вам. Корисникот ќе може да пребарува и содржина врз основа на својот јазик, иако е поддржан само англискиот.
Порталот „Mashable“ преенсува дека како и повеќето веб апликации кои се користат на Фејсбук, и „Facewash“ ќе бара пристап до вашите основни информации на профилот, фотографиите и е-маил адресата. Што се однесува до фотографиите, доколку не сте тагнати, ќе морате рачно да ги отстраните, бидејќи алатката нема опција за визуелно пребарување.
Ајде сега, виртуелната метла во рака и исчистете ги вашите профили.
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се изнасмеав со бисерково околу новините на фејсбукон.Пазите шта радите на фејсу матори
|
|
Внеси реплика | страница <12345 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |