|
Не прави идол или слика на она што е горе |
Внеси реплика | страница <12345 23> |
Автор | ||
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
prosti
Изменето од belichka - 29.Ноември.2008 во 01:52 |
||
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Prosteno.
Изменето од Messenger - 29.Ноември.2008 во 03:21 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Меси, ти кажав дека ке ти кажам... и ке одговорам накратко кој е тој период, “период на заблуда и период на богословска неукост во црквата“!
Тоа го имал порано, од самиот почеток ... по време на средновековието, а го има и денес...
Додека има такви работи - тоа е така...
Велам го има и денес затоа што сите сме сведоци на тоа! Денес многу од нашите браќа “православни“ почитуваат еретички икони (дали од незнаење или незнам што - тоа е така) кој се пројава и манифестација на еден таков долг “мрачен“ период... То е жално. Таквите икони треба да се одстранат од Православните храмови...
Браќа “православни“ извинете ме, ама јас не можам да почитувам “монофизитство“ и “аријанство“ = ерес!!!
Таквите икони се неканонски и еретички и нивното место не е во храмовите... Тие икони се дирекно повлеијаени од римокатоличката ерес... Изменето од Tetratka - 29.Ноември.2008 во 11:48 |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ako si pravoslaven ne znachi deka moras da se molis na ikoni i da go pozdrzuaas za toa sto sekoj ima svoj izbor.{porano mislev ako sio pravoslaven moras da se molis na ikoni}no ne e tocno.
|
||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Точно! |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
VasilK
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 28.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 27 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Матеј 6: 5. И кога се молиш, не биди како лицемерите, што сакаат да стојат по синагогите и раскрсниците за да се молат и да се покажуваат пред луѓето. Вистина ви велам дека тие веќе си ја добиле својата награда. 6.Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Он Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. Моја општа заелешка:
Поздрав и ББ! ВасилК |
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако си толку силен во молитвите ТА ДУРИ И ПЛАНИНИ ПРЕМЕСТУВАШ, тогаш немаш потреба од икони... и светители...
СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ТИ НЕ СИ ТАКОВ...
И ние останатите грешници имаме потреба од заедница каков што е и смислата на Црквата основана од Христос.
Иконата е есхатолошкиот образ на Идното Царството Божјо...
Кај Бога сите се живи, таму нема мажење, женење; нема Јудеин, Елин, Павлов, Петров...
Таму сите се живи близу Престолот на Севишниот како личности кој живеат во синергија со Изворот.
Тие го слушаат нашиот глас!!!
Затоа што тие постојат, исто како што постоиме и ние!!!
Ние сме личностно, енергично (синергично) живо битие.
Ние сме “дијалошко творение“, значи ја имаме потребата од помош на ближниот и општење со него...
Ние сме створени да заедничариме со Творецот како целина а не како ЕГО или мотивирани од егоизмот и себељубието да говориме најразлични нешта ослободени (надвор) од нивната онтолошка смисла и основа!
Фактот (робот) на гордоста, себељубието и егоизмот нема потреба од заедница и општување со околината и ближните.
Како ке го љубиме Бог, кога не го љубиме Ближниот!!!
Како имаме потреба од Бог, а немаме “потреба“ (љубив) од (кон) ближниот!!!
Единствениот, татко на лагата, човекоубиецот (ѓаволот) е тој кој нема потреба од единство и хармонија со Творецот!
Нашиот егоизам е тој кој не заробува во местото на пропаста!!!
Суетата на овој свет и нашите затворени срца, закоравени за Христос се пречката и основната причина да не стигнеме до познавање на вистината!!!
Нашиот егоизам ни забранува (ни пречи) да ја видиме реалниста, онтолошката реалност на времето, да видиме какви сме ние,! за што сме створени по образ Божји,? Зарем за да робуваме на егоизмот!
Егоизмот, раѓа фанатизам!!!
Егоизмот доведува до пеколот!!!
Егоизмот не прави да не го љубиме ближниот!!! Како тогаш ќе го љубиме Бог, кога никој никогаш не го видел (според зборовите на св ев. Јован во првата глава на богооткровената блага радостна вест)!!!
Зарем ние не сме лицемери!!!???
Кога робуваме на суетата, егоизмот, лицемерието, тогаш живееме или поточно ја живееме нашата погибел!!!
Тогаш ние немаме потреба од тоа што е тука “тварното“, ближниот, ја немаме љубовта кон оние што не мразат, како тогаш ќе ги љубиме нашите непријатели...
Од таму логично е (како робови на егоизмот) ние да немаме потреба до Небесните блага, Рајскиот свет, Божјата убавина, логично е да немаме потреба од Небесните жители, пророците, праведниците, апостолите, мачениците, исповедниците, Божјите угодници...
Логично е тогаш кога живееме во нашиот егоизам да немаме потреба и од самио Христос, затоа што ние живееме во нашето его!!!
Христос спасува и милува, егото води кон погибел и убива!!!
Христос Воскресна, смрт каде ти е осилото!!!???
|
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Tetraka bravo
|
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Samo da razjasnam nes okolu toa planinite jas ne znam kako ja svkjas taa simbolicka recenica na site nie jasno deka nema potreba od bukvalno premestuvaje na planini ISUS tamu saka da kaze vaka: Planinata simbolizira problem i saka da kaze deka planinata{problemot}so vera moze da go citneme vo moreto i povekje da go nema. |
||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако за тебе тоа е толкувањето, јас нема проблем...
Може уште еднаш да прочиташ погоре...
Мене тоа не ми пречи
|
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
@ Tetratka & Pemtakostalec
A ne mozhesh da go Ljubish Boga i blizhniot ako prvin ne se Ljubish sebe si kako Bozhja kreacija! I toa nema vrska so Egoto! P.S. Lugje, begate od temata, no ne gi brisham vash*te komentari bidejki se navistina sodrzhatelni i dobri, no ako sakate da prodolzhime vo ovaa nasoka, togash ili otvorete nova tema ili prodolzhete na temata za Ljubov. OK? Изменето од Messenger - 30.Ноември.2008 во 00:14 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Kaj BOG site se zivi koj u pekol koj u raj a toa deka site slusaat toes svetcite si mnogu greska za toa sto ceovek od koga kje pocine ne moze da slusa bez razlika da li bil petar,pavle, ili nekoj stoti samo BOG,SINOT I SVETIOT DUH BOG,moze da gi slusne molitvi. |
||
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pentakostalec, брате кој го исповеда Христа, факт е дека ти имаш различен пристап и разбирање на нештата - тоа е последица на фундаменталната јуриздикциска основа на пентакосталната црква (и воопшто протестантизмот) т.е. твоите теории за учењето на Христа Спасителот.
Факт е и дека сигурно имаш проблем со “вишата философска“ терминологија. Мене тоа не ми пречи, од таму доаѓаат и многу недоразбирања...
Сепак дијалогот во име на љубовта е пред се!!!
И како што кажа брат Меси да се вратиме на темата за неканонските икони.
Првиот факт психолошки и факт за вистината и спасението е верата.
Основите на Богословската наука, како и било која наука “не можат“ на човекот да му ја дадат верата! Верата е дар Божји! Но тоа ја укрепува верата и помага на човекот да ги надмине предрасудите (пречките) кои проникнале во сознанието на религијата и науката.
Како што напишал св. ев. Јован Богослов: Бог никој никогаш не го видел, единородниот Негов Син кој е во недрата на Отца, Он го откри (објави)... - п.с. извинете ме, пишувам по памет затоа го парафразирам цитатот... треба да е во првата глава на Евангелието по Јован.
Тоа е првиот факт зошто Словото (Христос) кој стана човек може да се изобрази како Образ (икона) на Идното Царство, која во себе ја содржи онаа нетварна светлина есхатолошка основа за вечниот живот... а Бог отец не може!!! Тоа како реалност на Црквата (ако се изразам етимолошки - “прва црква“, Црквата е Една Света Соборна и Апостолска - единствена основана од Христос Спасителот Кој е Глава на Црквата и светите Апостоли и нема прва, втора и т.н. значи Црквата е една!!!) тоа денес малкумина го разбираат. Од таму доаѓаат и разликите во реалниот живот на христијаните.
Индивидуализмот довел до такви заблуди! п.с. Мес ова е во врска со темата и тоа погоре и е една од основните причини за појавата на таквите икони.
И кога разговараме за егоизмот и индивидулизмот или како што би се изразил психологот Вилхем Вунд - интроспекција, значи говориме за единка а не за колектив. Црквата е соборна, а не индивидуална.
Таквите образи се осудени од Црквата, како противоканонски и се забранети. Единствена представа за св. Троица е иконата на св. Андреј Рубљов, каде на идентичен начин се изобразени Три идентични Ангели самата икона е богословски поткрепена.
|
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова е исто така поврзано со проблемот на темата и тука се содржи одговорот на поголем дел од проблемите
И во Едниот Господ Исус Христос, Син Божји, Еднороден, Кој од Отецот е роден пред сите векови; Светлина од Светлина, Бог вистински од Бог вистински, роден, не створен, едносуштен на Отецот, Преку Кого сè настана.
Во Символот има очигледна непропорционалност: на единствениот член, што се однесува на Првото Лице на Пресвета Троица, доаѓаат шест (членови) кои се однесуваат на Второто Лице. Тоа лесно се објаснува: вероисповеданието на едниот семоќен Бог, Творец на вселената, било заедничко – како за јудаизмот, така и за христијанството, но поинаку стојат нештата кога станува збор за личноста и делото на нашиот Господ Исус Христос. Врската меѓу Бог Отецот со Синот, пред сè, го поставува прашањето за монотеизмот (еднобоштвото): Новиот Завет јавно го потврдува Божеството на Христос (Јн. 1, 1), но никако не го одрекува строгиот монотеизам. Отецот и Синот се едно/единствени – тоа го провозвестува Самиот Господ (Христос) (Јн. 17, 22), но различните пристапи кон оваа вистина предизвикале жестоки расправи. Биле предложени две лажни решенија на прашањето. Едното им припаѓа на т.н. модалисти, кои порекнувале секаква разлика меѓу Отецот и Синот. Второто е од – аријаните (еретици, следбеници на Ариј), кои на Синот Му ја порекнувале полнотата на Божеството. Од друга страна, совршената реалност на човечката природа во нашиот Господ Исус Христос го покренува прашањето за соодносот меѓу човечкото и Божественото во Неговото Суштество. Споровите по овој повод добиле широк замав во периодот што следел по редакцијата на нашиот Символ на верата, и било потребно Црквата со нови определби да го уточни – особено на Соборите во Ефес (431) и во Халкидон (451) – она што веќе се подразбирало во Никео-Цариградскиот Символ. Овде треба да се истакне, дека членовите од Символот на верата, кои се однесуваат на Личноста на нашиот Господ Исус Христос и Неговото дело, а исто така, и определбите на наредните Вселенски Собори, никако не може да се разгледуваат како неосновани размислувања, кои, така да се рече, ја заматиле чистотата на евангелското благовестие, бидејќи Црквата во тие догмати ја заштитува самата основа на новозаветното откровение – (основата на) благовестието за спасението што му е дадено на човештвото во Исуса Христа. Сепак, ако Христос не е Бог и Човек во сета реалност и полнота, бездната меѓу Божественото и човечкото не е надмината. Ние уште ќе се навратиме на ова прашање, кога ќе стигнеме до членот на Символот кој се однесува на Воплотувањето и Откупувањето. Од шесте членови на Символот на верата, кои се однесуваат на второто Лице на Пресвета Троица, првиот говори за онтолошката, а тоа значи и предвечната врска на Синот со Отецот; другите пет членови го објаснуваат Христовото дело за спасението на светот. Црквата во вториот член од својот Символ на верата Го исповеда, пред сè, едниот Син Божји. Со тоа се отфрла еретичкото учење за посинувањето, според кое Исус бил само човек посинет од Бога. Но, само Исус Христос според својата природа е – Син Божји. Синовството на христијаните кои преку Крштението стануваат во Христа чеда на Бога, никако не ја укинува суштинската разлика меѓу нествореното и створеното битие. Ние стануваме синови на Бога според благодатта. Христос пак, е Син на Бога според природата. И само затоа што Христос е Син Божји според природата, ние можеме да бидеме синови Божји според благодатта. Исповедајќи го Синот „од Отецот роден пред сите векови”, ние не велиме, дека тоа раѓање просто му претходи на создавањето, туку тврдиме,дека тоа е надвор од времето, бидејќи поимот „време” е сврзан со поимот „створеност.” Затоа читаме во Евангелието: „пред да биде Авраам, Јас сум” (Јн. 8, 58), а не се вели „Јас бев”, што би укажувало само на претходење во времето. Да забележиме, дека тоа тврдење за „раѓањето пред сите векови” било насочено против еретичките зборови на аријаните за Синот: „имало време, кога Тој (Синот Божји) не постоел”. Синот е „Светлина од Светлина, Бог вистински од Бог вистински” (1 Јн, 5. 20), бидејќи, покрај личното начело (то ест оние лични својства, по кои ги разликуваме Лицата на Пресвета Троица едно од друго), трите Божествени Лица се совршено истоветни, за што пишува св. Григориј од Ниса: „Иако ја исповедаме неизменливата природа на Бога, ние не ги порекнуваме разликите меѓу Причинителот и Причинетиот, и само во тоа доловуваме, дека Едниот е различен од другиот” (Quod non sint tres dei. Migne. PG, t.45, col.133). За да ја изрази таа совршена сличност на Отецот и Синот, апостолот Павле ни кажува, дека Христос е „образ/икона на Бога” (2 Кор. 4, 4). Во Посланието до Евреите односот на Синот кон Отецот е изразен во вакви зборови: “Сјаење на Неговата слава и печат на Неговата суштина” (Евр. 1, 3). Еден од отците од III век, св. Григориј Чудотворец епископ Неокесариски, прекрасно и збиено го изложил тоа богословие на образот во своето исповедање на верата: „Еден е Бог Отец на живото Слово, на ипостасната Премудрост и Сила и Образ на Оној што вечно-постои; Совршен е Родителот на Совршениот, Отец на Синот еднороден, еден е Господ, Еден од Едниот, Бог од Бога, Образ и Изобразување на Божеството, дејствено Слово, Мудрост што го опфаќа составот на сè, и Творечка Сила на сето создание, вистинит Син на вистинитиот Отец, Невидлив на Невидливиот, Непропадлив на Непропадливиот, Бесмртен на Бесмртниот, Вечнопостоечки на Вечнопостоечкиот” (PG, t.46, col.912). Уточнувајќи го прогласеното во првите зборови на вториот член на Символот, Црквата секогаш исповеда наспроти (еретикот) Ариј и неговите следбеници, дека: Синот е „роден, не створен”, бидејќи предвечното раѓање на Синот од Отецот, како и исходењето на Светиот Дух, е акт на Божествениот внатретроичен живот кој нема ништо заедничко со созданието. Не може да се направи дури ни аналогија меѓу раѓањето на Синот од Отецот и творењето (на светот) кое е акт на Пресвета Троици ad extra (кон надвор), бидејќи, како што прекрасно говори св. Григориј Неокесариски: „нема во Троица нешто створено или служителско; нема ништо внесено, што порано/некогаш не би постоело, а отпосле би настанало” (исто). За да расчистат засекогаш со секоја двосмисленост, отците на Вселенскиот Никејски Собор прогласиле, дека Синот е „едносуштен на Отецот.” Тоа било логичен заклучок од претходните тврдења: совечноста (заедничкото вечно постоење) и рамнобожественоста на Божествените Лица, нивното совршено суштинско единство. Силата на терминот се состоела во тоа дека тој ја исклучувал секоја неопределеност. Еретиците пак, аријани многу ползувале, или изрази од Св. Писмо, толкувајќи ги во интерес на своите теории, или пак, (употребувале) нејасни формулации, кои би можеле да се разберат со повеќе значења. Затоа, по неопходните разјаснувања, сите православни учители на Црквата, на крајот се сложиле токму за овој термин („едносуштен”). Едносуштноста на Божествените Лица – е еден од основните догмати на христијанското учење. Вториот член на Символот на верата завршува со тврдењето дека сè било создадено преку Синот. Тоа е одглас на учењето што јасно е изразено во Новиот Завет (Јн. 1, 3; Кол. 1, 16). Сè што е создадено е творба на трите Божествени Лица. Сепак, секое од тие лица е причина на битието на особен начин што му е својствен токму Нему (на Неговиот начин/образ). Ако Отецот е – првичната Причина, а Духот – усовршителна Причина, тогаш Словото може да се нарече – дејствувачка Причина. Символот не говори нашироко за тоа, туку само го потврдува вeрувањето што се установило во Преданието со прости зборови: „сè преку Него настана.” Таа краткост е лесно разбирлива: од една страна, тој догмат, откриен во Евангелието не бил оспорен меѓу христијаните, а од друга страна, Символот е исповедање на верата, и во него не требало да се воведуваат чисто умствени теории кои, колку и да биле правилни, не можеле да претендираат да станат правило на верата. В.Н. Лосский, еп. Петр (Л’юилье): Толкование на Символ веры
|
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Внеси реплика | страница <12345 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |