IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 61>
Автор
Порака Обратен редослед
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 10:55
Порази на Работнички и на Тетекс во квалификациите од ЛЕ

Изостанаа изненадувањата од македонските претставници во третото квалификациско коло во фудбалската Лига на Европа. Работнички синоќа беше поразен од европскиот гигант Ливерпул на арената „Филип Втори“ во Скопје, додека Тетекс од гостувањето кај Елфсборг се враќа со пет гола во својата мрежа.

Екипата на Работнички, не успеа да направи изненадување кое би била еднакво на сензација, во дуелот со славниот англиски клуб Ливерпул. Иако шансата за надигрување и евентуален поволен резултат во дуелот со десеткуваниот Ливерпул, фудбалерите на Работнички ја имаа и тоа пред исполнетите трибини на „Филип Втори“, сепак, разликата во квалитет дојде до израз.

Со головите на Н’Гог во 17-тата и 59-тата минута, Ливерпул се враќа на „Енфилд“ со два гола предност. Негативата од 2:0 пред гостувањето по седум дена во Англија, реално ги сведува на минимум шансите за пласман во следната рунда на „романтичарите“, па само фудбалско чудо може да го одведе Работнички до пласман во последното (4-то) квалификациско коло.

Вториот македонски претставник во ова натпреварување екипата на Тетекс, е пред сигурна елиминација. Фудбалерите на Тетекс претрпеа висок и убедлив пораз од 5:0 на гостувањето во Борас, кај шведскиот претставник Елфсборг. По овој пораз, реванш дуелот закажан за 5 август во Скопје, ќе биде само формалност.


Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 10:52
Баерн ќе брка петмина фудбалери

Тренерот на Баерн, Луис ван Гал, им врачил на шефовите на Баерн Минхен список од петмина фудбалери кои треба да бидат ставени на трансфер-листа пред почетокот на новата сезона. Во моментов, тој има 26 играчи на располагање, но сака да ги намали на 22 и во тимот да внесе тројца од младинскиот тим.

Според Билд, холандскиот стручњак наредил да се продадат: Андреас Отл (25 години), Анатолиј Тимошчук (31), Хосе Ернесто Соса (25), Марио Гомез (25) и Мартин Демикелис (29). Минатата недела Соса многу го изнервира Ван Гал за време на подготовките во Италија и поради тоа предвреме бил испратен дома. Гомез, пак, е една од целите на Реал Мадрид во летниот преоден рок. Кикер тврди дека Баерн може да ги искористи Гомез и Тимошчук за во екипата да го донесе Един Џеко од Волфсбург откако пред два дена токму таква понуда била испратена во германскиот -првак од 2009 година. Босанецот и така сака да си замине, а Ван Гал нема доверба во Гомез, додека Тимошчук би можел да биде добро решение за позицијата последен играч за врска имајќи предвид дека Волфсбург е во потрага по таков фудбалер.

Инаку, подготовките на Баерн се веќе во тек, но репрезентативците кои настапија на Светското првенство во Јужна Африка ќе се приклучат на 2 август и тогаш официјално ќе биде одлучено кои фудбалери ќе бидат отстранети од екипата.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 11:18

Марадона обвинува дека бил предаден и излажан

 
Извор: AP

Легендарниот Диего Марадона, кој не доби нов договор на местото селектор на аргентинската репрезентација, обвини дека бил излажан и предаден од раководството на фудбалската федерација.

Марадона изјави дека директорот на аргентинската фудбалска федерација Карлос Билардо и претседателот Хулио Грондона работеле против него.

„Тие ме повикаа да ги изгладиме работите и да го згаснеме огнот и ние тоа го сторивме.  Грондона ме излажа, а Билардо ме предаде“, изјави Марадона.
Билардо беше селектор на Аргентина во 1986 година, кога репрезентацијата предводена од Марадона стана светски шампион.

„Дадов се од себе. Уверен сум дека аргентинскиот фудбал треба да биде во подобра позиција. Се обидов на играчите да им ја пренесам гордоста што ја чувствувам дека сум Аргентинец“, рече Марадона.

Аргентина под водство на Марадона беше елиминирана од последното Светско првенство во четвртфиналето, откако загуби од Германија со 0:4.

На местото на Марадона привремено е назначен селекторот на младата репрезентација до 20 години, Серџо Батиста

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 10:51
Марадона замина во аргентинската историјата

Со едногласна одлука на Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Аргентина (АФА) вчера рано наутро по средноевропско време Диего Марадона е сменет од селекторската функција во аргентинската репрезентација. Поточно, на Марадона со завршувањето на Светското првенство во Јужна Африка му истече договорот, а АФА донесе одлука дека нема да му понуди нов.

"Донесовме многу болна одлука, но не постоеше друго решение. Претседателот Грондона рече дека има огромна разлика меѓу амбициите на АФА и она што Марадона го планира во иднина. Постоеше голема дупка која не може брзо да се пополни и затоа донесовме одлука да го завршиме првото поглавје со Марадона на селекторската функција. Вратите на репрезентацијата остануваат отворени за него, а ние сме секогаш тука за соработка", изјави портпаролот на АФА, Ернесто Черкис Биало.

На тој начин заврши 21-месечниот престој на клупата на репрезентацијата за Диего Марадона, престој обележен со контроверзи, афери и критиките на сметка на неговата работа и тренерското знаење. Марадона испроба повеќе од 100 фудбалери во својот мандат, а на Светското првенство се пласира низ "иглени уши" откако во јужноамериканските квалификации, меѓудругото, загуби од Боливија со 6:1.

Откако, сепак, го обезбеди пласманот на првенството, на крајно вулгарен начин ги навреди новинарите и сите останати кои ја критикуваа неговата работа поради што заработи повеќенеделна суспензија од ФИФА. Во Јужна Африка, пак, ја одведе Аргентина во четвртфиналето и таму доживеа дебакл од Германија со 4:0.

И покрај сето тоа, АФА најави дека планира да му го продолжи договорот сЕ до Светското првенство во Бразил 2014 иако сега се чини дека сето тоа беше само претстава за јавноста, особено домашната која му ја даде комплетната поддршка на својот миленик. Потоа следуваше ултиматум од Марадона дека ќе остане на функцијата само ако со него останат и сите негови сонародници, па тоа беше одлична можност за претседателот Хулио Грондона да ја искористи шансата. Инсистираше на смена на дел од асистентите на селекторот меѓу кои и големиот пријател на Диего, Алехандро Манкусо и на негово место да го донесе Оскар Руџери. Марадона не го прифати тоа, па следен чекор беше отказ.

"Марадона мораше да направи некои промени во стручниот штаб, но не успеавме да се договориме по тоа прашање. Никој не добил отказ, само не го продолживме договорот бидејќи не постоеја услови за тоа", изјави претседателот Грондона и додаде дека нема да брза со изборот на нов селектор на националниот тим.

И покрај раскинот на соработката, Марадона се уште има многу поддржувачи во земјата, дел од нив и на високи државни позиции.

"Јас сакав Марадона да остане и немам сомнение дека е сменет затоа што не им се допаѓаше на челниците на Федерацијата. Марадона е како камен, не се покорува на никого", изјави министерот за надворешни работи на Аргентина, Флоренсио Радацо. Во поддршка на Марадона излегоа и љубителите на фудбалот во Аргентина кои со мирни демонстрации пред централата на АФА го истакнаа својот протест за непродолжувањето на договорот.

Засега од Марадона нема официјална реакција во врска со отказот и се очекува во следните денови тој да излезе со коментар на случувањата.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 20:30
Вечерва 20:45 РТС

ПАРТИЗАН - ХЕЛСИНКИ 3:0



Изменето од LiDivio - 29.Јули.2010 во 10:58
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 18:19
Fino, ako nisto drugo barem pari kje zberat...
Vleznicite se vekje prodadeni, potvrdena informacija...
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 15:14
Работнички ќе се обиде да му се спротистави на Ливерпул

Околу 22.000 гледачи ќе го следат утрешниот фудбалски спектакл од третото квалификациско коло од Лигата на Европа  меѓу Работнички и англискиот гигант Ливерпул. Портите на Националната арена „Филип Втори“ утре во 18:20 часот ќе бидат отворени за навивачите, а по налог на УЕФА со цел да се избегнат турканиците и да се овозможи подобра контрола на билетите ќе бидат затворени во 19:45, иако натпреварот почнува во 20:45 часот.

Ливерпул е апсолутен фаворит на утрешниот натпревар иако стратегот на Работнички Зоран Стратев остава неколкупроцентна можност за сензација и позитивен исход под кој се подразбира и реми.

- Им кажав на фудбалерите дека треба да уживаат на теренот заедно со љубителите на фудбалот. Убеден сум дека ќе одиграат најдобро што можат и ќе го остават срцето на теренот. Атмосферата во клубот е на завидно ниво и се надевам дека љубителите на фудбалот ќе бидат задоволни без разлика на крајниот резултат на натпреварот. Ливерпул е апсолутен фаворит, иако потајно се надевам на позитивен  резултат под кој го подразбирам и нерешениот исход, рече Стратев на денешната прес-конференција.

Тој најави дека без разлика на големината на Ливерпул тактичката поставеност на Работнички ќе биде 4:3:3 со можна трансформација во 4:5:1 во зависност од резултатот. За утрешниот натпревар во составот ги најави фудбалерите кои се изборија Ливерпул да дојде во Скопје иако не исклучи кој било од останатите играчи да влезе во игра.

Капитенот на Работнички Никола Глигоров и вети на 22-илјадната публика дека ќе биде задоволна  од натпреварот и покрај трансферите во поголеми клубови на некои од играчите во последниве неколку недели.

- Во клубот владее опуштена атмосфера и цела седмица живееме и посакуваме Ливерпул во Скопје да настапи со најсилниот состав  и да видиме до каде сме, иако за резултатот би било подобро да дојдат без ѕвездите, рече Тодоров.

Од управата на Работнички посочуваат дека во продажба биле пуштени 20.000 нумерирани билети за двете трибини со специјална заштита кои веднаш се распродадени. Дури и партнерите на клубот и државните институции изразиле желба да си ги платат своите билети што и направиле. Гратиси им биле поделени единствено на најблиските на играчите.

Официјално 1.157 билети платил Ливерпул за своите навивачи, а биле одбиени барањата за 5.000 резервации за фудбалските фанови на англискиот гигант од соседните земји. Од натпреварот, според барањата за резервации, ќе известуваат и 80 новинари од Велика Британија.

Ливерпул веќе допатува во Скопје, а попладнево ќе одржи тренинг и прес-конференција. Екипата со себе носи огромна опрема, како и свои готвачи и медицински персонал.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2010 во 16:36

Арсенал и Барселона договориле трансфер на Фабрегас?

Извор: Бета

Фудбалските клубови Арсенал и Барселона постигнале договор за трансфер на фудбалерот на англискиот тим Сеск Фабрегас во каталонскиот клуб, тврди во вторник шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

Според изданието, двата клуба во тајност постигнале договор за преоѓање на Фабрегас, а до конечното потпишување недостасуваат уште неколку детали.

Барселона би требало да плати на Арсенал околу 45 милиони евра за шпанскиот репрезентативец.

Веста за трансферот на Фабрегас во Барселона треба да биде соопштена кон крајот на следната недела

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 12:21
Форлан прогласен за најдобар спортист во Уругвај

Најдобриот фудбалер на неодамна завршеното Светско првенство во Јужна Африка, Диего Форлан, е прогласен за спортист на годината во својата татковина Уругвај. Играчот на Атлетико Мадрид беше убедливо најзаслужен за пласманот на неговата репрезентација во полуфиналето на Мундијалот бидејќи постигна пет гола и двапати беше прогласуван за играч на натпреварите.

"Почестен сум што ја добивам оваа награда. Веќе имав можност да добивам признанија во странство, но оваа е во Уругвај, земјата каде што сум роден и затоа е голема привилегија", изјави Форлан.

Покрај Златната топка на Мундијалот во Јужна Африка, 31-годишниот напаѓач досега двапати беше Златна копачка на Европа, и тоа по еднаш како фудбалер на Виљареал и Атлетико Мадрид. Минатата сезона ги предводеше и "црвено-белите" до титулата во Лигата на Европа, што е прв трофеј за овој клуб по повеќе од четири децении. Не е ни чудо што за него летово се заинтересирани голем број европски гиганти, пред се Јувентус и Интер, а од втор план шанса очекува и Манчестер Сити. Самиот Форлан изјави дека е среќен на Висенте Калдерон и дека нема намера да си оди оттаму.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 12:20
Видиќ уште четири години во Јунајтед

Српскиот репрезентативец Немања Видиќ се договори со Манчестер Јунајтед за продолжување на соработката со актуелниот англиски првак. Според новиот договор, искусниот стопер ќе заработува меѓу 70 и 90 илјади фунти неделно и со тоа ќе стане вториот најплатен играч на Јунајтед по Вејн Руни. Со продолжувањето на верноста кон "црвените ѓаволи", Видиќ ги прекина шпекулациите дека ова лето ќе се пресели во Реал Мадрид, кој е исклучително заинтересиран за него. Според новиот договор, Видиќ во следните четири години ќе заработи околу 18 милиони фунти.

"Во последно време се појавија многу неточни информации околу продолжувањето на кариерата на Немања. Ниедна од нив не излезе од кампот на Манчестер Јунајтед и затоа ние сме дополнително изненадени од ваквиот развој на настаните. Преговорите меѓу нас и Видиќ беа привремено прекинати кога тој замина на Светското првенство во Јужна Африка, но продолжија откако Србија доживеа елиминација. Договорот деновиве треба да биде потпишан, сега нашите адвокати ги подготвуваат документите кои подоцна советниците на Немања ќе ги проверат. Тој се уште е на одмор, но според планот, треба да потпише кога ќе се врати", изјави извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Дејвид Гил.

Претходниот договор на Видиќ беше со важност до 2012 година и тој не беше задоволен од финансискот дел затоа што, иако носител на играта, беше далеку од најплатените во екипата. Манчестер Јунајтед неделава треба да седне на преговори и со Вејн Руни со кого исто така, начелно, е постигнат договор за продолжување на соработката под нови финансиски услови.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 13:35
Фантастично изведен пенал од страна на јуниор на Шпанија
 
 



Шпанија продолжува да раѓа исклучителни фудбалски таленти. Уште еден од низата докази видовме денес за време на натпреварот на националната селекција на црвените на ЕП за Јуниори до 19 години.


Ла Роха успеа да се пласира во елиминационата фаза откако во групата забележаа 3 победи, вчера момците на Луис Мија со 3-0 ја декласираа селекцијата на Италија.

Интерен и доста воодушевувачки беше шутот на Есекиел Калвенте, напаѓачот на Бетиз, кој шутираше од белата точка. Клевенте затрча кон топката со намера да бие со десната нога а во последен момент ја погоди истата со лева и со тоа не му остави најмала шанса да одбрани.

 
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 13:32
Вест хем ги носи Роналдињо и Бекам
 
 
Раководството на Вест хем е во грозничава потрага по звучно фудбалско име кое ќе привлече публика и ќе ги поттикне другите играчи

По неуспехот во своите редови да ги донесат Тиери Анри и Џо Кол, првите луѓе на Вест хем, Дејвид Саливен или Дејвид Голд повторно се обидуваат од Лос Анџелес Галакси да го доведат 35-годишниот Дејвид Бекам. Но според пишувањето на британскиот печат, тие се заинтересирани и за 30-годишниот Роналдињо, чиј агент и брат изјави дека тој сака да ја заврши кариерата во Милан.
Роналдињо има договор со „росонерите“ до 2011 г. а Бекам до 2012 г., но во Вест хем велат дека ќе бидат упорни да доведат барем еден од нив.
Вест хем минатата сезона ја заврши на 17-то место во првата англиска лига, последното кое гарантира опстанок.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 13:27

Им покажавме на сите дека можеме!!!

*"Сите н$ испратија на екск*рзија на првиот меч, а малкумина веруваа дека на реваншот ќе ги одбраниме тие 0:0. Докажавме дека лошо го процениле нашиот квалитет", вели Ристевски

Какво само одлично деби имаше Тетекс на европската фудбалска сцена. Го поминаа второто коло, ја совладаа првата пречка. Малкумина очекуваа дека тие ќе успеат да го поминат Вентспилс, кој важеше за голем фаворит на овој двомеч. И кога Тетекс одигра 0:0 на првиот меч, веднаш песимизмот се претвори во оптимизам. Се зголеми бројот на оние кои се надеваа дека Тетекс ќе успее да ја задржи позитивата од првиот меч и да се најде во третото коло од ова натпреварување. Сепак, имаше и такви кои и за реваншот не веруваа дека "штофарите" ќе имаат сили да го совладаат Вентспилс. Играчите на Тетекс ги изненадија сите, но и "разочараа" многумина. Секакви пофалби заслужуваат бидејќи на реваншот одиграа феноменално и ја прикажаа можеби најдобрата фудбалска партија во нивните кариери. Од голманот Марко Јовановски, па с$ до напаѓачите Исени, Стојановски и Глигоровски, апсолутно целиот тим заслужува највисоки оценски за тоа како го одиграа овој меч.
"Навистина не знам што да кажам бидејќи ниту јас н$ можам се уште да верувам дека успеавме да поминеме едно коло. Во вистинска еуфорија сме сите. Одигравме максимално ангажирано, го дадовме нашиот максимум. Целосно го надигравме противникот и заслужено ги совладавме и заслужено сме во третото коло", вели најдобриот на дуелот со Вентспилс, Димче Ристевски, кој притоа додаде:
"Сите н$ испратија на екск*рзија на првиот меч, никој не веруваше дека ние можеме да направиме резултат. Бевме потценети од нашата фудбалска јавност. Многу ми е драго што успеавме да им докажеме дека, сепак, н$ потцениле и не го процениле нашиот квалитет како што треба. На сите им покажавме дека можеме да го совладаме Вентспилс. Сакам во името на фудбалерите да се заблагодарам на екс директорот Александар Заковски, кој можеби беше единствениот кој веруваше во нас и кој ни даваше максимална поддршка. Сега н$ чека друг предизвик, н$ чека Елфсборг, тим кој повторно ќе биде фаворит. Сепак, ние ќе продолжиме во ист стил, ние повеќе нема што да загубиме, само можеме да добиеме", вели играчот за врска Димче Ристевски.

Е.Р.

Ќе се бара одложување на дуелот со Шкендија

Со оглед на тоа дека Тетекс првиот меч ќе го игра на гостински терен, и тоа на 29 јули, според нашите информации, стручниот штаб и раководството на овој тим ќе бара од ФФМ одложување на мечот против Шкендија. Како што е познато, новата сезона почнува на 31 јули, а Тетекс игра против Шкендија, поради тоа ќе се бара овој меч да биде одложен.

Борче Ристовски доби исписница оди во Скендербег!?

Дефанзивецот на Тетекс, Борче Ристовски ја доби бараната исписница. Тој веќе одамна изрази желба да си замине, а пред неколку денови беше на проба во романскиот тим Астра Плоешти каде не успеа да се наметне. Според информациите, исписницата е потпишана, Ристовски е слободен играч и, најверојатно, ќе продолжи во албанскиот тим Скендербег.

Слободни до недела

Два дена слободни добија фудбалерите на Тетекс. По мечот со Вентспилс и големиот успех, "штофарите" добија можност победата да ја прослават со два дена одмор. Фудбалерите в недела во 10 часот треба да се појават на тренинг.

ОДЛИЧНАТА ИГРА НА ИГРАЧОТ ЗА ВРСКА ВЕДНАШ ЗАБЕЛЕЖАНА

Вентспилс прашува за цената на Пеев!

Фантастично одиграа "штофарите" на реваншот против Вентспилс. Нема потреба, ниту може некој драстично да се издвои од тој состав, но, сепак, ако ништо друго, противникот на Тетекс во Скопје виде нешто интересно. Според нашите информации, играчот кој им се допаднал, и тоа многу, е фудбалерот за врска Оливер Пеев. Како што дознавме, стручниот штаб на овој тим на чело со тренерот Нунцио Заветиери побарало од нивното раководство да повторно да стапат во контакт со Тетекс, но овој пат да се разговара за трансфер. Луѓето на Вентспилс пред заминувањето по мечот одигран во четвртокот прашувале колку чини Оливер Пеев. Играчот за врска и на првиот меч кој Тетекс го одигра на гостински терен со резултат 0:0 ги воодушевил челните луѓе на Вентспилс, а на ревашот само биле потврдени нивните импресии. Засега од клубот не ја потврдуваат официјално оваа информација. Доколку биде расположен Тетекс да се раздели со Пеев, тогаш сигурно дека цената нема да биде проблем со оглед на тоа дека Вентспилс има годишен буџет кој се движи околу 5 милиони евра.

ВИ ГО ПРЕТСТАВУВАМЕ ПРОТИВНИКОТ НА ТЕТЕКС ВО ТРЕТОТО КОЛО

Елфсборг со само една вистинска ѕвезда

Во пресрет на третото коло од УЕФА Европа лигата ви го претставуваме противникот на Тетекс. Елфсборг е шведски тим, кој е формиран на 26 јуни 1904 година, а од 1906 го носи денешното име. Овој фудбалски клуб се наоѓа во гратчето Борас, место со нешто повеќе од 63 илјади жители. Речиси 90% од играчите на Елфсборг се Швеѓани, додека мал е бројот на оние кои доаѓаат од други држави. Има по еден од Данска, Америка, Англија, Австралија и Финска. Има и други фудбалери кои потекнуваат од други држави, но, сепак, имаат и шведско државјанство како што е Јапонецот Стефан Ишизаки, Босанецот Дени Авдиќ и Либанецот Абас Хасан. Во својата клупска историја Елфсборг петпати бил шампион на Шведска, а интересно е тоа што во последните 50 години само еднаш се закитил со оваа титула, и тоа во 2006 година. Шест пати бил вицешампион, двапати го освоил Купот, а трипати играле во финалето на ова натпреварување. Елфсборг има и еден пехар во Супер купот освоен пред три години. Само една вистинска ѕвезда има овој тим, и тоа дефанзивецот Теди Лучиќ познатиот шведски репрезентативец кој има играно на ЕП 2004, и на Светските првенства во 1994, 2002 и 2006. Тој има 37 години и има играно за Лидс, Болоња и Леверкузен. Инаку, досега Елфсборг има одиграно вкупно 43 меча во европските купови. Има 17 победи, 11 нерешени средби и 15 порази. Најголем успех на Елфсборг на европската сцена е во 2007/08 кога играа во групите од Купот на УЕФА. Тогаш шведскиот тим беше во групата "Ц", заедно со Фиорентина, Виљареал, АЕК Атина и Млада Болеслав. Елфсборг заврши на последното место без ниту една победа и со само едно реми она против АЕК Атина на домашен терен во првото коло. Таа сезона во последното квалификациско коло го елиминираа Динамо од Бук*решт. Елфсборг игра на стадионот "Борас арена" со капацитет од 17.800 места.

Според "трансфермаркт" вредат 16.325.000 евра!

Вредноста во моментов на шведскиот тим според интернет порталот "трансфермаркт", кој се занимава со цените на играчите, е 16.325.000 евра. Најскапи играчи на Елфсборг се Стефан Ишизаки и Дени Авдиќ, кои вредат по 2.000.000 евра.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 13:25
Форлан избран за спортист на годината во Уругвај

Еден од главните ѕвезди на Светското во Јужна Африка Диего Форлан беше избран за најдобар спортист на годината во својата татковина Уругвај.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид го прекина одморот во Мајами за да добие наградата. Признанието најдобар спортист во Уругвај, Форлан го добива втора година по ред, во анкетата на спортски новинари во Уругвај.

Форлан ја заслужи довербата на новинарите со своите игри на светското првенство во Јужна Африка. Напаѓачот на Мундијалот постигна пет гола и му помогна на Уругвај да стигне до полуфиналето. Уругваецот исто така беше избран за најдобар играч на првенството.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.