|
Фрид: Постои македонски јазик и Македонци |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште еден пријател на Македонија, Ерик Мејер лобира низ коридорите на ЕУ за нашите национални интереси... додека ние дома ќе се испотепаме кој бил предавник, кој бил патриот:
Известувачот во Европскиот парламент за Македонија, Ерик Мејер, побара од ЕК да потврди дали општоприфатените термини „Македонци“ и „македонски“ и кодот на земјата „МК“, неодамна се заменети со назнака дека „ќе бидат дефинирани“, што води кон нов спор околу името на овој народ и неговиот јазик. Мејер притоа се прашува дали ЕК води сметка дека со креирањето на ваква неизвесна ситуација спорот се шири во нови области, кои се многу почувствителни, бидејќи навлегуваат во националниот идентитет и стануваат невозможни за решавање, пренесува „Дојче веле“ на македонски јазик. „Бев информиран дека во официјалната терминологија на ЕУ зборот ‘македонски’ нема веќе да биде користен, како што се практикуваше до 2008 година. Тоа беше причината поради која побарав официјално објаснување од ЕК. Одговорот на Комисијата е дека нема промена, се наоѓаме во луда ситуација која нема да има последици за ЕУ, но која и прави задоволство на Грција“, објаснува Ерик Мејер. Имено, во одговорот што го доби од ЕК, нејзиниот претседател Жозе Мануел Баросо, потврдува дека е точно оти до скоро се употребувале стандардните имиња, а од летото 2008 година била донесена одлука тоа да се смени. Така, во меѓуинституционалниот водич, контролиран од Бирото за официјални публикации на Европската Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Зградата на Европската комисија заедница, терминот „македонски“ и меѓународниот код „МК“ е заменет со „да се дефинираат“. Комисијата притоа тврди дека сите референци во документите и публикациите биле во стриктна согласност со резолуцијата 817/93 на Советот за безбедност на ООН. Според Мејер, Комисијата даде симболичен подарок за да се задоволи Грција, која го оспорува користењето на зборот „македонски“ за јазикот и народот. „Не постои ниту „фиромски“ народ, ни „фиромски“ јазик, тој ќе биде само „македонски“, категоричен е холандскиот европратеник. Мејер е загрижен и поради одложувањето на датумот за почеток на преговорите за членството на Република Македонија во ЕУ, ова и покрај препораките на Европскиот парламент. Тој оценува дека грчкото противење може да потрае со години. „Јас сум многу песимист, бидејќи проширувањето сега не е приоритет. Јавното мислење е против и владите на државите членки на ЕУ се среќни што располагаат со повеќе време за да донесат одлука. За Европскиот совет проширувањето не е приоритет. Од друга страна, грчкото противење за почеток на преговори со Македонија, може да потрае повеќе години. Иако мнозинството во Европскиот парламент го следеше мојот предлог, реалноста ќе биде многу поинаква“, заклучува холандскиот европратеник. |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
normalno deka postoi ......... ako ne postoi , togas na koj jazik pisuvame , govorime pa duri i gi poducuvame onie koi nemaat svoj ? ........... kako za primer , " bugarite " ................
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |