|
Македонската репрезентација |
Внеси реплика | страница <1 2526272829 35> |
Автор | ||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
|
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Македонија - 79. фудбалска силаФудбалската селекција на Македонија на најновата ФИФА ранкинг листа забележа скок од две позиции за разлика од минатиот месец и сега се наоѓа на 79. позиција. Покрај фактот што во текот на минатиот месец нашите момци не одиграа ниту еден официјален или пријателски натпревар, сепак го подобривме и онака разочарувачкиот пласман. Нашиот следен противник, селекцијата на Камерун во Скопје ќе допатува со своите најголеми ѕвезди и со 43. место на светската фудбалска ранг листа со што може да се смета како апсолутен фаворит во дуелот со нашите момци. Од нашата квалификациска група за пласман на Европското првенство најдобро котира селекцијата на Русија, која има скок од една позиција и сега е 12-та. Словачка се наоѓа на 20-та позиција а Република Ирска е на 35. место. Пред нас уште е и Ерменија - 62. а место после нас на листата има само Андора која е на опашката како 202. светска сила |
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Васоски ќе се прости од националниот тим Дефанзивецот на Ајнтрахт Франкфурт Александар Васоски ќе добие плакета и дрес со бројот 33 на простувањето од македонската фудбалска репрезентација, што ќе се случи пред почетокот на пријателскиот натпревар со Камерун на 9 февруари (17.30ч.) на стадионот "Филип 2" во Скопје. |
||||||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Неуспешна контрола со КамерунМакедонската фудбалска репрезентација
претрпе минималне пораз од Камерун од 1:0 во пријателскиот дуел
реализиран вечерва на Националната Арена Филип Втори во Скопје. |
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Македонија од март на 82. место на ФИФА листата
Нашиот национален тим го очекува ново назадување на мартовската ФИФА ранг-листа која треба да биде објавена на 9 март. Според интернет порталите кои ги следат рејтинг пресметките, согласно утврдениот ФИФА ранкинг систем, македонската репрезентација во март ќе назадува три позиции, со 400 бодови сместувајќи се на 82. место, кој е еден од убедливо најлошите наши ранкинзи во последните десет години. Од март пред нас на ФИФА ранкинг листата ќе бидат и репрезентации од типот на Бенин, Јордан, Боцвана, Габон... Од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за пласман на Европското првенство 2012 во Полска и во Украина, Русија треба да биде на 13. место, Словачка на 22. позиција, Република Ирска на 34. место, Ерменија на 65. место и Андора стандардно на 202. позиција на ФИФА листата. Водечка и натаму, согласно пресметките, ќе биде Шпанија, пред Холандија, Германија, Аргентина и Бразил. Меѓу ТОП 10 светските репрезентации се уште и Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија и Грција |
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Само чудо ќе го спаси Јонуз
Дуелот со Република Ирска е последна шанса, но, најверојатно, и последниот меч за нашиот актуелен селектор
Повеќе трпение кон лошата игра, нарушената атмосфера и слабите резултати немаат ниту најблиските соработници на првиот човек на ФФМ па и самиот Хаџи-Ристески кај кого Јонуз ги има потрошено сите кредити. Резултатите се мерило за квалитетот и способноста и затоа Јонуз е ставен во мат позиција од која нема бегање. Ќе ја победи Република Ирска или ќе си ги пакува куферите и ќе го отстапи местото на некој друг...Мирсад Јонуз со помош на Хаџи-Ристески успеа да исплива во деновите на криза. На тој начин успеа да "купи" селекторски мандат уште неколку месеци, но сега бегање нема. Сега добива уште една, и тоа последна шанса, и тоа на 26 март, во Даблин и гостувањето на силната Република Ирска. Затоа само чудо може да го спаси актуелниот селектор на Македонија за кој и членовите на УО побараа отчет на следната седница која ќе се одржи по гостувањето кај "зелените". А Јонуз и во септември вети 6 бода со Андора и Русија, а освои само 3 и затоа сега не смее да загуби доколку сака да ја задржи функцијата барем уште неколку недели. Дека чашата е прелиена говори и саботниот состанок на УО во Прилеп каде е разговарано за слабите резултати на сите национални селекции. Загрижува и слободата, но и односот на селекторите кои до ова тело се уште немаат дадено отчет за работата. Така Јонуз стана селектор, а така и Бабунски се надеваше на нов мандат. Без програма - без цел. Дека ситуацијата е алармантна говори и податокот дека единствен селектор кој во ФФМ дава "рапорт" е Мите Митев, кој ги предводи аматерите. Останатите како Јонуз и Бабунски кои се "вечни" селектори во овој наш фудбал си земале толку голема слобода како да тие го измислиле фудбалот и како без нив да не се може. Но на се има граници, трпение и рок на употреба. Токму таквиот ноншалантен однос им се враќа по резултатите на споменатите селектори кои губат каде ќе стигнат и не се конк*рентни во квалификациите. Надежите со Бабунски го имаа еден од најслабите циклус зад себе и со кое право Бабунски бара нов мандат. Сениорите се посебна приказна која е позната на сите. Подобри сме само од Андора! Тоа е успехот на Јонуз кој со својата работа не врати многу години наназад. Оправдание нема затоа што тој 10 години е селектор и сето ова што се случува е само поради неговиот губитнички начин на работа. Никој досега не добил толку шанси како што Јонуз и Бабунски ги имаат во времето на Хаџи-Ристески. |
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Јонуз ги враќа Георгиевски и Грнчаров Откако ги изостави од последните пријателски натпревари со Албанија, Кина и Камерун, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз за претстојниот квалификациски меч со Ирска повторно ги повика Славчо Георгиевски и Бобан Грнчаров. Од стандардните ги нема Лазаревски, кој нема клуб и Тодоровски, кој тренира со вториот тим на српскиот прволигаш Рад. |
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Пандев:Во Даблин нема да биде лесно но одиме на победа!Македонската фудбалска репрезентација подготвена за изненадување ќе отпатува за Даблин на саботниот квалификациски натпревар со фаворизираната Ирска .
Селекторот Мирсад Јонуз познавајќи ги квалитетите на противникот ,денеска на прес конференција во Охрид порача - со малку среќа ќе се радуваме во Даблин . Ден пред заминувањето за Ирска нашиот капитен Горан Пандев од името на своите репрезентативни другари изјави - нема што да загубиме во Ирска , во Даблин одиме на победа ! Во видеото погледнете ги Пандев и Јонуз со прогнозите за натпреварот во Ирска |
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Македонија верува во чудо Победа е единствената опција за македонската фудбалска репрезентација на утрешниот квалификациски меч во Даблин, доколку тимот предводен од селекторот Мирсад Јонуз сака да продолжи да се надева дека ќе остане во борба за место што води на завршницата на ЕП 2012, во Полска и Украина. Освојување на три бода ќе биде речиси невозможна мисија за Македонија, ако се знае колку често репрезентацијата победува на гости во европски или светски квалификациски циклус. Македонската фудбалска експедиција вчера третпат допатува во Даблин, каде што утревечер (20.45 ч.) ќе се обиде да го поправи впечатокот од претходните две средби кога загуби со 0-3 и 0-1. |
||||||||||||||
the Carpenter
Нов член Регистриран: 26.Март.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 12 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Не знам што ќе биде, ама што и да биде нема да биде чудо. Со ваквите „изјави“ македонците си го тргаат притисокот од себе си, што е доста паметно, оти во Даблин не е срамота да се загуби, ама и победата или ремито не се толку „чудни“. И Ирска не е тоа што беше. А кога беше, пак имаше проблеми на „Градски“. Така да... :)
|
||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Одлично играт одамна не сум ги видел нашите момци со толкав посед на топка и тоа сред Даблин , респект...има потенцијал да одиме на победа во второто.
|
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
МАКЕДОНИЈА ГО ДОЖИВЕА И ТРЕТИОТ ПОРАЗ, НИШТО ОД ПРИКЛУЧОКОТ КОН ВРВОТ
Македонската фудбалска репрезентација го доживеа третиот пораз во квалфикациите за Европското првенство во 2012, што ќе се одржи во Полска и Украина, завршувајќи ги надежите со евентулен триумф, на половина од средбите во групата Б, да фати прикјлучок кон врвот. Во Даблин на „Авива“ стадионот Р. Ирска го обезбеди триумфот од 2:1, благодарение на двете грешки што ги направи голманот Един Нурединовски, при постигнувањето на двата гола на Ајден Мекгиди (2минута) и Роби Кин (21). По асистенцијата на Горан Пандев, Иван Тричковски (45) во самиот финиш на првото полувреме погоди за 2:1 и ја врати неизвесноста на средбата. Сепак до тоа не дојде, иако во второто полувреме, најпрвин Пандев (48) можеше да израмни, а потоа и Тричковски (75) не го погоди пенал-зицерот, кога излезе сам пред голманот Кирен Вествуд. Резултати 5. коло, „Б“ група: Ирска - Македонија 2:1 Ерменија - Русија 0:0 Андора - Словачка 0:1 Табела: 1. Словачка 10 бодови 2. Русија 10 3. Р.Ирска 10 4. Ерменија 8 5. Македонија 4 6. Андора 0 |
||||||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Коментаторот кажува "И со овој порак пак ќе сме зад водечката четворка"
Џоа ова некоја национална лига е со 20 тимови па зад првите 4 сме |
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Толку ни е силата Јонуз заборави дека пред квалификациите тој најмногу ја подгреваше атмосферата и ветуваше дека ќе бидеме подобро пласирани од за нас веќе судбинското четврто место. Специјално од Даблин: Тони Зографски |
||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 2526272829 35> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |