![]() |
|
Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2425262728 61> |
Автор | ||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Официјално: Карлос Тевез е играч на Манчестер Сити
13/07/2009 23:29
Манчестер Сити потврдија дека вечерва постигнале договор со Карлос Тевез. Аргентинскиот напаѓач кој до оваа сезона настапуваше за Јунајтед потпишал 5 годишен договор со “граѓаните“. Тевез кој беше на двегодишна позајмица во Јунајтед не успеа да најде заеднички јазик со управата на “црвените ѓаволи“ и затоа премина во градскиот ривал кој му понуди многу подобри услови. Сега треба да ги помине уште медицинските прегледи за да и официјално биде објавен договорот. “Ова се одлични вести. Тој не е само фантастичен техничар, тој е играч кој многу може да допринесе на етиката во тимот. Ќе ни даде сосема нова димензија во нападот.“ “Неможам да дочекам за да го поздравам неговото доаѓање на Сити Граунд. Ова е уште еден договор кој покажува колку нашите сопственици се посветени да го направат овој клуб што подобар. Ве уверувам дека сите наши фанови ќе му посакаат добредојде на Карлос.“ - изјави меначерот на Сити Марк Хјуз. Ова е третото големо засилување за Манчестер Сити после трансферите на Герет Бери и Роке Санта Круз. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
![]() |
||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Понудата на Милан е навредлива
![]() "Преговорите се комплексни, но Милан засега има и формална понуда. Ние сме сопственици на договорот на Луис Фабиано, а Милан во моментов нема доволно пари за да го купи. Сумата која тие ја понудија првиот пат беше доволна за некој од нашите резервни фудбалери, тоа е навреда за нас. Луис лани го продолжи договорот и јас навистина се надевам дека ќе остане со нас и во следните две сезони", рече Дел Нидо. Милан летово заработи 67 милиони евра од продажбата на Кака во Реал Мадрид, но се уште не почнал да ги инвестира во нови фудбалери. Единствените играчи кои ги засилија "росонерите" досега се Огучи Ониеву, кој дојде како слободен играч од Стандард Лиеж и оние што се вратија од позајмици. Од друга страна, Луис Фабиано моли да заигра во Милан и прави се што е во негова моќ за да издејствува трансфер. За него се уште има надеж иако потпретседателот Адриано Галијани изјави дека, најверојатно, нема да биде со екипата на подготовките во САД. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
![]() |
||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Морати ја шокираше Европа: Ибрахимовиќ во Барселона!
![]() Масимо Морати синоќа потврдил дека преговара со Барселона околу трансферот. Работата, како што тврдат шпанските медиуми, е завршена нешто по полноќ во Милано. Шведскиот фудбалер доаѓа во актуелниот шпански и европски шампион за 40 милиони евра отштета Самуел Ето и Александар Хлеб. Камерунецот доаѓа како слободен играч, додека Белорусот останува на едногодишна зајмица. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
![]() |
||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Лусио го замени Баерн со Интер
![]() "По трофејниот петгодишен престој во Баерн, капитенот на бразилската репрезентација Лусио го напушти нашиот клуб и заминува во Интер. Вчера беше постигната согласност со која е прекинат договорот со нас иако тој важеше до 30 јуни 2010 година. Отштетата засега е непозната, а 31-годишниот фудбалер потпишува тригодишен договор со Интер", стои на официјалната интернет-страница на Баерн. Лусио беше член на Баерн од 2004 година кога дојде од Баер Леверкузен и со баварскиот клуб освои три двојни круни во германскиот фудбал: во 2005, 2006 и 2008 година. Тој беше еден од најстандарните фудбалери во претходниот период, но новиот тренер Луис ван Гал уште пред стартот на подготовките објави дека во новата сезона предност ќе има новодојдениот Анатолиј Тимошчук, па Лусио мораше да си бара нов клуб. Од Интер до крајот на вчерашниот ден немаше официјално соопштение за трансферот на Бразилецот затоа што се очекуваше финиширање на некои детали како медицински прегледи и потпишување на договорот, како и фактот дека екипата во моментов се наоѓа на подготовки во Лос Анџелес. Лусио доаѓа на Џузепе Меаца на инсистирање на тренерот Жозе Мурињо, кој уште пред две недели побара од управата ангажирање на квалитетен стопер. Лусио сигурно ќе биде огромно засилување за миланскиот клуб затоа што е познат како бескомпромисен борец за кого нема загубена топка. Освен тоа, Интер нема многу сигурна одбрана, па со доаѓањето на Лусио овој дел ќе биде исклучително засилен и "нероазурите" ќе можат и да се борат за титула во Лигата на шампионите. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
![]() |
||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Естудијантес победник на Копа Либертадорес
![]() Првиот гол го постигнаа домашните преку Хенрике во 52 минута, а само пет минути подоцна гостите преку Фернандез израмнија на 1:1. Победата на Естудијантес му ја донесе Босели во 73 минута со неговиот негов осми гол во ова натпреварување, со што стана и најдобар стрелец. Првиот натпревар во Ла Плата заврши 0:0. Екипата на Естудијантес првите три трофеи ги освои во низа од 1968 до 1970 година. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
![]() |
||||
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Марадона може да заврши в затвор
|
||||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
||||
![]() |
||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ибрахимовиќ прифаќа и помала плата, само да е во Барса
Златан Ибрахимовиќ е подготвен да се откаже од добар дел од актуелната плата во Интер само за да се пресели во редовите на Барселона. Според информациите, Ибрахимовиќ е подготвен да добие за цели 4,5 милиони евра помала годишна плата од онаа која моментно ја има во Интер, само за да се најде во дресот на европскиот шампион. „Ел Мундо Депортиво“ откри дека Швеѓанецот ќе потпише петгодишен договор вреден околу 9 милиони евра по сезона, но ако се одбијат оние 23% на име данок, тоа значи дека Ибра ќе има годишно нето плата во висина од околу 7,5 милиони евра. До доаѓањето на Кристијано Роналдо во Реал, Ибрахимовиќ беше најплатениот фудбалер на светот. Со оглед на тоа што неговиот менаџер Рајола секое лето потенцира дека неговиот клиент сака нов предизвик, јасно е дека и Интер ќе се согласи за разделба со него. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
![]() |
||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Профи деби на 12 годишник
Маурисио Балдивиесо (12) вчера ги одигра своите први минути во двобојот од боливиското фудбалско првенство меѓу домашниот тим Аурора од Кочамамба и Ла Паз. ![]() Во редовите на домашната екипа неговиот тренер и татко кој е познат боливиски репрезентативец од деведесеттите години Хилио Цесар Балдивиесо, го внесе во игра во 81 минута . Детето кој во среда ќе наполни 13 години со тоа стана најмладиот фудбалер во историјата кога е во прашање професионалниот сениорски фудбал. "Ова е историски настан", одушевено објавуваа локалните медиуми. Сепак домаќините загубија со 1-0 а момчето откако влезе во игра врз него противничкиот играч остро стартуваше на десниот глужд. Најмладиот професионалец во историјата веднаш врисна во плач, но сеедно стисна заби и продолжи да игра. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
![]() |
||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Виљареал победи третолигаш со 27:0![]() Шпанскиот прволигаш Виљареал забележа неверојатна победа во пријателски натпревар против шпански третолигаш со дури 27 гола. „Жолтата подморница“ успеа да го прегази со 27:0 тимот од Валенсија, Навату, кој игра во третата регионална лига. Напаѓачот Џонатан Переира постигна дури седум голови, а неговите соиграчи Хосеба Љоренте и Марко Рубен постигнаа по четири. Поранешниот играч на Арсенал, Роберт Пирес додаде уште два гола. Новиот тренер на тимот Ернесто Валверде во двете полувремиња излезе со различни играчи. Еве едно видео од мечот http://www.youtube.com/watch?v=k9zAnV2Doa8 Изменето од fiks - 21.Јули.2009 во 12:57 |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
![]() |
||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ноу Камп се сели на вештачки остров![]() Барселона сака да му возврати на Реал со мегаломански проект – стадион со кој би ги засенил сите останати. Новиот Ноу Камп би бил на вештачки остров на брегот на Барселона, со капацитет од 150.000 гледачи! Ова е идеја на познатиот архитект Емили Видал, заслужен за идејното решение на новиот Камп Ноу, со капацитет од 150.000 места. Видал стадионот го преместил на брегот на главниот каталонски град, бидејќи управата на клубот не се задоволува само со реновирање на старото здание што го осмисли Норман Фостер, британскиот архитект кој меѓудругото го проектираше и новиот Вембли. Новото, речиси нереално здание би се издигало на вештачки остров наспроти Форумот, а гледачите на натпреварите би стигале преку мост. Видал уште сега нагласи дека не очекува оти оваа идеја некогаш ќе биде реализирана, но смета дека барем ќе ги поттикне новите расправи што да се прави со постоечкиот стадион. Доколку градските власти сепак се одлучат за нов стадион, тој би почнал да се гради најрано во 2011. година. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
![]() |
||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
МИЛИОН евра месечно за Тери
![]() Според Дејли меил, менаџерот на Сити, Марк Хјуз, планира да ја испрати понудата за 28-годишниот Тери најдоцна до вечерва. Како што е познато, "граѓаните" претходно понудија 32 милиони фунти како отштета за Челзи, но лондонскиот клуб тоа експресно го одби. Сега мора да се праша и самиот фудбалер бидејќи тој моментално во Челзи заработува по 135 илјади фунти неделно, а во Сити ќе има можност да ја зголеми таа сума на неверојатни 250 илјади. За споредба, договорот на Роналдо со Реал Мадрид е за неделна плата од 200 илјади евра, што значи дека Сити би можел идната сезона да го има најплатениот фудбалер во светот. Освен тоа, ако се оствари овој трансфер, Тери ќе биде најскап дефанзивец во историјата на фудбалот имајќи предвид дека во моментов тој рекорд го држи Рио Фердинанд со 29 милиони фунти кога преминуваше од Лидс во Манчестер Јунајтед. Извори блиски до Челзи тврдат дека Тери е во големо искушение од сериозните суми кои деновиве се вртат околу него. Меѓу другото, искусниот дефанзивец бил разочаран и од фактот што Челзи летово не донесе квалитетни засилувања и тоа може да одигра голема улога врз неговата конечна одлука дали ќе остане на Стемфорд Бриџ или ќе си замине. Мора да се признае и дека Челзи не седи со скрстени раце иако обидите што ги прави лондонскиот клуб изгледаат несериозни во споредба со понудите на Манчестер Сити. Засега има само понуда за зголемување на неделната плата и за израмнување со Френк Лампард и Михаел Балак, кои во моментов се најплатени со 140 илјади фунти неделно. Исто така, Манчестер Сити има резервна опција ако пропадне и последниот обид за трансфер на Џон Тери. Блиску е до комплетирање на договорот со Арсенал за премин на Коло Туре за 14 милиони фунти, а во комбинација е и Џолион Лескот од Евертон за 25 милиони. Сопственикот на Манчестер Сити, шеикот Мансур, го презеде клубот минатото лето и своето доаѓање го одбележа со трансферот на Робињо за 32,5 милиони фунти, што беше најскап во Британија на сите времиња. Ова лето веќе потроши 90 милиони фунти за ангажирање на Карлос Тевез, Емануел Адебајор, Герет Бери и Роке Санта Круз, а со оглед на неговото огромно богатство многу лесно може да се очекува летово да биде соборен уште некој рекорд. НАЈСКАПИТЕ ДЕФАНЗИВЦИ ВО ИСТОРИЈАТА НА ФУДБАЛОТ Играч од во година сума 1. Рио Фердинанд Лидс Манчестер Ј. 2002 29,1 мил. фунти 2. Лилиан Турам Парма Јувентус 2001 25 мил. фунти 3. Дани Алвес Севиља Барселона 2008 23,5 мил. фунти 4. Алесандро Неста Лацио Милан 2002 21 мил. фунти 5. Серхио Рамос Севиља Реал М. 2005 18 мил. фунти |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
![]() |
||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
АДЕБАЈОР ГИ ОБЈАВИ ПРИЧИНИТЕ ЗА ЗАМИНУВАЊЕТО ОД ЕМИРАТИ
Навивачите ме избркаа од Арсенал ![]() "Се вратив од одморот и на првиот тренинг дознав дека Арсенал ја прифатил понудата за мене. Го прашав Венгер зашто ме продава, а тој ми одговори дека на клубот му требаат пари. Никогаш не сакав да си одам, но среќен сум што Арсенал ги доби своите пари и се надевам дека паметно ќе ги потроши", рече Адебајор. Односот на навивачите на Арсенал е посебна тема која особена го боли робусниот напаѓач. "Постигнав 30 гола за Арсенал пред две сезони и не сум виновен што поради тоа сакаа да ме купат Милан, Барселона и Реал. Не беше убав начинот на кој навивачите се однесуваа кон мене. Не се свртеа така против Фабрегас кога Барселона се интересираше за него. Кога фудбалерот игра добро, буди интерес кај голем број клубови. Навивачите тоа никогаш не можеле да го сфатат и не можам да разберам зошто ми се налутија. Го оставив срцето за Арсенал, го дадов најдоброто од себе, а однесувањето на навивачите кон мене воопшто не беше убаво", додаде Тогоанецот. Адебајор во Арсенал помина три и пол години, а пред неколку дена за 29 милиони евра се пресели во пребогатиот Манчестер Сити. Покрај него, овој клуб летово го засилија уште Герет Бери, Роке Санта Круз, Карлос Тевез и Стјуарт Тејлор. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
![]() |
||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Златан пристигна во Барселона
![]() "Сакам да станам дел од историјата на Барселона и навивачите уште долго да се сеќаваат на мене. Среќен сум како мало дете затоа што сум овде, ќе се обидам да ги продолжам успесите на овој клуб", кратко изјави Ибрахимовиќ по пристигнувањето во Барселона. ![]() Веќе утре се очекува Ибрахимовиќ да се приклучи на тимот на Барселона кој патува на турнеја во САД, а претходно ќе има средба и со тренерот Гвардиола. Еве линк од преставувањето http://www.youtube.com/watch?v=bCWsFgsd46M&eur |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
![]() |
||||
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Официјално: Ибрахимовиќ презентиран на Камп Ноу 27/07/2009 21:48
Златан Ибрахимовиќ и официјално е новиот фудбалер на Барселона. Тој потпиша 5 годишен договор со клаузула за откуп од 250 милиони евра. Целосната вредност на трансферот изнесува 66 милиони евра. Ето(проценет на 20 милиони евра) плус 43.5 милиони евра. Исто и Хлеб ќе оди на едногодишна позајмица, а Барса ќе му плаќа 70 % од платата. Со овој трансфер тој стана наскапиот фудбалер во историјата на Блауграна. “Фала ви на сите и VIsca el Barca!“ - беа првите зборови на Ибра. “Не очекував волку многу луѓе. Ова го прави овој настан уште толку специјален. Јас сум најсреќниот човек на светот.“ - продолжи изненаден од 65 000 фанови кои го поздравија неговиот потпис. При тоа сакајќи сите да се поздрават со новиот идол, повеќето се симнале доле на теренот, при што настанала гужва и обезбедувањето морало да интервенира и да го внесе Ибра во тунелот. “Многу е битно да имате убаво добредојде. Јас сум многу возбуден и сакам да го прославам овој потпис со луѓето кои веќе се тука.“ - рече Ибракадабра во офцијалните простории, пред да испадне на стадионот и да се поздрави со фановите. “Овде сум за да победувам, не за само за парите. Дојдов да соберам искуство повеќе и да се забавувам со тимот. Преставувањето на Ибрахимовиќ беше одложено околу час и половина поради проблеми со документацијата на Ето. Златан ќе го носи дресот на Ето со бр.9. При презентацијата Лапорта му се заблагодари и на Самуел Ето. “Тој е еден од најголемите играчи кои играле за Барселона. Му посакувам многу среќа во Интер.“ Изменето од blackeye - 27.Јули.2009 во 23:12 |
||||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2425262728 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |