|
Никола Карев |
Внеси реплика | страница <12345 10> |
Автор | |
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ти го читаш интервјуто и толкувањето? За грците ако си македонец тогаш си грк, а ако не си грк тогаш си бугаризиран. За нив трето нема. Егзархија = бугари Патријаршија = грци Во целата оваа приказна има и трета група на луѓе кои не им припаѓаат на погоре споменатата грчка црно-бела техника. Тоа се македонците кои не се бугари и македонците кои не се грци и кои се бореле против едната и против другата пропаганда. Значи против егзархијата и против патријаршијата. Мојата терминолгија од типот бугаризирани македонци суштински се разликува од арсеналот на грчката пропаганда. Зошто?! Иако зборовите се пишуваат исто и звучат идентично разликата е во следново: Прво треба да расчистиш дека македонците не се бугари, не се ни срби, а не се ни грци. Македонците уште помалку се некаква аморфна, национално неодредена маса кој си го припишува географскиот термин како национално име. Ова со географскиот термин според мене и не е некоја пречка од причина што многу нации во светот го добиле своето име според името на територијата на која одредена група на луѓе се населила. Изменето од Македон - 29.Септември.2009 во 21:44 |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОвторно - претпоставки само - кој него го крстил како Бугарофон кога тој се изјаснил за МАКЕДОНЕЦ |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каде се изјаснил? Во истиот текст на Гркот, каде пак му признал дека е Булгарофрон.
Значи едното кажано од Гркот го читаш и му се радуваш, а другото го игнорираш. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каде пишува Бугарофон - јасно е напишано МАКЕДОНЕЦ - ти перде на очи да не имаш
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема да настојувам да видиш нешто кое не сакаш. За последно види што ќе ти каже Вамбаковска „КАКО ЈА КОМЕНТИРАТЕ СОДРЖИНАТА НА ИНТЕРВЈУТО. ШТО ЗНАЧИ ТЕРМИНОТ БУГАРОФРОН? ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО СОДРЖИНАТА НА ИНТЕРВЈУТО ОСТАВАМ ДА СУДИ НАУКАТА И ЧИТАТЕЛИТЕ. МОЕ МИСЛЕЊЕ Е ДЕКА ТОА СОДРЖИ КОНТРАДИКТОРНОСТИ И НЕЛОГИЧНОСТИ. ИНТЕРВЈУТО ВСУШНОСТ И ЗАПОЧНУВА СО ЕДНА НЕЛОГИЧНОСТ. КАРЕВ ИЗЈАВУВА ДЕКА Е **БУГАРИН ПО УБЕДУВАЊЕ**, А НА ПРВОТО ПРАШАЊЕ НА НОВИНАРОТ: „ДАЛИ Е МАКЕДОНЕЦ”, ОДГОВАРА СО „ДА”! Самиот новинар ГО ПРОГЛАСУВА КАРЕВ ЗА МАКЕДОНЕЦ, НО БУГАРИЗИРАН, а го започнува интервјуто со прашањето што е (по националност)? Се гледа дека за него поважно било етничкото потекло - дали бил Македонец, што за Грците било синоним за Грк. Инаку, тоа „по убедување“ за нив не било важно - убедувањето се стекнувало и било менливо. БУГАРОФРОН, ВО БУКВАЛЕН ПРЕВОД БИ ЗНАЧЕЛО - ЧОВЕК ШТО МИСЛИ НА БУГАРСКИ НАЧИН, КОЈШТО МИСЛИ КАКО ШТО МИСЛАТ СИТЕ БУГАРИ. Денес Грците имаат сличен термин - етникрофрон кој има слично значење, имено - човек што мисли на својата нација, односно Грк кој мисли на Грција. Денес Македонците во Егејска Македонија своите сонародници кои се погрчиле ги нарекуваат - етникофрони. “ |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи бугарофон имаат Грците...кој не верува нека седне да види што напишал Каравангелис. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас Бугарофон во интервјуто на Карев никаде не гледам,тоа што некој класифицира и алудира на такво нешто е прво смешно па после и недостојно эа било какво внимание
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема булгарофон, во право си. Има булгарофрон. И не е коректно да се нарекува интервју, тоа е еден расказ за средба со Карев. Разказот не започнува со прашањето „што си ти“. Треба да го објасните тоа - МИ ПРИЗНА ДЕКА Е БУЛГАРОФРОН И ЧЛЕН НА КОМИТЕТОТ. (пример за Македон, дека не само Врховниот комитет е Комитет) |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да не читаме погрешни интервјуа - јас никаде не прочитав дека Карев тврди дека е Бугарин или Бугарофон,баш напротив јасно кажува дека никој од комитите нема никаква врска со Бугарија и Бугарите
|
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новинарот, чиј идентитет на крајот е означен со иницијали, ни ја открива личноста со која се сретнал, со следниот краток осврт: Во Битола ја имав среќата и честа да
се запознаам СО ЕДЕН БУГАРИЗИРАН МАКЕДОНЕЦ - учител, член на Комитетот кој се вика Карев. Со овој човек случајно се запознав во хот. „Монастирион“, односно „Отел Монастир“, како што го викаат во Битола. Карев се држеше многу резервирано кон мене се до оној момент кога „Гркот од Крушево, по име Папагудас“ не ми го претстави. ПОТОА СЕ ОСЛОБОДИ И ОТКАКО ПОГЛЕДА ЛЕВО-ДЕСНО МИ ПРИЗНА ДЕКА БИЛ „БУГАРОФРОН” И ЧЛЕН НА КОМИТЕТОТ. Дали елементите што ги дава грчкиот новинар биле доволни за да се тврди со сигурност дека станува збор за Никола Карев? Уште на почетокот пред мене се поставија повеќе прашања и дилеми: прво, се споменува презимето, но не и името, а Кареви имало повеќе и сите биле во Движението. Но, меѓу нив само еден бил учител и раководител од повисок ранг, тоа бил Никола. Значи, нема сомневање дека тој е Никола Карев. Овоj Карев не може да е познатиот Карев, а некоj друг. (ако изопшто интервуто е истинско). Замислете се - во весник "Акрополис" интервуто е отпечатано но 8 маj, кое значи што е дадено неколко дена порано. (за да може журналистот да изпрати суровиот материал до весникот се изисква технологично време). А сега помислете каде е бил Никола Карев по тоа време. Сигурно знаете за Смилевскиот конгрес: Најзабележителни и најзначајни решенија за востанието донесол Битолскиот револуционерен округ на својот конгрес што се одржал од 2 до 7 мај 1903 година во с. Смилево. Се ловим на бас што Никола Карев е бил до последниет ден на конгресот и после одлуките е тргнал веднага кон Крушево. А некаков си журналист казва што се е срешнал пож тоа време со некоj си Карев во централниот хотел на Битола? Аjде замислете се... |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од Каснакоски - 30.Септември.2009 во 14:32 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пак само префрлања и барање на некое оправдание - Интервјуто е јасно и гласно
— ‚Македонец ли си?‛, го прашувам. — Да. — И следователно Грк? — ‚За ова не знам‛, ми одговори, ‚јас сум Македонец‛. — ‚Непосреден наследник на Александар Велики?‛, му велам иронично. — Да. — И Александар Македонски што беше, ве молам? — Не знам, но историјата вели дека бил Грк. — Тогаш и ти, како негов наследник, си Грк. — ‚Не‛, ми одговори. — ‚Тогаш‛, го прашувам пак, ‚зошто кога веќе сте Грк сакате да се ослободите преку Бугарија?‛. — Која Бугарија, мислиш на Комитетот? — Да. — Ти одговорам дека Комитетот не е бугарски и, второ, изгледа дека сме наклонети кон Бугаија затоа што само таа се покажува расположена да ни помогне. И Грција, ако го правеше истото, ќе ја прифатевме со целото наше срце. — Бугарската заштита ја гледате само површно, Бугарија не сака да ве ослободи од турското ропство, туку да ве потчини. — Хм! Ако Бугарија мисли да нè претвори во нејзина провинција, си направила лоша пресметка. Инаку, нас не нè интересира што мисли Бугарија, туку обрнуваме внимание само на следново: "Si ja postignuvame li celta"? Si ja dobivame li nasata sloboda? Не нè интересира дали ќе нè ослободи Грција или Бугарија. Единствено што може да добие секоја една од нив е само наша благодарност. — Добро, ако се ослободите, што сакате да бидете, автономна? — Да, како што е во Швајцарија, во која трие различни племиња живеат во крајна хармонија и љубов. — Да, но, знаете дека на таков начин вршите услуга на интересите на Панславистичката Етерија, чиј огранок е и Комитетот? — Каква услуга вршиме? — Како што се изјасни погоре Македонија е грчка земја, а ако секоја грчка земја бара да биде антономна тогаш доаѓа до ослабнување на Грција, а тоа го бара Панславистичката Етерија. — Зошто го бара? — За еден ден да нè пороби и нас и вас, и затоа сака да нè најде слаби за да го постигне тоа полесно. Карев за момент изгледаше замислен. Јас побрзав да го прекинам молчењето. — Зошто не сакате да се обедините со Грција? — Затоа што ако не земе Мореа (Грција) ќе стане една голема држава и следователно монархија. Во таков случај ќе произлезат многу зла — прво монархијата и тоа што произлегува од неа, а второ, Грција ќе не натера да војуваме со Бугарија, нешто што (ние) не го сакаме. — Вие што сакате? Ми ја покажа капата: — Сакаме република. — Демократија и пријателство со Бугарија? — Не само со Бугарија, туку со секој што ќе ни помогне да се ослободиме. — Со Бугарија сакате да се обединете? — Не, не! — И ова ви го проповеда Комитетот? — Да. — Тогаш овој Комитет кој толку многу се грижи за вашата независност зошто не бара заштита од Грција која има повеќе должности да ве ослободи, туку клоните кон варварите? — Да ви одговорам веднаш. Ние личиме на човек кој паднал во морето и се наоѓа во опасност, секој момент да се удави. Е, не ми велите, ве молам, овој човек за да се спапи ќе се фати ли за сè што ќе најде во тој момент пред себе, дури и за змија? Во таква положба сме ние, дури и Турчин да ни пружи рака за спас ќе ја грабниме со благодарност. — Но, грчките првенци, свештеници и учители зошто ги убивате кога немате ништо посебно против никој?
— Ова се изговори за гревовите, уништивте многу грчки патриоти затоа што не даваа пари за вашиот Комитет. — Овие работи ги измислувате вие Грците како и другите. — Кои други? — Ете, тие во Солун, поставивте вие луѓе да го направат тоа што го направија за да го оцрните Комитетот (станува збор за Солунските атентати, б.м.). Не можев да се воздржам и страшно се насмеав што предизвика љубопитност кај сопственикот Таску Квата, кој ми се приближи. — Што ти вели? Ме праша. — Тоа и тоа. — Хм! Ама како ќе се види дека е Бугарин дебелоглавец, ако не беше Бугарин не ќе кажуваше такви зборови, особено сега кога и ѕидовите имаат уши. — Да, да ова што ви го велам јас повтори Карев — едно дрво кое ја проби земјата и изникна, зошто да не го вадат сите за да порасне? — Да. — Да, но знаете со што го вади Бугарија. Со отров на омраза кон грцизмот. — Како и да е ова вадење (полевање), н# освежува и н# натера да ги завртиме гранките кон онаа страна кон која, признаваме дека ништо не н# поврзува и да бегаме од вас со кои немаме иста крв и иста историја; ова е на некој начин протест против грчкото интересирање (за нас). — Ова што го велиш е резултат на бугарското вадење, зашто Грција никогаш не престанала да ве поддржува и со писменоста и со оружје. И пак Карев не ми одговори. — ‚И сега, по последните настани што мислите да правите?‛, го прашав. (Се мисли на таканареченото Горноџумајско востание од есента 1902 б.м.) — Ништо друго освен да ја продолжиме борбата. — Да, но зар не знаете дека зад таа борба се крие борба подла и нечесна? — Тоа нас не нè интересира, доволно е да си ја постигнеме нашата цел. — Значи и со убиста? — Штом се вршат за доброто на еден народ. — Имате право какви учители имавте такви лекции научивте... Карев пак не ми одговори, само стана и полека тргна кон неговата соба, додека зад него сите гости на хотелот на разни начини ги коментираа неговите зборови. |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ме интересира зошто не е преведен останатиот дел од реченицата. Фали Елада ката тон Мастрогјани тин Булгариа ке та копелиа ту Сега гледам дали е преведено се` и констатирам дека не е. По тоа ќе ја проверуваме коректноста на преводот. Изменето од Каснакоски - 30.Септември.2009 во 15:11 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што не е допреведено - еве го интервуто - у Куманово викаат „На Р`ѓав к*р и влакната му сметаат“
|
|
Внеси реплика | страница <12345 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |