|
Господова вечера, Евхаристија, Причест |
Внеси реплика | страница <12345 11> |
Автор | |||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
стариот завет заврсува со свети јован Кристител си помешал некој работи ама нејсет нети е првпат а за христа да тој е врата на спасението и кој невлезе низ него нема да има спасение и да тој е патот и светлината кој оди по него нема да се изгуби туку ке има живот вечен |
|||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Најпрвин да им се заблагодарам на сите кои ме поддржуваат како и на оние кои ме критикуваат. Се надевам дека и во иднина ќе соработуваме со една цел: да се одржиме сите заедно во слога и меѓусебна љубов и почитување. Да не дозволиме заради теолошките нејаснотии да се оддалечиме од Бога.
И јас, како и мнозинството овде, ја барам Вистината. За мене Христијанството е ,,ограничено’’на Библијата. Се што е надвор од тоа треба да се провери дали е во склад со Светото Писмо. Мора да сфатиме дека се разликуваме во ситници. Уште еднаш би ве повикал сите да се вратиме на Словото и на изворното Христијанство. |
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Имено - се разликуваме во детаљи, кои (според мене се разбира) се само манифестации на верата, но не нејзината суштина. Во суштинските работи имаме доста приближени ставови сите. А манифестирањето на верата - живи и здрави да сме, секој го прави затоа што мисли дека е исправно. Дури и оние бабички кои одат в црква и прават илјада погрешни работи, не го прават со зло, а затоа што мислат дека така треба, затоа што нивната баба така ги научила, а таа пак учела од својата баба... Затоа - треба да се поучат луѓето, да се образоваат. Знаењето не е непријател на верата, а напротив - нејзин најсилен помагач. Не сме тука против или за некого и нечии ставови. Поентата на овој форум е да дискутираме - да ги излагаме нашите ставови, да ги сослушуваме туѓите - и се разбира, да ги преиспитуваме сопствените постојано. На тој начин учиме и на тој начин сме потоа во состојба да ги учиме другите. Јас не мислам дека само Библијата е доволна за да се посвети човек на Бога... (пред да скокнат да ме удават 5-6 души тука, да објаснам... )... Сметам дека Библијата е Божјето Слово и врвниот Закон... но за да го сфатиме Бога, потребно е да го разбереме неговото дело - да разбереме колку што можеме за природата, за луѓето, за уметноста (како манифестација на човечката психа и душа)... Преку уметноста и науката - ќе можеме да ги разбереме подобро прекрасните творби Божји и ќе можеме да работиме подобро во Негова Слава. А Библијата - таа ќе не води - ќе биде патоказ и светлина во таа наша потрага... |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Za chovekot da ja razbere Biblijata, koja e delo na Svetiot Duh, najprvo treba da bide aktiven chlen na Crkvata, t.e. da zhivee vo nea. Vo sprotivno, vo otsustvo na Svetiot Duh, chovekot ne mozhe ispravno da ja razbere Biblijata so svojot um, bidejki taa ne e dushevna (umstvena), tuku duhovna Sv. kniga. Poradi pogreshno tolkuvanje na Biblijata i iskrivuvanje na Slovoto Bozhje, nastanale mnogu eresi i sekti, koi pogubuvaat chovechki dushi. Ne e sekomu dadeno da tolkuva Sveto Pismo, koe, vprochem, odamna e istolkuvano od Svetite Otci.
Poentata na religijata e sekogash vistinata, t.e. duri i koga e inoverna, chii vernici vo svojata zabluda veruvaat deka mu sluzhat na vistinskiot Bog. Hristovoto delo se razbira samo vo Crkvata, preku aktivna sluzhba na Boga i uchestvo vo Sv. Tainstva. Se drugo e pusto umuvanje i praznoslovie. |
|||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ovoj ne e business sajt za da sorabotuvame! Ne postojat teoloshki nejasnotii, no ima lugje koi shto sami se zabluduvaat vo svoite mislenja. Pred da postoi Biblijata (Sveto Pismo), postoelo i postoi Sveto Predanie. Do Mojseja ne postoele nikakvi verski knigi, a verata bila usno predavana od koleno na koleno. Hristos Sam ne zapishuval nishto, nitu pak apostolite zapishuvale dodeka Toj propovedal. Odnosno, Hristovoto uchenje prvo bilo predavano usno (Sveto Predanie)i bila sozdadena Crkvata Hristova, koja go zapishala Svetoto Pismo. Protestantite i sektite ne go prifakjaat Svetoto Predanie, bidejki nivnoto teoloshko znaenje e oskudno. Drvoto se poznava po plodot, a samo poglednete kolku razni uchenja ima, koi postojano se menuvaat i rascepuvaat, a site tvrdat deka se "hristijani". No, Vistinata e NEIZMISLENA POSTOJANOST, t.e. taa ne zavisi od chovechkite misli i sekogash e ista (vistina e od pochetok i sekogash kje bide vistina). Ako ja izuchime ranohristijanskata Crkva i kanonskata Pravoslavna Crkva na ovoj vek, kje vidime deka sushtinski taa e edna ista -zhiva Hristova Crkva, i nishto vo nea ne e izmeneto, samo vo prviot vek bilo pushteno semeto, a denes e prirodno porasnata i razviena: ima poinakva forma, t.e. vernicite ne se molat povekje vo peshteri i sl., tuku vo velikolepni i raskoshni hramovi, no nejzinata sushtina e potpolno ista. Analogichno, koga kje se posadi nekoe drvo, toa prvo pushta koren i razviva steblo, za potoa da izrasne i ragja prekrasni plodovi. Se shto e zhivo, prirodno raste i se razviva, no svojata sushtina (bitie) ne ja menuva. I kako shto sekoj list i plod na drvoto gi sodrzhi sushtinskite elementi na semeto, taka site izrastoci na Pravoslavnata Crkva gi sodrzhat site elementi na hristijanskoto seme, koeshto go poseal Hristos. Chovekot mozhe da veruva vo shto saka, da bide judej, musliman ili pagan, no ako e pravoslaven hristijanin, treba da go prifati uchenjeto na Svetata Pravoslavna Crkva, koja shto go zapishala Svetoto Pismo, i ne smee da go iskrivuva Hristovoto uchenje. Ako, pak, i pripagja na druga "crkva", pred da zapochne diskusija, treba da se izjasni, na koja? Pritoa, treba ba imame vo obdzir deka Hristos ja osuduva preljubata i govori za edna Svoja Crkva - Chista Hristova Nevesta. Изменето од Asya - 09.Јули.2008 во 22:36 |
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Asya - овој пат имаш официјално предупредување заради нетолерантност...
Секој има право на сопствено верување и негово лично право е дали ќе декларира јавно на која црква и припаѓа! |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Postoi staro apostolsko pravilo, koe veli deka sekoj vernik, koj tripati ednopodrugo otsustvuva na Bozhjata sluzhba i nema opravdani prichini (bolest i sl.), nema NIKAKVO PRAVO NA GLAS VO CRKVATA, SE DODEKA NE SE POKAE I PRICHESTI. Jas gledam deka na forumov ima lugje, koishto ne se pravoslavni hristijani ili po krajna mera, ne se aktivni chlenovi na Crkvata Hristova, no si dozvoluvaat da go iskazhuvaat svoeto mislenje vo odnos na pravoslavnata vera, shto e mnogu pogreshno i im nashtetuva na nivnite dushi. Se razbira, jas ne mozham da im zabranam da gi iskazhuvaat svoite mislenja, no moja hristijanska dolzhnost e da ja govoram vistinata. |
|||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Da se vratam na temata. Znachi, Gospod mu zabranuva na chovekot da ja pie krvta od zhivotnite, iako mozhe da go jade nivnoto meso, bidejki na toj nachin go prima nivniot zhivot, koj e zhivotinski (agresiven, dzverski).Toj e dobar sovet za site lugje, bidejki mesoto e chisto, osobeno ako zhivotnoto bilo prirodno hraneto, no zhivotinskata krv gi sodrzhi otrovnite toksini i paraziti. Hristos povela da ja pieme Negovata Krv i da go jademe Negovoto Telo, za da imame zhivot vo sebe. Primajki gi Hristovoto Telo i Hristovata Krv, chovekot se osvetuva (obozhuva) i zhivee vo Hrista. Kako shto gledate nema nikakvi sprotivnosti.
Изменето од Asya - 09.Јули.2008 во 23:23 |
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па нели ти докажав дека заповедта за "не пиење крв" важи и во Стариот и во Новиот Завет, тогаш зошто се препелекаш околу заветите? Повторно сакаш да ја заматиш водата и да ја смениш темата како и обично? Еве ти го уште еднаш доказот дека заповедта ја има и во Новиот Завет.
А сега, бидејќи велиш дека Стариот Завет завршува со Јован Крстителот...
...дозволи ми да ја побијам и оваа твоја православна заблуда
Согласно Светото Писмо (Божјиот Збор, Библијата), Стариот Завет завршува со смртта на Исус Христос (а не со Јован Крстителот), и потоа почнува Новиот Завет. Новиот Завет не важи пред смртта на Христос, туку по Неговата смрт. Доказ за тоа е следниов библиски стих:
"Имено, заветот станува полноважен по смртта, а никогаш не важи додека живее заветувачот (Христос)."
(Евреите 9:17) Ај сега седи ми со здравје и продолжи да ги лажеш неупатените, се разбира, се додека не дојдам да ѕирнам н афорумов и да ги разобличам твоите небиблиски ереси.
Поздрав |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ЕвАнгелос - малку пополека со обраќањето и тебе ќе почнам да те опоменувам...
Асја - ти како Христијанин си ги знаеш сама своите должности... јас нема да ти се мешам во тоа... Но - како член на форумов - имаш ДОЛЖНОСТ да ги почитуваш сите членови, да го почитуваш нивниот начин на верување (дури и кога не се согласуваш со нив) и да имаш почит кон нивната личност и ставови. Ти самата си избрала да бидеш член на форумов - и си ги прифатила неговите правила. Односно - си дала збор дека ќе ги почитуваш - а од друга страна не го правиш тоа... Моја пак должност е да се грижам за редот и поредокот на форумов. Затоа - Христијански ќе те замолам, да внимаваш во иднина околу тоа како се обраќаш и какви изрази користиш за начинот на кој другите веруваат. Изменето од zidarski - 10.Јули.2008 во 01:39 |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Штом веќе ја свртевте дисусијата на таа страна да ве запрашам: постои правилно и неправилно толкување на Библијата? Зошто моето е неправилно, грешно и еретично а не е такво она на некојси ,,свети отци’’ (што е небиблиски- мислам на терминот отец- ,,И на никого на Земјава не обрнувајте му се со „Оче“, зашто имате само еден Отец, а тоа е Бог на небото’’(Мт. 23:9)Палампие, Јован Златоуст и кој ли уште не? Можеби еден ден и моиве постови некој ќе ги просвети и ќе станат официјално толкување на Библијата? Не благодарам. Човекот си е доволно интелигентен за да може самиот да протолкува што вели Библијата. Зошто се нарекува Свето Писмо? Затоа што е испратено до секој човек, зар не? Во спротивно би се нарекувало Свето Писмо до таа и таа црква, преведено и протолкувано исклучиво од тој и тој. Од каде ги добивте авторските права? Да не ви беше дадена само вам со тапија?
|
|||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
И од друга страна зошто вие православните толку не напаѓате нас останатите? Јас лично се држам исклучиво до Библијата која и вие ја признавате како Божја реч. Каде е овде мојот грев?
Изменето од AlDra - 10.Јули.2008 во 05:08 |
|||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
AlDra - да бидеме искрени - напади доаѓаат од сите страни...
Во 6-те месеци во кои се занимавам со форумов - што се не се изначитав од луѓе кои за себе тврдат дека се верници... никого не можам да исклучам од таа група на "напаѓачи" - ниту православни, ниту протестанти, ниту муслимани, атеисти, јеховини сведоци... кој ли не помина тука... Упорно - цело време објаснувам на сите дека не може на некого да му кажеш "ти не веруваш правилно". Ако имаш причини да се сомневаш во веродостојноста на нечии верски убедувања - можеш да дадеш аргументи за тоа, но на најцивилизиран можен начин и без навреди и убедувања. Како што реков веќе - ако тоа што ти го тврдиш е вистина - самото ќе си најде пат во срцата на луѓето. Во моментот кога некој тука ќе почне со "ти ништо не знаеш, не веруваш правилно и твоето е ерес, чекај сега јас ќе ти покажам колку голем верник сум" - едноставно го исклучувам од перцепцијата. Кои сме ние да даваме суд за другите?! Зарем Бог преку нас зборува та да може да каже кој треба да се осуди уште на овој свет?! Кога почнавме сите да си играме на Бог?! Сите ние ќе застанеме порано или подоцна пред Создателот - и само тој ќе ни суди. И пред се - ќе ни суди заради нашиот суд. Пак ќе повторам - најупотребуваната молитва низ целиот свет има стих: ...И прости ни ги гревовите, како што ние им ги простуваме на нашите должници... Кога некој ќе направи грев - наше е да му укажеме, да го посоветуваме, а ако тој остане на својот став - тогаш се што можеме е ние да му простиме и да се помолиме Тој да му прости. Се друго е Богохулење (според мене). АлДра - дали твојот начин на толкување на Библијата и верба во Бога е правилна? Да, се разбира - затоа што ти веруваш во тоа... Дали мојата е истотолку правилна? Да, се разбира - затоа што јас верувам во тоа... |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Zidarski брате во ред е она што ти го велиш и сосема те поддржувам. Само Бог ќе ни суди.
Мислам дека не се однесував дрско и дека никого не навредив со моите искрени прашања. Во спротивно ги молам сите оние кои сум ги навредил да ми укажат на тоа и да ми простат. Го задржувам правото да одлучам дали ќе се сложам со тоа што ќе го речат. |
|||
Внеси реплика | страница <12345 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |