IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 242526
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2021 во 10:19
Кремаста,вкусна,подобра од руска

Иако е слична на француската, полската салата сепак малку се разликува - првично поради мирисот на зачин, кој му дава пријатна и топла арома, а многумина кои ја пробале велат дека е повкусна и од руската салата, која им е омилена на Македонците.


Состојки:

- 4 средни компири

- 2 средни моркови

- 4 јајца

- 6 кисели краставички

- 2 помали јаболки

- 2 лажици густ јогурт

- 5 лажици мајонез

- 1 лажица сенф

- зачини

- сол и бибер

Подготовка:

Ставете ги компирите и морковите во тенџере, додадете вода и оставете да зоврие. Варете додека не омекнат, а јајцата сварете ги во друг сад.

Кога ќе се изладат, излупете ги компирите, па исецкајте ги на коцки. Исецкајте ги и морковите, јајцата, киселите краставички и јаболките. Ставете зачини.

Измешајте ги со густ јогурт, мајонез и сенф.

Префрлете ги сите состојки во еден сад, па внимателно мешајте додека преливот и останатите состојки не се соединат. По потреба дополнително зачинете и оставете да се излади.

На здравје!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 242526
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.