IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Што се случува со нашето образование?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што се случува со нашето образование?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 28>
Автор
Порака
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2013 во 21:56
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

И ние ќе им даваме с'е што барaат, а утре ќе ги критикуваме дека се неписмени, дека се неспособни професори, дека не знаат кои се новите трендови во образованието, дека не чини министерството, дека не чини образованието, дека имаат препишани дипломи, дека се тоа што креирало образованието од нив, дека тоа е типичен одраз на опшеството во кое живееме... небаре НИЕ не сме општеството.

... ај не ми се отвара устата уште еднаш по овие работи... и по оние "ние сме исправни, другите се криви".


Драг пријателе Меси...
од далечниот запад...
или исток, зависи на која страна гледаш...

не знам дали Вие таму сте општеството...
а можеби и Ние овде сме...
ама Вие и Ние не сме исто...
а ти, другарче, не си во Ние...
пошто очигледно не си способен да правиш разлика помеѓу Вие и Ние...

искрено и мене не ми се отвара уста по она "ние сме исправни, другите се криви"...
ама не заради тоа што не знам кои се Ние а кои Вие...
туку затоа што изгледа во кои и да се сметаш дека си...
ти си стално исправен...
а Ние сме криви...

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Сркаме тоа што сме зготвиле, а утре ќе жнееме тоа што ќе посадиме денес. НИЕ, а не некој друг, оти друг освен НАС нема. НИЕ сме и ТИЕ и ОНИЕ и ДРУГИТЕ. НИЕ сме СИТЕ заедно. Газиме во иста септичка јама, онаа која сите заедно сме ја ископале и сите заедно ја полниме. 


да ти кажам...
не сакам да бидам ни малку вулгарен...
у образование сме...
ама...
во кои говна ние газиме...
ти брат...
немаш блага врска...
пошто сигурно не газиш заедно со нас...

а од друга страна...
како виде дека газиме во септичка јама...
а носиш розови наочари...
и гледаш преку сателит...збунетост

и на крај...
ќе ти простам...
пошто пријателче- земјак од далечниот запад-исток...
не знаеш што збориш...


Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2013 во 22:01
да...ama mu go plesna u faca хи, хи...
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2013 во 23:45
Абе ептен! смеење

I once was lost, but now am found ух



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2013 во 01:35
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Абе ептен! смеење

I once was lost, but now am found ух

 
 
Nema tezhina kometar od sekojгазење од смеење....
 


Изменето од Kastro - 17.Ноември.2013 во 01:36
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 10:40
Аууу ... не ми се верува! изненадување
Зарем поминаа повеќе од пет години без мој коментар на оваа тема?! збунетост
Сигурно сте биле среќни што толку време ве ослободив од моето присуство и досадна фаца! голема насмевка

Кое дете сака да учи?
Кој човек сака тешка работа?
Сите гледаме како полесно да се извлечеме.
Е арно ама, ако така се оставало, денес ќе немаше да комуницираме на овој начин, туку ќе се разбиравме со звуците на там-там. Во најдобар случај.
Низ историјата, човештвото секојдневно се развива. А тој развиток сигурно не се постигнува со избегнување на тешка рабта, вклучително и учење.
Некаде по другиве теми имам пишувано дека образованието е еден од најважните услови за изградба на човекот, а со тоа и на општеството во целина. Тој што не е образуван, не само што е прост, туку во одредени ситуации испаѓа и глупав. Да не речам Homo Idioticus.
Некои велат: „Децата не треба да почнат со учење уште толку рано, во прво одделение.“
Да, и јас велам, децата не треба да почнат да учат (и да читаат) од прво или второ одделение.
Тогаш е веќе доцна!
На децата треба да им се чита уште кога ќе направат една година. Да не зборуваме тие кои се постари, 2- 3 години. Чучнете ги на колено и со отворена сликовница, со свои зборови раскажувајте им некоја приказна. Ќе видите колку децата ќе бидат заинтересирани. Се разбира, нема да ги држите еден школски часголема насмевка. Доволни се само 5 минути, два пати на ден. Секој ден.
Е сега, нормално, ќе се јави некој кој нема да се согласи и ќе опонира на ова мое пишување, со образложение дека тоа е непотребно, дека децата на таа возраст не разбираат ... нив нема да им реплицирам.
Подоцна, децата треба да читаат лектири. И не само лектири, туку и секоја друга литература, било која друга книга.
Зошто?
Не заради нивно стручно усовршување, како што вели:
Originally posted by Kastro Kastro напиша:

... od lektirata ne zavrsuvame faktulteti ,ne magistrirame i ne doktorirame ...toa go steknuvame preku strucnata literature...

туку заради нивно општо образование, заради збогатување на речникот, заради оформување и изградување на стилот на изразување, со еден збор заради изградба на нивната личност.
Ако некој читал лектири и други книги, тој многу лесно самиот ќе може да напише магистерски или докторски труд. Секако, не завлегувам во стручниот дел на областа.

Нешто во однос на тие кои ги поддржуваат децава кои доаѓаат на форумов само за да се изгребат за некој состав.
Сакам да ве запрашам, што со тоа што ќе им се даде се изџвакано? Што тие ќе научат? Или, нема потреба да учат такви глупости, а? Што ќе им е тоа? Тие само нека си препишат, нека си добијат 5-ка и ... ни лук јал ни лук мирисал.
Кој кого тука лаже? Децата учителите? Децата родителите? Или самите себе си се лажат?
За разлика од тоа, ова што го велам јас (исто и Меси и некои други) дека треба да се чита, е многу подобро, бидејќи при самото читање на одредено дело, читателот самиот си создава сопствена слика за одреден настан. Со тоа се развива имагинативната моќ кај децата. Ова, како и сите други погоре спомнати придобивки од читањето, можеби е незабележливо во текот на читањето, но полека-полека, со тек на време тие влијаат во оформувањето и се вградуваат во самиот карактер на децата.
Поттикнувањето или оправдувањето на нечитање (=неучење) е размислување на човек кој и самиот не читал, кој и самиот е не(доволно)образуван, кој и самиот гледа да се спровне низ мала врата, да се снајде, да се смушне некако без мака, да искористи некоја (нечија) слабост, ... мислејќи притоа дека е многу итер, спретен, снаодлив, препреден ...
Токму поради ваквиот наш однос кон децата, односно кон (не)учењето, се доведуваме во ситуацијата на ретардираните дебили, зомби од развиениот и цивилизираниот запад, на кои им се смееме кога незнаат да кажат во кој град се наоѓа берлинскиот ѕид.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 21:55
        Little girl triumphs over bullying teacher, is my new hero                                                                                    
Мислев дека само ние имаме проблем со појавената непослушност , нетрпеливост како и скоро никаква желба за учење кај младите во образовниот едукативен процес , но кога видов дека со таков проблем се соочувале и најпаметната нација барем за мене, русите и јапонците што остана за другите …
                                                                   
толку инертност , дури и неприфатлива безобразност на таква млада популација која наместо да биде како сунѓер за упивање на знаење тие го бојкотираат секој труд на упорниот професор кој од петни жили се труди да го префрли сето свое знање и искуство …и да биде тоа уште по проблематично родителите наместо да бидат на страната на професорите за доброто на своето дете за да научи нешто , напротив тие агресивно ги напаѓааат професорите кој ги сметаат за единствени кривци за моменаталните лоши оценки , еееееее помина времето кога младите се плашеле, буквално се треселе за добиена слаба оценка и долгите несреќни денови со плач од бесот и казните од родителите поради неучење и слаби оценки , денес толку се испревртеа работите така да има примери да ако не му ставите прелазна оценка на некој што ете не разбравте дека е од ,,важна,, фамилија можете дури и отказно решение да добиете или во најдобаар случај ќотек…замислите каков ќе ви биде денот кога со сета желба за пренесување на вашето знаење на идните генерации со план и програма за добар искористен училишен час ги видите лицата на вашите ученици небаре излегле од поплава , потечени од бурната вечер , целосно незаинтересирани со недефиниран поглед за кој не можете да одредите дали ве гледаат или спијат со отворени очи одвај чекајќи да звони училишното звонче…

                                                        
и така вие повторно ги палите резервните батереии со стисната усна проголтувајќи го бесот дека барем некако ќе им го разбудете вниманието пишувајќи на табла кажаното усно, за да ја доловите планираната лекција со дупла перцепција звучна и визуелна да барем нешто запамтат учениците , тие позади вашиот грб веднаш праќајќи смс пораки на мобилен или правејќи хартиени авиони укажувајќи ја својата силна машкост со самата смелост на упатување на хартиениот авион кон вашиот грб …додека  најмладите да не останат покуси си ги играат своите  мобилни видео игрици развивајќи ја брзината на прстите и рефлексите не знаејќи дека тоа е напразно , ако не ја научат таблицата на множење што учителката толку се труди да им ја наметне со најлесниот начин на сметање…
                                                                            
од тука доаѓа откажувањето и дигање на рака од упорноста на професорите за пренесување на знаењето и тие едноставно ќе си го кажат своето слушал некој или не , разбрал некој или не колку да помине часот , колку да си ја добие платата и ете генерации со одличен успех и со буквално нула знаење што и те како ќе се одрази во понатамошната животна професија , генерации од магистри , доктори на науки , а бе права интелегенција со по две или три дипломи де јуре , а де факто на терен не ќе биде чудно да ви се изруши зградата , да се искомплицира банална операција , да ви остранат здрав заб , да најдете влакна во ресторанското јадење , клинци во кашкавал …има начин , богами Чак Норис секој треба да биде , еднаш покажана доминантност на елегантен начин го придобивате ученикот барем да ве почитува како темел да во иднина почне да учи …

Read the rules or deal with me !!!



Изменето од bijonse1 - 28.Декември.2013 во 22:00
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 22:16
Природни науки:
Ако погледнеме кон небото ќе забележиме дека е полно со ѕвезди кои се расфрлени низ него. Ако погледнеме и во друга насока, можеме да забележиме дека на небото постојат групи од ѕвезди.
Во која друга насока да погледнеме мори Гордана Билбилоска изненадување

Етика (прва лекција,значи запознавање со поимот):
Етиката е наука за моралот. И двата поими етика и морал, имаат слично значење. Тие го објаснуваат начинот на однесувањето на човекот.
Етиката најпрво се појавила во филозофијата (зборот се употребува прв пат во целото досегашно школување, без никакво објаснување), а подоцна и во теологијата (и овој исто така). Етиката ги проучува и проценува моралните вредности: љубовта, здравјето, мирот, пријателството и слично. Итн...
Доц. М-р Петко Златески

Македонски јазик:
Сопствените именки не се членуваат (Сања, Пчиња, Дебар). Но ако ги членуваме (а тоа е можно кај некои од нив), тогаш изразуваме посебен однос на говорителот. (Примери: Дебаров, Дејанов, Пелистерон и сл.)
Каков однос е тој бе другарки Снежана Велкова и Соња Јовановска збунетост


Ете тоа се случува со нашето образование да


Изменето од Gabriela_S - 28.Декември.2013 во 22:38
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2013 во 11:40
Образованието е рефлексија на државата,но бидејки државата е во тотален хаос не можи да се очекува дека воспитно-образовниот процес ке биди нешто подобар...

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2014 во 21:39
Negde procitav edna mnogu ubava konstatacija- Sekoj narod ima drzava ( a i obrazovanie) kakva/o sto si zasluzuva!
Procitav negde i  edno interesno prasanje- Sto li im zgresile tolku mnogu ucitelite sto gi ucele nekolkute ministri za obrazovanie sto tolku sakaat  da gi devalviraat, kaznat i macat site prosvetni rabotnici?збунетост

Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2014 во 00:28
Еве уште нешто од тетка Гордана Билбилоска

Животните кои живеат во водена средина дишат со жабри. Овие органи кои се наоѓаат на двете страни на главата, се составени од жабрени нишки, тоа се пердувести структури кои обезбедуваат голема површина за размена на гасови. Иако жабрите се ограничени на еден мал дел од телото, нивната голема површина обезбедува доволна размена на гасови размислување

Човекот диши со бели дробови. Површината на белите дробови е приближно иста со површината на едно тениско игралиште изненадувањеизненадувањеизненадување
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2014 во 23:01
38 корисници ја читаат темата Писмени состави,семинарски...
Толку читање е еднакво на една книга плазење

Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2014 во 20:13
Се е супер во образованието, рози цветаат кај и да се свртиш
Уште да не ги направеа наставниците секретарки супер ќе беше...
па е-дневник, е-книги, е-ова, е-она... уште е-родителски на скајп да почнат да одржуваат
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2014 во 00:01
hronicno bolen...vo poodminat stadium.

za publikata odnosno roditelite na ucenicite ..3 pati po dve tableti od...




a za poteskite slucai...pola sise nautro...





..kontrola posle polozen ili nepolozen maturski ispit.

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2014 во 23:01
за жал, ова се случува....

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 28>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.