IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонската репрезентација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонската репрезентација

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 35>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2010 во 09:34
Со мислите кон Црна Гора

Најдобрата македонска репрезентација денеска, од 11 часот со првиот собир во новата 2010 година во хотелот "Александар Палас" во Скопје го означува почетокот на мини подготовките за пријателскиот натпревар кој в среда од 14:30 часот на арената "Филип Втори" не очекува против селекцијата на Црна Гора.

Сите 18 повикани фудбалери на селекторот Мирсад Јонуз се очекува да бидат на располагање најдоцна до 14:30 часот, по што веднаш треба да биде реализиран и првиот тренинг. По неколкудневната потрага по терен за тренинзи, на крај одлуката е репрезентативците претстојниве два дена да тренираат на "Филип Втори". Во зависност од пристигнувањето на репрезентативците, денешниот тренинг ќе се одржи во 15 или во 15:30 часот, а во истиот термин е планиран и утрешниот тренинг.

Денеска, селекторот Јонуз од 12:30 часот во "Александар Палас" ќе одржи и средба со медиумите.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2010 во 10:25
Црногорците - "тест" за триумфалниот менталитет

Проверка на моменталната форма, утврдување, но и ново продолжување на досегашниот систем на игра преку проба на неколку нови варијанти, но и пред се добар "тест" на нашиот победнички менталитет треба да биде утрешниот пријателски натпревар на најдобриот национален тим против селекцијата на Црна Гора, кој од 14:30 часот го играме на националната арена "Филип Втори Македонски".

Вчера преку единствениот тренинг одржан токму на теренот на националната арена стартуваа мини подготовките на репрезентацијата во која селекторот Мирсад Јонуз, за овој собир, повика само едно ново име, деснокрилниот дефанзивец од редовите на белградски Рад, Александар Тодоровски. Се останато добро познато...

"Нема што премногу да експериментираме. Таму каде што застанавме на 20 ноември продолжуваме и сега. Составот е без некакви посериозни промени со само една новина, Александар Тодоровски", истакна вчера Јонуз пред стартот на подготовките.

"Натпреварот ќе биде добра проверка на моменталната форма на фудбалерите. Некои од нив се веќе навлезени во натпреварувачки ритам, некои само што почнуваат со своите настапи во клубовите па ќе биде добро да се оценат во моментов", дополнува Јонуз според кого неизбежно ќе се оди на победа против Црногорците.

"Секако резултатот е важен од психолошки аспект. Не очекува противник кој е навистина квалитетен па ќе биде и прв добар тест околу можноста да создадеме победнички менталитет пред стартот на новиот квалификациски циклус. Значајно од друга страна ќе биде да се утврди нашата игра која почнавме да ја градиме во финишот од претходните квалификации и низ претходните контролни дуели. Краток е временскиот период за подготовка, ќе имаме само два одработени тренинга, меѓутоа секако ќе се обидеме максимално рационално да го искористиме времето дадено за овој наш собир", вели Јонуз.

Според првичните најави од стручниот штаб на селекцијата сите 18 повикани репрезентативци ќе бидат на располагање за утрешниот дуел. Единствено на мала повреда се пожалил членот на хрватскиот прволигаш Истра 1961, Арменд Алими, кој има контузија на потколеницата, меѓутоа и тој ќе биде комплетно подготвен за средбата со Црна Гора.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2010 во 17:29
Фудбалската репрезентација на Македонија ја победи Црна Гора

Во пријателски фудбалски натпревар попладнево во Скопје на Националната арена „Филип Втори“ пред околу 5.000 гледачи македонската фудбалска репрезентација ја победи Црна Гора со 2:1.

Ангажирано, борбено и со максимално залагање, како што најавија така и одиграа македонските репрезентативци и сосема заслужено се радуваа на крајот.

Во 27 минута Горан Пандев доби дуел на средината на теренот, му ја додаде топката на Ацо Стојков кој нафрли во шеснаесетникот до Илчо Наумоски а овој биеше неодбранливо во десниот горен агол на гостинскиот голман Вукашин Полексиќ. Три минути подоцна стрелецот на првиот гол му асистираше на Пандев кој избегна офсајд ситуација и од 15-ина метри го постигна вториот гол за Македонија.

Пандев имаше уште една голема шанса во првиот дел кога од пет метри не успеа да го совлада гостинскиот голман.

Црногорците најголемата шанса за гол во првото полувреме ја имаа преку нивниот најдобар играч Мирко Вучиниќ кој откосо од десетина метри упати удар, но Томе Пачовски одлично интервенираше.

Вториот дел од натпреварот почна со шанса за ново влезениот македонски репрезентативец Душан Савиќ кој по додавањето на Пандев шутираше право во резервниот голман на гостите Младен Божовиќ.

Марко Баша во 55-тата минута високо скокна на една нафрлена топка и шутираше под пречката, но Пачовски не дозволи да биде совладан. Тоа што не му успеа на Баша во 55 минута го направи во 62 кога по нафрлена топка од корнер намали на 2:1.

Од 72-та минута првпат во дресот со македонскиот грб настапи Александар Тодоровски.

Најголема шанса за израмнување гостите имаа во 75-тата минута кога Мирко Вучиниќ од околу 30 метри силно шутираше под пречката, но Един Нурединоски кој го замени Пачоски спаси сигурен гол.

Македонија повторно се закани во 82 минута. Славчо Георгиевски со волеј удар од 12 метри зафати една нафрлена топка од Бесарт Ибраими, но не успеа да го совлада гостинскиот голман.

Дуелот со Црна Гора беше првиот натпревар за Македонија оваа година и со него официјално почнаа подготовките за есенските квалификации за Европското првенство 2012 година во Полска и Украина. Следниот натпревар македонската селекција треба да го одигра на 20 мај против Бугарија во Софија, а серијата пријателски натпревари ќе биде заокружена на 11 август во Ла Валета со Малта.

Победа денеска забележа и младата фудбалска репрезентација на Македонија во дуелот со Србија со 1:0. Единствениот гол на натпреварот одигран на „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари го постигна Филип Петров, една минута пред крајот на првото полувреме.


 
 
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2010 во 21:23
Makedonija U21 - Srbija U21   1-0

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 09:45
Фудбалско измачување...

Во моментите кога интензивно се реализира проектот за изградба и реконструкција на нашиот најголем стадион, и пријателската средба со Црна Гора отворено демонстрираше дека веќе е неопходна итна реконструкција и на теренот на националната арена "Филип Втори Македонски".

Теренот на Филип II

Во интерес и на домашната фудбалска сцена пред се настапите на Вардар и Работнички, меѓутоа во интерес и на македонската репрезентација е неопходно максимална сериозност при доизградбата на "Филип Втори" да се посвети на зелениот терен кој неизбежно мора да добие лик согласно европските стандарди. Затоа што тоа што се случуваше на тест дуелот со Црногорците беше вистинско измачување за сите актери на теренот.

"На вака лош терен одамна не сум настапувал. Се чувствувам како да сум одиграл три натпревари", истакна по дуелот дефанзивецот на Црна Гора, Милан Јовановиќ.

Не поразлични реакциите беа и од страна на македонските фудбалери...

"Се обидуваш да одиграш максимално мотивирано, креативно, меѓутоа теренот на нашиот стадион веќе долги години не го дозволува тоа. Навистина потребно е сериозно да се пристапи и во тој дел при изградбата на 'Филип Втори'", истакна капитенот Величе Шумуликоски.


Кон врв
Jovan.74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Jovan.74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2010 во 17:38
haha.... makedoncive za nisto ne ne biva bee
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 09:36
Седлоски ќе игра додека може!

Националниот тим до септември има време за подготовки, воигрување и создавање победнички ритам со кој треба да се влезе во новиот квалификациски циклус. По очајните квалификации за пласман на СП 2010 година сега мислите ги насочуваме кон ЕП 2012. Противниците се познати па затоа сега треба да се фрли акцент на тест средбите до стартот на средбите за бодови. Зад нас имаме успешен меч и победа над Црна Гора (2:1), а низ следните дуели треба да се добие костурот на најдобрите 11 со кои ќе влеземе во новиот квалификациски предизвик.

"И покрај тоа што до стартот на квалификациите има уште многу време кај нас многу работи се веќе јасни. Во изборот на најдобрите 11 познати се десетмина кои веќе се имаат изборено за позицијата стартери. Ни недостига уште еден играч за врска и за таа позиција конк*рираат Дарко Тасевски, Влатко Гроздановски, Марио Ѓуровски, а можеби и некој четврти...", истакна Јонуз за неговата визија околу стартниот тим со кој ќе тргне во новите квалификации.

Сите овие најави на селекторот се со надеж дека оние кои на последните средби беа редовно во тимот ќе имаат успешни настапи за своите клубови, ќе бидат во добра форма и што е најважно да немаат повреди до септември. Тоа значи дека на голот ќе биде Пачовски, а во одбраната како стопери Митрески и Новески. Левата бековска позиција е запечатена за Горан Попов, а десната за Лазаревски (добива конк*ренција во Тодоровски). Во средината е капитенот Величе Шумуликоски со Славчо Георгиевски и Филип Деспотовски и едното празно место за кое се бара алтернатива. Во нападот ќе бидат Илчо Наумоски и феноменот Горан Пандев.

Во оваа шема го нема најискусниот и фудбалерот кој цела деценија беше главен столб во репрезентацијата. Станува збор за искусниот и 35-годишен Гоце Седлоски.

"Седлоски ќе игра се додека може иако со него уште кога станав селектор имав разговор и му ветив дека ќе сигурно ќе биде во националниот тим се додека не дојде до бројката од 100 настапи. Тоа е голем јубилеј и голема работа која Седлоски ја заслужи. Тоа дали и понатаму ќе ни биде ставен на располагање и ќе може да помогне зависи од неговите амбиции и планови. Ако е стандарден и игра за Матерсбург ние ќе сметаме на него, но имаме најави дека по крајот на оваа сезона тој ќе има нова функција во клубот како помошен тренер...", нагласи Јонуз околу иднината на Седлоски кој на следниот дуел ќе стигне до магичната бројка од 100 настапи во дресот со државниот грб.

"Сите репрезентативци се информирани дека ќе добијат повик само доколку се стандардни. Таа практика ќе почне по крајот на оваа сезона. Тие кои имаат проблеми со минутажата ќе мора самите да донесат одлука околу тоа дали ќе ја сменат клупската средина. Најважно е сите да бидат здрави и во добра кондиција. На последните тест средби некои ги задоволија потребите, а некои не, но до стартот на средбите за бодови ќе имаме уште 2-3 проверки по кои ќе бидат јасни сите енигми околу тоа кои играчи ќе бидат во преден план...", се зборовите на Јонуз околу плановите на националниот тим во периодот кој следи.

Македонската фудбалска репрезентација својата последна проверка ќе ја има на 18 август кога го играме пријателскиот меч со Малта во Ла Вела. Потоа почнуваат квалификациите за пласман на ЕП 2012 во групата со Русија, Словачка, Р. Ирска, Ерменија и Андора.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2010 во 15:59
Без договор во Москва

Фудбалската федерација на Македонија на својот веб сајт објави дека учесниците на договорниот состанок од Б-квалификациската група не успеале да постигнат договор за натпреварувачкиот календар.

„Состанокот започна одлично за нас. Сите наши предлози со мал компромис беа прифатени од сите репрезентации. Беа прифатени и предлозите на домаќинот Русија и на Андора. Сепак работата запна помеѓу селекциите на Ерменија, Ирска и Словачка“, изјави за официјалниот сајт на ФФМ, генералниот секретар Игор Климпер.

„Според она што беше прифатено нашата репрезентација требаше да стартува со Андора во Скопје. Следуваше гостување во Словачка и Андора и тн“.

Селекторот Мирсад Јонуз за ФФМ изјави дека не е разочаран од епилогот иако речиси сите наши предлози беа прифатени. Она што е најважно успеавме да договориме средби и во термините за пријателски натпревари со што беа избегнати двојните термини. Вака останува среќата и извлекувањето во организација на УЕФА - изјави Јонуз.

Со тоа последниот збор ќе го даде УЕФА која ќе организира извлекување на натпреварувачки броеви во Тел Авив (Израел) следната недела.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2010 во 09:59
Македонија го добива календарот за ЕП 2012

Македонската репрезентација денеска ќе го дознае распоредот на натпреварите за сопствените квалификации за пласман на ЕП 2012 во Полска и во Украина. Ждрепката во Тел Авив за време на Конгресот на УЕФА, денеска, од 14:30 часот ќе го определи натпреварувачкиот календар во нашата Група Б, откако претходно на состанокот во Москва делегациите на Русија, Словачка, Ирска, Македонија, Ерменија и Андора не успеаја да дојдат до меѓусебен договор.

Ждрепката ќе биде извршена согласно однапред определена шема на УЕФА во која секоја од репрезентациите добива позиција во групата (А, Б, Ц, Д, Е, Ф) според која ќе го добие распоредот на натпреварите. Термините за одигрување на натпреварите се: 3 и 7 септември 2010 година, 8 и 12 октомври 2010 година, 26 март 2011, 4 јуни 2011 година, 2 и 6 септември 2011 и 7 и 11 октомври 2011 година.

Покрај за нашата група ждрепката ќе го одлучи распоредот на натпреварите и во групите Ф, Г и Х каде исто така немаше договор меѓу самите репрезентации.
 

0

0

0


 
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2010 во 15:53
Против Словачка на стартот на евро-квалификациите

Фудбалската репрезентација на Македонија квалификациите за Европското првенство 2012 година ќе ги почне и ќе ги заврши против репрезентацијата на Словачка. 

Првиот натпревар од овој циклус квалификации Македонија ќе го одигра на 3 септември во Словачка. Четири дена подоцна македонската репрезентација ќе и биде домаќин на Ерменија.

Во октомвриските термини најпрвин на 8-ми избраниците на Мирсад Јонуз ќе и гостуваат на Андора, а потоа на 12-ти ќе бидат домаќини на Русија.

Следната година натпреварите ќе започнат на 26 март кога Македонија ќе и гостува на Република Ирска, а истите две репрезентации на 4 јуни ќе играат во Скопје.

На 2 септември идната година ќе играат Русија – Македонија, а по четири дена Македонија - Андора.

Последните два натпревара од овие квалификации македонските репрезентативци ќе ги одиграат во октомври 2011 година. На 7 октомври Македонија ќе игра на гостински терен против Ерменија, а на државниот празник 11 Октомври Македонија ќе ја пречека Словачка.

Првиот впечаток на селекторот Мирсад Јонуз е дека 70 проценти од желбите се исполнети. Првите четири средби според него даваат убава можност репрезентацијата на Македонија да го покаже вистинското лице и да собере бодови кои можат да обезбедат одлична позиција за продолжението од квалификациите.

- Најважно за нас е стадионот да биде подготвен за првите две средби, што значи јужната трибина заедно со северната и потребното осветлување да функционираат беспрекорно. Побарав од нашата делегација во Тел Авив да разговара со руската делегација за поместување на средбата Македонија – Русија ако е можно во ноемврискиот термин токму од овие причини, а и за да избегне тежок натпревар по напорното патување за Андора. Секако за ваков епилог е потребна и согласност од останатите селекции во групата, е првиот коментар на селекторот Јонуз веднаш по денешната ждребка во Тел Авив.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2010 во 11:18
Ќе ги откинеме ситеее
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2010 во 19:53

Македонија на 65-то место на ФИФА ранг листата

 

Македонската сениорска фудбалска репрезентација падна за едно место на ФИФА ранг листата за најдобри репрезентации во светот за месец март и сега се наоѓа на 65-то место.

Репрезентацијата на Канада е пред Македонија, а Белгија едно место зад репрезентацијата на нашата држава.

Шпанија останува на првата позиција, а зад неа следат Бразил и Холандија, Италија е петта, а до десето место следат Германија, Англија, Франција, Аргентина и Хрватска.

Од противниците на Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2012 година, Русија остана на 12-то место, Словачка падна за две места и сега е 33-та .

Република Ирска падна за четири места и сега се наоѓа на 44-то место, Ерменија падна за три места и сега е на 106-то место а Андора скокна за едно место и сега е на 201-то место./крај/фифа/сл



Изменето од емил - 31.Март.2010 во 19:53
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2010 во 19:27
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2010 во 01:48
Originally posted by ZOTE ZOTE напиша:

Ќе ги откинеме ситеее


Ako ni dozvolat da igrame so motorni pili...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 35>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.