IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Има ли Бранко граници?!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Има ли Бранко граници?!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 51>
Автор
Порака
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2008 во 17:45
se uste imame po nekoj partal na nas ...
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2008 во 17:46
e , da .... blagodarejki na ona sto sme go kupuvale vo minatoto ....... ako bese do segasnosta , samo adamovi listovi kje ni bea spasot смеење
Кон врв
BIB Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Ноември.2007
Локација: Belgium
Статус: Офлајн
Поени: 68
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIB Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2008 во 18:00
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2008 во 20:10
Sakaniot ni pretsedatel sega od pozicija na opozicija mnogu ne saka...duri i se zaangazira da ni se ispolnat baranjata...arno ama koga beshe vo pozicija da go reshi problemot ne go reshi...i beshe zasluzeno kaznet..
Mnogu kleta kategorija se daskalite...zlopamtila...zabavaat ama ne zaboravaatголема%20насмевка
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2008 во 20:17

Бранко е големо лајно, ич муабет да не правиме.

Едвај чекам да изберат ВеМеРоВски претседател да видам на што ќе се вадат после.
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2008 во 20:20
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Бранко е големо лајно, ич муабет да не правиме.


Едвај чекам да изберат ВеМеРоВски претседател да видам на што ќе се вадат после.


Бог да чува и да Бранко
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2008 во 20:24
.. sigurno deka pretsedatelot nema da bide VMROvski..oti kje mora da soorabotuvaat i kje treba rabotite da trgnat napred..vaka od edna partija pretsedatel...od vtora vlada...a od treta lokalna ... site na e**m stranu...a narodot neka se kara...zakrvavuva... za da im go olesni vladeenjeto... 
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2008 во 12:14
ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски се прогласи за заштитник

Претседателот на државата Бранко Црвенковски со политичка манипулација се прогласи себеси за заштитник на правата на штрајкувачите на СОНК, во изјава за еден национален медиум, обвини Александар Бичиклиски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
- За разлика од сега, Црвенковски за штрајкот на синдикатот во 2004 година зборуваше поинаку: „И да ги имаме тие пари, би се поставило прашањето дали е најпаметно да се инвестира, имајќи предвид дека имаме 390 илјади невработени и голем број социјални случаи“ - потсети Бичиклиски.

СДСМ испрати соопштение во кое реагира за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

- Точно е дека во 2004 година СОНК штрајкуваше, но уште поточно е дека тогашниот премиер Бранко Црвенковски и Владата на СДСМ го решија проблемот - се вели во соопштението од СДСМ.

Тие ја повикаа владејачката партија да го реши проблемот на СОНК, со што би се овозможило непречено одвивање на наставата.
... Vo 2004 godina go reshija problemot kako shto go reshija...i potoa prosvetarite "zadovolni" od reshenieto...na izborite se reshija i se k*rtulija od SDSM...no ocigledno porakata ne beshe dovolno jasna.  Ja cuvme izjavata na Crvenkovski od toa vreme, no ne ja cuvme na pozicionerite...zatoa shto i nivnata izjava vo 2004 se razlikuvashe od segashnata...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 01:41
Летото 1997 г., случајно или не, во првиот сектор на Третата управа на УДБК стигнува од нејзината гевгелиска канцеларија допис проследен со “Државна тајна” во кој е забележан разговорот што инспекторот на ДБК од Велес го водел со Петрит Аме. Форум го поседува и видеоматеријалот од информативниот разговор од кој посебно е впечатлива леснотијата и самоувереноста со која Аме на инспекторите им ги раскажува врските на македонските политичари и бизнисмени со криминалните структури во Србија.

ШВЕРЦОТ НА ОРУЖЈЕ И НАФТА

Наводно, Петрит Аме е приведен во Велес заради проверка на негова вмешаност во тогашните судири меѓу полицијата и екстремни Албанци при симнувањето на албанското знаме од пред општинската зграда во Гостивар.
Признанијата и податоците што Петрит Аме со леснотија ги дава пред камерата, предизвикуваат чудење како човекот кој за себе признава дека е криминалец кој се занимава со шверц оружје, дрога, нафта, цигари, рекетарење итн., кажува податоци од важност за безбедносните служби, воопшто не стеснувајќи се да ги спомене имињата на највисоки политичари од Македонија и од регионот.
Инаку, службената белешка од текот на сослушувањето започнува со информациите што Петрит им ги дава на службениците на ДБК за внесувањето оружје во државата. Според записникот од сослушувањето, тој никогаш не продавал оружје во Македонија бидејќи го познавал менталитетот на Албанците и бил свесен дека тие истото ќе го употребеле против Македонците, а со тоа би си наштетиле самите себеси. Но истовремено, тој дава податоци дека најмногу оружје од Албанија влегувало во Македонија преку Дебар, а како најголеми шверцери посочува членови на дебарската фамилија Цапа, Г'зим, Галип, Идриз и Риза Цапа.
Петрит, пак, за неговите активности во шверцот со оружјето вели дека се одвивале на релација Белград преку Црна Гора во Италија. Како свој главен партнер го наведува името на Аца Ѓукановиќ, брат на тогашниот и актуелниот премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој оружјето го набавувал преку Владата на Црна Гора од крагуевачка Црвена застава и истото го товареле во глисери во Зеленика кај Игало, а потоа илегално го префрлувале во Италија.
Особено е интересен делот каде што Петрит Аме зборува за шверцот со нафта во времето на ембаргото за режимот на Слободан Милошевиќ. ...
 
...Аме кажува дека има многу влијателни пријатели и дека никогаш не бил во затвор. Полицајците кои го сослушуваат, ги предупредува дека за еден ден ќе излезе од затвор. Меѓу влијателните пријатели кои му помагале да остане недостапен за законот, тој директно го посочува тогашниот премиер Бранко Црвенковски. Во полицискиот извештај стои: “... за кого кажа дека интервенирал за него на двапати досега: првиот пат било пред една и пол година за кривично дело обид за убиство кога Петрит пукал во Брле во Академија. Петрит бил во друштво на Златко 'Јукан' и Премиерот, кој интервенирал кај судијата по што Петрит бил ослободен од обвинение, и втората интервенција била по неговиот упад во телевизиската станица А1, при што бил приведен и однесен во притворот во Шутка. Петрит побарал од чуварот да му дозволи да му се јави на Премиерот, услуга за која му платил 1.000 германски марки на чуварот (мито)”.
Кога станува збор за шверцот со нафта, Петрит го споменува Златко Соколиќ, сопственик на Интерфалко и на многу други фирми, меѓу кои фирми во Јужноафриканската Република, Австрија, Швајцарија, Србија, Бугарија. Тој на полицијата и дава податоци за Соколиќ дека за време на ембаргото многу шверцувал нафта, цигари и хемикалии, а најмногу работел со Србија. Според Петрит, добивањето на контигентите на Соколиќ му ги овозможувале Слободан Богоевски, тогаш советник во Владата, и премиерот Бранко Црвенковски, за што наводно плаќал голема сума пари. Кога зборува за Интерфалко, Петрит Аме ги споменува и поранешниот министер за стопанство Јован Андонов Реган, кој наводно преку оваа фирма “перел” пари.

ХЕЛИКОПТЕРИТЕ И ЦРНИТЕ ВРЕЌИ СО МАРКИ

Според кажувањето на Петрит, бил очевидец на многу злоупотреби од страна на припадници на МВР. Тој, наводно, лично присуствувал кога извесен Агим Шерифи ги исплаќал неговите соработници од МВР кои биле редовно исплаќани во една скопска пицерија....
...Аме како главен за илегалната трговија со цигари во Македонија го посочува починатиот Данчо Шутурков, вечниот “втор човек” на Македонија табак, за кого им кажува на полицајците дека ја ужива заштитата на премиерот Бранко Црвенковски и на кадрите од СДСМ како логистика и дека како противуслуга за тоа ја финансирал партијата. За секоја пратка цигари која ќе минела преку македонската територија, на Шутурков, според исказот на Петрит Аме, морало да му се плати такса од 25.000 германски марки, кој издавал сертификат дека цигарите се производство на Македонија табак, а на границата со тогашна СР Југославија се покажувала друга фактура во која стоело дека камионите се товарени со друга стока. Од самата граница, цигарите ги преземала СДБ на Црна Гора и ги носела до директорот на Зета, Ѓукановиќ.
За шпедитерските услуги била задолжена Македонија табак, а парите во Македонија ги носел Мики Пешиќ, кој последната пратка ја донел со хеликоптер на МВР на Црна Гора, во придружба на двајца инспектори и Петрит, при што слетале на аеродромот, сега Александар Велики, и во вреќа му предале 2.750.000 германски марки на Шутурков. Петрит кажува дека за период од една година тие успеале да пренесат 300 шлепери натоварени со цигари наменети за СР Југославија.
Иако овие информации доаѓаат од лице кое и по сопственото признание е припадник на подземјето, никогаш досега никој не ги демантираше. Ниту, пак, е демантирана автентичноста на документот и на видеоснимката, што е позната практика – сè споменато да остане во доменот на шпекулацијата. Петрит Аме, сепак, не е/беше случаен човек и неговото сведоштво за ДБК може да се толкува и како порака до некого. Најверојатно до оние кои се спомнати како главни протагонисти во илегалната трговија со политичко-партиска заднина.
Но, исто така, загрижувачки е што досега никој од надлежните државни органи и во ниту една власт не се нафати барем да се обиде да потврди дел од наводите на службената белешка на ДБК. Очигледно станува збор за тешка и, пред сè, опасна работа и никој не сака да чепка во криминално-политичкиот јазол.

Кој е Петрит Аме
Петрит Аме е роден дебарчанец по кого сè уште е активна потерницата на Интерпол. Во македонското подземно и бизнис милје е посебно активен од 1993 г.
Неговото минато беше мистифицирано со негово наводно повеќегодишно учество во француската Легија на странците. Дел од македонските разузнавачи сметаа дека тој под друг идентитет “работел” во Јужна Америка и оттаму се неговите врски со некој колумбиски картел. Исто така, била следена и неговата врска со француски бизнисмени на Балканот за кои постојат индиции дека се резиденти на француската разузнавачка мрежа.
Иако тој негираше дека кога и да е работел со дрога, македонската полиција во 1999 г. во една пратка од неколку колумбиски вина адресирана до него, која повеќепати се повторувала, откри дека во виното всушност се наоѓа кокаин, кој се извлекува со посебна дестилаторска процедура. Според количествата, полицијата претпоставуваше дека тие пратки се за лична употреба. Со дрогата, инаку, го поврзува непотврдената информација дека за сметка на македонската полиција ги продавал 25-те килограми висококвалитетен кокаин кои исчезнаа од трезорот во кабинетот на министерот за внатрешни работи. Инаку, исчезнувањето беше забележано во времето кога ресорот го водеше проф. Томислав Чокревски, наследникот на Љубомир Фрчкоски.
Кон крајот на 1998 г. беше организирано негово апсење кај ноќниот клуб МЦМ, но како што претпоставуваа тогаш од МВР, некој од нивните редови го предупредил. Нешто слично се случи и неколку години претходно, кога МВР беше обвинувана за алиби акција за негово апсење.
Полициски извори велат дека високи полициски функционери повеќепати интервенирале кај странски полиции за ослободување на Петрит Аме, со образложение дека станува збор за нивен соработник.
Петрит, исто така, ги истакнуваше своите особено добри релации со Мирјана Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ, од која наводно имал добиено  потврда за пред српската полиција дека станува збор за многу значајна личност.
И неговата смрт остана мистерија. Во 1999 г. беше соопштено дека тој е ликвидиран во приштинскиот Гранд хотел. Постојат сомневања дека тој ја лажирал својата ликвидација и дека неговата “мисија” во овој регион е завршена, но дека најверојатно ќе биде активен под друг идентитет.
-------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
Некои медиуми упорно пишуваат и не потсеќаат на матните времиња по осамостојувањето, притоа тврдејќи дека поседуваат и докази како поткрепа на своите тврдења...
А јавно посочените политичари упорно молчат???
 
 
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 20:38
Со Бранко Црвенковски почна криминализацијата на Маке



Атентатот врз претседателот Киро Глигоров само го забрза процесот на криминализација на Македонија. На повидок беше победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори, како последица на украдените избори во 1994 г., но и грабежот на државниот имот, покрај шверцот и политиката на друмски разбојници на СДСМ, кој беше сам во парламентот. На новопечената олигархија и на нејзината партија СДСМ им требаше уште време за да се консолидираат, да ги исперат парите, да го легализираат грабежот и со “владеењето на правото” да го бранат украденото од можни ревизии на идната власт! Нападот врз претседателот требаше да биде добар изговор за сите учесници во криминализацијата на Македонија. Вклучително и за самиот Глигоров, кому му ветуваа дека нема да настрада во “атентатот”!

Екипа на Форум




- Ќе ја средиме, нема гајле!
- А што документи ми треба?
- Ништо, се во едно убаво сино плико.
- Колку?
- Илјада. Само преправи ги царинските документи како да се од моја фирма.
- Ќе има ли и идниот месец?
- Да!
Ова е дијалог, до кој дојде Форум, помеѓу газда на мала текстилна фирма која сака да извезува за Србија и директор на Тетекс, кој преку своите врски со политичките кругови постојано имал дозволи за стопанисување на лагер. Освен препродажбата на дозволи за узвоз и извоз, на малите стопанственици им бил наложен и превозот: железнички или камионски. Од едниот ќарот го прибирал Фершпед, а од другиот Макошпед.

Ова сведоштво на тогашен комерцијалист е само една епизода од тоа што се случуваше на почетокот на деведесеттите кога тогашните директорчиња одново го открија поткупот од турско време и ì се додворија на балканската мафија. Нивните дрвени столчиња за кратко време станаа олигархиски кожени фотелји кои и по 18 години тресат и владеат со државата.
Лудилото по секоја цена за време на блокадата да се прошверцува нешто во/од Србија одеше дури и до смешни каприци. Беше многу модерно на имињата на фирмите да се достави назнаката “експорт-импорт”. Оваа наставка требаше на обичното Македонче да му покаже колку всушност е сериозна фирмата, дека денес нејзиниот газда има одвај 10.000 марки во џебот, ама со една тура до Српска Краина “заработуваше” 100.000! Шверцот беше дозволен и посакуван. Државнички! Оттаму, атентатот на Киро Глигоров е исто така крупна епизода во процесот на целосна криминализација на Македонија!
Форум во изминатиов месец во потрага на мотивите и апсурдите на досието и истрагата за атентатот дојде до фрапантни сознанија дека првиот македонски претседател е “жртва” на организираниот криминал, шверцот за време на српското ембарго и грабежот од приватизацијата на државниот капитал.
Како завршен дел од досието на Глигоров ексклузивно ви пренесуваме дел од сведоштвото на мафијашкиот бос Петрит Аме дадено во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање во јули1997 г.
Од него јасно се гледа дека политичките и партиски лидери, олигархиските и мафијашките босови се испреплетени како “свински црева”. Аме е само еден од конците кои водат до заклучокот дека атентаторите на Глигоров треба да се бараат во тогашниот државен врв на чело со Бранко Црвенковски кој преку шпедициите на Штерјо Наков, албанската мафија, земунскиот клан и фирмите на Аркан успеа да ја искриминализира Македонија до вакво дереџе.
Ликот на Црвенковски е особено интересен. Симптоматично е неговото појавување на политичката сцена. Синот на болничарот од Воената болница и амбициозен електроинженер, со неверојатна брзина станува премиер и до денес најмоќната фигура што Македонија некогаш ја имала.
Затоа легитимно е прашањето, кој е заслужен што и покрај своето политичко неискуство во периодот 1990-1992 г. Црвенковски стана пратеник во Собранието на Република Македонија и е избран за претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, без никакво дипломатско искуство? Само година и пол подоцна тој станува премиер!

ГЛИГОРОВ ГО ИЗБРА Б.Ц., А Б.Ц. ГИ ИЗБРА ОЛИГАРСИТЕ

Всушност, во текот на 1992 г. првата експертска влада на Никола Кљусев изработува петгодишна програма за трансформација на општествениот капитал, но и на целиот политички систем. Тоа значеше крај на врските со системот на поранешна Југославија и создавање нов систем на економија и држава. Секако, тоа не им одговараше на поранешните структури на Комунистичката партија преточени во СКМ-ПДП (Сојуз на комунисти на Македонија – Партија за демократска преобразба), т.е. во СДСМ.
Член на собраниската Комисија за политички систем од тоа време тврди дека во 1993 г., само неколку месеци по прифаќањето на 5-годишниот план, Глигоров му предложил на Кљусев гласање за доверба на владата, со ветување дека на тој начин ќе си ги зајакне позициите како премиер и владата ќе стане политичка со поширока поддршка во Собранието.
“Наместо тоа, Глигоров ја турка експертската влада и со намера да го инфилтрира младиот пулен Црвенковски, му предложил на Петар Гошев да стане премиер, но му наметнал барања за отстапки кои биле сосема неприфатливи. Гошев, кој не сака да биде, како што изјави, 'човек за еднократна употреба', не прифаќа да ги исполни условите на Глигоров и се откажува од мандатот. Така, следен на листата е Црвенковски, кој прифатил сè”, вели изворот.
Петгодишниот план на преродба е заборавен. Македонија и по 17 години до гуша е заглавена во криминал и корупција, која почна токму тогаш, со таа влада на Црвенковски.

СПРЕГАТА МЕЃУ ПЕТРИТ АМЕ И Б.Ц.

Според исказот до кој дојде Форум, познатиот бос на подземјето Петрит Аме на 17 јули 1997 г. бил сослушан во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање во Велес. Разговорот го водел извесен инспектор А.П., а Аме бил викнат за да се “расчистат неговите активности и врски во областа на организираниот криминал, врски и работа во корист на странски разузнавачки служби и учество во терористички акции”.
Во службената белешка која ја составил инспекторот има многу сочни изјави за тоа како фирмите и луѓето блиски на Црвенковски и на денешните олигарси кои ја поседуваат државата ги переле парите од своите валкани бизниси. Аме точно ја опишува сдсмовската машинерија која ја криминализираше Македонија од државничко до чиновничко ниво.
“Петрит за себе признал дека по занимање е криминалец и дека се занимава со илегална трговија и шверц на оружје, дрога, нафта, цигари и други недозволени активности, но тој ја потврдува својата поврзаност со Црвенковски и со други функционери на СДСМ, во шверцот со нафта, цигари и оружје”, стои во службената белешка, која ја “снемува” од архивите на ДБК, но до која Форум дојде.
Во документацијата на МВР се наоѓала касета со разговорот со Петрит Аме. Меѓутоа, оттаму исчезнала во периодот кога СДСМ заминува од власта во 1998 г. Во тоа време на трансфер на власта исчезнале и многу други документи, а по истиот принцип по кој сите информации експресно се уништуваат, се прикриваат и сите материјали и докази за неговата сообраќајна несреќа.

АСИБА, ФЕРШПЕД, ЕВРОПА, МЗТ, ТЕТЕКС.....

Пример за тоа со какви луѓе соработувал Црвенковски се неговите врски со компанијата на неговиот другар од студентските денови, Пеце Дамески, сопственикот на АСИБА&МГ, од која владата неколкупати купува поголем број возила. Вкупната бројка на купени возила приближно изнесува 300-400 парчиња. Во истата таа фирма работи и неговиот шура Владо Димитровски како менаџер за продажба, а денес истиот тој е генерален менаџер на СА&СА компани. Сите финансиски проневери на оваа фирма, наводно биле направени преку сметките во Комерцијална банка чиј директор е Хари Костов.
Аме во исказот, освен Црвенковски, ги наведува имињата и на Јован Андонов, Данчо Шутурков, Илија Иловски, Димитар Бузлевски, Љубомир Фрчкоски, Златко Соколиќ, Ванчо Лазаров и други поранешни функционери на СДСМ, директори и бизнисмени што учествувале во организираниот криминал.
Но, она од што најмногу се заработиле пари бил шверцот со цигари. Главен за шверцот со цигари во РМ бил Шутурков, кој ужива имунитет од Б.Ц. Како противуслуга, директорот на Македонија табак станува еден од главните финансиери на СДСМ, тврди Аме.
“За секоја пратка на цигари која ќе поминела преку територијата на РМ, морало на Шутурков да му се плати таксата од 25.000 германски марки. За таа цел директорот ќе издал сертификат дека цигарите се на Македонија табак, додека пак на границата со СРЈ се покажувала друга фактура во која стоело дека камионот е товарен со опинци, кикиритки, салама и друга стока. Од самата граница цигарите ги преземала СДБ на Црна Гора и ги носела до директорот на Зета - на Мило Ѓукановиќ”, раскажува шефот на македонското подземје.
Имено, сите директори на Македонија табак (меѓу кои и Страшо Нелковски, висок функционер во СДСМ и кандидат за пратеник во 1998 г.) свесно испорачувале цигари на фирми од други држави, без притоа да обезбедат гаранции за наплатата. Според книговодствената состојба од 30 јуни 1999 г., вкупните побарувања на Македонија табак од фирми во Србија, Босна, Хрватска, Словенија и други деловни партнери од странство, изнесуваат 5,55 милијарди денари, или околу 179 милиони германски марки (90 милиони евра). Главните актери во “тутунскиот мост” преку кој од Македонија табак, односно од Македонија, се одлеани милиони марки наводно биле бившиот генерален директор Нелковски, Шутурков и Љупчо Настевски (кој од октомври 1992 г. до февруари 1994 г. раководел со службата за извоз на цигари на поранешниот ЈУ-пазар, а потоа сè до 1999 г. бил директор на Секторот за увоз-извоз на цигари).
На долгиот список странски фирми од кои Македонија табак има побарувања, покрај постоечките се наоѓаат и “фантомски” фирми кои никогаш не биле ниту регистрирани во трговскиот регистар во тие земји. Една од нив, преку која во мај 1998 г. е направена “трговија” со цигари во вкупна вредност од 5.598.840 марки (речиси 3 милиони евра), е фирмата Еуропрогрес од Подгорица. Тоа го потврдуваат податоците до кои дојде македонското биро на Интерпол во соработка со Министерството за внатрешни работи на СР Југославија. Во известувањето од полицијата на СРЈ се наведува дека фирма со такво име никогаш не била регистрирана во Стопанскиот суд, ниту, пак, ја има во евиденцијата на регистрирани претпријатија во Заводот за платен промет во Подгорица.
Црвенковски е поврзан со Аме и преку Соколиќ, сопственик на Интерфалко и пријател на Б.Ц. кој за времето на српското ембарго шверцувал нафта, цигари и хемикалии. Петрит Аме во својот исказ кажува и за перењето пари, т.е. криминал со цигари, што се вршело преку братот на поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски, Владимир Данаилов, кој го раководи бизнисот во фри-шопот Челебија, за време на неговото министерување.
Сведоштво за тоа дека и денес актуелната бизнис-елита е вмешана во шверцот на СДСМ е поврзаноста на матните зделки со Илија Димитров, сопруг на Савка Димитрова (Европа), а потоа и управник на Царинарница Скопје.

Извор:http://www.forum.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8025&Itemid=176
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 22:18
Сторијата на Бранко се вика: ,,ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ,,.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 22:20
Originally posted by orlov orlov напиша:

Сторијата на Бранко се вика: ,,ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ,,.


Како што стојат работите навистина ќе нема граници,
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 22:28
Бранко - повод за моето враќање

Ниту во една земја во светот не може така грубо, безобразно и анационално да се даваат изјави од врвот на функцијата на една држава. Никаде во светот претседателот на државата не се осмелува да чепне во националното битие на државата што ја води. Може да краде, може да убива, може да се надева дека нема да го фатат во тоа, но во моментот кога претседателот на државата ги урива темелите на државата, тој престанува да постои како претседател и неговото место оди во алејата на познатите петтоколонаши во светот како Петен, Квислинг и сличните

Пишува: Проф. Благоја САМАКОСКИ   

За да се вратам повторно на пишувањето, ме поттикна последната изјава на Б.Ц. дадена во серија, по којзнае кој пат, и повторена во истиот контекст. Македонија треба да направи фер компромис кон Грција. Апсурдноста на неговата изјава тешко дека некој и може да ја коментира бидејќи во истата нема логика, се разбира доколку се знае историјата на проблемот и иницијаторите на истиот. Ако некој ја погледне отстрана, без да ја знае досегашната историја, ќе помисли дека Македонија досега не е фер во разговорите и сега конечно треба да биде фер. Но, таа изјава е уште една потврда дека Македонија е демократска земја со највисоки достигнувања на демократските права во светот. Зошто?
Лицето Б.Ц. има само едно оправдување за својата антимакедонска кампања: тој, всушност, според мене, и не е избран претседател. Само избраните лица на таква функција со последната изјава можат да се квалификуваат за дело велепредавство. Типично за Б.Ц. Никогаш не одговара за ништо во животот. ТАТ, криминална транзиција и слични дребулии ги направија некои марсовци од Вепрчани.
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 22:38
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Originally posted by orlov orlov напиша:

Сторијата на Бранко се вика: ,,ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ,,.


Како што стојат работите навистина ќе нема граници,



За жал не стојат, веќе се дефинирани. Македонија доколку опстане ќе биде монархија на чело со ајатолахот Бранко Црвенковски.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 51>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.