|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 2728293031 138> |
Автор | |
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kop, kop,
kop,kop,kop kopam leicka. kop,kop, kop, kop,kop onadam v trevicka. Seme turam tamu dole, sto li ke nikne, sto li ke nikne |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Si kopam ja taka mirno
dlaboko i so misla na drugo mesto sto pripaga ne znaejki deka do nesto sepak ke dojdam. Drevna septicka jama pred mene se javi, a jas si velam dali do nekoja tajna nova ke dojdam. Barav so oci barav so prsti no samo suvi gomna najdov onakvi kakvi i denes ima svezi i mirizlivi. Si rekov i si otkriv deka drevni tajni nema zosto vo lajnata vistinata se gleda isti kako i denes zolti, kafeni i ponekoe belo. Se oslobodiv so nasmevka zosto mudar da bidam potreba nemalo zosto nikogas ne bilo. |
|
Morbid
Нов член Регистриран: 31.Мај.2008 Локација: Zimbabwe Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И се обидувам да те запрам.Се обидувам да те спречам да продолжиш понатамму.Те молам застани.Или врати се назад.Зашто не ме слушаш?.Неможам да се борам со тебе.Неможе никој.Тоа ме радува.Но само кога би ме послушал.Те молам застани за миг.Секогаш брзаш.Секогаш правиш што сакаш.Го затемнуваш денот.Ја осветлуваш ноќта.Послушај ме.Секој ден се повеќе ми недостигаш.И едвај го чекам моментот кога ке се споиме.Кога ке бидеме едно.Се надевам ке дојде набрзо.Моментот кога ветрот ке ми го одземе последниот здив.Да конечно ке бидеме едно.До мене си а сепак ми недостигаш.Твоето име го нема никаде.Ветрот го дувнало или маглата ти го скрило.Каде ти е името?хехех.Јас го знам.Името ти е ВРЕМЕ.
|
|
nyctophilia
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Misla protkaena so bezbrojni trepeti
zelbi nenavodneti se topat megu dlanki i sepak jas sum tuka iako ranecot spremen me ceka za patot kon zaboravot. Misla edna edinstvena se trkala niz mozok ispraznet, cekam da ozdravam na svoi treperavi noze da zastanam olovnata topka vo stomakot da se rastvori. Neboto dobro poznato celicno i sivo so po nekoe prozorce svetlina kon nekoi pravci nepoznati kon nekoi dolini i ridovi. Dosta bese trcanje po izgrevi i ozivuvanje svenati nadezi, deteto mrsulavo so topka ide na kaj mene velejki mi deka vo pravo bese koga mi velese deka megu vozrasnite da se snajdam nikogas nema |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Cesanje niz race moi mi ide
naviknati tebe da te guskaat, cesanje niz usni moi naviknati tebe da te baknuvaat, jastukot seuste go ima tvojot miris i po nekoe tvoe vlakno toa e ona od tebe sto go imam zaedno so spomeni bogati pod nebo rozevo, mesecina za tebe simnata i roevi zvezdeni. Nadvor kuce radosno cvili veli deka od nekade ides, a jas srce da mu kazam nemam deka toa e samo nekoja na tebe sto lici bar malku nesto od tebe da imam |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЦРНИОТ КРУГ НА СУДБИНАТА (6) Во селото немаше девица постара од шеснаесет години. Ниедна девојка не сакаше да биде од вампиребена, ниедна девојка не сакаше дундата да и обрасне во трње, коприви и паламиди. Освен онаа, што веќе мочаше жилети наутро... - Ги издупи Убав Стојан со неговите сопартијци. - Сето село го раздевичија. - Зарем и сестра си си ја издупил изесникот? - Неа ја издупија во името на партијата оние од раководството на задругата.Ренде ја сторија. Абе ти кај живееш, еба ти го слепиот, еба! - Све остаје у партија! – се закикоти Решат циганот, амал во задругата, со неговиот чисто српско – македонски јазик, но тој јазик воопшто не им беше пречка на неговите жолти и расштркани низ устата заби да глодаат коски од кокошји копани, крилца и грклани на селските свадби и слави. Партија на изесници... Партија на јумферокиначи.... Партија на газолижачи... Партија на довчерашни длчкок*рчиња, воајерчиња, ебикози, ебикучки и ебигуски... - Идем ја еднопут кај оној наш директор на здруга, кога ми било пред пороџај оно моје Зуле, па сум мислил да го молим да ми услужи со оној стариот џип на задругато да га носим Зуле у град, у болница... Ама ми велел пред порта оној нашиот друг к*рир оти не сум можел сега, оти друг директор имал важна посла, неки важан разговор со другот агроном и некој важно клијент. „Пу,јазк!“ сум опцуел у себе, „Да ти серам на ксмет цигански, бе Решад! Кај нашло сега тоа клиентот да доџувал у задруга? Кога твое Зуле требало да истресе максмчето на свет... Па и прво било, да му се сневидуело... „Ко брат те молим, друг к*рир. Ти уџувај и кажувај на друг директор , такво и такво било работа, Зулето на Решад ќе се породуело!“, сум му молел на колена на тој к*рирот ама не бивало фајде – не можело та не можело...Многу важно човек од комитет било. Ама ме фатило едно инает како планина да видим што човек било тоа од комитет што дошло дури, па сум нашло едно големо гајба и сум ти ја ставило под џамот на канцеларија на друг директор и сум се качуел на него. И што да кажуем, очите пет банки ми се сторуеле од тоа голем човек од комитет, оти било сестрата му на нашто магацинер и председник на младинското организација, а директорот и оној, главното агроном, си играле со него она, како се викало, пинг – понгот – прво ја чукнувало едното а после другото, и покажуваше Решад како директорот и главниот агроном си играле со сестрата на Стојан Убавиот и ги расклештуваше жолтите заби, - И тако то, буразер, све остајало у партију! Става Стојина рекла да ги вардат момичките под шеснаесет години, да не им ја однесе партијата предвреме невиноста, па кога ќе го прослави првата роденсденот... - Не умри магаре до зелена трева! Се спротивставил на предлогот некој си Ѓорги Стрижеполски, - До тогаш крава не ќе остане во селото.Што ќе спасуваме тогаш? Кога почнаа и кравите на задругата да отелуваат чудовишта, кога се расипа и нивното млеко, директорот донесе еден човек од градот, со голеа црна, кожена торба и бел мантил и им рече на селаните дека бил ветеринар. „Ајванлекар!“ – излезе тогаш како објаснение омаловажувачко клопче гласови од една селанска уста што џвакаше ражанова сламка. - Море и светец ќе го направиме и кандило ќе му палиме. Ако лекот го знае! – една друга уста го испушти низ широко корито грчот што го давеше сето село последните два месеци. - И ден за селска слава ќе му прогласиме! – подржа трета уста. Ни светец го направија, ни кандило му запалија, ниту селото нов ден за селска слава прогласи – ајванлекарот имал видено во животот секакви ајванболештини, но ваква аномалија првпат среќавал. Ниту во книгите пишувало нешто во тоа. - Не е до науката – виша сила ќе да е! – им рече на селаните и се врати со џипот на задругата во градот. ќе продолжи, разбира се... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
nikodin
Нов член Регистриран: 06.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ме прегрна нежно мојата миленичка ноќта со својата поданичка тишината,ме прегрна и ми нареди со строг глас,во првиот момент бев навистина изненаден,но како одминувашевремето сватив дека навистина има право за својата лутина што така ја истураше на мене,ми нареди вечерва да ги напишам најтешкиот нои најискрен монолог,дури и насловот на тој монолог ми го кажа“Ја молама совеста да ми прости .„во еден момент нејзиниот глас имаше бес,а веќе во другиот момент имаше загриженост,тогаш извика со еден громогласен глас,не простете тоа не беше глас тоа беше еден нејзин болен крик,кој изгледа и се откорна некаде од длабочините,но крикот нејзин беше исполнет со светлост,прво беше еден но како гледав тоа беа снопови од светлост,крикот светлосен што одекна во првиот момент ме заслепи,и навистина не знаев што е и како понатаму.зборуваше за ноќта нејзината болна светлост,зборуваше а нијансите постојано се менуваа,зборуваше а подоцна разбрав дека тоа беше мојата совест.
-Смртнику,ти да да ти кој во себе го носиш генот на една од најстарите цивилизации на овој Балкан,еве погледни зад себе за да видиш подобро напред,погледај добро зошто јас ги слушам илјадниците клетви на твоите поколенија,ги слушам како ги фрлаат секојдневно врз вас,врз тебе и сличните натебе,ги фрлаат зошто го направивте најбезумниот чекор,го направивте тој чекот на ним и направивте безимени,вразумисе и вразуметесе,зошто стоиш на само еден чекор од сопствениот понор,понор кој нема крај,а крајот ќе биде една цела вечност,вразумисе зошто твојата и вашата неразумност ќе те однесе и тебе и сите како тебе во една агонија,да да тоа ќе биде и лична но и колективна агонија,погледни сега ќе го згуснам мракот и погледај добро овие снопови со светлост што евеги бликаат од оваа земја,тоа се смртнику гробовите на твоите предци,погледај добро ,погледај добро зошто ги има милиони,зарем сакаш ти тие како тебе со една безумност да ги изгаснеш овие светли факли кои милениуми пред тебе гордо светат и блескаат,кажими зарем сакаш со една неразумна и безумна постапка сакаш и сакате овие факли да ги изгаснете,и еднаш засекогаш да ги избришете гробовите на вашите предци,та момче овие факли беа тие кои и на твојот татко,и на твојот дедо и на твојот прадедо му го осветлуваа патот по кој чекореа кон својот вековен сон,сега кога тој сон ви е веќе стварност ти и сличните на тебе сакате да си направите кошмар и да ги изгасните факлите кој ви ги осветлуват вашите патеки по кој врвите секојдневно,сакаш и сакате со еден безумна постапка да избришите илјадници и илјадници страници историја,историја која е пишувана со потоци од крв,смртнику зарем мислиш дека твоето име Македонец е толку срамно та се срамиш да го носиш,па сега сакаш така лесно сакаш да го смениш,и зарем мислиш дека новото име ќе биде повеличествено и ќе те направи погорд него што си сега,та погледај ти сега збунет смртнику,погледај околу себе и начулиги ушите,да да начулиги и добро послушаја музиката која ја свири старата вавилонска блудница,знај оваа музика ја слушале и твоите предци многупати,но тие за разлика од тебе смртнику македонски имале доволно храброст да издржат и со гордо крената глава да заминат на небесниот свод како македонци. Јас знам дека ти и сличните како тебе не случајно сте родени тука на оваа земја македонска како македоци,во оваа земја библиска,роденисте зошто бог,или судбина,или бесконечноста или наречетего како сакате,ве создал зошто верувал во вас,верувал во вас дека ја имате сета потребна сила но сета потребна храброст да на вашите плеќи носите едно големо и славно ИМЕ,име кое и во бескрајните сводови блеска со сјај што не згаснал со милениуми. Ако мислиш дека јас совеста ќе ти простам за твојата безумност,можеби,можеби и ќе ти простам делимично,но твоите поколенија нема никогаш да ти простат ,а нема да ти простат зошто ќе им го одземеш тоа што природно им припаѓа. Ајде ајде отвориго барем само на еден миг едното око и погледај добро,погледајги овие прекрасни планини,реки и езера ,зарем сакаш и тие со твојата безумност да станат безимени,да станат ничии и сечии,погледниги пред да ги направиш безимени,помилувајги со погледот,ако во тие планини не ги видиш илјадниците чекори што ги праеле твоите предци,тогаш сториго тоа. Смртнику Македонски не се плаши да го изговориш храбро сега твоето најмоќно НЕ,изговори доволно храбро-НЕ НЕ ГО МЕНУВАМ МОЕТО ИМЕ-НЕ ГО МЕНУВАМ ЗОШТО ЗНАЕМЕМ ДЕКА СУМ МАКЕДОНЕЦ,ДЕКА ОВАА ЗЕМЈА ОТСЕКОГАШ СЕ ВИКАЛА МАКЕДОНИЈА А ОВОЈ НАРОД МАКЕДОНСКИ И ОТСЕКОГАШ МОЈОТ ЈАЗИК БИЛ МАКЕДОНСКИ И ОТСЕКОГАШ СУМ ЗБОРУВАЛ МАКЕДОНСКИ. Не се плаши Македонецу да ги изговориш овие зборови,не се плаши еве твоите предци знај ќе воскреснат од пепелта, ќе ти ја дадат сета потребна сила за да истраеш по патоѕ по кој ќе одиш,знај дека непријателите трновит пат ти спремаат пат кој е сличен на една нова голгота,но повторно знај подобро горда голгота.отколку срамно исчезнување. Сеуште се сомневаш Збунет Македонецу во аргументите што ти беа кажани,ако се сомневаш тогаш барем сетисе на твојот Предок Синот на Македонија Александар Македонски,сетисе само на колку едоставен начин го решил гордиевиот јазол,го решил со еден удар од својот меч,го решил и ја прекинал сета агонија на сите пред него кој сакале да го одвразт,сега ти потомокот на Александар Македонски го имаш најмоќниот меч,го имаш мечот кој се вика едно големо НЕ НЕ ГО МЕНУВАМ МОЕТО ИМЕ-НЕ ГО МЕНУВАМ ЗОШТО ЗНАЕМЕМ ДЕКА СУМ МАКЕДОНЕЦ,ДЕКА ОВАА ЗЕМЈА ОТСЕКОГАШ СЕ ВИКАЛА МАКЕДОНИЈА А ОВОЈ НАРОД МАКЕДОНСКИ И ОТСЕКОГАШ МОЈОТ ЈАЗИК БИЛ МАКЕДОНСКИ И ОТСЕКОГАШ СУМ ЗБОРУВАЛ МАКЕДОНСКИ. Кажи им го ова доволно храбро и гласно на сите кој сакаат да те направат безимен. Македонецу не го корни сопстениот корен од твојата земја,не го корни зошто уште много многу други како тебе треба да се родат на оваа земја и да го носат твоето име,не го гаси жарот во твоето огниште кое го запалиле твоите предци пред тебе,не го гаси зошто ни ти ни сличните на тебе го немате тоа екслузивно право да го гасите вие. Имам уште илјадници аргументи Македонецу да ти ги кажам,но сепак чуствувам дека и овие се доволни да се вразумиш и да не го направиш твојот безумен чекор. Сега кога гласот на сопствената совест замолчи,тишината стана морничава,темнината стана некако густа и злокобна,стравот од утрешниот ден се вовлече длабоко во мене,стравот што навистина ме натера да се завртан назад и таму да го побарам одговорот за утрешниот ден.а МОНОЛОГ НА ТИШИНАТА(ЈА МОЛАМ СОВЕСТА ДА МИ ПРОСТИ) НИКОДИН ЧЕРНОДРИМСКИ |
|
nikodin
Нов член Регистриран: 06.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Предавниците не заслужуваат ни презир -Заминувам-беше краток Аврил -Добро –му возврати Леонид. -Дали ме слушна Леониде заминувам,заминувам засекогаш.-со гласот сакаше Аврил барем миг внимание да привлече од Леонида,само сега тоа тешко му одеше.и бесот кој вриеше во него не можеше да го контролира,целосното игнорирање со секоја помината минута го кинеше на парчиња,успеваше со големи маки да се исконтролира,да ја стави насмевката на лицето и да им се насмее на луѓето,но таа насмевка и колку да сакаше да ја направи природна едоставно таа него го издаваше.и сега повторно Аврил денес застана пред Леонида кажуваќи му дека заминува засекогаш. Леонид и колку да имаше чувстава кон Аврила со предавството што го изврши,одеднадеш му го замрзна срцето,кога беше сам леонид се прашуваше дали и навистина сите години на пријателство беа вистински или беа само еден параван за да може Аврил да дојди до целта која од тоа што го направи долго време ја планирал,се почуствува измамен,изманипулиран,се почуствува не незнаеше леонид веќе тоа чувство на разочарување правилно да го дефинира.му беше доволен само еден поглед кон аврила за да пламни. -Замини замини за секогаш ти проклетнику,замини и никогаш немој да се враќаш на оваа грутка земја,таа не твоја,а и никогаш не била твоја,замини зошто премногу несреќи донесе-го погледна со омраза во очите-замини што чекаш,и онака овде веќе никој не те сака,кај никого не си добредојден,ајде ајде замини веќе еднаш и изгубимисе од пред очите. Напнатоста помеѓу нив двајцата од миг во миг растеше,Аврил стоеше и молчеше,мислеше дека сепак Леонид ќе се премисли и повторно ќе си подадат рака како некогаш,ќе се ракуваат и повторно ќе кројат планови за иднината на овој напатен народ,но тоа не се случи.Леонид молчешкум се заврти,гордо со дигната глава зачекори напред по улицата,го остави Аврил сам на масата да седи,сам зошто уште неколкумина кој седеја на масите кога разбраа кој седи тука во нивната близина,стануваа и му испраќаа погледи со презир,замина Леонид и не се заврти да го погледне барем и да го види Аврил како стои и исчекува повторно да го викнат да му простат и да одат понатаму. -Леониде-викна,но гласот му се стегаше од солзите кои му навираа,барем еден збор на прошка да му кажеше, Леонид со сета лутина и бес во себе се заврти и силно викна ,викна да слушнат сите во улицата. -Авриле,предавниците не заслужуваат ни презир а камоли прошка,оставам на историјата да ти пресуди,оставам со најгустото црно мастило да го запише твоето име,така да ни времето да неможе да го избрише.-ги изговори овие зборови и со брзи чекори се одалечи. Аврил стоеше сам,сега кога остана сам со себеси,не знаеше каде да замине,овде во својата земја беше веќе туѓ,обележан како предавник,предавник кој ги продал насветлите идеали на своите браќа,на своите соборци,да се вратеше таму од каде што дојде,таму од каде што така наивно падна во пајаковата мрежа,падна и несвесно влезе во играта која кога ја заврши задачата виде што сторил да се вратеше ,и таму беше непожелен,сега за нив беше само потрошена роба,да се вратеше кај нив посакуваше барем да го ликвидираат,но познаваќи ги знаеше дека нема да го направат тоа,нешто одвнатре му кажуваше дека и тоа нема да го направат,ќе му го подареа сега животот,не не знаеше дека тоа нема д биде живот,ќе му го подареа сопствениот пекол од кој никогаш повеќе немаше да излези,ќе му го подареа пеколот за да се бори со сопствените демони,а ги разбуди со предавството.стоеше Аврил на улицата со погледот во калдрамата,ја гледаше и свати дека навистина предавниците не заслужуваат ни презир Никодин Чернодримски |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЦРНИОТ КРУГ НА СУДБИНАТА 7 - Казна од бога ќе да е, оти козите ги сотревме, ги испотаманивме – плукна некој гневно во прашината пред себе, ама посилно беше плукањето отколу гласот што излезе од него како некое немирно кентре, кое не може да премолчи ама и се плаши на глас да прозбори... - Ви кажав, ај да не ви кажав! – си ја заврте Убав Стојан водата на својата воденица, можеби оти не гу чул навистина кентрето што негодуваше на политиката на државата, можеби оти не му одеше во прилог да држи нов говор на старата тема, - Жиле Прцлов ги ебе кравите селски, оти онаа не му давала ниту повампирен да ја легне, и се крена уште повеќе над своите соселани на вонредната седница на месната заедница како претставник на младинската организација. Кратка пауза. Присетување како било ноќта кога се сретнал со повампирениот Жиле. Можеби само миг да се смисли нова лага. - Пред некоја ноќ пак ме пресретна кај оревот зад куќата на Поп Тасеви: „Бадијала била жртвата, Стојане!“ ми се поплака како и првиот пат, „Ме излага роспијата неебена: Не сакала, ми вели, уште еден вампир, уште еден вампир за љубовник да имала. И се смачило жилети да моча... Свилени гакички, демек, сакала да облече, ама од трњето не можела, и ги кинеле и ги дереле, меретиите, како канџи на бесна мачка.„ Убав Стојан зеде став на говорник. И гласот го наштима како оние од комитетот кога доаѓаа да им солат ум на селаните за важни државни работи, како тогаш, кога во селото дојдоа едни костумисани луге во црни лимузини и зборува на глас со распенети усти за важноста од обединувањето на селскиот имот во задруги, па мавтаа со рацете како да се бранат и да удираат по некоја невидлива сила, покажуваа со прст час кон запад, час кон исток, а бината од даски беше сета закитена со знамиња: и црвени со срп и чекан, и тробојки, а подот послан со нови килими од ковчезите на селанките со црвено – црни шари. Дете беше тогаш Убав Стојан и ништо не разбираше од тоа што зборуваа оние во костумите, ама сфати дека лугето лесно можеш да ги ортомисаш со ортома од цврсти зборови и да ги водиш по себе каде што сакаш и тие со кротка послушност ќе те следат и на секој твој збор ќе кимнуваат со главите како напасени говеда. И почна да го кали зборот, да го клепа, да го остри, да открива најпогодни позиции за напад и фортификации за одбрана... -„Порачај му на сето село...“, - продолжи убав Стојан во стил на искусен говорник, - ми рече Жиле, а богами, мошне сериозен беше, никогаш таков не го имам видено додека беше обичен човек, „Порачај им на сите: додека таа тесна ќе биде долу, вие бела лажичка не ќе видите. Ако мене не ми дава, нека му даде на кој било од живите – колку душата да ми се успокои во царството на другите души. Ако не сака, протерајте ја од селото! Со неа и душата ќе ми ја протерате и маките ќе ви исчезнат.“ Никој сега не рече: „Убав Стојан сака да ја преврти Станка Поп –Тасева. Никој не рече: „Уште неа не ја опна изесникот партиски.“ Никој не рече: „Петлето од мака ќе си го изеде дека не може и во куќата на Поп – Тасеви да склепа едно скоевче.“ Маката ги натера советниците на селскиот парламент да заборават на амбициите и суетат на Убав Стојан, оти кравите им значеа живот, па во записникот со едногласно усвојување, без ниту еден – против или воздржан глас, влегоа две одлуки: ОДЛУКА БРОЈ 1 Од одржаниот состанок на МЗ Копривиште на ден 22. 07.197* (поради неисправностна машината за пишување, не може со сигурност да се утврди годината) година. Во врска со настаната вонредна ситуација, а во поглед аномалиите со изродувањето на рожбите на селските крави и неупотребливоста на нивното млеко. Другарката Станка Поп – Тасева, под итно да биде лишена од нејзината невиност, како единствен можен излез кон подобрување на настанатата ситуација и доведување во ред на состојбата со кравскиот фонд. Во случај, именуваната другарка да се спротистави на оваа одлука, да се пристапи кон реализирање на одлука број 2. Претседател Спиро Деливода ОДЛУКА БРОЈ 2 Доколку другарката Станка Поп – Тасева, не се потчини на претходната одлука, со оваа одлука да се прогласи за персона нон грате, односно главен виновник за состојбата со кравскиот фонд на селото и да биде протерана од селото. Претседател Спиро Деливода ЌЕ ПРОДОЛЖИ Изменето од majstorce62 - 27.Јуни.2008 во 16:50 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Prasanja li se ednostavni
so prikrien prezir i lut gnev zosto potsetuva na nesto loso kako predznak ili kako misla odvratna, denes samo plamen niz veni tece denes e pocetok na krajot agonia tivka od koja cel zivot begavme i sepak na krajot si ja gusnavme zosto si e nasa bez strav deka nekoj ke ni ja ukrade oslobodeni od lanci rgosani vozduhot denes e svez |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
koga bev dete
za se mi beshe gajle koga bev dete ne mislev za utre koga bev dete se mi beshe ramno koga bev dete igrav so drugi deca koga bev dete se se slucuvashe so red sega sum vozrasen i nishto ne e kako koga bev dete |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
razgovor so glasot
Spij mi veleshe galasot,veke nekolku pati po red.Jas go slushav no ne mu odgovorav,si mislev kako da ne ke mu pravam muabet nemu,pa neli samo nenormalen zbori so glasovi.No glasot beshe uporen i na kraj pocna da me nervira,se svrtev na drugata strana no glasot beshe i tamo.Si rekov ke go ignoriram pa ako saka neka pukne. No glasot povtorno se javi spij,spij,spij povtoruvashe neprekinato so casovi i prodolzuvashe da me nervira. Na kraj reshiv da se napravam budala pri zdrav razum i da mu prozboram. Shto sakash prokletniku mu odgovoriv.glasot se smeeshe mnogu glasno i potoa me zaprasha. zoshto ne spiesh? ne mozam mu odgovoriv. zoshto ne mozesh zaprasha glasot mnogu sum umoren mu odgovoriv jas. glasot prestana da se smee i zacudeno zaprasha. kako toa si umoren a ne mozesh da spiesh pa neli covekot koga cuvstvuva umor treba da spie? jas ne cuvstvuvam umor nikogash mu odgovoriv. Glasot se zbuni i prasha,kako moze covek da ne pocuvstvuva umor nikogash pa toa ne e normalno. Jas ne sum covek mu odgovoriv na glasot. Glasot mnogu se iznervira i pocna da vika. pa ako ne si covek shto si ti togash,shto drugo moze da bidesh,kako smeesh taka da razgovarash so mene,ti treba da se plashish od mene i da me pocituvash. Jas ne sum covek,neshto drugo sum,ke razgovaram so tebe kako shto jas sakam,ne se plasham od tebe i ne te pocituvam mu odgovoriv smireno i ladno. glasot se zaprepasti od mojata drskost i me zaprasha togash shto si ti? Jas sum BOG mu odgovoriv. Glasot se izgubi nekoe vreme a potoa se javi i zaprasha. Ako si TI BOG od shto si izmoren? Jas sum izmoren od covekovata glupost koja e beskonecna i od glasovi kako tebe koi se povtoruvaat sekoj den mu odgovoriv . Glasot se izgubi i poveke ne se javi i so toa ja potvrdi i svojata i covekovata beskonecna glupost POVERUVA VO MOJATA LAGA. A JAS SE SVRTEV NA DRUGATA STRANA OD KREVETOT I ZASPAV |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
alan ford
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Techno thief Регистриран: 02.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 10782 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ednash se zapoznav so opstestvoto..Eden den otidov kaj nego za da go prasam dali moze nesto da napravam.Toa mi rece deka sum sloboden i deka mozam da si pravam se sto si sakam.Go prasav:
-A moze li da ti napravam ubava kukjicka od kocki?Toa mi gi pokaza site negovi kocki i mi rece: -Ne moze,nemash 18 godini. -A moze li da ti nacrtam nesto? -Ne,nemas posebna dozvola za crtanje. -A ke mi dades li dozvola? -Da,ama treba da mi platis i da cekas nekolku godini,pa ke vidime. -Moze li da pravam dinosaurusi od plastelin?Tuka ima mnogu kutijki so plastelin. -Tie ne se za tebe Pa nikoj ne gi koristi,Za kogo se? Pa...Za deca da si igraat,mi rece,ama ne se za tebe! -A sto moze da napravam? -Shto sakas.Ama ne si sposoben za nisto.Znaes kolku e tesko da se pravi nesto od plastelin?! -A! Ti me lazes! Jas mozam da pravam se! I voopsto ne e tesko! Ti si glup! I si otidov da si crtkam i da si napravam shator od kjebinja. |
|
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dodeka obrazot ti go dopiram
iskricki peckaat, dodeka trepavici po usni me golicaat, dodeka naezen vrtoglavi strui pod koza mi minuvaat, stopala od tloto mi se dvojat lebdejki gubam oset koj e gore, a koj dole. Preplaven od cuvstva koi kako reka brza me vodat kon vodopadot kade ocigledna e mojata sudbina, nevozmozna bez tebe, vidlivo i od daleku, tvojot ljuben cuka na kapijata nema veke nikakov sram od ona sto prirodata nesebicno ne daruvase. |
|
Внеси реплика | страница <1 2728293031 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |