IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 138>
Автор
Порака
fleur de lis Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 25
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fleur de lis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2008 во 22:10



Те молам…
                                                                                                 
Те молам, рашири ги дланките и собери ги солзиве мои.

Погледај во нив!
Ќе го видиш копнежот мој, како облак од сладок сон кој се бори со отровите разлеани низ звезденото небо.

Огледај се во нив!
Ќе се видиш себе во мене.

Помирисај ги!
Ќе го почувствуваш мирисот на јужниот ветар кој те милува кога месечината и сонцето се поздравуваат.

Собери ги и измиј се со нив!
Ќе ја почувствуваш сета моја љубов собрана во сокот од срцево којa извира само за тебе.

Те молам, рашири ги дланките и собери ме.
                                                     
                                                    Те молам, собери ме, за да ме чуваш!

...''beauty rejoices, not those who possess it, but those who are capable of loving it and worshipping it''...
Кон врв
eurydice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 429
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eurydice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2008 во 00:36
Скриениот залив во кој ноќе бранови течно сребро си ги триеја мешињата го раскопаа багери за да направат комплекс монденски летувалишта со скапи бутици и ресторани за егзотична храна.

Закопаното ковчеже во градината го откопаа маалските џукели, пукна р`ѓосаната брава и се разлеткаа низ улица писмата што дедо ми (бог да го прости) од затвор ги праќал на љубената - моја имењачка.

Колона мравки ми го пресекува патот носејќи крилца од мртви пеперутки.

Би требало да сум вознемирена или загрижена или тажна.
Би требало да сум бесна.

А мене само ми се спие.


Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2008 во 01:59
koga vrne
i jas sum vo nebrano, togas istura
nekogas gledam niz prozorot prekrasen dozd kako poleka kapkite pagjat
koga novite poleka se ragjat i obozavas so e taka
no koga sum sam sred livada i vrne - togas istura
kapite sibat vrz mene , ne deka sum mokar, toa tolku ne smeta
nego neostavat nitu edno mesto nekazneto da dokazat deka nema kade da se sokrijam slicno kako vcera
slicno kako zavcera
koga vrne istura, misla koja se ragja posporo od samite kapki koi ne se kapki nego mlazovi i ti vikat , kade kade kje se skries
toj gore ako go ima me vide
me naceka vo nebrano
za da mi kaze ej milicok neli koga vrne togas istura, neli?
da



Изменето од anakin - 12.Јуни.2008 во 02:01
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2008 во 21:40
Ide bocko.
boc, boc,
lazi ko bube
laz, laz,
ne mu se plasi mnogu ti
oti milo e mnogu
iako ligav e malku,
ama gordeliv i ispraven
ko stolb od zname
na koj se ceka zastava
od kosa tvoja,
dur mumkas milo,
dur gugas i slatko se smees
nasmevka tvoja najubavo mi daruvas.
Mila li gletka
rascuteni pupki,
napupeni obrazi zadni,
a ja ke razdvojam i konecno
so tebe ke vladeam,
kako so carstvo od cokolada.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2008 во 18:11
Gusni me milo
i ne veli nisto sega,
solja so dusa moja
ispi ja ti sega
i spomni mi za vkusot,
dali seuste da zasladuvam treba.

Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2008 во 18:56



Изменето од filmadzijka - 26.Јули.2008 во 22:40
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2008 во 22:36

ЦРНИОТ КРУГ НА СУДБИНАТА (4)


               *************

                                             
          
          - Мрдната е! – колку да се утешат, и залепија етикета неповампирените во селото, а можеа ли да се утешат, можеа ли да го угасат тој оган со чии јазици беше опфатено сето нивно суштествување додека ја топеа во погледите како топка сладолед во слаткарницата на торбешот кога одеа в среда на пазар, па навратуваа во малата баракичка со натпис на влезот ШЕХЕРЗАДА , а над него до помали букви, СЛАТКАРНИЦА, за да си ја засладат намачената им селанска душа и, згора на тоа, сува и стутулена под чоените палта од жешкото сонце, со топки
сладолед од ванила и чоколадо и чаша студена боза и да понесат троа од алвата за дома...
          А можеа ли да се откажат од ниетот да испитаат колку навистина е тесна, и дали тој Горан, кој никој не го знаеше, само ноќе, кога ќе огрееше полна месечина, влегува во неа...
        - Мрдната е! – велеа и бараа оправдание пред самите себеси и си ја штитеа машкоста едни пред други, оти никој не сакаше јавно да признае дека ноќе таа му пика жешки гламји во постелата, па дури и оние кои беа ќердосани и имаа максмчиња што со извалкани муциња трчаа во крпениците на нивните постари братчиња или сестрички низ селото и зборуваа, особено оние на Кус Митре, како, ноќе, тато, кога ја легнувал мама, сскајки низ забите, бркал некакви ми ти вампири, „Вампири!“, имитираа децата на Кус Митре најубаво од сите деца во селото, стискајќи ги најсилно што можеа, до чкрипење, белите ниски во своите усти, такашто зборовите излегуваа како песните од кавалот на Мице Рогот, кого го викаа на слави или свечености ако домаќинот немаше начин како да ги набрка гостите, па остана меѓу селаните, и после неговото заминување на оној свет, изразот „Време е да ни засвири Мице Рогот“, кога ќе се заседнеа подолго, а на столчињата имаа некаква смола која не ги пушташе да си заминат секој по дома.
           „Вампири!“ се натпреваруваа децата на Кус Митре,кое посилно ќе чкрипи со забите и ќе собере повеќе суви пченкарни лисје во зборовите што пишеа излегувајќи низ белата стиска на валканите муциња, „Море, знам јас што е лекот – пиралка... Една добра пиралка!“, и ги вртеа муцињата буштравите главчиња, уште повеќе ако некој ги заденеше да имитираат, па тие како ги стискаа забите така вртеа и со главчињата, чиниш така посилно ќе биде чкриењето, а зборовите погласно ќе пиштат низ забите.
           Но имаа и некое фајде од неа, од штукнатата, овие неповампирените: лете, во честаците, во шаверот, во извишените пченки и во овоштарниците, тие, потпалени од штукнатата ги плашеа селските девојки, што си го чуваа тесното меѓу нозете за венчавка, дека ќе станат како онаа, од вампир ебаната, дека влакненцата околу тесното трње ќе им се сторат, дека наутро жилети ќе мочаат, оти вампирите кога влегувале, го правеле тоа преку душата, а не, и во никој случај низ тесното, ама семето вампирско секогаш го истурале во утробата и од него се оплодувале некои малечки суштества што имале расчаталени рокчиња што биле остри како жилети...   
        Девојките не сакале да бидат од вампир ебени.
        Која девојка сака влакненцата околу тесното трње да и се сторат, гаки да не може да облече, па така обезгаќена да ги собира пците околу себе.
        Н иедна девојка не сакаше наутро жилети да моча.
        Ако не првата, ако не втората, тогаш третата или четвртата ноќ белите момински бутови се расчаталуваа срамежливо во честаците, во шаверот, во високите пченки, во овоштарниците, а тесното ја почнуваше наизуст научената молитва на спасот: „Оооох, Оче наш, иже јеси на небеси, не дозволувај да бидам од вампир ебана!“, а колковите се креваат, се одлепуваат од тревата и молитвата се засилува: „Оооооооох, Богородичке, мајчичке, недавај влакненцата трње да ми ги стори нечастивиот!„, се разгоруваат честаците, шавероот, високите пченки, овоштарниците, од огнот што го блуваат ламјите меѓу моминските бутови побели и од млеко и од снег, „Ооооооооооооох, Свети Илија, Свети Трипуне, Света Огненамаријо“, бара спасение молитвата од сите домашни и увезени светци и спасители на душата, „ Оооооооооооооох, мили та премили, огнопалачи, буторасчаталувачи, колкокревачи – излезете од пеколот со спасение за душите што не сакаат да мочаат жилети наутро!“
        Некојси шутрак од селото, не го удрил своето име во книгата на сведоци кога идната пролет седум копилиња, тукушто донесени на свет, заплакале оти никогаш нема да ги запознаат своите вистински татковци.
        - Само во ума на шутрак може да се роди идеја да се повампири за да се увери во тоа од кое што сите се откажуваат! – коментираше Убав Стојан, магацинер во селската задруга и претседател на месната младинска организација, пред соселаните во кооперацијата со чоканче ракија во раката, - Само шутрак!, ќе повтореше по секое голткање од чоканчето и бришење на устата со ракавот, - Ебати гио шутракот, шутросан! Јазк што на факултет го пративме... Место ука да збере, тој умот на чавките го раздаде.Пу!
        Утрото, веднаш по ноќта на светецот Валентин, или на нашиот Трифун, таткото на шутракот лично, со истиот оној срп, со кој мајка му во истата штала го одвоила физички од себе, сечејќи му ја папочната врпца, го пресекол јажетошто висело оптегнато од тежината на телото на шутракот, во кое недостигала само неговата душа, на последната греда во шталата...

ПРОДОЛЖУВА...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2008 во 22:38

ЦРНИОТ КРУГ НА СУДБИНАТА (5)

Раскажуваше Убав Стојан, магацинерот во селската задруга и претседател на Младинската организација во селото, подгреан од греаната сливка за време ручекот, после погребувањето на шутракот, дека бил сведок кога, сега покојниот, а завчера пијан како летва Жиле Прцлов, влегол кај онаа, што мочала жилети наутро, влегол крадешкум по неа во шталата кога влегла да ги молзи кравите и и побарал да му дозволи да ја утврди вистината за тоа што се зборувало за неа низ селото, а ако кандиса, не знам што се не и таксал, ама таа и нему, како и на другите машки од селото му вратила дека само на повампирен можела да му ја исполни желбата, оти само така оној едикојси, кој и самиот бил повампирен, немало да ја забележи измамата, оти со повампирените тесното пак си останувало тесно.

          За убав Стојан, после неколку години се утврди дека е татко на три момчиња од копилињата, оти мајките на нивните петлиња го препознаа неговиот знак – петокрака ѕвезда со два поткршени крака. Можеби и некое од момичињата беше негова мајсторија, ама нели тие си немаат петлиња, па така ниедна мајка не беше сигурна во тоа.       

          Но пред да се утврди мајсторијата на Убав Стојан, односно татковството на трите момчиња од копилињата, во селото почнаа кравите да отелуваат телиња со глава на коза и ноза какви што имаат кучињата, а млекото што се молзеше од нив беше измешано со крв и мирисаше на мрша

          - Бела лажица не ќе видиме, ниту ние, ниту нашите деца!

          Убав Сојан коментираше као го видел една ноќ оној шутракот, но повеќе не го именуваше така, туку само Жиле Прцлов и со некое длабоко сочувство во итриот глас го изговараше целото негово име и презиме, го видел, велеше, и овој му се исповедал дека бадијала си ја ставил јамката околу вратот, оти онаа швркната пак не го пуштала да влезе во неа и како повампирен, па затоа им ги ебел кравите на селаните на полна месечина и затоа кравите ќе раѓале телиња какви што сега раѓале и млекото ќе им било помешано со крв и ќе корнело на мрша, се додека душата не му најде успокоение за жртвата што му ја принел на Амор, а тоа можело да се лучи само во креветот на онаа што имала трње место бунда околу тесното.

        Отпрвин никој не му веруваше.

        - Уште неа не ја преврте, изесник еден, па сега прикаски смислува! – зборуваа и селаните и селанките, а најгласно од сите родителите на девојките, односно дедовците и бабите на копилињата со петокрака со два скршени крака на нивните петлиња, ама ништо не можеа да сторат, оти Стојан беше фактор во селото, претседател на младинската организација, политички перспективен младинец, зад него стоеше партијата.       

        - Се врти како куче околу касапница околу куќата на Поп Тасеви, - се колнеа Блага Спирина и некои други сосетки на обвинетата.

        - Море, од катилштини зборува така!

        - Оти го погодил татко и мек човек, па измислува. Оти за мојата Васка такви прикаски не измислува? – ржеше и се дуваше Гого, даб од човек, за кого пред дваесеттина години во весникот на армијата пишувало дека некаде во некоја босанска планина, со своите пиралки – рачишта, задавил мечка. Подоцна се утврдило дека не било мечка, туку некое старо магаре, кое било оставено во планината волците да му ја докусурат староста, и така, чекајќи ги волците, се довлечкало до стражарското место на војникот Гого, кој во него, бидејќи била облачна ноќ, видел голема и страшна ѕверка и го задавил, ама нели на армијата и требале херои и во мирновременски услови, та каква ќе да е таа армија, меѓу најсилните во светот, ако нема херои рамни на хероите од митологијата, па вистината се премолче за јавноста и приказната си остана на тоа како што ја напиша новинарот на весникот на армијата.

        Сепак, тој Гого, со својата горостасна појава, беше страв и трепет во селото и сите му се иставуваа од патот.

        - Ама не смее! – се дуваше уште повеќе селскиот Титан, - Знае дека со ноктиве кожичкава ќе му ја слечам, како што на жаба копаните и ги соголувам, ако сака и секретар на партијата нека биде.

        - Море луѓе, а ако вајстина се повампирил шутракот? – најастарата жена во селото, некоја баба Грозда, слушала од нејзината баба уште како девојче на некои си десетина години, како во нивното село, а тоа село било некаде од другата страна на планината, од изгрејсонце страната, слушала за некое повампирено момче кое си ја барала наивната душа, иста како оваа на шутракот, ама душата била закована со чинки и само со други чинки можеле да ја ослободат од светот на живите. Со крв од химен на девица постара од шеснаесет години трбало да се премачка местото во кое била заточена душата и злото за три дена ќе исчезнело од селото...

       





Ќе продолжи....

          
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2008 во 15:22
...големо%20гушкање...
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2008 во 01:10
ne mi se veruje deka e napisano
zeleno, sino pa sareno
red potctan so dzish crveno

ne mi se veruje deka e nacrtano
od crno belo  oboeno
skinato i zamackano

ne mi se veruje deka e ispeano
tivko silno pa so hor oboeno
intonacija od dmol vo Gis , dzis

ne mi se veruje deka e izvajano
od papir, gips do merner
raspukano - vo dvor ostaveno


Изменето од anakin - 19.Јуни.2008 во 01:13
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2008 во 10:43
Моќ

Зборови брусени, зборови филигрански,
зборови од абонос, седеф и килибар,
Зборови како ретки скапоцености.

Здробени под тупаницата на молчењето.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2008 во 23:20
Kolku mili baknezi
za godini sive
niz lice ti minaa
i dali nekoj na mojot licese,
togas koga vo guzvata stoev
nastrana negde
kako da sum nastran
so race vo dzepovi
so pogled osuden
nekade pred mene daleku.
Ako nieden kako mojot ne bese
togas izneveren ne sum
makar i pomalku od metro edno
vo vrat da si disevte
proveruvajki dali e onoj
sto treba da dojdam
i da poseam
ubavina za oci i delo.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2008 во 14:01

“Kade e mojata speciajlistka?”... NE, denes ne e tuka… denes e samo zamenata tuka

 

Ne, denes ne mi e den kako i sekoj drug… denes go osekam toa… ja osekam nervozata vo mene, osekam deka…. se odalecuvam, se osekam kako nekoj presusen sunger, koj nema ni kapka voda vise vo nego sto bi mozel nekoj da iscedi… denes e eden od tie denovi, denovi koi ne gi sakam, denovi koga sum  vo misli, denovi koi me posetuvaat ne nekoi rabot koi ne gi sakam, denovi sto  ne sakam da gi imam, a sekoj mesec gi imam… vo vakvi momenti posakuvam da sum nevidliva, da mozam nekade nekoe ubavo mesto da si odberam i da uziva vo tisinata, vo prirodata , vo mirot…. Denovi kako denes ne gi sakam…. I ako nadvor sonceto gree, vo mene e oblacno i ladno… no znam… ke pomine i ovoj den … i utre pak ke gree sonceto vo mene….
 

Telefono zvoni, i me vraka vo realnosta… go slusam istiot glas.. koi mi veli:

“Kade e mojata speciajlistka?...”
NE, denes ne e tuka… denes e samo zamenata tuka....
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2008 во 20:31
Veseli sutovi i plamenogoltaci
skokaat okolu nas,
a nie kon planinata gore visoko
so kopnez gledame,
tamu kaj kolibata
srekni koga bevme.
Kade samo slaveite vo blizina ziveat
cija inspiracija dolgo bevme,
a nie ednistvena publika covecka
kade ehoto na nasite nasmevki
seuste ecat
i koga nekogas sam ke pojdam
seuste se slusaaat
tvoite zborovi
kako ecat
zosto planinata zapameti
kolku se sakavme
prasuvajki me zosto doagam sam.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.