|
Научни вести |
Внеси реплика | страница <12345 14> |
Автор | |
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Револуционерно откиртие: Траги од темната материја?
Научниците од Универзитетот Флорида во САД, објавија дека постои можност да ги откриле првите темни траги на црната материја, односно мистериозна супстанција што го сочинува три четвртини од вселенскиот простор. Потенцијалните трагови на темната материја се откриени на длабочина
од 610 метри со помош на осетливи детектори во рудникот за железо во
Минесота. Научниците изјавуваат дека шансите се три наспроти четири
дека станува збор за автентична честичка од темната материја. Последните девет години, истражувачите се обидуваат да најдат траги
од овие честички на дното на рудниците за железо. Во експериментот биле
користени 30 детектори, специјално дизајнирани за откривање на траги од
WIMP. Експериментот е работен под земјата затоа што овие честички имаат
способност да поминуваат низ дебели слоеви и камења. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Откриена тајната за смртта на Тутанкамон
Фараонот Тутанкамон, кој умрел пред 3.000 години, најверојатно починал од маларија во комбинација со наследната болест на коските - некроза. Ова сознание е резултат на деталните ДНК и радиолошки истражувања спроведени врз неговата мумија, две мумии пронајдени во гробницата на фараонот, како и врз сите познати мумии од 18-та династија, на кој Тутанкамон и припаѓал. Научниците со истражувањето успеаја да ги утврдат патолошки значајните и наследни заразни болести во семејството. Дијагнозата за смртта на фараонот е поставена благодарение на генетските испитувања кои ги откриле низата малформации во семејството на Тутанкамон, како што се Кохлеровата болест, која посебно го погодила младиот фараон. Станува збор за ретка болест на коските на стапалата кај децата, поради кои овој дел од телото го губи снабдувањето со крв. Анализата, исто така, покажала трага од паразитот Пласмодиум фалципарум, предизвикувач на маларијата кај Тутанкамон и уште четири испитани мумии, пренесуваат француските медиуми, не наведувајќи од каде го добиле извештајот пред неговото објавување. Резултатите на истражувањето, во среда, во Каиро, официјално ќе ги соопшти д-р Захи Хавас, главен секретар на египетскиот врховен совет за старини. Истовремено, резултатите ќе ги објави и американската медицинска асоцијација. Научниците со истражувањето успеаја да ги утврдат и семејните врски, односно досега не сосема познатото потекло на фараонот. Така, утврдено е дека таткото на Тутанкамон, кој умрел на возраст од 19 години по кратко владеење, бил фараонот Аменхотеп- познат и како Ехнатон. Но, анализите покажаа дека е исклучено негова мајка да е легендарната кралица Нефертити. Мајка на фараонот е мумијата КВ35ЅЛ чие име останува непознато. |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Научници ги прекршија законите на природата
Американските
научници успеаја да постигнат температура од четири трилиони Целзиуса,
што е рекорд за лабораториски услови. Оваа температура е доволна да ја претвори материјата во смеса каква
што постоела во микросекундите по големата прашина и настанокот на
светот. |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој бил тогаш во тие микросекунди на почетокот па да ни каже каква била и дали воопшто постоела таа прашина тогаш? Многу се романтични ова научнициве, ама сепак треба малку да се призејмат. |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нов хемиски елемент копернициум
Научниците го избраа името копернициум за новиот хемиски елемент во чест на полскиот астроном Никола Коперник. Симболот на новиот, 112-ти хемиски елемент ќе биде „Cn“, наместо првично предложениот „Cr“, кој има и други научни значења, со цел да се избегне конфузија. Елементот е откриен пред 14 години, а неодамна е ставен во
периодичниот систем на елементите. Унијата официјално го објави прифаќањето на новото име на овој
елемент на 19 февруари на денот на раѓањето на Никола Коперник, творецот
на модерниот хелиоцентричен систем, кој е роден во 1473 година во Торун
во Полска. |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zemjotresot vo Chile ja pomestil zemjinata oska na rotacija i go napravil denot pokratok
statijata e na angliski pa morav samo linkce da stavam |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Баш ме интересира на кој начин ги измерија тие 1,26 мили секунди?
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Земјотресот во Чиле е намалило должината на земниот ден со 1,26 микросекунди, објави Лента.ру, повикувајки се на информации на Лабораторијата за реактивни мотори, чиј помошник Ричард Грос извршил пресметки.
Грос е категоричан дека чилеанскиот земјотрес довел до редистрибуција на земната маса и изместило со околу 8 сантиметри оста, кон која е балансирана Земјата. Оваа ос се разликува од оста на ротација на планетата. На северниот пол, пример, точката на преминување на осите на површината на Земјата се на растојание од околу 10 метри една од друга. Покрај тоа Грос е споредил земјотресот во Чиле со тоа, во Суматра во 2004 година. Иако подземните трусове пред 6 години се посилни, поместување на оста тогаш е 7 сантиметри. Причините се кријат во фактот дека Епицентарот на чилеански земјотрес се наоѓа во средните Широчина (а во случајот на Суматра - во екваторијалниот), а исто така во тоа што разломот во областа на Чиле влезе во земјината кора под голем огол. |
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Откриена првата планета надвор од нашата галаксијаАстрономите веруваат дека ја откриле првата планета која се наоѓа во друга галаксија. Планетата се наоѓа во Messier 31, огромна галаксија во близина на Млечниот Пат, во соѕвездието Андромеда. Планетата е оддалечена од земјата околу 2,5 милиони светлосни години. Новото небесно тело е откриено благодарение на феноменот наречен „микроленсинг“, кога гравитационото поле на некој објект близу нашата планета се однесува како лупа. На астрономите им беа потребни пет години да сфатат дека веројатно забележале планета која не припаѓа на нашата галаксија. Тие уште во 2004 година го набљудувале необичниот феномен „микроленсинг“, додека ја проучувале галаксијата Андромеда, која со голо око може да се види како замаглена дамка. Меѓународниот научен тим тогаш мислеше дека користејќи го телескопот на Канарските острови, забележал неколку ѕвезди кои кружат една околу друга. Но, компјутерските симулации и другите експерименти и пресметки ги убедија научниците дека всушност забележале ѕвезда и планета, која е шест пати поголема од Јупитер, како кружи околу неа. Повеќе од 300 таканаречени „егзопланети“, кои кружат околу ѕвезда се откриени во нашата галаксија, но досега не е потврдено откривање на планета во друга галаксија. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се работи за 1.26 микросекунди. 1 микросекунда е еден милионити дел од секундата. Точноста на најпрецизните часовници (штоперици) на планетава е од редот на 10^(-34) или со зборови: десет на степен минус триесет и четврта, или во децимали: 0.0000000000000000000000000000000001 секунди. Станува збор за атомски часовници кои работат на одреден период од зрачењето на атомот Цезиум. Многумина се прашуваат како е можно еден земјотрес да го намали денот т.е. деноноќието. Затоа ќе објаснам на кратко. При земјотресот, дел од површината на Земјата пропаѓа т.е. се поместува кон центарот на Земјата. Како последица на тоа, се намалува инерцијалниот момент на Земјата, а пак од законот за запазување на ротациониот импул, следува и зголемување на ротационата брзина на Земјата. Со тоа се намалува и Земјината ротација (времето за кое таа се завртува околу својата оска). Нормално ова намалување е од редот на микросекунди затоа што станува збор за релативно многу мала количина на маса што се поместува релативно малку кон центарот на планетата. Доколку бев малку сложен погоре, еве ви поедноставно. Завртете се на едно канцелариско столче со раширени раце. Во моментот на вртењето соберете ги рацете кон вас и ќе приметите како брзината на вашето вртење ќе се зголеми, а времето за кое вртите еден цел круг ќе се намали. Оваа разлика ќе биде повоочлива доколку држите некои тешки предмети во раката. Ете што се случило со Земјата |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
bravo be evan,..mozeshe da kazesh i kako onie ,....vo umetnichko lizganje ,...koga gi sobiraat racete otkako gi rashiruvaat , i pochnuvaat da se vrtat se pobrzo !
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми текна и мене прво на тоа, ама ретко кој може да прави такви пируети, па затоа мислев дека овој експеримент е поедноставен
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ок е бе Евангелос,знам јас како оди тоа намалување,туку види ги овие сега
На оската не и чуе
Тврдењата на НАСА дека земјотресот во Чиле бил толку силен што успеал да ја помести Земјината оска и да го скрати денот, се комплетно апсурдни и без никаква научна основа, се огласија германските научници. Неколку дена по потресот со јачина од 8,8 степени, геофизичарите од американската вселенска агенција објавија дека како резултат на катастрофата сега денот е пократок за 1,26 микросекунди а оската на Земјата е поместена за цели 8 сантиметри. Спротивно на ова тврдење, професор Рајнер Кинд од Германскиот истражувачки центар за геонауки објаснува дека промените на оската предизвикани од земјотрес би биле толку мали, што не би можеле ни да се измерат. Затоа е невозможно тие воопшто да се откријат. “Кога ја прочитав веста се фатив за глава. Со тоа тврдење НАСА може само да ги полни насловните страни. Бројката од 8 сантиметри е апсолутно непроверлива”, со иста доза на сомнеж е и проф. Карл-Хајнс Гласмаер од Германската геофизичка асоцијација. Ова го потврдува и доктор Моџиб Латиф од институтот Лајбниц, кој вели дека влијанието на еден земјотрес врз накосеноста на Земјата во секој случај би било многу слабо. “Небесните тела околу нас се најмногу одговорни за накосеноста на планетава. Гравитацијата на големите планети ја одредува стрмнината на Земјината оска. Тоа не може да го промени земјотрес, дури и кога е толку силен како оној во Чиле”, изјавил за Билд, др. Латиф. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
....istoto i jas go mislam ,...i go potvrdiv duri,...samiot!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Внеси реплика | страница <12345 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |