IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Цркви во Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Цркви во Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2010 во 12:56
...А не би се осудил да укажувам.Само после такви меѓусебни дискусии не ви текнува на момент да не залудно се спомнува Неговото име.Кога веќе сте протолкувале дека каменот може да го земете во рака,мавајте но барем на ЛП
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2010 во 13:04

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Зарем, според твојата логика, сметаш дека треба да има храмови наречени Св. Пат Исус Христос или Св. Врата Исус Христос?


Да, сметам дека ништо не им фали на тие имиња на цркви. Впрочем, првата ИЗВОРНА христијанска заедница ја нарекувале токму така "Патот". Самиот апостол Павле вели за себе дека бил следбеник на Патот, цитирам...

„Но тебе ти признавам: дека според Патот, кого тие го наречуваат ерес, така Му служам на Бога на нашите татковци“
(Апостол Павле во Дела на апостолите 24:14, Библијата)

„Но бидејќи некои беа корави и непокорни, и зборуваа зло за Патот пред множеството, тој (апостол Павле) отстапи од нив и ги оддели учениците, и секојдневно проповедаше во училиштето на некој си Тиран“
(Дела на апостолите 19:9, Библијата)

„Во тоа време се подигна голем бунт заради Патот;“
(Дела на апостолите 19:23, Библијата)

хи,%20хи...хи,%20хи...хи,%20хи...трепкање

Ај сега ти одговори ми зошто не може да има црква „Св. Еден Светец Исус Христос“, кога Исус е наречен Светец во Библијата, цитирам...

„Зашто нема да ја оставиш мојата душа во Подземјето, ниту ќе дозволиш твојот СВЕТЕЦ (Исус) да види гниење. “
(Псалм 16:10, Библијата)

збунетост




Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2010 во 15:58
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Зарем, според твојата логика, сметаш дека треба да има храмови наречени Св. Пат Исус Христос или Св. Врата Исус Христос?


Да, сметам дека ништо не им фали на тие имиња на цркви. Впрочем, првата ИЗВОРНА христијанска заедница ја нарекувале токму така "Патот". Самиот апостол Павле вели за себе дека бил следбеник на Патот, цитирам...

„Но тебе ти признавам: дека според Патот, кого тие го наречуваат ерес, така Му служам на Бога на нашите татковци“(Апостол Павле во Дела на апостолите 24:14, Библијата)


Абе, златно, повторно ги правиш истите и истите грешки. Не ми е јасно како за сиве овие години не се научи дека на манипулациите (лагата), кратки и’ се нозете?!

Првата ВИСТИНСКА изворна христијанска заедница „патот“ го нарекувале ХРИСТОВОТО УЧЕЊЕ и во секој цитат што си го навел, се мисли токму на учењето. Прво, во овој цитат што си го навел, ако доволно се познава македонскиот јазик и граматика, повеќе од очигледно е дека станува збор за Христовото учење кое го нарекувале ерес. Доколку овде под „патот“ се мисли на Самиот Христос, тогаш реченицата не би имала смисла, затоа што човек не може да биде ерес, туку ЕРЕТИК. Мислам дека сфаќаш, нели?

И многу интересно е тоа што го користиш преводот на Константинов, а не оној твојот најдобар македонски превод во динами, затоа што таму стои:

Дела 24:14 Јас овде, пред Вас, признавам дека сум следбеник на Христовото учење што тие го нарекуваат секта ...



Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

„Но бидејќи некои беа корави и непокорни, и зборуваа зло за Патот пред
множеството, тој (апостол Павле) отстапи од нив и ги оддели учениците, и секојдневно
проповедаше во училиштето на некој си Тиран“(Дела на апостолите 19:9, Библијата)



Потоа Павле влезе во синагогата, и тука три месеци смело проповедаше и расправајќи ги уверуваше за царството Божјо.И овде во еден стих погоре се вели дека:

Дела 19:8 Потоа Павле влезе во синагогата, и тука три месеци смело проповедаше и расправајќи ги уверуваше за царството Божјо.

Значи, апостол Павле го ширел Христовото учење за царството Божјо, што е јасно дека и во тој твој стих од Константинов се мисли на учењето, а не на Самиот Христос. Патем, може да го провериме и твојот омилен динамичен превод што вели:

Дела 19:9 Кога еден дел од нив тврдоглаво одбија да поверуваат и почнаа јавно да зборуваат лоши работи за Христовото учење...


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

„Во тоа време се подигна голем бунт заради Патот;“(Дела на апостолите 19:23, Библијата)



Да не должам многу, и овде само ќе го наведам истиот цитат во твојот динамичен превод:

Дела 19:23   Во тоа време во Ефес настанаа големи немири заради Христовото учење.

Сега ме интересира, каде е грешката:

1.     Кај Константинов, кој демек во тие стихови мислел на Христос под зборот „патот“
2.     Во баптистичкиот пастор Иван Грозданов, кој превел како „Христово учење“
3.     Или во тебе, кој си толкуваш и користиш преводи во зависност од тоа како тебе ти одговара за да излезеш прав?




Изменето од Maran Ata - 12.Април.2010 во 15:59
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2010 во 21:38
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


И многу интересно е тоа што го користиш преводот на Константинов, а не оној твојот најдобар македонски превод во динами,
...
Патем, може да го провериме и твојот омилен динамичен превод што вели:
...
Да не должам многу, и овде само ќе го наведам истиот цитат во твојот динамичен превод:


1. Јас немам динамичен превод. Ниту сум издал, ниту користам.

2. Никаде не сум рекол дека тоа е мојот најдобар или пак омилен превод. Напритов, на темата: Најдобриот Библиски превод, јас јасно се изјаснив кој е мојот омилен библиски превод, цитирам...

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


NIV (New International Version)
...
А кога сме кај македонските преводи, јас го имам новото ревидирано издание (2006 година) на Свето Писмо (со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква бла бла бла).



Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Сега ме интересира, каде е грешката:
3.     Или во тебе, кој си толкуваш и користиш преводи во зависност од тоа како тебе ти одговара за да излезеш прав?




3. На форумов имам цитирано веројатно преку 2000 библиски стихиви. Посочи ми каде тоа јас сум цитирал од тој динамичен превод?

Бесрамна клеветнице. После овие клевети, срам ми е ѓаволот да го наречам клеветник, затоа што клеветиш повеќе од него.

И пак ќе повторам, мора ли секогаш кога ќе се најдеш во библиски нокдаун веднаш да ја заташкуваш и пренасочуваш дисксуијата користејќи ги твоите од врв на Водно познати клевети?
Мислам дека ти треба една дообра исповед под мантијата на духовникот, зашто полна си со клевети, злоба, лукавштина.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2010 во 03:04
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

И многу интересно е тоа што го користиш преводот на Константинов, а не оној твојот најдобар македонски превод во динами,...Патем, може да го провериме и твојот омилен динамичен превод што вели:

...Да не должам многу, и овде само ќе го наведам истиот цитат во твојот динамичен превод:


1. Јас немам динамичен превод. Ниту сум издал, ниту користам.

2. Никаде не сум рекол дека тоа е мојот најдобар или пак омилен превод. Напритов, на темата: Најдобриот Библиски превод, јас јасно се изјаснив кој е мојот омилен библиски превод, цитирам...


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

NIV (New International Version)...


А кога сме кај македонските преводи, јас го имам новото ревидирано издание (2006 година) на Свето Писмо (со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква бла бла бла).


Тој динамичен превод, колку што видов со свои лични очи, се користи во „изворната“ црква, од каде и го добив лично јас како бесплатен подарок. Прости, мислев дека и ти си од таа „изворна“ црква...

Всушност, цитатот што си го навел, ќе ни кажеш ли за какво Свето Писмо станува збор, односно, на кој јазик е напишан New International Version? Додека самиот ти беше тој кој рече дека НАЈДОБАР превод на македонски јазик е динамичниот (a нели на форумов се цитира од Свето Писмо на македонски јазик?):


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

светското библиско здружение "Гидеони" кое е главниот дистрибутер на Библии и Нови Завети во целиот свет секогаш го бира најдобриот превод во едно јазично подрачје (земја) за да ги печати гидеонските Библии/Нови Завети.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Сепак светското библиско здружение "Гидеони", со достоен кредибилитет, ги разгледа повеќето македонски преводи на "Новиот Завет" и не одлучи да го одбере православниот квазибуквален превод, туку динамичниот превод плазење


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Сега ме интересира, каде е грешката:
3.     Или во тебе, кој си толкуваш и користиш преводи во зависност од тоа како тебе ти одговара за да излезеш прав?


3. На форумов имам цитирано веројатно преку 2000 библиски стихиви. Посочи ми каде тоа јас сум цитирал од тој динамичен превод? Бесрамна клеветнице. После овие клевети, срам ми е ѓаволот да го наречам клеветник, затоа што клеветиш повеќе од него.


Ти од тој динамичен превод, кој го изнафали како најдобар превод од македонско говорно подрачје, како што може да се види од погорецитираните твои коментари, се изнацитира и прецитира особено на темата за Динамичниот превод. A клеветник знаеш ли што е? Клеветник е тоа што на истата оваа тема, кога се појави брат Макариос и убаво те изребрачи, ти цело време го клеветеше дека јас се кријам зад неговиот ник. Твоите клевети можеше и погоре да ги погледнеш, со докази:
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

газење%20од%20смеење веќе не знам по кој пат откако те ставив во ќорсокак веднаш почнуваш да хистеришеш и да правиш каша попара со цитирањето од петни жили обидувајќи се да ја заташкаш дисксуијата за да не ти се види резилот

Абе, златно, за каков ќор сокак зборуваш или за какво резилење?
Случајно да не мислиш за резилењето што не ти оди математиката во историските дијалози?

Или за резилењето кога беше разобличен како бесрамно манипулираш со стихови од Светото Писмо?

Или за она резилење кога ни правеше реклама за „веронауката по изворно христијанство“, а всушност убаво беше разобличен дека станува збор за баптистичка веронаука?

Или мислиш на резилењето кога ни правеше реклама на баптистичкиот динамичен превод на Светото Писмо, каде исто така беше изрезилен, бидејќи „преведувачот“ по своја желба си крател цели реченици од Откровението , затоа што не знаел како да ги протолкува, а ти го фураше како ептен ексклузивен и позитивно уникатен во македонското говорно подрачје?

Или за резилењето кога беше разобличен дека манипулираш со цитатите од Православните Свети Отци на Црквата, со цел демек да докажеш дека тие верувале како тебе?

Или твоето заглавување во ќор сокак незнаејќи да дадеш одговор според кој критерум пресметуваш дали некој е спасен?

Или на ќориот сокак кој го виде затоа што не знаеше да дадеш одговор на прашањето што е разликата меѓу спасените и светите христијани?

Или тешкиот резил кој ти останува до ден денеска, затоа што твојата фантазија не знае да објасни кога Господ Исус Христос ја примил Божествената природа, ако Богородица ја родила само Неговата Човечка природа? ………………….



Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Мислам дека ти треба една дообра исповед под мантијата на духовникот, зашто полна си со клевети, злоба, лукавштина.


А јас не знам кој тебе ти дал право да ме судиш мене??? Клевета ти наведов погоре што е, лукавштина е кога некој лажно се представува дека е „изворен“ христијанин за да привлече што е можно повеќе души во својата „Алилуија“ рок организација, а злоба - таквиот беше посетен од мене во неговата т.н. „изворна“ црква, но упорно продолжува да лаже и лаже на форумов и другиот да го клевети, а не се гледа себеси. Каква и да сум, грешна и никаква, што не е лага, барем не се срамам од мојата вера и не се кријам зад маски!

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

И пак ќе повторам, мора ли секогаш кога ќе се најдеш во библиски нокдаун веднаш да ја заташкуваш и пренасочуваш дисксуијата ...


Библиски нокдаун? Мислиш на твојот нокдаун каде што ти упорно тврдиш дека раните христијани Господ го нарекувале „Пат“, а всушност излезе дека тоа се однесувало на Неговото учење?

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Зарем, според твојата логика, сметаш дека треба да има храмови наречени Св. Пат Исус Христос или Св. Врата Исус Христос?


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Да, сметам дека ништо не им фали на тие имиња на цркви. Впрочем, првата ИЗВОРНА христијанска заедница ја нарекувале токму така "Патот". Самиот апостол Павле вели за себе дека бил следбеник на Патот, цитирам...

„Но тебе ти признавам: дека според Патот, кого тие го наречуваат ерес, така Му служам на Бога на нашите татковци“(Апостол Павле во Дела на апостолите 24:14, Библијата)


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Абе, златно, повторно ги правиш истите и истите грешки. Не ми е јасно како за сиве овие години не се научи дека на манипулациите (лагата), кратки и’ се нозете?!

Првата ВИСТИНСКА изворна христијанска заедница „патот“ го нарекувале ХРИСТОВОТО УЧЕЊЕ и во секој цитат што си го навел, се мисли токму на учењето. Прво, во овој цитат што си го навел, ако доволно се познава македонскиот јазик и граматика, повеќе од очигледно е дека станува збор за Христовото учење кое го нарекувале ерес. Доколку овде под „патот“ се мисли на Самиот Христос, тогаш реченицата не би имала смисла, затоа што човек не може да биде ерес, туку ЕРЕТИК. Мислам дека сфаќаш, нели?

И многу интересно е тоа што го користиш преводот на Константинов, а не оној твојот најдобар македонски превод во динами, затоа што таму стои:

Дела 24:14 Јас овде, пред Вас, признавам дека сум следбеник на Христовото учење што тие го нарекуваат секта ...



Делот со „Патот“ го образложи, ама искривено, а интересно е зошто не сакаш да дадеш коментар на прашањето кое ти беше поставено на првата страна од темава:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Зарем, според твојата логика, сметаш дека треба да има храмови наречени Св. Пат Исус Христос или Св. Врата Исус Христос?


И, што мислиш за „Светата Врата Исус Христос“?

Всушност, живо ме интересира зошто вашата црквичка, каде што се собирате, не е наречена со Господовото име, и ниту „И“ нема од Неговото име?



Изменето од Maran Ata - 13.Април.2010 во 03:06
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2010 во 16:46



      БАРАЈ ЈА ОВАА ЦРКВА !


   Иако ние сами, лично, мораме да го прифатиме спасението што ни го нуди Бог преку Христа, кога ќе станеме Христијани ние не сме повеќе сами ниту пак делуваме сами. Како органи на неговото тело, на Црквата (Ефес. 1,23), ние имаме еден заеднички идентитет со што воопшто не се нарушува нашата посебност, нашиот поединечен идентитет. Како некогаш по Адама што сме осудени на смрт, така сега по Христа имаме дел во неговиот живот (1.Кор.15,22).

Бог секогаш, во сите времиња, имал свој народ што го повикувал од светот. Во старо време тоа биле децата Израелови и преку нив се изразувала Божјата милост (Дела 7,38). Во новозаветното време оваа должност ја врши Црквата. Црквата е заедница, семејство, братство. Глава на Црквата е Исус Христос, а нејзини припадници се мажите и жените што го прифатиле Христа како свој Спасител и Господ. Фалејќи го Бога беа омилени кај сите луѓе. А Господ секоја ден ја умножуваше Црквата со оние што сакаа да се спасат. (Дела 2,47). И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени туку сте им сожители на светиите и свои на Бога, оти се утврдивте на темелите, поставени од апостолите и пророците, имајќи го како аголен камен на темелот самиот Исус Христос (Ефес. 2,19.20).

Иако припадништвото на Црквата е важно и не разделно од нашето признавање на Христа како Спасител и Господ, тоа припадништво само по себе не е никаков доказ дека му припаѓаме на Бога. Тој ги испитува намерите на срцето и ги познава оние што вистински се негови, а не само негови формални следбеници.

Вистинските верници се дел на родот на небесата и на Земјата (Ефес. 3,15)- на сеопштата, универзална Црква, на видливата и невидливата ( Евреите 12,18-24).

Божјата Црква има многу гранки на својата дејност. Пред се таа е заедница во молитвата и во богослужението. Таа се приклонува да го признае Господа Бога на небото и Земјата, нашиот Творец, Одржувачот, нашиот Спасител. Таа се собира да се храни со Божјата Реч, заеднички да разговара со неа, трудејќи се да ги изгради своите верници во љубовта и во добрите дела (Евреите 10,23-25).Таа се собира да го слави споменот на Господовата вечера што не потсетува на Христовата смрт за нас и ја обновува во нас надежта во неговото враќање. Црквата постои да служи:да оди и во најдалечните краишта на светот носејќи ја радосната вест за спасението во Христа, правејќи ги припадниците на сите народи негови ученици а тоа што Христос е глава на Црквата , Христовото тело, Црквата има свечен авторитет (Мат. 16,13-20; Јован 20,21-22). Црквата зборува во Христово име, објаснувајќи му ја неговата волја на светот, повикувајќи ги сите луѓе на послушност на Бога, зборувајќи им на сите за правдата, за чистотата и за судот што ќе дојде (Дела 24,25). Иако во текот на минатите векови авторитетот на Црквата бил злоупотребен, денеска би било исто така погрешно да се отфрли секоја почит кон авторитетот на Црквата. Зад Црквата стои Христос и авторитетот на Писмото што го дал сам Христос за Црквата да се поучи. Бог ни оставил пример на луѓе, какви што биле Ананија и Сафира, за да не го отфрламе лекомислено авторитетот на Црквата (Дела 5,1-11).

Според тоа, припадништвото на Црквата истовремено е високо предимство и свечена одговорност. Црквата е место на кое ние му припаѓаме - место на кое му пееме похвални песни на Господа, добиваме поука од неговата Реч, ја обновуваме нашата заедница со другите припадници на Божјиот народ, се собираме околу неговата трпеза, добиваме сила да одиме и да му ја објавуваме божествената радосна вест на целиот грешен свет. Црквата е поставена трпеза за гладниот свет.

Бидејќи припадништвото на Црквата на живиот Бог е толку скапоцено, тоа не смее да се свати лекомислено. Црквата не е клуб во кој се собираме да се забавуваме; тоа е Христово тело. Припадништвото на Црквата не повикува радосно, активно да ја подржуваме Црквата и да учествуваме во нејзините активности. Библијата не предупредува да не се откажуваме лекомислено од спасението што еднаш сме го прифатиле толку радосно (Евреите 6,4-6; 10,26-31; 12,15-17).

Припадништвото на црквата ни дава радост на заедницата и на службата денеска и надеж во славна иднина. Вие мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црквата и се предаде себеси за неа, за да ја освети, очистивајќи ја со водна бања преку словото; та да ја претстави пред себе како славна Црква, која нема осквернение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна. (Евес. 5,25-27).Црквата е Христова невеста, драгоцена во неговите очи, неговата тврдина во овој побунет свет; таа е предмет на неговата највозвишена грижа. Тој стрпливо го усовршува своржето дело во Црквата на Земјата затоа што и наменил вечна судбина - припадниците на неговата Црква треба да бидат со него во текот на целата вечност.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2010 во 19:19
Sekoj covek e crkva ....
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.