|
Лечење слаба циркулација,тромбоза... |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
annaja
Сениор Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фала Бијонсе што ми одговоривте,докторот што ја примил и направил некое снимање,што покажало дека на таа,левата нога нема циркулација и затоа и даде да се снима на ренген да види каде е запушувањето,под коленото или над коленоте.Незнам дали со операција се отпушта тоа запушување...Шекер нема,досега секогаш и бил во рамките на дозволеното,а ќе видиме денеска кога ќе ги земеме резлтатите.Многу се плашам она е жена во години,79 год.А за ова начинот на закажување,многу слушав за тоа,ама неверував дека е така.Немам лично искуство за тоа,и иакрено се плашам,не им ја знам тарифата.Ов не да е жално него е трагично.поздрав.
|
|
annaja
Сениор Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одамна не сум ја отворила оваа тема,и еве сега сум тука.Во претходните постови ја опишав состојбата на мајка и со слаба циркулација на крвта.За жал овој пат ќе пишувам колку е сериозна таа дијагноза и сите треба да ја сватат така.По многу перипетии во нашава медицина мојата мајка ја изгуби таа битка.Лекарите дозволија да добие гангрена и да неможе да се спаси.
Имено откако со снимање се установи дека нема циркулација ја оперираа (стент) а не обрнаа внимание на раничките што се појавија на стапалото,кога ја отпуштија од болница,лекарката ни рече стапалото да го држи во солена вода и само тоа ништо за премачкување за да не се прошират раните,а незнам зашто и циркулацијата не проработи,едноставно неуспешна операција. Напразно беше се,пред 1година и 2 месеца ја изгубив мајка ми и тоа само поради лекарска негрижа. Сега се плашам,некаде читав дека тоа е генетска болест и може да се наследи од родители. Осеќам некој промени,врвот на носот ми е секогаш ладен,и ми рекоа дека може да е од слаба циркулација на периферните крвни садови.
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Баш ми е жал за мајка ти...нека и е лесна земја.. Јас пред 5 години имав дијагноза trombophlebitis настанат заради повреди (скршеница) на ногата и до ден денес имам последици (оток при подолго стоење) а имам и член во семејството кој го имаше речиси истиот проблем како и мајка ти, затоа и доста научив за ова здраствено пореметување. Мислам дека оваа состојба не е наследна ама најдобро е да се исконсултираш со трансфузиолог Ако немаш доверба во државните лекари може да ми се обратиш по лп ќе ти дадам број од една од најдобрите докторки кај нас што моментално има приватна ординација токму за таа намена. |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
annaja
Сениор Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фала многу Ninja35
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |