![]() |
|
Мејк ап-во слики и коментари |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2122232425 29> |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Како да го одберете и нанесете руменилотоДенес голем дел од жените ја избегнуваат употребата на руменило како дел од нивната шминка. Американско истражување покажало дека во 1948г. 66% од жените употребувале руменило, а денес тој процент се намалил до 47. За вашето лице да има свеж, здрав и природен изглед, нема ништо подобро од руменилото. Сепак, треба да го употребувате внимателно, затоа што премногу руменило на лицето може да ве направи да изгледате смешни. Какво руменило да изберете?![]() Какава боја? Бојата на вашето руменило треба да биде една до две нијанси потемна од вашиот тен. За подобро да утврдите каква боја ви е потребна, штипнете ги малку образите. Бојата што ќе ја добијат, треба да биде и бојата на вашето руменило. Кремасто или руменило во прав? Ако прв пат употребувате руменило, можеби подобро е да започнете со кремасто руменило. Тоа лесно се разнесува со прстите и се меша со течната пудра. Како да ги нанесете руменилото?Најдобар трик пред да почнете да го нанесувате руменилото е да се насмевнете. Така ќе ги истакнете јаболкниците на образите. Нанесувајте го руменилото со четка за руменило (ако е во прав) или со прстите ако употребувате кремасто руменило. Руменилото треба да го нанесувате од долу, па нагоре по лицето (отприлика под агол од 45 степени). Правете брзи движења. Не ги повторувајте истите места, освен ако не сакате да го зголемите интензитетот. Ако нанесете премногу руменило во прав, земете ја четката за пудра и обидете се да го отстраните вишокот. Доколку нанесете повеќе кремасто руменило, најдобро е вишокот да го отстраните со сунѓерче за нанесување на течна пудра. Не нанесувајте руменило блиску до носот или под очите. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мејкап трендови – есен/зима 2011-2012Мејкап артистите ги покажаа своите замисли и визии за шминката за наредната сезона и освен силно акцентирање на одредени делови од лицето, понудија и поприродни варијанти. Сочни вампирски усни, „зачадени“ очи, богати трепки, природен изглед... Еве ги највпечатливите трендови со кои сигурно ќе посакате да
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Бургундец (вамп) усниБакнете го розовиот кармин за збогум. Есента нè враќа кон вечно модерните црвени усни. Дајте им на вашите усни неодолив ефект со длабоки богати нијанси на црвено. Во студените денови наместо дречлив црвен, изберете кармин во боја на бургундец. Матираниот финиш кој потсетува на кадифе е многу помодерен од блескавиот сјаен изглед. Но, нема да погрешите ако ставите малку сјај на средината на долната усна. >Дебели веѓиНе ја потценувајте моќта на веѓите, бидејќи нивната форма може комплетно да го промени вашето лице. А, ако досега не сте потпаднале под заводливото дејство на убаво оформените дебели веѓи, можеби ќе се решите да го искористите нивното сексапилно влијание оваа сезона. Дозволете ѝ на природната форма на вашите веѓи да излезе на виделина, а вие само акцентирајте ја нејзината убавина со сенка за очи и мала четкичка или соодветен молив за очи. >Заводнички „зачадени“ очиНема есен и зима без „smokey eyes“ изгледот да доминира меѓу трендовите. Сепак, секоја нова сезона си носи и мали примеси кои го прават овој безвременски тренд уште помодерен. „Зачадената“ шминка оваа сезона наместо со сиви и црни, направете ја со темно сини сенки или со било која друга боја на скапоцени камења – смарагд, аметист, рубин... >Ултра акцентирани трепкиТргнете во потрага по квалитетна маскара наменета и за издолжување и за волумен на трепките. Откако ќе ја пронајдете, нанесете барем два слоја, бидејќи еден од најжешките мејкап трендови е силно изразени драматични трепки. Како мини тренд вреди да се спомене трендот „спајдер“ трепки или пајак трепки. Тоа значи дека кога трепките ќе ви се залепат една со друга, не е задолжително да ги разделувате. „Спајдер“ трендот промовира долги дебели трепки. Сепак, овој тренд тешко се „продава“ кај мнозинството и најверојатно ќе биде прифатен само од најхрабрите експериментаторки. >Метални очни капациГламурозно и привлечно. Нашминкајте ги очите со метални нијанси на злато, сребро или бронза за да му дадете блесок и магија на вашиот поглед. Внатрешната област на очните капаци нашминкајте ја со метална сенка и веднаш ќе забележите дека вашиот поглед станува посјаен, а вашите очи поголеми. Ова е супер тренд за вечерно излегување и посвечени прослави, а препорачливо е да го комбинирате со мат кожа. >Ајлајнер и над и под очитеОцртувањето на формата на очите со ајлајнер е најумниот метод за збогатување на шминката со сексапил. Додека минатата сезона беше доволно да ги оцртате очите само на горниот капак, сега ќе треба да повлечете линија и на долниот. Доколку сте навикнати да користите течен ајлајнер, долниот капак од окото можете полесно да го оцртате со молив за очи. Доста застапен тренд на модните писти беа мачешките очи. Со ајлајнерот на горниот капак продолжете ја линијата малку повеќе за да ги закосите очите, а потоа со сенка продлабочете го изгледот. >Никаде без руменилоРозовото и руменилото со пигменти на праска и кајсија ќе доминираат во наредната сезона. Но, она што професионалните мејкап артисти го нудат е и разновидност во техниките за нанесување на руменило. Можете да го нанесете руменилото на јаболкниците и елегантно да го продолжите кон слепоочниците. Или пак, за поинтересен изглед, можете да го нанесете на целиот образ, но под јаболкниците. >Природен изглед „без шминка“Во денешно време изгледот „без шминка“ подразбира употреба на шминка, но умерено и во границите на природниот свеж изглед. Искористете пудра и коректор за да ги прекриете недостатоците на кожата, маскара за да ги истакнете очите и малку руменило за да делувате свежо. За крај, ставете безбоен балсам на усните и широко насмевнете се. Доколку сте надарени со природно убава кожа, дозволете ѝ слободно да дише без пудра. >Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 08:33 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Шминка за оваа сезонаТрендот за облека и шминка се менува заедно со менувањето на годишните времиња. Природната шминка е водечки тренд за оваа есен. Промовирањето на природниот изглед ги истакнува боите на сенки што се во согласност со есенските тонови и природни нијанси. Палетата на есенски бои содржи кафеава, сиво-кафеава, бронзена, темноцрвена. Бојата на карминот треба да биде соодветна на овие тонови, па се препорачува да биде во потемни нијанси. Веѓи Очи Усни
Изменето од Valerija - 22.Октомври.2011 во 17:11 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Декодирање на нејзината шминкаЦрвен кармин знак на самоувереност Лажни трепки- маска и забава Силно моливче-желна за животен предизвик Изменето од Valerija - 17.Октомври.2011 во 13:12 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Руменило за сечие лице![]() Тркалезно лице - со широка четка нанесете руменило како што е прикажано на сликата, така што бојата да биде најинтензивна во должина на надворешните страни на замислениот триаголник. На тој начин вашето лице ќе изгледа потесно. Триаголно лице - нанесете руменило високо на јагодиците така што горната линија да биде рамна, точно под долниот капак. Сенчете ги рабовите на јагодиците, а внатрешниот дел од лицето прескокнете го. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Tiggy Vicious ![]() Сениор ![]() ![]() Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
![]() |
|
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Nadia ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Декември.2010 Статус: Офлајн Поени: 227 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
sanja-a ![]() Сениор ![]() ![]() Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
![]() |
|
Nadia ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Декември.2010 Статус: Офлајн Поени: 227 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
![]() |
|
Nadia ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Декември.2010 Статус: Офлајн Поени: 227 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Tiggy Vicious ![]() Сениор ![]() ![]() Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() -најдобра работа. ![]() ![]() |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
![]() |
|
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2122232425 29> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |