IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига на Шампиони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига на Шампиони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 43>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2009 во 21:11
Арсенал, Штутгарт и Олимпијакос на прагот од Лигата на Шампионите

Првите пет мечеви од последната рунда во квалификациите за Лигата на Шампионите се одиграа, а фаворитите ги оправдаа очекувањата. Арсенал, Олимпијакос и Штутгарт со победите на гостински терен практично веќе обезбедија пласман во елитното натпреварување, додека нешто повеќе неизвесност ќе има на реванш средбите меѓу Копенхаген и Апоел, односно Спортинг и Фиорентина.

Во островскиот дуел Арсенал ја демонстрираше разликата меѓу англиската и шкотската Премиер лига. "Топџиите" рутински стигнаа до триумфот во Глазгов, иако мора да се истакне дека среќно ги постигнаа двата гола. Поведоа во финишот од првото полувреме, кога Фабрегас изведе слободен удар, а на патот кон голот топката го погоди Галас во грвот и го измами голманот на Селтик Боруч. Вториот гол на Арсенал беше дело на фудбалерот на домашниот тим Колдвел, кој после центаршут ја спроведе топката во сопствената мрежа.

Предност од два гола од гостувањето носи и Штутгарт, кој за две минути го матираше Темишвар, односно Олимпијакос кој беше сигурен на гостувањето во Молдавија. Апоел не успеа да се одбрани во Данска, бидејќи Копенхаген успеа да искористи една од своите многубројни шанси, па со минимална предност го чекаат мечот во Никозија.

Најнеизвесно беше во Лисабон, каде Спортинг и Фиорентина на крајот одиграа без победник. Гостите од Фиренца рано дојдоа во водство кое го чуваа до 58 минута кога Спортинг стигна до изедначување. Домашниот тим половина час од мечот играше со играч помалку поради исклучувањето на Симон Вукчевиќ, кој откако го постигна голот за изедначување при прославата го соблече дресот, што беше доволно судијата да му го покаже вториот жолт картон на натпреварот, што автоматски значеше и исклучување. И покрај тоа Спортинг изнајде сили да поведе, но Џилардињо во 79-та минута го постигна вториот гол за Фиорентина.

Резултати:

Селтик - Арсенал 0:2 (0:1)

Галас 43', Колдвел 71'(аг)

Копенхаген - Апоел 1:0 (0:0)

Поспеч 54'

Шериф - Олимпијакос 0:2 (0:0)

Дуду 46', Митроглу 81'

Темишвар - Штутгарт 0:2 (0:2)

Гебхарт 28(пен), Хлеб 30'

Спортинг - Фиорентина 2:2 (0:1)

Вукчевиќ 58', Велосо 66' - Варгас 6', Џилардино 79'

Среда, 19 август:

20:45ч Левски - Дебрецен

20:45ч Олимпик Лион - Андерлехт

20:45ч Панатинаикос - Атлетико Мадрид

20:45ч Салцбург - Макаби Хаифа

20:45ч Вентспилс - Цирих.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Палестинец Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Палестинец Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2009 во 23:24
Сите 3+......хихихихихи
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2009 во 10:07
Само Олимпик сигурен домаќин

Во првите мечеви од последната рунда во квалификациите за Лигата на Шампионите кои се одиграа вчера, повеќе успех имаа гостинските екипи. Само Олимпик од Лион беше сигурен пред своите навивачи и со убедливата победа над Андерлехт практично си обезбедија пласман во елитното натпреварување.

Грижите ги надмина и Цирих, кој со 3:0 славеше на гостувањето во Летонија, додека победи на гости остварија и Атлетико Мадрид против Панатенаикос, односно Макаби од Хаифа во Салцбург, како и Дебрецин, кој во Софија беше подобар од Левски.

Резултати:

Левски - Дебрецин 1:2 (0:1)

Бардон 51' - Бодњар 12', Цвиткович 76'

Олимпик Лион - Андерлехт 5:1 (4:0)

Пјаниќ 10', Лисандро 15'(пен), Бастос 39', Гомис 42', 63' - Суарес 58'

Панатенаикос - Атлетико Мадрид 2:3 (0:1)

Салпингидис 47', Лето 74' - Родригез 36', Форлан 63', Агуеро 70'

Салцбург - Макаби Хаифа 1:2 (0:1)

Циклер 57' - Гадир 22', Арбајтман 84'

Вентспилс - Цирих 0:3 (0:1)

Фонлантен 12', Аегертер 55', Џуриќ 75'.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2009 во 11:07
Гол-шоу на Лисандро Лопез во ЛШ

Аргентинскиот репрезентативец Лисандро Лопез на најдобар начин им се заблагодари на навивачите на Лион за симпатиите кон него изразени во последното недела. Искусниот напаѓач доби големо признание откако на една од најпопуларните интернет-страници во Франција беше прогласен за поквалитетен од довчерашниот идол на фановите Карим Бензема, а врати со три гола на реваншот против Андерлехт во Брисел. Се разбира, натпреварот немаше апсолутно никакво значење со оглед на тоа што Лион во првиот меч на Жерлан победи со 5:1, но Лисандро импресионираше со својата борбеност, желба за победа и ефикасност и за само 15 минути на средината од првиот дел уште три пати ја тресеше мрежата на белгискиот првак. Заедно со оној од првиот натпревар на домашен терен, Лисандро постигна вкупно четири и има огромна заслуга во овој пласман на Лион во фазата од групи во Лигата на шампионите.

Панатинаикос не успеа да направи изненадување на Висенте Калдерон, па и во реваншот против Атлетико Мадрид доживеа пораз, овојпат поубедлив отколку на домашен терен. Евидентно беше дека шпанскиот тим во овој меч влезе значително порастоварен отколку минатата недела во Атина, но тоа фудбалерите на Панатинаикос не успеа да го искористи. Можеби ситуацијата ќе беше поинаква ако Винтра не си постигнеше гол уште во четвртата минута, но потоа се покажа дека тој е клучниот момент на натпреварот. Панатинаикос понатаму не успеа да наметне своја игра иако не смее да заборави дека неколку пати се закани преку Салпингидис и Сариеги. Сепак, точка на мечот стави Серхио Агуеро со погодок на седум минути пред крајот на мечот, па Атлетико и во новата сезона ќе биде дел од европската фудбалска елита.

Макаби Хаифа по седум години се враќа во групите од Лигата на шампионите откако и во вториот меч беше подобар од австрискиот Салцбург. Својата моќ Изралците ја потврдија на реваншот победувајќи со 3:0 и со вкупен резултат 5:1 одат во главната фаза.

Резултати:


АТЛЕТИКО - ПАНАТИНАИКОС 2:0 (3:2)

Винтра 4' (аг), Агуеро 83'

ДЕБРЕЦЕН - ЛЕВСКИ 2:0 (2:1)

Варга 13', Рудолф 35'

АНДЕРЛЕХТ - ЛИОН 1:3 (1:5)

Суарез 51' (п) - Лисандро 26', 32', 41'

МАКАБИ Х. - САЛЦБУРГ 3:0 (2:1)

Двалишвили 31', Голаса 57', Гадир 90'

ЦИРИХ - ВЕНТСПИЛС 2:1 (3:0)

Фонлантен 6', Абди 90' - Тигирлаш 8'

ДЕНЕСКА

ОЛИМПИЈАКОС - ШЕРИФ (2:0)

АПОЕЛ - КОПЕНХАГЕН (0:1)

АРСЕНАЛ - СЕЛТИК (2:0)

ШТУТГАРТ - ТЕМИШВАР (2:0)

ФИОРЕНТИНА - СПОРТИНГ (2:2)

*Во заградите се резултатите од првите натпревари

**Денешните натпревари почнуваат од 20.45 часот

Нема ЛШ за Тасевски

Македонскиот репрезентативец Дарко Тасевски и оваа сезона нема да ја почувствува возбудата што ја носи настапот во фазата по групи од Лигата на шапионите. Неговиот Левски и во реваншот против Дебрецен во Будимпешта доживеа пораз, овојпат поубедлив отколку пред една недела, но тоа не значи дека го завршува патот во европските купови, туку од идниот месец ќе игра во новоформираната Лига на Европа.

Што се однесува до Тасевски, вчерашниот меч тој го почна од клупата за резервни играчи, а во игра влезе во 60. минута на местото на Жоазињо. И по неговото влегување не се смени ништо важно, а Левски не успеа ниту да го ублажи поразот односно евентуално да постигне почесен гол.

Дебрецен и Цирих првпат во групите

Овогодишното издание на Лигата на шампионите ќе има уште двајца дебитанти покрај Волфсбург, Рубин, Униреа, АЗ Алкмар и Стандард како прваци на Германија, Русија, Романија, Холандија и Белгија. Тоа се однесува на Цирих и Дебрецен кои преку квалификациите се изборија за место во елитата.

Дебрецен е вториот унгарски клуб кој ќе настапи во главната фаза по Ференцварош кој таму играше во 1995 година. Од друга страна, Цирих е четвртиот клуб од својата земја со ваков успех по Базел, Грасхоперс и Тун.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2009 во 11:09
Арсенал повторно фуриозно, Спортинг во "аут"

За првпат по сезоната 2005/2006 година шкотскиот гигант Селтик нема да игра во групите од Лигата на шампионите. Тогаш Селтик изненадувачки беше елиминиран од Артмедија Петржалка, нп овојпат зелено-белите потклекнаа од далеку поквалитетен противник. Арсенал ги пречека Шкотите на Емирати со два гола предност обезбедени пред седум дена во Глазгов. Овојпат "топчиите" славеа со 3:1 и со тоа ја потврдија големата форма во која се наоѓаат. Селтик во ниту еден момент не покажа дека може да изненади, бидејки беа надиграни во секој поглед.

Англискиот претставник поведе со гол од непостоечки пенал. Едуардо влета во шеснаесетникот на гостите, падна пред налетот на Боруч со кого буквално немаше никаков контакт и судијата Мехуто Гонзалес тоа го санкционираше со пенал. Сигурен реализатор беше токму натурализираниот Хрват. Момците на Арсен Венгер воопшто не застанаа, напротив тргнаа до постигнување на нов гол, а него го имаше во второто полувреме кога Ебуе непречен од никого ја смести топката зад грбот на Боруч. Само две минути откако влезе во игра, Аршавин во 74. минута го зголеми водството на Англичаните.

Единствената посериозна акција што ја одиграа гостите беше во 90. минута. Во неа Донати откосо со волеј удар го совлада Алмуниа и го постави конечниот резултат од 3:1.

Со тоа европскиот шампион од 1967 година ќе остане без најелитното натпреварување, меѓутоа мала утеха ќе им биде настапот во Европската лига. Арсенал досега нема нагостено Шкотска екипа, а овој прв двобој го заврши во висок стил - вкупна победа над Селтик од 5:1.

Италијанската Фиорентина по третпат во историјата ќе игра во во најелитното фудбалско натпреварување на стариот континент. Италијанскиот претставник за прв пат настапи во сезоната 1999/2000 година, беше меѓу најдобрите екипи и минатата година, а фановите на клубот од Фиренца повторно ќе имаат можност да ги нагостат врвните европски клубови. Од друга страна Спортинг продолжи со лошата традиција против италијанските тимови. По трет пат во историјата е елиминиран во квалификациите од ова натпреварување откако претходно беше неуспешен против Интер и Удинезе.

А синоќа с$ добро почна за Португалците. Добрата игра со гол ја крунисаа во 35. минута кога Жоао Мутињо го најде патот до мрежата на домаќините. Овој резултат го одржуваа до почетокот на второто полувреме. Во 54 минута џокерот на "виолетовите" и тренерот Чезаре Прандели, Стеван Јоветиќ израмни на 1:1 и тоа беше резултатот кој го однесе неговиот тим во следната фаза.

Меѓу елитата се пласира и Штутгарт благодарение на победата на гости против дебитантот Темишвар. Синоќа мечот во Германија заврши без голови.

РЕЗУЛТАТИ

ОЛИМПИЈАКОС - ШЕРИФ 1:0 (2:0)

Митроглу 82'

АПОЕЛ - КОПЕНХАГЕН 3:1 (0:1)

Косовски 2', Микаил 18'(п), 41' - Н'Доје 22'

АРСЕНАЛ - СЕЛТИК 3:1 (2:0)

Едуардо 28' (п); Ебуе 53', Аршавин 74' - Донати 90'

ШТУТГАРТ - ТЕМИШВАР 0:0 (2:0)

ФИОРЕНТИНА - СПОРТИНГ 1:1 (2:2)

Јоветиќ 54' - Жоао Мутињо 35'


Де Блекере го суди Супер-купот

Белгискиот судија Франк Де Блекере е назначен за главен арбитар на дуелот од Европскиот супер-куп меѓу Барселона и Шахтјор Доњецк. Натпреварот ќе се одигра во петок на стадионот Луј Втори во Монако. Негови асистенти ќе бидат Петер Херманс и Волтер Вроманс, а четврти Пол Алертс. Белгиецот има судено над 70 интернационални мечеви, а минатата сезона беше дел од пет натпревари, еден од квалификациите, три во групите и реванш мечот од шеснаесетфиналето меѓу Ливерпул и Реал Мадрид на Енфилд.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2009 во 11:09
Денес ждрепката за групната фаза од ЛШ

Денеска во Монако во 18 часот ќе бидат одредени групите во Лигата на шампионите за оваа година. Како што е познато фазата по групи ќе ја сочинуваат 32 екипи (22 директно пласирани и 10 екипи кои го минаа квалификацискиот филтер). Екипите ќе бидат поделени во осум групи со по четири екипи, каде првите две ќе обезбедат пласман во понатамошните борби. На манифестацијата УЕФА ќе избира и најдобри фудбалери за минатогодишното издание од ЛШ.

УЧЕСНИЦИ ВО ЖДРЕПКАТА

1. Барселона (Шпа)

2. Ливерпул (Анг)

3. Челзи (Анг)

4. Манчестер Ј. (Анг)

5. Милан (Ита)

6. Севиља (Шпа)

7. Баерн М. (Гер)

8. Интер (Ита)

9. Реал М. (Шпа)

10. ЦСКА М. (Рус)

11. Порто (Пор)

12. АЗ Алкмар (Хол)

13. Јувентус (Ита)

14. Ренџерс (Шко)

15. Марсеј (Фра)

16. Динамо К. (Укр)

17. Бордо (Фра)

18. Бешикташ (Тур)

19. Волфсбург (Гер)

20. Стандард (Бел)

21. Рубин Казан (Рус)

22. Униреа У. (Ром)

23. Лион (Фра)

24. Атлетико (Шпа)

25. Дебрецен (Унг)

26. Цирих (Шва)

27. Макаби Х. (Изр)

28. Арсенал (Анг)

29. Олимпијакос (Грц)

30. АПОЕЛ (Кип)

31. Штутгарт (Гер)

32. Фиорентина (Ита)
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2009 во 16:33
Ajde be na Cirih - Bayern da se padne

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2009 во 18:36
http://www.uefa.com/live/competitions/ucl/draw/2010.gs/draw_basic.html
vo zivo zdrepkata
 
 
do sega interesni se real-milan
i barsa- inter
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2009 во 19:00
Милан и Реал Мадрид во иста група од ЛШ

Денес во Монако беа извлечени групите за престојната сезона на ЛШ. Ждребот сакаше во групата C заедно да играат Милан и Реал Мадрид. Таа е всушност и најтешката група. Барса и Интер се заедно во групата F. Исто тешки противници доби и Лиеверпул во групата Е. Најлесни се  оние на Арсенал. Манчестер доби незгодни противници. Најнеатрактивана е групата G. Еве како изгледаат:

Група A

Баерн
Јувентус
Бордо  
Макаби Хаифа

Група B

Манчестер Јунајтед
ЦСКА Москва
Бешикташ  
Волфсбург

Група C

Милан
Реал Мадрид
Марсеј  
Цирих

Група D

Челзи

Порто
Атлетико Мадрид  
АПОЕЛ

Група E

Ливерпул
Лион
Фиорентина  
Дебрецин

Група F

Барселона
Интер
Динамо Киев  
Рубин Казан

Група G

Севиља
Ренџерс
Штутгарт  
Униреа

Група H

Арсенал
АЗ Алкмар
Олимпијакос  
Стандард
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 11:38

Барса и Реал наголеми фаворити за ЛШ


Според водечките британски обложувалници најголеми фаворити за освојување на новата Лига на шампионите се шпанските великани Барселона и Реал Мадрид, а зад нив следи англиската четворка.

Актуелниот шампион кој го задржа скоро целиот состав од лани, засилен со Ибрахимовиќ и Максвел е најголем фаворит за повторно да ја освои ЛШ, ако им веруваме на англиските букмејкери.

Доколку Барселона ја одбрани титулата шампион на Европа, за еден вложен денар се добиваат 5.


Со коефициент 5.5 втор фаворит е засилениот Кралски клуб – втората ера на Галактикосите овој пат со Кака, Роналдо, Бензема и Чаби Алонсо.

По нив следува големата англиска четворка. Трет е Челзи (6.50), а потоа следат Манчестер Јунајтед (7), Арсенал (8) и Ливерпул (9).

Италијанскиот шампион Интер е на седмото место (13), а неговиот градски ривал Милан е чекор подолу (23). Потоа доаѓаат Јувентус (26) и Баерн (26).

Најмалку шанси за освојување на европскиот трон имаат Дебрецен, Цирих, и АПОЕЛ кои имаат коефициент 1.000.

5 - Барселона
5.5 - Реал Мадрид
6.5 - Челзи
7 - Манчестер Јунајтед
8 - Арсенал
9 - Ливерпул
13 - Интер
23 - Милан
26 - Јувентус, Баерн
34 - Севиља, Лион
41 - Волфсбург, Атлетико Мадрид
67 - Порто
81 - Штутгарт
100 - Фиорентина, Олимпијакос
126 - Бордо
150 - Марсеј, АЗ Алкмар
200 - Ренџерс, ЦСКА Москва
250 - Рубин Казан, Динамо Киев, Фенербахче
500 - Стандард Лиеж, Униреа
750 - Макаби Хаифа
1000 - Дебрецен, Цирих, АПОЕЛ
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 23:14
Champions League - Group A

FT     Juventus     1 - 1     Bordeaux
FT     Maccabi Haifa     0 - 3     Bayern Munich

Champions League - Group B

FT     Besiktas     0 - 1     Manchester U.
FT     Wolfsburg     3 - 1     CSKA Moscow

Champions League - Group C

FT     Marseille     1 - 2     AC Milan
FT     Zurich     2 - 5     Real Madrid

Champions League - Group D

FT     Atletico Madrid     0 - 0     APOEL Nicosia
FT     Chelsea     1 - 0     FC Porto

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 22:55
     
Champions League - Group E

FT     Liverpool     1 - 0     Debrecen
FT     Lyon     1 - 0     Fiorentina

Champions League - Group F

FT     Dynamo Kyiv     3 - 1     Rubin Kazan
FT     Inter Milan     0 - 0     Barcelona

Champions League - Group G

FT     Sevilla     2 - 0     Unirea Urziceni
FT     Stuttgart     1 - 1     Rangers

Champions League - Group H

FT     Olympiakos Piraeus     1 - 0     AZ Alkmaar
FT     Standard Liege     2 - 3     Arsenal

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2009 во 12:50
Најава: ЛШ (второ коло, среда)

Денес на репертоарот од ЛШ е 2-то коло во групите А, Б, Ц и Д...Како дерби на колото се издвојува дуелот во Минхен меѓу Баерн и Јувентус, а интересни би требало да бидат Јунејтед - Волфсбург, Реал - Марсеј и Порто - Атлетико Мадрид...

 

ЦСКА Москва - Бешикташ (сре. 18:30; Група Б, Канал 5+)

Екипата на Хуанде Рамос мора да ја искористи предноста на домашниот терен и да забележи победа ако сака да остане со реални шанси за осмина-финале. Во неговиот состав кој игра топло-ладно во последно време се врати Чилеанецот Марк Гонзалез и тој би требало да биде големо засилување во овој состав. Одбраната е квалитетна, се ќе зависи од Красиќ, Гонзалез и младиот Џагоев.

Бешикташ исто мора да не загуби ако сака да има реални шанси за пласман понатаму. Турскиот шампион е во очајна серија на последните 5 натпревари нема забележано победа, има три порази во серија. Во составот ќе фали турскиот репрезентативец Тороман. Рушту и Ферари се под знак прашалник. Многу од нивната игра ќе зависи од Нихат и од Бразилецот Табата.

Тип: Домаќините се фаворити. ЦСКА игра солидно на домашен терен, но не треба да се заборави фактот дека Бешикташ нема доживаено пораз досега од руска екипа.

 

Манчестер Јунајтед - Волфсбург (сре. 20:45; Група Б, Канал 5+)

Јунајтед има седум последувателни победи во сите конк*ренции. Фергусон не губи на домашен терен во европските натпреварувања. Има серија од 21 дуел без пораз, од фебруари 2005-та. Во редовите на англискиот шампион се уште недостасува голамот Едвин Ван дер Саар, па затоа Фостер ќе биде повторно на голот. Во дефанзива ќе бидат Видиќ и Фердинанд, а во нападот Руни и Бербаотв.

Волфсбург е непредвидилв сезонава. Постигнува многу голови, но исто и прима многу голови. Дуото Графите-Џеко ќе биде најголемата опасност за голот на Фостер. Тие лани во сите конк*ренции постигнаа 71 гол. Не треба да се заборави и Обафеми Мартинс кој би можел да го започне овој натпревар пред се поради неговото искуство во Премиер лигата. За Армин Вех единствено играчот за врска Жоске е под знак прашалник.

Тип: Ова би требало да биде одличен дуел. Натпревар со многу голови. Јунајтед би требало да победи, но би требало да прими и некој гол во мрежата на несигурниот Фостер.

 

Баерн Минхен - Јувентус (сре. 20:45; Група А, Канал 5)

На Алианц Арената се игра дербито на колото. Баерн беше убедлив во првото коло со Макаби и со победа во овој дуел веќе со едната нога ќе биде во осмина-финалето. Баварците имаа пет последувателни победи пред да бидат поразени од Хамбургер во дербито од Бундеслигата. Ван Гал нема да смета на стандардните Демикелис и Ван Бомел, но во составот сигурно ќе биде ударното дуо сезонава, Робен-Рибери. Се очекува и Гомес најпосле да покаже зошто се платени 30 милиони евра за него.

Во составот на Јувентус кој се уште нема пораз сезонава се враќаат Дел Пјеро и Диего. Бразилецот би требало да биде во стартниот состав. Повредени се Момо Сисоко, Фабио Канаваро и Тјаго. На местото на Канаваро се очекува Легротаље да го започне натпреварот. Во нападот Амаури е сигурен, а Јакинта најверојатно ќе му биде партнер. Јуве киксна со Бордо и сега ќе сака да врати за тоа.

Тип: Баерн поради домашниот терен е фаворит. Сепак треба да се напомене дека последниот пораз на Баерн на домашен терен во фазата по групи  е токму од Јувентус во 2004-та година. 

 

Бордо - Макаби Хаифа (сре. 20:45; Група А)

Францускиот шампион ја искористи шансата да игра против ослабениот Јувентус и затоа зема бод од гостувањето во Торино. Сега ќе мора да брка две победи со Макаби за да ги одржи добрите шанси кои моментално ги има за пласман во осмина-финале. Бордо има страшен рекорд од 37 натпревари без пораз на домашен терен, а 20 дуели по ред е непоразен во сите конк*ренции од кои има дури 18 победи. Единствено Гуфран е повреден во составот на Жирондинците, а напаѓачот Кавенаги е под знак прашалник. Доброто е што Гуркуф се врати во составот.

Кај Макаби се враќа Колма по суспензијата од еден натпревар, а во тимот се враќа Тјаго Дутра. Најопасни во составот на Израелците се неверојатниот талент Голаса и Двалишвили.

Тип: Бордо е голем фаворит и би требало да освои лесни 3 бода.

 

Милан - Цирих (сре. 20:45; Група Ц)

Како и пред некоја сезона Росонерите спасот од лошите изданија во Калчолигата ќе го бараат во натпреварите од ЛШ. Победата на гости со Марсеј во првото коло  е потврда за тоа. Леонардо нема некои проблеми со повредени играчи и ќе ги има на располагање скоро сите фудбалери. Најверојатно Пато и Инзаги ќе биде тандемот во нападот, а позади нив ќе игра Роналдињо.

Цирих е тотален аутсајдер во оваа група, тоа го покажа и на дуелот со Реал Мадрид. Лошата форма во домашното првенство е уште една потврда за неговиот квалитет. Имаат само една победа во 6-те дуели со италијанските екипи и тоа со Емполи на домашен терен.

Тип: Милан е огромен фаворит и се освен победа на Росонерите ќе биде сензација.

 

Реал Мадрид - Марсеј (сре. 20:45; Група Ц)

Галактикоси се перфектни на старт на сеозната. Само победи во сите конк*ренции и ќе сакаат да ја продолжат оваа серија. Плегрини има мали проблеми со повреди, неодамна се повредија Лас Дијара и Серхио Рамос. Веќе на таа листа беа Ван Нистелрој и Арбелоа. Би требало Гаго заедно со Чаби Алонсо да бидат во средината. Во офанзивата најверојатно ќе бидат Роналдо, Кака, Бензема и Игуаин. Пепе и Гереј се сигурни во дефанзива.

На Марсеј со поразот од Валенсиен му заврши непобедливоста од 11 дуели на гостински терен во домашниот првенство. Дешам поради повреда нема да може да смета на напаѓачот Бакари Коне. Ова ќе биде враќање дома на два доскорешни фудбалери на Реал, Хајнце и Мориентес. Марсеј иако одигра добро со Милан сепак загуби и ќе мора да се вади на овој дуел со Реал ако сака да има реални шанси за осмина-финале. Имаат состав кој може да направи изненадување. Особено треба да се пази на напаѓачот Мамаду Нијанг кој е во одлична форма.

Тип: Реал нормално се фаворити, но не треба да го потценат противникот бидејќи Марсеј има состав кој може да го казни тоа. Се очекуваа многу голови.

 

АПОЕЛ - Челзи (сре. 20:45; Група Д)

АПОЕЛ на нашиот Бобан Грнчаров ќе има можност да се обиде да го направи и второто големо изненадување во ЛШ после освојувањето на бод на Винсенте Калдерон. Кипраните целосно се фокусирани на ЛШ, па и затоа резултатите во домашното првенство не се на некое ниво. Голем проблем за нив е што искусната полска врска овојпат изгледа нема да функционира. Зевлаков и Косовски се повредени, исто како и Португалецот Паоуло Жорге.

Челзи после одличниот старт на сезоната овој викенд изненадувачки го положи оружејто на Џеј-Џеј Би против Виган. Тоа беше прв пораз за нив сезонава. Деко, Михаел Балак, Стариџ, Оби Микел и Алекс се повредени во составот на Анчелоти. Босингва и Дрогба се суспендиани поради нередите во полуфиналето со Барса лани. Така да италијанскиот стратег ќе има големи проблеми со составот. Се очекува и Џо Кол и Жирков да бидат во стартните 11.

Тип: Челзи е фаворит и сигурно ќе победи. Доста им беше едно изненадување на Кипраните.

 

Порто - Атлетико Мадрид (сре. 20:45; Група Д)

Иако тимот ги загуби скоро сите ѕвезди во летниот преоден рок, сепак на дуелот со Челзи во првото коло тоа не ни се забележа. Напротив португалскиот шампион делуваше доста моќно, самуверено и само немањето среќа не им донесе бод од Стемфорд Бриџ. Тренерот Фереира има мали проблеми со повредени играчи, Варела и Кристијан Родригез нема да бидат во комбинација за овој натпревар. Поразот кој што пред 10 дена го доживеаа од Брага им беше прв после 27 натпревари во домашната лига. Халк и Фалкао ќе бидат најголемата опасност по голот на Роберто.

Атлетико од друга страна се мачи да се пронајде себеси. Всушност “црвено-белите“ овој проблем го имаат години наназад. Имаат само 3 бода и се наоѓаат во зоната за испаѓање. Во првото коло од ЛШ неочекувано одиграа само 0:0 со АПОЕЛ. Затоа мора да го вратат изгубеното токму на овој дуел со португалскиот шампион. Пернија, Раул Гарсија и Камачо се повредени во составот на Ресино. Голамот Асенхо е на младинското светско првенство, па Роберто ќе го завземе неговото место. Лани во осмина-финалето Атлетико беше елиминиран токму од Порто. Тандемот Форлан-Агуеро мора да добие поддршка и од останатите фудбалери кој многу слабо ја отворија сезоната.

Тип: Доста неизвесен натпревар. Самиот факт што лани одиграа на два пати нерешено кажува дека може и трет пат по ред да се случи тоа. Сепак не би било изненадување ако Атлетико успее и со цел плен да се врати од Драгао.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2009 во 14:19
Комплетирано второто коло од ЛШ

По одигрувањето на синоќешните натпревари во шампионската лига на УЕФА комплетирано е 2.коло од фазата по групите.

Во А групата на „Алијанц арена“ Баерн и Јувентус одиграа без голови 0:0, додека Бордо минимално го совлада Макаби со 1:0.
Баерн и Бордо со по 4 бодови се на водечките позиции.

Во Б групата и покрај тоа што губеше со 0:1, Манчестер Јунајтед направи пресврт и дојде до втората победа овојпат против Волфсбург со 2:1. Со истиот резултат ЦСКА Москва ја победи екипата на Бешикташ.
Манчестер Јунајтед е прв со 6 бодови.

Уште едно непријатно доживување на своите навивачи им приредија фудбалерите на Милан, кои на домашен терен загубија од Цирих со 1:0 во дуел од групата Ц. Во Мадрид Реал беше сигурен во натпреварот од Олимпик Марсеј славеше победа од 3:0 и со 6 бодови се зацврсти на челната позиција во групата.

Две победи и во групата Д. Во Никозија Челзи со голот на Анелка славеше со 1:0 против АПОЕЛ, во чии редови 90 минути одигра македонскиот репрезентативец Бобан Грнчаров. Во вториот дуел Порто го победи Атлетико Мадрид со 2:0. Челзи е прв со 6 бодови.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 43>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.