Македонската репрезентација
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фудбал
Опис на форумот: Лига на шампиони, првенства, репрезентации...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=5567
Датум на принтање: 11.Декември.2024 во 20:09 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Македонската репрезентација
Постирано од: Ghost
Наслов: Македонската репрезентација
Датум на внесување: 09.Ноември.2006 во 02:10
Овдека може да разговараме ама баш постојано за нашата репрезентација, без разлика дали се работи за квалификации за еуро или светско, или пак се работи за пријателски утакмици, нашата репрезентација заслужува да има своја тема во која секогаш ке разговараме за нејзините успеси или неуспеси... Па повелете
------------- MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
Коментари:
Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 09.Ноември.2006 во 02:12
На ред е утакмицата помеѓу Македонија - Русија, која не само меѓу македонците, туку и пошироко дава мислење дека токму овој натпревар ќе одлучи за некое од високите места во оваа група за време на зимскиот одмор (во квалификациите за Еуро)
------------- MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
Постирано од: maja
Датум на внесување: 09.Ноември.2006 во 09:29
Tocno taka ovoj natprevar pomegju Makedonija-Rusija ke odluci na koe mesto ke sme na tabelata se do pocetokot na novite natprevari naprolet, iako jas veruvam so ovoj sostav osobeno so ovoj selektorov Makedonija vetuva nesto poveke od minatite godini.
------------- [IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 26.Мај.2008 во 18:13
Prijatelska: Makedonija - Polska 20:30 sat.
utakmicata se igra vo germanija...
Napred Makedonija
-------------
|
Постирано од: alan ford
Датум на внесување: 26.Мај.2008 во 18:20
[QUOTE=Vardar1947] Prijatelska: Makedonija - Polska 20:30 sat.
utakmicata se igra vo germanija...
Napred Makedonija [/QUOTE
ke ima nekade direkten prenos?
------------- I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 26.Мај.2008 во 18:27
na sitel ke ima.
http://www.sitel.com.mk/?ItemID=D1B5A6B01C30B244B99C155C78E3197D - http://www.sitel.com.mk/?ItemID=D1B5A6B01C30B244B99C155C78E3197D
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 26.Мај.2008 во 22:01
70min Makedonija - Polska 1-0
strelec: 45min Robert Petrov
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 26.Мај.2008 во 22:02
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 26.Мај.2008 во 22:18
Makedonija - Polska 1-0
strelec: 45min Robert Petrov
82min primivme gol od penal!!!
-------------
|
Постирано од: alan ford
Датум на внесување: 27.Мај.2008 во 00:23
Makijaveli напиша:
[QUOTE=Vardar1947] Prijatelska: Makedonija - Polska 20:30 sat.
utakmicata se igra vo germanija...
Napred Makedonija [/QUOTE
ke ima nekade direkten prenos? |
tipuvav 2 - pobeda za MAKEDONIJA,,,ali samo srekjata gi spasi fudbalerite na Polska od poraz...izgubiv parite ali ne mi e krivo..nemame osven PANDEV zvucni iminja vo reprezentacijata..ali zaroa imame timski duh,pozrtvovani momci,zrela TIMSKA igra..i udste sega sum sgure deka vo nasata "Skandinavska" grupa za kvalifikaciite na Sa vo Juzna Afrika 2010 ke bideme prvi....Makedonijo spremaj se Mundijalot 2010 godina...a za bednite Poljaci..sto da kazam..morase da im se dosudi penal vo samiot finish,za da ne zagubat.....pih..se isporaduvaa,nebare mislish stanale kontinentalni prvaco..uste ednas bravo nashi...E VAKA SE BRANI IMETO NA MAKEDONIJA !!!
P.S.FT Poland [1 - 1] Rep. of Macedonia
45' [0 - 1] R. Petrov
83' [1 - 1] R. Matusiak (pen.)
------------- I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 01.Јули.2008 во 17:12
Новески три години во Штутгарт!?
* Стоперот доцна синоќа беше на финални преговори со познатиот тим од Германија
Во летниот преоден рок Николче Новески заедно со познатиот голман Јенс Леман треба да бидат најголемите засилувања во одбраната на Штутгарт. Нашиот репрезентативец доцна синоќа требаше да го комплетира својот трансфер во екипата од "Готлиб Дајмлер" која прифати да плати отштета од 1.5 милиони евра за дефанзивецот на Мајнц.
Репрезентативецот се најде во тесно затоа што до синоќа му истекуваше рокот од Мајнц за трансфер па затоа конечната одлука требаше да биде донесена околу полноќ. Според наши извори Новески ќе потпише договор на три години со тимот кој пред две сезони ја освои титулата во Бундес лигата. Станува збор за еден од најголемите трансфери на наш фудбалер во Германија. Новески оди по стапките на Митко Стојковски и Срѓан Захариевски кои во минатото беа членови на популарните "шваби".
Наши извори потврдуваат дека Новески синоќа бил на преговори и лекарски прегледи во Штутгарт и дека комплетниот трансфер бил чуван во голема тајност од медиумите. Упорноста на Штутгарт за потписот на Новески трае цела година. Нашиот фудбалер летово беше поврзуван со многу други екипи но неговата сентименталност кон Мајнц беше главната причина поради која тој не сакаше да се раздели со тимот во кој мина четири сезони.
Пред да ги прифати преговорите со Штутгарт нашиот фудбалер им кажа не на англиските Бирмингем, Ипсвич но и на германските Борусија Мехенгладбах и Ајнтрахт Франкфурт. Според весникот "Кикер" тој лани беше најдобриот дефанзивец во Втората Бундеслига но неговиот клуб не успеа да направи кам-бек во елитата на Германија.
-------------
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 01.Јули.2008 во 17:30
pa dokolku e ova vistina toa e golema rabota za nikolce a i za mak fudbalot a isto taka toj so prikazanite igri go zasluzuva ovoj transfer....so sreka neka mu e...
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Eli
Датум на внесување: 02.Јули.2008 во 21:20
Ja pa procitav deka gi odbil..
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 02.Јули.2008 во 22:02
izgleda gi odbil, ke ima golema konk*rencija so Meira i Delpierre na negovata pozicija...
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 03.Јули.2008 во 17:03
ФУДБАЛ - МАКЕДОНИЈА ВО ВЕЧЕРЕН ТЕРМИН ЌЕ ГИ ПОЧНЕ КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП 2010
Градски ќе блесне за Шкотска и за Холандија
Спорт 5 кој ги поседува ТВ-правата ќе обезбеди монтажни рефлектори со кои почетокот за средбите на 6 и 10 септември ќе се помести на 20.45 часот
Градски во септември ќе биде осветлен со 1.200 лукса
Градскиот стадион во Скопје ќе блесне за септемвриските квалификациски натпревари од СП 2010, на кои Македонија ќе им биде домаќин на Шкотска и Холандија. Дополнителната светлина до 1.200 лукса што е потреба за одигрување еден фудбалски натпревар, по уривањето на северната трибина и рефлекторите од таа страна, со монтажни рефлектори ќе ја обезбеди имателот на ТВ-правата, германската компанија „Спорт 5“. Средбите од 9. квалификациска група со Шкотска и со Холандија, на кои Македонија ќе биде домаќин се закажани за 6 и 10 септември, а време за почеток ќе биде 20.45 часот. Овие средби првично ФФМ ги најави да се играат во дневен термин од 17 часот откако беа урнати рефлекторите од северната страна. Овој термин беше несоодветен за актерите, но и за „Спорт 5“, кој треба да ги продава ТВ-правата.
- По дводневното скенирање на ситуацијата на Градскиот стадион од страна на луѓето од „Спорт 5“ дополнителното осветлување е изводливо. Тоа е убавата вест за која деновиве ќе треба да ги известиме двете федерации, чии репрезентации ќе треба да ни гостуваат во Скопје, бидејќи првобитно беа запознати со ситуацијата на нашиот стадион и одигрувањето на натпреварите во дневен термин - вели Никола Костов, генералниот секретар на ФФМ. За реализација на квалификациските натпревари во вечерен термин со монтажни рефлектори, ФФМ доби согласност и од јавното претпријатие што стопанисува со Градскиот стадион.Претставниците на Шкотска, чија репрезентација премиерно ќе гостува во Македонија, досега двапати беа гости на ФФМ за да го организираат своето гостување. Шкотите најавија дека во Скопје ќе имаат и поддршка од околу 2-3 илјади свои навивачи. Со оглед дека северната трибина е во изградба, а на трибините зад головите го нема тој капацитет, дополнително ќе се разговара за сместувањето на гостите и можноста да го проследат натпреварот. Првичната најавена бројка за навивачи од Шкотска кои ќе допатуваат во Скопје може да биде и многу поголема. Затоа во договор со гостите, но поучени од убавите искуства од штотуку завршеното ЕП, ја разгледуваме можноста да организираме фан-зона на градскиот плоштад. Шкотските навивачи се мирољубиви и бараат само да има доволно пиво - додава Костов. Организирано следење на натпреварите на голем видеобим во Скопје беше направено во 2002 година, кога женскиот македонски ракометен првак Кометал Ѓорче Петровиграше во финалето за европската титула против австрискиот Хипо.
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 08.Јули.2008 во 16:54
НАШАТА "А" СЕЛЕКЦИЈА ПРЕД НАОЃАЊЕ НА ПРОТИВНИК ЗА ПРИЈАТЕЛСКА СРЕДБА
Во август гостуваме на Луксембург!?
Нашата сениорска репрезентација е пред наоѓање на противник за испразнетиот термин за пријателски средби во август, пред квалификациските мечеви со Шкотска и Холандија во Скопје. Според информациите, најверојатно на 20 август ќе и гостуваме на репрезентацијата на Луксембург. Оваа селекцијата позитивно одговорила на понудата на нашата фудбалска федерација за одигурвање на дуел, па така се поизвесно е дека ќе ги одмериме силите со оваа мала државичка.
И нашиот селектор Среќко Катанец го посакувал Луксембург за противник, иако и Ерменија и Албанија беа како можни противници за августовскиот термин. Словенецот дури инсистирал мечот да го одиграме на гостински терен.
До сега Македонија никогаш ги нема одмерено силите со оваа селекција која важи за една од насјлабите во Европа.
-------------
|
Постирано од: IceshooteR
Датум на внесување: 09.Јули.2008 во 12:15
Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 19.Јули.2008 во 15:15
MKD ZASEKOGAS [/IMG]
|
Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 15:33
Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 15:34
------------- 1 Година верен форумџија
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 22.Јули.2008 во 18:06
RABOTNICKI - inter baku 1 : 0
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 23.Јули.2008 во 13:01
Rabotnicki 1-1 INTER Baku
------------- 1 Година верен форумџија
|
Постирано од: KUKOC7
Датум на внесување: 24.Јули.2008 во 15:58
http://www.transfermarkt.de/de/nationalmannschaft/5148/ejrmazedonien/uebersicht/startseite_sort_rn.html - # |
http://www.transfermarkt.de/de/nationalmannschaft/5148/ejrmazedonien/uebersicht/startseite_sort_n.html - Name / http://www.transfermarkt.de/de/nationalmannschaft/5148/ejrmazedonien/uebersicht/startseite_sort_pos.html - Position |
http://www.transfermarkt.de/de/nationalmannschaft/5148/ejrmazedonien/uebersicht/startseite_sort_mw.html - Marktwert |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/12563/goranpandev/profil.html - Goran Pandev |
Sturm, 25 Jahre | |
18.000.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/1139/nikolcenoveski/profil.html - Nikolce Noveski |
Abwehr, 29 Jahre | |
2.500.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/26987/aleksandarvasoski/profil.html - Aleksandar Vasoski |
Abwehr, 28 Jahre | |
2.500.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/16550/velicesumulikoski/profil.html - Velice Sumulikoski |
Mittelfeld, 27 Jahre | |
2.200.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/15104/igormitreski/profil.html - Igor Mitreski |
Abwehr, 29 Jahre | |
1.800.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/6959/petarmilosevski/profil.html - Petar Milosevski |
Torwart, 34 Jahre | |
1.500.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/15070/goranmaznov/profil.html - Goran Maznov |
Sturm, 27 Jahre | |
1.500.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/26297/robertpopov/profil.html - Robert Popov |
Abwehr, 26 Jahre | |
1.000.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/46826/gocetoleski/profil.html - Goce Toleski |
Sturm, 31 Jahre | |
1.000.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/29760/vladelazarevski/profil.html - Vlade Lazarevski |
Abwehr, 25 Jahre | |
900.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/24625/gocesedloski/profil.html - Goce Sedloski |
Abwehr, 34 Jahre | |
850.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/14857/vlatkogrozdanoski/profil.html - Vlatko Grozdanoski |
Mittelfeld, 25 Jahre | |
800.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/22753/ivantrickovski/profil.html - Ivan Trickovski |
Sturm, 21 Jahre | |
800.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/2872/aleksandarmitreski/profil.html - Aleksandar Mitreski |
Abwehr, 27 Jahre | |
750.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/26984/darkotasevski/profil.html - Darko Tasevski |
Mittelfeld, 24 Jahre | |
750.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/5008/ilconaumoski/profil.html - Ilco Naumoski |
Sturm, 25 Jahre | |
650.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/19721/goranpopov/profil.html - Goran Popov |
Abwehr, 23 Jahre | |
650.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/46108/zoranbaldovaliev/profil.html - Zoran Baldovaliev |
Sturm, 25 Jahre | |
500.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/27866/igorjancevski/profil.html - Igor Jancevski |
Mittelfeld, 33 Jahre | |
400.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/32014/robertpetrov/profil.html - Robert Petrov |
Abwehr, 30 Jahre | |
400.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/42438/mariodjurovski/profil.html - Mario Djurovski |
Mittelfeld, 22 Jahre | |
400.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/32042/acostojkov/profil.html - Aco Stojkov |
Sturm, 25 Jahre | |
350.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/24233/tomepacovski/profil.html - Tome Pacovski |
Torwart, 26 Jahre | |
300.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/50747/artimpolozani/profil.html - Artim Polozani |
Mittelfeld, 26 Jahre | |
300.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/29245/miroslavvajs/profil.html - Miroslav Vajs |
Abwehr, 29 Jahre | |
250.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/18599/vancotrajanov/profil.html - Vanco Trajanov |
Mittelfeld, 29 Jahre | |
250.000 € |
|
|
http://www.transfermarkt.de/de/spieler/54525/jordangeorgievski/profil.html - Jordan Georgievski |
Torwart, 27 Jahre | |
225.000 € |
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Јули.2008 во 16:04
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 16:02
МАКЕДОНСКИОТ СЕЛЕКТОР ДОАЃА НА ДОГОВОРИ ЗА АВГУСТОВСКИОТ НАШ СОБИР
Катанец утре во Скопје
Македонскиот селектор Среќко Катанец утре треба да допатува во Скопје на нови договори со останатите членови на стручниот репрезентативен штаб пред нашиот августовски собир и пријателскиот дуел со Луксембург.
Според информациите од ФФМ Словенецот својот еднодневен престој ќе го искористи за финализирање на деталите околу нашето патување на 20 август, а можно е да реализира и средба со медиумите.
Нашиот национален тим на 20 август со Луксембург ќе ја има генералната проверка пред стартот на септемвриските квалификации за пласман на СП 2010 во Јужна Африка. На 6. септември нашите најдобри фудбалери на "Градски" од 15:30 часот ја пречекуваат Шкотска, додека на 10. септември, исто така во Скопје, играме со Холандија од 20:30 часот.
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 14:08
Македонија две места напред
* Нашата репрезентација сега со 548 бодови е на 54. место на ФИФА листата
Македонската репрезентација напредуваше за две места на најновата августовска ФИФА листа објавена вчера, па во моментов е на 54. место меѓу 207 национални рангирани тимови.
Нашиот национален тим има 548 бодови на своето конто во пресрет на пријателскиот натпревар со Луксембург на 20 август. Од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за пласман на СП 2010 во Јужна Африка, најдоброрангирана е Холандија, која е на 4. позиција, Шкотска е на 16. место, додека Норвешка на 29. место со 778 бодови. Единствената послаборангирана селекција од Македонија во групата, Исланд е на 97. место.
На врвот и натаму водечка е Шпанија, пред Германија и Италија. Најголем напредок од Топ 10 репрезентациите има Хрватска, која сега е на 5. место.
ФИФА ЛИСТА - Август 2008
1. Шпанија 1557 (0)
2. Германија 1343 (+1)
3. Италија 1320 (-1)
4. Холандија 1299 (+1)
5. Хрватска 1282 (+2)
6. Бразил 1242 (-2)
7. Аргентина 1219 (-1)
8. Чешка 1146 (0)
9. Португалија 1122 (0)
10. Русија 1023 (+1)
12. Франција 1012 (-2)
13. Турција 1010 (+1)
14. Англија 1003 (+1)
16. Шкотска 988 (0)
17. Бугарија 930 (0)
29. Норвешка 778 (+2)
34. Србија 749 (+1)
54. МАКЕДОНИЈА 548 (+2)
74. БиХ 448 (0)
77. Словенија 446 (+4)
97. Исланд 369 (+1)
* Во заградата е промената на местото во однос на јулскиот ранкинг
Катанец ги договара деталите
Македонскиот селектор Среќко Катанец од вчера во Скопје ги договара деталите околу настапот на нашата репрезентација на пријателскиот натпревар со Луксембург на 20 август.
Денеска Катанец на средбата со медиумите треба да го соопшти и списокот на репрезентативци, без некои поголеми изненадувања, за дуелот со Луксембург. Собирот на националниот тим ќе биде на 18 август директно во Луксембург каде и ќе се игра средбата.
-------------
|
Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 23:39
sekogas albancite bile najdobri futbaleri
i sega najdobrite ne gi povikuav samo zs su albanci
pr ertan demiri
nderim nexipi
i drugi
-------------
|
Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 23:52
Red`Black напиша:
sekogas albancite bile najdobri futbaleri
i sega najdobrite ne gi povikuav samo zs su albanci
pr ertan demiri
nderim nexipi
i drugi |
па нека си одат они во албанска репрезентација
------------- OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
|
Постирано од: KUKOC7
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 10:44
Red`Black напиша:
sekogas albancite bile najdobri futbaleri
i sega najdobrite ne gi povikuav samo zs su albanci
pr ertan demiri
nderim nexipi
i drugi |
Vakva dezinformacija ne ti trebaseeeeee definitvnooooo znaci od sekogas koj i da bil dobar fudbaler od Albanska nacionalnost igral za reprezentacija....znaci pocni od legendarniot Nedzmedin Memedi, pa tuka e Zverot Artim Sakiri,pa i Argent Bekiri koa bese najdobra strelec igrase vo reprezentacija.... toa se samo del... a ke ti nabrojam uste!!!
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 12:19
Red`Black напиша:
sekogas albancite bile najdobri futbaleri
i sega najdobrite ne gi povikuav samo zs su albanci
pr ertan demiri
nderim nexipi
i drugi |
koj se najdobri?
edino sto se dobri se Nedzipi i Sakiri....
momentalno ne gledam albanec sto moze za nas da igra osvem nedzipi. Sakiri e veke star...
-------------
|
Постирано од: superboy
Датум на внесување: 09.Август.2008 во 12:41
Македонската репрезентација е ОК.Мислам дека треба нови играчи.Нема заинтересирани за играње фудбал туку само за обложување.
------------- Работата го краси човекот а мрзата го гнаси.
|
Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 18:02
Vardar1947 напиша:
Red`Black напиша:
sekogas albancite bile najdobri futbaleri
i sega najdobrite ne gi povikuav samo zs su albanci
pr ertan demiri
nderim nexipi
i drugi |
koj se najdobri?
edino sto se dobri se Nedzipi i Sakiri....
momentalno ne gledam albanec sto moze za nas da igra osvem nedzipi. Sakiri e veke star... |
pa ima uste stotina
sto igrat u evropa a se od makedonija
pr Blerim Dzemaili
koj igra za selekcija na Svajcarija
a e od tetovo
i toj rekol igram za svajcaria zs mak. reprezentacija ne se interesiral za mene
toj ima 20 godini i igra za prviot tim
zar ne vredi ovoj da igra za Makedonska reprezentacija /??
-------------
|
Постирано од: ristosko
Датум на внесување: 13.Август.2008 во 00:33
mislam deka imame dobra reprezentacija i se nadevam deka ke morame da obezbedim plasman, ova nai go sakam, makedonija na svetsko pravenstvo
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 13.Август.2008 во 17:10
Red`Black напиша:
Vardar1947 напиша:
Red`Black напиша:
sekogas albancite bile najdobri futbaleri
i sega najdobrite ne gi povikuav samo zs su albanci
pr ertan demiri
nderim nexipi
i drugi | koj se najdobri? edino sto se dobri se Nedzipi i Sakiri.... momentalno ne gledam albanec sto moze za nas da igra osvem nedzipi. Sakiri e veke star... |
pa ima uste stotina
sto igrat u evropa a se od makedonija
pr Blerim Dzemaili
koj igra za selekcija na Svajcarija
a e od tetovo
i toj rekol igram za svajcaria zs mak. reprezentacija ne se interesiral za mene
toj ima 20 godini i igra za prviot tim
zar ne vredi ovoj da igra za Makedonska reprezentacija /?? |
Iskreno da ti kazam edino toj sto vredi od site albanci sto se vo stranstvo....ali jbg se odluci za svajcarija...
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 13.Август.2008 во 17:12
КАПИТЕНОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ ВЕРУВА ДЕКА ПРЕСТОЈНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ СЕ КОНЕЧНА МОЖНОСТ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДА ГО КАЖЕ ВИСТИНСКИОТ ЗБОР
СП 2010, шанса за оваа генерација
*"Триумф над Луксембург добро ќе ни дојде за генерално да се создаде пеколна атмосфера за септемвриските дуели со Шкотска и со Холандија", посочува Гоце Седлоски
Луксембург е само попатна станица до она што сите љубители на фудбалот желно го очекуваат. А тоа е стартот на квалификациите за СП во Јужна Африка во кои ние ги пречекуваме во Скопје, Шкотска (6 септемеври) и Холандија (10 септември). Контролата со Луксембург (20 август) ќе биде своевидна увертира за она позначајното, а тоа е, како што веќе посочивме, стартот на квалификациите.
Гоце Седлоски и во овие квалификации ќе биде еден од нашите најголеми адути, со своето искуство веруваме дека ќе даде свој придонес во, се надеваме, успехот со Шкотска и Холандија, кој конечно треба да го овозможи нашиот пат кон и резултатски успешни квалификации и место на СП 2010 во Јужна Африка.
"Тоа е нашата желба и тоа е нашата надеж", вели без размислување и Гоце Седлоски. "Но, дали така ќе биде, ќе зависи од стартот. Ако тука добро минеме, тогаш имаме шанси за добар пласман во нашата група", дополнува столбот на нашата одбрана со нескриен оптимизам очекувајќи од целокупната домашна јавност многу повеќе верба во сопствените квалитети.
"Не треба да гледаме со потценување кон нашите можности, оваа селекција веќе долго време игра заедно и има добар потенцијал. Треба повеќе да се цениме себеси. Јас како капитен ветувам дека и натаму секогаш репрезентативците ќе го даваат максимумот".
Пред септемврискиот квалификациски старт, сепак нашиот национален тим го очекува најпрво "тест" дуелот со Луксембург...
"Нашите мисли се кон септември, но се разбира дека треба добро да се 'одработи' и пријателската со Луксембург. Нема да ја потцениме оваа селекција, и затоа се надевам на добра игра и победа во Луксембург. Тој триумф добро ќе ни дојде да направиме добра атмосфера пред Шкотска и Холандија и со 100% од своите сили да 'влеземе' во овие квалификации. Нам добро ни оди на пријателските средби, ретко губиме, не се ни сеќавам кога последен пат ни се случило на ваквите мечеви да бидеме поразени, но ако мене ме прашате јас би сакал да биде спротивно, на пријателските да губиме а во квалификациите да победуваме", низ шега коментира нашиот капитен.
Задоволен со три бода на стартот
И капитенот нешто слично како и селекторот Среќко Катанец вели дека мора да се освојат најмалку три бода на средбите со Шкотска и Холандија.
"Ги читав последните изјави на Катанец за она што н$ очекува во септември. И јас би бил задоволен најмалку со три бода од овие две средби. Според мене нашата шанса е во првиот меч со Шкотска кога иако играме во лош термин (15 часот) мислам дека имаме добри шанси за победа. Се разбира дека оваа селекција мора да се респектира, но ние играме дома, играме пред нашата публика пред која сме покажале дека с$ е можно", вели капитенот.
Матерсбург утре стартува во Купот
Тимот на Седлоски и Наумоски утре стартува во националниот Куп на Австрија. Ривал е тимот на Линц, а мечот ќе се игра во Линц. Нема да има реванш, победникот од овој меч ќе се пласира во 2. коло.
"Ждрепката сакаше да бидеме гости во 1. коло. За разлика од минатите сезони (2006 и 2007 Матерсбург играше во финалето) во оваа амбициите не се така големи во Купот на Австрија. Имаме осетно подмладен тим и оваа сезона ќе се бориме за што подобар пласман. Сепак, во Купот можни се изненадувања и јас и Наумоски, најверојатно, ќе играме на утрешниот меч и се надевам на добар резултат", дополни Седлоски.
СЕЛЕКТОРОТ НА ЛУКСЕМБУРГ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСКИОТ ДУЕЛ СО НАШАТА СЕЛЕКЦИЈА
Со двајца интернационалци против Македонија
Селекторот на репрезентацијата на Луксембург, Гу Хелерс, го соопшти списокот на фудбалерите на кои ќе смета за пријателскиот натпревар со нашиот национален тим кој на 20 август се игра во Луксембург.
Очекувано селекцијата составена од фудбалери од домашното првенство, а дополнета со двајца интернационалци, дефанзивецот Џеф Штрасер член на францускиот второлигаш Мец, и фудбалерот од средниот ред на норвешкиот второлигаш Конгсвингер, Ларс Герсон.
Останатите 19 фудбалери кои се повикани главно се од домашните клубови Дуделанж, Ецела, Фола, Гревенмахер...
Составот на репрезентацијата на Луксембург: Алвес Да Мота (Дуделанж), Боси (Фола), Божиќ (Гревенмахер), Кастелани (Румеланж), Фереира (Ецела), Гејбуш (Фола), Герсон (Конгсвингер, Нор), Хофман (Ецела), Јоаким (Диферданж 03), Концигер (Диферданж 03), Китенге (Фола), Левек (Ецела), Мартино (Расинг), Обервејс (Гревенмахер), Пајал (Дуделанж), Петерс (Јенус), Плеин (Ецела), Рајтер (Ецела), Саграмола (Јенус), Шолер (Каерјенг), Штрасер (Мец, Фра).
Натпреварот со Луксмебург на 20 август, со почеток од 20 часот го играме на стадионот "Бартел".
12.000 Шкоти во "трка" за 1000 билети
Комплетната Источна трибина од "Градски" за квалификацискиот натпревар со Шкотска на 6 септември е резервирана за 1000 навивачи од Островот.
Меѓутоа, со оглед на тоа што до Шкотската фудбалска федерација веќе се пристигнати 12.000 барања за билети, наредниве денови со помош на случаен компјутерски избор ќе бидат избрани 1000 патници за Македонија.
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 18.Август.2008 во 19:38
НАШАТА НАЈДОБРА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДЕНЕСКА ПОЧНУВА СО МИНИ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА КОНТРОЛАТА СО ЛУКСЕМБУРГ, УВЕРТИРАТА ПРЕД СЕПТЕМВРСКИОТ СТАРТ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП 2010
Се местат коцките за Шкотска...
*"Луксембург би требало да биде последна проверка на нашите можности пред она што сите со нетрпение го очекуваме, прво дуелот со Шкотска (06.09) а потоа и Холандија (10.09) на Градски во Скопје" вели Дарко Тасевски
Луксембург ќе биде последната проверка на нашите можности пред стартот на квалификациите за СП 2010 во Јужна Африка кој за нас почнува во септември кога дома на свој терен ги пречекуваме прво Шкотска (06.09) и Холандија (10.09). Можеби нашиот селектор Среќко Катанец посакуваше поквалитетен ривал (тоа го кажа на последното дружење со новинарите во Скопје) но Луксембург е убава шанса со победа и во далеку подобра атмосфера го дочекаме првиот меч со Шкотите на нашиот најголем стадион.
Контролата со селекцијата на Луксембург ќе биде четврти пријателски меч во оваа 2008 година, во која немаме пораз, но исто така немаме ниту победа. Во февруари во Скопје со Србија беше 1:1, во март во Зеница на гостувањето во БиХ против Босанците одигравме 2:2 и во Штудгарт (Германија) во мај непосредно пред ЕП со Полска ги одмеривме силите, а тој дуел заврши исто така нерешено 1:1.
Значи Луксембург ќе биде можност и за прв триумф во оваа година на репрезентативен план. Триумф кој на избраниците на Катанец и тоа како добро ќе им дојде за првиот дуел во нашата 9. квалификациска група.
"Луксембург според мене е ривал по мерка за она позначајното што ќе се случува во септември. Овој натпревар би требало да биде последна проверка на нашите можности пред дуелот со Шкотска, а потоа и Холандија. Убава увертира, ривал кој може да се победи, па затоа велам дека оваа увертира ќе биде одлична можност за што подобро воигрување, за подигнување на репрезентативната форма за стартот на квалификацииите" вели Дарко Тасевски нашиот репрезентативен играч за врска и член на бугарскиот клуб Левски Софија.
Инаку, Тасевски синоќа имаше натпревар во бугарскиот шампионат па затоа денеска околу 13-14 часот (значи со мало незначително задоцнување) ќе се појави во нашата база во хотелот "Новотел" во Луксембург.
"Собирот ќе го искористиме за да се видиме по речиси два месеци пауза. Навистина жалам за отсуството на Ертан Демири и Ванчо Трајанов. Ќе беше уште поубаво ако сите можеа да се јават на повикот на селекторот Катанец, на собирот кој исто така ќе го искористиме за подигнување на атмосферата на највисоко можно ниво зошто јасно дека истата е неопходна за така големи средби како што се оние со Шкотска и Холандија", продолжува Тасевски.
Кога сме кај Демири и Трајанов, кои откажаа поради повреда на првиот и поради сообраќајната несреќа на вториот, јасно е дека Катанец и да сака не може да експериментира во средниот ред на мечот со Луксембург. Имено, тој ги има на располагање само Тасевски, Шумуликоски, Положани и Гроздановски, кои ќе мора да ги одиграат сите 90 минути на контролата со Луксембург.
Тасевски се осврна и на претстојните квалификации, на нашите шанси во 9. група во која покрај Македонија се уште и Холандија, Шкотска, Норвешка и Исланд.
"И јас се согласувам како и останатите мои колеги дека стартот е најважен, особено првиот меч со Шкотска. Ако тука успееме да ја совладаме силната селекција на Шкотска тогаш со далеку поголеми мотиви и амбиции ќе 'влеземе' на вториот меч кој н$ очекува за само четири дена, со Холандија, која објективно е најголем фаворит на хартија во нашата група. Со три од бода од првиот меч с$ е можно со Холанѓаните. Искрено јас посакувам, очекувам четири стартни бода во септември. Можеби звучи нереално или премногу оптимистично, но играме дома, а кога на 'Градски' трибините се полни и ја добиеме поддршката од нашата публика реков дека с$ е можно. Во случај да биде спротивно, ако на стартот 'киксираме' со два порази тогаш реално с$ ќе биде готово. За нас ќе завршат квалификациите уште пред да почнат. Сепак, има време до септември, со мислите сме на она што ќе се случува в среда со Луксембург", заврши Тасевски.
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР
ЛУКСЕМБУРГ - МАКЕДОНИЈА
(20.08.2008) среда
Почеток: 20:00 часот
Стадион: "Бартел" во Луксембург.
НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ВО САБОТАТА НАВЕЧЕР ИМАЛ СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА НА АВТОПАТОТ БУРГАС - СОФИЈА
Трајанов повреден во "сообраќајка"!
Нашиот интернационалец во дресот на бугарскиот прволигаш Черноморец (Бургас) Ванчо Трајанов, во саботата навчер имал сообраќајна несреќа. На автопатот Бургас - Софија на неговото возило му пукнала гумата, притоа добил повреди во пределот на градите и уште неколку поситни повреди како последица на "сообраќајката. Откако бил пренесен во болница врз него биле направени и дополнителни прегледи со цел да се утврди дали има уште некои други повреди, евентуално скршено ребро и слично. И покрај повредите нашиот репрезентативец се чувствувал добро, неговата психо-физичка состојба била стабилна и се надева дека нема да има никакви дополнителни проблеми. Инаку, Трајанов патувал за Софија од каде требало да отпатува за Луксембург каде што денеска требаше да се јави на прозивката на селекторот Среќко Катанец за пријателскиот меч со Луксембург в среда.
По ова воопшто не треба да потенцираме дека тој му откажа на Катанец за овој контролен меч.
прволигаш Черноморец (Бургас) Ванчо Трајанов, во саботата навчер имал сообраќајна несреќа. На автопатот Бургас - Софија на неговото возило му пукнала гумата, притоа добил повреди во пределот на градите и уште неколку поситни повреди како последица на "сообраќајката. Откако бил пренесен во болница врз него биле направени и дополнителни прегледи со цел да се утврди дали има уште некои други повреди, евентуално скршено ребро и слично. И покрај повредите нашиот репрезентативец се чувствувал добро, неговата психо-физичка состојба била стабилна и се надева дека нема да има никакви дополнителни проблеми. Инаку, Трајанов патувал за Софија од каде требало да отпатува за Луксембург каде што денеска требаше да се јави на прозивката на селекторот Среќко Катанец за пријателскиот меч со Луксембург в среда.
По ова воопшто не треба да потенцираме дека тој му откажа на Катанец за овој контролен меч.
Хотелот "Новотел" е нашата база
Собирот за пријателската средба в среда е закажан за денеска, во 12 часот, во хотелот "Новотел" во Луксембург, кој ќе биде нашата база во текот на овие три дена. Нашите репрезентативци ќе пристигнат во "Новотел" од разни места од Европа, единствено од Скопје пристигнаа (вчера околу 17:30 имаа лет од аеродромот 'Александар Велики') стручниот штаб без Среќко Катанец, како и репрезентативците Томе Пачовски, Артим Положани и Мирослав Вајс.
Во Луксембург нашата репрезентација ќе одработи вкупно два тренинга, првиот ќе се одржи денеска во попладневните часови, а вториот, воедно и последен, во текот на утрешниот ден. В среда, како што е познато, со почеток во 20:00 часот почнува натпреварот на стадионот "Бартел".
Нема дополнителни повици
Катанец и по "сообраќајката" на Трајанов нема намера да повикува нови имиња. Па така од првичниот список од 18 репрезентативци тој од денеска ќе може да смета само на 16 фудбалери. Да потсетиме дека првично откажа Ертан Демири (Локерен) поради повреда. Со ова и натаму продолжува неговата вообичаена практика, имено и порано се случувало слични работи па нашиот селектор ретко или никако не повикувал нови фудбалери. По отказите на Демири и Трајанов сега нашата селекција за средбата в среда останува само со четворица репрезентативци во средниот ред (Положани, Тасевски, Гроздановски и Шумуликоски). А има одлична можност да повика нови имиња со цел да ја провери нивната форма, и зошто тогаш служат ваквите пријателски средби, особено против спаринг - партнери како што е селекцијата на Луксембург.
Луксембург - можност за победа!
Репрезентативниот голман и чуварот на мрежата на Вардар, Томе Пачовски, за контролата со Луксембург вели дека тоа е одлична можност за победа и за подигање на атмосферата на уште повисоко ниво за она што допрва претстои, стартот на квалификациите и стартните мечеви со Шкотска и Холандија.
"Секако дека во денешниот фудбал нема аутсајдери и фаворити. Значи и покрај квалитетот, што е објективно на наша страна, не смееме по никоја цена да го потцениме Луксембург, особено не кога се играат вакви пријателски мечеви. Сепак, и покрај с$ јас сум голем оптимист. Ова ќе биде можност со победа да ја подигнеме атмосферата за септемвриските дуели со Шкотска и Холандија. Очекувам заедно со мојот колега Петар Милошевски да браниме по едно полувреме и, секако, да не примиме гол", вели Пачовски.
-------------
|
Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 20.Август.2008 во 23:58
Makedonija vo svetsko
vo 2009 posle nasa era :)
-------------
|
Постирано од: Гостин
Датум на внесување: 21.Август.2008 во 00:20
Red`Black напиша:
Makedonija vo svetsko
vo 2009 posle nasa era :) | ne be sto vikas .. tie ke bidat u svetsko misla deka ke uspeat ovoj milenium .
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 21.Август.2008 во 00:59
Fata morgana.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 21.Август.2008 во 16:52
Рафал на Пандев и дружината
*Нашиот најдобар фудбалер даде два гола, а во листата на стрелци и имињата на Гроздановски и Наумоски.
ЛУКСЕМБУРГ - МАКЕДОНИЈА 1:4 (0:3)
Стадион: "Жози Бартел" во Луксембург. Гледачи: 2.000. Судија: Бругер (Австрија). Помошници: Едер и Хиршбергер (Австрија). Стрелци: Китенге 73' (ЛУК), Пандев 6', 44' Гроздановски 33', Наумоски 49' (МАК).
Играч на натпреварот: Горан Пандев
ЛУКСЕМБУРГ
Жуберт 1
Кинцингер 1.5
Грајсбуш 1
(/ Саграмола 89')
Хофман 1
Рајтер 1
Петерс 1
Страсер 1.5
(46' Паја 1)
Бетмер 1.5
(46' Китенге 2)
Левек 1.5
(72' Дамота /)
Јоаким 1.5
(46' Жерсон 1.5)
Муч 2
МАКЕДОНИЈА
2.5 Милошевски
( 2 Пачовски 46')
2.5 Новески
( 2 Вајс 64')
2.5 Митрески
2.5 Седлоски
2.5 Попов
( 2 Петров 46')
2 Лазаревски
(2 Положани 64')
2.5 Шумуликоски
2.5 Гроздановски
3 Пандев
2.5 Наумоски
2.5 Мазнов
( 2 Тасевски 46')
Победнички ритам за нашиот најдобар состав пред стартот на квалификациите за СП 2010. Македонија синоќа со убедливи 4:1 славеше над Луксембург како гостин на тест средбата во која бевме далеку подобар тим од слабите домаќини. Пандев и дружината имаа еден добар тренинг за давање голови, а застанаа на четири погодоци во мрежата на Луксембург. Победата ја осигуравме уште по првите 45 минути, кои ги завршивме со предност од 3:0. Само 6 минути домаќините ја имаа резултатската рамнотежа. Горан Пандев уште на самиот почеток од средбата казни една голема грешка на домашната одбрана кога со својата "левица" ја "спука" топката над главата на домашниот голман Жубер.
Тргнавме офанзивно со тројца напаѓачи (Пандев-Мазнов-Наумоски) и не му дозволивме на домаќинот да излезе од својата половина. Речиси сите шанси ги претворивме во гол. Во 33. минута Гроздановски од втор план по одличниот пас со Наумоски изби сам и ја пласираше топката меѓу нозете на домашниот голман, а Пандев во самиот финиш на првиот дел со удар од 18 метри и со помош на одбраната на Луксембург ја "торпедираше" мрежата на Жубер. Убедливи 4:0 имавме во 49. минута кога својата добра игра со гол ја круниса и Илчо Наумоски, кој од 5 метри со глава ја смести топката во мрежата. И тоа беше с$ од нашите голови. Тасевски го замени Мазнов и тоа беше причината поради која немавме играч повеќе во офанзивата, а со тоа изостанаа и шансите, но и можноста да се стигне до поубедлива победа. Следеше опуштање во нашата игра и штедење на силите, а таквата игра ја искористија фудбалерите на Луксембург, кои во 73. минута преку Китанге го ублажија поразот.
Овој триумф е добредојден за составот на Катанец. Треба да ја врати самодовербата и да создаде одлична атмосфера во тимот пред натпреварите кои се бројат. Дуелите со Шкотска и Холандија на почетокот на септември каде ќе се бркаат квалификациски бодови. За Македонија со Катанец останува серијата одлични резултати на пријателските средби. Победата од 4:1 над Луксембург за неколку дена ќе даде одговор на прашањето дали ние бевме многу силни или Луксембург беше многу слаб. Тоа што н$ радува е добрат форма на поедини играчи, а посебно на Пандев, кој вчера докажа дека игра во голем стил кога на моменти си поигруваше со противничките фудбалери како со мали деца.
Пандев сe поблиску до Христов
Со двата гола против Луксембург Горан Пандев стигна до бројката од 14 погодоци во дресот со државниот грб. Сега тој е многу блиску до оние рекордни 17 голови на Ѓорѓи Христов со што се очекува струмичанецот многу брзо да избие на чело на таа листа од наши најдобри стрелци на сите времиња. Пандев останува трет на листата затоа што Шаќири е втор со 15 голови.
Рекордна победа на гости
Овие 4:1 синоќа во Луксембург се рекордни за нашиот најдобар состав. Рекордна победа на пријателските средби кога сме во улогата на гости. Никогаш досега не сме славеле толку убедливо, а третпат даваме 4 голови по оние 4:4 со Б и Х пред 5 години во Сараево и победата од 4:2 над Естонија во Талин.
Македонија синоќа го одигра 64. пријателски меч по кој имаме нерешен скор од 23 победи, 18 дуели кои завршиле без победник и 23 порази.
Се повреди Илчо Наумоски
Последните 10 минути нашиот национален тим ги одигра со 10 фудбалери. Поради повреда натпреварот не можеше да го продолжи Илчо Наумоски, кој разаботи истегнување на мускулот од десната нога. Првичните најави се дека повредата не е сериозна и дека за неколку дена голгетерот пак ќе биде во игра.
Останавме со 10 фудбалери затоа што на клупата немавме резерви фудбалери. Ова сигурно треба да биде добра лекција за Катанец околу тоа колку играчи треба да повика па макар и на тест меч.
-------------
|
Постирано од: berbatovski
Датум на внесување: 21.Август.2008 во 21:48
Da ama sreshtu koi?
Srestu velikoto herzokstvo
mislam deka e mnogo golema pobeda i nai verojiatno ke obezbedime plasman na svetskoto prvenstvo
|
Постирано од: Polaris
Датум на внесување: 24.Август.2008 во 14:24
Vardar1947 напиша:
Македонија две места напред
* Нашата репрезентација сега со 548 бодови е на 54. место на ФИФА листата
Македонската репрезентација напредуваше за две места на најновата августовска ФИФА листа објавена вчера, па во моментов е на 54. место меѓу 207 национални рангирани тимови.
Нашиот национален тим има 548 бодови на своето конто во пресрет на пријателскиот натпревар со Луксембург на 20 август. Од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за пласман на СП 2010 во Јужна Африка, најдоброрангирана е Холандија, која е на 4. позиција, Шкотска е на 16. место, додека Норвешка на 29. место со 778 бодови. Единствената послаборангирана селекција од Македонија во групата, Исланд е на 97. место.
На врвот и натаму водечка е Шпанија, пред Германија и Италија. Најголем напредок од Топ 10 репрезентациите има Хрватска, која сега е на 5. место.
ФИФА ЛИСТА - Август 2008
1. Шпанија 1557 (0)
2. Германија 1343 (+1)
3. Италија 1320 (-1)
4. Холандија 1299 (+1)
5. Хрватска 1282 (+2)
6. Бразил 1242 (-2)
7. Аргентина 1219 (-1)
8. Чешка 1146 (0)
9. Португалија 1122 (0)
10. Русија 1023 (+1)
12. Франција 1012 (-2)
13. Турција 1010 (+1)
14. Англија 1003 (+1)
16. Шкотска 988 (0)
17. Бугарија 930 (0)
29. Норвешка 778 (+2)
34. Србија 749 (+1)
54. МАКЕДОНИЈА 548 (+2)
74. БиХ 448 (0)
77. Словенија 446 (+4)
97. Исланд 369 (+1)
* Во заградата е промената на местото во однос на јулскиот ранкинг
Катанец ги договара деталите
Македонскиот селектор Среќко Катанец од вчера во Скопје ги договара деталите околу настапот на нашата репрезентација на пријателскиот натпревар со Луксембург на 20 август.
Денеска Катанец на средбата со медиумите треба да го соопшти и списокот на репрезентативци, без некои поголеми изненадувања, за дуелот со Луксембург. Собирот на националниот тим ќе биде на 18 август директно во Луксембург каде и ќе се игра средбата. |
------------- Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 25.Август.2008 во 17:53
Влезниците во продажба од следната сабота 25.8.2008
Влезниците за квалификациските дуели со Шкотска и Холандија љубителите на фудбалот во Македонија ќе можат да ги купуваат од 30-ти Август (сабота. 08.00 часот) на билетарите на Градски стадион и тоа по цена:
Шкотска – јужна трибина 1000 денари. Шкотска – западна трибина 500 денари. Холандија – јужна трибина 1000 денари. Холандија – западна трибина 500 денари.
Во пресрет на овие средби ФФМ и МВР до јавноста го испраќаат следното соопштение:
Сите заинтересирани навивачи кои сакаат да ги следат средбите со Шкотска и Холандија ќе можат да купат по најмногу две влезници по натпревар и тоа со идентификација со лични документи. За гостинските навивачи влезниците ќе бидат распределени преку Фудбалските федерации на Шкотска и Холандија и тие ќе бидат сместени на источната трибина. Секој гостински навивач кој ќе биде затекнат на Јужната или Западната трибина ќе биде отстранет од стадионот заради негова безбедност. Влезницата ќе биде одземена и по спроведената контрола(според идентификацијата) против препродавачот на истата ќе бидат превземени соодветни санкции. Се предупредуваат сите посетители на натпреварите при влезот со себе да не носат било какви предмети( запалки,пенкала , дрвени и железни држачи за знамиња,ситни железни пари или било кој друг предмет кој претставува опасност), навивачки реквизити (пиротехника), пијалоци кои можат да се злоупотребат за фрлање кон противничките навивачи, или пак кон актерите на теренот . Кај сите оние кај кои ќе бидат откриени било какви пиротехнички материи , истите ќе бидат одземени а на лицата кои ги внесуваат на стадион ќе им бидат одземени влезниците и истите нема да можат да ги проследат натпреварите. Воедно ќе следуваат и соодветни санкции. Се молат посетителите да се воздржат од расистички скандирања или неспортско навивање кое може да повлече драстични казни од страна на органите на ФИФА и УЕФА. Актерите на теренот треба да се бодрат спортски и во духот на фер-плејот. Во таков дух треба да се однесуваме и кон гостинските навивачи.
http://ffm.com.mk/mak/vest.asp?id=2012 - http://ffm.com.mk/mak/vest.asp?id=2012
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 26.Август.2008 во 21:12
Катанец го објави списокот за натпреварите против Шкотска и Холандија
Олимпијадата е зад нас, полека се насочуваме кон оние спортски борилишта, на кои се надеваме дека има што да постигнеме. Фудбалската репрезентација живее за квалификацискиот циклус за Светското првенство во Јужна Африка во 2010-та.
Селекторот Среќко Катенец планира 20 фудбалери за натпрварите на „Градски“ со Шкотска и со Холандија.
Вообичаено, нема изненадувања на списокот на македонскиот фудбалски кормилар. Во однос на пријателскиот дуел со Луксембург, нови играчи се Бобан Грнчаров од Гент и Стевица Ристиќ од Поханг Стилерс.
Освежен ќе биде и средниот ред со Ертан Демири од Локерен и со Ванчо Трајанов од Черноморец. Тие беа повикани за подготовката против Луксембуржаните, но откажаа поради повреди. Другите се стандардни.
Фудбалската репрезентација ќе се собере на први септември, на 6-ти ќе играме со Шкотска, на 10-ти со Холандија.
Голмани:
* Милошевски Петар 06.12.1973 Енозис, Кипар
* Пачовски Томе 28.06.1982 Вардар
Одбрана:
* Седлоски Гоце 10.04.1974 Матерсбург, Австрија
* Митрески Игор 19.02.1979 Е. Котбус, Германија
* Лазаревски Владе 09.06.1983 Полонија, Полска
* Попов Горан 02.10.1984 Херенвен, Холандија
* Новески Николче 28.04.1979 Мајнц, Германија
* Петров Роберт 02.06.1978 Пансераикос, Грција
* Вајс Мирослав 27.07.1979 Вардар
* Грнчаров бобан 12.08.1982 Гент, Белгија
Среден ред:
* Гроздановски Влатко 30.01.1983 Војводина, Србија
* Тасевски Дарко 20.05.1984 Левски, Бугарија
* Положани Артим 25.06.1982 Вардар
* Трајанов Ванчо 09.08.1978 Черномерец, Бугарија
* Шумуликоски Величе 24.04.1981 Ипсвич, Англија
* Демири Ертан 24.01.1979 Локерен, Белгија
Напад:
* Пандев Горан 27.07.1983 Лацио, Италија
* Мазнов Горан 22.04.1981 Томск, Русија
* Наумовски Илчо 29.07.1983 Матерсбург, Австрија
* Ристиќ Стевица 23.05.1982 П. Стилерс, Кореја.
-------------
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 04.Септември.2008 во 18:18
Дома > Спорт
Доаѓаат шкотските навивачи
Елена Ацевска
04.09.2008
На три дена пред натпреварот Македонија - Шкотска, во Скопје вистинска шкотска инвазија. Шкотланѓаните воодушевени од Македонија. Им се допаѓа климата, пивото, љубезните домаќини. Некои од нив дошле и со семејствата да навиваат за својата национална фудбалска репрезентација.
На кејот на Вардар и скопските пабови може да се видат традиционални карирани килтови, откачени фризури во националните бои, во добро расположение со чаша македонско пиво, иако можат да пијат и домашно.
„Прекрасно е времето, а и прв пат пробав македонско пиво. Воопшто не е лошо. Многу е убаво, има добри и љубезни луѓе, среќен сум што сум овде“, рекоа навивачите на Шкотска.
Иако се страсни навивачи за Шкотска, сепак велат дека и Македонија не е за потценување, особено зошто на нашата репрезентација нема да и пречи топлата клима. Типуваат, сепак, на победа за Шкотска.
„2:1 за Шкотска. Претопло е за Шкотланѓаните да играат. Јас би рекол 1:1“, прогнозираа Шкотланѓани.
Откако го открија македонското пиво, по прилогот Шкотланѓаните се заинтересираа и за вестите.
„Во 7? Ќе гледам ако не сум премногу пијан“, рече навивач.
Шкотските навивачи засега се добри гости. Вечерва се очекува нивниот број да се зголеми за уште 2.000, кои специјален лет со својата репрезентација ќе пристигнат од Шкотска.
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 04.Септември.2008 во 18:20
Ke gi pobedime, mora da pobedime, imame dobra reprezentacija koja vo momentov e na vrvot na svojata zrelost.
NAPRED MAKEDONIJO, da te vidime na SVETSKO PRVENSTVO.
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 04.Септември.2008 во 21:21
a zosto Nikoloski go nema?
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 04.Септември.2008 во 22:32
секоја чест на шкотите за ова
Шкотски навивачи донираат пари за деца во Македонија
04.09.2008 13:11
Шкотските фудбалски навивачи спроведоа хуманитарна акција во која се собрани 12,000 фунти за децата со хендикеп во Македонија.
Шкотската навивачка група „Карирана војска“ (Tartan Army) средствата ќе ги донираат на две македонски социјални институции пред натпреварот Македонија - Шкотска, што в сабота ќе се одигра во Скопје.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97183 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97183
Сега глеав на А1, разговараа со Шкотите на кеј.
еве кој не гледал
http://www.a1.com.mk/video-player.asp?VideoID=204 - http://www.a1.com.mk/video-player.asp?VideoID=204
п.с. имате чест во живо да ги видите античките македонци во истите носии како од времто на александар велики :wink:
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 05.Септември.2008 во 16:09
ако немаше денешни македонци со дресови и знамиња, затоа имаше антички македонци со дресови и знамиња
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 05.Септември.2008 во 16:42
Super navistina prijatelska atmosvera da se nadevame deka taka i ke ostane i utre.
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Септември.2008 во 18:31
Top Sliki
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Септември.2008 во 18:33
Со напад на горештината
*"Во Скопје е нашата шанса. Шкотска има квалитети, но за нас ова е многу важен меч. Најважно е да дадеме први гол", најавува Горан Пандев
Уште еден ден до Шкотска и уште толку време до стартот на новиот квалификациски циклус и до почетокот на уште една наша голема фудбалска надеж. Нашиот најдобар фудбалски тим вчера во 15 часот на "Градски".
"Леле... па овде не може да се стои. Многу жешко...", коментираше Среќко Катанац на плус 33 степени целзиусови колку што беше времето во тајмингот на одигрување на квалификацискиот меч.
Ако се остварат временските прогнози утре треба да биде потопло. Горештината ќе биде главниот непријател за двете селекции, но, сепак, во таквата "битка" ние треба да бидеме во предност затоа што нашето сонце треба да биде нашиот сојузник.
Покрај Катанец, и фудбалерите шокирани од топлотниот удар. Сепак, оптимизмот с$ уште е актуелен, а со своја анализа и коментар и најдобриот - Горан Пандев.
"Секој почеток е важен за секоја селекција. Посакуваме успех иако за противник имаме незгоден состав кој во минатиот циклус за малку не се избори за место на ЕП иако беше во група со Италија и Шкотска".
Фудбалерот на Лацио и утре ќе биде нашата најголема надеж:
"Знам дека сите од мене очекуваат голови и јас би бил насреќен доколку утре ја погодам мрежата. Сепак, ние сме колектив и тимската игра е нашето најсилно оружје. Треба да ја нападнеме Шкотска и само така со максимална одговорност на сите позиции може да стигнеме до успех. Ќе биде тешко, времето е многу толло, но се надевам на успешен старт, а потоа ќе размислуваме за Холандија".
Првиот и последен тренинг на "Градски" беше отворен за јавноста само 15 минути. Потоа Катанец ги затвори вратите и почека за склопувањето на мозаикот, тактиката и тимот со кој утре нашиот национален тим ќе & се спротивстави на Шкотска. Нема "атомска бомба" и не треба да се очекува ништо спектакуларно. Тимот "то је то" веќе со години е ист. Тактиката иста и затоа со формација 3-4-1-2 треба да излеземе на претстојниот мегдан. Сите се свесни дека секоја прва страница од секоја нова приказна е најважната работа. Затоа овој меч со Шкотска треба да биде на с$ или ништо. Победа ги отвора амбициите и надежите, додека неуспех би значел и крај за пласман на посакуваните позиции.
Шумуликоски: "Ќе изгорат...."
Што значат 33 степени целзиусови за фудбалерите од Островот. Одговор на ова прашање од нашиот единствен репрезентативец кој настапува во Велика Британија.
"На Островот ако имаат 25 степени се жалат дека многу им е топло. В сабота Шкотите ќе 'изгорат' на нашето сонце, а се надевам дека ќе го загубат и натпреварот. Ќе биде тешко и за нас, но ако на 'Градски' температурата е 33 степени тоа ти е како 45 степени во Англија. Нема да можат да дишат...".
Шуми очекува дека ќе успееме во првата квалификациска мисија.
"Очекувам да се повлечат и да не форсираат силно темпо. Нема да издржат, а ние не смееме да влеземе да се 'тепаме'. Да ги спуштиме на земја".
Веруваме во себе, имаме сили
Шкотските медиуми секојдневно имаат разговори со нашите репрезентативци. Така вчера актуелен беше капитенот Гоце Седлоски. Тој за весниците од Глазгов најави:
"Имаме тим со кој можеме да стигнеме до труимф. Шкотска ја респектираме, но веруваме во сопствените сили. Подолго време играме заедно и затоа стартот во овие квалификации е многу важен. Не се преоптоваруваме со силата на Шкотска затоа што ако одиграме како што треба ќе бидеме многу блиску до посакуваната цел".
Капитенот утре на "Градски" ќе биде рекордер по бројот на настапи затоа што ниту една од двете селекции нема повеќе од 85 настапи во дресот со државниот грб.
-------------
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 11:54
А иначе немам збор шкотите не почитуваат и затоа ги сакам а како да не ги сакаш кога ќе го погледнеш ова.
http://uk.youtube.com/watch?v=Yj5IfcCarW0 - http://uk.youtube.com/watch?v=Yj5IfcCarW0
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 13:37
Zakon se nema so
-------------
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 15:03
koj pameten go organiziral natprevarot vo ova vreme.... ako ni etoa adutot pa najgolemata zestina da igrame za da pobedime
kako da e jas se nadevam na pobeda , samo gi zalam fudbalerite, preeska izlegov vo dvor, ma 2 min ne se stoi na sonce, a ne da igras 90 min.
|
Постирано од: fragola
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 15:12
...stotuku dade gol
------------- I get enough exercise...just pushing my luck.
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 15:19
GOOOOOOOOLLLLLLLLLLL 1-0 za Makedonija.....strelec Ilco Naumoski vo 5min
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 15:19
малце касните
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 15:31
epa prvo treba da se izraduvam pa da pisam neli
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 15:52
ја не ни се радував дојдов одма да ти пишам
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 17:01
Makedonija - Skotska 1-0 Kraj
-------------
|
Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 17:13
Bravo za cela reprezentacija!!!
..."makedonija naviva za vas"...
------------- Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
|
Постирано од: Eli
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 18:36
BRAVO MAKEDONIJAAAAAAAAAAAAAAA!!
------------- Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 22:41
Бравоо Македонијаааааа
ЧЕСТИТО 3 БОДА
------------- OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 23:07
неколку слики од натпреварот
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 23:08
мое гледање на уткамицата е дека прво полувреме изигравме супер и стварно можевме да дадеме барем уште еден гол но по кој знае кој пат пандев се понаша како да е обична уткамица и наместо да даде гол тој му ја подаде на голманот. второ полувреме како исекогаш паѓаме и тука мора да се промени нешто во наредните натпревари. и не само што не играме добро туку и се повелкуваме во својата половина на што катанец жестоко реагираше го видов покрај аут линијата беше нервозен дури зема пластично шише да мава по играчиве што не одат во напад и со тоа да ослободат притисок на одбраната.
иначе голот на илчо наумовски сниман од јужна трибина можете да го погледнете овде
http://www.youtube.com/watch?v=6TWONKm2wmg - http://www.youtube.com/watch?v=6TWONKm2wmg
|
Постирано од: panoramix
Датум на внесување: 07.Септември.2008 во 01:16
BRAVO MAKEDONIJO
TOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOO
ova stoi na eurosport so nase ime MACEDONIA_SCHOTLAND 1-0.
Nasladuvajte se patrioti:
http://eurosport.yahoo.com/football/world-cup-qual-/2008/macedonia-scotland-249704.html - EUROSPORT.yahoo.com
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 07.Септември.2008 во 10:37
навијачи од македонија и шкотска пејат на кеј во кафичите.
http://www.youtube.com/watch?v=oY3I_DFhjTQ - http://www.youtube.com/watch?v=oY3I_DFhjTQ
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 07.Септември.2008 во 10:46
слики пред утакмицата поред кеј и од стадион
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 07.Септември.2008 во 10:48
абе зашто да плаќаш толку пари кога можеш да гледаш и без пари :wink:
уште скара им фали и за мерак да биде :)
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 07.Септември.2008 во 10:56
Неколку илјади шкотски навивачи направија забава на кејот. Со чаша пиво, во добро расположение се загреваа за натпреварот.
репортажа од А1
http://www.youtube.com/watch?v=F7XuGFtHOFo - http://www.youtube.com/watch?v=F7XuGFtHOFo
Најдобар е тој што вика f**k greece :)))))
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 07.Септември.2008 во 13:28
а еве сега малку подигање на националното чуство
видео клип со изведба на македонската химна од гледачите на јужната трибина
http://www.youtube.com/watch?v=fgamHk_sNCo - http://www.youtube.com/watch?v=fgamHk_sNCo
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 07.Септември.2008 во 15:17
Stvarno bilo interesno na kej i vo gradot so skotskite navivaci...mnogu zakon lugje...
ali ne razbiram zasto ne gi pustile pola od nivnite da vlezat na stadion, si kupile karti lugjeto dremat so denovi vo skopje i na kraj da ne ja gledaat utakmicata!!!
-------------
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 07.Септември.2008 во 15:53
Полицијата интервенира поради знамето со ликот на Јохан кој според делегатот не требало да биде изложено на фудбалски натпревар по раководство на ФИФА.
http://www.youtube.com/watch?v=8Ri0L6-7tPk - http://www.youtube.com/watch?v=8Ri0L6-7tPk
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 08.Септември.2008 во 14:15
Шкотска е историја, Холандија е пред нас
07.09.2008
Шести септември влегува во македонската фудбалска историја. 2003-та и 2006-та порази од Англија, во 2008-ма друга приказна.
Нашата репрезентација ја победи Шкотска и отвори поинаква перспектива во квалификацискиот циклус за светското првенство во Јужна Африка.
Убаво било да се победува. Повеќе да се слави, помалку да се анализира. Во сферата на триумфот многу лесно се препознаваат јунаците. На „Градски“ вчера тие носеа црвено. Играа за Македонија.
Но, фудбалски натпревар не се добива само на теренот и не трае 90 минути. Има пред и пост фаза. А, македонската фудбалска репрезентација одработи зрело, искусно, во сите сегменти. Од подготовките, тактички и психолошки, па до играта како краен продукт на ангажманот на сите што го сочинуваат националниот состав.
Катанец не промени ништо. Беше упорен и конечно својот концепт го претвори во три бода. И тоа не против аутсајдер, туку против 16-та селекција во светот.
За чудо уште не размислуваме, но ремито на Норвешка и на Исланд, и претпоставената супериорност на нашиот следен противник, Холандија, може да не стави во ситуација долго да бидеме фактор, и тоа првостепен, во квалификациската група.
Е, тука е убавината. Денеска чекоревме со поубаво чувство, можеби и мамурни по прославата на големиот фудбалски успех, но радоста ја поделивме сите. Задоволни од триумфот и од начинот на кој стигнавме до него.
Тимот делуваше како тим. Беше компактен, покриваше добро на сите позиции. Нема сомневање дека им помогна и противникот.
Шкотланѓаните долго се адаптираа, а кога почнаа да играат, „Црвено - жолтиот воз“ веќе беше во победничката зона.
Поинаку и не можеше да биде. Милошевски беше брилијантен во ситуациите кога одбраната дозволуваше да биде тестиран. Тројката пред него функционираше речиси беспрекорно.
Новески и Седлоски моќно ги добиваа воздушните дуели со скокачкиот опонент. Беа бедем и кога топката беше долу на тревата.
Игор Митрески пак, беше „Кинески ѕид“. Коректор во вистинска смисла на улогата. Се што мина крај другите заврши со негова интервенција.
Лазаревски и Петров покрија бочно. Шкотланѓаните центрираа, но не толку фреквентно како што треба за да бидат опасни според нивните вкусови.
Конечно профункционира и Шумуликовски. 50-от натпревар во македонскиот дрес го одигра впечатливо. Не грешеше, затвораше одлично и се отвораше напред. Истата оцена ја добива и Гроздановски, со прашање зошто на Катанец му требаше толку време за да му го најде вистинското место во тимот.
Пандев е Пандев, Наумоски беше неуморен, Мазнов стандарден. Своето го завршија и Грнчаров, Трајанов и Тасевски.
И ете победа. Ја заслуживме со сите елементи, иако тоа не може да ги покрие нашите вообичаени слабости што произлегуваат од системот.
Кога имаме тројца во линија во одбрана, двајца бочно и уште двајца во средина со првично дефанзивни задачи, другите тројца што преостануваат, на моменти, се отсечени. Посебно кога се браниме.
Па, во неколку периоди Шкотланѓаните лесно доаѓаа до нашата зона и имаа многу повеќе фудбалери во редот за врска.
Такви какви што беа вчера, не можеа да ги искористат предностите. Меѓутоа, во некоја друга ситуација, или против друг противник, можеме скапо да платиме.
В среда ни доаѓа Холандија, првиот фаворит во групата, и разбирливо ништо нема да биде исто. Арно ама, ние го исполнивме нашиот план. Имаме сигурни три бода од првите две средби, па без товар ќе ја пречекаме 4-та репрезентација на ранг листата на ФИФА.
А, кога е така, во ваков фудбалски амбиент, да не бидеме мегаломани, но и „Лалињата“ може да овенат.
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 08.Септември.2008 во 14:15
SEGA na red se HOLANGANITE.
Moj TIP: 2:1 Za nasite momci.
Vreme e PANDEV da proraboti.
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 08.Септември.2008 во 16:05
ZOTE напиша:
иначе голот на илчо наумовски сниман од јужна трибина можете да го погледнете овде
http://www.youtube.com/watch?v=6TWONKm2wmg - http://www.youtube.com/watch?v=6TWONKm2wmg |
е покварени овие од јутуб ми го избришале видеото демек авторски права. кои авторски права ги боли што македонија победи.
п.с. сигурно е ова дело на енкој грк или бугар. па затоа јас пак го ставив на нет ;)
http://www.vimeo.com/1690222 - http://www.vimeo.com/1690222
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 09.Септември.2008 во 00:03
http://www.vimeo.com/1690991 - http://www.vimeo.com/1690991
сеуште сум под импресии, и деновите кога беа во нашиот град се осеќав како да сум на море.
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 09.Септември.2008 во 02:02
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 09.Септември.2008 во 13:48
kultuzin напиша:
SEGA na red se HOLANGANITE.
Moj TIP: 2:1 Za nasite momci.
Vreme e PANDEV da proraboti. |
Па и му дојде и на нив времето за една вистинска лекција.
Ех само колку жалам што не можам да дојдам на стадион да ги гледам
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Eli
Датум на внесување: 09.Септември.2008 во 16:50
kultuzin напиша:
SEGA na red se HOLANGANITE.
Moj TIP: 2:1 Za nasite momci.
Vreme e PANDEV da proraboti. |
Abe ubava e tvojava zelba..ama ke vidime..
------------- Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
Постирано од: Polaris
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 00:23
kultuzin напиша:
SEGA na red se HOLANGANITE. Moj TIP: 2:1 Za nasite momci. Vreme e PANDEV da proraboti. |
Da bidime realni: Makedonija-Holandija -2 za Holandija neznam za rezultatot kolku ke zavrsi no znam deka Holandija 100% ke pobedi, za toa garantiram, eventulano ako naj jakite igraci na Holandija ne se povredat.
------------- Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 12:23
абе дечки како ви се чини новиот дрес на репрзентацијата?
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 16:26
vo kolku e denes utakmicata , pak li e na sitel?
|
Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 21:36
....0:1....
------------- Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
|
Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 21:55
0:2
------------- Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 22:02
срамота
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: alan ford
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 22:08
1:2 PANDEV od penal
------------- I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 22:13
фала богу али сепак мислам џабе е ...го обравме бостанот овој пат...
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: alan ford
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 22:14
i jas mislam deka e dzabe...zar tolku e tesko da se izigra neresen rezultat
------------- I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 22:16
Искрено не ни очекував да даде гол Пандев зашто минатата утакмица (со Шкотска) типот куцаше со едната нога....
Мислам дека највеке ке се разочараат моите колешки кои сто пати им кажав дека тешко ке поминеме со Холанѓаните а тие настојуваа со тоа дека ке биде 2-1 за Мк
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: alan ford
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 22:21
epten se razbiraat u fudbal koleskite..Ama i Hrvatite gubat doma 2-0 od Englezite
------------- I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
|
Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 22:24
deckite bea dobri...ama za da se pobedi edna holadnija treba da bidat uste podobri...inaku hrvatite gubat 0:3...anglija e dojdena po odmazda
------------- Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 22:30
се знаеше дека Англија ке тепа...барем јас така мислев... Добро играа нашиве ама сепак се надевав барем на нерешено, иако ме јадеше тоа дека ке губиме а и месец дена пред утакмицата Англија се спремаше за да се одмазди и тоа не го криеја туку јасно беше...ниш чудно
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Eli
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 22:35
Zaso sekogas mora da promasuvame cisti sansi!!! Nasive definitivno zasluzuja eden bod na utakmicava...steta.. ali aj valjda u narednite natprevari ke bide se podobro i podobro..toa ostanuva da se nadevame.
------------- Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 22:37
Јас не сваќам една работа ...зашто секој судија мора да е ствааарно ПЕДЕР!?
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: alan ford
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 22:41
lelee...na bet35.com kade sledam rezultati...koeficient za pobeda na nasite 151.00
------------- I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 22:41
смешно и жално ...
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: alan ford
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 22:45
zgreska u tema
------------- I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 22:48
друже ај плс погледни го насловот
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|