|
Инклузија на деца со ПОП во редовните учи |
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Автор | |||
Petkovsky
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 239 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Pa zatoa gi boldirav tie zborovi. A toa povrzuvanje medju decata mozebi izlgleda ednostavno i lesno na hartija. Site znaeme kakva e realnosta i kolku e surov svetot vo koj ziveeme. Pak ke povtoram, ne sme podgotveni za takvo nesto. |
|||
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Зборот инклузија не означува само интегрирање, поврзување реков дека тоа е еден процес кој го опфаќа целокупното дејствување на единката во околината и обратно.Целта на овој подфорум не е да дискутираме за зборот инклузија, туку за неговата цел. А зошто децата со ПОП да се вклучат во истите услови кои ги имаат и децата без ПОП? Јас во врска со ова прашање немам никакви дилеми, бидејќи и тие се дел од ова општество, и тие живеат во нашата околина, купуваат во нашата продавница, сакаат да си играат во тревникот пред зграда, а не да бараат простор каде што има друго дете со ПОП за да играат.Тоа што имало и ќе има лица со ПОП не можеме да го смениме, ни останува само да ги прифатиме и доколку им треба помош да им помогнеме, а не да одмогнеме. А во однос на училиштата и градинките, верувајте дека на децата доколку нештата им се претстават онака како што треба можат да прифатат дека сите не се исти и дека треба меѓусебно да се почитуваме без разлика на недостатоците. |
|||
Petkovsky
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 239 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
...whatever makes you sleep at night... |
|||
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ти ако сакаш можеш и на англиски по цел ден да зборуваш,ама во америка или англија тука,не,овде е МАКЕДОНИЈА и говориме МАКЕДОНСКИ. А ако си барем малку интелегентна ќе започниш нормален разговор со мене без да ме напаѓаш.Јас го кажав моето мислење,ти можиш да објасниш зошто не се согласуваш со мене. Diskutirajte na temata i bez licni navredi ve molam. Изменето од mamamd - 01.Декември.2008 во 11:31 |
|||
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мене воопшто не ми беше целта некого да навредам, туку едноставно да ти кажам дека јасен ми е твојот став бидејќи очигледно дека не си добро информиран во врска со оваа проблематика(како и голем дел од нашата популација),но тоа не значи дека те навредувам и не го сфаќај тоа лично,овде сме да ги споделиме нашите ставови и мислење и пред се оваа проблематика да ја доближиме на сите оние кои досега немале можност да размислуваат на оваа тема. |
|||
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ајде,објасни ми зошто мојот став е грешен,и ако е да го променам.
|
|||
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|||
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Самиот велиш дека не знаеш што тоа инклузија и затоа се обидов да ти го појаснам поимот. А во однос на тоа "нормално" и "ненормално",овие термини не се соодветни за ова што ние го дискутираме овде.А и овие деца не се "ненормални" (термин кој што воопшто не сакам да го користам)затоа што имаат некакво попречување во нивниот развој и поради тоа што им треба само друг пристап при спроведување на наставата, а потребата од љубов, игра, почит, среќа е иста како и кај сите други деца. Логично оправдување и услови постојат бидејќи и овие деца се раѓаат во нашата средина и живеат во нашата околина, тие не се ограничени од самото нивно раѓање, поради тоа логично е и тие да учат во училиштето во кое што учат и нивните другарчиња од сосетството,да си играат заедно во слободно време (можеби детето со ПОП нема да трча толку брзо како неговите врсници,но со самото тоа што ќе биде заедно со нив за него е доволно),да слават родендени заедно. Факт е дека ова не важи за сите, бидејќи има различни категории и различни степени на нарушување, но секаде каде што е можно школување во редовни услови жалосно е истото да не се реализира. |
|||
katerina1707
Нов член Регистриран: 03.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
И јас сум за Инклузија на децата со посебни образовни потреби во редовните училишта. |
|||
гоcтин
Гостин Регистриран: 24.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1797 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А јас не сум.Можеби ќе звучам себично,меѓутоа во училиштата во Македонија сеуште не се вработени лица кои што ќе можат да работат со тие деца...сепак на нив им треба повеќе внимание отколку на другите
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
... Denes se odbelezuva svetskiot den na decata so POP... decata so pop pokazuvaat deka i tie mozat da ucat...i naucat... vo ramkite na svoite moznosti...
|
|||
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Точно е дека треба да се обезбедат услови за да инклузијата тече во правилен тек,едни од тие услови се пристапност и дефектолог како најосновно, а потоа и соодветни материјали итн., во спротивно само ќе се залажуваме дека имаме успешна инклузија. |
|||
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па жено,толку е тешко да сватиш кога е некој ироничен? Сакав да кажам дека воопшто не е потребно вметнување на странцизми во нашиот јазик,немаме никаква корист од тоа,само го расипуваме.А поимот "ненормално" не го искористив за да навредам некој,туку за да опишам нешто што не е нормално(вообичаено). Факт е дека во нашата држава нема никакви услови за тоа што го предлагате и само би било полошо за тие деца. Изменето од ZoraNaSlobodata - 04.Декември.2008 во 00:36 |
|||
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|||
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Примери на деца со ПОП имало многу одамна и во иднина ќе има,целта ми е да не се остават тие дечиња без соодветна поддршка.Точно е дека не се обезбедени сите услови, но постојат дефектолози, постојат едукативни материјали и само треба да се постават на вистинско место и во вистинско време.
|
|||
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па кој нормален човек би дозволил да останат без поддршка,тоа е приоритет,да не се дозволи нивните недостатоци да влијаат на нивниот живот(колку што можи и неможи).
|
|||
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|||
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |