Салати
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=6898
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 17:32 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Салати
Постирано од: Tattoo Beauty
Наслов: Салати
Датум на внесување: 14.Март.2007 во 16:37
Француска салата
- 2 компири
- 3 моркови
- 200 гр. Грашок
- 1 кисела краставичка
- 250 гр. Мајонез
- магдонос
- 1 јајце
- 1 јаболко
- сол и црн пипер
На даската за сечење најпрво на кругови, а потоа на ситни коцки ги сечеме варените компири. Компирите ги собираме во еден поголем длабок сад. Потоа на исти такви коцки ги сечкаме варените моркови, па и нив ги додаваме во истиот сад. На ред е киселата краставичка, ја сечкаме на исти коцкички па и неа ја ставаме во садот. Јаболкото го сечеме на четвртинки и парчињата ги лупиме. И јаболкото го сечеме на коцки и ги додаваме во истиот сад. Потоа во садот го додаваме претходно сварениот грашок. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во салатата. И претходно свареното јајце го сечкаме на ситни коцки, кои ги ставаме во салатата. Салатата ја посолуваме и ја зачинуваме со мелен црн пипер. На крајот го додаваме мајонезот и се убаво промешуваме.
На чинијата за сервирање ставаме 2 листа зелена салата и врз нив ја ставаме претходно подготвената салата. Со лопатка ја рамниме површината на салатата, а одозгора салатата ја премачкуваме со мајонез. Со помош на готварски шприц со мајонез ја украсуваме салатата. Декорацијата ја завршуваме со една половинка од варено јајце и 4 цели маслинки. Со тоа ФРАНЦУСКАТА САЛАТА е подготвена.
Салата од тестенини на грчки начин
- 300 гр резанки
- 2 домата
- 2 зелени пиперки
- 200 гр Фета сирење
- 10 зелени полнети маслинки
- 1 лимон
- 1 чешне лук
- маслиново масло
- сол и црн пипер
Водата во тенџерето на оган ја посолуваме. На пиперките им ги отсекуваме рачките. Потоа ги сечеме на половина по должина и им ги отстрануваме семките. Ги сечкаме пиперките на коцки. Маслинките ги сечкаме на кругови. Сирењето го сечкаме на коцки. На доматите им ги отстрануваме рачките. Потоа и доматите ги сечкаме на коцки. Резанките ги ставаме да се варат во зовриената вода. Промешуваме. Лимонот го сечеме на половина. Го цедиме лимонот во цедалка. Лимоновиот сок го ставаме во подлабок сад. Чешнето лук го гмечиме со нож. Потоа ситно го сечкаме. Исечканиот лук го додаваме во садот со лимоновиот сок. Во садот наросуваме мелен црн пипер. Посолуваме. Додаваме маслиново масло. Мешаме со жица за матење. Тенџерето со сварените тестенини го тргаме од оган. Содржината од тенџерето ја истураме во цедалка. Ги плакнеме резанките со студена вода. Исцедените резанки ги ставаме во поголем длабок сад. Во садот додаваме сечкани пиперки, маслинки, домати и сирење. Мешаме со лажица. Салата ја преливаме со преливот од зачини. Повторн мешаме со лажицата. Ја сервираме салатата во длабока стаклена чинија за салата. Врз Салатата од тестенини на грчки начин ги додаваме преостанатите парчиња домати, пиперки, маслинки и сирење. Врз салатата наросуваме оригано.
Салата од ориз и туна
- 250 гр. ориз
- 160 гр. туна
- 100 гр. маслинки
- 1 црвена конзервирана пиперка
- 2 кисели краставички
- 1 лимон
- масло за јадење
- сол и црн пипер
На даската за сечење пиперката ја сечкаме на тенки долгнавести парчиња. Претходно сварениот и исцеден ориз го ставаме во поголем длабок сад. Во садот ја додаваме исечканата пиперка. Краставичките ги сечкаме на тенки кругови. Круговите краставички ги додаваме во садот. Во садот ја додаваме туната. Со алатка на маслинките им ги отстрануваме семките. Потоа и маслинките ги додаваме во садот. Еден лимон го сечеме на половина. Половината лимон го цедиме во цедалка. Лимоновиот сок го додаваме во садот. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Магдоносот ситно го сечкаме. Исечканиот магдонос го додаваме во садот. Целата смеса ја мешаме со лажица. Страничните делови на подлабок стаклен сад ги обложуваме со листови зелена салата. Потоа садот го полниме со ссалатата од ориз и туна. Половина ротквичка ја сечкаме на полукругови. Со по три парчиња ротквичка украсуаваме на двата краја на салатата. На другите два краја од чинијата украсуваме со два полукруга лимон.
Американска редена салата
- 200 гр. Варен ориз
- 200 гр. Варен грашок
- 200 гр. Мајонез
- 200 гр. Спанаќ
- 1 зелена пиперка
- листови од целер
- 200 гр. Кисела павлака
- 1 главица кромид
- 1 клраставица
- 200 гр. Варена пченка
- сол и црн пипер
- масло за јадење
Ја земаме краставицата и најпрво и ја отстрануваме рачката. Потоа ја сечкаме на тенки кругови. Парчињата краставица ги ставаме во една стаклена длабока чинија за салата. Потоа во салатата ставаме од претходно сварениот ориз. Пиперката ја сечеме на тенки кругови и парчињата ги редиме во чинијата. Потоа во чинијата го додаваме варениот грашок, па варената пченка. Листовите спанаќ ситно ги сечкаме па ги редиме во чинијата. Потоа во чинијата редиме уште еден ред од варениот ориз, па уште еден ред кругови од краставица. Главицата кромид ја сечеме на тенки кругови, круговите ги разлистуваме на прстени кои ги редиме во чинијата за салата. Листовите целер ситно ги сечкаме и ги додаваме во салатата.
Во еден сад настрана мешаме иста количина кисела павлака и мајонез. Наредената салата во чинијата ја зачинуваме со масло за јадење, а во преливот од мајонез и павлака додаваме сол и мелен црн пипер. Промешуваме и со лажица преливот го нанесуваме врз готовата салата. Сечкаме уште малку од листовите целер и ја украсуваме американската салата.
Холандска салата
Потревни состојки за оваа салата:
- 200 гр. шунка
- половина главица кромид
- краставица
- 200 гр. кашкавал
- 1 лимон
- 1 лажица сенф
- 200 гр. мајонез
- 1 јаболко
- 1 лажица оцет
- сол и црн пипер
Подготовка:
Ја лупиме краставицата. Потоа на даската за сечење краставицата ја сечкаме на тенки кругови. Посолуваме и парчињата краставица ги собираме на чинија. Кромидот ситно го сечкаме и го ставаме во поголем длабок сад. Додаваме една лажица оцет. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Јаболкото го лупиме во круг и му ги отстрануваме рачката и семките. Потоа јаболкото го сечкаме на коцки и го собираме во сад настрана. Лимонот го сечеме на половина и го цедиме во цедалка. Со сокот од лимон ги преливаме коцките јаболко, за да не потемнат. И кашкавалот го сечкаме на коцки и го додаваме во големиот сад. На коцки ја сечкаме и шунката и ја додаваме во садот.
Потоа во садот ги додаваме парчињата краставица и коцките јаболко. Во мајонезот додаваме една лажица сенф, промешуваме и го додаваме сокот од лимон. Смесата во големиот сад ја посолуваме и ја зачинуваме со мелен црн пипер. Потоа во садот го додаваме претходно подготвениот прелив од мајонез и се убаво промешуваме. Неколку листови зелена салата ситно ги сечкаме и во форма на венец ги редиме на чинијата за сервирање. На чинијата за сервирање ја ставаме холандската салата со кашкавал. Украсуваме со цвет од лушпата од јаболко.
Бела салата
Потребно:
- 200 гр. шунка
- 300 гр. урда
- половина краставица
- 1 варено јајце
- масло за јадење
- сол И црн пипер
Подговотка:
На даската за сечење најпрво на долги плочки,а потоа на коцки ја сечкаме краставицата. Парчињата ги ставаме во еден поголем длабок сад. Потоа на коцки ја сечкаме шунката па и неа ја додаваме во садот. Во садот ја додаваме павлаката И урдата. Додаваме И масло за јадење, сол И мелен црн пипер. Се убаво промешуваме со лажица. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата, а потоа во форма на топки ја редиме белата салата. Потоа правиме долги ребрести форми од нелупена краставица со кои ја украсуваме чинијата. Декорацијата ја завршуваме со тенки кругови И полукругови од ротквица врз топките од бела салата.
]Пилешка салата
- 350 гр. Пилешки стек
- 1 морков
- 2 компири
- 200 гр. Кисела павлака
- маргарин
- 200 гр. Мајонез
- 2 киссели краставички
- 200 гр. шампињони
- сол и црн пипер
На даската за сечење најпрво на ситни коцки го сечкаме обарениот морков. Го собираме во еден сад и го оставаме настрана. Потоа на исти такви коцки го сечкаме варениот компир и киселите краставички. И нив ги собираме во еден сад и ги оставаме настрана. Потоа на тенки листови ги сечкаме маринираните шампињони и ги собираме во еден сад и ги оставаме настрана. На исти коцки како и првиот го сечкаме и вториот варен компир и го ставаме ви еден поголем длабок сад. Во садот ги додаваме исечканите моркови.
На даската за сечење на коцки го сечеме претходно сварениот пилешки стек. Парчињата месо ги ставаме во садот со компири и моркови. Во садот го додаваме и преостанатиот исечкан зеленчук. Смесата ја посолуваме и ја зачинуваме со црн пипер. Потоа го додаваме мајонезот и киселата павлака и се убаво промешуваме. Готовата салата ја вадиме на чинија за сервирање.
Во еден сад од малку мајонез, разблажжен со бело вино, подготвуваме прелив со кој ја преливаме салатата на чинијата. Со помош на готварски шприц и мајонез ја декорираме салатата, а декорацијата ја завршуваме со неколку цели маслинки и гранче магдонос.
Зелена салата со стапчиња од сирење
- 100 гр. кравјо сирење
- 200 гр. зелена салата
- 1 излупен домат
- 1 јајце
- 1 ротквичка
- маслинки
- кори за пита
- масло за јадење
- 30 мл. вински оцет
- сол и црн пипер
На даската за сечење корите ги сечеме на половина. Јајцето го кршиме и ги двоиме жолчката од белката. Сирењето го сечеме на стапчиња. Секоја од корите ја премачкуваме со масло за јадење. Врз кората го ставаме парчето сирење и го преклопуваме со двата краја од кората. Од кората виткаме ролат чиј крај го премачкуваме со изматена белка за да не се одлепува при пржењето. Вака подготвените ролати ги редиме на чинија.
На оган ставаме една тава и во неа ставаме масло за јадење. Во загреаното масло ги ставаме ролатите да се пржат. За време на пржењето ги превртуваме за да бидат рамномерно испржени од сите страни. Доматот го сечеме на кришки а испржените ролати ги ставаме на чинија, обложена со салфетки за да ја впијат маснотијата.
Во еден сад ги ставаме оцетот и солта и промешуваме. Потоа додаваме масло за јадење и со тоа винеград сосот е подготвен. Листовите зелена салата ги кинеме на парчиња и ги редиме на чинијата за сервирање. Потоа врз листовите зелена салата ги редиме парчињата домат, а на средината ставаме 3 маслинки. Ротквичката ја засекуваме во форма на цвет и ја ставаме во средината на салатата. Потоа салатата ја преливаме со винеград сосот и на крај ги додаваме испржените ролати од кори.
Зелена салата со ракчиња
- 200 гр. речни ракчиња слимс
- 5 маслинки
- 1 лимон
- за декорација ротквички, морков и француски магдонос
- 100 гр. мајонез
- 100 гр. павлака
- 1 варено јајце
- зелена салата
- јаболков оцет
- сол и црн пипер
На даската за сечење ги сечкаме листовите зелена салата. Потоа ги редиме на чинијата за сервирање. Врз салатата ги редиме претходно обарените ракчиња. Вареното јајце го сечеме на четвртинки, кои ги редиме на четири краја на салатата. Павлаката ја мешаме со мајонеот и додаваме мелен црн пипер. Посолуваме и го додаваме оцетот. Со кафена лажица се убаво промешуваме. Преливот го ставаме на средината на салатата, а врз него уште еднаш расфрламе од ракчињата. Украсуваме со цвет од ротквичка и гранче француски магдонос на средината на чинијата. Маслинките ги сечкаме на половинки и ги редиме по целата салата. Лимонот го сечкаме на тенки кругови, со кој исто така ја декорираме салатата.
**Ако ми текне уште некоја ќе пишам
------------- http://www.skin-artists.com" rel="nofollow - Skin-Artists.com
http://www.tattoo-passion.org" rel="nofollow - TattooPassion
|
Коментари:
Постирано од: mamma
Датум на внесување: 02.Април.2007 во 00:58
Salati: Sveza salata od maruli i endivija, sveza salata od spanak,sveza salata od rendani morkovi,zelka,trupki,dajkun,keleraba,cveklo... Sveza salata od krastavici,patlidjani,piperki...samo i samo svezi-nisto bareno,nisto pomesano so majonezi,jajca,pecurki marinirani.... I...najvazno...vo NEOGRANICENI kolicini,zime,lete
------------- http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]
|
Постирано од: Teta
Датум на внесување: 02.Април.2007 во 01:52
mamma...i jas sum za sveza salata..
a ste probale li salata od brokula?...super e..
se mie brokulata i se stava vo vangla so ladna voda vo koja e dodadeno malce ocet (za insektite da izlezat ako gi ima)..se drzi taka edno 10 minuti..se plakne i se stava u dlaboka cinija,seckana u po mali kitki.Se poleva so mesavina od polovina limun,sol,nekolku cesninja tolcen luk i maslinovo maslo.Mnogu vkusna e,a da ne zborime za toa kolku e zdrava
------------- A creative mind will always survive bad advice
|
Постирано од: mamma
Датум на внесување: 02.Април.2007 во 15:49
Bidejki brokulata ja zaboraviv vo menito...da,ja jadam ama na ovoj nacin ne sum probala-ke probam obavezno.Jas obicno ja jadam malku obarena sto ne mi e po keif,ama eve sega nauciv nesto...taka da BLAGODARAM TETA!!!
------------- http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 02.Април.2007 во 17:08
ovaa godina staviv vo tursijata brokula i prokelj i bea super
|
Постирано од: mamma
Датум на внесување: 02.Април.2007 во 17:56
Eve eden vic za brokulata: Majkata mu vika na deteto: "Zemi sine brokula-zdravo e. A toa,mavta so rakata kon brokulata i vika:"ZDRAAVOOOO"!
------------- http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 02.Април.2007 во 17:57
mimoza salata
iscistena marula iseckana
posebno se provaruva smrznata pcenka
se cedi i se mesha so marulata, se dodava
maslinovo maslo, sol
se istura vo dlabok sad
i se renda sirenje ozgora
i dve vareni jajca...
se sluzi samo so rakija(domasna)
------------- Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
Постирано од: mamma
Датум на внесување: 02.Април.2007 во 18:14
Eve edna slicna : Pcenka varena Maslinki seckani Praz isto seckan Pecurki marinirani a moze i svezi dinstani Tuna od konzerva Se mesa celata sodrzina,sol,biber obavezno,limon mesto ocet,i jas stavam malku soja sos ama vo toj slucaj pomalku ili voopsto sol. Malku e poteska poradi prazot ama.... Zaboraviv i maslinovo maslo-ladno cedeno!
------------- http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]
|
Постирано од: angied
Датум на внесување: 02.Април.2007 во 22:10
salatite vi se odlicni
Eve edna rendana salata:
Vo dlabok sad za posluzuvanje se renda prvo
varen kompir,na nego se stava majonez,potoa se renda
tvrdo vareno jajce i sirenje,povtorno se renda kompir,
povtorno majonez, jajce i na kraj sirenje.
p.s ovaa salata e malku pokaloricna
|
Постирано од: Pimp Daddy Manev
Датум на внесување: 03.Април.2007 во 02:36
leleleleleleleleleeeee kolku sakam salatiiiii cel zivot samo salati bi jadel
ahhh sea mi se prijade ruska salata
------------- Better watch how you talk, when you talk about me...Cause I'll come and take your life away!
|
Постирано од: Tattoo Beauty
Датум на внесување: 08.Април.2007 во 11:50
Супер дечки пишувајте салатки , и онака е периодов само за тоа а добар почеток за средување на телото за летовоооооо
------------- http://www.skin-artists.com" rel="nofollow - Skin-Artists.com
http://www.tattoo-passion.org" rel="nofollow - TattooPassion
|
Постирано од: angied
Датум на внесување: 18.Април.2007 во 21:15
SALATA OD SPANAK
2 kitki svez spanak
1 kitka mlad kromid,seckan
sok od 1 limon
1/4 lazica maslinovo maslo
sol i biber po vkus
Dobro izmijte go spanakot.Iscedete go i iseckajte.posolete go.
Po nekolku minuti iscedete go povtorno.Dodajte go kromidot,
sokot od limon,sol i biber.Treba da se jade vednas.
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 17.Јуни.2007 во 15:53
РУСКА САЛАТАСостојки - 1 шоља компири варени
- 1 шоља грашак варен
- 1 шоља моркови варени
- 1 шоља кисели краставички
- 2-4 јајца
- 2-3 шољи мајонез
- сол
Се мешаат состoјките и салатата е готова
-------------
|
Постирано од: superbaby
Датум на внесување: 07.Август.2007 во 18:17
najdobri salati mi se shopska, salata od kompiri i moze da se kaze od zelka mmm
|
Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 27.Август.2007 во 14:54
salata od zelka ...
se sechi zelkata na mnogu tanki parchinja ...
i posle toa se zema krupna sol ...
se vtriva vo drobenata zelka ...
se stava kiselina i maslo ...
dobro e malku da otstoi ...
moze i malku rakija ...
posle toa zenata nemoze da ve iznervira ...
------------- PARADISE MACEDONIA
|
Постирано од: joki
Датум на внесување: 28.Август.2007 во 20:20
Еве еден рецепт на ултра-вкусна салатичка:
1. Варете макарони од тие најмалите, најситните. Количеството зависи од тоа колку салата сакате да спремите. Едно пакетче е најдобро. 2. Настрана исецкајте по 200г: пушена салама, кашкавал, кисели краставички и маслинки. Измешајте со две мали павлаки и две лажици мајонез. 2.Изшлакајте сфе во едно: Макарони и Сосот. Крај
------------- Точачиња.
|
Постирано од: Srni4kA
Датум на внесување: 02.Септември.2007 во 11:55
Обична салата
- Домати
- Краставици
- Кромид
ЕЕЕЕЕ ова салата највеќе ми е омилена
------------- Како се вика жолтиот кинез?
Ли-Мун
|
Постирано од: mamma
Датум на внесување: 02.Септември.2007 во 12:49
Na ovie temperaturi...ne priznavam nikakva druga osven sveza,sveza...sveza....ne sosovi,ne pavlaki,majonezi..???? NIKAKO...
------------- http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 15.Октомври.2007 во 21:00
Само зелени и свежи.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 25.Октомври.2007 во 19:07
Постирано од: Melina1
Датум на внесување: 29.Октомври.2007 во 09:58
Moze li da napisete i kolicini za salatite?
Mislam tolku grama toa, tolku grama voa:)
Pozdrav!
|
Постирано од: kicaan
Датум на внесување: 30.Октомври.2007 во 11:36
makedonska salata
dve crveni piperki peceni, se seckaat
dva domata isto
pola glavica kromid na tenki listovi
edna krastavica na parcinja
10 maslinki
sto grama ovco sirenje seckano
se preliva so maslinov zejtin i malku limunov sok
dobar apetit
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 31.Октомври.2007 во 17:47
Свежи и кисели салати.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: mamma
Датум на внесување: 29.Јуни.2008 во 19:24
Za vakvo vreme iskluchivo svezi salati... Pochesto pravam Taratur...ona....krastavica kiselo mleko, maslinovo maslo,..maaalku luk,kopar.....i ladno... na temperaturi nad 30c...osvezuva
------------- http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]
|
Постирано од: IQ
Датум на внесување: 29.Јуни.2008 во 23:23
bez salata ne mi pominuva jadenje, obavezno mi e vo meni
------------- http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 04.Јули.2008 во 00:31
mamma напиша:
Na ovie temperaturi...ne priznavam nikakva drugaosven sveza,sveza...sveza....ne sosovi,ne pavlaki,majonezi..????NIKAKO...
|
...eve edna!
0.5 l voda ladna..
edna lazica ocet vinski...
seckan mlad luk..
sol po potreba....
seto toa ubavo se mesa i ..srkaj ..srkaj...ubavina...
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Мај.2009 во 21:31
Мешана салата
Потребно:
* 25 зелени пиперки * 10 лути пиперчиња * 3 домати * 2 чешниња лук * сол
Приготвување:
двата вида пиперки и доматите испечете ги во загреана рерна. Откако ќе
се изладат, излупете ги и исечете ги на помали парчиња. Во нив додадете
ги истолчениот лук и солта, па сето тоа добро измешајте го и изладете
го.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 29.Мај.2009 во 13:58
Медитеранска салата
Потребно:
* 600 г компири * 1 конзерва грав * 300 г домати * 50 г маслинки * 1 лажица капар За преливот: * 2 лажици оцет * 4 лажици маслиново масло * 1 лажица зачинал
Приготвување: сварете ги компирите заедно со лушпата, а потоа излупете ги и исечете ги на тркалца. Гравот исцедете го, доматите и маслинките исчистете ги и исечете ги на парчиња. Зеленчукот ставете го во подлабок сад, додадете го капарот и сето тоа измешајте го. За салатниот прелив измешајте ги оцетот, маслото и зачиналот, па прелијте го врз салатата непосредно пред да ја послужите. медитеранската салата можете да ја послужите како предјадење или како гарнир со похувана риба или со месо од скара.
------------- Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 18:28
Видов ке marija-magdalena e готвила салата Табулех и реков да ви дадем рецептата.
Салата Табулех
1чаjена чаша жито или булгур
3-4 патлиджани
1глава кромид
2-3 китки магданос
1 лимон
2-3 стрка пресна мена
2-3 супени лажици зеjтин
сол и црн бибер на укус
Накиснете булгурот или житото за една нокj у вода.После го изцедете од водата и го сложете на дното на садот каде ке биде салатата.Насецкаjте ментата,магданосот,и кромидот и го добавете кон житото или булгурот.Се тоа на максимално ситно.Добавете и патлиджаните насецкани на ситно и овкусете салатата со сокот од 1 лимон и зеjтинот.Размешаjте добро и сервираj те.
Да ви биде укусно
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Февруари.2010 во 11:44
Салата од jаjца
8 варени jаjца
3 лажици маjонез
1лажица горчица
1мала глава крумид
малце копар
црн бибел
сок од лимун
Се готви многу лесно и брзо.Jаjцата и крумидот се сецкат на ситна и се стават во копа.Кон нив се става маjонезот ,горчицата,сокот од лимон насецканиот на многу ситно копар,црниот бибер,малце сол на вкус.Се тоа се меша добро и готово.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Февруари.2010 во 21:17
Салата со пилешко месо
1бр.пилешки гради
1бр зелена салата
0,150гр портокал
0,200гр краставици
оцет
зеjтин
1л.горчица
Пилешките гради се варат.После тоа се режат на тенки жулиени.Кон нив се стават насецканата зелена салата ,полата од портокалот и краставицата насецкана на кругчета.Се тоа се залива со дресинг од
зеjтинот,сок од полата портокал и горчицата.
И готово.
-------------
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 12:52
Kineska salata:
Потребни состојки: · 250 г ориз · 250 г шунка, ситно исечкана, со Знак за квалитет · 800 г краставица, ситно исечкана · 3 павлаки со Знак за квалитет · 3 лажици мајонез · сол · црн пипер Начин на приготвување: Оризот се вари, се мие со студена вода и се убаво се цеди. Потоа се додаваат ситно исечканите шунка и краставица, павлаките и мајонезот. Се Зачиналува со сол и црн пипер по желба.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 15:44
Исто така во оваа салата може да се стави место:
Valerija напиша:
Kineska salata:
Потребни состојки: · 250 г ориз · 250 г шунка, ситно исечкана, со Знак за квалитет пилешко чадено бело месо· 800 г кисела краставица, ситно исечкана · 3 павлаки со Знак за квалитет · 3 лажици мајонез · сол · црн пипер Начин на приготвување: Оризот се вари, се мие со студена вода и се убаво се цеди. Потоа се додаваат ситно исечканите шунка и краставица, павлаките и мајонезот. Се Зачиналува со сол и црн пипер по желба. |
Многу поубава испаѓа вака....
-------------
|
Постирано од: MySelfme
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 01:40
Ne znam kako i bese imeto, no se pravi od pavlaka, lukce, orevi i krastavicki..
------------- NOTHING NEVER ENDS...
Kakov paradoks!!!Sovrsenata ljubov e onaa sto ne pravi nesrecni.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Февруари.2010 во 01:50
MySelfme напиша:
Ne znam kako i bese imeto, no se pravi od pavlaka, lukce, orevi i krastavicki.. |
таратур
-------------
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 22.Февруари.2010 во 18:04
Тика Пилешка салата
Се вари бело пилешко месо, се сечка на коцки, па се додава јогурт густ онаков Грчки може и да се направи со некоја густа павлака и на крај Индиско Кари за јака портокалово-окер боја.
Може и малку Турмерик.
А може и да се испржи пилешкото претходно маринирано во кари сос, добро да го упие зачинот и бојата и откако добро ќе се излади да се додаде густиот јогурт.
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Февруари.2010 во 17:01
Француска салата
150 гр варен грашак 150 варени моркови 150 варени компири 50 гр кисели краставички 3 - 4 кесички мајонез 1 кисела павлака сол, бибер по желба
Во малку посолена вода се вари компирот и морковот. Грашакот може да се користи од конзерва. Се сецка сè на коцки како и киселите краставички. Внимавајте на додавањето на сол затоа што компирите и морковот се вареле во солена вода а и конзервираниот грашак е солен. На крај се додава мајонезот и киселата павлака како и бибер. Се става во фрижидер салатата се сервира ладна.
Може да се користи помешан замрзнат зеленчук и тоа грашак, морков и компири кој може да се најди во маркетите.Зеленчукот се вари во посолена вода 10 до 15 минути и потоа се процедува.
-------------
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 25.Февруари.2010 во 18:49
Шопска рууулз бе.
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 26.Февруари.2010 во 18:08
Зимска крем салата
1 средно зелче докај 1/2кг најмногу
1 помал кромид
1 морков
Се ренда бела зелка, моркови и кромид и се посипува со мајонез и многу малку павлака. Убаво се меша, да се изедначи масата.
Толку!
Може да се јаде како сака, како прилог или како намаз за сендвичи.
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 10:28
Руска салата
250 грама шунка 250 грама моркови 250 грама компир 150 грама кисели краставички 200 грама грашок 3 Јајца 3 до 4 кесички мајонез сол по вкус бибер
_____________________________________________
Компирите, морковот и грашoкот се варат. Се цедат и се оставаат да се оладат. Потоа компирите, морковот, шунката, јајцата и краставичките се сецкаат на ситни коцки. Се зачинуваат со сол и црн бибер. Се додава мајонезот и полека се меша салатата. Се сервира
-------------
|
Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 17.Март.2010 во 20:23
kiseli krastavicki seceni +edna pavlaka,mnogu lesna,brzaaaa,vkusna........probajte
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Март.2010 во 15:40
Пиперки со праз
500 гр. суви благи пиперки, по желба може и лути 2 струкчиња праз сол, масло
_____________________________________________________
Пиперките се мијат, се ставаат во сад со вода и се варат да омекнат. Празот се сече на ситни парчиња. Откако пиперките се сварени, се чистат од лушпата. Исчистени се ставаат во подлабок сад во кој се додава празот. По вкус се соли и се додава масло.
-------------
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 23.Март.2010 во 18:28
MySelfme напиша:
Ne znam kako i bese imeto, no se pravi od pavlaka, lukce, orevi i krastavicki.. |
Знам дека некои луѓе ја нарекуваат Урнебес салата, може и во бомбици да се обликува.
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 23.Март.2010 во 18:30
емил напиша:
MySelfme напиша:
Ne znam kako i bese imeto, no se pravi od pavlaka, lukce, orevi i krastavicki.. |
таратур |
Ти тоа што го наведуваш како Таратур Емил, меѓу народот е попознато како комбинација од свежи краставици, лук и кисело млеко (или павлака).
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 25.Март.2010 во 21:31
салати а не знам дали знаете ама има една салата со варени компири, јајца, сирење и павлака и мајонез малку. Се рендаат варените компири, се ставаат во поголем сад, над нив се рендаат тврдо варените јајца, над нив сирење и на крај се премачкува со павлака ( јас и мајонез ставам ) и многу е вкусно
И една друга салата со макарони и туна. Само варени макарони се мешаат со туна од конзерва и пак одозгора може да се стави павлака или мајонез
------------- You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Март.2010 во 23:31
А рецептата за оригинална ’’Италијанска салата’’ знаете ли ја??
варени макарони(по можност од теа шарениве)
јаблика
и варено мариновано пилешко филе
и малце павлака со мајонез (мешано)
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Април.2010 во 21:24
- Салата од туна и грав
- малку Сол
- 30 грама Сенф
- 1 Пиперка/ки
- 15 милилитри Оцет
- 1 лажица/ци Маслиново масло
- малку Магдонос
- 2 чешниња Лук
- 1 Кромид/а
- 200 грама Грав
- 30 милилитри Јогурт
- 200 грама Туна
- малку Црн пипер
Во сад за салата ставете ги иситнетата туна, исцедениот грав, исецканиот кромид, пиперка и магдонос.
Состојките за преливотубаво изматете ги.
Проверете на вкус и полијте ја салатата.
Уште еднаш сè измешајте и ставете еден час во фрижидер па послужете.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 08:43
Салата од црвена зелка
Потребни состојки:
- 20 грама Шеќер
- малку Сол
- 150 милилитри Оцет
- 30 милилитри Масло
- 1 ливче/чиња Ловоров лист
- 100 грама Лешник
- 400 грама Зелка
Подготвување:
Оцетот од јаболкото, шеќерот, еден тимијанот и ловоровиот лист ставете ги да зовријат.
Нека се варат малку, па смесата ставете ја на страна да се лади.
Зелката ситно исецкајте ја, полијте ја со скоро ладната течност и оставете да стои еден час.
Потоа додадете сол и масло, па сè заедно измешајте.
Подготвената салата ставете ја во тегла или кутија и до служење чувајте ја во фрижидер.
Пред послужување посипете ја со лешници.
-------------
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 09:06
Емил, кажи и некој рецепт за нешто помрсничко....не само за трева...
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 10:05
Ги сакам ..скоро сите салати...
но овој период највеќе ..Мимозата....
-------------
|
Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 22:27
Makaroni salata
-makaroni najmali
-pavlaka
-majonez
-shunka
-pecurki
-krastavicki kiseli
sol,vageta,crn piper,magdanos
------------- ~Live the life you love, love the life you live~
|
Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 22:32
Francuska salata
-150 g shunka
-1 sveza krastavica
-150 g orasi
-3 pavlaki
-150 g rendano sirenje
------------- ~Live the life you love, love the life you live~
|
Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 22:35
Ruska salata
- shunka
- kiseli krastavicki
- pavlaka
- majonez
- kompir
- jajca
- morkov(mnogu bitno)
- grashok
sol,vageta,crn piper
-Kompirite i morkovot zaedno se varat so sol.Jajcata ladni se secat.Ne se stava kashkaval.
------------- ~Live the life you love, love the life you live~
|
Постирано од: Kali
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 22:42
file:///C:%5CUsers%5CIVANA%5CAppData%5CLocal%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml -
file:///C:%5CUsers%5CIVANA%5CAppData%5CLocal%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml -
- - - продукти - лук - пармезан - леб - масло - Францускиот - леб - сече - тенки - премачкува - - - и - пече - температура - не - златна - се - ле - се - топли - премачкуваат - лук - триеш - по - Преливот - салатата - припрема - следниов - подлабок - се - - - - - - - - - - - - - - - - измиената - се - на - парчиња - се - во - за - додават - леб - полива - преливот - на - се - пармезан
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 15:21
Салата од домати со печурки
Потребни состојки:
- 200 милилитри Јогурт
- 500 грама Домати
- 1 Китка магдонос
- 1 глава Кромид
- 2 лажици Масло
- малку Сол
- малку Црн пипер
- 100 грама Шунка
Подготвување:
Печурките се цедат и се полеваат со ладна вода. Кромидот се сече на парчиња, а доматите на тркалца, па се меша со печурките и шунката сечена на парчиња. Се додава јогуртот, се посолува , се става црниот пипер, потоа се додава маслото и на крај се додава магдоносот.
-------------
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 22:13
Ја многу сакам салата од компири. Варени компири се ставаат у тацна и одозгора се посолуваат.. и малку кромид се става и оцет.
Мљац. Секад баба ми коа прави јадам ко да не сум видела.
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 22:21
Tiggy Vicious напиша:
Ја многу сакам салата од компири. Варени компири се ставаат у тацна и одозгора се посолуваат.. и малку кромид се става и оцет.
Мљац. Секад баба ми коа прави јадам ко да не сум видела.
|
I jas ja sakam salatata od kompiri. Istata sto ja navede , od vareni kompiri.
Mmmmmmmm....
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 22:22
емил напиша:
Салата од домати со печурки
Потребни состојки:
- 200 милилитри Јогурт
- 500 грама Домати
- 1 Китка магдонос
- 1 глава Кромид
- 2 лажици Масло
- малку Сол
- малку Црн пипер
- 100 грама Шунка
Подготвување:
Печурките се цедат и се полеваат со ладна вода. Кромидот се сече на парчиња, а доматите на тркалца, па се меша со печурките и шунката сечена на парчиња. Се додава јогуртот, се посолува , се става црниот пипер, потоа се додава маслото и на крај се додава магдоносот. |
A i ovaa e mnogu dobra. Sakam pecurki . Mmmmmm......
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 22:47
KINGDAVID напиша:
Tiggy Vicious напиша:
Ја многу сакам салата од компири. Варени компири се ставаат у тацна и одозгора се посолуваат.. и малку кромид се става и оцет.
Мљац. Секад баба ми коа прави јадам ко да не сум видела.
|
I jas ja sakam salatata od kompiri. Istata sto ja navede , od vareni kompiri.
Mmmmmmmm....
|
Iako moze i kako dodatok za rucek, kaj nas doma omilena salata e i ovaa varen kompir (varenje -da vrie 5 min) se cedi i stava vo podmackan pleh, poprskan so zejtin ili nekolku tenki lenti puter/margarin, posipan so bukova sol, susam, moze tenki lenti slaninka i kashkavalce, malku se podpekuvaat vo rerna-da zacrveni. Mnogu ubavo "legnuva" na dusha so mlado kromitce
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 22:51
kako salata- si sakame i kompiri vo lushpa ubavo izmieni, iseceni na dva dela podmackani s puter/zejtin koj shto miluva i podpeceni vo rerna. Pri kraj moze da im se stavi odozgora slaninka i kashkavalce. Moze i onaka podpecen da se napravi dlabnatinka koja ke se popoli so riba od konzerva so seckano kromidce. Probajte
-------------
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 23:01
Mi se prijade
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 23:08
Zatoa gi pisav, brzi se za prigotvuvanje a vkusni, bar za vreme na utakmici ili dodeka se sedi na forum tie se podgotvuvaat A se koristi toplinata na rernata i za malku podpeceno lepce-dvopekce koe ne debelee a zasituva
-------------
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 12.Април.2010 во 23:57
mamamd напиша:
Zatoa gi pisav, brzi se za prigotvuvanje a vkusni, bar za vreme na utakmici ili dodeka se sedi na forum tie se podgotvuvaat A se koristi toplinata na rernata i za malku podpeceno lepce-dvopekce koe ne debelee a zasituva
|
Blagodaram mamamd
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 18:16
Шопска Салата со Туна , Маслинки и Павлака!!!
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 18:21
марула.млад кромид,јајце и туна........
(само што мразам марула да мијам)
------------- И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
|
Постирано од: dejanpp
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 18:50
salata - kralsko jadejne.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 19:45
Табулех
2 краставици се сецкаат ситно, ама баш ситно.
4-5 патлиџанчиња исто така (се подразбира дека претходно се се мие убаво)
1 врзопче млад кромид се сецка ситно на тркалца сосе перцата се разбира.
1 китка свежо нане и 1 китка магдонос исто така се сецкаат на најситно (јас тоа го правам во сецкото или блендер, со сок од 1 лимон), малку маслинов зејтин и по желба одозгора булгур.
Тоа е тоа, нането дава посебен вкус и моите многу ја сакаат, ја правам се додека има свежо нане и млад кромид.
Најубаво оди со фалафел (ќофтенца од леблебија) но за тоа другпат.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Април.2010 во 21:25
maria_magdalena напиша:
Табулех
2 краставици се сецкаат ситно, ама баш ситно.
4-5 патлиџанчиња исто така (се подразбира дека претходно се се мие убаво)
1 врзопче млад кромид се сецка ситно на тркалца сосе перцата се разбира.
1 китка свежо нане и 1 китка магдонос исто така се сецкаат на најситно (јас тоа го правам во сецкото или блендер, со сок од 1 лимон), малку маслинов зејтин и по желба одозгора булгур.
Тоа е тоа, нането дава посебен вкус и моите многу ја сакаат, ја правам се додека има свежо нане и млад кромид.
Најубаво оди со фалафел (ќофтенца од леблебија) но за тоа другпат.
|
Искрено Мацо, за друг пат да правам ваква салата ке чекам вистинските патлиџани, не со овие мутантиве. Едните со некои тврди бели точки, а другиве полни вода. Да не беше нането мислам дека ке ми одмилеше салатава. И немора со лимун, јас ставив лимонов сок од шише од Кам маркетот
-------------
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 18.Април.2010 во 19:40
Како мислиш лимонов сок од шише од Кам?
Немој бе мамад, душата ќе те колне. Се знае како се “залева“ салата, лимон, маслиново масло (нека е и сончогледово), ама лимонов сок од шише?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 23.Април.2010 во 12:39
maria_magdalena напиша:
Како мислиш лимонов сок од шише од Кам?
Немој бе мамад, душата ќе те колне. Се знае како се “залева“ салата, лимон, маслиново масло (нека е и сончогледово), ама лимонов сок од шише?
|
Има специајло исцеден лимон-и за салата и за сок . Многу ме нервира да цедам лимон, вака си земам од тоа и за салати и го обозавам за сок. Не е благ
-------------
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 23.Април.2010 во 16:16
Е значи сварно нема ништо боље од салата од компири. Амин!
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 23.Април.2010 во 16:21
Пилешка со печурки и павлака... Моја омилена...
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Април.2010 во 21:08
Македонска Салата |
|
200 гр. Свежи домати сечени на коцки 200 гр. краставици сечени на коцки 40 гр. ситно сечкан кромид 120 гр. пиперки печени и сечени на коцки 40 гр. масло сол
Сето ова се меша, се сервира во чинија за салата и се служи. По желба може да се стави лута пиперка. |
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Април.2010 во 04:09
Малиџано |
|
4 модри патлиџани 200 гр. овчо сирење 6 чешниња лук 50 гр. ореви 50 гр. масло црн пипер
Измијте ги патлиџаните, потоа избришете ги и испечете ги во рерна или, на плотната од шпоретот. Кога патлиџаните ќе се оладат излупете ги оставете ги во цедалка да се цедат. За тоа време во дрвена ваганка истолчете го лукот со солта, ставете ги оревите па и нив добро истолчете ги и ставете го црниот пипер. Исцедените патлиџани истолчете ги и помешајте ги со лукот оревите па додајте го изгмеченото сирење. Загрејте го маслото до вриење и внимтелно помешајте гo во оваа пикантна салата. Салатата може да се послужи какo прилог со печено месо, а може да се користи како предјадење. |
-------------
|
Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 14:03
maria_magdalena напиша:
Како мислиш лимонов сок од шише од Кам?
Немој бе мамад, душата ќе те колне. Се знае како се “залева“ салата, лимон, маслиново масло (нека е и сончогледово), ама лимонов сок од шише?
|
таман ќе одам да си направам една салатичка, па си барав идеи шопска... оу јеа
цеденото сокче од лимонче, ако е тоа истото што мислиме, е мнооооогу убаво, па и за коктели или во овошна салата... ама во марула е... мммм и дава некој вкус што не ме асоцира на трева
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 17:18
Салата Маканица |
|
300 гр. грав 3-4 лути суви пиперки 4-5 чешниња лук 200 гр. масло сол
Сварете го гравот заедно со пиперките. Исцедете ги од вода, а пиперките излупете ги и извадете го семето и рачките. Сето тоа изгмечете го убаво и направете гycтa каша. Лукчето истолчете го и ставете го во кашата и налејте ја со маслото. Посолете по вкус. |
-------------
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 17:25
3 поголеми киселки јаболка 4-5 моркови 2-3 лажици оцет (или лимон) мајонез по желба сол
јаболката и морковите се рендаат, се ддава оцетот (или лимонот), се става мајонез и сол и сето тоа се меша.... Чудна малку е ама сепак е добра....
А место мајонез можи да се стави 2-3 жолчки биени додека не станат густи измешани со оцет или лимон...
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 30.Април.2010 во 03:05
МЕШАНА САЛАТА СО ЈОГУРТ
Потребно: 3 компири, 4 моркови, 1 праз, 1 лажица маринирани печурки, 3 краставици, 50 гр. црни маслинки, 200 гр. посна шунка во парче, 1 жолчка, 1 лимон, 1 чаша јогурт, масло, црн пипер и сол
Сварете ги компирите и морковите, исцедете ги, оставете ги да се изладат и исечете ги на коцки. Во подлабока чинија изматете ја жолчката со малку сол и црн пипер и додадете сок од лимон. Ставете ги во длабок сад за салата сварениот зеленчук, исечканата шунка, краставицата на тркалца, печурките и маслинките. Преку салатата прелијте го сосот со јајце и промешајте. Потоа прелијте ја со јогурт и додадете неколку лажици масло. Украсете ја со тркалца од белиот дел на празот и оставете неколку минути да стои за да може зеленчукот да ги впие сите сокови.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 21:57
Салата Примавера
Потребни состојки:
- малку Сол
- 100 грама Сирење
- 100 грама Пченка
- 1 Пиперка/ки
- 100 грама Моркови
- 250 грама Макарони
- малку Магдонос
- 100 грама Грашок
- 100 грама Боранија
- 200 милилитри Јогурт
- малку Црн пипер
Во наслона вода сварете ги макароните, исцедете ги, измијте со ладна вода па пак убаво исцедете.
Посебно сварете ги морковите, грашокот, боранијата и пченката.
Сè исцедете, а боранијата и морковите исечкајте ги на ситни коцки.
Пиперката исчистете ја и исечкајте ја на коцки.
Во длабок сад ставете ги исцедените макарони, додајте го зеленчукот, изронетото сирење и сè заедно измешајте со јогуртот.
Зачинете со сол и црн пипер, додајте сечкан магдонос.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Мај.2010 во 19:27
Балканска Салата
Потребни Состојки: -4 компири -2 главици цвекло, -4 јајца, -1/2 кг. кисели краставички, -1 дцл. јогурт, -100 гр. ореви, -100 гр. црни маслинки, -оцет, масло, црн пипер, сол.
Подготовка: Компирите сварете ги со лушпа, а цвеклото посебно. Сварете ги и јајцата. Излупете ги компирите и цвеклото, исецкајте ги на коцки и ставете во длабока чинија. Тврдо сварените јајца исечете ги исто на коцки и измешајте ги заедно со цвеклото и компирите. Додајте ги исечените краставички. Извадете ги семките од маслинките, исецкајте ги и ставете во чинија. Јогуртот измешајте го со сецканите ореви и ставете го во салатата. Додајте сол, масло, оцет и уште еднаш добро измешајте.
-------------
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 13.Мај.2010 во 22:49
Неодамна дознав дека во Турција како прелив за марула се употребува сос од калинки. Пробав и доста е интересно. Сосот е доста кисел но не ги нагризува усните како оцетот.
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 13.Мај.2010 во 23:09
Да познат ми е сосот затоа што и арапите доста често го користат само што има друго име ама сепак за истиот состав станува збор...
Го ставаат најчесто во салато до ДОМАТ,КРАСТАВИЦА и МАРУЛКА...
-------------
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 14.Мај.2010 во 00:00
Патем сосот од калинки го има во Ramstore да се купи, едната варијаната е околу 200 ден. другата околу 300.
|
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 14.Мај.2010 во 01:45
Една едноставна но многу убава салата...
варено гравче.... печени пиперки ..излупени... сецкани
се промешуваат се става масло и сол... по желба
може малку лукче ..... и за мерак.....
-------------
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 14.Мај.2010 во 01:52
И јас ај да кажам една... Не знам дали спаѓа во салати али...
1-2 гоелми домати 5-6 печени пиперки масло и сол
Пиперките се толчат во аван со толчник (по множност се клава крупна сол и се тплчат додека не се стопи солта) се додаваат доматите ситно исечкани и се продолжува да се толчи ама полека оти прскаат доматите и се додава масло и сол по желба... Сето се меша...
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Мај.2010 во 03:50
Една од илјадите рецепти за салата туна.............
САЛАТА СО ТУНА
Потребни Состојки: -500 гр. домати -2 пиперки (црвена и зелена), - 1 главица зелена салата, - 1 кутија туњ, - оцет, сенф, сол, - 3 кисели краставички, -100 гр маслинки (црни и зелени) , - 2 тврдо варени јајца, -2-3 мали краставички за украсување.
Подготовка: Исчистените пиперки исечте ги на половина, а потоа на резанки. Доматите исечете ги на кришки, отстранете ги семките и сокот. Зелената салата исцедете ја од водата и наредете ја на дното на чинијата за салати. Туњевината иситнете ја, додадете го маслото од конзервата, сенф, оцет, малку сол, и на тркалца исечените краставички. Додадете ги доматите и пиперките (малку намастени) и дел од маслинките, внимателно измешајте и наредете ја смесата во чинијата за салата. Салатата украсете ја со тркалца тврдо варени јајца, краставички и маслинки. Служете со топли лепчиња или црн домашен леб.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Мај.2010 во 15:31
Салата со Урда
Потребни Состојки: - 500гр. Урда - 1/3 маргарин - 100гр. ореви - 1 китка магданос - малку лук
Подготовка: Ситно ги сецкајте ги оревите, магданосот и лукчето. Додадете ги во претходно приготвената смеса(од маргарин и урда) и мешајте додека не се соедини масата. Сервирајте по една топка во секоја чинија. - Можете да ја сервирате по избор, ние ја сервиравме како плочка.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Мај.2010 во 19:19
Морска Салата
Потребни состојки: 1кг школки 400гр туна 2 јајца 600 гр компир 100мл маслинов зејтин малку оцет малку магдонос
Подготовка: 1.Во вода сварете ги школките.Кога ќе се отворат извадете го месото и исперете го. 2.Ако имате свежа туна, направете филе, посолете ги и забиберите и испечете го наеднаш. 3.Сварете ги јајцата и компирот. Сварениот компир исецкајте го на мали коцки. 4.Измешајте ја туната и варените јајца. Додајте ги школките, компирот, сол, масло,оцет и бибер. 5.Украсете ја со магдонос.
-------------
|
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 20.Мај.2010 во 15:01
Една многу убава брза салата....
... Се сецкаат на ситни коцкички ....
2 краставички ...свежи
2 патлиџани
200 гр. кашкавал
200 гр. салама - шунка .... или некоја друга ..по желба
200 гр. мајонез или по желба павлака ....
2 пакетчиња Кубети
Се остава малку да отстои ...
....Пријатен апетит.....
-------------
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 20.Мај.2010 во 23:38
zamislena напиша:
Една многу убава брза салата....
... Се сецкаат на ситни коцкички ....
2 краставички ...свежи
2 патлиџани
200 гр. кашкавал
200 гр. салама - шунка .... или некоја друга ..по желба
200 гр. мајонез или по желба павлака ....
2 пакетчиња Кубети
Се остава малку да отстои ...
....Пријатен апетит.....
|
Mmmmmm, dobra salata.....
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Мај.2010 во 18:13
Англиска салата
СОСТОЈКИ • 0.5 кг компири • целер • 1 јајце • 1 кисело јаболко • масло • сол и бибер
ПОДГОТОВКА Сварете ги компирот, јајцето и целерот. Потоа, излупете ги и исечкајте на ситни коцкички. Се мешаат заедно со излупеното и изрендано јаболко. Се додава сол, бибер и масло. Се сервира во чинија за салата. По желба, може да гарнирате со половинки лимон или да додадете оцет.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Јуни.2010 во 05:35
Салата со јајца
Потребни состојки:
- 100 грама Фета сирење
- малку Сол
- 30 милилитри Маслиново масло
- 100 грама Мајонез
- 300 грама Кисела павлака
- 4 Јајца
Сварете ги јајцата. Ставете ги во блендер и измиксирајте ги.
Смесата ставете ја во еден сад и додадете ½ лажичка сол.
Додадете ја павлаката, сирењето и мајонезот и мешајте.
Додека мешате додадете ги и 2-те лажици маслиново масло. Послужете.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Јуни.2010 во 16:37
Пролетна салата со грав
Потребни состојки:
- малку Мешан зачин
- 100 милилитри Маслиново масло
- малку Магдонос
- 3 чешниња Лук
- 500 грама Зелена салата
- 500 грама Домат
- малку Дафинка
- 200 грама Грав
- 50 милилитри Вода
- малку Босилок
- 15 милилитри Оцет
Исчистете ја зелената салата, измијте и иситнете по ваша желба.
Сварениот и изладен грав убаво исцедете го, помешајте со салатата и доматите сечени на коцки.
Сите состојќи за преливот помешајте ги и оставете да стојат 5 минути.
Сè добро промешајте и полијте ја салатата. на салатата можете да и додадете и коцкички препечен леб.
-------------
|
Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 18.Јуни.2010 во 21:09
Tuna salata
-makaroni najmali vareni
-morkov svez seckan na kocki
-paskanat svez isceckan
-1 tuna
-krem sir ili pavlaka
-majonez
-po zelba sol
------------- ~Live the life you love, love the life you live~
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 20.Јуни.2010 во 01:54
Se vo edno. salata so zelka, morkov, domati, luta piperka, krastavica, i seto toa zalieno so pavlaka. uffffffffffffffffffff, ne da e vkusno..........
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 20.Јуни.2010 во 09:46
Denes iskluchivo shopska............. normalno ako imet RENDE.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Јуни.2010 во 17:39
Салата со тиквички
Потребни состојки:
- 200 грама Тиквичка
- малку Сол
- 10 милилитри Оцет
- 1 чаша 200мл Масло
- 3 чешниња Лук
- малку Копар
Тиквичките се лупат, се сечат прво по должина на тенки парченца.
Тиквичките малку се варат во посолена вода, околу 3-4 минути. Добро се цедат.
Тиквичките се посипуваат со оцет и масло, се додава толчен лук, сол и ситно сечен копар.
Пред служење салатата се остава да постои на ладно место.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Јули.2010 во 20:42
Салца со туна и тестенини
Потребно:
* 400 г макарони * 2 лажици маслиново масло * 2 чешниња истолчен лук * 1 лажица ливчиња свеж босилек * 1 лажичка рендана кора од лимон * 350 г салца (од тегла) * 160 г туна (од конзерва)
Приготвување: во загреаното масло ставете ги ренданата кора од лимонот, истолчениот лук, босилекот, исцедената туна, салцата и сето тоа кратко проварете го. Макароните сварете ги, исцедете ги и измешајте ги со сосот. Салцата со туна и тестенините послужете ги со салата по желба.
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 19.Јули.2010 во 10:26
1 до 2 главици цвекло 5 до 6 моркови китка магдонос 1 главица кромид цвеклото, морковите и кромидот да се излупат и изрендаат се додава ситно исецкан магдонос, јаболков оцет, масло и малку сол. Најважно е шо стои во фрижидер и повеќе денови
- http://kuvar.krstarica.com/index.php?eID=tx_cms_showpic&file=uploads%2Fpics%2Fsalata_cvekla_sargarepa.jpg&width=1024m&height=768m&bodyTag=%3Cbody%20style%3Dmargin%3A0%3B%20background%3A%23fff%3B%3E&wrap=%3Ca%20href%3Djavascript%3Aclose%28%29%3B%3E%20%7C%20%3C%2Fa%3E&md5=0b45493817b940e19b078ae2e7b2027e">
-------------
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 21.Јули.2010 во 04:15
Мислам дека ја нема оваа
Сецкана салата на Џејми Оливер
Потребно:
една главица марула
половина голема краставица, грубо исецкана
4 млади кромидчиња, ситно исецкани
две парчиња авокадо, грубо исецкани
босилек, грубо исецкан
100 гр. кашкавал, ситно исецкан
поточарка, ситно сецкана
три домати, грубо исецкани
За дресинг:
една лажичка англиски сенф
една лажица вински оцет
три лажици маслиново масло
сол, бибер
Подготовка: На даска за сецкање, исецкајте ги ситно младите кромидчиња. Потоа марулата, краставицата, авокадото, босилекот, кашкавалот, доматите и поточарката сецкајте ги грубо едно по едно и потоа спојувајте го секој зеленчук со наредниот како би ги исецкале зеленчуците поситно и поситно. На даската во средина направете мал простор и ставете ги сенфот, маслиновото масло, оцетот, солта и биберот и мешајте. Откако ќе се соедини дресингот, мешајте ја целата салата со ножот кон дресингот како би се зачинило секое парче зеленчук. Сервирајте во голема чинија со малку маслиново масло врз салата.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|