IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Универзален Живот - Прахристијани
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Универзален Живот - Прахристијани

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 26>
Автор
Порака
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2009 во 21:52
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Ima vo Shtip vakva verska zaednica?
Засега заедница има само во Скопје.

Во Штип би требало да има литература на македонски јазик во издание на Универзален живот достапна за позајмување во тамошната градска библиотека.

Во Битола и Тетово Универзален живот настапува еднаш годишно со своите изданиа на саем.
Во Велес се емитуваат еднаш неделно емисии подготвени од прахристијаните и повремено објави од Духот, на локалното радио ГОЛДИ.



Изменето од Majkl - 08.Август.2009 во 21:53
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9425
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2009 во 02:46

Blagodaram na odgovorot Majkl. Pozdrav
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2009 во 03:07
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Blagodaram na odgovorot Majkl. Pozdrav

Срдечно.

Бог за поздрав!
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2009 во 06:16
Во прахристијанската заедница УНИВЕРЗАЛЕН ЖИВОТ, покрај книгите објавени од духовниот свет, постои и богат музички опус на инструментална музика. Тука повремено ќе презентирам понекое убаво ЦД(честопати достапно и како аудио касета).




МУЗИКА ЗА ПОВНАТРЕШНУВАЊЕ

-инструментална музика-



Нежните звуци на оваа инструментална музика делуваат смирувачки и благотворно и ни дозволуваат повторно да станеме тивки. Милозвучни мелодии со флејта, харфа, клавир придружувани од меките гудачки звуци на синтисајзерот.

Ова цд содржи 10 инструментални мелодии, насловени како:


1. Повнатрешнување (6:26)
2. Кристал (5:19)
3. Игра на бои (7:01)
4. Тишина (7:03)
5. Облачно и светло (6:17)
6. Капки роса (6:54)
7. Мирот на езерото (5:55)
8. Навраќање (6:42)
9. Доверба (6:56)
10. Тивок дожд (5:37)



Мелодиите под бр. 2, 7, 1 и 5 како едноминутни извадоци од ЦД-то можат да се чујат тука


Изменето од Majkl - 07.Април.2010 во 21:25
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9425
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2009 во 19:59

Majkl, imam dve prasanja do tebe vo vrska so zaednicata Univerzalen Zivot-Prahristijani.

1) Dali clenovite na vasata zaednica ucestvuvaat vo politika i dali sluzat voen rok ?

2)Dali spored vasite veruvanja e dozvolena transplantacija na organi ili transfuzija na krv?

Pozdrav !
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2009 во 01:52
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Majkl, imam dve prasanja do tebe vo vrska so zaednicata Univerzalen Zivot-Prahristijani.

Заедницата се вика Универзален Живот. Следбениците на истата прахристијани или Христови пријатели.
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


1) Dali clenovite na vasata zaednica ucestvuvaat vo politika i dali sluzat voen rok ?
Тоа е оставено секому слободно да одлучи според својата совест.

Со еден град или држава потребно е неколкумина демократски да координираат(градоначалници, министри и сл.) за да истата биде функционална. Но тоа би требало да биде во склад со духовните закони изнесени во Десетте Заповеди и Исусовиот Говор на Гората. За жал, светските влади не функционнираат така. Затоа и овој свет е несреќен и се повеќе пропаѓа.

Целта на служењето воен рок во прв ред е да се оспособат луѓето да ракуваат со оружје кое ќе биде уптребено за убивање на други луѓе и разурнување на нивните живеалишта, постројки и слично под различни изговори(демек одбрана на татковината, војна против тероризам и сл.). Значи тоа е подготовка за директно кршење на Божјата заповед „Ти не треба да убиеш!„ и „Она што сакаш тебе да ти го прават, направи им го првин ти ним!„

Кој дава согласност да биде обучуван за убивање(без разлика под кој изговор) и истото еден ден го изврши, тој еден ден ќе мора да положи сметка пред законот на сеење и жнеење, што значи дека и него може еден ден истото или слично да го снајде. Ова се однесува како на поединци така и на цели народи.
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


2)Dali spored vasite veruvanja e dozvolena transplantacija na organi ili transfuzija na krv?
Pozdrav !
На ова прашање мислам дека веќе дадов одговор. Но за евентуалните читатели на темава еве повторно:

Секој има право на слободен избор како ќе се постави во акутна неволја, Духот само како предупредување ги објави следните информации:

Смислата на нашиот живот се состои пред се во чистењето на нашите сопствени товари(гревови) на душата. Складираните гревови во душата зрачат нанадвор и го обележуваат нашето тело преку нашиот генетски материјал кој не случајно е таков каков што е.

Продолжувањето на животот по секоја цена, купен со лош квалитет на натамошниот живот и можноста за големо патење во иднината не може да биде решение.

Секоја капка крв, клетка и орган е носител на информации кои меѓу другото содржат вибрации на дарителот. А тоа значи елементи на неговите темни(гревови) и светли страни.

При крвната трансфузија доаѓа до мешање на овие информации и вибрации. Примателот на крвта значи, превзема еден дел од туѓите програми и гревови кои немаат врска со него. Значи се создава во некоја рака мешавина на два карактери при што материјално појакиот(его-појакиот) се обидува да се наметне. Поради тоа не е изненадувачки што по трансфузијата на туѓа крв доаѓа до душевни депресии кој може да трае и неколку недели. Но бидејќи животниот век на крвните клетки е околу 100 дена, нивното влијание е временски ограничено и после истекот целосно престанува.

Трансплантирањето органи е меѓутоа многу поопасна бидејќи тука одбраната се потиснува со медикаменти со цел туѓото ткиво биде примено од страна на примателот. Проблемот е во тоа што на тој начин се оневозможува и туѓите информации бидат отфрлени. За последица тоа има натамошно духовно оптоварување на примателот т.е. тој постепено ги зголемува гревовите во душата, својата карма, поради која ќе мора да сноси одговорност т.е. да пати. Тоа доведува и до промена на човековиот карактер.

Душата на примателот е врзана за душата на давателот на орган, независно дали е давателот жив или мртов. Таа врзаност тие еден ден ќе морфа да ја разрешат, а на кој начин тоа зависи од содржината на туѓите информации но и од тоа како примателот се однесува во остатокот на својот живот. Дали го доградува тој период на туѓото програмирање или успева истото да го одржува латентно т.е. неактивно.

Поради постојаните туѓи влијаниа примени преку трансплантацијата доаѓа постојано до недоразбирања помеѓу мозокот, телото и душата. Примателите на органи постојано известуваат за страното чувство кое се изразува и во мисловни слики.

Доколку донаторот на органи не е веќе во живот тогаш тоа претставува додатна потешкотија за неговата душа. Таа е тогаш врзана за живиот орган, т.е. се задржува во негова близина, бидејќи органот сеуште носи дел од информациите на неговото душевно тело. Низ таа комуникација, душата на починатиот може да влијае врз телото на примателот. Имено душата сака да оди понатака, но сеуште живиот орган е пречка за тоа. Тогаш таа се обидува телепатски да влијае на чувствениот и мислоен свет на примателот(примателот за тоа најчесто не е ни свесен) за да го наведе на серија постапки кои (навидум случајно) ќе имаат за последица сериозно оштетување на примениот орган, што пак може да значи и физичка смрт на примателот.

Подетално може да се прочита во книгата: Јас, јас, јас: Пајак во мрежата - Законот на одговарање и законот на проекција

Во врска со трансплантирањето органи може многу да се приговори и од строго научен, медицински како и правен аспект(органите се вадат само од живи или полуживи луѓе) но тука го представив духовниот, во склад со насловот на темата.

Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9425
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2009 во 03:35

Blagodaram na odgovorite Majkl.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2009 во 03:17
Продолжувам со презентацијата на цд-а со инструменталната музика на Универзален живот. Следните 2 наслова носат наслов Geborgen im Licht и Unterwegs, односно:

ЗАШТИТЕНИ ВО СВЕТЛИНАТА
- контемплативна инструментална музика -



Прекрасни композиции на разновидни инструменти при што секој поединечен наслов се обидува да ни укаже дека сите луѓе и сите битија на создавањето ја наоѓаат својата заштитеност во светлината Божја.


1. Поглед кон небото
2. Виножито
3. Росна капка
4. Морски бранови
5. Заедништво
6. Наклонување
7. Гулаб на мирот
8. Заштитени во светлината
9. Подавање рака
10. Добриот пријател
11. Прошетка низ шумата
12. Сончев зрак
13. Вечерна песна
14. Патот на пастирите


Кратки аудио извадоци од овој албум можат да се слушнат тука


НА ПАТОТ

- свеж ритам и мелодии -



Полетна инструментална музика на гитари, флејта, харфа, саксофон и синтисајзер леко придружувани од бас и удирачки инсртументи. Овие мелодии го освежуваат и оживуваат нашето внатрешно, дарувајќи животна радост и сила.


1. Патување
2. Напред
3. Утринско тргнување
4. Поврзаност
5. Место на мирот
6. Покрај водопадот
7. Наспроти целта
8. Повторно дома
9. Утринска светлина
10. На Хоризонтот




Изменето од Majkl - 07.Септември.2009 во 03:21
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 18:24
Натамошно ЦД од инструменталната музика на Универзален Живот. Музичка илустрација на европските пејсажи низ гитара придружувана и од други инструменти:



Слики од природата на ГИТАРА

1. Низ земјата
2. Андалузијска импресија
3. Во единство
4. Во средновековниот замок
5. Карпест брег
6. Гласник
7. Преселба на китовите
8. Gypsy Camp
9. Средба
10. Одејќи по патот
11. Зелен остров
12. Приспивна песна
13. Речна делта
14. Прошетка на плажата
15. Дома
16. Сонце и месечина
17. Fiesta Andaluza



Изменето од Majkl - 07.Април.2010 во 21:27
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 18:29
Shto e celta na muzikata?
Relaksacija na Duhot i umot?
Slusnav nekoj od izvadocite po 1min i 30 sec, slichni se kako onie za meditacija?

E koga spomnav meditacija, dali vie praktikuvate meditiranje nad ljubovta Bozhja ili ne znam kako po konkretno da prasham...?збунетост
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2009 во 20:13
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Shto e celta na muzikata?Relaksacija na Duhot i umot?
Бог е присутен исто така и во боите и звуците.

Воопшто музиката веќе според видот и јачината има соодветно дејство на човековиот нервен систем. На пр. да го доведе во згрченост или опуштеност. Хармоничната инструментална музика делува хармонично на душата и телото.

Музиката од ЦД-ата презентирани тука може да се користи за опуштање, разведрување или едноставно како ненаметлив фон во позадината на секојдневието(на пр. возење по автопатот).
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Slusnav nekoj od izvadocite po 1min i 30 sec, slichni se kako onie za meditacija?
Веројатно си ја слушнал музиката за повнатрешнување. Но има и цд-а со поинаков стил, не толку медитативен т.е. полетна и динамична музика како на пр. последното со ГИТАРА каде низ мелодиите се преплетуваат во ненаметлива форма динамичниот шпански стил со полетниот ирски.
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

E koga spomnav meditacija, dali vie praktikuvate meditiranje nad ljubovta Bozhja ili ne znam kako po konkretno da prasham...?збунетост
Да. Прахристијанско медитирање кое во Универзален живот се нарекува Проширување на свеста.



Прахристијаните го чекорат тнр. Внатрешен Пат: Поблизу мој Боже до Тебе - директен пат кон срцето Божјо предводено од Христос. Овој пат започнува со шест месечна медитацијска подготовка составена од 12 високовибрирачки текстови(аудио снимки) примени од Духот Божји кои се слушаат наутро со одреден временски распоред, а на кои им претходат телесни вежби(придружувани од соодветна класична музика) за хармонизација на душата и телото. На ова се надоврзува вториот подготвителен к у р с кој трае 9 месеци, исто така составен од 12 текстови и неколку телесни вежби. Дури потоа започнува вистинскиот Внатрешен Пат со првиот степен, степен на Редот. Тоа е интензивното школување во високата школа на Духот.

Овој пат на духовно школување достапен е и за деца и млади до 18 годишна возраст, низ 3 томната серија книги ЛИОБАНИ.

Освен медитации за Внатрешниот пат, постојат и други општи медитации на пр. Медитација на Тишината; Цутење; Бог е сеприсутна Светлина и тн...

Тука е важно да се напомене дека прахристијанските медитации немаат врска со тнр. источни спиритуални техники и следење на учители(тнр. гуруа) кое пак може да биде многу опасно, особено на долгорочен план.

Изменето од Majkl - 26.Септември.2009 во 21:08
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2009 во 21:30
Postojat li telesni polozhbi na meditacija ili bilo kakvo e pozicijata, samo umot da se nasochi kon taa dejnost?
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2009 во 19:06
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Postojat li telesni polozhbi na meditacija ili bilo kakvo e pozicijata, samo umot da se nasochi kon taa dejnost?
Да. Во текот на прахристијанското медитирање(отворање и проширување на свеста како што уште се нарекува) се завзема соодветна телесна положба во која духовните тнр. етерични сили можат непречено да струјат. При тоа не треба да се има став на очекување нешто посебно да се случи или почувствува туку едноставно опуштени да се насочиме кон текстот кој се изговара и да дозволиме медитативните зборови од Духот Божји да треперат во нас самите.

- Се седи со исправен р`бет и исправена глава(онолку колку што тоа здравствената состојба го дозволува).
- Столот на кој се седи не треба да биде ни премногу тврд ниту премногу мек.
- Двете нозе се една покрај друга, значи не прекрстени.
- Обете стапала го допираат подот.
- Дланките мируваат на бутовите свретни нагоре, левата на левиот а десната на десниот. Таквата положба на дланките овозможува отворен духовен тек.
- Просторијата во која се прави прахристијанската медитација треба да биде тивка(исклучен мобилен, радио, ТВ и сл.)

За разлика од медитирањето, во текот на молитвено вдлабочување положбата е иста, но дланките мируваат во скутот една во друга: десната во левата. Со таквата положба на дланките се затвора духовниот кружен тек.
Но тоа не значи дека не можеме да се молиме(на пр. во хитни ситуации) и кога сме надвор, на планина или во возило и тн. туку дека таа положба е најсоодветна за длабока молитва.

Изменето од Majkl - 05.Јануари.2010 во 05:00
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2009 во 19:14
Школувањата од Духот Божји на внатрешниот пат се однесуваат на духот, душата и телото. Затоа:

Доколку некој доброволно се реши да стапи на Внатрешниот пат(опишан и објаснет во детали во истоимената книга) кој почнува со подготвителните прахристијански медитацијски к у р с е в и, освен правилното запознавање со истиот, треба сериозно да испочитува и неколку предупредувања како на пр.:

- јасна и искрена одлука за еден единствен духовен пат(т.е. да не меша други патишта и техники, дури и ако тие се нарекуваат христијански). Доколку претходно се практикувале било какви други медитации, спиритуални техники и патишта(на пр. јога, зен, ТМ, автоген тренинг, мантрање мантри и сл.) потребно е напуштање и пауза од истите, минимум 1-2 години.
- да не биде зависник од дроги и алкохол
- да не пати од душевни болести и пречки, во последните 3 години да не посетувал психијатријско лекување,
- да не зема лекарства за смирување(лексилиум и сл.) и спиење
- (за жени) во случај на бременост, одењето на патот треба привремено да се прекине. По породувањето може да се продолжи таму каде што се застанало.

Доколку овие критериуми не се испочитуваат во целост, можат да настанат сериозни душевни и физички штети кај поденицеот(поединците), и за тоа религиозната заедница Универзален живот, издавачот на материјалите,(ниту јас кој пишувам за ова на форумов) не сноси никаква одговорност.

Изменето од Majkl - 05.Јануари.2010 во 05:03
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.