IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најдобриот Библиски превод!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најдобриот Библиски превод!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 17>
Автор
Порака
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Најдобриот Библиски превод!
    Испратена: 26.Септември.2008 во 00:48
   
Мојот се вика: Надеж за сите!

А вашиот?

Еден многу светол човек кого дури и душманите го почитувале бил запрашан од група на теолози:

Кој Библиски превод ви е најмил?

Дали е тоа Лутер, Кинг Џејмс, Нов Живот, . . .?

Тој смешкајќи се нежно, го облеала уште поголема блаженост по неговото љубезно лице. Им одговорил со тих глас: Сите се убави. Сите! Но оној превод во животот на мајками е најубавиот и најдобриот од сите!


Да се Фали и Слави Љубовта БОЖЈА = Христос, во век и векови!


АМИН           



Изменето од spiros - 26.Септември.2008 во 00:49
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 00:57
NIV (New International Version)
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 01:06
NIV на македонски????Како гледаш дали е НИВ или нешто друго.

Мојата е Шесто издание(2003 година) на Свето Писмо со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква. Прво целосно издание во превод на современ македонски литературен јазик. Ми се допаѓа што користи и некои зборови од македонските народни говори.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 01:21

Насловот вели "Најдобар Библиски превод", а не "Најдобар македонски Библиски превод" тајм%20аут

А кога сме кај македонските преводи, јас го имам новото ревидирано издание (2006 година macedon_alex плазење) на Свето Писмо (со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква бла бла бла).
Ова ревидирано издание е за нијанса подобро од стариот (комичен) превод, ама спореден со светски познатите добри преводи, овој (заедно со другите македонски преводи) е катастрофа.
Но, да не бидеме песимисти, моментално се обучуваат луѓе кои за неколку години ќе започнат нов превод на Библијата на македонски јазик.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 01:26
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Насловот вели "Најдобар Библиски превод", а не "Најдобар македонски Библиски превод" тајм%20аут


А кога сме кај македонските преводи, јас го имам новото ревидирано издание (2006 година macedon_alex плазење) на Свето Писмо (со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква бла бла бла).

Ова ревидирано издание е за нијанса подобро од стариот (комичен) превод, ама спореден со светски познатите добри преводи, овој (заедно со другите македонски преводи) е катастрофа.

Но, да не бидеме песимисти, моментално се обучуваат луѓе кои за неколку години ќе започнат нов превод на Библијата на македонски јазик.






Не сум многу запознаен со преводиве, па сакам да те прашам зошто стариот е комичен?? Толку е лош или? И многу ме интересира дали знаеш од кој јазик преведуваат, од хебрејски и коине грчки или од некој друг. Инаку сум видел и други Библии без благослов од Синодот( ама не би купил без благослов од Синодот бидејќи не знам дали е некоја изменета како што е Библијата на Јеховините Сведоци, а не сум толку стручен па може и да се прелажам ).


Поздрав



Изменето од macedon_alex - 26.Септември.2008 во 01:27
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 01:36
Да лош е, би можел цела страна да напишам со лапсузи во тој превод, ама тоа може да се сфати како религиозна навреда... заради "благословот" нели.
Овој превод е превод од старословенската Библија, чиј пак Стар Завет е превод од Септуагинтата, која пак е превод од еврејските списи. Значи овој превод е всушност превод од превод од превод. Нешто невидено и недопустливо кај сериозните преведувачи. Филолозите велат дека секој превод е чекор подалеку од оригиналот, значи овој превод е 3 чекора подалеку од оригиналот, а кога ќе се земе предвид и дека е преведувана од нестручни лица, множи со 2 и ќе добиеш 6 чекора подалеку од оригиналот среќа
 
Инаку новиот превод што се спрема сеуште не е започнат, бидејќи сеуште се школуваат идните преведувачи.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 02:36
"Инаку новиот превод што се спрема сеуште не е започнат, бидејќи сеуште се школуваат идните преведувачи".
 
EvAngelos!!!
 
Брате, (ха ха) ...  не знам од кај си ...  и не ме интересира како зборуваат кај тебе дома, само сакам да ти кажам дека современата македонска азбука (Блаже Коневски (иќ) - по пример Вук Караџиќ - не знам дали му го напишав точно презимето), ја “осакатил“ нашата писмена традиција, и тоа што денес 90% кај нас го зборуваат по дома - мислам на дијалектите; теоретски е невозможно да го напишиш со “новата“ азбука, и правила на јазикот, па затоа мислам дека не е добро да ги навредуваш “совршените“ преводи на нашите стари преведувачи.
 Проблемот е на друго место!!! Размисли...
 
А за информација евреискиот јазик нема среден род;
 - коине или кини тогашен дијалект - има 5 падежи;  - св. браќа ја искористиле Лукијановата рецензија;
имаш “милјарда“ средновековни редакции и преписи и т.н.
 - старословенскиот и новата редакција (црковнословенски) се со 7 падежи  (провери, дали и колку има македонскиот?!)
 
А нашите дали извршили превод од старословенски или од српски и бугарски - тоа тие најдобро го знаат.
 
Мене лично ми се допаѓа, затоа што е поблиску до “оргиналната смисла на оргиналот“ - поради дијалектните форми - и сметам дека тоа е едно “богатство во бегство“ голема%20насмевка
А тоа дека (у) (во) МАНУ немаме стручни лица - тоа е апсолутна реална (сегашно-несвршено) ВИСТИНА!големо%20гушкање
 
Се извинувам што не пишував на дијалект . . . .
 
НОВИОТ ПРЕВОД ЧЕКА НА ТЕБЕ - ТИ МОЖЕШ - НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР...изненадување


Изменето од Tetratka - 26.Септември.2008 во 12:41
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 03:09

Тетратка, не ги навредувам јас нашите "совршени" преводи (со големи наводници), само релано зборувам за нив.

Една последица од тоа што православните преведуваат од Септуагинтата е следнава:
Еврејскиот јазик изобилува со буквите "б" и "ш". Но, за жал, грчкиот јазик нема такви согласи во својата азбука, и истите ги транслитерира со "в" и "с". Па така, од Бетел имаме Ветил. (ова "ил" што го осакатува Божјото "ЕЛ" е посебна приказна), од Барнаба имаме Варнава, од Бетшеба, добиваме Вирсавеа среќа итн. Не велам дека ова е суштински важно, ама зошто, кога веќе и ние и евреите си ги имаме овие две букви заеднички, да идеме преку грчкиот посредник и да модифицираме 2 букви во транслитерацијата?
А друга работа е и тоа што ние имаме послична граматика со евреите, отколку со грците, така што и тука се трпи одалечувањето. Исто така и кога еден збор се преведува од превод на превод, тогаш тој губи многу повеќе отколку оној што е извршен само од преводот.
 
Еве ви еден пример. Во грчиот јазик има посебен збор за круна (диадема) и венец (стефанос). Но во англискиот превод за овие два збора постои само еден збор = crown.
Во откровението читаме за еден "сличен на Човечкиот Син" што носи crown на главата. И сега, доколку вие не преведувате од оригиналниот грчки, туку од посредникот - англискиот превод, тогаш вие ќе го преведете (како што направи Константинов) горниот збор со круна. И потоа, некој може да "толкува" дека Синот Човеков погоре е Исус, но всушност тоа не е Исус, затоа што Исус не носи, како што стои во тој стих, stefanos (венец) на главата, туку diadema (круна!) како што стои во другите стихови каде што се збори за Исус. Само Царот носи Круна, а венец може да добие и некој друг.
Ете ви пример за една маана кога се оди преку посреднички преводи.
Затоа правило (од кое отстапува МПЦ) на Европското и Светското Библиско здружение е да се преведува Светото Писмо дирекно од оригиналните јазици на кои е препишувана Библијата, а не од грчки или латински како што прават православните и католиците.


Изменето од EvAngelos - 26.Септември.2008 во 04:02
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 12:41
Поздрав !
 
“ние имаме послична граматика со евреите, отколку со грците“
 
Во ред ама ...
 
Со грчкиот имаме околу 20 исти букви иако буквите не се граматика намигнување
 
“Затоа правило (од кое отстапува МПЦ) на Европското и Светското Библиско здружение е да се преведува Светото Писмо дирекно од оригиналните јазици на кои е препишувана Библијата, а не од грчки или латински како што прават православните и католиците“.
 
Потполно сум согласен, и мислам дека 1993 (ако не се лажам) беше последното 27 издание од Светското Биб. Здружение (задруга - мајтап),
 
САМО - треба да разбереш дека Библијата во Православната Црква има друг контекст, и не е “битна“ формата т.е. преводот - нормално подобро би било да се преведува од старите јазици
 - затоа што и во самата Библија има доста грешки кога апостолите т.е. евангелистите цитираат старозаветни делови поврзани со Христос (п.с. податокот моментално го немам до мене за да разјасниме за кој делови се работи; не е проблем за некој ден ако е потебно да ги посочам и тие места ) и други слични хронолошки грешки -
А важно е самото предание  -  егзегетиката на целата христијанска доктрина, затоа што Откровението не можеме да го ОГРАНИЧИМЕ во ЕДНА КНИГА - БИБЛИЈА - Затоа што Словото живее повеќе од 2000 гонини од Неговото овоплотување тука со нас на земјата, бидејќи се јави и стана како еден од нас, и ќе биде со нас до свршетокот на светот.
 
Затоа важна е Богооткровената Вистина и начинот преку кој ние, луѓето доаѓаме до вечен живот... а не БУКВАТА, ШРИФТОТ (фонт), пергаментот, папирусот ... и т.н. ...
 
А М.П.Ц. - поради “немање стручен“ кадар свесни сме дека отстапува од тоа правило и и не се “занимава“ сериозно со Библиската критика и Библистика, ама тоа и не е работа на една црква, а на учените во неа!!!
 
А Црквата сме сите ние - кои го исповедаме Христос како Спасител, онака како што не научија светите Апостоли, светото Предание, светите Отци на Црквата, Седумте Вселенски Собори ... и т.н. ...!!! 
 
Значи, пак е се тука, во списите, старите ракописи, преданието, животот на ЖИВАТА ЦРКВА, Библијата, Љубовта Божја . . .
 
ИСТРАЖУВАЈТЕ ...
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 18:05
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Да лош е, би можел цела страна да напишам со лапсузи во тој превод, ама тоа може да се сфати како религиозна навреда... заради "благословот" нели.
Овој превод е превод од старословенската Библија, чиј пак Стар Завет е превод од Септуагинтата, која пак е превод од еврејските списи. Значи овој превод е всушност превод од превод од превод. Нешто невидено и недопустливо кај сериозните преведувачи. Филолозите велат дека секој превод е чекор подалеку од оригиналот, значи овој превод е 3 чекора подалеку од оригиналот, а кога ќе се земе предвид и дека е преведувана од нестручни лица, множи со 2 и ќе добиеш 6 чекора подалеку од оригиналот среќа

 

Инаку новиот превод што се спрема сеуште не е започнат, бидејќи сеуште се школуваат идните преведувачи.


Не, брее, што зборувате...
Нашите преводи не чинат, ама динамичниот превод на д-р Иван Грозданов е најјак...
Јас гласам за тој
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
majmunce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Септември.2008
Локација: Somalia
Статус: Офлајн
Поени: 154
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majmunce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 18:54
Евангелос, дај кажи повеќе од тие грешки во Библијата од МПЦ, те молам, баш е интересно.
а според ова горе може да се заклучи дека муслиманите всушност добро прават што забрануваат превод на к*ранот.
и да прашам, на Богословски факултет колку што знам се изучува староеврејски. од таму излегле многу теолози. зошто нокој не направил превод на Библијата од еврејски текстови?
не се плашам, стори се чучулига
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 20:56
всушност добро прават што забрануваат превод на к*ранот
 
Да па затоа тука има можност за манипулација
 
А и за мене е нелогично да има СВЕШТЕН ЈАЗИК
 
Затоа што сонцето како што знаеме грее подеднакво за сите народи,.. земјата со се во неа, за сите е иста ...
  и  многу други слични работи ...
 
занчи целта не е да наведиме примери... а работата да се разбере правилно
 
п.с.
Прочитај коментари горе!големо%20гушкање
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 21:24
Најдобар превод на библијата е септоагинтата или преводот на седумдесетмината кој е одобрен и од евреискиот синедрион како оригинален текс е најприфатен масорецкиот а за македонски превод се со е со благослов на светот синод е ок тоа се само нијански новиот ревидиран превод ги исфрлил старите архаични зборови заменети со интернационални со за мене е непотребно тоа биле македонски зборови и нема потреба при наши зборови да употребуваме други
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 21:34
Originally posted by majmunce majmunce напиша:

Евангелос, дај кажи повеќе од тие грешки во Библијата од МПЦ, те молам, баш е интересно.
а според ова горе може да се заклучи дека муслиманите всушност добро прават што забрануваат превод на к*ранот.
и да прашам, на Богословски факултет колку што знам се изучува староеврејски. од таму излегле многу теолози. зошто нокој не направил превод на Библијата од еврејски текстови?


па библија во оригинал на староеврејски нема не е сочувана има само мали фрагненти од книгата на Исајја и други некој делови сите го користат прводот на седумдесетмината (септуагината 282 — 246 пред христа ) и масоретската ( евреиски книжевници кои во периотот на 6 до 10 век по Христа се занимаваат со писмено унифициранје на старозаветнот текст) рецензија


Изменето од чаир - 30.Септември.2008 во 22:05
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.